Дали сметате дека не припаѓате на оваа планета? Секако дека физички сте родени тука, но вашата душа како да дошла од некое друго место. Тоа можеби е така затоа што сте ѕвездена душа. Ѕвездените души постојат поради многу посебна причина и имаат благородна мисија што треба да ја исполнат за време на нивниот живот.rnrn
rnrnДушите на овие луѓе се многу понапредни од душите на останатите. Тие поминале низ многу работи и проживеале повеќе животи, па затоа се исполнети со многу конфликти. Ѕвездените души се луѓе кои секогаш ја зборуваат и бараат вистината. Тие во себе носат важна порака што треба да му ја пренесат на светот. Тие го доживуваат животот на комплетно поинаков начин за разлика од другите луѓе и ги гледаат работите во посебно светло. Иако сакаат да се вклопат, не можат да го сторат тоа.rnrnЅвездените луѓе имаат благородни карактеристики што другите не можат ни да ги дефинираат. Тие се прекрасни, но светот не ги разбира. Имаат длабоки чувства на емпатија за планетата и сите суштества што живеат на неа, а тоа си има свои предности, но и свои слабости.rnrnДоколку се пронајдовте во овој опис, сигурно не ви е лесно да живеете на овој свет. Можеби понекогаш се чувствувате како да сте доживеале бродолом и немате каде да одите. Не можете да го најдете вашиот дом. Вашата душа многу долго патувала низ универзумот за да стигне таму каде што е сега. Иако работите не ви се баш најјасни во моментов, ќе ви се разјаснат во иднина.rnrnКако ѕвездена душа, имате можност корисно да го трошите вашето време. Ќе се поврзете со другите луѓе и ќе го претворите светот во подобро место за живеење. Можеби ќе ви се чини дека другите ве осудуваат и дека ништо нема смисла, но тоа е така затоа што не ја гледате големата слика. Бидете свои и сѐ ќе си дојде на свое место. Вашата свест е на космичко ниво и тоа треба да ви биде доволно.rnrnАко се чувствувате како да не припаѓате никаде, не трошете време на тоа. Вашата цел е многу поголема. Можеби ви се чини дека целиот свет се свртел против вас, но работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Останете доследни на себе и претворете го местово во ваш дом. Нема ништо лошо во тоа да се биде „отпадник“ и треба да знаете дека не сте сами, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Ѕвездените души се насекаде околу вас и ќе успеете да ги најдете само ако престанете да се претворате во нешто што не сте.rnrnНе им е на сите судено да се вклопуваат во општествените рамки. Светов не е црно-бел. Осмелете се да бидете виножито!rnrnДоколку ви е тешко да си го најдете своето место на светов, прочитајте зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите.
Tag: особини
-

Дали се чувствувате како да не припаѓате никаде? Можеби сте ѕвездена душа!
-

Сè што треба да знаете и да разберете за Ракот во вашиот живот
Раковите се стари души. Многу често луѓето со овој знак се премногу емоционални бидејќи секогаш ги чувствуваат работите подлабоко од другите. Сепак, Раковите умешно ја кријат оваа длабочина. Тие ги затвораат своите срца со цел да се заштитат од повреда. Раковите се нежни и чувствителни. Дури и најмалите работи ги сфаќаат сериозно бидејќи нивното срце е многу големо, но и кршливо. Раковите можат да бидат и многу агресивни. Тие точно знаат како да го добијат она што го сакаат, баш тогаш кога сакаат.rnrn
rnrnРаковите се интуитивни. Тие ја користат нивната интуиција и многу лесно ги читаат другите. Овие луѓе се и многу свесни за себе. Можеби се различни од повеќето, но ним им е јасно дека не се создадени за да припаѓаат секаде. Тие сакаат да го живеат животот според нивни правила, и воопшто не им е грижа што ќе помислат другите. Раковите се луѓе кои ја сакаат својата приватност. Тие го живеат животот „зад завесата“ наместо да бидат во центарот на вниманието. За многумина Раковите се навистина мистериозни, па на луѓето им е тешко да разберат што се врти низ нивната глава. Оваа мистериозност може да биде примамлива за другите, па Раковите на овој начин привлекуваат.rnrnРаковите никогаш не ги оставаат работите до половина. Кога љубат тоа е страсно и длабоко. Секогаш го очекуваат истото и од партнерот. Кога се во врска, Раковите можат да бидат навистина интензивни и страсни партнери. Понекогаш им е навистина тешко да пронајдат некој со кого можат да се поврзат и ментално и физички. Причината за ова е тоа што Раковите бараат длабока конекција, нешто што повеќето луѓе не можат да им го овозможат. Раковите не се заинтересирани за кратки врски, туку тие бараат интимност и блискост кои доаѓаат со долгогодишна посветеност. Ним не им е проблем да бидат сами, па не брзаат кога избираат партнер. Штом ќе ја пронајдат вистинската личност, тие вложуваат сè во врската. Раковите се плашат од одбивање. Поради нивната природа тие се премногу чувствителни, па нивното големо срце ретко кога е исполнето. Постојано се грижат дека никогаш нема да ја пронајдат вистинската личност за нив.rnrnРаковите се во допир со своето срце и со топлината која зрачи од него. Секогаш се обидуваат да го видат доброто во луѓето околу нив, а ова понекогаш им предизвикува проблеми. Раковите се многу ранливи и го отвораат своето грижливо срце за секој кој има потреба од тоа. Овие луѓе се навистина неспоредливи. Тие се добри, страсни и се неверојатна комбинација од оган и мраз.rnrnПогледнете ги и фактите кои ќе ги разберат само Раковите. -

Предизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!
Ја нарекуваат „опасна“ и страсна. Некои дури и се плашат од неа, па велат дека уништува сѐ што ќе допре. Но, реалноста е многу поинаква. Еднаш кога ќе ја запознаете, нема да можете да престанете да ѝ се восхитувате на жената родена во овој знак.rnrn
rnrnСтанува збор за единствената Скорпија! Ова е месецот на Скорпиите, така што вреди да им се посвети посебно внимание. Во продолжение, дознајте кои се најсилните страни на жената Скорпија…rnЛојалност
rnОва е една од клучните особини на жените родени во знакот Скорпија. Без разлика дали се работи за нивните пријатели или за партнерот, тие многу добро знаат колку е важна лојалноста за опстанокот на врската. Слободно можете слепо да им верувате на Скорпиите. Тие не веруваат во лажни ветувања и лојални се до самиот крај!rn
Независност
rnНа жените родени во овој знак не им треба човек кој постојано ќе се грижи за нив и ќе ги чува. Можеби ви делуваат мали и тивки како глувчиња, но тие се всушност силни и храбри како лавици. Токму поради тие карактеристики, Скорпиите можат да се грижат сами за себе. Тие ја обожуваат својата слобода и мразат кога некој им кажува што да прават. Припадничките на овој знак ги прават работите што сметаат дека се правилни и никогаш не ги слушаат другите.rn
Остроумна моќ за набљудување
rnЖените родени во овој знак се остроумни набљудувачи. Тие секогаш ги разгледуваат најситните детали кога станува збор за некој проблем или личност и никогаш ништо не може да им побегне. Скорпиите ги воочуваат работите кои другите луѓе не можат да ги видат. Благодарение на таквите способности, овие жени многу добро знаат да ги проценуваат работите и ситуациите.rn
Одлучност и непоколебливост
rnЖените родени во знакот Скорпија се одлучни, некршливи и непоколебливи. Тие многу добро знаат што сакаат и секогаш работат на остварувањето на нивните цели. Сѐ друго оставаат на страна, додека не го остварат она што го „зацртале“. Ништо не може да им застане на патот!rnrn
rnНеспоредлива страст
rnВреди да се напише книга за страста на жената Скорпија. Кога припадничките на овој знак љубат, подготвени се да сторат сѐ за да ги направат саканите среќни и задоволни. Од друга страна, пак, кога не сакаат некого, можат да направат сѐ за да му го загорчат животот. Тие секогаш одат до екстремни граници. Без разлика дали станува збор за образование, кариера или хоби, Скорпиите дејствуваат со огромна страст и жар.rn
Амбициозност
rnТие секогаш „коваат“ планови за да ги достигнат највисоките ѕвезди. Тоа не значи дека не стојат цврсто на земја, туку дека се многу амбициозни и дека веруваат во своите соништа. Скорпиите се сосема свесни дека ги поседуваат вештините што им се потребни за го добијат она што го сакаат.rn
Интуитивна моќ
rnКој не би сакал да има моќна интуиција? Меѓутоа, ретки се луѓето што ја поседуваат оваа дарба. Скорпиите се природно благословени со оваа корисна особина. Нивните емоции се длабоки и имаат големо разбирање за другите луѓе. Тие се експерти кога станува збор за „предвидување“ идни настани. Како резултат на тоа, никогаш нема да можете да ги фатите жените Скорпии неподготвени.rn
Мудро донесување одлуки
rnСите знаеме колку е важно да се донесуваат вистински одлуки во вистинско време. Меѓутоа, честопати заглавуваме во мрежата на проблемите што се јавуваат како последица од донесувањето избрзани или глупави одлуки. Тука Скорпиите се издвојуваат од останатите. Тие се познати по нивната моќ за мудро одлучување. Жените родени во овој знак внимателно ги набљудуваат и анализираат сите ситуации пред да го направат првиот чекор. Благодарение на тоа, повеќето нивни одлуки се вредни за пофалба.rn
Мистериозна и интересна природа
rnНема да можете да ги прочитате жените Скорпии како отворени книги, без разлика колку се трудите. Дури и да ги познавате многу долго време, секогаш ќе дознавате по нешто ново за нивниот карактер. Скорпиите се многу мистериозни, што ги прави уште поинтересни и повозбудливи.rnrnПрочитајте ги и следниве 17 причини зошто (не) ги сакаме Скорпиите.
-

10 работи за кои не ви е потребен талент, а ве прават неверојатни
Секој од нас е човек и си има свои недостатоци. Некои луѓе се попаметни, некои се повредни, а некои пак имаат талент за нешто. Сепак, следниве 10 работи не бараат никаков талент, а сигурно ќе ве направат многу подобра и неверојатна личност.rnrn
rn1. Пристигнување на време
rnСо ова вие покажувате дисциплина, организација и подготвеност. Пристигнувањето на време, на долгорочен план ви овозможува повеќе слободно време и ќе почнете да се чувствувате добро за вашиот успех, како и повеќе да се почитувате.rn
2. Работна етика
rnВажно е да имате силна работна етика за да ги завршите работите дури и кога не сакате да го правите тоа. Секој од нас е човек, но оние кои постигнуваат неверојатни успеси можат да се изборат со мрзливоста и го трансформираат нивниот живот. Ако го дадете најдоброто од себе во овој момент, самите си создавате неверојатни можности.rn
3. Труд
rnОбидете се да давате 100% во сè што работите. Потребен е труд за животот што го сакате. Не мора да бидете најталентирани, најбогати, најбрзи или најпаметни, потребно е само да се трудите. Не очекувајте промена ако не ја направите вие.rn
4. Говор на телото
rnГоворот на телото е комуникација без зборови. Вашиот говор на телото открива за вас многу повеќе отколку што мислите. Кога вашето тело дава знаци дека сте самоуверени, тоа ќе направи разлика поради која ќе се чувствувате подобро, а другите ќе го забележат тоа.rn
5. Енергија
rnБидете енергијата што сакате да ја привлечете. Луѓето можеби ќе заборават што сте рекле, што сте направиле, но тие никогаш нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат.rn
6. Однесување
rnДоброто однесување може да биде клучно за вашиот успех. Сепак, однесувањето е избор. Доброто однесување станува добар ден, кој станува добар месец, кој станува добра година, која пак станува добар живот.rn
7. Страст
rnБидете страсни, љубопитни, откријте ги вашите интереси и истражувајте за работи кои ве возбудуваат. Користете визуализација за да се замислите возбудени и страсни. Страста е заразна. Неверојатно е да се биде околу луѓе кои имаат неверојатна страст кон животот.rn
8. Побарајте помош
rnКога ви е потребна помош, немојте да се плашите да ја побарате. Немојте да сметате дека знаете сè и дека сте премногу добри за да учите. Сите ние сме луѓе и понекогаш ни е потребна помош која ќе нè одведе во правилната насока. Бидете доволно паметни да знаете кога ви е потребна помош, и доволно храбри да ја побарате во тие моменти.rn
9. Правете повеќе
rnБез разлика дали е во прашање вашата работа или врската, секогаш давајте и правете повеќе. Дури и на почетокот ако ви изгледа дека вие работите повеќе, со текот на време доброто ќе ви се врати. Покрај тоа, кога повеќе се трудите ќе се чувствувате многу подобро.rn
10. Подготвеност
rnСамодовербата доаѓа од подготвеноста. Кога сте подготвени вие давате сè од себе. Колку е поголема подготовката, толку се поголеми шансите за успех. Подготовката ви дава контрола над вашата судбина.
-

Чудесни и свои: Жените родени во овој хороскопски знак се секогаш чекор пред сите
Чудесни, непредвидливи, слободоумни, мирољубиви, откачени, ексцентрични, искрени, забавни и оригинални – сите овие зборови ги опишуваат припадничките на овој хороскопски знак. Па, за која мистериозна дама се работи?rnrn
rnrnСекако дека за Водолијата! Жените Водолии се интелигентни, женствени и нежни, но на свој посебен начин. Никогаш не обидувајте се да им наметнете строги правила и не очекувајте да го прават она што не им е по волја. Тие секогаш ќе останат оригинални и свои.rnrnЖените Водолии се привлечни, затоа што се спонтани и непредвидливи. Не важат стереотипите за нив и никогаш не се вклопуваат во општествените правила и норми. Освен тоа, тие се многу хумани и нивното големо срце е секогаш подготвено да помогне, без разлика дали станува збор за финансиска, емотивна или некаков друг тип помош. Сакаат да напредуваат, но им пречат промените на лично ниво. Многу се поврзани со нивното минато и спомените кои ги чуваат како најголемо богатство.rnКако ќе препознаете жена родена во знакот Водолија?
rnТоа нема да ви биде никаков проблем, бидејќи Водолиите со нивниот надворешен изглед веднаш ќе ви дадат до знаење дека не сакаат слепо да ги следат трендовите. Тоа не значи дека не се модерни, туку дека секогаш го дополнуваат нивниот изглед со детали кои им помагаат да се издвојат од толпата. На нив можете да видите откачен шешир, необичен шал или уникатна тетоважа на посебно место.rnrnВодолиите имаат суптилна насмевка, спуштени очи, привлечен мал нос, силна вилица, дупчиња на образите, мека кожа, густа коса и грациозен став. Не ја негуваат нивната женственост во целост, дури понекогаш знаат да заличат на момчиња, но нивниот андроген изглед ги прави уште поуникатни. Обично се витки и високи иако вратот може да им биде пократок и поширок. Нивните очи зрачат, но честопати имаат сериозен израз на лицето. Гласот им е чист и артикулиран. Меѓутоа, без оглед на тоа како изгледаат однадвор, жените Водолии секогаш се задоволни и уживаат.rnrn
rnrnВодолиите се препознатливи по нивните драстични промени во стилот. Еден ден ќе ги видите со светло розова коса и ќе носат ексцентричен накит, како на пример пирсинг на лице, а веќе наредниот ден ќе се облечат во сериозно деловно одело и косата повторно ќе им биде во нормална боја. Добро им стојат парчиња облека што навидум не можат да се спојат во комбинација. Во нивниот орман секогаш ќе најдете авангардни парчиња, а фризурите што ги претпочитаат честопати се шик и неконвенционални.rnrnНајдобро им стојат светли и весели бои, како на пример морско сина, тиркизна, јако розова и смарагдно зелена. Водолиите секогаш купуваат брендови кои не ги тестираат производите на животни, а понекогаш се обидуваат сами да си ја произведат шминката и козметиката.rnrnКога одат во шопинг, никогаш не прават листа на работи што треба да ги купат, туку го купуваат тоа што ќе им фати око. Тие не ги сакаат големите шопинг центри, туку малите локални дуќани во кои можат да најдат винтиџ парчиња и да направат уникатни модни комбинации. Со задоволство одат на шопинг со другарките, но тоа го прават за да поминат време во добро друштво, а не за да купат нешто.rnНезависноста на жените Водолии
rnВистинската независност на жените Водолии ќе ја видите дури откако ќе ги запознаете малку подобро. Тешко дека ќе најдете толку искрено пријателство со другите хороскопски знаци. Ако не им се допаѓате, веднаш ќе ви го дадат тоа до знаење, но доколку ве засакаат, ќе стекнете пријател кој секогаш ќе биде тука за вас, без оглед на сѐ. На мажите кои сакаат да го освојат срцето на Водолиите ќе им препорачаме да заборават на излитените фрази што секогаш „палат“. Припадничките на овој знак се интелигентни и проникливи, па нивниот аналитички ум веднаш ќе ги препознае лагите што сакате да им ги наметнете. Најдобро би било уште од самиот почеток да бидете искрени и да настапите со отворено срце.rnrn
rnЉубовниот живот на жените Водолии
rnЉубовните врски со жените родени во овој знак речиси никогаш не се како лесна пловидба по мирно езеро, туку најчесто се како борба со речни вртлози. Брзо им здосадуваат монотонијата и рутината, па затоа секогаш предлагаат нови работи и предизвици. Фантазирате за бескрајно мирни вечери пред телевизискиот екран? Во тој случај, најдобро би ви било да си побарате партнерка на друго место.rnrnЖените Водолиите се верни и искрени во љубовта иако тоа нема да го нагласуваат со лигавење и нема да глумат нежни принцези. Запомнете дека тие многу ја ценат својата слобода и секогаш ќе настојуваат да задржат барем дел од времето или просторот за себе, а истата слобода им ја даваат и на нивните партнери. Сепак, немојте нивната слободоумност да ја сфатите како зелено светло за екскурзии на страна, бидејќи Водолиите ги ценат традиционалните вредности и покрај тоа што се неконвенционални.rnrnИдеални партнери за Водолиите се Вага, Близнаци, Стрелец и Овен. Дајте им доволно интелектуална стимулација и дозволете им да се почувствуваат слободни, а тие ќе ви возвратат со страст и верност. Не е лесно да се биде со жена Водолија, но дефинитивно се исплати на крајот!rn
Жените Водолии и пријателството
rnДодека се шетаат, Водолиите многу често застануваат за да се поздрават со луѓето кои ги познаваат. Токму затоа, можеби ќе ви делува дека ним сите им се пријатели, но всушност се работи за познајници и драги луѓе кои ги сакаат, бидејќи Водолиите со сите остануваат во добри односи. Пријателите кои ќе успеат доволно да им се приближат се во многу мал број и можат да се избројат на рака. Водолиите се малку резервирани кога се работи за нивните чувства, па затоа имаат многу тесен круг на вистински пријатели.rnrnПрипадничките на овој знак се великодушни и пожртвувани за нивните пријатели. Водолиите другаруваат со оние кои ја делат нивната љубов кон независноста и интелектуалните богатства. Бидете среќни доколку имате Водолија во вашиот живот, бидејќи таа секогаш ќе знае да ви ги каже вистинските зборови и да ве утеши. Водолиите се навистина единствени, зар не?rnrnПрочитајте ги и следниве 10 работи што треба да ги знаете за Водолиите во вашиот живот.
-

6 знаци дека поседувате голема харизма, а луѓето околу вас ја гледаат како закана
Одредени особини откриваат дали имате силен авторитет и влијание на другите луѓе, а со самото тоа и одлични предиспозиции да станете лидер. Секако, тоа може да разбуди љубомора во другите луѓе. Доколку ги имате овие шест особини, тогаш за вас може да се каже дека сте многу харизматични. Станува збор за квалитети кои се добри и пожелни, но може да им пречат на другите луѓе, бидејќи знаат да се почувствуваат загрозено или едноставно се љубоморни.rnrn
rn1. Отворено зборувате за своите чувства
rnНе ви е потребно многу време за да се отворите пред новите луѓе. Не сте склони да го разубавувате она што го чувствувате и сте многу искрени, а некои луѓе не го сакаат тоа. Тоа што некој ќе знае како навистина се чувствувате не ви дава преголеми грижи. Не се грижите што ќе мислат луѓето за некои ваши зборови или потези, ниту ви е грижа што подоцна ќе мислат за вас.rn
2. Искрено се грижите за сѐ
rnКај вас не постои средина – кога ќе се појави искра за нешто, ќе го завршите како што е потребно или воопшто нема ни да започнете. Кога ќе почувствувате страст за нешто, ќе се борите со сите сили, без разлика на сѐ. Вие не правите ништо половично.rnrn
rn3. Вие сте немилосрден борец
rnАко започнете расправија со некого, тоа може да стане борба до смрт. Меѓутоа, за разлика од многу луѓе, интензитетот на таа борба не секогаш ја покажувате како чиста, неконтролирана агресија. Вие ги пресметувате ризиците и добро ја проценувате ситуацијата пред почетокот на војната, а тоа ви дава предност. На многумина тоа им пречи, бидејќи знаат дека сте подобри и имате повеќе шанси за победа.rn
4. Вашите зборови се силни и уверливи
rnВие никогаш не зборувате нешто во кое не верувате цврсто. Вие сте одличен говорник и вашите зборови имаат тежина која делува на другите како магнет. За вас може да се каже дека воопшто нема да ја отворите устата доколку од неа не излезе нешто со полна самодоверба. Во некои луѓе тоа предизвикува чувство на љубомора, бидејќи ги немаат тие способности, додека вие го правите тоа со леснотија.rnrn
rn5. Вие сте искрени и чесни
rnДиректни сте и никако не сакате да го трошите вашето време на глупости, а тоа е она што им пречи на многумина. Кога ќе кажете нешто, вие цврсто верувате во тоа, без разлика дали е позитивно или негативно. Чесни сте и многу едноставни.rn
6. Уживате во длабоки разговори
rnТаканаречените мали разговор, на пример за временската прогноза или вчерашниот натпревар, за вас се едноставно досадни, како и озборувањето на другите луѓе. Вие ги сакате разговорите кои имаат длабочина и после кои се чувствувате исполнето. Уживате во интелигентните дебати, во разговорите за филозофија, психологија, духовност, уметност и слично.rnrnОвие особини се навистина важни, па затоа погледнете како да ја ослободите вашата харизма.
-

Нивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебни
Што е најпривлечно за мажите? Најчестиот одговор би бил: Женската убавина и сензуалност. Постојат безброј обиди да се долови енигмата на жената во песни, сонети, уметнички слики и скулптури, но ретко кога може да се отслика нејзината вистинска суштина.rnrn
rn„Убавината е вистина, вистината е убавина – тоа е сѐ што знаеме на Земјата и сѐ што ни треба да знаеме.“ – Џон Китс
rnМагијата на убавината постојано ги освојува срцата на мажите, а копнежот по непознатото ги тера да скршнат од својот пат. Желбата да го добијат недостижното е како дрога за нив. Но, шармот на одреден хороскопски знак отсекогаш имал најголемо влијание на мажите. Припадничките на тој знак се необјасниво привлечни, како магнети.rnrnСтанува збор за Рибите. Тие можат слободно да се споредат со божици и неретко им се припишува епитетот „совршени“. Жените родени во овој знак имаат посебни моќи. Сите ваши ѕидови и маски ќе паднат пред нив. Тие можат да продрат во вашата душа и токму тоа ги прави посебни. Па, зошто женските Риби се толку неверојатни?rn
Имаат романтична душа
rn
„Суштината на секоја љубов е несигурноста.“ – Оскар Вајлд
rnНевозможно е да се проучуваат Рибите. Тие се мистериозни и интересни. Можете да си мислите дека ги познавате, но вие ја знаете само идејата за нив. Знаете дека се убави и привлечни. Дури и наједноставните работи што ги прават, содржат во себе одредена доза на непредвидливост. Тие одеднаш можат да ве фатат за рака во јавност или да ве оттурнат од себе, начинот на кој си играат со косата ќе ви го одземе здивот, ритамот на нивниот од ќе ве воодушеви. Кај нив ништо не изгледа обично. Не мора да кажат ништо за да ве освојат, самите нејзини заводливи дела ќе ве излудат.rnrnИако претпочитаат сериозни и долги врски, не им пречи одвреме-навреме да се впуштат во љубовна авантура. Рибите копнеат по романтична љубов што го прободува срцето. Ги привлекуваат силни и добро градени мажи. Имаат слободен дух, па затоа со сигурност ќе ги изгубите доколку се обидете да ги скротите. Тие се грациозни и не можат да бидат затворени во кафез од рутини и правила. Нивната неограничена слобода е тоа што ги прави посебни.rn
Нивната љубов предизвикува зависност
rn
„Љубовта која не поставува прашања, љубовта која ги поминува сите тестовиrnrnКоја лежи на олтарот на најдрагите и најдобрите;rnrnЉубовта која никогаш не се двоуми, љубовта која ја плаќа ценатаrnrnЉубовта која бестрашно ја прави конечната жртва.“rnrn- Сер Сесил Спринг Рајс
rnИако горенаведениот текст е дел од патриотска песна, сигурно помислата на таква посветена љубов ви предизвикува возбуда. Не постои човек кој не саката да доживее безгранична љубов што може да спои две души во една, љубов што секогаш победува. Можеби си мислите дека ваквите идеалистички идеи се резултат на бројните романи и песни напишани од страна на романтични души. Тоа значи дека не сте ја почувствувале љубовта на жената родена во знакот Риби.rnrn
rnrnВладејачка планета на најженствениот знак во зодијакот е планетата Нептун која им дава женствена енергија на Рибите. Нивната љубов е многу интензивна. Дури и да заминете по различни патишта, нејзиното отсутно присуство засекогаш ќе остане во вашиот ум.rn„Таа е водаrnrnдоволно нежнаrnrnза да понуди животrnrnдоволно цврстаrnrnза да го потопи.“rnrn- Рупи Каур
rnНивната љубов е како слатка горчина. Можеби ќе си помислите дека никогаш нема да им простите поради тоа што ве повредиле, но доволно е само да погледнете во нивните длабоки очи и да заборавите на целиот свет.rn
Не се материјалисти
rnЧестопати ја слушаме изреката „Најдобрите нешта во животот се бесплатни“, но и покрај тоа ретко кога можеме да им одолееме на материјалните богатства. Последниот знак во зодијакот, Рибите, е најнапреден. Ним природно им доаѓа спиритуалноста. Нивната свест е на толку високо ниво што можат да ги ценат најскапоцените духовни богатства кои ги нуди животот. Спиритуалноста подразбира потрага по среќа однатре и наоѓање внатрешен мир.rnrnЖените родени во знакот Риби живеат и љубат со голема страст. Не се каат за ништо и живеат со полни гради. Астролозите веруваат дека Рибите ги поврзуваат и соединуваат сите различни карактеристики на останатите 11 хороскопски знаци и дека имаат остро 6-то сетило. Нема да можете да ги измамите Рибите. Освен тоа, тие обожуваат да бидат во центар на вниманието. Жените Риби се забавни, грижливи, романтични и чувствителни. Сакаат кога некој им угодува, па затоа носете ги на убави љубовни состаноци и опсипувајте ги со љубов и внимание.rn
Имаат слободен дух
rn
„Можеби некои жени не може да бидат скротени. Можеби треба да трчаат слободно додека не најдат некој кој е исто толку див за да трча со нив.“ – Кендис Бушнел
rnОва е описот што најмногу им одговара на Рибите. Припадничките на овој знак се полни со разбирање и мудрост. Тие можат да љубат без да очекуваат ништо за возврат, да знаат без детални објаснувања и да даваат без да поставуваат никакви услови. Токму затоа, тие се неверојатно привлечни. Нивниот дух е слободен и не може да биде покорен.rnrnВо продолжение, откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби.
-

Хороскопот открива што најмногу сакате кај себе
Секој знак го карактеризираат одредени квалитети, особини и начини на кои се заљубува. Без разлика дали верувате во астрологијата или таа ви служи само за забава, нема да згрешите доколку со нејзина помош се обидете да дознаете што најмногу сакате и цените кај себе.rnrn
rnОвен
rnВие кај себе го обожавате тоа што во сѐ мора да бидете први и најдобри. Не ви недостига самодоверба, доминирате и не се плашите да ги наметнете вашите ставови.rn
Бик
rnКај себе ја цените и ја сакате вашата зрелост. Незрелоста ве полудува како и тоа кога некој се однесува разгалено, како дете од градинка.rn
Близнаци
rnСакате сите работи да ги дознаете први, ве убива љубопитноста и кога некој крие нешто од вас. Сакате да бидете мирудија во секоја манџа и се фалите со тоа. Исто така, кај себе сакате што сте лојална личност и што знаете како да чувате тајни.rnrn
rnРак
rnГо сакате тоа што знаете како да сочувствувате со другите. И ви се допаѓа тоа што многумина мислат дека е лесно да ве излажат, а всушност вие сте тие кои ги излажале нив дека сте слатки и наивни, а вистината е дека сте многу досетливи.rn
Лав
rnКратко и јасно – вие сте Лав и кај себе ја обожавате огромната количина на сигурност со која располагате.rn
Девица
rnРодени сте да бидете лидер и да командувате со сите. Од вас треперат и најсилните. Вие сте освојувачи и предизвикувате восхитување каде и да се појавите. Тешко на оној кој ќе ви застане на патот. Кај себе најмногу го сакате тоа што од вас не постои никој подобар и попаметен.rnrn
rnВага
rnОна што најмногу го сакате кај себе е тоа што сте фер и чесна личност. Ако некој не го красат овие особини, тогаш тој е вашиот најголем непријател.rn
Скорпија
rnКога сакате некого, вие го сакате до срж. Без разлика дали станува збор за момче, девојка или пријател. Тоа и најмногу го цените кај себе.rn
Стрелец
rnВие сте авантурист, саката забава и добра журка, но вашиот заштитен знак е спонтаноста. Не сакате да планирате и живеете од денес за утре. Го сакате тоа што не се врзувате претерано за луѓе и предмети.rnrn
rnЈарец
rnЈа сакате практичноста и сакате да знаете на што сте. Лошо е кога некој ќе ве излаже или изневери, бидејќи тогаш ќе се создаде хаос. Кај себе најмногу го сакате тоа што сте директни и секогаш искрени.rn
Водолија
rnОна што бескрајно го цените кај себе е тоа што сте оригинални и поразлични од сите. Вистински уникати!rn
Риби
rnЕмпатијата е вашата заштитна карактеристика. Тоа што сте смирена и разумна личност е она што го сакате најмногу кај себе.rnrnПогледнете дали особината која најмногу ја сакате кај себе е истата поради која луѓето најчесто ви љубоморат.
-

Психолозите откриваат: Спаѓате во најретката група луѓе доколку имате барем една од овие особини!
Карактерот INFJ (Introverted intuitive Feeling Judging) е исклучително редок, а само 2% од луѓето во светот може да се пофалат со таа посебна комбинација на особини кои резултираат со многу интуитивни, емотивни и силни луѓе, способни за постигнување големи работи во животот. Ако некогаш сте се чувствувале како да не припаѓате во вашата околина или како никој да не ве разбира, постои голема шанса дека сте INFJ тип на личност. Во продолжение следуваат карактеристиките што ги красат овие ретки и прекрасни луѓе.rnrn
rn1. Сакате да пишувате
rnОвие луѓе обожаваат да пишуваат, бидејќи во друштвото не сакаат да ги покажуваат своите чувства и мисли. Интровертни се и не сакаат голема интеракција со другите луѓе, па поголемиот дел од своите чувства и мисли со задоволство ги запишуваат.rn
2. Сочувствителни се
rnЕмпатијата е способност за лесно споредување и поврзување со чувствата на другите. Токму заради оваа особина луѓето сакаат да ви се доверуваат и вие ќе бидете првите на кои ќе им се јават кога ќе се сретнат со некој проблем.rnrn
rn3. Контрадикторни сте
rnЧесто сте контрадикторни, а вашето расположение се менува интензивно и брзо. Во еден момент се смеете, а во друг ви леат солзи и не можете да ги сопрете.rn
4. Лесно поврзувате и создавате целини
rnИмате фантастична способност за препознавање на примерите и брзо и едноставно ги спојувате сите точки за да дојдете до заклучокот.rn
5. Вие сте трудољубив работник
rnВерувате дека трудољубивата работа е вистинскиот чекор кон остварување на целите. На работата секогаш ѝ приоѓате со ентузијазам и не се плашите од предизвици.rnrn
rn6. Интуитивни сте
rnЦелосно се потпирате на вашата интуиција. Верувате дека во животот ве води нешто поголемо од вас и дека ве насочува кон добри одлуки. Дури и во случај на лоши одлуки, вие сте потполно свесни и ги чувствувате однатре како грч кој ве стега.rn
7. Брзо ги осудувате луѓето
rnИмате лоша навика да ги осудувате луѓето околу себе, а „благодарение“ на вашиот директен пристап често знаете и да ги повредите.rn
8. Секогаш ја барате вистината
rnИмате силна потреба да ја истражувате вистината на универзумот. Верувате дека сѐ е поврзано во космосот и постојано сте во потрага по скриеното значење на сето она што се случува во нашиот универзум.rnrnДали сте успешна личност? Ова се особините по кои се издвојуваат успешните луѓе.
-

12 особини што ги поседуваат незаборавните жени
„Луѓето ќе заборават што сте кажале. Ќе заборават што сте направиле. Но, никогаш нема да заборават какви чувства сте им предизвикале.“ – Маја Ангелоу
rnПостојат многу прекрасни жени кои се храбри и незаборавни. Најчесто, животот не е праведен кон нив и луѓето многу ретко ја препознаваат нивната вредност. На таквите жени им е смачено од љубовни драми, озборувања и караници. Тие станале имуни на лажните ветувања кои ги добивале од просечните, креативните и зафатените мажи. Каква и да била врската, на крајот завршувале исто. На крајот не им останувало ништо друго освен сеќавањата заплеткани во лаги.rnrn
rnrnМожеби морале да ги напуштат луѓето кои ги сакале, но тие никогаш не ги заборавиле. Иако никој не им се извинил директно и не си го погазил егото, овие жени никогаш нема да бидат заборавени. Незаборавните жени поседуваат палета на особини што многу ретко се наоѓаат кај луѓето. Во продолжение дознајте за кои особини станува збор…rn1. Тие се емпатични
rnГи разбираат луѓето повеќе од останатите и не мора да поминат низ истите проблеми за да ги почувствуваат истите емоции. Тие точно можат да препознаат како се чувствувате. Токму затоа, луѓето честопати им се отвораат.rn
2. Речиси никогаш не ја покажуваат нивната болка
rnЧовекот кого најмногу го сакале ги изневерил и морале да поминат низ трауматично искуство. Но, најдобрата пријателка се венчава за 1 месец. Незаборавните жени знаат колку ќе им биде тешко, но не сакаат да им ја уништат забавата на другите. Тие активно ќе учествуваат во сите подготовки за свадбата, а со болката ќе се справуваат сами.rn
3. Тие се многу добродушни
rnНивната душа е премногу добра. Тие секогаш им помагаат на другите, а сопствените потреби ги ставаат на последно место. Прво мора да им помогнат на сите останати, па потоа ќе почнат да мислат на себе. Секогаш се тука за луѓето и несебично ги поддржуваат.rn
4. Знаат да простат
rnБез разлика колку биле повредени, тие веруваат во прошката. Секогаш им даваат втора шанса на луѓето, кои непрестајно ги разочаруваат. Но, тие и понатаму продолжуваат да простуваат. Знаат дека простувањето е најдобриот начин да се ослободат од негативните емоции.rn
5. Многу се независни
rnНивната независност ги инспирира сите останати. Тие секогаш ги следат своите принципи и не зависат од никого. Дури и да не знаат како да направат нешто, се обидуваат сами да најдат начин. Многу се независни и посебни.rn
6. Многу се енергични
rnНезаборавните жени зрачат со енергија. Тие знаат како да им дадат вистинска поддршка на сите позитивни подвизи. Нивната енергија пренесува толку позитивна аура што на луѓето не им преостанува ништо друго освен да го извлечат најдоброто од себе.rnrn
rn7. Многу се страсни
rnТие се страсни за сите работи што ги прават. Без разлика дали решиле да си подготват топла бања или да организираат хуманитарен концерт за бездомниците, тие се многу посветени и уживаат во сите нивни активности. Нивната страст е многу инспиративна.rn
8. Нивната љубов е безусловна
rnНим не им е важно дали љубовта им е возвратена. Тие се полни со љубов дури и за луѓето кои не им се толку блиски. Незаборавните жени ги сакаат сите и тоа го покажуваат отворено што им помага на луѓето да стекнат позитивно мислење за себе. Тие се подготвени да сторат сѐ за луѓето кои ги сакаат.rn
9. Даваат добри совети
rnНезаборавните жени поминале низ многу потешкотии и затоа стекнале голема мудрост. Нивните совети можат да ги решат сите проблеми.rn
10. Имаат самодоверба и верба во луѓето
rnТие веруваат во себе, но и во луѓето околу нив. Незаборавните жени поминале низ толку многу проблеми што многу добро ги познаваат своите силни страни. Освен тоа, тие веруваат дека и другите луѓе можат да ги надминат сите потешкотии. Имаат верба во нивните блиски и знаат дека се многу способни иако можеби тие самите се несигурни во себе.rn
11. Нивната убавина доаѓа однатре
rnНезаборавните жени се прекрасни не затоа што се убаво нашминкани и облечени, туку затоа што имаат добра душа. Тие навистина ги мислат сите зборови што ги изговараат. Зрачат со елеганција што ги засенува сите бои на шминката. Нивниот шарм предизвикува восхит кај сите луѓе околу нив.rn
12. Тие се упорни
rnШто и да се случи, незаборавните жени секогаш остануваат упорни. Ништо не може да го промени тоа. Иако биле повредени милион пати, тоа не ги натерало да почнат да ги повредуваат другите. Тие успеале да ги задржат своите морални вредности и принципи, без оглед на сѐ. Ниту една бура не може да ги поколеба.rnrnНезаборавните жени се навистина посебни. Доколку се пронајдовте во текстот, никогаш не заборавајте дека поседувате неверојатни особини. И во најтемните ноќи, вие блескате како најсјајната ѕвезда што неуморно ги осветлува животите на сите луѓе околу вас.rnrnПрочитајте и за 10-те работи кои ги прават силните жени, но никогаш не ги кажуваат.