КАФЕ ПАУЗА

Tag: остварување

  • Никогаш не престанувајте да сонувате

    Никогаш не престанувајте да сонувате

    Со правиот начин размислување секој сон може да стане реалност. Еве како треба да размислувате за да успеете во тоа.rnrnНикогаш не престанувајте да сонуватеrn

    Верувајте

    rnВербата е првиот чекор кон остварување на сонот. Доколку длабоко во себе чувствувате дека одредена зделка е добра за компанијата или пак имате добро чувство за почнување нов бизнис, следете го и верувајте. Само така ќе одите напред и ќе се чувствувате задоволни.rn

    Не плашете се од иднината

    rnСекако, скоро секој човек барем еднаш бил љубопитен за својата иднина и посетил астролог. Но, вистината е дека никој точно не може да ја предвиди иднината. Затоа не грижете се што велат видовитите и верувајте во себе и во своите способности.rn

    Не потпаѓајте под туѓо влијание

    rnНе оставајте другите да ја кројат вашата судбина. Тие ќе кажат сешто за да имаат какво и да било влијание врз она што го правите. Не слушајте ги, цврсто верувајте во своите намери и одете напред.rn

    Сонувајте

    rnНикој нема право да ви ги земе соништата. Сонувањето е бесплатно, а толку скапоцено. Никогаш не престанувајте да сонувате.rn

    Почитувајте се

    rnНикогаш немојте да се обесхрабрувате поради мислењата на останатите. Не се сомневајте во себе, бидејќи можеби токму вие имате идеи кои се вредни, носат промени и голем светски успех.rn

    Без каење

    rnСонот никогаш нема да ви се оствари доколку постојано се каете и размислувате за минатото. Бидете поодлучни и верувајте си на донесените одлуки. Само така ќе напредувате и ќе бидете чекор поблиску до остварување и на најголемите соништа.

  • 5 нешта поради кои не добивате сè што сакате

    5 нешта поради кои не добивате сè што сакате

    Во првите неколку месеци од годината честопати правиме планови за сè што планираме да постигнеме таа година. Но, според британскиот психолог Ричард Вајсмен, 88% од нашите замисли не се остваруваат. Зошто тогаш воопшто се мачиме да правиме планови? Можеби зашто навистина сакаме да направиме некаква промена.rnrn5 нешта поради кои не добивате сè што сакатеrnrnИ така доаѓаме до најважното прашање – ако толку многу сме мотивирани да направиме промени во нашиот живот, зошто сме толку неуспешни во добивањето на сите оние работи кои ги посакуваме? Погледнете ги наредниве неколку причини кои најчесто ве спречуваат при остварување на вашите цели:rn

    1. По навика се откажувате

    rn

    „Научената беспомошност е реакција на откажување која резултира од верувањето дека ништо од она што го правите не е значајно.“ – Арнолд Шварценегер

    rn

    2. Не барате помош

    rn

    „Одбивајќи да побарате помош кога ви е потребна, спречувате некој да добие шанса да биде од помош.“ – Рик Окасек

    rn

    3. Се оттргнувате од напорна работа

    rn

    „Напорната работа го истакнува карактерот на луѓето: некои ги засукуваат своите ракави, некои ги вртат своите носеви на друга страна, а некои воопшто не се ни појавуваат.“ – Сем Евинг

    rn

    4. Премногу размислувате

    rn

    „Универзумот не ви го овозможува она што го посакувате во вашите мисли; тој ви го овозможува она што го барате преку своите дела.“ – Стив Мараболи

    rn

    5. Го чекате вистинското време за да се обидете

    rn

    „Не чекајте го вистинскиот момент. Никогаш нема да биде совршено. Секогаш ќе постојат предизвици, пречки и далеку од совршени услови. Па што ако. Започнете уште веднаш. Со секој нов чекор, вие ќе станувате сè посилни и посилни, сè поискусни и поискусни, со сè поголема и поголема самодоверба и сè поуспешни и поуспешни.“ – Марк Виктор Хансен

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Внимавајте што посакувате … секако дека ќе ви се оствари!

    Внимавајте што посакувате … секако дека ќе ви се оствари!

    За да ни биде полесен, а воедно и појасен животот, треба да сфатиме две работи:rnrn1. Доколку вистински сакаш нешто, истото ќе го добиеш.rnrn2. Тоа што си бараш, тоа и ќе си најдеш.Внимавајте што посакувате ... секако дека ќе ви се оствари!Прво и основно – сè е психа. Доколку знаеш да управуваш со неа – супер, си имаш целосна контрола над себеси. Работите се онакви какви што ги гледаме, сè зависи од тоа како ги доживуваме нештата, и доколку самите се мотивираме и насочиме кон целта, ќе ја достигнеме. Само штета што човековата упорност не е секогаш толку силна. Лесно знаеме да се откажеме, обесхрабриме или едноставно да мрчиме, зашто секогаш е полесно да кренеш раце и да обвиниш некој друг. Нема сила која може да ме разубеди дека доколку нешто вистински посакуваш ќе го добиеш. Ако желбата е силна, тогаш целосно се насочуваме кон остварување на целите и го освојуваме посакуваното. И нема изговори од типот: „ Не ме бива“, „Не сум роден/а за тоа“, „Не сум јас за таа работа“… сето тоа во превод значи НЕ САКАМ ДА СЕ ПОТРУДАМ ДОВОЛНО.rnrnМојата теорија дека го наоѓаш тоа што си го бараш, во милиони случаеви се има потврдено. Без разлика дали станува збор за кариера, пријатели или партнер, луѓето кои се задржуваат во нашиот живот, тука се со причина. Тоа значи дека нив сме ги барале, такви луѓе ни биле потребни. Еве најпрост пример, размислете за паровите кои ги познавате. Едноставно си одговараат еден со друг, колку и на прв поглед да не се забележува тоа, си се надополнуваат и се компатибилни. ТОЈ е мачо, силен, висок и на прв поглед јак човек кој нема стравови, ама во суштина е мек, па затоа му треба ТАА, која можеби навидум е женствена и мека, но секогаш гласно ќе ги кажува своите ставови и грубо ќе му противречи на она што не ù се допаѓа. Едноставно, луѓето околу нас сме ги избрале со причина, а зависно од тоа како ќе се поставиме со нив, ист однос ќе добиеме за возврат…rnrnВнимавајте што посакувате, дали искрено го сакате тоа и колку сте подготвени да се жртвувате за истото. Не бидете дел од монотоната шема, заслужувате да целите на високо, бидејќи оној кој нема цел, не знае ни каде оди. Но не целете високо доколку не сте подготвени за борба.rnrnЌе ве поздравам со изрека на Алберт Ајнштајн: „Сите се генијалци, но ако ја терате рибата да биде добра во качување по дрво, ќе го помине целиот живот мислејќи дека е глупава.“ Сите се генијалци на свој начин, само треба да се насочат кон она што го прават добро до перфекција. Во што сте добри? Што е тоа што го работите со силна страст? Кои се вашите цели? Што би сакале да имате? Како може да си го подобрите животот? Нема универзални одговори на овие прашања, затоа мора самите да ги најдете за себе.rnrnНа здравје неделно кафе,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Oстварете си ги соништата – направете план

    Oстварете си ги соништата – направете план

    Сигурно сонувате за многу работи. Поради вашите соништа веројатно многу пати во денот фаќате друг правец со мислите, а често не можете око да склопите додека навечер се обидувате да заспиете. Соништата се убави, мотивирачки и охрабрувачки, понекогаш страшни и неизвесни. Но, сами по себе соништата не ви вршат работа. Она што ви треба е план да ги остварите. Планот е всушност мапа по која треба да се раководите за да стигнете до целта – остварувањето на вашите соништа. Еве како да почнете со мапирање:rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 1: Запишете си го сонот

    rnЧинот на преточување на сонот во зборови на хартија или пак во документ на вашиот компјутер, значи дека се посветувате на него, а ова понатаму моќно ќе влијае за конечно да си го реализирате. Исто така, кога треба да запишете нешто, мора да вложите екстра напор за да размислите подобро што е она што сакате да го евидентирате како ваш сон. Можеби имате сон да станете многу богати, но ако направите план да заработувате 20.000 евра годишно, веќе имате многу поконкретна цел кон која можете да се стремите.rn

    Чекор бр. 2: Разгледајте ги можностите

    rnШто  и да претставува вашиот сон, секогаш има повеќе од еден начин за да го остварите. На пример, ако сакате да направите многу пари, можете:rn

      rn011

    • да ја смените вашата кариера, во некоја попрофитабилна
    • rn011

    • да работите повеќе за да бидете унапредени на актуелното работно место
    • rn011

    • да се запишете на факултет, за да ги завршите студиите или пак да продолжите на постдипломски студии, за да бидете поквалификувани
    • rn011

    • да започнете сопствен бизнис како претприемач
    • rn011

    • да штедите пари за некоја крупна цел
    • rn011

    • да си земете богат маж/жена
    • rn011

    • да играте игри на среќа
    • rn

    rnПостојат многу опции. Запишете ги сите, дури и оние кои не ви изгледаат реално, па дури и оние кои сметате дека се глупави и смешни. Но, некогаш глупава идеја може да ве доведе до некоја добра. Не пропуштајте ги таквите.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 3: Изберете јасна цел

    rnОткако ги разгледавте сите можности, посветете се на избирање на вистинската. Можеби на пример ќе одлучите да се пробате во друго поле на работа или пак во друга компанија, каде ќе можете да ја заработувате посакуваната плата.rnrnИзберете цел која ќе ви претставува предизвик да ја реализирате, но истовремено која е возможно да се реализира. Нема поента да изберете цел која е поставена премногу високо на скалилото. На тој начин, само повторно ќе им се вратите на соништата и на мечтаењето по нешто, за што немате конкретен план за да го постигнете.rn

    Чекор бр. 4: Поставете си краен рок

    rnМногу е полесно кога ќе си поставите рок. Но, бидете реални и не плашете се да си поставите предизвик. Колку е поголема вашата цел, толку подолг рок треба да си оставите и обратно. Доколку вашиот сон е како оној во примерот, добро е да си поставите рок од околу 3 години за да направите промена во кариерата и да заработувате колку што сакате. Добро е крајниот рок да го врзете со некој конкретен датум или настан, на пример, вашиот 35-ти роденден или пред да почне вашиот син/ќерка да оди на училиште.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 5: Запишете ги конкретните чекори за да стигнете до крајната цел

    rnОва е финалниот чекор кога треба да се посветите максимално на планирањето. За големи соништа и цели, може да ви биде од помош доколку погледнете малку наназад:rn

      rn011

    • Што се бара на работното место кое треба да го прифатите за да ја работите таа работа?
    • rn011

    • Како можам да станам квалификуван/а за работата (на пр. забрзан курс по англиски)?
    • rn011

    • Треба ли нешто да знаете/поседувате претходно (на пр. пари за да го платите курсот)?
    • rn011

    • Како можете да го реализирате тоа?
    • rn

    rnТреба да дојдете до чекор кој ќе ви постави јасна цел за да се поместите од точката каде што сте во моментот. Таква цел би била доколку на пр. решите да тргате на страна по 100 евра секој месец во наредната година.rnrnАко наидете на чекори кои не знаете како да ги завршите, обидете се да им се навратите подоцна. Најважно е да сфатите што точно сакате да постигнете за да си го остварите сонот, а тоа е првиот чекор кон негово реализирање. Имајте храброст, тоа може да ви го промени животот.rnrnКои се вашите соништа? Преземате ли нешто за да ги остварите или само мечтаете по нив?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.