КАФЕ ПАУЗА

Tag: особини

  • Луѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги имате

    Луѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги имате

    Најдобри пријатели се оние луѓе од коишто очекуваме да нè негуваат, да нè утешат, да ни дадат енергија… Нашите меѓусебни реакции со овие мажи и жени треба да нè ревитализираат, инспирираат и во некоја мера, да ни го направат животот повреден за живеење. Згора на тоа, постојат огромен број научни докази, коишто покажуваат колку е големо влијанието на квалитетот на нашите пријателства, врз нашите животи.rnrnЛуѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги иматеСпоред нив, добрите пријателства ни го зголемуваат чувството на среќа, ни го намалуваат нивото на стрес, ни ја зголемуваат самодовербата, ни помагаат полесно да се справиме со траумите (раскинување, развод, сериозна болест, губење на работата или смрт на блиска личност), нè охрабруваат да смениме лоши навики и ја намалуваат нашата стапка на смртност.rnrnИстражување за деменција кај старите жени, открило дека поголемите социјални кругови имале заштитно влијание на когнитивните функции кај овие жени. Друга студија спроведена од невролози, докажала дека социјалната интеракција, може потенцијално да ја намали болката и да го подобри закрепнувањето, кај пациентите коишто страдаат од физичка болка.rnrnДоколку сте во потрага по пријателство коешто ќе го преживее „тестот на времето“, есенцијално е да знаете кои карактерни особини треба да ги барате во пријателите. За таа цел, прочитајте ги следниве особини коишто ги имаат најдобрите пријатели коишто можете да ги најдете, бидејќи на нив им е сосема јасно што е потребно за формирање на вистинско пријателство.rn

    1. Енергична личност

    rnДобар пријател е оној со кој брзо и лесно се поврзувате. Некој со којшто изгледа како добро да се познавате уште од самиот почеток на вашето здружување. Овој однос е проследен со чувство на леснотија и удобност, коешто произлегува од таа блискост и меѓусебна поврзаност.rn

    2. Добро оформена личност

    rnКако што се запознавате, вие откривате дека имате заеднички вредности и интереси во животот. Можеби, да речеме, уживате во ист вид активности, читате слични книги или гледате слични филмови. Можеби станувате во исто време наутро од креветот, сакате да јадете сличен вид храна, имате сличен поглед кон вредните нешта кои го сочинуваат животот, имате слични ставови околу тоа како треба да се воспитуваат децата или пак можеби, имате заеднички интерес за слични каузи.rnrnЛуѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги иматеrn

    3. Личност која има сочувство

    rnДобрите пријатели имаат сочувство за сите нешта коишто ги искусувате во животот. Тие ја разбираат вашата болка со огромна поддршка и ве поттикнуваат и се радуваат на секој ваш успех. Замислете го вашиот најдобар пријател, како мажоретка којашто настапува во име на сите ваши секојдневни предизвици и достигнувања.rn

    4. Внимателна личност

    rnДобриот пријател ќе ве слуша заинтересирано и ќе ви возвраќа со поддршка за вашите мисли, чувства и идеи. Внимателното сослушување, подразбира и навраќање на кажаното и размислување, како и предложување позитивни идеи на соговорникот. Добрите слушатели, се сензитивни личности коишто сфаќаат во кој момент од разговорот треба вие да зборувате, а кога треба да слушнете некој коментар назад од нив.rn

    5. Слободоумна личност, без предрасуди

    rnКога вашиот пријател ќе слушне нешто коешто сте го споделиле со него или со неа, особено ко тоа е нешто непријатно за вас, тој или таа треба да ви возврати со прифаќање и разбирање и треба да избегнува да ве осудува. Тој или таа треба да почека со давањето предлог-решенија, сè додека вие не бидете подготвени и не сте во состојба да ги слушнете. Вистинскиот пријател е свесен дека не треба да ги „поправа“ вашите проблеми, туку да ве сослуша и доколку сакате, да ви даде добронамерен, ненаметлив совет.rnrnЛуѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги иматеrn

    6. Автентична и веродостојна личност

    rnЕдна од најважните причини зошто се чувствувате блиски со вашиот најдобар пријател, е фактот дека знаете точно која е таа личност. Вие меѓусебно сте отворени еден со друг за сите прашања коишто ви се на двајцата важни. И покрај тоа што сте свесни дека вие сепак не сте идентични близнаци, вие си ги прифаќате и вреднувате карактерите, вклучително и вашите мани.rn

    7. Личност од доверба

    rnОва е човек на којшто можете да се потпрете. Однесувањето на најдобрите пријатели треба да биде лесно предвидливо и вие треба да знаете што да очекувате од нив. Тие го прават она што ќе го ветат. Вие можете да сметате на нив.rn

    8. Забавна личност

    rnСподелување хумор, забава и насмевки, е многу важен аспект на секое вистинско пријателство. Кога се смеете за разните позитивни, па и не така убави ситуации во вашиот живот, вие си помагате во намалување на стресот и ја зголемувате вашата способност за справување дури и со болните моменти, бидејќи со заеднички сили почнувате да ја гледате хумористичната ситуација, на сето она што ве окружува. Воедно, смеењето за нештата коишто ни предизвикуваат тензија или вознемиреност со нашите пријатели, зборува за тоа дека добро се разбирате еден со друг и имате слични ставови околу болката и страдањето.rnrnЛуѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги иматеrnrnЗаклучок: И покрај тоа што ова се основните карактерни особини коишто треба да ги пронајдете во вашиот најдобар пријател, доколку вашето вообичаено однесување и однесувањето на таа личност, не се компатибилни, тогаш може да биде тешко да оформите длабока конекција. На луѓето им е во природата да развиваат префериран начин на однесување во овој свет, па тој станува природниот пристап кон животот и однесувањето со другите луѓе.rnrnДури и ако пријателот ги поседувате сите овие 8 особини, доколку неговиот или нејзиниот пристап кон животот значително се разликува од вашиот пристап, тогаш вашите вообичаени стилови на однесување можат да дојдат во меѓусебен судири. Погледнете ги и следниве 5 црвени знаменца, коишто може да сигнализираат некомпатибилност…rn

    1. Имате многу различни потреби за времето поминато насамо и во друштво

    rnДоколку да речеме, вам и на вашиот пријател ви е потребно време во самотија, со цел да се релаксирате и ослободите од стресот, тоа може да индицира дека вие сте добра комбинација, бидејќи вашите потреби се синхронизирани. Но, доколку на вашиот пријател на редовна база му е потребно повеќе простор, а вам ви е неопходен редовен контакт тоа може многу да ви засмета, па и двајцата ќе почнете да чувствувате непријатност и оддалечување еден од друг.rn

    2. Имате значително различно темпо на живеење

    rnДоколку вие и вашиот пријател го живеете животот со спротивставено темпо, тоа може да донесе проблеми во вашето другарство, со тек на време. Можеби, на пример, вашиот другар чека до последниот момент за да излезе од дома, бидејќи не сака да чека редици, па потоа јури кон аеродромот за да не го испушти летот, а вие сакате да бидете таму минимум еден час порано за да бидете сигурни дека тоа нема да се случи. Доколку патувате заедно, ваквите различни стилови на однесување и преференции, може да внесат стрес, па патувањето ниту ќе биде забавно, ниту вашето пријателство ќе биде среќно.rn

    3. Имате многу различни реакции на промена

    rnАко вие сакате да дефинирате однапред утврдено време за средба, а вашиот пријател сака да прави спонтани одлуки во моментот и постои промена во распоредот којашто овозможува да се најдете порано од предвидениот термин, пријателот спонтано ќе сака да го промени терминот, а вам нема да ви се допаѓа тоа. Ова може придонесе и двајцата да се чувствувате обесправено од стилот на однесување на вашиот пријател и покрај тоа што и двајцата/двете имате најдобри намери и сакате вашето пријателство да успее.rnrnЛуѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги иматеrn

    4. Имате многу различен пристап во донесувањето одлуки

    rnДа речеме дека вашиот другар/ка ги следи прописите, кога станува збор за (не)пишаните правила или закони. Застанува на секое црвено светнување на семафорот и го забавува темпото на возење кога ќе светне жолто, за де се осигури дека ќе може навреме сосема да закочи. Вие од друга страна, ги доживувате законите само како упатство за совесно однесување, па ако семафорот светне жолто и на улицата нема многу сообраќај, вие можеби ќе забрзате со возење за да го поминете семафорот, дури и ако тоа значи дека на пола пат до вашата цел, семафорот светнал црвено. Овие различни стилови на однесување, во најмала рака, може да доведат до некои непријатно поминати заеднички возења со автомобил.rn

    5. Многу различни перцепции за контрола

    rnВие можеби чувствувате дека имате контрола кога сè ви е во најдобар ред и добро организирано, додека вашиот другар или другарка, чувствува контрола кога знае дека има можност да се премисли и да појде во спротивна насока, доколку ситуацијата го бара тоа од него/неа. Вашата потреба за ред по прописи може да направи да се чувствува нервозно, а следствено на тоа неговото или нејзиното менување насока во последен момент, ќе ве направи вас анксиозни, па како резултат на тоа и двајцата ќе се чувствувате напнато и фрустрирано.rnrnНајважниот фактор во развивањето и негувањето здрави пријателства, е подготвеноста на двете инволвирани страни да бидат отворени за разбирање на потребите на другиот. Доколку сте загрижени дека може да постои некаков посериозен проблем во некое од вашите значајни и блиски пријателства во животот, поставете си ги на себе следниве прашања:rn

      rn 011

    • Што јас сакам од ова пријателство?
    • rn 011

    • Што јас добивам од ова пријателство?
    • rn 011

    • Што ми недостасува во него?
    • rn 011

    • Кои се моите потреби? Кои се неговите/нејзините потреби?
    • rn 011

    • Што се чувствувам удобно да побарам од него/неа? Што можам да понудам и притоа да се чувствувам удобно?
    • rn

    rnЛуѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги иматеrnrnРезиме: Добар пријател е некој којшто ужива да поминува време со вас. Некој со којшто ќе се смеете и ќе ги споделувате животните задоволства, но и предизвиците. Некој, чиишто потреби се компатибилни и на позитивен начин се преклопуваат со вашите. Да се има добар пријател, претставува голема радост во животот, но вистинските пријателства се ретки. Тоа е исто како да пронајдете детелинка со четири листа – тие се тешки да пронаоѓање, а сепак понекогаш се појавуваат онаму каде што најмалку очекуваме и нè прават исклучително среќни што сме ги пронашле.rnrnМоже да ве интересираат и овие 4 совети кои ќе ви помогнат да привлечете вистински пријатели.

  • 3-те хороскопски знаци што сакаат да им даваат комплименти на нивните партнери

    3-те хороскопски знаци што сакаат да им даваат комплименти на нивните партнери

    Постојат неколку знаци во зодијакот кои се навистина слаткоречиви. Тие можат да шармираат секого, но она што го прави комплиментот добар е искреноста, а ова доаѓа од срцето. Луѓето кои даваат најдобри комплименти го прават тоа несебично. Причината е што не можат да ги сокријат нивните емоции за тоа колку мислат дека сте прекрасни. Па ако сакате да добивате комплименти, овие хороскопски знаци се најдобриот избор.rnrn3-те хороскопски знаци што сакаат да им даваат комплименти на нивните партнериrn

    1. Близнаци

    rnОвој знак е владеен од Меркур, планетата поврзана со комуникацијата. На Близнаците не им е проблем да се искажат и да го кажат она што го мислат. Ова најмногу важи кога ѝ даваат комплименти на личноста што ја сакаат. Близнаците се и многу интелигентни па знаат и како да ве насмеат. Одлично флертуваат и знаат што точно треба да кажат.rn

    2. Рак

    rnРакот е воден знак владеен од месечината, па овие луѓе имаат силна поврзаност со нивните емоции. Исто така навистина ги сакаат луѓето кои ги пуштаат во нивната школка. Оваа наклонетост ја покажуваат на разни начини, а најмногу со зборови. Сакаат да знаете како навистина се чувствуваат за вас. Раковите имаат и одлична имагинација, па секогаш имаат нови и интересни начини со кои ќе ви кажат колку ве сакаат.rn

    3. Вага

    rnЗа Вагите најважна е рамнотежата. Со цел да ја одржат сакаат нивниот партнер да се чувствува добро и безбедно во врската. Еден начин да го направат ова е со комплименти. Вагите се романтичари, одлични се со зборови и уживаат да му даваат комплименти на партнерот. Не им е страв да ги споделат нивните вистински чувства, и сакаат да го добијат истото за возврат.rnrnДали знаете ли кои се најспонтаните хороскопски знаци?

  • 5-те најспонтани хороскопски знаци кои би се согласиле на речиси сè

    5-те најспонтани хороскопски знаци кои би се согласиле на речиси сè

    Спонтаноста е навистина добра особина, но сè додека има граница. Не можете да ги оставите сите обврски само за да направите нешто импулсивно. Исто така одлично е да имате спонтана личност во вашиот живот којашто секогаш ќе ве забавува. Благодарение на астрологијата, овие знаци се свесни за нивниот карактер и ги следат импулсите без многу размислување. Погледнете кои се најспонтаните хороскопски знаци.rnrn5-те најспонтани хороскопски знаци кои би се согласиле на речиси сèrn

    1. Овен

    rnОвните го прават она што го сакаат, без разлика дали им е страв или другите ги советуваат да не прават ништо. Нив не им се потребни правила и ќе го направат она што ги усреќува. Овните веруваат дека целта на животот не е само одење на работа, вечерање и заспивање со некоја серија. За нив животот е преземање ризици, следење на срцето и многу авантури. Не секој ќе биде на страната на Овенот кога ќе ризикува, но него тоа не му претставува проблем.rn

    2. Водолија

    rnВодолиите одвреме-навреме имаат потреба да ја променат нивната рутина. Може да станува збор за нешто едноставно како одење во нов ресторан, или пак целосна промена на изгледот и непланирано патување. Водолиите не сакаат само да преживуваат. Тие сакаат да се забавуваат, да бидат креативни и најмногу од сè, да се изненадуваат од искуствата од неочекуваното. Ако Водолиите предолго се на исто место, сигурно ќе одлучат да направат нешто спонтано.rn

    3. Стрелец

    rnРедовен дел од секојдневието на Стрелците е да разговараат со некој странец или да најдат некој нов пријател. Среќавањето нови луѓе и искусувањето нови нешта е она за коешто Стрелците живеат. Новите пријатели им помагаат да бидат возбудени. Добро е што дури и со толку многу нови луѓе во нивниот живот, Стрелците сепак се дружат со нивните најдобри пријатели. Понекогаш повеќе сакаат да се видат со личност што им недостига наместо да запознаат некој нов.rn

    4. Близнаци

    rnСтрелците можеби секој ден запознаваат нови луѓе, но Близнаците секој ден прават нешто ново. Тоа не мора да биде големо, сосема доволно им е да отидат на работа по друг пат. Ако останат во нивната удобна зона, едноставно им се расипува расположението. На Близнаците им е потребна постојана стимулација бидејќи не сакаат да им биде здодевно.rn

    5. Вага

    rnВагите сакаат да имаат отворени денови во кои ако им се појави можност за спонтаност никако не ја одбиваат. Можеби планирањето на спонтаноста звучи чудно, но планирањето е она што прави нешто да се случи. Вагите сакаат да дознаат каде ќе ги однесе денот, а ако не се случи нешто спектакуларно, тоа е сосема во ред. Тие можат да се забавуваат каде и да се и со кого и да се.rnrnДознајте и кои хороскопски знаци внесуваат расположение и хумор во друштвото.

  • 6 карактеристики што ги поседуваат само најдобрите љубовници

    6 карактеристики што ги поседуваат само најдобрите љубовници

    Не е лесно да бидете добар љубовник. Покрај вештините во креветот, за оваа особина се потребни и ментална посветеност и интелигенција. Овие луѓе делат неколку карактеристики со кои се разликуваат од другите. Дали и вие спаѓате во оваа група?rnrn6 карактеристики што ги поседуваат само најдобрите љубовнициrn

    1. Спонтаност

    rnНема ништо повозбудливо од спонтаноста и убавите изненадувања. Често ќе слушнете дека мажите сметаат дека спонтаноста е најдоброто нешто што жените можат да го направат во сексот, без разлика дали станува за нова долна облека или нова секс поза.rn

    2. Самодоверба

    rnСамодовербата е вистински афродизијак и со неа можете да постигнете буквално сè.rn

    3. Смисла за хумор

    rnЧудните звуци, неуспешно изведените пози и паѓањето од креветот се составни делови од сексуалниот живот во кои треба да научите да уживате. Ако наоѓате шарм во овие ситуации исто како и во оргазмите ќе бидете одлични во секоја љубовна ситуација.rn

    4. Отвореност и разбирање

    rnНикогаш немојте да го исмејувате партнерот за неговите желби. Тие се интимен дел од него и ви ги открил бидејќи ви верува. Разговарајте отворено за вашите потреби и што сакате, а што не сакате да пробате.rn

    5. Несебичност

    rnИако и двајцата сте важни за време на сексот, не е лошо одвреме-навреме да се фокусирате само на задоволството на партнерот. Можете да го изненадите со утрински секс кој го сака само тој. На овој начин ќе му покажете дека сте спонтани, дека се грижите за неговото задоволство, а имајте на ум дека притоа сигурно ќе ве награди.rn

    6. Звуци

    rnАко чувствувате потреба за гласни воздишки или „валкан“ разговор, немојте да се воздржувате. Ова само дополнително ќе го возбуди вашиот партнер. Покрај тоа сексот ќе стане уште подобар бидејќи навистина ќе се опуштите.rnrnСигурно веќе знаете за познатата Г-точка, но дали сте слушнале за А-точката?

  • 10 квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество

    10 квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество

    Постојат одредени карактеристики што треба да ги има секое човечко суштество. Карактеристики што имаат моќ да им помогнат на другите и да нè поврзат со себе и со светот на подлабоко ниво.rnrn10 квалитети што треба да ги поседува секој човекrn

    1. Верба

    rnВерба во себе и во сè што сте. Верба во вашите способности. Верба во животот и во бесконечната интелигенција што нè создала сите.rn

    2. Храброст

    rnХраброст да го создадете животот кој длабоко во себе знаете дека заслужувате да го живеете. Храброст да одите каде што повеќето луѓе не се осмелуваат да одат. Храброст да бидете личноста којашто сте родени да бидете.rn

    3. Љубов

    rnЉубов кон себе. Љубов кон пријателите. Љубов кон вашето семејство. Љубов кон работата. Љубов кон планетата и љубов кон вашиот живот. Љубов кон оние кои ве сакаат, и љубов кон оние кои не ве сакаат.rn

    4. Длабоко чувство на поврзаност

    rnЧувство на припаѓање и длабоко чувство на поврзаност кон сите нешта, луѓе и места. Препознавање себеси во сè и секој. Разбирање на единството на сите нешта.rn

    5. Имагинација

    rnСпособноста да инспирирате и да се чувствувате инспирирано. Способноста да го користите вашиот ум за да создадете нови светови и да откриете нови димензии. Да одите онаму каде што никој не бил и да ги направите нештата што никој ги нема направено.rn

    6. Одбивање на застрашувачките нешта

    rnСпособноста да ги одбиете сите нешта што потекнуваат од стравот. Да ги игнорирате, да ги одбиете и да покажете рамнодушност кон оние нешта што прават да се чувствувате одвоено од вас, од светот околу вас, од нештата што ги посакувате и од вашите соништа.rn

    7. Благодарност

    rnЦенење и заблагодарувања за нештата што се овде, но и за нештата што ги немате. За нештата што веќе ги имате, за животот што го живеете сега и за многуте благослови што ви ги испратил животот и што допрва ќе ви ги испраќа.rn

    8. Отворен ум

    rnЧист и отворен ум што ги прима сите и сè. Без потреба да судите и обележувате луѓе и искуства кои не се поврзани со вас.rn

    9. Доверба

    rnВерувајте во моќта и мудроста на животот. Верувајте дека никогаш не добивате повеќе од она со коешто можете да се справите. Верувајте во себе, верувајте во вашите внатрешни моќ и мудрост и верувајте во способноста да ги добиете нештата што сакате да ги добиете.rn

    10. Одвојување

    rnСилата да ги оставите нештата што повеќе не ви служат. Сите места и сите луѓе што повеќе не ви требаат или не ги сакате во вашиот живот. Способноста да се ослободите од вашите ограничувања, стравови, сомнежи и несигурности. Тргнете го фокусот од личноста што сте и насочете го кон личноста која сакате да бидете. Силата да му дозволите на вашето старо јас да „умре“ за да може да се роди сосема нова личност.rnrnШто мислите вие, што е тоа што ги прави луѓето вредни и достојни?

  • 10 знаци коишто ќе ви покажат колку сте посебни

    10 знаци коишто ќе ви покажат колку сте посебни

    Повеќето луѓе немаат голема почит кон себе, a многу поединци не сфаќаат колку се всушност посебни. Причината за ова е што често постојат луѓе кои ве потценуваат и прават да се чувствувате безвредно и несигурно.rnrn10 знаци коишто ќе ви покажат колку сте посебниrnrnВеројатно сте премногу скромни за да си признаете дека сте посебни. Само затоа што не спасувате животи секој ден не значи дека не сте добра личност. Да бидете посебни може да значи многу нешта како волонтирање, помагање на пријателите, слушање на нечии проблеми… Ова се знаците кои ќе ви помогнат да сфатите колку всушност сте посебни.rn

    1. Сметате дека секогаш има нешто што можете да го научите

    rnНе сте арогантни и ве интересира сè што се случува во светот. Поради ова сметате дека постојано треба да учите нови работи и да ги подобрувате вашите вештини.rn

    2 Љубезни сте кон другите

    rnКога запознавате нови луѓе или кога се сретнувате со оние кои веќе ги знаете, вие сте љубезни. Немате причина да бидете негативни и не се однесувате кон нив како да се помалку важни. Никогаш не се обидувате да се однесувате како луѓето кои не се смеат или кои се безобразни само затоа што се моќни. Љубезноста и позитивноста ве прават навистина посебни. Немојте да го менувате тоа.rn

    3. Ги разбирате туѓите чувства

    rnНе знаете како, но кога некој раскажува за неговото животно искуство, кога споделува тајни и чувства со вас, совршено го разбирате што сака да ви каже. Кога некој ќе ви каже дека е добро, знаете ако зад тоа се крие нешто друго. Секогаш им дозволувате на другите да зборуваат за нивните чувства.rn

    4. Уживате во музика

    rnВашиот мозок е навистина чувствителен на музика. Не само што уживате во неа, туку таа ви е потребна во секојдневната рутина и ви предизвикува длабоки емоции. Емоциите можат да бидат и добри и лоши, но секогаш се интензивни.rn

    5. Слушате

    rnОва е една од највредните особини. Повеќето луѓе настојуваат да разговараат за себе со часови без разлика што сакаат да кажат другите. Наместо тоа, вие слушате кога некој разговара со вас и сте заинтересирани за неговиот живот и она што ви го кажува.rn

    6. Сакате да ги усреќите другите

    rnСе чувствувате добро секогаш кога ќе успеете некого да направите среќен. Често поминувате време размислувајќи како да измамите насмевка на нечие лице. Тоа може да биде со подарок, насмевка, изненадување или какво било добро дело.rn

    7. Позитивни сте

    rnНе само што имате позитивен став кон животот и настаните, вие се обидувате да им го пренесете тој начин на размислување и на другите. Во главно немате предрасуди и мислите дека сите луѓе се добри. Поради ова понекогаш сте повредени и мора да бидете внимателни. Но сепак, тоа сте вие и не треба да се менувате.rn

    8. Имате цели

    rnТочно знаете што сакате и паметно ги планирате вашите цели. Ги преземате потребните мерки за исполнување на вашите желби и знаете каде сакате да одите. Исто така не им дозволувате на другите да ве обесхрабрат.rn

    9. Се осмелувате да сонувате

    rnОва значи дека сте амбициозни, дека нешто ви дава моќ да ја зголемите вашата продуктивност и мотивација кога сте соочени со предизвик. Не им дозволувате на пречките да ве сопрат. Не дозволувате ништо да ве исплаши. Не ја губите силата дури и кога некој се обидува да ве збуни и да ви наштети.rn

    10. Сакате да патувате и да учите од другите култури

    rnВас ве интересираат другите држави, другата архитектура и другиот начин на живот. Сакате да учите од туѓите култури бидејќи знаете колку богати ве прави тоа. Сакате да комуницирате со луѓе кои имаат разни животни искуства од вашите, со луѓе од други друштва, религии и цивилизации, и среќни сте кога ја споделувате вашата култура со другите.rnrnПогледнете и зошто никогаш не треба да се споредувате со другите.

  • 5 знаци дека сте роден комичар

    5 знаци дека сте роден комичар

    Комичарите имаат навистина неверојатна харизма. Тие успеваат да ги насмеат сите и доволно е да сте само во нивно присуство за да се чувствувате добро. Но, комедијата е навистина сериозна работа. За да бидете добри, потребно е да бидете спонтани, саркастични и шармантни. Сè во исто време.rnrn5 знаци дека сте роден комичарrnrnПокрај тоа, не постои формула со која можете да станете успешен комичар. Додека повеќето вежбаат за своите настапи, мал е бројот на луѓето кои се природно добри во тоа. Тие имаат дарба да ги набљудуваат нештата и ситуациите и ѝ ги презентираат на публиката. Ако имате некоја од овие особини, можеби и вие сте роден комичар.rn

    1. Игри со зборови

    rnАко можете да ги менувате и користите зборовите и речениците во совршен контекст, а притоа да ја насмеете публиката, вие сте навистина добар комичар. Луѓето го сакаат вашиот сарказам и вашите игри со зборови.rn

    2. Изрази на лицето

    rnНе е важно само што ќе кажете. Уште поважно е како ќе го кажете тоа. Дури и најглупавата шега може да биде неверојатно смешна ако ги доловите изразите на лицето и говорот на телото. Танцувањето, глумењето и пеењето ќе ви помогнат да го задржите вниманието на другите на комичен начин.rn

    3. Раскажување приказни

    rnИмате ли забележано дека постојат 2 вида комичари? Едните едноставно кажуваат шеги, а другите раскажуваат приказни и разни ситуации и ги претставуваат на навистина смешен начин. Вторите се секогаш поинтересни за слушање бидејќи знаат како да ја освојат публиката. Ако знаете да раскажувате приказни на забавен и смешен начин, можеби комедијата е совршена професија за вас.rn

    4. Забележување детали од животот

    rnМалите работи во животот се навистина важни, а истото важи и за комичарите. Смешните и чудни моменти се појавуваат во вашиот живот кога најмалку очекувате. Добрите комичари знаат да ги искористат овие ситуации. Често ги вметнуваат во нивните шеги и приказни.rn

    5. Шегување на своја сметка

    rnОва не значи дека треба постојано да се понижувате за да ги насмеете другите. Но, во оваа „смешна“ професија, понекогаш е потребно вие да бидете шегата. На овој начин навистина ќе го покажете вашиот карактер и вашата умешност да се справите со ситуација во која вие сте метата.rnrnДали знаевте дека мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?

  • 8-те најлоши особини на несигурните луѓе

    8-те најлоши особини на несигурните луѓе

    Луѓето кои не се сакаат постојано си повторуваат дека не се привлечни, дека не можат да направат нешто и слично. Психолозите го означиле ова однесување како токсично не само за несигурните, туку и за сите луѓе околу нив. Поради ова врската со несигурна личност може да биде вистински предизвик бидејќи партнерот ќе мора постојано да ја теши и инспирира. Погледнете кои се најлошите особини на несигурните луѓе и зошто животот со нив е навистина тежок.rnrn8-те најлоши особини на несигурните луѓеrn

    1. Ги впиваат сите ваши емоции и бараат уште повеќе

    rnНесигурните луѓе имаат потреба постојано да им докажувате дека ги сакате. Тие бараат сокриени значења во секој збор, поглед и дело. Едноставно, тие не можат да разберат дали некој е искрен или не. Навистина е тешко да комуницирате со личност која ги гледа само лошите работи во животот.rn

    2. Зборуваат само за себе и за нивните чувства

    rnНесигурните луѓе имаат 2 спротивни особини – не се сакаат, но имаат огромно его. Идеалната врска е исполнета со разговори во кои и двајцата партнери се еднакви. Во овој случај не важи тоа. Несигурните луѓе имаат комплекси, па поради ова размислуваат и зборуваат само за себе. Овој вид на личности ќе го измори и најтрпеливиот партнер.rn

    3. Негативните емоции им се посилни

    rnНесигурните луѓе сметаат дека не се интересни. Меѓутоа, навистина им е болно да си го признаат тоа па се жалат за сè околу нив. Често ги критикуваат и навредуваат другите. Поради ова партнерот мора да им обезбеди голема поддршка во такво непријатно опкружување.rn

    4. Можат да изневеруваат

    rnЛуѓето кои се сигурни во себе немаат потреба некој друг да им кажува колку се добри бидејќи веќе го знаат тоа. Ова не важи за несигурните. Нивната самопочит зависи од мислењето на другите. Бидејќи се сомневаат во својата привлечност, можно е да побараат љубов и на друго место. Секоја личност која ќе им покаже и најмало сочувство им станува многу важна. Лесно им е да го обвинат партнерот бидејќи не им овозможувал доволно љубов.rn

    5. Постојано мораат да си докажуваат нешто себеси, но и на светот

    rnЕкспертите тврдат дека луѓето кои се премногу самокритични често се анксиозни без причина. Никогаш не се задоволни со себе и со другите, па ова ги тера постојано да го бараат совршениот живот, ново работно место кое е подобро, да купуваат работи што не им требаат и постојано да запознаваат нови луѓе. Тие како да имаат потреба да му докажат на светот дека не се толку лоши.rn

    6. Љубоморни се и ќе ве проверуваат

    rnЉубомората е нешто што го чувствуваат сите несигурни луѓе. Луѓето кои не се сакаат себеси не можат да поверуваат дека некој друг ги сака. Понекогаш врската може да се претвори во постојана потрага по неверство. Ова е ужасна ситуација бидејќи љубоморниот партнер може да почне да ве контролира. Речиси и да нема шанси да ја убедите таа личност дека не ја изневерувате бидејќи не верува.rn

    7. Не живеат за денес

    rnНесигурните луѓе често се нарекувани и незрели, а едно е сигурно – не сакаат да преземат одговорност за нивниот живот. Оваа улога му ја доделуваат на партнерот. Стравот од иднината не им дозволува да го испланираат нивниот живот, а каењето ги држи во минатото и им стои на патот до посакуваниот живот.rn

    8. Зависни се

    rnКај незадоволниот партнер секогаш постои празнина. На овие луѓе речиси ништо не им го задржува вниманието, не се одговорни и не се грижат за утре. Нивниот партнер ќе се обиде да ја пополни таа празнина со љубов, но од него ќе се бара и ветување дека засекогаш ќе бидат заедно. Ова може да ја уништи врската бидејќи овие луѓе не можат да бидат добри и одговорни партнери.rnrnПогледнете и што прават луѓето поради нивната несигурност.

  • Чудните вознемирувачки особини на секој хороскопски знак

    Чудните вознемирувачки особини на секој хороскопски знак

    Сите ние имаме по некоја чудна карактеристика што ги вознемирува другите, а често ваквите појави кај нас зависат од хороскопскиот знак. Општо земено, секој човек е уникатен спој од карактеристики и тоа нè прави различни од другите и често ваквите разлики на никого не му пречат. Но, постојат и такви наши однесувања кои се дел од нашата личност, а кои можат да ги изнервираат другите околу нас, па затоа треба да бидеме внимателни со нив.rnrnЧудните вознемирувачки особини на секој хороскопски знакrnrnПотребно е да разбереме кои се нашите слабости за да можеме полесно да ги надминеме и да не ни пречат во секојдневната комуникација. Секако, не секој ќе се пронајде во описите, но упатствата за како да се надминат проблемите може да послужат секогаш кога кај себе ќе препознаете некоја иритирачка особина. Така, ова се по две од највознемирувачките карактеристики кои ги поседува секој хороскопски знак.rn

    Овен: Компетитивен и импулсивен

    rnКомпетитивноста често им помага на Овните да го добијат од животот она што им следува, но и нешто повеќе. Но, доколку не сте внимателни со оваа особина, може да бидете проценети како драматична личност која не се грижи за чувствата на другите. Важно е да останете дел од тимот каде што сте, бидејќи токму соработката е таа што е битна, а можете да се обидете да се натпреварувате со самите себе.rnrnИмпулсивноста, пак, кај вас иницира појава на желба за инстантен успех, но пред да преземете чекор, намалете брзина и запрашајте се самите што навистина сакате од таа ситуација.rn

    Бик: Немотивиран и понизен кон себе

    rnБиковите често се немотивирани и понизни кон себе, особено ако не внимаваат на својот однос кон самите себе. Вие сакате удобност, а таа желба често преминува во тврдоглавост. Но, доколку решите, лесно можете да ги надминете овие предизвици во вашиот карактер. Вам би ви требало да се споредите со некого и да се обидете да бидете успешни како таа личност, за да се мотивирате да ја најдете енергијата во себе.rnrnПонизноста пак, може да дојде од нарушениот баланс меѓу она што го сакате вие и она што го сакаат другите. Поделете ги нештата на начин што со едно направено нешто за некој друг, ќе направите и нешто добро за себе. На овој начин ќе успеете да воспоставите ред кај себе.rn

    Близнаци: Површни и неодлучни

    rnНа Близнаците им е лесно да се изгубат во своите мисли и на тој начин да не ги забележуваат чувствата на другите. Затоа, лесно може да бидат во фаза на површност и неодлучност, особено ако се работи во креирањето мислење за други луѓе.rnrnДоколку сте Близнаци со ваков проблем, можеби треба да си дадете време да ја запознаете личноста, но и да ја канализирате целата моќ која ја носи вашиот знак и да дознаете повеќе за сите луѓе кои ве опкружуваат. Ќе видите дека никој не е површен и дека останатите носат со себе многу квалитети.rnrnЧудните вознемирувачки особини на секој хороскопски знакrn

    Рак: Несигурен и недиректен

    rnНа Ракот му е најважно да се чувствува безбедно, а несигурноста лесно може да го наруши неговото добро расположение. Затоа, потребно е Ракот да се концентрира на нешто во што е навистина добар. Дури и во нови ситуации секогаш може да се пронајде нешто што нема да ги плаши.rnrnРакови, вие треба да поработите и на директноста во комуникацијата. Често знаете што треба да кажете, но не сте сигурни дали треба да постапите така. Почнете со мали дози на директност, пред да ја преземете контролата врз оваа особина. Ќе забележите дека дури и реакциите и одговорите на другите ќе бидат позадоволителни доколку вие сте подиректни.rn

    Лав: Арогантни и строги кон себе

    rnЛавовите обожаваат да бидат ѕвездите на шоуто, но токму оваа особина прави лесно да развијат ароганција, која не е добра кога се во прашање односите со луѓето. Често оддаваат впечаток дека се престроги кон себе, но затоа што се комплициран знак, успеваат во исто време да бидат и неразумно егоистични.rnrnЗа да ги надминете овие две карактеристики, потребно е да си дадете пауза. Набљудувајте и забележете како другите му пристапуваат на животот, обидувајќи се да го извлечат најдоброто од него. На овој начин, ќе развиете благодарност и поголема доза разбирање за другите, но и за себе.rn

    Девица: Критикува и се жали

    rnПерфекционистичката природа на Девицата може да биде сфатена сосема погрешно од другите, но и да ги вознемири. Тие се критички настроени и имаат остро око за забележување ситници. За да се надминат овие ситуации, потребно е да се препознае убавината на светот, без оние детали кои му пречат на извежбаното око на Девицата.rnrnВо врска со жалењето, откако ќе ја кажете реченицата со која пренесувате дека сè е негативно, наместо точка, ставете запирка и продолжете со претпоставка што добро може да излезе од таквата ситуација. Вашиот ум веднаш ќе ги перципира нештата на подобриот начин.rnrnЧудните вознемирувачки особини на секој хороскопски знакrn

    Вага: Зависни од врски и невнимателни кон себе

    rnВагите имаат навика да се потпираат на другите кога е во прашање сопствената среќа и тоа во нездрави размери. Поради ова, често на другата личност гледаат како на некоја од која зависи нивната среќа и задоволството во животот.rnrnВагите се премногу посветени на врските со луѓето до степен што се идентификуваат со тој однос, а не со самите себе. Поради тоа, поминувајте што повеќе време со себе, дознајте што сакате, што ви се допаѓа и кои се вашите силни страни. Само на тој начин ќе можете полесно да се снајдете во животот, но и да не зависите од пријателот или партнерот за да бидете среќни.rn

    Скорпија: Интензивни и таинствени

    rnИнтензивноста е она што ги прави Скорпиите интересни пред другите, но секако, не смее да се претерува, за да не бидат сфатени погрешно. Понекогаш, потребно е кон нештата да се пристапи мирно и едноставно, за да може да се најде полесното решение.rnrnЗатоа, кога следниот пат ќе почувствувате некоја параноја или друг наплив на чувства, прво дишете, концентрирајте се на себе, а потоа надминете го проблемот. Не плашете се дека ќе изгубите некого или дека нема да бидете прифатени. Потребно е да бидете поотворени, особено кон оние кои ги чувствувате како блиски.rn

    Стрелец: Безгрижен и оддалечен

    rnСпоред Стрелците, животот може да биде преполн со многу забава, а најлошо што можат самите да си го направат е да бидат безгрижни во секој поглед. На овој начин Стрелецот може да ги доведе во прашање врските со блиските, на кои им недостига неговото внимание.rnrnЗатоа, доколку сте Стрелец кој се препозна во описот, осигурете се дека веќе нема да повредите ниту една личност и дека секогаш ќе најдете време да прашате како се или да им обрнете повеќе внимание.rnrnЧудните вознемирувачки особини на секој хороскопски знакrn

    Јарец: Непогрешливи и премногу тврдоглави

    rnКога е одговорноста на прашање, секогаш можете да сметате на вашиот пријател Јарец, кој умее сè да држи под контрола. Но, доколку Јарецот почне да се фали со овие свои карактеристики уште кога се запознавате, тогаш оддава впечаток на личност која за себе смета дека никогаш не греши.rnrnЈарците навистина мислат дека нивниот начин е правилниот и многу често, но не секогаш, се во право за тоа. Затоа, како горд претставник на знакот Јарец, потребно е да „играте“ со ресурсите со кои навистина располагате и да не загризувате преголеми залаци. Исто така, имајте ги на ум и перцепциите на другите. Пред да направите нешто, запрашајте се дали сакате да излезете во право или да бидете среќни. Ако одбравте да бидете среќни, веќе сте на пат да ги научите вистинските вредности.rn

    Водолија: Независни и претерано логични

    rnСо оглед на тоа што, општо земено, Водолиите се срамежлив знак, нивната независност воспоставува баланс во целокупната личност. Тие се и логичарите во Зодијакот, бидејќи за сè бараат логични објаснувања и се обидуваат да ги решат проблемите, по цена и да се „откачат“ од сопствените чувства.rnrnЗатоа, потребно е Водолијата да најде начин да ги разбере другите, иако во прв момент може да се соочи со огромен емотивен хаос. Тие никогаш нема да разберат зошто нечии акции се нелогични, но ако доволно се потрудат, ќе успеат и во себе да го најдат гласот на сопственото срце.rn

    Риби: Претерано сензитивни и постојано во заблуда

    rnРибите се сонувачи и луѓе кои често се со главата во облаци, но ако не внимаваат, може да се доведат во големи заблуди, но и да станат пречувствителни. Потребно е да воспостават и поздрава комуникација и да не носат избрзани заклучоци.rnrnНаместо да заклучувате, прашајте доколку нешто ви е нејасно. Така ќе научите дека најголемите стравови се само илузија. Обидете се да ја приземјите својата енергија за да избегнете преемотивни ситуации и да ја подобрите комуникацијата. Со тоа што станувате одличен соговорник, вие наместо во облаци, се враќате на земјата и се поврзувате со реалноста.rnrnДознајте и кои хороскопски знаци се најголемите плачковци кога губат.

  • 12 причини зошто Лавот е најдобриот знак во зодијакот

    12 причини зошто Лавот е најдобриот знак во зодијакот

    Ако вашата страст ве инспирира и ширите оптимизам каде и да одите, без сомнение сте Лав во хороскоп. Во продолжение погледнете зошто вашиот знак е најдобриот во зодијакот.rnrn12 причини зошто Лавот е најдобриот знак во зодијакотrn

    1. Лавот не верува во туѓите измислици

    rnВие можете да намирисате лага на километри и секогаш знаете кога некој лаже. Бидејќи вашиот владетел е сонцето, вие сте навистина темпераментни. Другите треба да внимаваат да не ја разбудат вашата лоша страна бидејќи навистина ќе изгорат.rn

    2. Одлична смисла за хумор

    rnИако кажуваат невообичаени шеги, Лавовите се навистина забавни. Без разлика дали станува збор за израз на лицето додека кажувате нешто или пак споделувате шеги, смислата за хумор ви е една од посилните страни.rn

    3. Светот се врти околу нив

    rnЛавовите сакаат внимание и тоа го знаат сите. Ги привлекувате другите и тие го ценат она што го работите. Исто така на сите им се допаѓа начинот на којшто изгледате додека го работите тоа нешто.rn

    4. Знаат што сакаат и секогаш го добиваат

    rnПодвижната сила на секој Лав е неговата волја. Вие никогаш не сте имале проблеми со донесување одлуки и кога имате поставено некоја цел, ништо не ве спречува да ја постигнете. Иако можете да бидете навистина добри во манипулирање, ретко ја користите таа особина.rn

    5. Посветеноста им е важна

    rnВие сте сочувствителни и сте со вашите пријатели и во добро и во зло. Се разбира, истото го очекувате и од другите. Ако некој ве издаде, може да очекува целосно да го отстраните од неговиот живот.rn

    6. Ненадминлива самодоверба

    rnЛавовите се многу горди личности кои не се срамат за своите предности и достигнувања. Имаат добра слика за себе и не им е грижа што мислат другите.rn

    7. Одлични лидери

    rnВашата внатрешна сила и храброст ве прави роден лидер. Тоа е квалитет што многумина сакаат да го поседуваат. Оваа вештина вам ви доаѓа природно. Пријателите секогаш можат да сметаат на вас ако имаат потреба од некаква организација.rn

    8. Големи оптимисти

    rnФразите како „Не можам“ и „Не сакам“ не се наоѓаат во вашиот вокабулар. Секогаш ја гледате светлата страна на работите, без разлика во колку тешка ситуација се наоѓате. Постојано го барате доброто кај другите и не се обидувате да се повлечете поради лошите емоции кои можат да се појават. Луѓето сакаат да бидат во ваше друштво.rn

    9. Опкружени со многу пријатели

    rnРетко ќе сретнете Лав кој е сам на некоја забава. Поради вашиот зафатен живот, запознавате многу нови луѓе и создавате многу нови пријателства.rn

    10. Креативни се

    rnЛавовите имаат дух на разиграно дете кој ја храни нивната креативна енергија. Можеби немате некој неверојатен талент во посебна уметност како цртање, танцување или пишување, но можете да создавате нешта и да размислувате надвор од кутијата.rn

    11. Ја ценат цврстината

    rnПотребно е навистина да се потрудите за да го импресионирате Лавот ако го сакате неговото внимание. Сите знаат дека е потребно многу за Лавот да се спушти на земјата. Некои тоа го нарекуваат тврдоглавост, а други цврстина.rn

    12. Енергични се

    rnВашиот хороскопски знак е многу силен и зрачите со енергија, сила и љубов. Ако некој се чувствува лошо и има потреба од мотивација, може да смета на вашата помош.rnrnАко имате пријател кој е Бик, погледнете ги 7-те нешта што треба да ги знаете за него.