Жените родени во овој знак ја обожаваат својата слобода. Тие се храбри и силни. Секогаш го прават она што сметаат дека е правилно и никогаш не им веруваат слепо на другите луѓе. Тие на прв поглед делуваат опасно и строго, но откако ќе ги запознаете подобро, ќе сфатите дека се работи за жени кои вреди да ги имате покрај себе. Станува збор за жените Скорпии!rnrn
rnrnЖените Скорпии се многу лојални и стабилни. Верноста им е многу важна во животот и тоа е особината што најмногу ја ценат кај другите луѓе. Секогаш можете да ѝ верувате на жената родена во овој знак. Таа никогаш нема да ви даде лажни ветувања. Жените Скорпии се многу самостојни и не им треба никој да ги чува и заштитува.rnrnПрипадничките на овој знак многу добро знаат што сакаат во животот. Тие се амбициозни, а кога ќе си постават некоја цел, храбро и одлучно се стремат кон неа, без да се откажат толку лесно. Жените Скорпии секогаш донесуваат мудри одлуки. Тие се свесни дека ги поседуваат способностите што можат да ги однесат таму каде што сакаат да бидат, па затоа никој не може да ги поколеба.rnrnНишто не може да им побегне на жените Скорпии, бидејќи се многу остроумни и ги забележуваат и најситните детали кои потоа ги поврзуваат и ја градат големата слика. Многу добро ги проценуваат луѓето и ситуациите, така што нема смисла да се обидувате да ги измамите или да се претставувате лажно пред нив. Слободно може да се каже дека жените родени во овој знак имаат силни интуитивни способности.rnrnЖената Скорпија е полна со страст за сите работи што ги прави. Кога ќе се вљуби во некого, таа ќе даде сѐ од себе за да го направи саканиот среќен. Но, доколку некој им згреши нешто, веднаш ќе почувствува на своја кожа зошто не е паметно да си поигрува со Скорпиите.rnrnСкорпијата е дефинитивно најстрасниот знак во Зодијакот, без разлика дали се работи за маж или жена. Припадниците на овој знак се неверојатно добри љубовници кои имаат вроден сексуален инстинкт. Скорпиите обожаваат див секс во необични пози и на чудни места, бидејќи ги возбудува сѐ што е ново и непознато.rnrnЖените Скорпии ја обожаваат секси долната облека и секогаш „паѓаат“ на момци кои се обвиени со доза на мистерија. Тие сакаат да откриваат и освојуваат, па затоа не ги интересираат оние кои се „нудат себеси на тацна“.rnrnКога ќе го пронајдат идеалниот партнер, тие се вљубуваат длабоко и искрено. Сакаат да им угодуваат на саканите, особено во кревет. Сексот е многу важен дел од животот на Скорпиите. Нивната посветеност гарантира незаборавни моменти преполни со страст и задоволство.rnrnДоколку сакате да дознаете нешто повеќе за Скорпиите, прочитајте зошто вреди да се напише книга за жената родена во овој знак.
Tag: особини
-

Самостојни и лојални: Жените родени во овој знак ќе ви го исполнат животот со страст и задоволство!
-

Одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе
Според стариот јазик санскрит, зборот „чакра“ значи „тркало“ или „диск“. Во јогата, медитацијата и ајурведата, овој термин се однесува на енергетското тркало во целото тело. Постојат 6 главни чакри кои се распределени од основата на ’рбетот до темето на главата. За да можете да ги визуализирате чакрите во телото, замислите си енергетско тркало каде што се сретнуваат материјата и свеста. Оваа невидлива енергија е животната сила што нѐ одржува витални, живи и здрави.rnrn
rnrnБез многу размислување, одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и прочитајте што открива таа за вас. Ќе се изненадите од тајните што ќе ги дознаете за својата личност!rn1. Црвена: Коренска чакра
rn
rnrnЦрвената боја е најдлабока и најмотивирачка од сите останати бои. Оваа чакра го претставува преживувањето. Вие се разбудивте и се движите кон промените што треба да ги направите во вашиот живот. Црвената боја означува страст, тврдоглавост, љубов, храброст и многу други силни особини. Оваа боја е исто така поврзана со богатството, напредокот и отпорноста.rnrnНо, оваа боја може да укажува и на емоции како што се бес, лутина, депресија и фрустрација, доколку вашата коренска чакра е надвор од рамнотежа. Може да доживеете и физички симптоми, како на пример, нарушување на исхраната, песимизам и недостаток на концентрација. Добрата вест е тоа што сето ова може да се смени и можете да ја искористите црвената позитивна енергија за да ги зголемите вашите силни особини, како што се амбициозноста, одлучноста и упорноста.rn2. Портокалова: Сакрална чакра
rn
rnrnСакралната чакра е симбол на силата и виталноста, бидејќи станува збор за топла боја што потсетува на сонце. Чакрата се наоѓа во карличниот појас и укажува на тоа дека барате пријатни искуства во секојдневниот живот. Портокаловата боја претставува моќна духовна и физичка енергија, така што најверојатно сте многу успешни во спортските и другите активности за кои е потребно издржливост и сила.rnrnДоколку оваа чакра не е здрава, може да се соочите со проблеми со неплодност, болки во грбот и намален интерес за секс. Вашата природна љубопитност и потреба од истражување може да доведе до себичност, така што не заборавајте да поставите здрави граници. Вашиот весел поглед и восхит се вистински подарок за луѓето околу вас.rn3. Жолта: Соларна плексус чакра
rn
rnrnПозитивни, мудри и образувани. Жолтата боја е знак на тоа дека добивате сила од сонцето. Вие сте блескави, храбри, интелигентни и лесно забележливи. Понекогаш луѓето ве сметаат за нападни, поради тоа што постојано сте во центарот на вниманието, но тоа не е ваша вина. Немојте да ги обвинувате другите за вашите грешки и не бидете цинични. Имате силна потреба од тоа вашиот збор да биде последен, но можете да ја совладате. Луѓето ве опишуваат како лојални и одговорни личности.rn4. Зелена: Срцева чакра
rn
rnrnСето тоа што го правите се заснова на љубов и сочувство. Вашата врска со земјата ви помага да најдете рамнотежа и да формирате здрави односи. Чувствувате природна грижа кон животните, природата и другите луѓе, што понекогаш ве прави ранливи, бидејќи постојат поединци кои можат да го искористат тоа против вас. Внимавајте на болките во горниот дел од телото, бидејќи тие може да укажуваат на проблеми со срцето.rnrnАко вашата зелена енергија е слаба, тоа може да предизвика намалување на вашата продуктивност, па затоа би требало да се обидете да го зајакнете вашиот имунитет. Луѓето ве сметаат за перфекционисти и честопати тврдат дека премногу размислувате, но вистината е дека вие сте многу дружељубиви и топли личности.rn5. Сина: Грлена чакра
rn
rnrnСмиреноста на сината боја се поврзува со небото и спокојот. Вие сте задоволни, мирни и урамнотежени. Можеби редовно уживате во јога, медитација или тишина. Луѓето мислат дека сте многу лојални. Другите бои може да ви го насочат вниманието кон разни активности, односи и движења, но сината боја ве држи цврсто на земјата. Може да имате проблеми со штитната жлезда или често да страдате од вкочанет врат. Покрај тоа што имате добро држење и висока самодоверба, вие поседувате и неизмерна креативност.rn6. Виолетова: Чакра круна
rn
rnrnОд духовна гледна точка, вие имате блиска врска со највисоките енергетски вибрации. Се чувствувате исполнети и урамнотежени. Вашата смиреност потекнува од тагата во минатото и прифаќањето на непознатото. Виолетовата боја претставува рамнотежа помеѓу женската и машката енергија, студот и топлината, ноќта и денот, левата и десната активност на мозокот, така што може да се каже дека сте постигнале ментална и духовна рамнотежа. Многу често страдате од главоболки, потешкотии со учењето и други проблеми поврзани со мозокот. Меѓутоа, луѓето често ви се обраќаат за совет, бидејќи поседувате мистична енергија што ја буди туѓата љубопитност.rnrnРасположени сте за уште еден забавен тест? Одберете го волшебното стапче што најмногу ви се допаѓа и дознајте ги тајните на вашиот карактер.rnrn
-

Буквата што најпрво ќе ја забележите на сликата ја открива вашата силна страна!
Овој забавен тест ќе ви помогне да дознаете кои се вашите силни страни. Активирајте ја вашата моќ за забележување детали и обидете се да пронајдете една латинична буква. Првата што ќе ви падне во очи, ќе ви открие кои позитивни особини ги поседувате. Која буква ја забележавте најпрво?rnrn
rnБуквата „Х“
rnИмате многу висока емоционална интелигенција. Можете да ги прочитате емоциите на другите луѓе, дури и да се обидуваат да ги скријат.rnrnИдеална кариера: Би биле одлични ФБИ агенти, советници, учители, полицајци.rn
Буквата „А“
rnИмате многу висока креативна интелигенција! Многу брзо учите нови работи и знаете како да се прилагодите во која било ситуација. Уметноста ви значи многу повеќе одошто на вашите пријатели и тие не можат да го разберат тоа.rnrnИдеална кариера: Би биле одлични уметници, професори, писатели, истражувачи, извршни директори.rn
Буквата „Н“
rnИмате многу изразени лидерски квалитети. Вие сте природни лидери и ги привлекувате луѓето со вашата моќ и самодоверба. Дури и да не се обидете да го преземете водството, на луѓето природно им доаѓа да ве следат. Родени сте со оваа дарба и таа никогаш нема да ве напушти. Искористете ја правилно!rnrnИдеална кариера: Би биле одлични претседатели, извршни директори, водители, готвачи, судии.rn
Буквата „Y“
rnИмате многу добро срце. Оваа особина ги привлекува луѓето околу вас и ви помага да бидете одлични лидери. Вашиот живот им служи како одличен пример на децата и на вашата заедница. Сите би требало да се стремат кон тоа да бидат исто толку грижливи!rnrnИдеална кариера: Би биле одлични градоначалници, советници, учители.rn
Буквата „Е“
rnМногу сочувствувате дури и со луѓето кои не ги познавате. Вашата душа е полна со добрина и имате многу скромно срце. Тоа ја објаснува вашата ангелска спокојност благодарение на која ги смирувате сите околу вас. Луѓето сакаат да бидат во ваше присуство секогаш кога можат, бидејќи тогаш се чувствуваат подобро.rnrnИдеална кариера: Би биле одлични медицински сестри, доктори, готвачи.rn
Буквата „Р“
rnВие сте бестрашни, љубопитни, прилагодливи и силни. Секогаш сте подготвени за нови предизвици, без оглед на тоа колку застрашувачки им делуваат на другите. Тоа ви помага да бидете природни лидери. Никој не може да биде лидер ако се плаши од она што стои пред него. Вие никогаш не се откажувате од борбата!rnrnИдеална кариера: Би биле одлични директори, пилоти и каскадери.rnrnДоколку ви се допадна тоа што го дознавте за себе, одберете руна и дознајте што ќе ви донесе иднината.rnrn

-

Вреди да го имате овој хороскопски знак покрај себе: Неговата чаша е секогаш половина полна!
Припадниците на овој знак се отворени, позитивни и љубопитни. Тие сакаат спортски активности, авантури, патувања и интелектуални потраги. Тие се отворени и уживаат во учењето и талкањето низ светот во потрага по смислата на животот. Постојат толку многу работи што треба да ги знаете за нив, особено ако имате пријател и партнер роден во овој знак. Станува збор за единствените Стрелци! Прочитајте нешто повеќе за нивните особини и дознајте зошто вреди да ги чувате овие луѓе покрај себе…rnrn
rnТие се спонтани
rnТие се многу интересни, бидејќи сакаат да откриваат нови работи. Уживаат кога разговараат за некоја возбудлива книга што ја прочитале или за некоја авантура што ја доживеале. Доколку сте во љубовна врска со Стрелец, немојте да се изненадите ако ненадејно ви каже „Пакувај се, одиме во Шпанија!“. Никогаш не е здодевно со Стрелците, бидејќи секогаш раскажуваат неверојатни приказни кои доведуваат до луди идеи и неверојатни искуства што секогаш ќе ги паметите.rn
Имаат одлична смисла за хумор
rnОвој хороскопски знак дефинитивно има најдобра смисла за хумор! Стрелците дури и кога зборуваат за некоја незгодна случка, ќе успеат да ве насмеат до солзи и да ви го подобрат расположението.rn
Обожаваат авантури
rnСтрелците се многу љубопитни и енергични. Тие не сакаат да седат пред телевизорот. Наместо тоа, тие претпочитаат да поминуваат време надвор, да одат на излети и патувања за кои повеќето луѓе само сонуваат. Ако имате пријател роден во овој знак, имате голема среќа, бидејќи Стрелците уживаат во авантурите со нивните пријатели. Тие се најдобрите сопатници што можете да ги посакате!rn
Ја сакаат слободата
rnНекои пријатели знаат да бидат напорни и наметливи, но не и Стрелците. Тие се независни и слободата им е многу важна. Тие ќе ја почитуваат вашата потреба за приватност, а истото ќе го очекуваат и од вас. Сепак, Стрелците се многу лојални и великодушни. Ако имате некаков проблем, тие ќе ви понудат мудро решение што можеби никогаш не би ви паднало на памет.rn
Многу се интелигентни и имаат голем број интереси
rnСтрелците се познати по тоа што имаат многу разновидни интереси. Тие се начитани и добро образувани, бидејќи учењето е важен дел од нивната потрага по знаење. Ако сакате да учите, тие ќе можат да ве подучат во врска со голем број езотерични теми, од азиска уметност, па сѐ до хип хоп музика.rnrn
rnТие се разиграни и забавни
rnТие секогаш имаат луди и идеи и планови како да ја поминат вечерта, без разлика дали станува збор за излегување со друштво или домашна забава. Ако ја сакате спонтаноста, Стрелците секогаш ќе ве држат во неизвесност. Постојано ќе се прашувате каква авантура ве очекува следно. Стрелците се подготвени на сѐ!rn
Ги сакаат сите видови патувања
rnСтрелците ги интересираат непознатите култури и патувањата на далечни места. Всушност, многу од нив имаат пријатели и љубовници во странство. Тие имаат непресушна желба за патување што ги прави немирни и нестабилни. Стрелците постојано трагаат по нови можности за патување, а неистражените, чудни места, воопшто не ги плашат. Нивните љубопитност и самодоверба им помагаат да бидат забавни сопатници. Тие сакаат да ја искористат секоја прилика за да го прошират својот поглед кон светот. Тоа е една од причините зошто Стрелците се толку зрели и софистицирани.rn
Многу се искрени и лојални
rnНе ги прашувајте Стрелците што мислат, освен ако не сакате да ја чуете вистината, целата вистина и само вистината. Тие ја ценат искреноста и не сакаат да ја ублажуваат вистината. Стрелците имаат многу цврсто мислење кое не се плашат да го искажат. Припадниците на овој знак се вредни пријатели кои можат да ви понудат корисни совети.rn
Тие се позитивни оптимисти
rnСтрелците се неизлечиви оптимисти и нивната чаша е секогаш половина полна. Нивната позитивна природа им носи среќа, бидејќи привлекуваат луѓе кои им помагаат и им отвораат врати во животот. Тие го ценат пријателството и секогаш ќе знаат како да ви го подобрат расположението. Ако се чувствувате лошо, Стрелците ќе најдат начин да извлечат насмевка од вашето лице.rn
Тие се одлични љубовници
rnСтрелецот е огнен знак со безгранична енергија. Припадниците на овој знак се страсни, шармантни и заводливи. Многу од нив имаат широка палета од љубовни искуства. Слободата им е многу важно и затоа тешко им е да се смират во една единствена врска. Од таа причина не функционираат добро со посесивни партнери. Но, ако решат да се врзат за еден човек, тие ќе бидат најверните партнери на светот благодарение на нивниот морал и интегритет.rnrnВо продолжение, прочитајте ги овие 6 причини зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец.
-

За неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!
Позитивна, насмеана, ведра, забавна, шармантна, зборлеста, непоколеблива, храбра и полна со живот. Таа непрестајно трага по вистината и мудроста, бидејќи е љубопитна и жедна за нови знаења и откритија. Обожува да води долги разговори и дискусии на сите теми: од политика и религија, па сѐ до љубов. За жената родена во овој слободоумен огнен знак не постојат табуа. Таа е искрена, независна и отворена за нови искуства, поради што лесно наоѓа пријатели.rnrn
rnrnПогодивте за кого станува збор? Секако дека мислиме на жената родена во знакот Стрелец! Ја фасцинираат многу нешта, особено контроверзните работи од областа на религијата, етиката и филозофијата. Таа ги презира ограничувањата и сите наметнати распореди и правила. Жената Стрелец мора да има флексибилност и можност да ги менува работите како што ѝ одговараат. Како и сите останати, така и таа има некои маани, како што се невнимателност, бесчувствителност, површност и претерана независност.rnrnЖените Стрелци имаат ведар, огнен и детски дух. Нивните морални вредности им помагаат да станат прекрасни личности полни со ентузијазам кои слепо веруваат во нивната добра судбина. Припадничките на овој знак колку што се отворени и искрени толку се и зборлести и нетактични.rnrnТие не размислуваат многу пред да кажат нешто, што може да навреди некои луѓе. Но, зад нејзината непосредна отвореност никогаш не се крие злонамерност. Ако забележат дека повредиле некого, веднаш ќе се обидат да ги поправат работите. Луѓето го разбираат тоа и ја сакаат.rnrnНивната душа е хумана и добра. Жените Стрелци имаат високи стандарди, ги почитуваат моралните вредности во меѓучовечките односи и ја почитуваат традицијата. Тие се многу интелигентни и постојано размислуваат за некои филозофски и религиски прашања. Жените родени во овој знак сакаат да патуваат, особено во егзотични краишта, а најсреќни се кога животот им е исполнет со спорт и забава. Ризикот ги возбудува жените Стрелци. Тие сакаат брзина, авионски летови и брзо автомобили.rnrnЗа нив идеални се професиите што ќе им дадат слобода на движење, кои се доволно разновидни и полни со акција. Успешни се како трговски патници, туристички водичи, банкари и спортистки.rnrn
rnЉубов
rnЉубовта претставува голема мистерија за жените Стрелци. Тие ја сметаат љубовта за награда по која копнеат и за највредното богатство што го крие животот. Честопати се плашат од интимност, па затоа нивната љубов честопати се раѓа од некое пријателство. Не ја сакаат монотонијата, па затоа мирните вечери поминати пред телевизор во домашна атмосфера за нив не се поим за идеална врска. Тие сакаат да го делат животот со некој кој ќе биде на истата психичка и физичка бранова должина, односно тие посакуваат партнер кој ќе биде подготвен постојано да патува.rnrnДури и тогаш кога се многу вљубени, жените Стрелци успеваат да ја задржат својата независност, а тоа ги прави уште попривлечни и пошармантни. На љубовен план, тие се страсни авантуристи и нивната природна љубопитност ги наведува да тргнат на голем број љубовни истражувања. Лесно може да станат промискуитетни и да преминуваат од еден на друг партнер, а способни се да одржуваат и неколку врски истовремено. Но, тоа не значи дека припадничките на овој знак немаат чувства. Тие се многу искрени и истото го очекуваат и од другите. Ако некој ги изневери, тие ќе бидат крајно повредени, бидејќи нивното срце е многу нежно и ранливо.rnrnБез оглед на тоа што се непостојани, кога ќе го најдат идеалниот маж, жените Стрелци стануваат многу верни животни партнери. Благодарение на нивниот оптимизам, тие се многу пријатни партнерки кои знаат да ги охрабрат и насмеат нивните сакани. Тие се многу динамични, ведри и дружељубиви, но не им одат добро домашните работи, па затоа од нив не треба да се очекува совршенство во домаќинството. И покрај тоа, нивната пријателска природа ќе направите сите гости да се чувствуваат пријатно и добредојдено. Не треба да заборавите и дека жената Стрелец е многу интересна и грациозна забавувачка!rn
Пријателство
rnАко сакате да си ги проширите видиците и да се ослободите од предрасудите, пријателката родена во знакот Стрелец ќе ви помогне да го сторите тоа. Освен што сакаат да водат интелектуални и поучни разговори, тие се познати и како најдуховите личности во друштвото. Не се плашат да глумат дежурни кловнови и да се шегуваат на своја сметка, ако тоа ги забавува и смее нивните пријатели.rnrnВоопшто не се пристрасни и сакаат да стекнуваат пријатели од сите сфери на животот, од разни националности, религии и култури. Најдобрите пријатели на жената Стрелец најчесто се родени во знакот Водолија или Вага. Иако не ги интересираат типично женските теми, имаат многу пријателки и знаат да ја подигнат атмосфера во исклучиво женските друштва. Имаат и многу пријатели со кои ја делат љубовта кон адреналинот.rnrn
rnИзглед
rnНадворешните карактеристики на жената Стрелец се жив поглед, високо чело, убав говор, лесен и одмерен од, младешки изглед и развиените рамена. Имаат чист тен, а лицето им е долго или овално со високи и густи веѓи, долг нос и експресивни очи во светло сина или кафеава боја.rnrnПрипадничките на овој знак се витки и имаат пропорционално градено тело. Ќе можете оддалеку да ги препознаете благодарение на нивната елеганција. Можеби ќе ви звучи контрадикторно, но тие дури и кога ќе се облечат набрзина во необични комбинации, изгледаат многу слатко и дотерано. Имаат брзи движења и драматични гестови, па често си играат со прамените на косата. Нивната градба е атлетска, но склони се кон вишок килограми, бидејќи сакаат да уживаат во храната и пијалаците.rnrnУдобноста им е најважна на овие боемски души кога станува збор за облеката. Најмногу им одговараат природните материјали како што се памук, волна и лен. Ја презираат тесната облека, а обожуваат долги и шарени здолништа, меки панталони, спортска облека и патики. Носат минимална шминка и многу малку накит.rnrnЖените Стрелци копнеат по патувања во далечни земји, а не по скапи обувки. Ако некогаш купат скапи чевли, секогаш ќе им бидат помалку важни од нивните планинарски чизми. Немаат трпение за третманите за убавина. Ги извршуваат само најнеопходните, како што е депилација, а не се грижат многу ниту за дневните ритуали за нега и убавина. Нив ги заморува нанесувањето крема за лице секое утро и вечер.rnrnСакаат да купуваат, но во интересни и егзотични продавници. Нивното одење на шопинг изгледа како физичка активност: Влетуваат и излетуваат од продавниците, набрзина ги разгледуваат производите и одбираат што е можно пооригинални парчиња облека, бидејќи не сакаат носат исти работи како и останатите.rnrnНајдобро се чувствуваат во спортска облека, но можат да носат и елегантни комбинации. На жените Стрелци одлично им стојат храбрите модни комбинации. Не сакаат да се средуваат долго време, а кога ќе се дотераат, едвај чекаат да извадат сѐ од себе и да ги облечат нивните омилени тренерки.rnrnТина Тарнер, Рита Ора, Тејлор Свифт, како и глумиците Џејн Фонда, Кејти Холмс, Џулиен Мур и Мила Јовович се родени во знакот Стрелец и тие знаат дека виолетовата боја им стои одлично, па затоа честопати може да ги видите на црвениот тепих облечени или нашминкани токму во таа боја. Идеалните парфеми за жената Стрелец се оние со овошни и дрвени ноти кои мирисаат свежо и разиграно.rnrnВо продолжение, прочитајте како да освоите девојка со хороскопски знак Стрелец.
-

12 работи поради кои ги обожуваме самоуверените луѓе
Самодовербата не е нешто што се стекнува преку ноќ. Самоуверените луѓе се издвојуваат од останатите по многу начини кои тешко е да се опишат со зборови. Никој не може да го имитира нивното движење и сигурно и самите сте забележале дека тие ги привлекуваат луѓето каде и да одат. Ова се 12-те работи поради кои ги обожуваме луѓето со висока самодоверба…rnrn
rn1. Знаат да слушаат
rnАктивното слушање е една од нивните најсилни страни. Тие знаат кога не треба да кажат ништо и го искористуваат тоа во нивна полза. Знаат дека понекогаш на луѓето единственото нешто што им треба е рамо за плачење.rn
2. Многу се љубопитни
rnТие се многу љубопитни и сакаат да знаат повеќе за животот и светот околу нив. Сакаат да ги слушнат приказните на другите луѓе.rn
3. Можат да најдат среќа однатре
rnНе им требаат други луѓе за да бидат среќни. Знаат дека тие самите се заслужни за својата среќа. Секогаш веруваат во себе!rn
4. Не се натпреваруваат со другите
rnТие не сакаат да се натпреваруваат. Немаат потреба да им се докажуваат на останатите. Многу добро знаат кои се нивните квалитети.rn
5. Не се грижат за туѓото мислење
rnВоопшто не обрнуваат внимание на туѓото мислење. Најважно им е да живеат според своите правила и вредности.rn
6. Веруваат во своите способности
rnЗнаат за што се способни и никогаш не се сомневаат во себе. Тие ги поседуваат сите потребни вештини за да успеат во работите што ги прават. Многу добро се познаваат себеси.rnrn
rn7. Си ги знаат границите
rnНикогаш не ги преминуваат сопствените граници. Секогаш се повлекуваат тогаш кога треба. Размислуваат со мозокот, за разлика од повеќето луѓе.rn
8. Почесто се смеат
rnВоглавно, самоуверените луѓе се многу среќни, а тоа значи дека почесто се смеат. Тоа се луѓето кои никогаш нема да ги видите намуртени. Задоволни се од својот живот и ништо не може да ги разочара.rn
9. Не им пречи да го споделат центарот на вниманието
rnЗнаат дека некои луѓе ќе постигнат поголем успех од нив и не гледаат ништо лошо во тоа. Ако соработуваат со некого, ќе се погрижат сите да ја добијат заслужената награда. Никогаш нема да ги преземат сите заслуги за работите кои не биле реализирани само со нивен труд.rn
10. Немаат потреба постојано да бидат во право
rnЗнаат дека никој не е совршен на овој свет. Сите сме луѓе. Понекогаш и тие грешат и тоа е сосема во ред.rn
11. Имаат позитивен начин на размислување
rnСекогаш ја гледаат позитивната страна на работите. Дури и во најлошите ситуации, тие успеваат да најдат нешто за коешто се благодарни. Знаат дека има светлина на крајот од тунелот.rn
12. Не измислуваат изговори
rnНикогаш не наоѓаат изговори за себеси и за другите. Ги признаваат своите грешки и никогаш не ги повторуваат. Повеќето луѓе имаат проблем со тоа, но не и самоуверените поединци.rnrnДоколку можете да напредувате и притоа да останете скромни, најверојатно повеќето луѓе ќе ве обожуваат. Навистина се исплати да бидете добри и доследни на себе. Благодарение на сите овие работи, самоуверените поединци секогаш оставаат позитивен впечаток и ги привлекуваат луѓето околу нив како магнети.rnrnВо продолжение, прочитајте ги и следниве 15 работи што луѓето кои имаат висока самодоверба никогаш не ги прават.
-

Луѓето кои сакаат да бидат сами се одликуваат со неверојатни карактерни особини
Сигурно сте прочитале многу статии за екстровертите и интровертите и јасни ви се нивните карактерни особини. Но, и покрај тоа, интровертите сѐ уште мора да се објаснуваат и оправдуваат поради некои нивни одлуки и начин на живот. Тоа е така, најмногу поради фактот што екстровертите се изразуваат слободно и не оставаат простор за недоразбирања. Тоа не е случајот кај интровертите. Луѓето честопати погрешно ги разбираат, бидејќи тие не знаат да комуницираат толку добро колку екстровертите. Оттука произлегува и верувањето дека интровертите се постојано сами и дека нивниот живот е здодевен. Но, тоа е далеку од вистината! Интровертите поседуваат многу неверојатни карактерни особини, а овие се само дел од нив…rnrn
rnМногу се лојални
rnИнтровертите не се дружат со многу луѓе. Па затоа, многу им се важни малкуте луѓе што ги познаваат. Освен тоа, интровертите знаат дека едни од најважните темели на секоја врска се довербата и лојалноста. Поради ова, тие се многу лојални и го разбираат концептот на среќните и исполнети врски. Лојалноста е нивната вредност од суштинско значење. Никогаш не прават компромиси во врска со тоа и нема да ви прогледаат низ прсти ако ги изневерите или излажете.rn
Сакаат да пробуваат нови работи
rnЛуѓето мислат дека интровертите живеат на строго определен начин. Тоа индиректно значи дека не сакаат да пробуваат нови работи. Сепак, и интровертите сакаат да пробуваат нови работи, само што не го искажуваат тоа толку често колку екстровертите. Ним не им треба многу внимание за сѐ што прават. Можеби нивниот живот делува здодевно на социјалните мрежи, но тоа не е вистина. Животот на интровертите е многу среќен и интересен.rn
Тие се смирени и самоуверени
rnПовеќето луѓе претпоставуваат дека интровертите не зборуваат затоа што сте нервозни. Но, и ова не е вистина. Интровертите се всушност многу смирени и самоуверени. Сите мисли во главата им се средени. Тие не зборуваат многу, бидејќи не сакаат. Нема ниту една друга причина за ова освен таа.rnrn
rnНе им е непријатно кога се сами
rnЛуѓето мислат дека интровертите се тажни, осамени и немаат што да прават во животот, па затоа поминуваат време со нивните домашни миленици. Прво и основно, станува збор за лага, а второ, интровертите имаат многу пријатен и исполнет живот. Тие не се каат за тоа што избрале таков начин на живот. Тие свесно одбрале да поминуваат време сами, дружејќи се самите со себе. Не е воопшто тажно или непријатно да се биде сам.rn
Го ценат времето
rnЛуѓето кои поминуваат време сами знаат да го ценат времето. Тоа е и причината зошто тие поминуваат време сами. Времето им е секогаш многу важно на интровертите. Освен тоа, тие го ценат времето и на луѓето околу нив. Го разбираат и го почитуваат концептот за време. Според нив, времето е најважниот и најодлучувачкиот фактор, па затоа мора да се троши паметно, а не непромислено. Верувајте им на интровертите, бидејќи тие никогаш нема да ви го потрошат времето залудно.rn
Го почитуваат личниот простор
rnИнтровертите многу добро знаат што е лично, а што јавно. Исто така, тие не му дозволуваат секому да влезе во нивната приватна сфера. Сакаат да бидат единствените што знаат нешто за својот приватен живот. Колку и да е тешко да се има приватен живот во денешно време, интровертите знаат како да си ја заштитат приватноста. Секогаш прават разлика помеѓу приватното и јавното, без оглед на ситуацијата во која се наоѓаат.rnrnДоколку имате интроверт во вашиот живот, сигурно знаете за колку прекрасни инспиративни луѓе станува збор. Тие се најдобрите пријатели и партнери што можете да ги замислите! Ценете ја нивната уникатна природа и чувајте ги како да се најдрагоценото богатство на светот.rnrnПрочитајте и зошто самотниците се најлојалните и најинтелигентните луѓе што некогаш ќе ги запознаете.
-

9 особини на жените родени во знакот Девица кои нема да ги пронајдете кај никоја друга жена
Светот околу нас е прекрасно место и во него постојат толку многу работи на кои треба да се радуваме, но и кои можеме да ги научиме. Меѓутоа, светот на жените родени во знакот Девица е уште попрекрасен. Се прашувате зошто? Дознајте кои девет карактеристики ги красат жените кои се родени во овој знак.rnrn
rn1. Неа ја покренува интелигенција
rnДури иако има убаво лице, таа секогаш смета дека треба да го користи својот мозок. Таа не е некој што ќе „зборува на празно“. Наместо тоа, жената родена во овој знак мирно ќе седи и ќе ги анализира дури и најтешките ситуации на начин додека не биде подготвена да го „понуди“ своето мислења со кое сите ќе бидат задоволни. Заради оваа карактеристика, таа е многу успешна во работите кои ги извршува.rn
2. Таа е многу тактична
rnТактичноста е „уметност“ која ретко кој ја поседува. Жената родена во знакот Девица ќе „фрли“ око на нешто што во релативно краток рок ќе биде нејзино, бидејќи таа знае како да ги одигра нејзините карти. Исто така, тоа е и заради едноставната карактеристика со која жената во знакот Девица скоро секогаш знае како да го добие она што го сака.rn
3. Таа е супер-организирана
rnКога станува збор за организираноста, таа е секогаш на врвот од листата. Подготвена е неколку дена однапред за настаните во кои треба да учествува. Ова е заради тоа што таа има самодисциплина и чувство за управување со времето. Секогаш е супер-организирана и многу ретко прави гужва.rnrn
rn4. Таа е мислител
rnОдносно, критичкиот и логичкиот начин на размислување, кај жените родени во овој знак, се случува сосема природно. Нејзиниот ум е како густа шума исполнета со разновидност, единствени и креативни идеи кои само чекаат да „испливаат“ надвор. Таа секогаш сака да размислува и да генерира нови идеи. Тоа е и една од тајните која се крие зад нејзината неповторлива креативност.rn
5. Таа се сеќава и на најситните детали
rnБез разлика дали е во прашање роденден или годишнина, жената родена во овој знак тоа никогаш не го заборава. Таа е надарена со толку добро помнење што скоро сѐ што ќе види или чуе многу ретко го заборава.rn
6. Таа е многу искрена
rnИскреноста е една од најважните особини, ако не и најважна, во врските, но е и доста ретка. Но, кога станува збор за жените родени во знакот Девица, нејзините мисли се како отворена книга. Доколку има нешто против некоја друга личност, таа ќе се обиде да ѝ го даде тоа и до знаење. Озборувањето и зборувањето зад грб не е ниво на кое жената родена во овој знак би се спуштила. Исто така, доколку има нешто убаво да каже на некоја личност, таа нема да се двоуми да го направи тоа.rnrn
rn7. Таа е храбра
rnКога по прв пат ќе запознаете жена во овој знак, таа може да изгледа интровертна или срамежлива. Меѓутоа, кога подобро ќе ја запознаете, ќе сфатите каква е всушност. Таа поседува храброст да направи сѐ што ќе ѝ посака срцето, без разлика што другите имаат да кажат за тоа. Исто така, таа има храброст да го каже она што го мисли, не грижејќи се многу за последиците. Значи, кога ќе запознаете дама родена во овој знак, пред себе имате храбра жена која е во состојба да подмести планини и да се бори како лав.rn
8. Многу е толерантна
rnТаа може да изгледа кревка и слаба однадвор, но е многу јака однатре. Таа може да ги трпи сите проблеми на овој свет, а и понатаму да има широка насмевка на лицето. Доколку навистина ѝ е грижа за некого, ќе толерира голема количина болка и патење заради таа личност.rn
9. Таа е многу добра пријателка
rnНа жената во овој знак не ѝ е тешко да се согласува со кој било. Таа е скоро секогаш весела и заради таа особина сите сакаат да се дружат со неа. Покрај тоа, таа е многу приземна и топла личност и заради тоа е многу достапна за другите луѓе. Често има тенденција да „гази низ трње“ кога треба да ѝ помогне на некоја личност за која навистина се грижи. Сето ова ја прави прекрасна пријателка.rnrnДоколку сте заљубени во девојка во знакот Девица, погледнете како вистински да сакате девојка родена во знакот Девица.
-

Непредвидлива и посебна: Дознајте каква е омега жената!
Таа е дел од толпата, но секогаш живее и експериментира на работ. Таа ги следи другите, но ако погледнете повнимателно, таа тивко го гради својот пат. Се движи многу бавно и трпеливо. Но, не треба да ја потценувате! Иако е скромна, таа жестоко ќе ги брани своите најблиски!rnrn
rnrnСега засега, таа се прилагодува на околината, но полека се приближува времето кога ќе заблеска и ќе се издвои од толпата. Некои погрешно ќе ја разберат. Ќе мислат дека е комплицирана, чудна и незгодна. Но, ќе изгубат многу време ако мислат дека ќе ја измамат со нивните егоистични игри. Таа ќе се бори и ќе ги остави да мислат дека се супериорни за да ја добијат битката. Но, таа знае дека тие нема да победат во психолошката војна.rnrnТаа е како бунтовничка сила со шепот посилен од ураган. Таа формира мислење за секој човек кој ќе го пресретне на патот и кој ќе се соочи со нејзиниот треперлив поглед. Нејзината убавина е неверојатна, како древна ѕвездена светлина која ја милува планината и ѝ ги пренесува своите длабоки емоции на полноќната месечина.rnrnТаа била повредена и злобно нападната и затоа е многу внимателна. Таа се обидува да ја одбегне опасноста од започнувањето војна со оние кои сакаат да ја измачуваат и исмејуваат. Но, немојте да се излажете и да помислите дека нејзиниот повреден став е знак на слабост или страв. Таа има силен карактер кој пулсира во нејзините вени и застрашувачки оган кој може да предизвика ненадеен пожар во секој момент.rnrnТаа делува воздржано, но многу е силна и мудра. Секогаш внимателно набљудува и собира различни вештини и знаење, за да може да се ослободи кога ќе почувствува дека пристигнал нејзиниот судбоносен момент.rnrnИ покрај болката што ѝ била нанесена, таа ги прифатила сите туѓи фрустрации и нервози и нежно ја ублажила нивната напнатост. Луѓето погрешно го разбираат нејзиниот ранлив надворешен изглед. Токму затоа, кога ќе ја изгубат од нивниот живот, долго време жалат и копнеат по неа. Тие ќе тагуваат гласно со надеж дека нивните крикови ќе стигнат до неа, а таа ќе ги чуе нивните одекнувања, но никогаш нема да се врати назад.rnrnНаскоро ќе се преобрази во осамен воен волк, со силен сјај во очите. Таа знае дека била сакана и таа ги сакала другите, но исто така знае дека мора да се стави себеси на прво место, да се ослободи од оковите и да отиде на непознато место со сета нејзина храброст и гордост.rnrnТаа копнее по нежна, слободна и волшебна љубов, па затоа ќе талка во близина на осветлениот океан каде што ќе може расплетка јазлите и да ги излекува раните. Еден ден, универзумот со сигурност ќе ја заштити, а таа ќе се пронајде себеси во неговата закрила.rnrnДоколку не се сметате себеси за омега жена, дознајте дали сте алфа жена. -

Или сѐ или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знак
Тој или мрази или сака, или е опсесивно заинтересиран или потполно игнорира. За него важи правилото „Или сѐ или ништо“. Шекспировиот Хамлет рекол „Да се биде или не“ и тој сигурно бил Скорпија во хороскоп, бидејќи сите Скорпии секојдневно ја преживуваат својата верзија на Хамлет. Нивниот живот е исполнет со драми, трагични елементи и секоја нивна одлука има две спротивставени можни последици: Сѐ или ништо.rnrn
rnrnСкорпијата е воден знак кој владее со средината на есента. Скорпиите се интензивни, одлучни, храбри, истрајни, мистериозни, љубопитни и санодливи. Со него владеат планетите Марс и Плутон. Иако со Скорпиите се поврзуваат некои негативни поими како што се смрт, страв, уништување, пропаѓање и крај, тие сепак се претставници на преродбата, односно смрт на старото и почеток на новото. Скорпиите се толку тврдоглави што нема да се откажат тогаш кога ќе треба, туку тогаш кога тие ќе сакаат.rnrnСкорпијата е екстремен хороскопски знак во секоја смисла на зборот. Многумина се прашуваат дали воопшто им требаат Скорпиите во нивна близина. И покрај нивните негативни страни, припадниците на овој хороскопски знак се многу лојални. Тие никогаш нема да ви забијат нож во грб и никогаш нема да ве остават на цедило. Тие секогаш ќе ви помагаат да се извлечете од кризните ситуации. Кога станува збор за меѓучовечките односи, за Скорпиите нема средина. Или ќе бидат подготвени да стават рака во оган за вас или ќе се преправаат дека не постоите.rnrnБидете внимателни, бидејќи Скорпиите се големи злопамтила. Ако се скарате поради нешто, тие ќе ги запалат сите мостови и ќе прекинат секаков вид комуникација. Ќе ви треба многу време да ја поправите грешка, дури и да станува збор за нешто банално и несериозно. Доколку сте направиле поголема грешка, најдобро е сами да се „закопате“, бидејќи Скорпиите се многу одмаздољубиви. Тие ќе чекаат да заборавите на вашата грешка и токму тогаш кога ќе помислите дека сте сигурни, тие ќе ви ја сервираат нивната одмазда.rnrnСе верува дека Скорпиите се бесчувствителни и ладни како мраз на емотивен план. Иако повеќето Скорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат. Скорпиите се како нуклеарни реактори: Тие содржат голема количина на енергија и стабилни се под притисок, но до одредени граници. Ако го преминете нивниот праг на толеранција, бегајте што е можно подалеку, бидејќи ве очекува вистинска нуклеарна експлозија. Покрај тоа, тие се неверојатно сензуални и привлечни, па затоа ќе можат да ве заведат и уништат истовремено. Нивната енергија, волја и примарен инстинкт доминираат со нивните емоции и интелигенција.rnrnШто се однесува до материјалните работи, Скорпиите сакаат да имаат многу пари. Тие најчесто управуваат со туѓите финансии и стануваат банкари. Во зависност од нивната финансиска ситуација, Скорпиите ќе се однесуваат или како просјаци или како милионери.rnrnСпоред астромедицината, најважните органи на Скорпијата се уринарниот тракт, репродуктивните органи, ендокрините жлезди и носната коска. Нивни заштитни бои се црна, бордо и кафеава. Скорпиите исто така се одлични во областа на психијатријата, продирањето во несвесното, окултните науки, јогата и слично.rnrnСкорпиите од прва декада владеат со отровите и стануваат хемичари, фармацевти, патолози, анестезиолози и гробари.rnrnСкорпиите од втора декада ја претставуваат тајната служба и стануваат истражувачи на теории на заговори, контролори на летови, контролори на финансии и слично.rnrnСкорпиите од трета декада се лојални луѓе кои стануваат доктори, психијатри, гинеколози и управители на фирми.rnrnОд сето ова може да се заклучи дека Скорпиите или ќе ги мразите или ќе ги сакате, но едно е сигурно, а тоа е дека нема да можете да им останете рамнодушни.rnrnВо продолжение, дознајте кој хороскопски знак е неодоливо привлечен.