КАФЕ ПАУЗА

Tag: остварување

  • Зошто желбите се остваруваат тогаш кога ќе заборавиме на нив?

    Зошто желбите се остваруваат тогаш кога ќе заборавиме на нив?

    Понекогаш очајно посакуваме нешто, но желбата и делата не даваат позитивни резултати. Можеби сте направиле сѐ што можете за да ви се оствари посакуваното, но вашите напори не биле наградени. Постојат случаи кога она што го сакате не може да дојде во вашиот живот, бидејќи не е вистинското време за тоа или универзумот има други планови за вас, но најчесто главната причина зошто не го добивате она што го сакате е вашиот отпор.rnrnЗошто желбите се остваруваат тогаш кога ќе заборавиме на нив?rnrnСигурно ќе се запрашате „Како е можно да пружам отпор кога се трудам толку многу?“ Постои суптилна разлика помеѓу фокусот на сопствените желби и згрченото посакување на негативен начин. Иако можеби посакувате нешто, позитивниот резултат не е во преден план на вашата концентрација. Напротив, вие се фокусирате на недостатокот.rn

    Зошто копнежот по нешто го става фокусот на недостатокот во преден план?

    rnКога нешто силно сакате, вие размислувате зошто ви треба тоа. Размислувате колку вашиот живот е ужасен без тоа. Вашата енергија е насочена кон вашите потреби. Вие му праќате порака на универзумот дека не сте го добиле она што ви треба, наместо да ја покажете вашата желба. Законот на привлечност функционира така што го зајакнувате токму она на коешто треба да се фокусирате. Кога се концентрирате на фактот дека имате потреба, вашата потреба се зголемува.rn

    Како да ги промените работите?

    rnТреба да сфатите дека секој ден кога ја насочувате енергијата на вашите проблеми, ја зголемувате веројатноста од појава на уште повеќе проблеми. Почнете да ги гледате работите на поинаков начин. Разгледајте ги позитивните факти и престанете да размислувате негативно.rnrnЗемете го како пример следниов случај. Една жена многу сакала да се пресели. Таа била толку многу фокусирана на тоа што желбата го презела целото нејзино внатрешно битие. Можела да размислува само за тоа колку се неподносливи нејзините соседи и колку многу сака да побегне од тоа подрачје. Се концентрирала на лошите работи поврзани со нејзината куќа. Наскоро го замразила својот дом и почнала да се пакува иако немала каде да оди. Мислела дека со пакувањето го користи законот на привлечност. Мислела дека испратила намера и порака до универзумот која говори дека е подготвена за преселбата и верувала дека наскоро ќе се појави можност да се пресели. Напротив, нејзиниот очај и негативно размислување го блокирале сето она што го посакувала.rnrnНа крајот заклучила дека треба да почне со сочувство да размислува за нејзиниот дом. Престанала да мисли на лошите работи поврзани со него и се концентрирала на позитивните. Го променила дури и односот кон нејзините соседи. Се ослободила од песимизмот и агентот за недвижнини ѝ се јавил за да ја извести дека нашол совршен простор за неа.rnrnКако што таа го направила тоа, така и вие можете да ги промените работите на тој начин што сета ваша енергија ќе почнете да ја насочувате кон позитивните мисли поврзани со вашата желба. Она што го посакуваме најчесто се случува тогаш кога ќе го заборавиме, односно кога нема да бидеме врзани за него.rnrnДоколку навистина сакате да ви се остварат сите желби, дознајте за тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат.

  • Зошто никогаш не треба да се откажете од вашите соништа?

    Зошто никогаш не треба да се откажете од вашите соништа?

    Дали имате чувство дека не живеете онака како што би сакале? Дали се откажувате од работите за кои отсекогаш сте сонувале? Престанете да го правите тоа! Постојат 10 силни причини зошто никогаш не треба да престанете да верувате во вашите соништа. Во продолжение прочитајте кои се тие…rnrnЗошто никогаш не треба да се откажете од вашите соништа?rn

    1. Животот е премногу краток

    rnЖивотот е прекраток за да седите и да не преземете ништо околу остварувањето на вашите соништа. Доколку сонувате за тоа да можете еднаш неделно да отидете на убав ручек со друштвото или на пикник во паркот, бидете вие иницијатори и сторете го тоа. За десет години ќе се прашувате како е можно толку брзо да поминало времето.rn

    2. Вие сте такви какви што сте поради вашите соништа

    rnВашето созревање не се случило преку ноќ. Вашите соништа и амбиции ве воделе по тој пат. Сите успеси и падови се случувале со една единствена цел: Да ги остварите вашите најголеми соништа. Верувајте во тоа!rn

    3. Ако не си ги остварите соништата вие, некој друг ќе ги оствари

    rnТоа не значи дека некој ќе ви го „украде“ сонот, но можеби ќе сретнете човек кој имал слични соништа со вашите и тој ги остварил за разлика од вас. Таа личност не само што сонувала, туку и работела на остварувањето на соништата. Што ве спречува вас?rn

    4. Единствената личност што ви стои на патот сте вие самите

    rnНикој не може да ве спречи во остварувањето на соништата, освен вие самите. Тоа обично се случува поради недостаток на самодоверба, храброст, волја и слично. Победете ги овие непријатели на вашата среќа сонувајте на големо.rn

    5. Соништата и целите ви помагаат да напредувате

    rnКога немате сон или цел што сакате да ги остварите, тогаш се чувствувате како да немате причина да продолжите понатаму. Соништата и целите ви помагаат да ја победите животната монотонија и поради тоа многу е важно да ги имате, без разлика дали се мали или големи.rnrnЗошто никогаш не треба да се откажете од вашите соништа?rn

    6. Никогаш не е доцна

    rnНикогаш немојте да мислите на вашите години кога станува збор за остварувањето на соништата. Не заборавајте дека никогаш не е доцна!rn

    7. Вашите соништа ве дефинираат

    rnНе треба да престанете да верувате во вашите соништа, бидејќи тие ве обликуваат. Не ве дефинираат само успесите, туку и падовите. Треба да учите од нив за да станете подобри и помотивирани.rn

    8. Соништата ве прават попозитивни

    rnНеоспорлив е фактот дека соништата предизвикуваат позитивни емоции. Кога работите на остварувањето на вашите соништа, тука нема простор за депресија и анксиозност. Вашите соништа не само што ви помагаат да ги пребродите тешките периоди, туку и ве прават посреќни, позадоволни и поголеми оптимисти.rn

    9. Ако не се откажете од вашите соништа, ќе се чувствувате посамоуверено

    rnОдлуките што ги носите околу остварувањето на вашите соништа можат да ви помогнат да го погледнете светот од друга перспектива, а тоа ќе доведе до зголемена самодоверба и чувство на поголема вредност. Тоа е многу поважно одошто мислите, така што никогаш не престанувајте да сонувате и да верувате во вашите соништа.rn

    10. Кога ќе престанете да сонувате, ќе престанете и да живеете

    rnАко ви се случи ова, вие ќе ја изгубите животната радост и нема да можете да им се радувате на ситниците од непроценливо значење. Не престанувајте да сонувате, бидејќи животот ќе ви стане тежок и несреќен. Сонувајте. Верувајте во вашите соништа. Остварувајте ги. Дајте сѐ од себе за да ги постигнете крајните животни цели.rnrnПрочитајте и кои 10 нешта ќе се случат доколку почнете да ги следите вашите соништа.

  • Изберете еден плод и дознајте дали ќе ви се оствари желбата

    Изберете еден плод и дознајте дали ќе ви се оствари желбата

    Кој човек на светот нема желби? Замислете една, погледнете ја оваа слика и изберете еден плод од дрвото. Откако ќе го направите тоа, погледнете подолу, пронајдете го одговорот и дознајте дали ќе ви се оствари вашата желба.rnrnИзберете еден плод и дознајте дали ќе ви се оствари желбатаrnrn1. Имате доволно самодоверба и вашата желба со сигурност ќе се оствари, затоа што давате сѐ од себе за тој сон да стане реалност.rnrn2. Вие сте енергична личност и сигурни сте во себе. Не верувате во тоа дека ќе ви се случи она што ви е „судено“, туку во тоа дека самите сте си креатори на својот живот, па спремни сте сѐ да направите за да ги остварите своите цели и желби. Ова се однесува на сѐ, па дури и на оние навидум невозможни желби. Вие можете!rnrn3. Вие сте навикнати да живеете и да се однесувате во зависност од околината. За жал, често одлучувате да „пловите по реката“, не обидувајќи се да ја промените својата судбина, иако сте способни за тоа. Обидете се повеќе да се ориентирате кон целта, да верувате во себе и во своите можности и со сето ова заедно, можете да ја остварите желбата.rnrn4. Вие барате многу и од себе и од околината. Ако нешто сте наумиле, не попуштате и со сета своја сила одите по патот за остварување на својата цел. Не откажувајте се, вие сте во вистинска насока.rnrn5. Вашата природна импулсивност честопати ви пречи во постигнување на посакуваното. Не брзајте ги другите и себе, дишете смирено. Вашата желба ќе се оствари ако се олабавите малку.rnrn6. Вие сте многу среќна личност, но понекогаш сте мрзеливи. За да ја остварите својата желба, почнете да одите во насока на нејзино остварување.rnrn7. Вашата желба ќе се оствари, но за тоа е потребно време. Бидете трпеливи.rnrn8. Изгледа дека постојано сте фокусирани на својата желба. „Заборавете“ малку на неа и едноставно ослободете ја, па ќе видите дека нема да чекате долго за да ги забележите резултатите.rnrn9. Вашата желба наскоро ќе се оствари. Голема е веројатноста дека после тоа ќе се запрашате: „Дали тоа воопшто ми беше потребно?“rnrn10. Бидете скромни во своите желби. Можеби барате премногу? Замолете го универзумот да ви оствари скромни желби, па сигурно ќе се случи тоа.rnrn11. Вашата желба сѐ уште не е остварена само од една причина: Не сте вложиле никаков напор за нејзино остварување.rnrn12. Вашата желба е речиси исполнета!

  • Посегнете по ѕвездите, но останете со нозете на земјата

    Посегнете по ѕвездите, но останете со нозете на земјата

    Човечки е да се сонува. Секој има надеж и нешто што сака да го оствари. Понекогаш овие соништа може да бидат едноставни, додека пак во други случаи може да бидат поголеми. Некои сонуваат да станат богати, а други сонуваат за денот кога ќе можат да се откажат од своите лоши навики. Како и да е, продолжете да сонувате. Посегнете по она што го посакувате, а потоа и кон нешто повеќе.rnrnСонувајте големи соништа, но бидете реалниrn

    Бидете реални

    rnДодека посегнувате по ѕвездите, многу е важно да останете со нозете цврсто на земјата. Некои едноставно не се наменети за вас и се надвор од вашиот дофат. За да се стигне до некои, пак, потребно е да се преземат повеќе чекори. Ако вашиот сон е да станете богати, реалниот начин за да го реализирате е да започнете со планирање. Почнете да ги планирате работите кои може да ги направите токму сега, што значи остварување на моменталните цели. Ова може да го постигнете така што од секоја плата ќе издвојувате одредена сума пари. Иако можеби ви изгледа како бавен начин за остварување на вашиот сон, во секој случај е подобар отколку постојано да бидете во место и да не преземате ништо. Вчера тоа било ваш сон. Денес, вие веќе правите чекори за да го реализирате.rn

    Бидете внимателни

    rnВнимателноста значи да учите да живеете во сегашниот момент, зашто така ќе можете да уживате и во најмалите нешта во животот. Многу е важно да обрнете внимание на сѐ што се случува во вашата околина, без тоа да го толкувате. Тоа значи да не им дозволите на вашите емоции да излезат на површината како што ги набљудувате случувањата во животот. На прв поглед ќе ви се чини тешко да го отстраните минатото да ви влијае на сегашноста, но со малку повеќе фокусирање на работите, полесно ќе ви биде да ги оставите сите оние нешта и да живеете во сегашниот момент. Ова не значи дека треба да станете студена личност без емоции. Со живеењето во сегашноста, вие ќе научите да ги преиспитате своите ставови и мислења, што значи дека ќе му овозможите на вашиот мозок да ја процени ситуацијата што вистински се случува, наместо да дозволите за вас да решаваат вашите емоции. Со користење на вакви техники за внимателност, вие ќе бидете способни да живеете во реалноста, која пак ќе ви помогне да ги достигнете ѕвездите кои ги посакувате. Многу луѓе откриле дека кога биле внимателни и еднаш веќе ги промениле своите соништа, тие биле способни да видат што навистина посакуваат во животот.rnrnСонувајте големи соништа, но бидете реалниrn

    Да сонувате или не

    rnНекои луѓе имаат проблем со скротувањето на нивната имагинација. Овие видови личности честопати ќе бидат фрустрирани кога нема да ги остварат своите големи соништа што ги замислувале. Откако ќе се случи ова, тие ќе го отфрлат овој и ќе почнат да замислуваат друг, исто така невозможен сон. Наспроти ова пак, други луѓе имаат проблеми воопшто да си дозволат да сонуваат. За да се реализираат соништата, потребно е да се пронајде некоја средина помеѓу овие две крајности.rnrnСо тоа што ќе си дозволите да сонувате и да се надевате, ќе го направите животот вреден за живеење, но секогаш внимавајте тие соништа да бидат реално остварливи. Не можете да сонувате да станете голема пеперутка, доколку никогаш не сте биле гасеница. Доколку не преземете соодветни чекори кои ќе ве водат кон вашиот сон, тој никогаш нема да стане реалност. Значи, сонувајте големи соништа, но бидете сигурни дека постојат начини како да ги остварите.

  • 10 начини да добиете сè што ќе посакате во вашиот живот

    10 начини да добиете сè што ќе посакате во вашиот живот

    Можеби на прв поглед вашите желби и цели ви изгледаат комплицирани, но со мали промени во секојдневието, вие можете да го освоите целиот свет. Погледнете ги следниве промени што треба да ги направите и брзо ќе почнете да се приближувате до вашиот сон!rnrn10 начини да добиете сè што ќе посакате во вашиот животrnrn1. Почнете да се грижите за себе – Станете малку себични. Да, можеби ова ви звучи иронично, но кога сте одговорни за своите време, простор и живот, вие можете многу повеќе да постигнете од останатите.rnrn2. Одговарајте на секој настан – Не ги пропуштајте повиците, одговарајте на сите поставени прашања (во целост), одвојувајте време за другите… И најважно од сè вклучете ја вашата креативност во сè што правите.rnrn3. Бидете поквалитетни одошто се бара од вас – Работете повеќе, овозможете повеќе, направете повеќе од тоа за што ве плаќаат. Ценете се себеси и својата работа и завршувајте ги обврските затоа што сакате, а не затоа што морате.rnrn4. Бесрамно покажувате си ги талентите – Забавувајте се, бидете горди на тоа што го работите и кажете им сите. Секако, нема потреба од претерување, но штом имате нешто за што можете да се пофалите, направете го тоа!rnrn5. Имајте влијание на другите – Излезете од улогата што ви ја доделила општеството. Поврзете се со луѓето, прашувајте, одговарајте, бидете љубопитни. Излезете од рамките и бидете оние што навистина сте, без срам.rnrn6. Не одложувајте – Времето е премногу скапоцено за залудно да го трошите. Тоа е неблагодарно, најпрво кон вас, а потоа и кон оние околу вас. Ако нешто треба да се заврши веднаш, сторете го тоа. Утре нека биде за утрешните обврски.rnrn7. Успехот се крие во деталите – Обрнете внимание на суптилните, мали работи. Тоа што ве издвојува од останатите се токму малите ситници коишто вие можеби и не ни успевате да ги забележите.rnrn8. Не ги толерирајте нештата – Конечно ослободете се од здодевните дневни фрустрации и предвидливите непријатности во животот. Немојте само да го решите проблемот, туку најдете начин и како никогаш да не се повтори.rnrn9. Сосредоточете се на своите вредности – Кога поминувате време во согласност со своите вредности, вие се полните со енергија, смиреност, фокус и атрактивност. Зарем има подобар начин да се поминува секојдневието?rnrn10. Работете на вашиот развој – Никогаш не ги пропуштајте шансите за раст и развој. Никогаш не прекинувајте да вложувате во себе. Без разлика на годините, брачниот статус или работната позиција, секогаш можете да научите нешто ново.

  • Не е ваша работа да си кажувате себеси „НЕ“

    Не е ваша работа да си кажувате себеси „НЕ“

    Многу луѓе имаат навика постојано да се спречуваат во остварувањето на своите желби, притоа повторувајќи си дека не се достојни за тоа. Сите имаат моменти кога се сомневаат во себе, но тоа не треба да претставува пречка за да продолжат понатаму. Велејќи си себеси дека сте премногу стари, премногу млади или неискусни, само ве оддалечува од можностите кои ви се нудат. Кога ќе сфатите дека повеќето работи зависат само од вас, нема да се откажувате толку лесно. Еве како да го постигнете тоа.rnrnНе спречувајте се самите да ги остварите своите амбицииrn

    Не откажувајте се уште првиот пат штом слушнете „не“

    rnПовеќето луѓе не сакаат да преземаат никакви нови работи, со цел да го избегнат неуспехот. Познатите личности велат и прават многу работи за да ги покријат скандалите, а од една страна, тоа е природно затоа што никој не сака да доживува неуспеси. Но, дали треба да се откажете од своите идеи веднаш штом ќе добиете негативен повратен одговор? Кога ќе слушнете „не“ тоа не мора да значи дека нешто е сосема невозможно или дека никогаш нема да успеете во тоа. Честопати тоа може да значи „не во овој момент“ или „не на овој начин.“ Затоа, почнете да гледате од друга перспектива и бидете малку поупорни.rnrnПравилото вели никогаш да не се откажувате по првото „не.“ Можеби вашиот внатрешен глас ви го вели тоа, па затоа, ова не е време да престанете да ги остварувате своите желби. Многу често негативната повратна информација може да биде знак за да ја прилагодите вашата идеја, а не да се откажете од неа!rnrnНе спречувајте се самите да ги остварите своите амбицииrn

    Како да го надминете стравот од неуспех

    rnЕдна од најчестите причини за откажување е затоа што сметате дека сѐ уште сте неподготвени. „Немам искуство“, „Треба да научам повеќе“, „Прво ми е потребен подобар план“ и сличните фрази можат само да ве демотивираат. Кој успеал веднаш? Не очекувајте да бидете фантастични на самиот старт, сепак, тоа е само почеток. Прифатете дека ќе правите грешки, но обидете се истите да не ви влијаат негативно. Што и да започнувате за прв пат, секогаш ќе има подобри од вас, но тоа не е причина да се чувствувате неталентирани или неинтелигентни.rnrnНе е ваша работа да ги негирате своите можности, има многу луѓе на светот кои ќе го направат тоа за вас. Вашата работа е да ги прифатите предизвиците кои ви се нудат и да продолжите понатаму, а не да застанувате. Наместо да ги одрекувате, кажете им „да“ на новите можности!

  • 11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

    11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

    Лесно е да си поставите себеси цели, но тешко е да се држите до нив. Не грижете се, не сте сами. Постојат некои едноставни, интересни и корисни трикови кои ќе ви помогнат да останете упорни и со тек на време да ги остварите вашите цели.rnrn11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите целиrn

    1. Одберете реалистични цели

    rnНормално е да ви се случи понекогаш да одберете цели кои претставуваат преголем залак за вас. Можеби ќе си поставите цел да прочитате 20 книги во месецот иако многу добро знаете дека тоа воопшто не е практично. Потоа, ќе успеете да прочитате само една или две до крајот на месецот и ќе се чувствувате фрустрирани и поразени. Проблемот е во тоа што не сте ја поставиле целта на реалистичен начин. Мора да внимавате да не се прецените и да не очекувате премногу од себеси, туку да останете фокусирани и да направите добар план.rn

    2. Одберете цели кои се вклопуваат во вашиот живот

    rnВашите цели мора да се усогласени со вашето животно темпо. На пример, ако вашата цел е да патувате низ светот оваа година, но имате работа со полно работно време и деца, таа може да не се вклопува во вашиот моментален живот. Важно е да знаете точно колку време имате во денот. Ако вашиот распоред едноставно не ви дозволува да посветите време на вашите цели, многу тешко дека ќе ги остварите.rn

    3. Ставете ги целите на хартија

    rnИмате цели? Напишете ги. Тоа ќе ви помогне да си разјасните точно што сакате да постигнете, но и да останете мотивирани. Ако ги запишете вашите цели и ги споделите со некој пријател, автоматски ги зголемувате шансите за нивно остварување.rn

    4. Визуализирајте го остварувањето на вашите цели

    rnОткако ќе ги запишете целите, обидете се да ги замислите во вашата глава и размислете како би можеле да ги остварите. Исто така, обидете се да си замислете колку исполнето би се чувствувале откако ќе успеете да ги остварите.rn

    5. Одвојте барем 15 минути во денот за вашите цели

    rnПрепорачливо е да одвоите барем 15 минути во денот за вашите цели, ако сакате да успеете. Пробувајте различни начини за да ги остварите. На пример, ако вашата цел е да станете попозитивни, еден ден прочитајте некоја инспиративна статија, а другиот поминете го со вашиот најпозитивен пријател.rn

    6. Повторувајте го методот додека не ви стане навика

    rnОбидете се да го задржите овој метод од 15 минути, бидејќи повторувањето ги претвора нештата во навика. Потребни се 15 до 254 дена за нешто да стане навика. Тоа е многу голема разлика и зависи од личноста и од целта, така што продолжете со повторување додека не успеете.rnrn11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите целиrn

    7. Дружете се со луѓе кои успеале

    rnБидете опкружени со луѓе кои се успешни за да успеете да се држите до вашите цели. Најкорисно би било ако овие луѓе се стремат кон истите цели или веќе ги имаат постигнато оние кои вие се стремите да ги постигнете.rn

    8. Побарајте поддршка

    rnМногу полесно ќе успеете да се држите до вашите цели доколку луѓето околу вас постојано ви даваат поддршка. Тоа можат да бидат вашите пријатели, семејство, партнер, експерт па дури и група за поддршка.rn

    9. Медитирајте

    rnМедитацијата ќе ви помогне да надминете одредено однесување, како на пример пушењето цигари, а ќе ви помогне и да разберете зошто ова однесување постои кај вас и што го поттикнува за да можете да го промените.rn

    10. Кажете му ги на светот вашите цели

    rnНормално е дека не треба секоја ситница од вашиот приватен живот да ја споделувате на Фејсбук, но споделувањето на некои ваши успеси и цели на социјалните мрежи може да биде корисно. Ќе добиете многу поголема мотивација кога луѓето кои не сте ги виделе од средно ќе дознаат за она што сакате да го постигнете.rn

    11. Останете фокусирани на причината која стои зад вашите цели

    rnКога сте одлучиле што сакате да постигнете, сигурно сте имале добра причина зошто го посакувате токму тоа. Постојано повторувајте си ја оваа причина во вашата глава бидејќи тоа ви дава сила да продолжите напред.rnrnКако што можете да видите, држењето до вашите цели не мора да биде макотрпен процес. Овие неколку совети ќе ви помогнат во тоа и нема сомнеж дека на крајот ќе успеете да остварите сѐ што сте си замислиле.

  • 10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавено

    10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавено

    Сите ние знаеме како мрзливоста изгледа, бидејќи и самите сме имале такви периоди, па затоа многу често ги доживуваме непродуктивните луѓе како мрзливи. Овие периоди најчесто се надминуваат, и потоа продолжуваме по својот пат, одејќи чекор поблизу до остварувањето на нашите цели. Но, што се случува кога ќе ја изгубиме решителноста и пред нас се појави страв од она кое најмногу го посакуваме? Погледнете ги следниве 10 начини кои можат да ви помогнат да продолжите да се движите кон вашите соништа во оние моменти кога сметате дека сте заглавиле.rnrn10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавеноrn

    1. Напишете на лист хартија како го поминувате вашето време

    rnФокусирајте се на слободното време, по работните часови и обидете се да ги запишете сите оние нешта кои ги правите. Ако не можете веднаш да се сетите, набљудувајте се една недела и потоа запишете. Дали гледате ТВ премногу време? Дали поголемиот дел од денот го поминувате на Фејсбук? Ако сонувате да бидете писател, колку активно се вложувате во остварувањето на оваа цел?rn

    2. Набројте ги чекорите кои ќе ве одведат од остварување на вашите соништа

    rnЦелите и соништата се достигнуваат полека, со трпение и труд. Вие не можете да ги остварите сите ваши желби преку ноќ. Токму затоа направете план и поставете си временска линија во која реално би можеле да ги достигнете сите чекори до вашите соништа. Понекогаш дури и мрзливоста може да се победи со добар план.rn

    3. Направете проверка на целите

    rnОва може да биде малку застрашувачко, особено ако сте ја имале оваа цел подолго време. Доколку сте ја искажале гласно, тогаш таа станала и дел од вас. Но, ако овој сон се распаѓа затоа што не се движите кон него, тогаш можеби сте го надминале и веќе не ви е значаен. Преиспитајте се и откријте зошто постојано одложувате. Ако го правите тоа намерно, можеби сте насочени кон погрешна цел.rn

    4. Надминете го стравот од неуспех со мали ризици

    rnПоради некоја необјаснива причина, сите ние веруваме дека неуспехот е резултат на недостаток од способности, талент или мотивација. И само затоа што упорно веруваме во ова тврдење, стравот од неуспех нè спречува да се движиме во вистинската насока. Вашиот сон не може да се оствари преку ноќ, потребно е многу време, како и грешки од кои ќе учите. Едноставно направете ризик и преземете го првиот чекор. Малите успеси со тек на време ги уништуваат стравовите.rn

    5. Надминете го стравот од критицизам со тишина

    rnОвој страв најчесто се појавува како резултат од ниска самодоверба и верувањето дека нашата вредност доаѓа надвор од нас. Нормално е да сакате да ги направите вашите родители горди, но избегнувањето на нивниот критицизам не треба да биде единствената причина поради која правите нешто. За да се заштитите, споделувајте ги вашите соништа само со оние кои ве охрабруваат, а не чија единствена цел е да ве критикуваат.rn

    6. Надминете го стравот од успех со помош на мали постигнувања

    rnДа, постојат луѓе кои се плашат од успехот и можеби токму вие сте едни од нив. Проблемот настанува кога конечно ќе ги остварите вашите соништа и ќе се појави прашањето: „Што е следно?“ Многу луѓе несвесно ги саботираат своите цели бидејќи се плашат да пронајдат нови со цел да продолжат понатаму. Целта е да почнете полека, со мали успеси, за да се навикнете на напредокот и да можете полесно да го прифатите крајниот успех.rn

    7. Поделете ги вашите цели

    rnАко сметате дека сте обземени од преголема цел или сон, поделете ги на помали делчиња. Движете се чекор по чекор, освојувајќи дел по дел од вашата цел и не застанувајте сè додека не стигнете до самиот крај. Бидете храбри и направете го првиот чекор уште денес.rn

    8. Дружете се со вистинските луѓе

    rnДоколку сакате да бидете успешни во вашите цели и да не заглавувате некаде по пат, многу е важно да сте во близина на позитивни луѓе кои ќе ги поддржуваат вашите соништа и ќе ви помогнат да ги остварите.rn

    9. Визуализирајте го остварувањето на вашата цел

    rnКога конечно ќе успеете во вашите намери, како ќе изгледа вашиот живот? Каде ќе бидете вие? Што ќе правите? Колку појасно го замислите исходот, толку помотивирани ќе бидете да продолжите понатаму.rn

    10. Престанете да користите изговори

    rn„Многу сум зафатен/а со моменталната работа“, „Немам поддршка“, „Премногу е тешко“… Не им дозволувајте на негативните мисли да преовладаат и уште поважно, не дозволувајте секојдневните изговори да станат главната причина поради која ќе го одложувате остварувањето на вашите цели. Ако не успевате да најдете време, вратете се на почетокот и откријте дали навистина сакате да го постигнете тоа или пак, можеби вашите желби се смениле…

  • 4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакате

    4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакате

    Дали некогаш сте се запрашале зошто одредени планови ви се остваруваат побрзо од други? Или пак, зошто е толку тешко да постигнете некоја цел, додека пак некои други цели ги остварувате и без да забележите? Остварувањето на соништата е процес кој откако ќе разберете како функционира, ќе можете и да почнете да преземате одредени чекори со цел да го забрзате. Тоа можете да го сторите на следниве 4 едноставни начини…rnrn4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакатеrn

    1. Јасно детерминирајте што сакате и запишувајте сè што правите за да го постигнете тоа

    rnСо цел да го добиете она што го сакате, вие мора да престанете да се фокусирате на оние нешта кои не ги сакате. За да ги оживеете вашите соништа, бидете јасни во вашите намери и не само што ќе ги запишете вашите планови, вие запишувајте ги и сите оние нешта кои сте ги презеле за да ја постигнете вашата цел.rn

    2. Активно напредувајте, без разлика колку мал или голем е вашиот успех

    rnСекојдневно преземајте нов чекор кој ќе ве доближи до вашата цел. Доколку преминувате по една препрека на ден, идната верзија од вас ќе ви биде бескрајно благодарна бидејќи сте ѝ помогнале побрзо да ја постигне својата цел. Универзумот сака акција, па доколку ја сакате неговата поддршка, не чекајте знаци туку фрлете се веднаш на работа!rn

    3. Визуализирајте како вашиот живот ќе изгледа доколку ја постигнете својата цел или ги остварите вашите соништа

    rnВизуализирањето на соништата прави тие да се остварат во вашиот ум, а со тоа и ви помага да ја остварите вашата цел побрзо. Доколку нешто не можете да видите во вашите мисли, тогаш е многу потешко и да го остварите. Не заборавајте секојдневно да издвоите малку време кое ќе го посветите во замислување на исходот од вашите желби со цел да се мотивирате да продолжите со повеќе енергија и понатаму.rn

    4. Ослободете се од сите очекувања од исходот

    rnПоследниот чекор е да се ослободите од очекувањата за исходот. На овој начин вие нема да си поставите ригидни граници за како и кога ќе ги постигнете вашите цели, па токму тоа и ќе ви помогне да уживате повеќе во самото патување. Доколку успеете да се фокусирате повеќе на патувањето, наместо постојано да се преиспитувате до каде сте, вие со сигурност ќе ги постигнете вашите цели побрзо. Едноставно прифатете го местото каде што се наоѓате во овој момент и обидете се целосно да живеете во сегашноста.

  • 10 нешта кои ќе се случат доколку почнете да ги следите вашите соништа

    10 нешта кои ќе се случат доколку почнете да ги следите вашите соништа

    Дали конечно сте го направиле првиот чекор кон остварување на вашите соништа? Дали започнавте да ја следите вашата страст и во моментов се наоѓате во сосема нова реалност? Или пак можеби самата помисла на оваа ситуација ви влијае лошо на стомакот и токму поради тоа не решавате да скокнете од работ кон несигурноста? Погледнете ги наредниве нешта кои ве очекуваат доколку го направите овој голем ризик и почнете да ги следите вашите соништа…rnrn10 нешта кои ќе се случат доколку почнете да ги следите вашите соништаrnrn1. Често ќе бидете преплашени – Одвреме-навреме стравот може дури и да ве парализира, но желбата и страста да го правите она што го сакате постојано ќе преовладува и ќе ве одржува на вистинскиот пат.rnrn2. Постојат периоди кога ќе бидете многу несигурни – И можеби ќе се чувствувате многу непријатно, но тоа е во ред. Со тек на време ќе научите како полесно да се справувате со ова чувство.rnrn3. Ќе излезете од вашата удобна зона – Ова е нешто навистина позитивно, бидејќи тоа е единствениот начин да почнете да ги проширувате решенијата за остварувањето на вашите соништа.rnrn4. Двоумењето постојано ќе ви биде зад грб – Со тек на време ќе научите дека подобро е да се насмеете на себе и да продолжите по вистинскиот пат отколку да го трошите целото време и енергија во потрага по изворот на двоумењето.rnrn5. Вие со сигурност ќе успеете да изнервирате одредени личности од вашиот живот – Секако, ова ќе го направите ненамерно, но понекогаш луѓето едноставно се плашат од промени. Токму затоа доколку тие се обидуваат драматично да влијаат врз вашата одлука, потсетете се дека не можете да ги контролирате сите нешта околу вас и дека единственото нешто над кое имате контрола е вашата реакција. Одберете мудро.rnrn6. Ќе дознаете многу нешта за себе – Со сигурност ќе наидете на моменти кога ќе сакате да се откажете од сè и кога ќе се сомневате во секој ваш чекор. Но, мора да научите дека и лошите денови се дел од севкупниот процес.rnrn7. Ќе научите како да барате помош и од другите – Бидејќи ниту една личност не може, но и не мора сама да помине низ ова патување.rnrn8. Ќе дојде и оној ден кога ќе посакате да престанете со ризиците и да се помирите со нешто посигурно – Ќе размислувате сериозно на оваа тема, но многу набрзо ќе сфатите дека правењето на она што навистина го сакате ви носи многу поголема награда отколку лажното чувство на сигурност. Вие сте дошле толку далеку, зошто сега да се откажете?rnrn9. Ќе се чувствувате ранливо – Нема да бидете сигурни дали сте подготвени да ја споделите вашата вистинска страна со светот. Ова е застрашувачко бидејќи е блиску до вашето срце и сосема е нормално да се плашите од начинот на кој ќе ве прифати светот.rnrn10. Ќе постојат денови кога ќе бидете среќни како мало детенце кое го открило вкусот на чоколадото – Во овие моменти ќе се запрашувате зошто порано не сте почнале со остварувањето на вашите соништа. Секоја работа има свои позитивности и негативности, но тоа не значи дека треба да се фокусирате само на лошите работи.rnrnНа крајот од денот, ризикот секогаш вреди. Токму затоа забавувајте се во вашиот скок од работ и уживајте во лудата авантура која целосно ќе го исполни вашиот живот.