Со собирањето на цифрите од вашиот датум на раѓање, ќе го добиете вашиот личен број, кој според нумерологијата, прилично прецизно ги опишува вашите карактерни особини.rnrnrnrnПресметајте го вашиот личен број на следниот начин:rnrnПример: Доколку сте родени на 15.08.1955, равенката би била: 1+5+8+1+9+5+5=34; 3+4=7rn
1
rnВие сте личност којашто секогаш е еден чекор пред времето. Секогаш во умот ви надоаѓаат нови идеи. Големи лидери биле родени со овој личен број. Поседувате силна моќ за убедување на луѓето. Амбициозни сте, понекогаш дури и премногу, тешко се откажувате од своите замисли и идеи и поради тоа понекогаш имате тешкотии во животот. Меѓутоа, вие не се плашите од ништо и можете да ја надминете секоја препрека на патот кон успехот.rn
2
rnВие сте вистинска уметничка душа. Создадени сте за љубов, за давање и делење сѐ што имате. Побитна ви е суштината отколку формата. Доколку не сте опкружени со љубов, се чувствувате како да немате ништо, но ретки се личностите родени во овој број, кои немаат љубов. Вашата внатрешност е толку привлечна, па ретко кој може да ви остане рамнодушен. Имате способност да го освоите секој што ќе го посакате.rn
3
rnВие сте личност која стои цврсто на земја. Реално гледате на себе и на светот околу вас. Не сте склони кон фантазирање и залажување. Токму тоа ве прави добри пријатели, бидејќи нема на никого да му се улижувате за да го придобиете, а нема да бидете ни претерано цинични. Ја знаете вистинската мера за сѐ, а тоа понекогаш ви создава проблеми со претставниците на спротивниот пол. Не можете да живеете без љубов, но нема да трпите ни премногу работи коишто ви пречат, само поради некои возвишени чувства. Поради тоа, честопати се чувствувате несреќно.rn
4
rnВие сте многу снажна и практична личност. Не сте склони на фантазирање или забошотување. Вие сте личност на која може да ѝ се верува, бидејќи секогаш го исполнувате она што ќе го ветите. Премногу сериозно го сфаќате животот и не знаете баш да се забавувате. Истата одговорност ја очекувате и од луѓето кои ве опкружуваат, поради што честопати сте нетолерантни кон пријателите и љубовните партнери.rn
5
rnВие поседувате прекрасен дух. Ги имате сите особини кои треба да ги има една комплетна, хармонична личност. Забавни сте, интелигентни, енергични (но не премногу), ја цените љубовта, ги почитувате вашите пријатели, оптимистични сте… Поради ваквиот карактер, најчесто се чувствувате среќно и исполнето.rn
6
rnВие сте исклучително нежна личност. Чувствителни сте и полни со разбирање за сите луѓе. Психички сте кревка личност и чувствата лесно можат да ви бидат повредени. Уметничка душа сте, имате осет за убавина, а и самите сте изразено убави. Освојувате на прв поглед, а луѓето околу вас уште повеќе ве засакуваат, откако ќе ве запознаат.rn
7
rnВие сте многу внимателна и снаодлива личност, со филозофски нарав. За вас, може да се каже дека поседувате практична интелигенција. Паметни сте, но тоа знаете да го искористите за своја лична корист. Ќе успеете во животот, бидејќи знаете да го употребите својот мозочен потенцијал, на начин на кој другите луѓе можат само да сонуваат.rn
8
rnСпоред вас, сѐ има некаква практична вредност, па така умеете сите работи да ги свртите во ваша полза. За вас, и љубовта е корисна, па затоа не влегувате во врска без да размислите за користа која истата може да ви ја донесе. На сличен начин, и вашите пријатели ги доживувате како професионални соработници, т.е. луѓе од кои би можеле да извлечете некаква корист. Ова не значи дека сте негативна личност, која само ги искористува луѓето, туку дека едноставно сте многу практични.rn
9
rnАко некому му е потребен совет во врска со тоа како треба да постапи во некоја ситуација, може веднаш да ви се обрати вам. Вие секогаш знаете да кажете што е исправно, а што не, кога станува збор за другите луѓе, искреноста е вашата најголема доблест и темел врз основа на кој го градите вашиот живот. Вас ве красат мноштво други позитивни особини и да се биде во ваша близина, претставува вистинско богатство.rnrn rnrn
Волците се веројатно најпогрешно разбраните диви животни. Тие најчесто се поистоветуваат со ладнокрвност, крволочност и агресивност, но ако подобро ги запознаете ќе сфатите дека овие комплексни животни имаат некои прекрасни особини кои мора да се почитуваат.rnrnrnrnВолците се многу попријателски расположени кон околината отколку што се мисли. Тие се лојални до смрт, со силно чувство за посветен фамилијарен живот, при тоа задржувајќи ја својата индивидуалност. Тоа е првиот впечаток што го добиваат научниците кои ги набљудуваат овие суштества. Една од најдобрите и највпечатливите особини на волкот е формирањето на цврста емоционална врска со блиските. Нивните малечки уште во првите неколку недели доживотно се приврзуваат за останатите од групата, а многу тешко ја доживуваат подоцнежната разделба со нив. Оваа нивна карактеристика е особено видлива во случаите кога волкот е одгледан од човек уште од малечко, па тоа подоцна не ја развива „природната агресивност“ која погрешно му се припишува, туку формира силна пријателска врска со човекот и евентуално со кучињата со кои рано дошло во контакт.rnrnrnrnВолците се многу верни моногамни суштества. Се врзуваат со само еден партнер за цел живот, а таа врска трае сè додека еден од нив не умре. Дури тогаш другиот тргнува во потрага по нов партнер. Инцестот во глутницата е строго забранет и е можна причина за нејзино распаѓање. Доколку еден волк-мажјак не успее да најде партнерка во рамките на својата територија, тој има право да се пари со женка од друга глутница. Со тоа во научната јавност го добива епитетот „Казанова волк“.rnrnrnrnМирољубивоста на волкот е уште една особина која сигурно ќе ве изненади. Иако владее стереотипот дека тој е агресивен и крволочен убиец, волкот сепак има природна одбивност кон насилството. Најчесто, пред да посегнат кон борба, се обидуваат проблемите да ги решат со гневен продорен контакт со очите кој има за цел да го избрка натрапникот од нивната територија. Тие најголемиот дел од своето време го поминуваат во друштво на други волци, а истражувачите забележале и случаи во кои еден волк прекинува борба помеѓу двајца други од својот вид.rnrnСепак, тоа не значи дека кај волците ја нема агресивноста. Кога треба да ги заштитат блиските тие можат да покажат многу суровост. Не се двоумат дали да ги употребат забите кога сакаат да се одбранат себе или своите млади, ниту пак кога треба да уловат некој плен или да ја одбранат својата територија. Оваа особина им е неопходна за да преживеат во суровите услови во дивината, при тоа покажувајќи способност за безрезервна соработка со другите членови од глутницата.rnrnrnrnВолците се неверојатно интелигентни животни. Биолозите велат дека интелигенцијата на волкот е слична со онаа на најпаметните кучиња. Иако не е лесно да се измери интелигенцијата кај животните, тие сфатиле колку се паметни волците кога во минатото биле ловени од локалните ловци во Минесота, САД. Волците покажале извонредна способност за учење и меморирање кога почнале да бегаат од отворените полиња, веднаш штом слушнале звуци кои ги асоцирале на ловците. Кога ваквите звуци се стишувале, тие се враќале на истото место кое претходно го избегнувале. Дури и самите ловци признаваат дека волкот е голем предизвик кога треба да се улови.rnrnrnrnСите овие особини важат за сите волци, но сепак одредувањето на нивните индивидуални карактеристики и понатаму останува тешко за научниците. За нив може да се генерализира до бескрај исто како и кај луѓето. Слично како што ние луѓето секојдневно ја ставаме нашата индивидуалност во рамките на општествено наметнатите улоги на син, ќерка, сопруг, сопруга, шеф или работник, така и волците ги играат зададените улоги во своите групи. Така, биолозите еден волк-мажјак го опишуваат како роден лидер, самоуверен, кој ги поддржува другите волци, а друг како плашлив кој ужива во удобноста. Една женка е опишана како бестрашна, инвентивна и склона кон играње, а друга како воздржана која често покажува дека е полна со љубов кон малечките.rnrnrnrn rnrn
Откако ќе го прочитате овој текст, нема повеќе ноншалантно да шетате низ парковите во кои луѓето ги носат своите кучиња на прошетка. Не само што кучињата физички личат на своите сопственици, туку изборот на кучешката раса зборува и за тоа каков карактер има нивниот газда и како се однесува во љубовта и сексот.rnrnrnrnЧивава шетаат личности кои не сакаат да се врзуваат и преферираат секс за една вечер, покажало едно истражување кое опфатило 1.000 корисници на апликацијата Kloof, на возраст 18-33 години.rnrnПудлици сакаат да имаат дамите кои се „жешки“ и кои имаат немирен дух. Овие жени имаат високи стандарди за сѐ, па дури и за сексот, што значи дека од партнерот очекуваат максимум во креветот, но и ќе му ги остварат сите негови сексуални потреби.rnrnrnrnСопственичките на златен ретривер се помирни и асоцираат на фамилијарни жени кои сакаат да родат повеќе деца. Меѓутоа, учесниците во анкетата рекле дека жените кои имаат златен ретривер ги доживуваат и како „спонзоруши“ или барем како личности на кои им е многу важно партнерот добро да заработува.rnrnКучињата од расата бигл (ниски ловци со три бои) ги шетаат темпераментните жени, кои и самите поседуваат „ловечки вештини“. Тие се водат според инстинктот, кој ретко ги изневерува.rnrnrnrnЛабрадори сакаат жените кои цврсто газат на земјата. Мажите сметаат дека можат да се потпрат на овие типови жени.rnrnЖените пак сметаат дека се најатрактивни оние мажи кои имаат лабрадор или дога. Тие велат дека лабрадори и доги шетаат татковците, односно мажите кои сакаат куќа полна со деца.rnrnГермански овчар имаат оние кои се „јаки на дело“ а истото може да се каже и за сопствениците на сибирска хаска, кои на дамите им изгледаат како вистински јунаци. Мажите кои шетаат пастир, се грижат за својата жена, сметаат поголем број од учесниците во анкетата.rnrnНежни и внимателни се сопствениците на златен ретривер. Тие се мажи на кои можете да им верувате, бидејќи тие немаат непостојан карактер.rnrnrnrnЗа сопствениците на француски булдог, дамите рекле дека се „слатки додека се мрзливи“, но од нив очекуваат одеднаш да започнат да „р’жат и завиваат“ директно на уво. Тие се „неверодостојни намќори кои бараат секс за една вечер“ е еден од коментарите, а неколку учесници во анкетата рекле дека сопствениците на булдози се мрзливи и не сакаат да се трудат околу својата партнерка.rnrnСибирската хаска е родена за живот во екстремни услови, што значи дека и неговиот сопственик е спремен на сѐ. Тој не е разгален и е тука секогаш кога ѝ е потребна помош на неговата понежна половина.
Автор: Александра ЧакаровскаrnrnДа се биде добар работник значи да се поседуваат квалитети како доверливост, снаодливост, трудољубивост, лидерство и многу други. Сепак, овие особини не го прават добриот работник да биде одличен. Одличните работници се тие кои се издвојуваат и допринесуваат најмногу во работата. Тие се секогаш еден чекор понапред од своите колеги. Дознајте кои особини ги поседуваат одличните работници.rn
1. Тие ги игнорираат работните упатства
rnПонекогаш, многу подобро е да се избега од стегите на задолжителните упатства за работа и да се настапи храбро. Одличните работници се способни да донесуваат самостојни одлуки и да превземаат сè што е потребно за работата да биде завршена, независно од нивната позиција или улога во фирмата. Брзо се прилагодуваат кон ново настанатите ситуации, насочувајќи се кон она што има приоритет. Особено, кога има некој проблем, одличниот работник веднаш без размислување се обидува да најде решение, иако тоа не е негова работа.rn
2. Одличните работници се ексцентрици
rnТие секогаш изгледаат поинаку од останатите вработени. Тие се ексцентрични, понекогаш непристојни и се однесуваат необично. Изгледаат чудно, но во позитивна смисла. Токму, овие чудни особини на одличниот работник, придонесуваат тимската работа да изгледа позабавна и поинтересна. Оние личности кои не се плашат од своите различности, знаат да излезат од поставените граници и секогаш ги даваат најдобрите идеи.rn
3. Знаат да се прилагодат во секоја ситуација
rnКога ќе се појави голем предизвик, одличниот работник ги заборава своите особини и бргу се вклопува во тимот. Тој знае кога е време за забава, а кога треба да се биде сериозен, кога треба да се биде свој, а кога да се вклопи и да соработува со тимот, кога да се предизвика, но и кога да се повлече. Вистинска уметност е да се балансираат сите предизвици кои ги носи работното место, а малкумина се тие кои успеваат.rn
4. Јавно умеат да пофалат
rnКога пофалбата доаѓа од шефот, тогаш е добро. Но, кога колегата ќе ве пофали за постигната работата, радоста е уште поголема, особено кога доаѓа од личност која ја почитувате. Одличниот работник ја цени придобивката од секој вработен и знае колку може само еден збор да влијае врз целокупната работа.rn
5. Проблемите ги решаваат приватно
rnПонекогаш, подобро е проблемите да се решаваат приватно. Добриот работник често го изнесува проблемот пред целиот тим. За ралика од него, одличниот работник те повикува пред или после состанокот да разговара за поосетливите работи, знаејќи дека доколку ги изнесе пред сите, може да предизвика револт кај останатите колеги.rn
6. Прашуваат, кога другите се плашат
rnНекои работници не се чувствуваат комотни кога треба да зборуваат јавно на состаноци. На други пак, им е неугодно да зборуваат приватно. Одличните работници прашуваат и кога сè им е јасно. Знаат дека одговорите може да им помогнат на оние кои не разбрале, а се плашат да прашат. Секогаш се први да прашаат и да поразговараат за важни работи, додека другите се двоумат.rn
7. Сакаат да им докажат на другите дека грешат
rnЧесто, знаеме да се мотивираме кога некој ќе нема доверба во нас и во тоа што го работиме. Силната желба и страста кон работата е тоа што ги прави добрите работници да бидат одлични. Образованието, интелигенцијата, талентот и знаењето се важни, но страста е на врвот.rn
8. Постојано се зафатени
rnНекои луѓе никогаш не се задоволни од сработеното. Постојано се зафатени околу нешто. Го реорганизираат распоредот, го прилагодуваат процесот на работа и многу други ситни нешта. Добрите работници работат по дадената процедура. Одличните работници наоѓаат начини да ја подобрат работата, не бидејќи се бара тоа од нив, туку бидејќи едноставно тоа е внатре во нив и не можат да одолеат.rnrn
Супер шеф е оној кој го посакуваат сите вработени. Тој не е извонреден само на хартија, туку своите постапки и дела директно ги покажува на терен. Вработените не се единствени кои имаат придобивки од ваков шеф. Со неговите постапки, целата работа и севкупниот бизнис можат да тргнат во нагорна линија и сите да бидат задоволни.rnrnДоколку сакате да се издвоите и да станете супер шеф, раководете се од следниве правила:rn
1. Тоа е шеф кој придонесува за развитокот на секој вработен
rnОбично, шефовите се фокусирани на исполнување на зацртаните цели, постигнување резултати и остварување на конкретни идеи. Но, одличните шефови се тие кои се поставуваат пред своите цели, заземајќи ја улогата на лидер. Тие се свесни дека без успешни и квалификувани работници, работните резултати ќе бидат осудени на пропаст. Затоа, овие шефови наместо да се грижат за секојдневното работење на работникот, се фокусираат на самиот работник како да го направат попродуктивен. Организираат обуки, разни тренинзи и успешно го трансформираат целиот досаден процес на работа во нешто многу позначајно за самите работници – прогрес, напредување и лично усовршување.rnrnrn
2. Се соочува со проблемите веднаш
rnОдличниот шеф никогаш не ги игнорира проблемите на своите вработени. Веднаш се соочува со нив и се обидува да ги реши. Колку некој проблем да изгледа мал, никогаш не се знае кога тој може да прерасне во голем. Доколку шефот ги игнорира проблемите на своите вработени, се соочува да ја изгуби стекнатата почит. Без својот углед, ја губи и улогата на водач.rn
3. Го спасува најлошиот работник
rnСкоро во секој бизнис постои работник кој едноставно не може да се снајде лесно во работата и да ги следи своите колеги. Тимот го гледа како слаба личност без која подобро би функционирал. Во овој случај, шефот е тој што треба да истапи и да му помогне на колегата. Супер шефот ќе покаже доверба и ќе го увери колегата дека тој ќе го следи секој негов чекор за да му помогне да ја надминат тешкотијата. Не очајувајте доколку трудот не покаже резултати. Доволно е тоа што сте се обиделе. Но, во случај работникот да ја надмине тешкотијата, тогаш сте промениле нечиј живот.rnrnrn
4. Им служи на другите
rnДоколку сакате да станете извонреден шеф, секогаш поставувајте ги своите вработени пред себе. Со своите постапки покажете дека вие сте оние кои се секогаш помалку важни. Никогаш не кажувајте им на своите вработени да работат нешто што вие сами не би го сториле. Кога тимот победува, и бизнисот е успешен. Вработените се оние на кои треба да им честитате за постигнатиот успех.rn
5. Никогаш не заборава од каде доаѓа
rnИако водите успешен бизнис и сте шеф на голема компанија, не заборавајте дека секогаш треба да имате време за сите свои вработени. Тие ве гледаат како свој надреден, личност од која можат многу да научат. Со тоа што ќе одвоите неколку минути да поразговарате со работникот, можете да ја смените неговата личност – да го инспирирате, да му влеете самодоверба, да го мотивирате. Дури, можете да му влеете надеж за големи работи во неговиот живот.rnrn rnrn
Автор: Вера МартиноскаrnrnМногу често сме преокупирани со негативните карактеристики кај луѓето кои ни пречат и ни ја отежнуваат комуникацијата. Заради тоа, тешко ни е да ги забележиме и да ги цениме оние кои се позитивни и посакувани. Неретко, огорчени од односот на другите кон нас, ги оставаме запоставени овие особини и во нашиот сопствен карактер.rnrnБарањето личности со здрави, позитивни карактеристики може природно да ни помогне да се држиме настрана од оние отровните, кои ни ја заробуваат енергијата или кои прават да се чувствуваме лошо. Сепак, секогаш треба да тргнеме од себе и да се трудиме да бидеме што попозитивни и попријатни. Затоа еве неколку карактеристики кои би требало секој од нас да ги поседува и негува, а кои сè потешко се наоѓаат во денешново општество:rnrnrnrnНесебичност: Во свет каде многу луѓе немаат доволно време и не се интересираат за другите, несебичноста е квалитет кој е сè поретко присутен. Луѓето може да бидат несебични во времето кое го посветуваат, во способноста да слушаат, во нивото на трпение и љубовта која ја пружаат. Оние кои даваат и кои се великодушни по природа имаат моќ да направат другите да се чувствуваат сакани и ценети, како и да се чувствуваат посебно. Од друга страна пак, оние кои се себични го прават сосема спротивното, покрај нив луѓето не се чувствуваат сакани, туку отфрлени, потценети и помалку вредни.rnrnТолеранција: „Пријател е оној кој ти дава целосна слобода да бидеш тоа што си.“ Толерантните луѓе прават да се чувствуваме удобно со тоа што сме и посебно како индивидуи. Сите сме различни, многу од нас имаат свои каприци, суеверија и ексцентрични навики. На крајот, токму овие разлики го водат светот напред. Поседувањето на способноста да ги прифатиме луѓето онакви какви што се и да не очекуваме да бидат тоа што ние сакаме и очекуваме да бидат е многу важно за животот, среќата и здравјето на нашите односи.rnrnОригиналност: Поседувањето на способноста да се биде реален, автентичен и искрен е уникатна во свет каде премногу се става акцент на површноста. Да се чувствуваме удобно во своја кожа и да сме искрени кон себе е една од најубавите карактеристики што може да ја имаме. Искреноста е неопходна ако сакаме да имаме вистинска врска со некого… тоа бара сослушување и давање одговор кој не секогаш е „популарен“, што пак значи дека треба да се има сила работите да се кажат онакви какви што се и да не постои страв од соочување со последиците од тоа. Да ги сакаме луѓето за тоа што се длабоко во душата, а не за тоа како ни изгледаат на прв поглед.rnrnЧувствителност: Многу често сме фокусирани на она што ни е важно нам, така што забораваме на тие околу нас. Оние кои се чувствителни најчесто се и внимателни, ги ценат другите на начин кој ги прави да се чувствуваат разбрани и почитувани. Честопати чувствителните луѓе се и самосвесни, што пак ги прави и свесни за тоа како им влијаат на другите со тоа што го прават и кажуваат, со еден збор – обзирни.rnrnИнтегритет: Денес оваа карактеристика особено тешко се наоѓа. Ова е време кога луѓето тајно прават работи само за да заработат екстра пари или пак си го изложуваат својот приватен живот само за да станат познати (реалните шоуа од типот на „Големиот брат“) и го прават она што ги прави да се чувствуваат добро во моментот, без да размислуваат за последиците, што значи дека интегритетот денес е вистинска реткост.rnrnСкромност: Кога некој е исклучително паметен, екстремно талентиран или неверојатно убав, навистина ќе биде нешто посебно доколку не се прави дека секогаш знае сè. Скромноста кај оние кои поседуваат извонредни карактеристики ги прави другите да се чувствуваат исто така посебно.rnrnОваа листа продолжува… пишете ни ги во коментар карактеристиките кои мислите дека треба повеќе да ги негуваме!rnrn
Очите можеби се прозорци на душата, но ако навистина сакате да го запознаете карактерот на некоја личност, загледајте се во нејзините стапала. Читањето на стапала се практикува во Кина и Индија повеќе од 5.000 години. Според ова учење, стапалата откриваат многу карактерни особини кај луѓето, како и разни здравствени проблеми.rnrnСе прашувате дали има вистина во ова? „Секако дека да“ – вели Џејн Шијан, рефлексолог и автор на три книги од оваа област. Таа се занимава со читање на стапала цела декада и е убедена дека тие кажуваат сè за луѓето – од работата на дигестивниот систем, до состојбата во која се наоѓа нашата љубовна врска.rnrn
„Собујте ги вашите чорапи и јас ќе можам да ви кажам дали сте темпераментен авантурист, кој сака да презема ризици или пак сте во потрага по стабилност, ред и хармонија во вашиот живот. Исто така, можам да видам дали претерувате со пиење вино или јадење чоколатца.“
rnПогледнете го нејзиниот водич за гледање на стапала, со помош на кој ќе откриете многу работи за вас, а можеби и некои здравствени проблеми.rnrnЗа да ја определите должината на вашите прсти, замислете си линија која поминува од средината на палецот до врвот на најмалиот прст. Прстите кои ја надминуваат линијата се сметаат за долги, а тие под неа за кратки.rn
Палец
rnАко вашиот ножен палец е значително поголем од останатите прсти, вие сте паметна и креативна личност, која секогаш има наплив на идеи и генијални решенија на проблемите. Никогаш не се збунувате кога треба да дадете некаков одговор и можете да ги погледнете работите од различни агли. Од друга страна, може да имате проблеми со концентрацијата и понекогаш не умеете да ги завршите започнатите работи до крај.rnrnАко вашиот палец на ногата е помал, тоа значи дека вие можете ефикасно да работите на повеќе работи истовремено. Го употребувате вашиот шарм за да ги убедите луѓето да ги прифатат вашите идеи.rn
Втор прст
rnКолку ви е подолг прстот до палецот, толку поголеми лидерски способности поседувате. Вие сте динамични, вешти и снаодливи, но сакате работите да се завршуваат онака како што вие ќе наумите, па затоа луѓето честопати сметаат дека имате шефовски нарав.rnrnОд друга страна, ако имате помал втор прст, не значи дека луѓето лесно можат да ве поразат и искористат, туку дека вие едноставно сте доволно трпеливи да почекате подобар развој на настаните. Вие ја цените хармонијата во односите кои ги имате со луѓето и не сакате да го форсирате само вашиот став и размислување.rn
Среден прст
rnДоколку средниот прст од вашите стапала е компаративно поголем, тоа значи дека вие сте енергична и снаодлива личност, особено на вашето работно место. Колку подолг ви е овој прст, толку имате поголем нагон да успеете во вашата кариера. Вие сте перфекционист, кој може да постигне многу во животот, благодарение на вашата посветеност и елан. Негативната страна на оваа особина, е вашата тенденција да дозволите работата да ве обземе и да заборавите на љубов, забава и односите во семејството.rnrnАко вашето средно прсте е пократко, вие уживате во задоволствата кои ви ги нуди животот. Сакате да се релаксирате и не сакате да се вознемирувате за некои глупави ситници кои редовно се случуваат во животот. Другите можеби ќе ве обвинат дека сте мрзливи, но вие ќе се браните со реченицата: „Животот е краток. Уживајте во него.“rn
Домал прст
rnДолг, прав четврти прст на ногата говори за тоа дека семејството ви е исклучително важно во животот. Ако овој прст ви е подвиткан, тоа може да индицира несреќа во вашите љубовни врски. Вие сте нежна личност и извонреден слушател, но многу ќе ве погодуваат непријатните моменти во вашето семејство. Вам не ви е лесно да се изолирате од проблемите на другите луѓе. Кинезите би ви рекле дека сте нежна душа, на која лесно може некој да ù ги повреди чувствата. Дури и здравјето може да ви биде загрозено од немирот кој владее во вашето семејство. Ако врвот од прстот ви е свиткан како канџа, тоа значи дека морате да научите како да се релаксирате и престанете да чувствувате товар од проблемите на другите луѓе.rnrnАко домалото прсте ви е кратко, тоа значи дека семејството и љубовните врски не ви се толку важни. Вашиот фокус е насочен кон сè останато.rn
Мал прст
rnПалаво, детско однесување е типично за луѓето кои имаат мало последно прсте на стапалата. Вие бегате од одговорност, лесно ви досадува што и да правите и константно сте во потрага по добра забава. Луѓето обожаваат да бидат околу вас, бидејќи сте интересна, социјална и шеговита личност. Сите овие карактеристики звучат совршено, но не во секоја ситуација – сите мораме да пораснеме некогаш.rnrnАко можете да го одвоите малото прсте од четвртиот прст, вие сте импулсивна, авантуристички настроена личност, која поседува голем шарм и умее да флертува. Овие луѓе, можат да ви овозможат луда ноќ, забава и авантура.rnrnАко не можете да го одвоите малото од домалото прсте вие го цените рутинскиот, предвидлив начин на живот и лојалноста. Па доколку сте во потрага по сериозна врска, одберете некој што не може да го одвои малото прсте.rnrnrn
Скалести прсти
rnАко прстите ви се скалесто поставени, односно ако палецот ви е најголем и секој нареден прст е малку помал од претходниот, тоа значи дека вие сте промислена, прецизна и екстремно практична личност. Имате способност за забележување детали и секогаш го завршувате она што ќе го започнете. Вие сте работник каков што секој шеф би посакал да има и лојален и безрезервен пријател, кој сите го почитуваат. Но, немојте да станете премногу критични и да им фаќате кусури на луѓето – не се сите толку балансирани како вас.rn
Широки стапала
rnВие сте одличен работник, кој е секогаш спремен да го сработи она што треба да се сработи и не сте човек кој може да седи во едно место, подолго од една минута. Вие сте најсреќни кога сте зафатени со некоја работа, но обидете се да пронајдете малку време за себе, за да внесете мир и хармонија во вашиот живот. Дозволете си одвреме-навреме да го забавите темпото и полека да размислите. Тоа не е мечтаење, туку само спојување на сите делчиња од мозаикот, по пат на долго, аналитички размислување.rn
Долгнавести тесни стапала
rnВие обожавате да бидете галени и не ви претставува никаков проблем да ги пренесете вашите обврски на некој друг. Зошто да се заморувате работејќи тешка работа, кога лесно можете да убедите некој да ја заврши место вас?! Вие имате изострен вкус и чувство за естетика и сакате да бидете опкружени со убави работи. Вашиот дом ќе биде убаво уреден без разлика колкава плата земате. Вие сте родени за некој да ве служи, но имајте милост и за останатите обични смртници.rn
Длабочина на сводот на стапалата
rnОние кои имаат стапала со длабок лак се независни и самостојни. Вие сакате да поминувате многу време сами со себе, поради што другите може да ве обвинат дека сте антисоцијални. Имате нескротлив темперамент и енергија, но според кинеската филозофија, оние со длабок свод на стапалата, се во суштина емотивно кршливи и крути луѓе.rnrnАко лакот на стапалото ви е мал или просечен, ја цените дружбата со вашите пријатели, социјални сте и отворени за разговор. Сакате убаво да си поминувате каде и да одите и ви е драго да се потрудите и другите кои се со вас, исто така да си поминат убаво.rnrnrn
Стапалата можат да бидат индикатори и на здравствени проблеми
rnКожа која се лупи– Според кинеската медицина, кожата на вашите стапала, покажува колку внимавате на себе. Ако кожата се лупи, тоа значи дека вие не се грижите доволно за себе и премногу се напрегате работејќи. Исто така, ваквата кожа е индикатор дека ви е потребна повеќе љубов во животот.rnrnПотемнета кожа на мекиот заден дел под прстите – Ова може да е знак за депресија. Депресивните луѓе имаат тенденција да чекорат на предниот дел од нивните стапала, каде што ја концентрираат целата телесна тежина.rnrnФормата на ноктите – Ако вашите ножни нокти се заоблени, вие можеби имате некаков проблем со дигестивниот систем. Треба да почнете да јадете поздраво. Ако формата на ноктите ви е хоризонтална, тоа може да индицира дека сте под голем стрес.rnrnМеури – Оние кои имаат меури на стапалата се личности кои премногу трчаат наоколу за да им помогнат на другите. Џејн Шијан препорачува да престанете да трчкате наоколу и да почнете да мислите малку на себе за промена.rnrnЗадебелена кожа на стапалата веднаш под прстите – Овој дел од стапалата е поврзан со рамената. Ако имате задебелена кожа на овој дел од стапалата, тоа може да е индикатор дека имате лошо држење на телото, преморени сте од работа или „носите“ премногу обврски на вашите рамена.rnrnТемно црвени или виолетови дамки – Потемнети делови на кожата на стапалата се индикатор на длабока болка. Виолетови или црвенкасти дамки посочуваат некаква емоционална болка. Ако вашите стапала се побледи во однос на останатиот дел од телото, тоа значи дека имате лоша циркулација.rnrnОтоци на мекиот заден дел под прстите – Овој дел од стапалата е индикатор за проблеми со стомакот и црниот дроб. Ако ова место е отечено, треба да намалите со консумација на алкохол и мрсна храна.rnrnМека сунѓереста област околу тетивите– Доколку овој дел од стапалата ви е многу мек, тоа може да индицира проблеми со плодноста. Ваквиот проблем можете да го редуцирате доколку намалите со внес на кофеин и почнете да пиете повеќе вода на дневна база.rnrn
Сте помислиле ли некогаш дека пијалакот што го пиете можеби го покажува вашиот карактер? Погледнете како пијалакот го открива вашиот карактер и карактерот на луѓето околу вас.rn
Црвено вино
rnrnrnВие сте личност која сака да се дружи, но преферирате да одите на забави каде ќе можете да зборувате со партнерот до вас. Избегнувате барови со премногу луѓе и хаотични домашни забави. Имате стил или барем сакате така другите да мислат за вас. Во виното уживате дури и ако го пиете од пластична чаша. Не сте претенциозни, но сонувате за денот кога ќе ги гледате луѓето од високо. Остроумност, организираност, професионалност и одличен стилски изглед се особини кои ве красат.rn
Пиво
rnrnrnКреативни сте и сакате да експериментирате. Имате многу идеи и не се разочарувате ако не се земат веднаш предвид. Уживате во џезот, уметноста и во медиумите. Најчесто сакате да одите во пабови. Се дружите со различни луѓе и малку сте ексцентрични во однесувањето.rn
Ликер
rnrnrnОбожавате домашни забави и најчесто сте веќе напиени пред да стигнете на забавата. Махери сте за опивање. Луѓето ве знаат, но никогаш не се сигурни за вашето име. Исто и вие. Не сте секогаш сигурни за имињата на луѓето кои се во вашето друштво. Добредојдени сте и пожелни на секоја забава. Вие сте од оние кои знаат добро да се забавуваат.rn
Бело вино/Вотка
rnrnrnВие сте сестрана личност и пиете во зависност од вашето расположение. Имате претприемачки дух и сакате одговорни функции. Модата ви е важна и секогаш сакате да изгледате беспрекорно. Независни сте и сакате да оценувате. Џорџо Армани е еден од многуте кој ужива во овие пијалаци.rn
Блади Мери
rnrnrnЕгзотични сте, а вотката ја обожавате. Имате хипи дух. Секогаш барате начин да го споите здравото со забавното.rn
Космополитен
rnrnrnВие сте најголем фан на серијата „Сексот и градот“. Овој сладок коктел ве прави да се чувствувате најсофистицирано.rn
Текила
rnrnrnКога пиете текила исто како да имате голем знак кој вели: „САКАМ ЗАБАВА!“ Вие сте диви, забавни, секси и сите очи се вперени во вас. Сакате долги, луди и незаборавни ноќи. Екстравертни сте и ослободени од секакви предрасуди.rn
Маргарита
rnrnrnКога го пиете овој пијалак, единствено нешто за што размислувате се големи палми и песочни плажи. Сакате забави на плажа и сите коктели кои одат со неа.rn
Виски
rnrnrnВие сте борец, но не во онаа лоша смисла на зборот. Едноставно, за секое прашање имате одговор. Темпераментни сте и избувливи. Луѓето не ве прашуваат што пиете, бидејќи и така ги гледаат проблемите на вашето лице.rn
Џин
rnrnrnНе го сакате алкохолот, па затоа џинот ви е безбедна опција. Жедни сте за удобност и безбедност. Ја прифаќате реалноста, се фокусирате кон домот, семејството и пријателите. Сакате среќен крај на филмовите, сапунски серии. Модата вешто ве одминува.rn
Рум
rnrnrnСе претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.rn
Шампањ
rnrnrnРомантични сте и не се грижите за тоа што мислат другите околу вас. Сакате да флертувате и сигурни сте дека со чаша шампањ, тоа одлично ви оди.rn
Мартини
rnrnrnВие имате одличен вкус и доволно пари за да нарачате минимум уште две мартини. Можеби Џејмс Бонд ви е идол.rnrn rnrn