Познато е дека во одредени парчиња облека или бои жените може да изгледаат постаро. Но, дали сте знаеле дека истиот ефект можете да го постигнете и со вашиот избор на обувки? Модните експерти тврдат дека постојат одредени модели на обувки во кои секогаш ќе делувате постаро отколку што навистина сте, а веруваме дека ниту една од вас не го посакува тоа. Затоа ви откриваме за кои обувки станува збор, но и со кои модели би требало да ги замените, за да изгледате во согласност со вашите години, па дури и помладо.rnrn
rn
1. Заоблен врв наспроти шпиц
rn
rnrnВеќе неколку сезони во мода се обувките со мини потпетица, кои најчесто доаѓаат во изданија со заоблен врв и со шпиц. Доколку првиот модел ве потсетува на нешто што би го носела вашата баба, делумно сте во право, бидејќи токму во моделите со заоблен врв ќе изгледате постаро. Затоа избирајте ги оние со шпиц, во кои ќе делувате помладо, но и помодерно.rn
2. Платформа наспроти широка потпетица
rn
rnrnОва лето, платформите се повторно на врвот на популарноста, но тоа не значи и дека се подобар избор. Обувките со кратка, дебела потпетица се стабилни и удобни исто како моделите со платформа, само што во нив нема да изгледате постаро.rn
3. „Машки“ обувки наспроти патики
rn
rnrnИмаме лоша вест за љубителките на обувките кои својата инспирација ја добиваат од машкиот стил. Кожните црни обувки на жените делуваат грубо, дури и кога се во комбинација со најженствените парчиња облека. Тие исто така и додаваат години. Наместо нив, изберете некои тренди патики, кои денес слободно можете да ги комбинирате и со романтични фустани и здолништа.rn
4. Отворени чевли до глужд наспроти затворени чевли до глужд
rn
rnrnМодните експерти велат дека летните чевли до глужд со отвори на прстите и петите се наоѓаат во минато. Таквите модели можеби го имале својот момент на слава во претходните сезони, но денес се ниско на модните листи, па затоа и визуелно ќе ве остарат. Ако веќе сакате да носите обувки до глужд, тогаш изберете ги оние „нормалните“, без никакви шуплини.rn
5. Анатомски наспроти гумени папучи
rn
rnrnСигурно веќе сте слушнале дека папучите се вистински хит за ова лето, па одвај сте дочекале да ги прошетате вашите анатомски модели надвор од домот. Но во таквите модели ќе изгледате постаро од тоа што сте, а доколку сакате да изгледате помладо и тренди, изберете папучи од гума и тоа во некоја силна и впечатлива боја.rnrnДоколку не сте сигурни кои се идеалните обувки за вашата модна комбинација, решете ја вашата дилема со овој комплетен моден водич за женски обувки.

rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжете на 
rn
rn
rn
rn
rn

rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжете на 
rnrnШто е тоа што овие модни додатоци ги прави толку посебни? Пред сè големиот број детали, од циркони до бисери, крзно и разни монистри.rnrn
Така, на листата на омилените аксесоари на најпознатите убавици во светот годинава повторно се најдоа крзнените папучи од лани, но овој пат дополнети со бисери и циркони, балетанки на врзување, кои од вообичаените модели се разликуваат по тоа што платнени ленти во различни бои се врзуваат околу нозете и зглобовите, како и вртоглаво високите потпетици, кои повторно се враќаат на сцена.rnrn
rnrnМиу Миу преку лансирање на овие нови модни трендови во делот на обувките повторно ги предизвикува најхрабрите дами, кои без никаков проблем би се одлучиле за уникатните модели и гордо би ги носеле по улиците, во дискотеките, на разни свечености, на црвен тепих… Тие се идеални за експериментирање и играње со модните комбинации.rnrn

rnrnЗа да изгледате елегантно треба да правите мали и бавни чекори без да ги виткате колената повеќе од вообичаено. Ако се обидете да правите големи чекори, како што го правиме тоа во секојдневните чевли, вашиот од ќе изгледа неприродно. Така што, ако сте одлучиле да ги освојувате височините, не смеете да брзате.rn
rnrnЗа вашето темпо на одење да делува природно, треба прво да стапнете со петиците на земја и потоа полека да го придвижите стапалото кон прстите. Кога вашата тежина ќе падне на табанот од стапалото, наведнете го нанапред, како да одите на прсти, и почнете да го преземате следниот чекор.rn
rnrnНема убава жена без беспрекорно држење. Исправете ги рамената и брадата нека ви биде паралелна со подот. На овој начин вашите стомачни мускули ќе се зацврстат, стомакот ќе ви се израмни и ќе изгледате послаби и полесни.rn
rnrnЗа да одите како модел, замислете си права линија пред вас и чекорете строго по неа. Движете ги стапалата точно едно пред друго и ширете ги прстите по малку, за да ви се нишаат колковите. Ќе ви треба малку вежбање, но трудот ќе се исплати. Несомнено е дека ќе привлечете голем број погледи.rn
rn
rnrnНе е сѐ до одењето, треба да знаете и како да стоите. Поставете ја петата на едното стапало во средината на другото под прав агол. Потоа пренесете ја тежината на второто стапало и кога ќе се уморите, префрлете ја тежината на другото.rn
rnrnАко сакате цел ден да носите високи потпетици, а да не ве болат стапалата, одморајте се одвреме-навреме. Но, не ги соблекувајте чевлите. Уморните стапала отекуваат и вистински предизвик ќе биде повторното облекување на потпетиците.rn
rnrnНосете чевли со различна висина на потпетицата, но нека доминираат ниските и удобни чевли. Постојаното носење високи потпетици може да му нанесе многу штета на вашето здравје.rn
rnrnДоколку целиот ваш живот сте носеле патики, не брзајте веднаш да купите чевли со потпетица висока 15 центиметри. Почнете со нешто понеутрално и стабилно, како што се потпетиците од 8 или 10 центиметри. Можете да се обидете со чевли со ремчиња. Тие се поудобни бидејќи стапалото помалку се лизга во нив и полесно е да се одржи рамнотежа.rn
rnrnНишто нема да ве спаси доколку носите премногу тесни чевли. Никогаш не смеете да купувате високи потпетици ако почувствувате дека ви се малку тесни. Ако мора да одберете помеѓу премногу големи и премногу тесни чевли, одберете ги првите затоа што ќе можете да ги носите со влошка, а со вторите нема да можете ништо да направите освен да се каете што сте ги купиле.

rn
rn
rn
rn
rn
rn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn