КАФЕ ПАУЗА

Tag: остварување

  • Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?

    Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?

    Зошто одредени желби не се остваруваат кога вие сакате туку неколку месеци или години подоцна, кога веќе сте ги заборавиле?rnrnЗошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?rnrnЕдно од објаснувањата е дека понекогаш чувствуваме очајна потреба за исполнување на одредени желби, па преку одредени постапки го форсираме нивното исполнување. Се фокусираме на желбата, но не обраќаме внимание на патот кој може да нè одведе до нејзиното реализирање.rnrnГолема пречка на патот кон остварување на желбите е очајната потреба да се има нешто. Дали некогаш сте успеале да присилите некого да ве сака? Или да ја натерате личноста да биде весела? Желбите функционираат на истиот начин. Не можеме да ги принудиме да се остварат!rnrnСамо кога вашите лични вибрации ќе излезат од состојбата на очајна потреба и кога ќе почнете да се чувствувате опуштени и релаксирани, ќе ви биде полесно да ги остварите вашите желби.rnrnОбидете се да ги најдете малите животни радости на патот кон желбата, наместо постојано да размислувате за стратегиите како да ја остварите вашата желба.rnrnНе заборавајте дека понекогаш желбите не се остваруваат затоа што можеби не е дојдено времето за нив. Ова не значи дека треба да седите и да не правите ништо за да ја остварите вашата желба. На тој начин, пак, ќе ги намалите шансите за нејзиното остварување. Доволно е да им се посветите на желбите со радост, без стресови и очекувања, а потоа ќе видите како можностите ќе се зголемуваат сами по себе. Бидете трпеливи и никогаш не откажувајте се од вашите соништа!rnrnОткако прочитавте за остварувањето на желбите, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 правила за остварување на желбите.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Променете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!

    Променете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!

    Дали некои од вашите соништа останале неостварени? Колку ваши идеи останале скриени во некое катче во вашиот ум? Не заборавајте, никогаш не е доцна да го остварите сонот за кој сте сонувале пред 10, 20 или повеќе години!rnrnПроменете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!rnrnВо модерната и позитивна психологија се појави моќно правило од 72 часа, кое гласи: Ако имаме идеја и сакаме да ја оствариме, мора да почнеме да ја спроведуваме во рок од 72 часа. Три дена или 72 часа е крајниот рок кога треба да ги преземете првите, дури и мали чекори – да разговарате за вашата идеја со експерт, да направите шематски план за нејзиното реализирање или дури и да спроведете истражување.rn

    Како да се примени правилото од 72 часа?

    rnПравилото од 72 часа не значи да брзате и да се обидувате да го остварите вашиот план во рок од 72 часа. Главната цел на овој принцип е тоа што ни помага да преминеме од фазата на планирање во фазата на акција. Затоа, ние автоматски се фокусираме на успехот на начин што веќе почнуваме да ги правиме вистинските чекори и сме подготвени да дојдеме до целта.rnrnНо, пред да се посветите на постигнување на вашата цел и да се активирате, треба да одговорите на следниве прашања:rn

      rn 011

    • Која е мојата цел?
    • rn 011

    • Како сакам да го постигнам она што го посакувам?
    • rn 011

    • Колку време ќе ми треба да ја реализирам мојата идеја?
    • rn 011

    • Што треба да знам, со кого треба да разговарам, каде да одам, што да научам?
    • rn 011

    • Какви тешкотии ме чекаат? Како ќе се справам со нив?
    • rn

    rnОва е првиот чекор во примената на правилото од 72 часа, по што следи фазата на планирање. Во оваа фаза, неопходно е да излезете од вашата комфорна зона и да бидете подготвени да зачекорите во непознатото. Размислете за вашите планови, размислете на кој начин ќе ја спроведете вашата идеја, консултирајте се со поискусни луѓе и сето тоа запишете го на хартија.rnrnПравилото од 72 часа има и психолошки придобивки. Тоа ќе ви овозможи да надминете бројни бариери и блокади кои се јавуваат во фазата на планирање на активностите. Од друга страна, можно е да се појават сомнежи кај оние кои сакаат да направат значителна промена од типот „Дали сум доволно паметен/а?“; „Можам ли финансиски да си го дозволам тоа?“; „Зошто мислам дека можам да го направам тоа ако никогаш порано не сум бил/а во овој бизнис?“.rnrnЕмоциите често се вклучени во нашиот процес на одлучување или промена, но важно е да ги ставите под контрола . Ако сфатите дека негативните емоции се јавуваат поради стравот од напуштање на зоната на удобност, тогаш треба да работите на личен саморазвој и зголемување на самодовербата.rnrnОткако прочитавте за ова моќно правило, можеби ќе сакате да прочитате и за тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Тест: Изберете симбол и откријте што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите цели!

    Тест: Изберете симбол и откријте што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите цели!

    Ако сакате да дознаете што ве спречува да ги постигнете вашите цели, направете го овој едноставен тест и изберете еден од овие симболи. Следете го вашето срце, а симболот што ќе го изберете ќе ви го открие одговорот!rnrnТест: Изберете симбол и откријте што е тоа ве спречува да ги остварите вашите цели!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Патот до вашата цел е целосно отворен и без пречки. Останува само да направите мал чекор кон вашиот сон и затоа не дозволувајте малите сомнежи да ве обесхрабрат! Имајте на ум дека можете да успеете само доколку не се плашите да се обидете. Само напред и не плашете се.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Во последно време ве мачи некаква грижа која дури и ви предизвикува чувство на депресија. Ова ве спречува да ги реализирате вашите вистински цели. Веројатно многу пати сте тропнале на затворена врата, а таа сè уште не се отворила. Сепак, обидете се да одново да ја воспоставите внатрешната хармонија и насочете се кон позитивното размислување. Изберете една главна цел на која ќе се посветувате секој ден.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Вие сте амбициозна личност со јасно поставени цели. Имате многу енергија и креативност, што секако помага во постигнување високи резултати. Единственото нешто што може да ве спречи да го добиете она што го сакате е вашиот темперамент. Размислете двапати пред да донесете важна одлука. Почекајте додека не се смират емоциите, а потоа одлучете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што е тоа што ве спречува да се збогатите.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете магична карта и откријте кога вашата желба ќе се оствари!

    Тест: Изберете магична карта и откријте кога вашата желба ќе се оствари!

    Застанете за момент, земете длабок здив и интуитивно изберете една од овие магични карти. Таа ќе ви открие кога ќе ви се исполни желбата!rnrnТест: Изберете магична карта и откријте кога вашата желба ќе се оствари!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Бидете трпеливи и сè ќе успее! Oваа магична картa ви предвидува дека нешто неверојатно ќе се случи. Само не толку брзо колку што вие би посакувале. Нетрпеливи сте и често ја губите вербата во поволен исход. Затоа, бидете трпеливи докрај и не заборавајте дека вашата желба ќе се оствари кога ќе дојде време за тоа. Освен тоа, имајте на ум и дека сè што ви се случува во последно време е меѓусебно поврзано.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Оваа магична карта ве советува малку да се опуштите. Со вашите бескорисни постапки ја намалувате можноста за исполнување на вашите желби. Картата означува и уживање во животот. Но, треба да верувате во вашиот сон. Во последно време не верувате доволно во сопствените сили. Запомнете дека секој настан во вашиот живот е дел од сложувалката што вселената ја подготвил за вас. Сè има свое скриено значење. Освен тоа, универзумот ви подготвува изненадување![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Наскоро вашите желби ќе се остварат. Оваа магична карта ви кажува дека е време да започнете нешто ново. Имате доволно сила да ги исполните вашите најлуди соништа. Затоа, верувајте во она што ви го кажува вашата интуиција и само направете чекор кон сето добро што светот околу вас може да го понуди. Искористете ги сите можности и без двоумење донесете одлуки кои ќе ве приближат до целта.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете кои се моменталните позитивни и негативни аспекти од вашиот живот.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Омилената снегулка ќе ви открие дали вашата желба ќе се оствари или не!

    Тест: Омилената снегулка ќе ви открие дали вашата желба ќе се оствари или не!

    Погледнете ја внимателно оваа слика и изберете една од снегулките. Снегулката што ќе ја изберете ќе ви открие дали вашата желба ќе се оствари или не.rnrnТест: Омилената снегулка ќе ви открие дали вашата желба ќе се оствари или не!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Снегулка бр. 1″ active=”false”]Свесни сте дека ако навистина сакате да ја исполните вашата желба морате да ја напуштите вашата удобна зона и да дадете сè од себе. Вашата желба ќе се исполни, но мора да работите и да дејствувате сега. Освен тоа, не заборавајте дека остварувањето на вашата желба зависи само од вас.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Снегулка бр. 2″ active=”false”]Вие сте упорна личност. Знаете дека животот не е лесен, но никогаш не се откажувате. Така, ако имате сон или цел што ви е важна, не дозволувате ништо да ве поколеба или да се откажете. Желбата сигурно ќе ви се исполни доколку со своите постапки покажете дека заслужувате да бидете среќни. Универзумот ќе ве награди само доколку знаете како да ги искористите можностите![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Снегулка бр. 3″ active=”false”]Универзумот не е волшебник кој со своето магично стапче може да ви ги исполни желбите. Реалноста е сосема поинаква. Имајте на ум дека сè што привлекувате е последица на она што го манифестирате. Затоа, ако сакате да ви се оствари желбата, треба соодветно да постапите. Не заборавајте дека кога-тогаш ќе ја остварите вашата желба само доколку го промените вашиот став кон реалноста.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете како да ги остварите вашите цели.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Одберете ѕвезда и откријте дали вашата желба ќе се оствари наскоро или не!

    Тест: Одберете ѕвезда и откријте дали вашата желба ќе се оствари наскоро или не!

    Ѕвезденото небо е тука да нè потсети дека кога-тогаш ќе успееме да ги оствариме нашите желби. Доволно е да бидеме трпеливи и да веруваме во себе. Освен тоа, ѕвездите можат да ни бидат водичи во животот, особено кога ќе наидеме на проблеми и предизвици. Изберете една од овие ѕвезди за да откриете дали вашата желба ќе се оствари наскоро или не!rnrnТест: Одберете ѕвезда и откријте дали вашата желба ќе се оствари наскоро или не!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 1″ active=”false”]Вашиот главен адут е верата. Тоа значи дека ако нешто вистински го посакувате ќе го добиете. Со други зборови, вашата желба набргу ќе се оствари.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 2″ active=”false”]Свесни сте дека е потребен малку труд за да се оствари вашиот сон. Доволно е да бидете упорни и ќе го добиете она што го посакувате бидејќи успехот ви е на дофат на рацете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 3″ active=”false”]Добро размислете дали токму сега сакате да ви се оствари оваа желба. Знајте дека судбината не е подготвена моментално да ви го овозможи тоа, но ако сте сигурни во својот избор, треба да вложите максимални напори за да ја остварите вашата желба.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 4″ active=”false”]Не заборавајте дека вистинскиот пријател е оној кој е покрај вас не само во добрите туку и во лошите времиња. Затоа, обратете внимание на старите пријателства бидејќи некој стар пријател или познајник ќе ви помогне да го остварите вашиот сон.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 5″ active=”false”]Вашата добрина е онаа која ќе ги зголеми вашите шанси за успех! Тоа значи дека вашата желба сигурно ќе се оствари во блиска иднина.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 6″ active=”false”]Време е за акција! Ако сакате да ја остварите вашата желба, направете го првиот чекор уште денес! Не плашете се бидејќи ве очекува голема среќа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 7″ active=”false”]Потребен е голем труд за да се исполни вашата желба. На тој начин судбината ве „тестира“ дали сте достојни или не за остварувањето на оваа желба. Сепак, веројатно е дека кога-тогаш ќе го добиете она што го посакувате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете што ќе се промени во вашиот живот оваа есен.rnrnИзвор: atma.hr

  • Како да ги остварите вашите соништа дури и ако сметате дека се „невозможни“?

    Како да ги остварите вашите соништа дури и ако сметате дека се „невозможни“?

    Секој од нас сонува за нешто во животот. Некој посакува да стане астронаут или славна личност, но речиси сите ние ги сметаме соништата за невозможни. Тоа е така бидејќи дозволуваме сомнежот и стравот од неуспех да ни бидат пречка па на тој начин се убедуваме себеси дека не сме доволно добри и дека го немаме она што ни е потребно за да бидеме победници.rnСепак, не е невозможно да ги достигнете вашите соништа. Доволно е да ги следите овие совети кои ќе ви помогнат да го остварите сето она што го посакувате.rnrnКако да ги остварите вашите соништа дури и ако сметате дека се „невозможни“?rn

    1. Започнете го денот со позитивна енергија

    rnМногумина чувствуваат тешкотии за да најдат доволно добра причина да станат од кревет, а камоли да се чувствуваат позитивно за денот што им претстои. Затоа, веднаш штом ќе се разбудите вдишете длабоко и обидете се да го исчистите умот од сите несакани мисли. Доколку имате неколку минути на располагање запишете ги работите за кои сте благодарни во животот. Тоа ќе ви помогне да бидете полни со позитивна енергија во текот на денот.rn

    2. Визуелизирајте ја вашата цел

    rnЗапочнете со визуелизација на вашата цел. Запрашајте се што е тоа што ве прави среќни и како сакате да изгледа вашата иднина по 5 години. Сето тоа запишете го на хартија затоа што ќе ви помогне да ги преземете неопходните чекори за да ја остварите целта.rn

    3. Преземете акција

    rnСигурно многупати досега сте слушнале дека дејствувањето е клучно за постигнување на целите. Тоа е апсолутно точно. Освен тоа, сигурно ќе морате да се соочите со пречки и неуспеси на патот кон вашата цел, а ќе има и моменти кога ќе сакате да се откажете. Веднаш ослободете се од сите тие бескорисни мисли затоа што животот е премногу краток за да го трошите на други, неважни работи.rn

    4. Опкружете се со луѓе кои ве поддржуваат

    rnЖивотот е како бурно море чии немирни бранови ве туркаат подалеку од вашите соништа. Затоа, важно е да пронајдете луѓе кои ќе ви дадат поддршка. Луѓе кои веруваат во вашите способности дури и кога постојано се сопнувате и паѓате.rn

    5. Верувајте во себе

    rnЧестопати, се сомневаме во себе мислејќи: „Што ако не можам да го сторам тоа?“. Сепак, суровата вистина е дека никој нема да верува во вас освен ако вие самите не верувате во себе. Бидете самоуверени, гордо исправени и со погледот напред и не откажувајте се од вашите цели.rn

    6. Бидете трпеливи

    rnСекој од нас посакува да ги оствари своите соништа во најкраток можен рок. За жал, животот не функционира на овој начин. Соништата бараат време и труд за да се остварат, а процесот може да биде макотрпен и фрустрирачки. Затоа, запомнете дека добрите работи им се случуваат на оние кои знаат да чекаат. Бидете трпеливи и уживајте во патувањето наречено „живот“.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто не треба да им ги кажувате вашите цели и соништа на другите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Тест: Изберете слика и откријте како да ги остварите вашите цели!

    Тест: Изберете слика и откријте како да ги остварите вашите цели!

    Внимателно погледнете ги сликите и одберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа. Сликата што ќе ја изберете ќе ви открие како да ги постигнете вашите цели и замисли!rnrnТест: Изберете слика и откријте како да ги остварите вашите цели!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Вашиот избор сугерира дека треба да бидете пољубезни и да ги поддржувате луѓето околу вас. Навикнати сте сè да правите сами и немате доволно доверба во другите. За да ги остварите вашите соништа треба повторно да бидете отворени за светот со оглед на тоа дека луѓето се носители на голема енергија која може да ви помогне да ја постигнете целта. Затоа, дозволете тие да ги споделат со вас нивните знаења, но и да ви покажат нови можности.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Оваа слика ве советува да „живеете и учите“. Со други зборови, читајте повеќе за да научите нови работи. Вие сте талентирана личност по природа и лесно стекнувате нови вештини. Но, за да ги развиете сопствените таленти морате да учите. Преку читањето и посетувањето разноразни курсеви ќе имате можност и да ги подобрите своите вештини, а тоа ќе придонесе за зголемување на вашата самодоверба. Не заборавајте дека ова е единствениот начин за остварување на вашите соништа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Според овој избор, доволно сте одговорни и фокусирани на сопствената цел. Сепак, понекогаш треба да се опуштите и да се ослободите. Оваа слика ве советува полесно да почнете да ја прифаќате реалноста онаква каква што е и што е најважно од сè, обидете се да уживате во процесот на остварување на вашиот сон, а не само нервозно да го чекате резултатот. Така, позитивната енергија и оптимизмот можат да бидат клучни елементи за вашиот успех.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг кој ќе ви открие каде лежи изворот на вашата среќа.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете слика и откријте дали ќе ви се оствари желбата!

    Тест: Изберете слика и откријте дали ќе ви се оствари желбата!

    За да дознаете дали ќе ви се исполни желбата доволно е да изберете една од овие 3 слики. Нека ве води интуицијата бидејќи таа ви е единствената вистинска пријателка! Само таа никогаш нема да ве изневери!rnrnТест: Изберете слика и откријте дали ќе ви се оствари желбата! rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Свесни сте за фактот дека треба да ја напуштите вашата комфорна зона и подобро да го организирате вашиот секојдневен живот доколку сакате да ви се исполнат целите. За да ја остварите сопствената желба треба да почнете да работите уште сега. Друг важен елемент е да почнете да дејствувате во согласност со реалноста во која сакате да живеете. Дали ќе се исполни вашата желба или не, зависи само од вас.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Се надевате дека вашите желби ќе се остварат бидејќи по природа сте упорна личност. Знаете дека животот не е секогаш лесен и дека работите не се одвиваат онака како што сте испланирале, но не се откажувате. Кога се работи за целите во животот, терајте напред и не дозволувајте некој или нешто да ве поколеба. Направете сè што е во ваша моќ и бидете оптимисти докрај. Покажете дека заслужувате да бидете среќни со оглед на трудот што везден го вложувате, а универзумот набргу ќе ве награди![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Застанете за миг и обидете се да одговорите на прашањето: дали вложивте максимален труд за вашата желба да се оствари? Универзумот не е златна рипка која само исполнува желби. Напротив. Ако сакате вашата желба да се оствари, морате секојдневно да работите. Во моментот сте малку далеку од вашите соништа, но сето тоа може да се промени. Доволно е да го промените вашиот став, а со тоа и вашата реалност. Само така ќе дојдете поблиску до целта.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви открие што треба да промените во животот.rnrnИзвор: atma.hr

  • Волшебната ноќ пристигнува: Сите желби ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнети

    Волшебната ноќ пристигнува: Сите желби ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнети

    Уште од античко време, краткодневицата го симболизира почетокот на следната фаза во животот на човекот. Според античките легенди, сите желби и мисли во текот на ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнети.rnrnВолшебната ноќ пристигнува: Сите желби ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнетиrnrnЗимската краткодневица е посебен ден: тоа е најкраткиот и најтемниот ден во годината и доаѓа на 21-ви кон 22-ри декември. Но, како што поминува овој ден, сонцето ќе биде сè поприсутно на небото, од ден на ден тоа ќе ви носи повеќе енергија и виталност.rnrnМногумина од нас веќе со недели го чувствуваат пристигнувањето на зимската краткодневица. Како што секој ден добивате сè помалку сончева светлина, станувате поизморени и не сте толку подготвени да преземете какви било активности. Потребата за одмор се зголемува – како и потребата да се свртите кон вашиот внатрешен свет. Поради ова, деновите што следуваат се многу добри за медитација.rnrnНашите предци со години го одбележувале овој ден, потсетувајќи се на циклусите и сезоните што ја симболизираат постојаната промена на животната енергија од која сите сме дел. Тоа можеме да го согледаме и во многу духовни традиции.rnrnВажноста на овој ден е поради самото сонце. Сонцето ја претставува нашата душа, но и нашето его. Сонцето ни овозможува да живееме на Земјата. Како што се намалува количината на сончева енергија, добиваме помалку енергија од надворешниот свет.rnrnТоа е време кога треба да се свртиме кон внатрешноста, кон медитација и да се поврземе со внатрешниот „извор на енергија“, што реално е многу помоќен од самото сонце. Тоа е тајната на зимската краткодневица.rnrnНо, многумина во денешно време не му придаваат значење на овој ден. Наместо да ја користат оваа енергија за духовна пракса, луѓето честопати се чувствуваат уморни и имаат потреба да спијат подолго. Многумина се нервозни бидејќи не добиваат доволно енергија од вселената и немаат друг начин да го пополнат недостатокот.rn

    Ритуали за време на зимска краткодневица

    rnВо астрологијата, сонцето ја претставува виталноста на човекот, неговите особености и духовните компоненти. Периодот на краткодневицата е период на обновување на енергијата.rnrnДенот на зимската сончева активност треба да се искористи и за да се испланираат нови идеи што треба да се реализираат следната година.rnrnДобра идеја е да ја украсите елката со жолти, златни, црвени и портокалови украси деновиве, бидејќи овие бои носат богатство и просперитет во вашата куќа.rnrnВо текот на денешниот ден, добро е да се запишат на хартија сите желби, цели, негативни искуства и неуспеси што ги доживеавте минатата година. Хартијата симболично се запалува за да се ослободите од сите стари искуства и да направите простор за нови.rnrnНа тој ден, новите желби за следната година треба да ги напишете и да ги ставите под новогодишната елка за да испратите духовни молби за нивно исполнување. Енергијата на зимската краткодневица дефинитивно ќе ви помогне да ги исполните вашите планови.rn

    Магична ноќ

    rnУште од античко време, краткодневицата го симболизира почетокот на следната фаза во животот на човекот. Се верува дека зимската краткодневица е денот кога повторно ќе се роди сонцето. Овој ден е идеален за разни ритуали и обреди бидејќи означува раѓање на нов живот.rnrnЗимската краткодневица, а особено ноќта, е време за анализа, медитација, креирање нови планови и желби, односно правење промени што може да донесат подобрување на животот на секоја личност. Искористете ја можноста.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и народните верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата година.