КАФЕ ПАУЗА

Tag: откритија

  • 12 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања

    12 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања

    Науката никогаш не престанува со истражување на светот. Таа секогаш е подготвена да нè изненади со неверојатни и неочекувани откритија. Погледнете ги најинтересните нови факти од разните области на науката кои можеби сте ги испуштиле.rn

    1. Песната на китовите звучи како џез

    rn(1)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnИстражувачите на Универзитет од Калифорнија развиле посебен метод за анализирање и споредување звуци – од човечкиот говор до звукот на громот. Резултатите од истражувањето покажале дека јазикот на китовите има структура слична на онаа на џез музиката. Звукот на громот пак е сличен со звукот на класичните симфонии.rn

    2. Откриен е најатрактивниот дел од женското тело

    rn(2)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnЕдна група научници од Европа откриле дека вниманието што го добива жената зависи од тоа колку може да го свитка грбот. За време на експериментот, научниците им покажувале 3Д модели од женски тела на машка публика и притоа ја следеле реакцијата на нивните очи. Се покажало дека облината на грбот е најпривлечниот дел.rn

    3. Коските можат да бидат направени од полиетилен

    rn(3)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnРуските научници од Универзитетот за наука и технологија создале материјал кој може да се користи за изработка на безбедни и трајни коски, зглобови и протези. Тешко е да поверувате, но полиетиленот кој нормално се поврзува со кесите може да се користи како материјал за протези.rn

    4. Птиците работат како „дадилки“ и очекуваат да добијат наследство

    rn(4)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnНаучниците забележале дека некои моногамни птици им помагале на другите птици да ги одгледаат своите деца наместо да имаат свои малечки. Го правеле ова бидејќи сакале наследство – кога малечките ќе пораснат тие го напуштаат гнездото и бараат нов дом. Напуштената територија тогаш им припаѓа на „дадилките“. Изгледа и птиците знаат нешто за бизнис.rn

    5. Летачки мотори и автомобили

    rn(5)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnScorpion-3, летачкиот мотор, веќе е користен од страна на полицијата во Дубаи. Следниот чекор е летачки автомобил кој ќе може да полета и да се спушти вертикално. Изгледа сообраќајниот метеж ќе стане минато.rn

    6. Рибите можеби имаат емоции

    rn(6)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mkrnrnИнтернационална група научници докажала дека рибите реагираат емотивно на некои природни фактори. За време на истражувањето, научниците ги изложувале рибите на стресни „ситуации“ и го мереле нивото на хормони во нивното тело.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

    10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

    Секоја година се појавуваат сѐ покорисни и поневеројатни уреди што ни го олеснуваат животот и ни го заштедуваат времето. Доколку не сте чуле за следниве 10 извонредни откритија, време е да дознаете нешто повеќе за нив…rn

    1. Ремен со ултразвук за бремени жени

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnОвој електронски уред по име PreVue има флексибилен екран што се закачува на бременото стомаче со помош на мек ремен и ви овозможува да го гледате бебето. Идните родители ќе можат да набљудуваат како нивното бебе расте, спие, се движи и реагира на различни звуци дури и пред неговото раѓање.rn

    2. Белезица со прожектор

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnКомпанијата Cicret ви нуди белезица што ќе го претвори вашиот живот во таблет. Таа има мини прожектор и сензори со чија помош екранот на смартфонот се проектира директно на вашата рака. На овој начин ќе можете да користите најразлични опции на вашата кожа.rn

    3. Пегла што ја осветлува косата

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnСега е уште полесно да станете русокоси. Американскиот бренд Pravana измислил пегла што може да ви ја осветли косата за неколку минути. Најважно е тоа што пеглата е побезбедна од обичните фарби за коса.rn

    4. Речник што работи на допир

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnНаучниците од националниот универзитет во Сингапур го создале речникот за препознавање текстови по име Touch-Hear. Тој се состои од два дела: Мал сензор што се закачува за вашите прсти и звучник што се закачува на вашето уво. Веднаш штом допрете испечатен збор на книга со скенерот, ќе го чуете неговото значење. Освен тоа, овој уред воопшто нема да им пречи на другите луѓе, бидејќи само вие ќе можете да го слушнете.rn

    5. Стимулатор на мозочна активност

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnThync е генијален уред што користи електрични импулси за да ви помогне да се ослободите од стресот, да се опуштите по напорниот ден или пак да се расположите. Уредот има различни опции: „Мотивација“, „Релаксација“, „Длабок сон“, па дури и „Блаженство“, чувство што личи на благо пијанство.rnrnПродолжете на следната страница за останатите генијални уреди…rnrn

  • 11 генијални откритија што сигурно ќе посакате да ги имате ова лето

    11 генијални откритија што сигурно ќе посакате да ги имате ова лето

    Летото е време за пикник, ладни пијалаци и сладолед. Луѓето одат на село, покрај езеро, на базен или во градина и максимално го користат потенцијалот на летниот период за да уживаат во разни активности на отворено. Меѓутоа, подготовките за летен пикник можат да бидат многу комплицирани и стресни. Ако отсекогаш сте сакале да организирате пикник, но самата помисла на таа идеја ве ужасува, следниве 11 откритија ќе ви дадат неколку генијални предлози за како да си ја олесните целата работа…rn

    1. Диспанзер за пијалаци во форма на октопод

    rn11 генијални откритија што сигурно ќе посакате да ги имате ова летоrnrnАко сакате да организирате забава во летниот период, овој необичен диспанзер за пијалаци е совршен избор за да ги послужите вашите гости со ладни напивки.rn

    2. Аератор за вино

    rn11 генијални откритија што сигурно ќе посакате да ги имате ова летоrnrnПочестете се со совршено разладено вино на забавите на отворено.rn

    3. Славина за лубеница

    rn11 генијални откритија што сигурно ќе посакате да ги имате ова летоrnrnГенијалноста лежи во едноставноста.rn

    4. Некршлив сет садови

    rn11 генијални откритија што сигурно ќе посакате да ги имате ова летоrnrnОвој сет садови е идеалното решение за забавите, собирите и настаните на отворено. Вашите деца нема да можат да ги скршат садовите и чашите, така што нема да има за што да се грижите.rn

    5. Универзален соларен полнач за телефон

    rn11 генијални откритија што сигурно ќе посакате да ги имате ова летоrnrnОвој полнач одговара за сите телефони. Брилијантно!rnrnПродолжете на следната страница за останатите откритија…rnrn

  • 6 најчудни работи кои се откриени во вселената

    6 најчудни работи кои се откриени во вселената

    Навистина е лесно да помислите дека вселената е здодевна. Изгледа како во неа да има само огромни топки од гас и бројни ненаселени планети. Сепак, Холивуд успешно прави неверојатни вселенски прикази кои многу ретко се блиску до науката. Но, вистината е дека и најкреативните умови не можат да замислат што всушност навистина постои таму.rn

    1. Планета направена од дијаманти

    rn(1)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mkrnrnАко сте гледале научно фантастични филмови, сигурно сте забележале дека во нив постојат 5 видови планети – планети со шуми, планети со мраз, планети со пустина, планети со карпи и планети со лава. Но дали знаете дека научниците имаат откриено дури 1.000 разни видови планети? Некои од нив е тешко да поверувате дека се вистински. PSR J1719-1438 е една од нив. Оваа планета не е од гас, камења или лава, таа е еден огромен дијамант. Како е ова возможно? rnrnТаа прво била ѕвезда, а кога една ѕвезда умира, ѝ останува само јадрото. Во овој случај, станувало збор за бинарна ѕвезда. Близнакот на ѕвездата се претворил во огромна бомба што зад себе оставил пулсирачка ѕвезда и бело џуџе. Џуџето се позиционирало доволно далеку од неговиот „брат“ така што ја изгубило целата материја, освен јадрото од јаглерод. Јаглеродот го дели само навистина висока температура од претоварање во дијамант. Ова се случува и на Земјата, само длабоко под површината, на места кои се тешко достапни.rn

    2. Огромен облак од дожд

    rn(2)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mkrnrnНаучниците откриле огромен базен со вода кој само плови низ космосот. Ова е досега најголемиот базен со вода кој нам ни е познат, и е околу 100.000 пати поголем од нашето сонце. Научниците сè уште не знаат како настанал овој базен, но веруваат дека можно е да има масивна црна дупка која „голта“ сè околу него. Но, наместо да испушта енергија, како секоја нормална црна дупка, таа испушта вода. Зошто е ова вака, научниците не знаат.rn

    3. Гром

    rn(3)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mkrnrnГромовите не постојат само на Земјата. Тие се забележани и на планети како Марс и Сатурн. Но, она што е интересно е дека громовите постојат и во вселената, далеку од која било планета. Еден ваков гром е 50% подолг од Млечниот Пат. Научниците сметаат дека и за оваа појава е одговорна црна дупка. Веројатно таа црна дупка има многу силно магнетно поле.rn

    4. Студена ѕвезда

    rn(4)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mkrnrnСите знаеме дека сонцето, и останатите ѕвезди имаат многу висока температура. Но, дали знаевте дека ѕвездите можат да бидат и студени? Научниците откриле ѕвезда чија температура е само 26 степени Целзиусови. Оваа ѕвезда е кафено џуџе, што значи дека го започнала животот како ѕвезда, но немала доволно маса за да продолжи со „патувањето“.rn

    5. Ѕвезда 1.500 пати поголема од сонцето

    rn(5)6-najchudni-raboti-koi-se-otkrieni-vo-vselenata-kafepauza.mkrnrnТешко е да се замисли големина на универзумот. Нашето сонце е 109 пати поголемо од Земјата. Всушност, ако ги соберете сите планети во Сончевиот систем, 99% од масата ќе биде сонцето. Но, научниците откриле ѕвезда која е 1.500 пати поголема од сонцето. Поради нејзината големина, на светлината ѝ се потребни 8 часа да стигне од едната до другата страна на ѕвездата.rn

    6. Огромната маса од почетокот на времето

    rnGN-z11 most distant galaxyrnrnСигурно досега сте научиле дека секогаш кога користиме телескоп, ние всушност гледаме наназад низ времето. Сончевата светлина која ја гледаме настанала пред 8 минути и секогаш кога гледаме некоја ѕвезда, ние гледаме во минатото. Како што телескопите стануваат сè помоќни, тие гледаат уште подлабоко во минатото, а она што го откриваат е навистина чудно, како на пример, грутката на фотографијата. Станува збор за маса од гас која има широчина од околу 200 милиони светлосни години. За споредба, Млечниот пат има пречник од само 100.000 светлосни години. Според астрономите, оваа гасовита маса е стара околу 12 милијарди години, што значи дека настанала веднаш после Големата експлозија. Навистина е неверојатно да погледнете 12 милијарди години во минатото, периодот во кој времето само што почнало да постои.rnrnПогледнете ги и овие интересни факти за вселената.

  • Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

    Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

    „Не ми е криво што ми ги украдоа идеите. Криво ми е што немаат свои идеи.“ – Никола Тесла

    rnНикола Тесла имал голем број изуми што му биле украдени и од кои се збогатиле други луѓе. Но, Тесла не бил единствената жртва на крадците што си припишувале туѓи заслуги на себе. Истo како денес така и во минатото се воделе борби по судови, патентите ги пријавувале оние кои имале пари и влијание, па така многу луѓе земале заслуги за откритија што биле измислени со месеци, па дури и со години порано. Прочитајте за кои изуми станува збор…rn

    Фотографија

    rnЛегендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслугиrnrnЗаслугата му се припишува на Луј ДагерrnrnЗаслугата за појавата на првата фотографија во 1839 година му се припишува на уметникот и хемичар Луј Дагер кој до денес останал познат како татко на фотографијата. Но, историски факти докажуваат дека францускиот научник кој живеел во Бразил, Луј Флоренс, користел фотоапарат дури 6 години пред Дагер. Тој го имал и решено проблемот со фиксирање на сликите, нешто со кое Дагер се мачел со години. Флоренс неговите слики ги нарекол фотографии, но со оглед на тоа што не биле видени во Европа, не го ни привлекле вниманието на јавноста. Поради тоа, првите фотографски снимки познати како „дагеротипии“ влегле во историјата како првите фотографии, а Луј Дагер бил прогласен за првиот фотограф во светот.rn

    Телефон

    rnЛегендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслугиrnrnЗаслугата му се припишува на Александар Грејам БелrnrnАлександар Бел бил угледен научник, пронаоѓач и инженер кому му се припишуваат заслугите за првиот практичен телефон и првата говорна порака испратена преку жица. Бел дошол до неговото откритие во 1857 година, а американскиот патент г добил во 1876 година. Три дена подоцна ја испратил „првата телефонска порака“. Но, најмалку 4 години пред Бел, Американецот со италијанско потекло, Антонио Меучи, работел на пренос на говорот по пат на електрична енергија. Тој дури и поднел барање за патентирање на изумот во 1871 година, но не можел да најде 250 долари за патентот. Меучи едноставно немал пари.rn

    Телескоп

    rnЛегендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслугиrnrnЗаслугата му се припишува на Галилео ГалилејrnrnНикој не може со сигурност да каже кој го открил првиот телескоп, но најчесто заслугите му се припишуваат на италијанскиот математичар, физичар, пронаоѓач и астроном Галилео Галилеј, познат и како „татко на модерната астрономија“ и „татко на модерната физика“. Сепак, историчарите се согласуваат дека телескопот прв го открил Ханс Липершеј, оптичар од Мидлбург во Холандија. Тој поднел барање за патент во Холандија во 1608 година, но бил одбиен бидејќи „производот бил премногу едноставен за составување и не можел да се смета за изум“.rnrnКога стигнала веста до Италија дека Липершеј се упатил накај Венеција за да ги продаде телескопите, Галилео брзо направил сопствен телескоп и тврдел дека со негова помош луѓето ќе можат да ги видат непријателските бродови навреме и така си обезбедил пари и свое место во историјата. Сепак, Галилео бил првиот што го насочил телескопот кон небото.rn

    Првиот лет (првиот авион)

    rnЛегендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслугиrnrnЗаслугата им се припишува на браќата РајтrnrnОрвил и Вилбур Рајт, попознати како браќата Рајт, ја добиле заслугата за откривањето на првиот авион, како и за првиот успешно контролиран лет. Вистината е сепак малку поинаква. Во март 1902 година, Ричард Пирс, фармер и пронаоѓач од Нов Зеланд, летал со неговиот авион околу 320 метра пред да се удри во жива ограда. Овој не толку познат експеримент направен неколку месеци пред славниот лет на браќата Рајт. Пирс не сакал публицитет, па затоа никогаш се борел за да добие заслуга, а не ни имал средства за да го усоврши својот изум.rn

    Сијалица

    rnЛегендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслугиrnrnЗаслугата му се припишува на Томас ЕдисонrnrnКога ќе се постави прашањето „Кој ја измислил првата сијалица?“, повеќето луѓе без размислување ќе одговорат дека се работи за Томас Едисон. Меѓутоа, тој само работел на веќе постоечки изуми измислени и обликувани од страна на други пронаоѓачи. Сепак, вистина е дека верзијата на Едисон била најефикасна. Но, ни таа верзија не била само негова. Уште во раните 1800-ти години, пронаоѓачите се обидувале да најдат начин да ја претворат електричната енергија во светлина. Сер Хамфри Дејви, англиски лекар, успешно направил сијалица уште во 1801 година, но за жал никогаш не успеал да создаде светлина која ќе трае повеќе од неколку минути.rnrnХирам Максим, пронаоѓачот кому се припишува откривањето на првиот пренослив митралез, стапиците за глувци и пеглите за коса, бил првиот човек кој успеал да ја реши главната мана на сијалиците, односно прегорувањето. Но, неговото решение било многу скапо. Едисон бил првиот кој успеал да направи евтина сијалица која не влече голем напон и не прегорува веднаш. Тој го патентирал изумот, но кога почнал да се шири на британскиот пазар, Џозеф Свон го забележал тоа и го исплатил Едисон.rnrnКога започнало комерцијалното производство на сијалиците на Едисон кои можеле да светат подолго од 40 часа, на секоја од нив пишувало „Едисон“, па така сијалиците се изум кои и ден денес се поврзуваат со името на Томас Едисон.rnrnПогледнете ги 25-те најшокантни откритија од изминатата година.

  • 25 најшокантни откритија од изминатата година

    25 најшокантни откритија од изминатата година

    Изминатата година научниците дојдоа до некои од најшокантните откритија досега. Иако постојаните новости од социјалните мрежи може да ве натераат да помислите дека светот се распаѓа, не е така. Всушност светот е многу понапреден, побезбеден и помирен отколку во минатото. Многу од удобностите кои ги имаме денес се резултат на напредокот на технологијата и зголемениот број на откритија. Погледнете дел од најчудните откритија од минатата година.rn

    1. Бескрајна меморија

    rn(1)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mkrnrnКако што повеќето од вас знаат, маслото избледува со текот на времето, а истото се случува и со компјутерската меморија. На крај таа е само електрични импулси складирани на различни начини. Научници од универзитетот во Саутхемптон откриле начин како да зачувуваат податоци на посебен вид стакло. Оваа технологија ќе им овозможи на податоците да преживеат повеќе од 13 милијарди години.rn

    2. 2016 НО3

    rn(2)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mkrnrnОва е името на втората месечина на Земјата. Токму така! НАСА откри дека Земјата има 2 месечини, барем сега засега. 2016 НО3 е астероид со орбита околу Земјата на голема далечина и за отприлика еден век ќе ја напушти целосно.rn

    3. Човечки стапалки

    rn(3)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mkrnrnНаучниците откриле стотици човечки стапалки во Танзанија, на местото познато како Енгаре Саро. Стапалките датираат од пред околу 20.000 години и прикажуваат групи луѓе кои трчаат во сенката на вулкан.rn

    4. Клонирањето и долгорочните здравствени последици

    rn(4)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mkrnrnКлоновите на овцата Доли (Деби, Денис, Дијана и Дејзи) изгледа дека одлично стареат. Всушност, додека Доли страдала од артритис, кај нејзините клонови не се појавило ништо. Тие стареат подобро и од оригиналот!rn

    5. Супер-жито

    rn(5)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mkrnrnДодека ГМО (генетски модифицирана храна) не е многу популарна во некои кругови, според научниците ова е решението. За што? За глобалната популација и кризата за храна. Ако не постоело ГМО, голем дел од населението не би бил жив. Супер-житото е последниот член на „клубот“. Многу е поефикасно во фотосинтеза и може да произведе многу поголеми плодови.rn

    6. Џиновски крокодил

    rn(6)10-najshokantni-otkritija-od-izminatata-godina-kafepauza.mkrnrnНаучниците ископувајќи коски во Тунис, го откриле најголемиот крокодил кој чекорел на земјата. Тој бил со должина од 9 метри и маса од 3 тони!rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светот

    6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светот

    Гравитациони бранови, делови од диносауруси во килибар, потенцијален живот на друга планета – оваа година за научниците беше прилично турбулентна. Погледнете ги најзначајните откритија во 2016 година и нивната важност за понатамошно разбирање на светот во кој живееме.rn

    1. Откриен е џиновски морски крокодил

    rn6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светотrnrnНаучниците во јануари донеле неверојатни вести дека пронашле досега најголем морски крокодил во африканската пустина. Врз основа на фосилните черепи и другите коски кои биле откриени во Тунис, истражувачите претпоставиле дека ѕверот би можел да порасне и до 9,14 метри во должина и да биде тежок околу три тони. Наречен „Machimosaurus Rex“, 120 милиони години старото животно понудило клучни траги за можното масовно изумирање на крајот од периодот Јура, пред 145 милиони години. Ова откритие не е само доказ дека преживеале некои морски рептили, туку дека истребувањето можеби било поголем настан отколку што се мислело досега.rn

    2. За прв пат се откриени гравитационите бранови

    rn6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светотrnrnИлјада години откако Ајнштајн го предвидел нивното постоење, конечно во почетокот на оваа година беа откриени слаби бранови во космосот. Познати се како гравитациони бранови и тие се создадени од некои од најнасилните настани во универзумот – во овој случај спојување на две црни дупки. Во февруари оваа година, научниците со помош на високо сензитивни детектори во Луизијана и Вашингтон, откриле гравитациони бранови кои поминуваат низ Земјата, а неколку месеци подоцна, биле откриени и други бранови, што потврдувале дека сигналот не е случаен. Астрономите се многу среќни поради ова откритие, со оглед на тоа што гравитационите бранови може да влијаат на начинот на кој се набљудуваат другите невидливи објекти во универзумот, како што е директното мерење на својствата на мистериозните црни дупки.rn

    3. Сонда од НАСА пристигнала на Јупитер

    rn6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светотrnrnБиле потребни 5 години и 2,7 милијарди километри, но во јули оваа година, вселенскиот брод на НАСА, Јуно, ја завршил својата мисија да влезе во орбитата околу најголемата планета во Сончевиот систем. Јуно тргнал во август 2011 година и претставува прв објект кој тргнал кон Јупитер од завршувањето на мисијата на Галилеј во 2003 година. Леталото на соларна енергија е дизајнирано за проучување на силните магнетни структури во областа на џиновските планети.rn

    4. Живот на друга планета?

    rn6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светотrnrnШансите за знаци на живот на некоја друга планета се зголемиле во август, кога астрономите ја пронашле планетата Проксима Б околу најблиската ѕвезда до сонцето – Проксима Кентаури, која е оддалечена 4,24 светлосни години.rn

    5. Древни стапалки во Танзанија

    rn6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светотrnrnТанзанија била непроценлив извор на информации уште од најраните денови на нашето постоење, откривајќи коски, алатки и други карактеристики на човековите сродници. Во октомври, истражувачите откриле илјадници древни човечки отпечатоци од стапала во населбата Енгаре Серо, кои датираат од пред 5.000 и 19.000 години и покажуваат на раните отпечатоци од трчање и патување во различни групи во близина на вулканот. На друго место наречено Лаетоли, во 1970 година палеантрополозите го пронашле најстариот отпечаток од стапало, кој бил направен од видот познат како „Australopithecus afarensis“, пред 3,6 милиони години. Овие отпечатоци ги понудиле најраните записи за исправеното одење кај луѓето. Овој месец научниците откриле уште отпечатоци од стапала во Лаетолија, давајќи ни до знаење и за карактеристиките на „Australopithecus afarensis“ и контроверзиите околу навиките за парење помеѓу овие рани предци.rn

    6. Опашка на диносаурус во килибар

    rn6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светотrnrnЕдно мало парче килибар кое било пронајдено на пазар во Бурма, за среќа се нашол во рацете на палеонтолозите, кои во декември објавиле дека содржи познат дел од опашка на диносаурус. Стара 99 милиони години, опашката прво била помешана со парчиња растителен материјал, но подеталната анализа покажала дека се работи за коска и меко ткиво покриено со нежни пердуви. Внимателната анализа открила дека опашката некогаш припаѓала на некој млад „Coelurosaur“ од семејството диносауруси кои вклучуваат тираносауруси и модерни птици.

  • Научниците откриваат: 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата

    Научниците откриваат: 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата

    Ако погледнете околу себе, ќе сфатите дека многу работи кои денес ви се чинат секојдневни, всушност би звучеле навистина научно фантастично кога би ги опишале на некој пред 20 години. Од денешна гледна точка иднината се чини толку неверојатна што сигурно не знаете дали да бидете возбудени или преплашени.rnrnПостојат толку многу технолошки чудесии на различни полиња, од медицински истражувања до вселенски. А да не зборуваме за тоа колкав напредок се забележува кај роботите и колку тие почнуваат да наликуваат на луѓе.rnrnНаучниците откриваат: 6 навидум научно-фантастични откритија кои можеби се иднината на технологијатаrnrnНа научните истражувања им е потребно долго време за да покажат резултати, така што веројатно нема да се возиме со летачки автомобили во следниве неколку години, но иднината доаѓа многу побргу отколку што очекуваме. Во тој контекст постојат голем број предвидувања во однос на тоа што можеме да очекуваме од иднината од технолошки аспект. Ова се 6-те најфасцинантни идни откритија кои вреди да се споменат…rn

    1. Култивирано месо

    rnПод култивирано месо се подразбира одгледување на месо во контролирана средина, така што животните повеќе не би ни биле потребни. Научниците успеале да произведат плескавица во лабораторија, но моментално тоа е премногу скапо за масовно производство (иако сосема е возможно ова да стане нормално за 10-20 години).rnrnНа овој начин ние не би ги трошеле ресурсите што не можат да се обновуваат, кои моментално се користат во месната индустрија, и одгледувањето месо во такви услови би ги решило проблемите со заразите кои се пренесуваат преку храната. Меѓутоа, досега технологијата е способна да произведе само минимални количини месо, а не цели парчиња бидејќи за тоа е потребна васкуларизација на клетките.rnrnНа кој би му бил потребен добиток кога би можеле самиот да си одгледува говедско месо? Оваа идеја можеби звучи неверојатно, но поблиску е до реалноста отколку што мислите. Со брзиот развој на технологијата, ова може да биде многу поекономично од традиционалните методи на произведување месо.rn

    2. Град од облаци на Венера

    rnМожеби површината на планетата не е најсјајна, но ако отидете 50 километри нагоре ќе забележите дека атмосферата на Венера е многу слична на онаа на планетата Земја. Освен тоа, атмосферскиот притисок е ист како на Земјата, температурите варираат од 0 до 50 степени Целзиусови, а и гравитацијата е прилично слична. Градот од облаци претставен во „Војна на Ѕвездите“ би можел да стане реалност и ние еден ден би можеле да уживаме високо над Венера. Можете ли да си замислите?rn

    3. Колонизација на Галаксијата

    rnИдејата дека нанороботите можат да изградат што било ако имаат материјали и скица, вклучувајќи и други нанороботи, не е толку далеку од реалноста. Медицинската технологија наскоро би можела да инкубира човек од зачнување до раѓање. А и сѐ почесто наоѓаме планети со иста големина како Земјата во нашата галаксија.rnrnСега, замислете си да испратиме човечка ДНК, наноработи кои самите се размножуваат и целото човечко знаење на мал вселенски брод на некоја планета слична на Земјата. Кога ќе стигнат таму, нанороботите ќе бидат програмирани одново да ја изградат целата цивилизација. Доколку најдеме илјадници такви планети и испратиме бродови на секоја од нив, тогаш дефинитивно можеме да сметаме дека успехот на овој план е сосема возможен.rnrnСтанува збор за научно-фантастична идеја која би можела да стане реалност еден ден: Човечки суштества кои го колонизираат универзумот, храбро одат онаму каде што никој не се осмелил претходно. Барем додека не се појават вонземјаните. Бидејќи веќе кога отидовме толку далеку во научната фантастика, слободно можеме да претпоставиме дека постојат вонземјаните.rnrnНаучниците откриваат: 6 навидум научно-фантастични откритија кои можеби се иднината на технологијатаrn

    4. Нуклеарна фузија

    rnКако што светот постојано се развива во насока на климатските промени, високи температури кои постојано растат, ледени брегови кои се топат и смог кој ги покрива градовите, веројатно е дека наскоро ќе имаме потреба да најдеме чиста, моќна и евтина енергија, а единствената целосно чиста и постојано одржлива енергија е нуклеарната фузија. Единствените потребни материјали за да се започне со процесот се водородни атоми, но исто така потребна е температура висока над милион степени Целзиусови и атмосферски притисок кој изнесува 1.000.000. Ниту еден нуклеарен отпад и евтини стартни материјали нема да ја спасат Земјата од оваа криза. Која земја прва ќе успее да произведе нуклеарна фузија, ќе владее со светот.rnrnДали ова би можело да биде решението за проблемите на Земјата поврзани со производството на енергија? Каков и да е одговорот, убаво е да си замислуваме дека возможно е да се произведе форма на енергија која нема да ја убива планетата.rn

    5. Вештачка интелигенција

    rnПостојат верувања дека вештачката интелигенција, односно интелигенцијата која е на ниво на човечката, способна да се развива, да учи и да создава, ќе стане реалност во блиска иднина. Но, проблемот е што оваа вештачка интелигенција би можела самата да создаде друг вид интелигенција која би била малку попаметна од неа. На тој начин за неколку години би имале интелигенција која е многу поголема од човечката.rnrnПомислата дека еден ден роботите би можеле да завладеат со светот е навистина застрашувачка!rn

    6. Снимање на соништата

    rnНаучниците од Јапонија работат на машина која би можела да ни ги снима соништата и потоа да ги пушта да ги гледаме.rnrnОва е навистина интересна идеја и може да биде им биде од голема помош на психолозите кои се обидуваат да ги откријат проблемите во потсвеста на човечката психа. А сигурно и самите некогаш сте посакале одново да се потсетите на некој ваш сон кој ви бил интересен.rnrnИднината доаѓа и изгледа навистина неверојатно.

  • Моќни цитати од познати женски научници кои ќе ве инспирираат да се стремите повисоко

    Моќни цитати од познати женски научници кои ќе ве инспирираат да се стремите повисоко

    Март е месецот на жената и природно се чествуваат големите достигнувања на жените кои постигнале неверојатни цели и откритија во полето на науката и ги поместиле границите на човечкото знаење. Историски гледано, жените во минатото имале потешкотии да ги покажат и докажат своите способности, особено во научните сфери. Тоа ги натерало многу од жените да се откажат, а од тие кои останале да се занимаваат со науката се барал огромен труд и посветеност. Во продолжение прочитајте ги умните зборови на едни од најинспиративните жени кои се соочиле со неверојатни предизвици, а сепак успеале да ја променат и предефинираат науката.rnrn12 цитати на познатите женски научници кои ќе ве инспирираат да се стремите повисокоrn

    „Девојките мислат да се биде гламурозен значи да се прават грешки и да се биде неодговорен. Но, тоа не е вистина. Колку што сте попаметни, колку што се поподготвени да правите животни одлуки, толку поверојатно е да водите убав живот и да бидете гламурозни и забавни и сѐ што сакате да бидете.“ – Даника МекКелар (математичарка, авторка и актерка)

    rn

    „Што и да правите, не плашете се од тешките моменти. Најдоброто доаѓа од нив.“ – Рита Леви-Монталчини (невробиолог и добитничка на Нобелова награда која го ко-открила факторот за раст на нервите)

    rn

    „Од некоја причина не наседнав на стереотипот дека науката не е за девојките. Добив поддршка од моите родители. Никогаш не наидов на учител или советник кој ми рекол дека науката е за момците. Сите мои пријатели ми го велеа тоа.“ – Сали Рајд (првата Американка во вселената)

    rn

    „Кога ќе забележам чудно однесување од машките колеги, мојата прва задача е да не помислам ‘Што не е во ред со мене?’, туку ‘Што по ѓаволите не е во ред со овие момци?’.“ – Лене Вестергаард Хау (физичарка позната по својата работа со ладните атоми и светлината)

    rn

    „Животот не е лесен за никој од нас. Но, што со тоа? Мора да бидеме упорни и да имаме верба во себе. Мора да веруваме дека сме надарени за нешто и дека тоа нешто мора да се оствари.“ – Марија Кири (физичарка, пионерка во полето на радиоактивноста и прва научничка која добила Нобелова награда за две различни полиња)

    rn

    „Животот не мора да биде лесен, само треба да не биде празен.“ – Лиса Мајтнер (нуклеарна физичарка позната како мајка на нуклеарната фисија)

    rn

    „Не плашете се од тешката работа. Ништо вредно не доаѓа лесно. Не дозволувајте другите да ве обесхрабруваат или да ви велат дека не можете да го направите тоа. Во мое време ми се кажуваше дека жените не се занимаваат со хемија. Не гледав причина зошто не можеме да го правиме тоа.“ – Гертруда Елион (биохемичарка која ги создала лековите за леукемија, маларија, менингитис, херпес…, и добитничка на Нобелова награда)

    rn

    „Гледате на науката (или барем зборувате за неа) како некој деморализирачки изум на мажот, нешто одделено од реалниот свет и нешто кое мора внимателно да се чува и да се држи подалеку од секојдневното постоење. Но, науката и секојдневниот живот не можат и не траба да се делат.“ – Росалинд Френклин (играла голема улога во откривањето на структурата на ДНК)

    rn

    „Ја гледаме науката како нешто елитно што само неколкумина можат да го научат. Тоа не е вистина. Треба само рано да започнете и да им дадете основа на децата. Децата или ги исполнуваат или не ги исполнуваат очекувањата.“ – Меј Џејмисон (првата Афроамериканка во вселената)

    rn

    „Луѓето се алергични на промената. Тие обожаваат да велат: ‘Секогаш го правиме тоа на овој начин’. Јас се обидувам да се борам против тоа. Затоа имам часовник на ѕидот кој чука во обратната страна.“ – Грејс Хопер (адмирал во американската морнарица и пронаоѓач на првиот програмски преведувач на компјутерски јазици)

    rn

    „Мајка ми секогаш ме учеше дека ако луѓето не се согласуваат со тебе, најважното нешто што треба да го направиш е да ги слушаш. Но, ако ги слушаш внимателно и сѐ уште мислиш дека си во право, тогаш мора да ја имаш храброста да ги разубедиш.“ – Џејн Гудал (приматолог кој го посветил својот живот на конзервацијата и правата на животните)

    rn

    „Ако знаете дека сте на вистинскиот пат, ако го имате тоа внатрешно знаење, тогаш никој не може да ве запре, без оглед на тоа што го велат.“ – Барбара МекКлинток (добитничка на Нобелова награда и генетичарка позната по нејзиното откритие на регулацијата на генетскиот израз)

  • 12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на Земјата!

    12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на Земјата!

    Планетата Земја е преполна со тајни и мистерии, а некои од нив можеби никогаш нема да бидат разрешени.rn

    1. Саксајваман

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвие составени камења и карпи се наоѓаат во близина на Перу и совршено добро се вклопуваат без малтер, што е невозможно нешто да се стави помеѓу нив.rn

    2. Пештерите Лонгјоу

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвие пештери направени од човечка рака се пронајдени во близина на Кина и сѐ уште претставуваат вистинска мистерија. Се претпоставува дека датираат од пред династијата Квин (212 година п.н.е.), но нема податоци за нив. Зошто некој сакал да го скрие нивното постоење?rn

    3. Војничeвиот ракопис

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМистерија која останува нерешена до ден-денес, со многу теории во врска со тоа на кој јазик е напишана. Во 2014-та, две различни групи изнесле две тврдења дека ја решиле мистеријата. Единствениот проблем било што двете решенија целосно се разликувале едно од друго. Едните верувале дека тоа е мексикански дијалект, додека другите мислеле дека тоа е кодиран азиски јазик.rn

    4. Портата на сонцето

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnИсто како Стоунхенџ, и Портата на сонцето е камена структура која останала нерешена тајна до денешен ден. Се наоѓа во околината на Боливија, каде се верува дека живееле првите луѓе на планетата. Се претпоставува дека написите кои се врежани во плочите се всушност од голема астролошка и астрономска важност.rn

    5. Гобекли тепе

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОва место, кое е пронајдено на врвот на планинскиот гребен во Турција, многу придонело за човековото разбирање за развојот на древните обичаи. Храмот е изграден пред да биде изграден градот околу него, а тоа покажува колку е ценета религијата на оние кои тука се населувале.rn

    6. Споменикот од Јонагуни

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnСѐ уште трае дебатата за тоа дали оваа огромна подводна структура е направена од човекот или е природно формирана. Споменикот се наоѓа на крајбрежјето на островот Јонагуни во Јапонија и содржи рамни рабови како и агли од 90 степени.rn

    7. Ливадите Лонсо

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОва наоѓалиште старо 1.000 години, кое се наоѓа на Њуфаундленд во Канада, докажува дека Викинзите стигнале до Северна Америка многу порано од Кристофер Колумбо.rn

    8. Тунелите од камено време

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОваа огромна мрежа на подземни тунели која се простира ширум Европа, од Шкотска до Турција, е направена целосно од човекот и датира од каменото време. Остануваат прашањата за тоа како било возможно да се изгради толку обемен систем во тоа време.rn

    9. Птицата моа од планинскиот венец Овен

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМоа е птица чија врста изумрела пред околу 500 години, па било голем шок кога истражувачите пронашле зачувана канџа од една ваква птица во пештерата на планината Овен во Нов Зеланд, која датира од пред 3.000 години.rn

    10. Мохенџо Даро

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМохенџо Даро се наоѓа во Пакистан и преставува најраната градска населба со знаци на градско планирање, социјални организации и системи за сушење. Се проценува дека на ова подрачје живеле 40.000 луѓе.rn

    11. Недовршениот обелиск

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвој обелиск е изрезбан директно на камен, но кога се појавиле пукнатини во гранитот, изградбата на обелискот е напуштена. Се наоѓа во Египет и можете да видите колку е голем во споредба со малите човечки фигури.rn

    12. Топките во Костарика

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnПостојат стотина гранодиоритни топки низ цела Костарика кои се различни по големина и варираат од многу мали (3-4 см) до прилично големи (3 м). Археолозите до ден-денес немаат никаква идеја што претставуваат овие топки.