Емоциите се составен дел од секоја врска, особено од љубовната. Но, додека некои луѓе умеат да ги изразат своите емоции на вистински начин, на други сè уште им недостасува ваквиот вид изразување. Постојат луѓе кои ги забораваат своите граници во врската и немаат емотивната интелигенција иако таа е потребна.rnrnСекогаш е важно човек да има можност да биде свесен за својата емоционална состојба и да го разбере интензитетот на своите емоции.rnrnХороскопските знаци играат клучна улога во истакнувањето на токсичното емоционално однесување што нивниот партнер може да го има во една врска.rnrn
rn
Овен
rnОвој хороскопски знак е многу импулсивен и колку и да се обидува да ја отстрани таа карактеристика кај себе, сепак не успева. Иако е силна личност, кога станува збор за проблемите и изнаоѓањето решенија во врската, тој се обидува да ги избегне во секое време.rnrnЗатоа, најдобро е да се ослободите од оваа навика и да разговарате за проблемите кога вашиот партнер ги воочува.rn
Бик
rnБикот може да биде најбалансиран знак во хороскопот, но има голем проблем со самодовербата. Иако е многу практичен во животот, неговото однесување развива природна недоверба, а таа доведува до неуспех.rnrnПоради ниската самодоверба не е спремен да ја продолжи врската затоа што претпоставува дека и онака таа ќе пропадне. Важно е да се ослободите од оваа негативност.rn
Близнаци
rnОвој знак е склон кон конфликти. Од една страна, тој е безгрижен, ангажиран и весел, додека од друга страна е проблематичен.rnrnТој има ненадејни промени во расположението и понекогаш му е тешко да се продолжи понатаму во животот. Тој е склон кон размислување за проблемите, па така тие стануваат уште поголеми.rnrnЗатоа е време да излезете од минатото и да размислете за подобра иднина.rn
Рак
rnРаковите се многу искрени. Иако нивната длабоко вкоренета емоционална грижа и емпатија може да бидат добри особини, тие имаат и негативни страни, а тоа е така поради несигурноста.rnrnРакот постојано се споредува со другите луѓе околу себе, што прави да се чувствува помалку вредно.rnrnКрајно време е да ја сфати својата важност и да престане да се потпира на другите луѓе.rn
Лав
rnТој има потреба од целото внимание и љубов од луѓето, но кога станува збор за возвраќање на истото кон другите, тој станува малку мрзлив. Кога се појавуваат проблеми, наместо да ги реши, тој размислува за нив и никогаш не продолжува понатаму.rnrnЌе мора да почнете да возвраќате на љубовта и наклонетоста на партнерот. Тоа е единствениот клуч за здрава врска.rn
Девица
rnТаа го сфаќа животот премногу сериозно, па никогаш не се чувствува дека е доволно добра. Девицата секогаш има грижа на совест што ја тера да се чувствува дека би можела да ги направи работите подобро и да постигне поголем успех.rnrnТаа е самокритична во однос на својата работа. Мора да престане да се потценува себеси, во спротивно само ќе ја зголеми тензијата со партнерот.rn
Вага
rnТаа можеби има повеќе идеи, но никогаш не е одлучна за изборот кој треба да се направи во врската.rnrnЗдравиот однос напредува кога има баланс во донесувањето одлуки, но во вашата личност постои конфликт.rn
Скорпија
rnОва е многу неразумна личност. Иако многумина веруваат дека таа има безгрижна душа, таа всушност има тенденција да чувствува премногу емоции, кои не може да ги изрази. Ова доведува до пасивно-агресивно однесување.rnrnНаместо да зборува за тоа или да изрази незадоволство, Скорпијата претпочита да ги менува расположенија и со тоа да го збуни партнерот. Ова може да создаде голем јаз помеѓу односите.rnrnЗатоа е потребно да се каже проблемот и да се избегнат непотребните недоразбирања.rn
Стрелец
rnТој ги сфаќа работите здраво за готово. Иако е многу чесен човек, понекогаш вистината го боли. Во некои ситуации е многу нетрпелив и се фокусира само на одредени нешта.rnrnМу ветува на својот партнер нешто што не успева да го исполни, а со тоа може да предизвика непотребен конфликт. Тој е премногу сигурен и смета дека знае најдобро, па затоа често може да се расправа со партнерот.rn
Јарец
rnИма високи стандарди. Тој е перфекционист, секогаш вознемирен затоа што неговиот партнер не е таков. Тој сака дисциплина и контрола над сите околу него. Кога не ја пронаоѓа послушноста како особина во една личност, тој наоѓа друга, преправајќи се дека е личност без сочувство.rn
Водолија
rnВодолија е интелектуалец и многу ја сака својата независност. Ужива во осаменоста што понекогаш ѝ создава негативна енергија. Кога е лута или вознемирена, наместо да ги искаже своите негативни емоции, таа се изолира. Ова ја спречува да најде решение.rnrnСекогаш е добар избор да ги решите вашите проблеми со партнерот, а не да се отуѓувате од него.rn
Риби
rnРибите се многу љубезни личности, секогаш подготвени да им помогнат на луѓето. Но, понекогаш тие можат да се заборават во целиот процес.rnrnРибите треба да знаат дека е најважно да си помогнат самите себеси затоа што инаку ќе се почувствуваат неспособно.rnrnМожеби сакате да го прочитате и овој хумористичен и саркастичен приказ на карактерните црти на секој хороскопски знак.