КАФЕ ПАУЗА

Tag: особини

  • Откријте зошто луѓето ве сакаат: Секој хороскопски знак има свои предности и еве кои се вашите

    Откријте зошто луѓето ве сакаат: Секој хороскопски знак има свои предности и еве кои се вашите

    Секој хороскопски знак, во својот карактер има нешто прекрасно, коешто го истакнува од толпата народ. Така на пример, Овенот е препознатлив по својот детски, невин поглед кон светот, а Вагите честопати се наоѓаат во улога на столб, што им дава потпора и поддршка на луѓето околу нив. Пронајдете го вашиот хороскопски знак низ текстов и откријте зошто луѓето ве сакаат.rnrnОткријте зошто луѓето ве сакаат: Секој хороскопски знак има свои предности и еве кои се вашитеrn

    Овен – детски поглед кон светот

    rnПрипадниците на овој знак, се истакнуваат по искреноста, како и по детскиот и малку невин поглед кон светот. Тие се во состојба да ѝ се радуваат на некоја ситница, како да е тоа најголемата работа во светот, а нивниот пристап е толку спонтан и директен, па изгледа како никогаш во животот да се немаат разочарано.rn

    Бик – суптилно великодушен

    rnДелот од шармот на Бикот, се должи на неговата способност и желба да направи многу убави работи за другите луѓе, а за тоа нема да побара заслуга, нити ќе сака да ја потенцира својата улога. Припадниците на овој знак, можат да бидат исклучително великодушни луѓе, а уште при првата средба со нив, ќе ви биде јасно дека тоа не го прават од никаква корист, туку поради нивната добродушна природа.rn

    Близнаци – ќе направат да се чувствувате посебно

    rnПрипадниците на овој знак се шармантни поради многу особености, но она што дефинитивно зрачи во нивниот карактер, е верноста. Луѓето коишто им се блиски, можат да сметаат на тоа дека имаат пријател, којшто им е најголем обожавател и бескрајна поддршка.rn

    Рак – шармира со нежност и внимателност

    rnПрипадниците на овој знак, можат да бидат многу непријатни и незаинтересирани спрема оние коишто не им оставиле добар прв впечаток, но Ракот, повеќе од кој било друг знак во Зодијакот, знае кога и како да ја изрази својата нежност, внимателност и љубов, спрема луѓето за коишто се грижи. Топлата страна на нивниот карактер, е токму она што другите луѓе го сметаат кај нив, за најшармантна особина.rn

    Лав – заразна позитивна енергија

    rnКога се во добро расположение, припадниците на овој знак, се најпожелното друштво коешто еден човек може да го посака. Тие освојуваат со својата заразна насмевка, харизма, шеги, а најмногу со нивниот позитивен пристап кон животот, како и нивната надеж, којашто им се спротивставува на сите видови песимизам.rn

    Девица – искрена грижа за другите

    rnПрипадниците на овој знак, се типови луѓе коишто навистина се грижат што другите луѓе мислат, како нешто доживуваат или како се чувствуваат. Поради тоа, ним им е многу лесно да се зближат со другите луѓе, а останатите пак, ценат што таквиот интерес не се базира на никаква лична корист.rn

    Вага – чувство на рамнотежа

    rnПрипадниците на овој знак во односите со другите луѓе, често ја имаат улогата на столб, кој им овозможува потпора и поддршка во животот. Без разлика дали се наоѓаат и самите во некоја хаотична животна состојба, тие секогаш изгледаат стабилно, мирно и самоуверено.rn

    Скорпија – освојува со проникливост

    rnПрипадниците на овој знак, можат да бидат шармантни на многу различни начини, но повеќето луѓе би се сложиле, дека тие се истакнуваат по нивната одлучна интуиција. Исклучително се длабоки, проникливи, делуваат мудро, разумно и искусно.rn

    Стрелец – борец за правда

    rnИсклучителна особина на припадниците на овој знак, е нивната верност и стоење зад оние коишто ги сакаат и им се драги. Дури и ако неодамна сте запознале некој Стрелец, тој уште веднаш ќе застане на ваша страна и ќе ве брани од сите коишто ви нанеле некаква неправда.rn

    Јарец – освојува со грижливост

    rnНастрана нивниот сериозен надворешен изглед, припадниците на знакот Јарец, уште при првите неколку реченици после запознавањето со вас, ќе ви откријат колку се во суштина грижливи луѓе.rn

    Водолија – забавува со хуморот

    rnПрипадниците на овој знак се вистински шармери и не можете, а да не ја забележите нивната способност да се пошегуваат дури и во најтешките ситуации и да ги засмејуваат сите околу себе. Главниот темел на нивниот шарм, е нивната по малку „извртена“ смисла за хумор.rn

    Риби – шармираат со суптилност

    rnПовеќе од кој било друг знак во Зодијакот, Рибите се разликуваат по нивната природна суптилност и спонтаност, па поради тоа, луѓето во нивно друштво се чувствуваат многу пријатно. Нивниот шарм се состои во релаксираната атмосфера, којашто умеат да ја создадат со самото нивно присуство, смирените изјави и лежерното однесување.rnrnМоже да ве интересира и кои се најлошите особини на хороскопските знаци?

  • 5-те најталентирани хороскопски знаци

    5-те најталентирани хороскопски знаци

    Кога станува збор за талент, луѓето најчесто го поврзуваат со музика или уметност. Но талентот може да дојде од секаде. Ако сте добри во математика, тоа е талент. Ако сте одлични спортисти и тоа е талент. Се разбира, секој може да има талент за нешто, но ако не се притискате да пробате нешто ново, може да ви биде навистина тешко да го пронајдете вашиот. Талентот е процес и не е невозможен, а најталентираните хороскопски знаци ќе ви го докажат тоа.rnrn5-те најталентирани хороскопски знациrn

    1. Близнаци

    rnБлизнаците учат многу брзо и лесно се прилагодуваат на речиси сè. Па, кога станува збор за талент, можат да бидат добри во многу работи – пеење, спорт, глума, свирење инструмент… Без разлика дали се доволно упорни за да развијат една вештина или таа им доаѓа природно, Близнаците се неверојатно талентирани. Покрај ова, тие се и навистина љубопитни. Можеби нема активно да бараат нешто ново, но сакаат да пробуваат разни нешта. Тие сакаат да го прошират своето знаење и да научат нешто повеќе.rn

    2. Девица

    rnДевиците се убедени дека сите други знаци работат навистина напорно. Без разлика како им пристапуваат на своите таленти, тие се едни од најталентираните знаци. Исто така тие се и многу вредни, па ако не успеат од прва, не се откажуваат. Девиците сакаат да бидат најдобри во она што го прават, без разлика што е тоа. Би направиле навистина многу за да си докажат дека напорната работа и посветеноста се исплатат. Дури и ако учењето нов талент треба да биде забавно искуство, тие го сфаќаат навистина сериозно.rn

    3. Скорпија

    rnСкорпиите се родени изведувачи. Тие сакаат внимание кое обично го добиваат, а ова ги прави одлични на сцена. Не само што се талентирани, туку изгледаат навистина забавно и мистериозно. Дури и кога не ги покажуваат нивните таленти, Скорпиите знаат како да ја забавуваат публиката. Исто така тие прават сè со емоции. Може да се каже дека тие би биле одлични актери, пејачи или музичари само по начинот на кој разговараат со другите.rn

    4. Водолија

    rnВодолиите имаат вистински талент да го гледаат светот поразлично од другите. Тие можат да измислат нешто ново, да создадат уметност која само тие ја разбираат и без разлика како ќе го направат тоа, ќе морате да признаете дека се навистина талентирани. Нивната отвореност кон нови нешта им олеснува да ги прошират своите интереси и да откријат во што се добри. Водолиите знаат дека талентот не е нешто за коешто се потребни правила, па често ги надминуваат своите граници за да научат нешто ново. Ако сакате да научите нешто ново, огледајте се на некоја Водолија за инспирација.rn

    5. Риби

    rnМузиката и фантазијата се важни нешта во животот на Рибите. Кога надворешниот свет станува премногу напорен, музиката, уметноста и сонувањето секогаш им помагаат. За Рибите талентот не значи ништо ако не уживаат во тоа. Никогаш нема да ги видите овие луѓе како го користат својот талент за нешта кои им се здодевни. Покрај тоа, она што ги прави Рибите навистина талентирани е тоа што не им е страв навистина да ги покажат своите емоции. Можат да свират инструмент, да сликаат или да пишуваат поезија, но ќе забележите дека го користат целото свое срце во тоа. Тие навистина ги поместуваат своите граници кога станува збор за уметност и креативност.rnrnДознајте и кој е вашиот скриен талент според хороскопскиот знак.

  • Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

    Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

    Страсни, импулсивни, бунтовни, слободоумни, храбри, самоуверени, забавни, тврдоглави и темпераментни. Сите овие придавки совршено ги опишуваат жените родени во знакот Овен. Тие се бестрашни и родени се да бидат лидери, поради што и станува збор за првиот знак во зодијакот. Со нивната енергија, харизма и динамичност тие се во состојба да ги покренат сите останати 11 знаци.rnrn

    Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!
    Лејди Гага е Овен во хороскоп
    rnrnОвните обожаваат нови предизвици, па затоа најчесто се ранобудници кои одвај чекаат да го почнат новиот ден и да видат што ќе им се случи. Сепак, поради нивната нетрпеливост, понекогаш знаат да прејдат на нов предизвик уште пред да го завршат претходниот до крај.rnrnТие се и непоколебливи оптимисти, поради што многу често се борат за правата на другите, но и за подобра иднина. Знаат да бидат големи авантуристи кои секогаш гледаат напред, а многу ретко назад во минатото. Имаат мани, како и сите останати знаци, а тоа се егоцентризмот, преголемата тврдоглавост и љубомората. Во продолжение, дознајте сѐ за жените Овни…rn

    Секс и љубов

    rnОвенот спаѓа во огнените знаци, што значи дека припадничките на овој знак се многу страсни. Тие сакаат да преземаат иницијатива во љубовните игри. Сакаат да заведуваат, но и да доминираат, па затоа кавгите и несогласувањата ги доживуваат како сексуална предигра. Ги привлекуваа мажите како магнети, бидејќи оставаат впечаток на интензивни и интересни личност, а освојувањето на жената Овен неретко претставува голем предизвик.rnrnНајживо се чувствуваат кога се вљубени и тогаш сиот нивен живот станува екстремен. Не сакаат кога некој мисли дека ги поседува, но повремените изливи на љубомора и посесивност им ласкаат, бидејќи за жените Овни тоа е знак дека нивниот партнер знае колку вредат.rnrnНе им треба романтика, но им треба внимание. Тие се едни од ретките жени кои можат да ги одвојат љубовта и сексот. Понекогаш им е полесно да се изразат сексуално, одошто интимно, па затоа сакаат работите да одат бавно кога се работи за љубов. Во сексот се забележува нивниот авантуристички дух. Тие обожаваат да пробуваат нови пози и нови места за секс.rn

    Пријателство

    rnИсто како и во љубовта, така и во пријателството жената Овен може во еден момент да донесе возбуда и хаос и веднаш потоа да ја снема. Пријателствата со жените Овни честопати се многу интензивни дури и тогаш кога не траат долго, но тие секогаш имаат пријатели за цел живот. Имаат широк круг на пријатели, бидејќи постојано менуваат интересни и не можат сите да го следат нивното темпо.rnrnТие ги привлекуваат луѓето поради дозата опасност и непредвидливост што ја носат под својата кожа. Сепак, на пријателите понекогаш им е тешко да ја разберат нивната изразена независност, а другарките знаат и да им љубоморат поради таа нивна особина. Кога излегуваат навечер, не им требаат група пријатели, туку 2-3 блиски луѓе кои размислуваат слично како нив и кои се подготвени на луди авантури. Друштвото на жените Овни гарантира добра забава!rnrn

    Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!
    Викторија Бекам е исто така претставничка на овој знак
    rn

    Физички изглед

    rnОдликите по кои ќе ја препознаете жената Овен се фокусираниот поглед, нескротливата коса, високото и изразено чело, по малку агресивниот став и немирните движења. Нивен главен дел од телото е главата, која најчесто е издолжена и прилично широка во пределот на очите, а тесна кај брадата.rnrnВпечаток на високо и големо чело дава и фактот што косата им почнува на почетокот од челото кое е повисоко од просечното. Нивен заштитен знак се истакнатите, густи веѓи. Имаат издолжен врат и силни и широки рамена. Жените Овни се со средна висина и прилично слабо тело. Очите им се кафеави или сиви, а кожата чиста и мека.rn

    Стил

    rnПрипадничките на овој знак обожаваат да привлекуваат внимание, а црвената боја е идеална за тоа! Црвената боја ја одразува нивната чиста енергија и живиот дух. Тие изгледаат совршено во кожни парчиња облека, сакаат светкави и сјајни работи, а нивен заштитен камен е дијамантот кој е синоним на силата, невиноста и чистотата, што се главните карактеристики на Овните.rnrnЖените Овни носат дијаманти најчесто во форма на обетки, бидејќи главата е делот од телото кое им помага да владеат. Многу им е важно да бидат во форма, поради што многу жени родени во овој знак посветено вежбаат, а со оглед на тоа што се спортски типови, одлично им стои и спортскиот начин на облекување. Тие носат едноставни фризури кои не им одземаат многу време и претпочитаат практична и повеќенаменска козметика, како на пример, шампон и регенератор во едно, крема за лице која истовремено ја влажни кожата и ја штити од сонце и други слични производи.rn

    Начин на купување

    rnКако ќе ја препознаете жената Овен на шопинг? Таа е најгласна во продавницата. Без воздржување коментира што ѝ се допаѓа, а што не и нетрпеливо чека да дојде на ред на каса. За жените Овни, шопингот претставува освојувачки поход во кој ќе се борат да го купат најдобриот производ по најповолна цена. Кога ќе го чујат зборот „намалување“, веднаш им блеснуваат очите, а многу често купуваат импулсивно.rnrn

    Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!
    Сара Џесика Паркер е една од бестрашните жени Овни
    rn

    Модни икони

    rnПрипаднички на овој хороскопски знак се 2-те господарки на автентичниот моден израз: Поп иконата Лејди Гага и Сара Џесика Паркер. Првата е екстравагантна, провокативна и редовно шокира со нејзините модни избори. Не е случајност тоа што Лејди Гага обожава да носи шешири со најнеобични облици. Шеширите се моден императив за жените Овни, а што се поголеми, тоа се подобри!rnrnСара Џесика Паркер, пак, е попрефинета, но и во нејзиниот стил се забележува храброста и шармантната дрскост кои се типични за жените Овни. И Гага и Сара обожаваат да привлекуваат внимание со нивната раскошна облека. Модна икона е и Викторија Бекам, која ја негува елеганцијата, а омилена боја ѝ е црна, која покрај црвената и белата одлично им стои на жените родени во овој знак. Викторија знае дека на жените Овни многу добро им стои и тесна облека, па затоа таквите модни парчиња се нејзиниот најчест избор. Актерките Кира Најтли, Џенифер Гарнер и Рис Витерспун се исто така познати жени Овни кои се истакнуваат со својот стил.rnrnМирисот на жената Овен треба да биде силен, моќен, пикантен и кокетен, а најдобри се аромите на бибер, сандалово дрво и цимет. Идеални парфеми за нив се „Mistero di Roma“ на Лаура Бјаџоти, „Belle d’Opium“ на Ив Сен Лорен, „Dolce Vita“ на Диор, „Guilty“ на Гучи и „Si Lolita“ на Лолита Лемпика.rnrnВо продолжение прочитајте зошто жените родени во знакот Овен се неверојатни.

  • 3-те хороскопски знаци коишто никогаш не се чувствуваат несигурно

    3-те хороскопски знаци коишто никогаш не се чувствуваат несигурно

    Денес е навистина лесно да се чувствувате несигурно. Постојано сме бомбардирани со идеи за тоа како треба да изгледа нашето тело, колку успешни треба да бидеме, колку пријатели треба да имаме и слично. Понекогаш неверојатните стандарди кои треба да ги исполниме изгледаат како да немаат крај. Речиси секој се почувствувал недоволно добар во некој момент од животот, но има луѓе кои подобро се справуваат со тоа. Овие 3 хороскопски знаци никогаш не се чувствуваат несигурно. А не е случајно што сите 3 се огнени знаци. Погледнете за кои станува збор.rnrn3-те хороскопски знаци коишто никогаш не се чувствуваат несигурноrn

    1. Лав

    rnАко некогаш сте се дружеле со Лав, сигурно ви е позната неговата огромна самодоверба. Тие се вљубуваат во себе одново секој ден. Оваа љубов е реална. Иако понекогаш може да изгледаат и арогантно, Лавовите не ја губат својата самодоверба каде и да се наоѓаат. Наместо срамежливо да се тргаат од центарот на вниманието, тие имаат желба да му покажат на светот од што се направени. Исто така не им е страв да прифатат и критика. Јасно им е дека ако нешто не оди по нивниот план, ќе научат некоја важна лекција од грешките. Лавовите знаат дека за добрите нешта е потребен ризик. Несигурноста само ги спречува да ги исполнат своите соништа.rn

    2. Стрелец

    rnСтрелците имаат мисија да го искусат секое нешто што го нуди животот. Сакаат да го пропатуваат светот, да запознаат интересни луѓе и да имаат спонтани и луди ноќи кои ќе ги помнат целиот живот. Немаат време да му дозволат на сомнежот да ги спречи во нивната авантура. Се разбира, природата на Стрелците може да привлече и многу луѓе кои ја мразат нивната храброст. Но, тие никогаш не дозволуваат озборувањата да ги спречат. Тие знаат кои се, знаат за што се способни и никогаш не им е страв да пробаат нешто ново. Кога главната цел им е да го живеат животот до максимум, нема место за несигурност. Можете или да ги прифатите онакви какви што сте, или едноставно да им се тргнете од патот.rn

    3. Овен

    rnАко предизвикате Овен на каков било дуел, подгответе се за најлошиот пораз во вашиот живот. Овие луѓе сакаат натпревари, а нивниот најголем натпревар е против самите себе. Секогаш ги подобруваат нивните вештини, го прошируваат нивното знаење и се подготвуваат за речиси сè. Тие веруваат дека не постои нешто што е премногу тешко за нив. Причината за ова е тоа што нивната енергија е неограничена, а на нивната гордост ѝ нема крај. Мотивирањето им е едноставно како и дишењето. Овните се познати по тоа што се експерти во неколку области и имаат повеќе од едно хоби во текот на нивниот живот. Целиот живот и време ги посветуваат на нивно надградување. Тие едноставно немаат време за несигурност.rnrnДознајте и кои се хороскопските знаци со најголемо его.

  • Постојат 4 типа интроверти: Во која група спаѓате вие?

    Постојат 4 типа интроверти: Во која група спаѓате вие?

    Интровертите се карактеризирани како луѓе кои настојуваат да избегнуваат социјални контакти и се преокупирани со своите мисли. Овие луѓе, кои најчесто се опишувани според она што не се наместо со она што се, конечно имаат и свој вид „движење“. Може да биде навистина тешко да бидете интроверт, а да не се совпаѓате со овој опис. Но, неодамнешните истражувања покажале дека всушност постојат 4 вида интроверти. Погледнете кои се тие…rnrnПостојат 4 типа интроверти: Во која група спаѓате вие?rn

    Социјални интроверти

    rnСоцијалните интроверти се најблиску до дефиницијата за интроверти, односно луѓе кои повеќе сакаат мали групи наместо гужви, или пак сакаат да бидат целосно сами. Социјалните интроверти често ја преферираат самотијата наместо социјализирањето. Важно е да се разликува оваа особина од срамежливоста. Социјалните интроверти не чувствуваат анксиозност поради нивната одлука. Тие едноставно сакаат самотија или помалку гужва.rn

    Замислени интроверти

    rnОвие луѓе не ги делат истите особини со дефиницијата за интроверти. Нивната интровертност всушност нема никаква врска со луѓето. Тие се интроспективни и често размислуваат за себе. Најголемиот дел од времето го поминуваат рефлектирајќи го својот живот на креативен начин. Еден начин да се опишат овие луѓе е „изгубени во нивната фантазија“, но со доза умереност.rn

    Анксиозни интроверти

    rnАнксиозните интроверти најчесто се опишувани како срамежливи. Тие се чувствуваат навистина неудобно во гужви и помеѓу голема група луѓе поради недостаток на доверба во нивните социјални вештини. Овие луѓе често и премногу размислуваат за тоа што би можело да се случи ако отидат некаде и како би можело да се случи нешто ужасно.rn

    Воздржани интроверти

    rnВоздржаните интроверти се побавни и често им е потребно долго време да преземат нешто. Потребно им е повеќе време да започнат нешто ново и не се тип луѓе кои би скокнале од кревет за да го поздрават светот. Сакаат да имаат време и го живеат животот со нивно темпо.rnrnПогледнете и кои знаци покажуваат дека сте интроверт.

  • 3-те најманипулативни хороскопски знаци што ја користат оваа негативна карактеристика за добро

    3-те најманипулативни хороскопски знаци што ја користат оваа негативна карактеристика за добро

    Способноста за манипулација се смета за навистина токсична особина. Но, не сите форми на манипулација се злобни. Додека овој талент сепак е опасен, неговото влијание може да се искористи за лошо, но и за добро. Трите најманипулативни хороскопски знаци во зодијакот го можат токму тоа.rnrn3-те најманипулативни хороскопски знациrnrnДа бидеме искрени, сите ние секојдневно се манипулираме. Размислете, на некој начин ги манипулирате вашите пријатели кога ќе ги убедите да одите во некој нов ресторан. Го манипулирате професорот да ви ја покачи оцената иако сте испуштиле половина семестар. Го манипулирате дури и вашиот партнер кому му носите чоколада и цвеќе по караница. Погледнете ги трите хороскопски знаци кои се најдобри во оваа особина.rn

    1. Скорпија

    rnСкорпијата го претставува најманипулативниот знак во целиот зодијак. Тие се мали итри суштества чиј неочекуван убод може да биде смртоносен. Ова е моќта што ја имаат Скорпиите. Тие имаат внатрешна амбиција која ја чуваат во себе и поминуваат многу време набљудувајќи го нивното опкружување барајќи некоја скриена намера. Во можност се да ги забележат и вашите најслаби страни, знаат што сакате да слушнете и помнат сè што сте кажале. Сето ова во случај информацијата да им биде корисна во иднина.rnrnОна што ги прави уникатно моќни е тоа што Скорпиите можат да гледаат совршено во темница. Тие ги забележуваат важните детали што останатите луѓе се плашат да ги побараат. Оваа особина им дозволува да ги избегнуваат другите. Но кај нив не постои само обид за преземање контрола, туку и обид да ги заштитат своите и интересите на личностите што ги сакаат. Ако имате Скорпија покрај вас, вие сте навистина среќни. Ако сте им застанале на лошата страна, подобро почнете да се извинувате.rn

    2. Рак

    rnМанипулацијата на Раковите потекнува од нивното длабоко, неистражено море со емоции. Овие води не се секогаш мирни. Ракот се чувствува изгубено во нив, без сигурност дека е сакан и ќе ги манипулира луѓето додека не ја добие љубовта. Бидејќи Раковите ретко се директни кога ги кажуваат своите намери, тие ќе се однесуваат тажно додека не ја забележите нивната несреќа. На повеќето луѓе не им веруваат и се како човечки детектори за лаги, па манипулацијата им е омилениот начин за навигација на емоциите. Тоа што сакаат љубов, но се сомневаат во секого што сака да им ја подари им предизвикува многу стрес.rnrnИскрено, Раковите само сакаат да се држат до саканите што е можно поблиску. Имаат многу љубов за давање, можеби најмногу од сите хороскопски знаци, и навистина сакаат да ја споделат. Всушност, за Раковите не е возможно целосно да изгубат некого. Тие ќе мислат на вас со години откако сте престанале да разговарате, прашувајќи се како може да ве сакаат оддалеку.rn

    3. Близнаци

    rnСигурно сте ги слушнале хорор приказните за дволичните Близнаци, кои до некаде се вистинити. Близнаците имаат повеќе лица и го носат она кое најмногу одговара со нивното опкружување. Тие се навистина прилагодливи и можат да се прилагодат на секоја заедница менувајќи се во личност на која сите ќе ѝ веруваат. Исто така, Близнаците се одлични со зборови и составуваат неверојатни реченици кои можеби се, а можеби и не се вистинити. Како и да е, вие ќе им верувате. Близнаците можат да ви продадат врел чај на жежок летен ден.rnrnНо длабоко во себе, Близнаците сакаат да ги направат нештата интересни. Нивните манипулации никогаш не се опасни, освен ако тоа им е целта. Имаат потреба да го остават својот белег во светот дури и ако тоа не е белегот кој требало да го остават. Тие едноставно сакаат шанса да го живеат секој живот што може да се живее и да запознаат луѓе кои се потполно различни од нив.rnrnЗнаете ли кој хороскопски знак носи најмногу среќа?

  • Вешто го крие своето лице: Нема да ви се верува, но овој хороскопски знак има најнежно срце

    Вешто го крие своето лице: Нема да ви се верува, но овој хороскопски знак има најнежно срце

    Можеби Раковите се молчаливи и не дозволуваат никој да влезе во нивниот свет. Можеби Скорпиите се мистериозни, а Рибите емотивни, но сепак, ова е хороскопскиот знак кој има најнежно срце. Тој е организиран критичар и перфекционист. Погодувате за кого се работи? Станува збор за Девица! Без разлика дали Девицата во вашиот живот ви е пријател, партнер или член на семејството, ова се 10-те работи што треба да ги знаете за овој хороскопски знак…rnrnВешто го крие своето лице: Нема да ви се верува, но овој хороскопски знак има најнежно срцеrnrn1. Девиците се многу чувствителни. Бидете внимателни! Тие знаат дека се чувствителни, па затоа даваат сѐ од себе за да ги контролираат своите емоции. Тие потиснуваат многу работи во себе и ќе дознаете што им пречи други тогаш кога ќе „пукнат“. Многу е важно да им дадете сигурност на Девиците за да можат да разговараат за нивните чувства. Ним многу им е важно да ги сослушате. Меѓутоа, подгответе се за следната експлозија, бидејќи Девиците се експерти за криење емоции.rnrn2. Кажувајте го тоа што го мислите, мислете го тоа што го кажувате. Девиците не поднесуваат психички игри и не сакаат претпоставки. Ако мораат да „пробиваат“ за да дознаат што мислите и чувствувате, не само што тоа ќе го сметаат за потполно губење време туку и ќе ве сметаат за незрели. Секогаш бидете искрени, но внимавајте како ќе ја кажете вистината.rnrn3. Ред, работа и уште малку ред. На Девиците им се крева косата кога ќе го чујат изразот „креативен хаос“. Не мора да се обидувате да живеете според нивните стандарди, но барем покажете намера да ги доведете работите во ред.rnrn4. Разгалете ги Девиците (бидејќи тие не го прават тоа за себе). Ретко кој знак им дава толку многу на другите, а се грижи толку малку за себе. Ако мислите дека таа вам ви наметнува невозможни стандарди, имајте на ум дека Девицата е илјада пати построга кон себе. Многу е важно да се обидете да ги разгалите припадниците на овој знак и да се однесувате добро со нив. Девиците никогаш нема да го злоупотребат тоа.rnrn5. Не ја потценувајте нивната интуиција. Токму затоа, секогаш треба да ја зборувате вистината и да бидете искрени. Не само што Девиците веднаш ги препознаваат лажговците, туку и многу ја ценат искреноста. Интуитивната Девица сама ќе ја започне тешката тема ако мисли дека вам ви е незгодно. Но, нема да можете ништо да скриете од неа, дури и ако мислите дека го правите тоа за нејзино добро.rnrnВешто го крие своето лице: Нема да ви се верува, но овој хороскопски знак има најнежно срцеrnrn6. Не ги земајте здраво за готово. Нивната лојалност не познава граници. Тие остануваат покрај пријателите и партнерот без оглед на сѐ. Но, ако помислат дека врската е еднострана, тие ќе ја прекинат. Тогаш ќе биде предоцна, бидејќи пред да направи таков радикален потег, Девицата веќе ви дала не само втора шанса, туку пет!rnrn7. Прифатете го тоа дека се работохоличари. Девиците се многу внимателни, без разлика дали станува збор за работа, врска или хоби. Тие се многу горди на својата прецизност и не ги поднесуваат луѓето кои лошо ја вршат својата работа. Вложувајте труд во врската, бидејќи Девицата ќе ви го возврати тоа дупло повеќе. Навикнете се на тоа дека кај Девиците на прво место е работата, а на второ забавата.rnrn8. Дајте им простор. Девиците се многу дружељубиви и сакаат да бидат меѓу луѓе, но истовремено се и ужасно самостојни. Потребно е да пронајдете рамнотежа помеѓу времето кое го минувате заедно и времето што оставате да го поминат сами.rnrn9. Бидете нивниот најголем обожавател. Ако мислите дека Девицата се однесува критички кон другите, не сакате ни да си замислите какви критериуми си поставува сама на себе. Токму затоа, на Девиците им треба поддршка и човек кој ќе им повторува дека мора да се фокусираат на нивните позитивни страни и успеси.rnrn10. Нека не ве залажува името. Девиците се многу страсни! На почетокот можеби ќе бидат малку воздржани, но откако ќе се почувствуваат сигурни во вашата прегратка, ќе се изненадите од нивната страст.rnrnВо продолжение, прочитајте ги 10-те знаци дека сте апсолутна Девица во хороскоп.

  • Супержени: 8 волшебни особини на бременото тело

    Супержени: 8 волшебни особини на бременото тело

    Иако најчесто се фокусирате на негативностите, како што се заморот, мачнините и проширените вени, сепак вашето бремено тело е нешто навистина волшебно. Способни сте за многу повеќе од она што некогаш сте го сметале за возможно. Па затоа, славете ги своите прекрасни, бремени тела, бидејќи создавањето нов живот е чудесна работа.rnrn1-majki-eve-zoshto-treba-da-ja-slavite-vashata-bremenost-8-volshebni-osobini-na-bremenoto-telo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Расте силата на мозокот

    rnСите сме слушнале за расеаноста која ја следи бременоста. Но, истражувањата покажале дека увидувањето и помнењето на идните мајки се зголемува, како и острината на сетилото за вид и мирис. Размислете за тоа како многу жени во доцната бременост работат со полно работно време, го водат домаќинството и се грижат за постарите деца.rnrnНевролозите кои го воделе истражувањето веруваат дека хормоните во бременоста, особено окситоцинот, се одговорни за поттикнување на работата на мозокот. А, тие промени може да останат и понатаму.rn

    2. Ќе бидете во подобра форма од кога било порано

    rnВо текот на првото тримесечје, волуменот на крвта расте и до 60% за и во матката и до бебето да пристигнува доволно кислород и хранливи состојки. Вашите бели дробови работат прекувремено за да го овозможат тој кислород, што го подобрува нивниот капацитет. Жените кои биле активни пред бременоста велат дека се чувствувале во уште подобра форма откако останале бремени. Најдоброто од сѐ е тоа што некои експерти сметаат дека таа супер форма трае уште осум месеци после породувањето. Оттука е и успехот на новите мајки, како атлетичарката Паула Редклиф, првакот во голф Катрион Матју и тениската ѕвезда Ким Клајстерс.rn

    3. И ќе останете физички посилни

    rnСо поплава од естроген и прогестерон, вашето бремено тело исто така лачи голема количина машки хормони, вклучувајќи го и тестостеронот. Тие хормони ги зајакнуваат вашите мускули. Додајте го на тоа и фактот дека наоколу носите бебе кое расте, постелка и целата таа дополнителна течност. Бременоста е всушност вежба за носење тежина.rnrn2-majki-eve-zoshto-treba-da-ja-slavite-vashata-bremenost-8-volshebni-osobini-na-bremenoto-telo-www.kafepauza.mk_rn

    4. Добивате бесплатен третман за убавина

    rnЗголеменото ниво на хормони, особено естрогенот, го забавува лачењето на маслата и го запира вообичаениот циклус на опаѓање и раст на косата, така што вашата коса ќе изгледа погусто и посјајно од кога било порано. На многу жени им зајакнуваат ноктите, косата им станува побујна, а кожата се прочистува од акните, особено во второто тримесечје.rn

    5. Можете да влијаете врз расположението на вашето бебе

    rnМожете да го усреќите бебето и пред да стигне на овој свет. Смеејќи се, во крвотокот испуштате хемикалии за среќа. Тие минуваат низ постилката, па бебето исто така може да ужива во нив и да се чувствува мирно и опуштено.rn

    6. Вашата матка на крајот ќе биде до 500 пати поголема од својата нормална големина

    rnПред бременоста вашата матка била со големина на круша. Четириесет недели подоцна ќе нарасне до големина на лубеница.rnrn3-majki-eve-zoshto-treba-da-ja-slavite-vashata-bremenost-8-volshebni-osobini-na-bremenoto-telo-www.kafepauza.mk_rn

    7. Би можеле полесно да доживувате оргазми

    rnДополнителната крв и хормоните кои кружат во вашето тело може да предизвикаат отекување на гениталиите и да ја зголемат нивната чувствителност, правејќи ги идните мајки посклони кон сексуалното возбудување. Многу бремени жени велат дека оргазмите им станале посилни и почести. Времето потребно за да се смирите после врвот може доста да се продолжи, особено во последното тримесечје. Ете уште една причина за да се опуштите и да уживате во својата бременост.rn

    8. Ќе заштедите на сметките за греење

    rnКако и на капутите и јакните за трудници. Температурата на телото на трудниците е природно повисока благодарение на составот на греење од бебето, хормоните, зголемениот волумен на крвта и метаболизмот.rnrnДраги трудници, погледнете и во кои луди митови за бременоста не треба да верувате.

  • Дознајте кој хороскопски знак е претставник на моќта, успехот и уживањето!

    Дознајте кој хороскопски знак е претставник на моќта, успехот и уживањето!

    Станува збор за огнен хороскопски знак кој се одликува со космополитски дух, голема желба за патување и високи морални вредности. Јупитер е планетата што владее со овој знак и таа му носи голема среќа. Овој хороскопски знак е вистински претставник на моќта, успехот и уживањето!rnrnДознајте кој хороскопски знак е претставник на моќта, успехот и уживањето!rnrnСекако дека зборуваме за Стрелецот! Припадниците на овој знак се енергични, отворени и незапирливи. Тие не ги почитуваат конвенционалните правила и никогаш не остануваат во врска со партнер кого не го сакаат.rnrnСтрелците се авантуристи без постојана адреса. Тие се светски патници и истражувачи, љубовници, патописци, спортисти и дипломати. Ги привлекува сето она што го возвишува духот и му годи на телото. Тие се вистински хедонисти со голем апетит. Сакаат да пробуваат и да учат нови работи.rnrnБез многу размислување се впуштаат во нови љубовни авантури, опасни спортски подвизи и ризични бизниси. Сакаат да се коцкаат. Можат да стават на коцка сѐ што имаат за само една секунда.rnrnВо комуникацијата, тие се многу отворени, а понекогаш и премногу директни. Го кажуваат она што прво ќе им падне на памет, поставуваат прашања за сите работи што ги интересираат, а понекогаш детинесто и наивно зборуваат за нивните планови. Генерално се искрени и чесни, па затоа мислат дека и сите останати се такви.rnrnМногу се великодушни и воопшто не ги штедат парите. Стрелците го обожаваат луксузот, прославите, свеченостите и друштвените собири. Сакаат да бидат во центарот на случувањата. Припадниците на овој знак секогаш се јавуваат први како доброволци кога треба да се проба нешто или да му се помогне некому.rnrnГи привлекува сето она што е поинакво: Други земји, обичаи, култури, јазици, а особено егзотичните предели. Уживаат во патувањата, не ги сакаат здодевните професии, ги нервираат малограѓанските форми на однесување и луѓето кои озборуваат. Најмногу од сѐ мразат кога некој ќе им ја ограничи слободата и ќе им нареди да направат нешто или да останат некаде. Стрелците сакаат да бидат слободни како птици во лет. Тие сакаат да одлетаат некаде далеку, да видат сѐ и сешто и да им раскажуваат за тоа на другите.rnrnСтрелците имаат млад дух, убав физички изглед и спортска градба. Тие ги обожаваат благородните спортови, така што најмногу уживаат кога играат тенис. Стрелците се префинети аристократи, а понекогаш и бунтовници. Ја почитуваат традицијата, но сепак одат по својот пат. Тие имаат силна интуиција, па затоа би можеле да станат успешни астролози и пророци.rnrnМногу често освојуваат големи награди, медали и воени заслуги, благодарение на нивната владејачка планета, Јупитер. Не постои сомнеж дека Стрелецот е најмоќниот и најуспешниот знак во зодијакот!rnrnДознајте и зошто Стрелецот е најголемиот визионер меѓу хороскопските знаци.

  • Силните луѓе позитивно влијаат на другите дури и тогаш кога самите минуваат низ бурен период

    Силните луѓе позитивно влијаат на другите дури и тогаш кога самите минуваат низ бурен период

    На силните луѓе не им оди секогаш сѐ од рака, ама се обидуваат да ги држат работите под контрола. Тоа се луѓе кои поминале низ многу разочарувања, но не дозволиле тие да ги скршат, туку да им помогнат да ја согледаат вистината.rnrnСилните луѓе позитивно влијаат на другите дури и тогаш кога самите минуваат низ бурен периодrnrnСилните луѓе не се откажуваат од она за коешто секој ден размислуваат. Кога ќе наидат на пречки на патот, тие бараат решение. Тие сфатиле дека болката предизвикана од каењето е посилна од болката предизвикана од напорната работа. Токму затоа, тие даваат сѐ од себе за да ги остварат своите цели.rnrnСилните луѓе можат да ги направат другите среќни дури и тогаш кога самите минуваат низ бурен период. Тие знаат дека светот не се врти околу нив. Кога се уморни, тие бараат одмор, а не излез од ситуацијата. Тие научиле дека не треба да се занимаваат со туѓите животи, бидејќи и онака се презафатени со сопствениот живот.rnrnСилните луѓе многупати чуле од другите дека тоа што сакаат да го направат е невозможно. Но, тие знаат дека постојат многу поединци околу нив кои се ограничени и не дозволуваат туѓите ограничувања да влијаат на нив.rnrnСилните луѓе знаат дека ако стравот е посилен од желбата, тогаш ќе мора да посакаат малку посилно. Тие знаат дека многу проблеми во животот можат да бидат решени доколку отворено се разговара за нив, наместо да се потиснуваат емоциите во себе.rnrnСилните луѓе имаат многу лузни, но продолжуваат да живеат понатаму како ништо да не било. Тие секој ден ги прифаќаат промените, бидејќи знаат дека подобро е да се менуваат отколку подоцна да се каат поради тоа што ништо не им се случувало.rnrnСилните луѓе не се ослободуваат само од лошите поединци, туку и од лошите навики што ги стекнале. Силните луѓе не се толку посебни. Тие се обични луѓе кои се посветени на своите цели и улоги. Тие преку дела ќе ви го покажат она што другите ви го покажуваат преку зборови.rnrnСилните луѓе ја разбираат суровоста на животот, но тоа не ги спречува да бидат позитивни и да се однесуваат онака како што се чувствуваат. Силните луѓе се толку едноставни што сета нивна сила не е ништо друго освен последица на нивната едноставност.rnrnПрочитајте ги и следниве 8 карактеристики што ги одликуваат моќните луѓе.