КАФЕ ПАУЗА

Tag: обувки

  • 6 предности кои високите девојки можат да ги искористат во модата

    6 предности кои високите девојки можат да ги искористат во модата

    Ако сте високи тогаш сигурно посакувате да постоеше оддел „само за високи“во вашиот омилен бутик. Сигурно барем еднаш ви паднала таква идеја на памет. Вистина, некои брендови веќе имаат специјални категории за високите девојки, како Есос и Топшоп, но за жал нив ги нема кај нас. Иако шопингот за вас може да биде вистинско мачење, некогаш има и свои добри страни.rnrn0-6-prednosti-koi-visokite-devojki-mozat-da-gi-iskoristat-vo-modata-kafepauza.mkrn

    1. Научивте да си ги сакате глуждовите

    rnОбожавате да носите капри пантолони, но мора да признаете дека сите пантолони кои ги поседувате, вам ви се до глуждовите, иако на другите девојки им се долги. Сепак, вие знаете како да ги носите. Балетанки и рамни чевли? Полн погодок девојки.rn

    2. Одлично се справувате со проблеми со пропорциите

    rnНе се само пантолоните кратки, ракавите едвај да стигнуваат до рачните зглобови, а некои кошули дури не можете ни да ги пикнете во пантолоните. Но, сепак тука се миди здолништата кои паѓаат на коленото, наместо на средината на листот од ногата. Тоа е предност кога имате неколку сантиметри плус. Затоа точно знаете како правилно да ги распоредите парчињата на вашето тело.rn

    3. Ги обожавате распродажбите на обувки

    rnВо текот на распродажбите, просечните 37-38 броеви на обувки се распродадени додека броевите од 39 па нагоре се сѐ уште тука. Особено тие што се во лимитирана серија, во број 40? Продадено на високата девојка.rnrn1-6-prednosti-koi-visokite-devojki-mozat-da-gi-iskoristat-vo-modata-kafepauza.mkrn

    4. Позајмувате палта од вашето момче/брат

    rnТие широки, преголеми блејзери и палта што сите ги носат? Е токму тие не ви стигаат ни до колковите. Затоа купувате во машкиот оддел или го замолувате вашето момче, брат па дури и пријател да ви позајми некое од неговите палта. И некако одлучувате дека не можете да му го вратите.rn

    5. Макси фустаните ви се најдобрите пријатели

    rnЕурека! Нема потреба да го кратите фустанот, само додадете сандали и добивте шик и модерен изглед.rn

    6. Можете да носите рамни обувки во 99% од времето

    rnОсвен што изгледаат прекрасно, високите потпетици додаваат неколку сантиметри висина. Но, од нив многу болат нозете. Па, кога сте високи вие скоро и да немате потреба да носите високи потпетици. Гладијаторките, балентаките и сите останати видови рамни чевли можете да ги носите дури и за ноќни излегувања. Верувајте, огромен број девојки ви завидуваат токму на тоа.rnrn2-6-prednosti-koi-visokite-devojki-mozat-da-gi-iskoristat-vo-modata-kafepauza.mk

  • Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

    Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во тренд

    Оваа година, модните трендови ја нагласуваат потребата за удобност и предложуваат обувки кои можат да се искористат на најразлични начини за време на сезоната. Сигурно поголемиот дел од вас за време на летото ќе се посветат на забавни активности, како и посета на плажа и други возбудливи дестинации, па токму затоа удобните чевли ќе ви бидат од голема корист. Погледнете ги најдобрите 5 видови обувки кои ќе бидат во тренд за време на летната сезона…rn

    За девојка во бегство

    rn(1) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во трендrnrnТрчањето е секогаш најдобрата кардио вежба. Патиките ќе бидат во тренд ова лето, па ако сте активна жена која обожава да трча и да се занимава со спортски активности, тогаш ви препорачуваме да си одберете квалитетен модел патики кои ќе ви овозможат поголема слобода при движењето и најголемо ниво на удобност, дури и ако поминувате низ најтешките патишта.rn

    За кежуал ентузијасти

    rn(2) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во трендrnrnВерувале или не, овие папучи се голем хит сезонава. Станува збор за исклучително удобни и трајни папучи кои можат да бидат незаменлив дел од вашата прошетка. Со нив вие никогаш не мора да се грижите дека вашите прсти ќе бидат притискани во тесен простор. Исто така, не заборавајте на вашиот педикир пред да излезете со овие обувки.rn

    За фанатици за високи потпетици

    rn(3) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во трендrnrnШтиклите никогаш нема да излезат од мода, но оваа сезона во тренд се малку авангардните и темни обувки кои одлично изгледаат во контраст со посветлата летна облека. Вие можете да одберете гладијатор сандали со високи потпетици или класични сандали кои ја истакнуваат вашата женственост.rn

    За оние кои удобноста им е на прво место

    rn(4) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во трендrnrnБалетанките се вашите најдобри пријатели доколку барате нешто флексибилно и удобно. Вие можете да најдете евтини балетанки во скоро сите бутици кои се направени од материјал кој им овозможува на вашите стапала да дишат додека шетате надвор на топлите температури. Секогаш барајте нешто што одговара на вашиот стил и обидете се да одберете квалитетен модел. Ние ви ги препорачуваме оние модели од кожа кои не само што се удобни, туку и ќе ви траат подолго.rn

    За оние кои се постојано во движење

    rn(5) Топ 5 видови обувки кои за време на летната сезона ќе бидат во трендrnrnЛетото е незамисливо без пар рамни сандали кои можете да ги носите во било кое време и на било кое место. Тие исто така многу лесно се комбинираат со сите видови летна облека. Вие можете да изберете римјанки, рамни гладијатор сандали или класични сандали од кожа кои ќе ви бидат од голема корист за време на топлите летни денови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чевлите и опасностите: Обувки кои треба да ги избегнувате

    Чевлите и опасностите: Обувки кои треба да ги избегнувате

    Тесните обувки со погрешен број, балетанките со рамни потпетици како и високите штикли со крути платформи можат да имаат негативно влијание на вашите стапала. Плускавците, задебелувањето кое се појавува на петите (курје око), внатрешните нокти и повредените глуждови се само дел од болните последици предизвикани од обувките кои толку многу ги сакате, но кои вашите стапала не ги поднесуваат.rnrnЧевлите и опасноста: Обувки кои треба да ги избегнуватеrnrnИ покрај тоа што се сметаат за поздрава алтернатива на високите потпетици, лесните балетанки можат да предизвикаат болно курје око и внатрешно растење на ноктите. Според некои ортопеди, тие со тек на време можат да предизвикаат и спуштање на лакот на стапалото. Токму тоа може да доведе до притисок врз палците и превиткување на ноктите кон внатрешноста на кожата.rnrnОсвен балетанките, внатрешни нокти можат да предизвикаат и тесните „шпиц“ чевли, особено ако се на високи потпетици. Истиот ефект го имаат и сите оние чевли кои во предниот дел се многу тесни и неудобни, а со тоа предизвикуваат пукање на кожата, воспаление и инфекции. Најчесто станува збор за габични инфекции кои се развиваат во топла и влажна област, па токму затоа им годи потењето настанато од обувки низ кои кожата на стапалата не може слободно да дише.rnrnОсвен внатрешните нокти, балетанките, апостолките и старите патики можат да придонесат за спуштање на лакот на стапалото, резултирајќи со оштетување на лигаментите предизвикано од нивното истегнување. Балетанките не овозможуваат добра поддршка на зглобовите и затоа како последица можат да предизвикаат проблеми со колената, колковите и грбот. Токму затоа се препорачува носење ортопедски влошки кои служат како поддршка за стапалата.rnrnБез разлика дали станува збор за многу високи потпетици или пак за штикли со средна големина, салонките многу често се виновни за појавата на болни јазли во страничниот дел од петите. Тие можат да предизвикаат болка во Ахиловата тетива, а крутиот материјал од кој се составени често е виновен за плускавци, отекувања и израстоци. Со цел да го избегнете изложувањето на вашите стапала на неприроден начин како и да го намалите стресот врз предниот дел кој води до воспаленија, преминете на модели кои имаат потпетица пониска од 5 сантиметри. Но, иако во оваа положба стапалото се движи скоро природно, сепак ортопедите не препорачуваат нивно секојдневно носење.rnrnВажна улога има и дебелината на потпетиците. Тенките и високи штикли се дефинитивно најлошата опција за стапалото бидејќи во нив целата тежина е насочена кон многу мала површина, поради која во одењето не сте стабилни и постои зголемен ризик од паѓање или превиткување на зглобот.rn

    Одбирање обувки соодветни на вашето стапало

    rnНамокрете го вашето стапало и застанете на хартија со цел да го видите отпечатокот. Ако можете да забележите празнина околу лакот, тогаш имате нормално стапало. Доколку можете да го забележите исцртано целото стапало, тоа значи дека вашиот лак е спуштен, додека ако гледате само тенка линија од страна, вашиот лак е високо подигнат. Овие информации можат многу да ви помогнат при одбирањето нови чевли. Па, ако стапалото е нормално, секоја удобна обувка би ви одговарала. Но, ако имате спуштен или подигнат лак вие сте посклони на воспаление на ткивата кое води кон болки во петите. Токму затоа одбирајте обувки со ниски потпетици, меко дно и влошки со перничиња на кои можете да го потпрете вашиот табан.rnrnДоколку имате здрави стапала вам нема да ви сметаат ниту балетанките ниту високите потпетици, секако, доколку ги носите умерено. За жените кои имаат скратени мускулни листови, носењето балетанки може да биде вистинска мака, но тие би се чувствувале многу подобро со високи потпетици. Доколку имате спуштен преден лак и склоност кон стискање на нервите помеѓу тарзалните коски, избегнувајте високи потпетици и тврди ѓонови. Доколку имате каква било деформација на стапалата, не одбирајте чевли без претходна консултација со вашиот ортопед со цел трајно да го решите проблемот со помош на соодветните обувки.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?

    Како да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?

    Изгледа дека има нов тренд на повидок – ниските потпетици. Оваа сезона високите потпетици паднаа на второто место, веднаш зад патиките, балетанките, оксфордките и другите обувки кои имаат рамен ѓон. Оваа сезона се напушта мислата дека „за убавина треба да се трпи“ и ни овозможува мал одмор со помош на женствените и елегантни удобни модели кои не вклучуваат високи потпетици. Но, како со нив би можеле да го постигнете ефектот кој високите потпетици го имаат врз издолжување на нозете?rnrnКако да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?rnrn1. Внимавајте висината на вашите обувки да не ги надминува глуждовите. Исто така имајте ги на ум дизајните со ремени на страна и комбинирајте со длабок шлиц. На овој начин вие дискретно ги откривате вашите нозе, а со тоа предизвикувате тие визуелно да изгледаат подолги. За време на студените денови, се препорачува комбинирање на хулахопки со светли бои.rnrn2. Оној дел каде што вашата гола нога е откриена е одличен визуелен трик за издолжена фигура, која совршено може да се комбинира со балетанки или оксфордки. Во овој случај носете пантолони кои достигнуваат најмногу до средината од глуждот.rnrn3. Истата боја на обувки и пантолони со сигурност визуелно ќе ви подари неколку сантиметри. Ниските потпетици кои се со кремаста, беж или боја на карамел во комбинација со слична нијанса на пантолони дополнително ќе го засили ефектот на долги нозе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетици

    24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетици

    Ги сакаме високите потпетици. Прават да се чувствуваме добро и моќно, и некој сантиметар повисоко од она што сме. Но, неизбежно се соочуваме со по некој проблем секојпат кога ќе облечеме високи потпетици. Еве дел од нив.rnrn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    1. Ги облекувате штиклите со намера да владеете со нив, но за брзо сфаќате дека тие ја имаат контролата над вас.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    2. Одбивате да понесете со себе резервни обувки верувајќи дека сè ќе биде во ред…

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    3. За набрзо да дознаете колку не сте биле во право.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    4. Се обидувате да изгледате софистицирано и кул со штикли, но изгледате вака…

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    5. Плускавци, плускавци, плускавци…

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    6. Кога фластерите што ги ставате на плускавците ќе паднат.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    7. Кога се обидувате да возите со штикли.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    8. Губење циркулација во стапалата и неможност да ги почувствувате прстите на нозете.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    9. Но, некако успевате да чувствувате голема болка.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    10. Кога носите штикли со отворени прсти чувствувате дека можеби вашите прсти се деформирани засекогаш.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    11. Се движите како полжав за да не се препнете и повредите.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    12. Но, понекогаш успевате целосно да изгубите контрола.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    13. Се обидувате да трчате за да фатите такси на пример.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    14. Она чувство како да ви горат табаните на стапалата.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    15. Или кога задниот дел од штиклите се тријат од вашите глуждови.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    16. Префрлање на тежината од една на друга нога за да си ги одморите нозете.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    17. Некако успевате да се сопнете буквално на прав пат.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    18. Или паѓате од само стоење.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    19. Кога чувствувате болка до солзи по долго стоење во штикли.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    20. Кога ќе направите ужасна грешка и ќе ги облечете штиклите откако еднаш сте ги соблекле.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    21. Она чувство кога не сакате ништо повеќе во животот, туку само да седнете негде…

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    22. Или да се соблечете боси.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    23. Кога ќе си речете себеси дека никогаш повеќе нема да носите штикли.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетициrn

    24. Само за повторно да ги облечете.

    rn24 проблеми со кои се соочуваат оние кои носат високи потпетици

  • Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

    Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

    Нема ништо поубаво од долг, удобен, лелеав фустан во лето. И додека сѐ уште се сомневате како да го искомбинирате, ви даваме неколку предлози за најсоодветните обувки. Да, не, можеби? Погледнете и самите.rn

    ДА: Ниски слатки сандали

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?1.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_rnrnОва се чевли кои се вклопуваат во речиси секоја летна комбинација. Ги има во најразлични стилови и се одличен избор за долгиот фустан. Доколку се двоумите, бидете малку посмели и одберете некој повпечатлив модел, со светкави камчиња или пак следете го последниот тренд – гладијаторскиот стил на ниски сандали.rn

    ДА: Чевли со платформа

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?rnrnОва се чевли кои се доволно гламурозни и шик, за совршено да се надополнат со долгиот фустан. Даваат дополнително издолжување, а истовремено се и многу удобни. Доколку имате долг фустан во ацтеки стил, комбинирајте го со чевли на платформа во бела боја. Ако пак имате фустан во пастелна боја, одберете чевли со цветен принт. Нема за што да се грижите, бидејќи имате безброј комбинации за неодолив летен изглед.rn

    ДА: Фенси апостолки

    rn3-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_rnrnЛетото е како створено за апостолки, зарем не? Тие се совршен избор и за овој модел на фустан. Одберете некои поедноставни или пак нешто погламурозно. Изборот и онака е огромен. Кога и да се сомневате што да облечете на нозе, знајте дека ова е вистинското решение.rn

    МОЖЕБИ: Штикли

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?4.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_rnrnЗошто можеби? Доколку одите на некој посвечен настан со долг фустан, тогаш дефинитивно може да го комбинирате со соодветни штикли, при што треба да внимавате да не се превисоки и пренападни. Но, ако одите на некој поопуштен настан, најдобро е да ги оставите во плакарот и да се одлучите за некоја од варијантите погоре.rn

    НЕ: Чизми

    rn5.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?rnrnЧизмите се многу секси и зрачат со стил, но кога станува збор за долг фустан, едноставно треба да ги заборавите. Воопшто не изгледаат убаво и тренди во една ваква комбинација. Дури и да сметате дека супер изгледате така, размислете уште еднаш и сепак одберете други обувки.rn

    НЕ: Патики

    rnКои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?rnrnАко имате барем малку осет за мода, ќе знаете дека оваа комбинација не доаѓа во обѕир. Патиките најмногу одговараат со фармерки и тренерки. Навистина ќе го уништите женствениот изглед, доколку пробате нешто вакво.rnrnСе надеваме дека ви помогнавме и дека сега ќе знаете како на најубав начин да го комбинирате долгиот фустан, што веќе е спремен за летото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го вметнете ултрапопуларниот ацтеки стил во вашиот изглед?

    Како да го вметнете ултрапопуларниот ацтеки стил во вашиот изглед?

    Ацтеки стилот е вртоглаво популарен оваа сезона, па не заборавајте во вашиот плакар да вметнете макар едно парче со ваков дезен. Она што е одлично за облеката и аксесоарите во ацтеки стил е што лесно се вметнуваат во секаква комбинација од секојдневен изглед за на кафе до свечен настан.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rnrnОвој стил се базира на дезени, шари и текстури инспирирани од народен фолклор кои успешно стигнаа до модните писти. Сепак, во обидот да го инкорпорирате ацтеки стилот во вашиот секојдневен изглед, лесно би можеле да постигнете спротивен ефект и да изгледате небаре сте се маскирале во народна носија. Еве како успешно да го носите ацтеки дезенот во која било комбинација, избегнувајќи несакани ефекти.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

    Не заборавајте дека акцентот е на ацтеки стилот

    rnОвој дезен е полн со шари и различни текстури и самиот по себе остава впечаток. Не комбинирајте го со парчиња облека во дречливи нијанси и шари, туку со едноставно еднобојно парче. Лесно може да го „пренакитите“ вашиот изглед, затоа покрај парчето во ацтеки дезен, другиот дел од облеката нека биде што е можно поедноставен. На пример, ацтеки здолниште или панталони може да искомбинирате со тексас кошула или лесна еднобојна маичка.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

    Ацтеки стилот може да биде едноставен и елегантен

    rnПрво нешто што ни паѓа на памет кога ќе чуеме за овој стил, се дречливите бои и дезени, но не мора да биде така. За разни пригоди и поелегантни комбинации може да одберете едноставни и не толку впечатливи парчиња облека, кои повторно ги комбинирате со еднобојни парчиња и едноставен накит.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

    Не заборавајте на аксесоарите

    rnДоколку не ви се допаѓа облеката во овој стил, пробајте со аксесоарите. Побарајте аксесоари кои би можеле да се вклопат во вашиот стил. На пример, сандали во ацтеки стил одлично ја разбиваат монотонијата на секојдневниот изглед, а истото важи за чантите, марамите за коса и накитот. Сепак летната сезона налага поголема слобода во облекувањето па бидете смели да испробате нови трендови.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Грижете се за вашите стапала

    Грижете се за вашите стапала

    Вашите стапала се основа на секое ваше движење. Време е да го добијат третманот кој го заслужуваат.rnrnНашите нозе апсорбираат повеќе сила од кој било дел од телото за време на трчањето. Тие се како перки, имаат моќ да го направат трчањето прекрасно или мизерно. Тие нѐ болат, ни се создаваат плускавици, се потат, напукнуваат и сл. Нашите стапала се од суштинско значење за нас.rnrnLegs walkingrn

    1. Пронајдете го точниот калап

    rnСоодветниот избор на обувки е од витално значење за здравјето на ногата, не е важна ни фирмата, ни моделот туку калапот. Погрешниот калап може да создаде бројни проблеми почнувајќи од грчеви, па сѐ до плускавици. Обувките кои се премногу тесни во предниот дел создаваат остри болки во нервите на ногата, отекување на предните прсти, оштетување и огрубување на кожата, а обувките кои се премногу широки ѝ дозволуваат на ногата да се лизга при што се создаваат плускавци.rn

    2. Продолжете им го животот на патиките

    rnМногу луѓе откако ќе ги намократ патиките ги редат директно до греалка или на сонце за да се исушат. Ова е лош потег. После некое време вашите обувки ќе се смалат. Исто така не треба да ги ставате во незагреана гаража или надвор при студено време бидејќи се стврднува гумата на која газите. Најдобро е да ги ставите во вашиот дом понастрана од греалката откако веќе ќе ги отстраните влошките.rnrnСовет: Внимавајте на состојбата на вашите обувки, особено во делот на подлошката. Ако тој дел е збиен или пак необично тврд тогаш најверојатно обувките се износени. Или пак не ги користете за трчање, туку за градинарство и слични активности.rn

    3. Зајакнете ги прстите

    rnНа ногата ѝ е потребен тренинг за зацврстување исто како и на другите делови од телото, а многу од повредите се директно поврзани со слаби стапала. Ако мускулите се недоволно развиени тие нема да бидат во соодветната позиција за трчање. Исто така колку е посилно стапалото и ножните мускули толку побрзо ќе можете да трчате. Наједноставен начин за зацврстување е да шетате боси колку што можете повеќе или пак два до три пати неделно најдете малку време за вежби:rn

      rn011

    • Стојте исправено, нозете малку раздалечете ги и 20 пати подигнете се на прсти.
    • rn011

    • Со прстите застанете на скала, спуштајте се и кревајте се повторно 20 пати.
    • rn011

    • Ставете пешкир под нозете и со прстите 30 секунди кревајте го.
    • rn011

    • Со прстите земајте го моливот или некој друг предмет кој лесно може да го кренете.
    • rn011

    • Со помош на прстите, на подот напишете ја целата азбука, а притоа секоја буква со различен прст.
    • rn

    rn2-grizhete-se-za-vashite-stapala-kafepauza.mkrn

    4. Внимавајте при изборот на чевлите

    rnЧевлите кои се на врзување повеќе ќе ви се одговараат отколку кои било други. Кога пробувате обувки носете чорапи какви што вообичаено би носеле со тие чевли.rnrnИсто така, обувките со гумен ѓон се покомотни отколку оние со тврд. Ако сакате здрави стапала, отпишете ги високите потпетици од листата. Освен агонијата од стискање на ногата во нив, тие се тешки за движење по напорниот ден. Ако веќе сакате да носите високи потпетици тогаш препорачливо е тие да не се повисоки од 3 см.rn

    5. Набавете ги вистинските чорапи за трчање

    rnЧорапите кои не ви се точни се една од причините за настанување на плускавци при трчањето. Водените чорапи и памучните чорапи исто така. Важно е тие да се од акрилни материјали. Калапот кај чорапите е важен исто како и кај чевлите. Кога ќе ги најдете оние кои ви одговараат, земете неколку пара, но имајте на ум дека истите чорапи кои ја одбиваат топлината во лето, не можат и да ја задржуваат оптималната температура во зима.rn

    6. Омекнете ја кожата

    rnНекои луѓе имаат природно суви стапала кои често напукнуваат. Солуцијата се наоѓа во употребувањето крем за стапала секој ден. Тријте ја кожата сѐ додека не почувствувате меки и мазни стапала. Најдобро време е веднаш после капењето.rnrn3-grizhete-se-za-vashite-stapala-kafepauza.mkrn

    7. Одржувајте ги нозете суви

    rnНекои имаат суви, а некои испотени стапала, или пак едноставно често нагазуваат во снег или во вирчиња. Поради ова, тие се повеќе склони на атлетско стапало и други габични проблеми. Најдобро решение на овој проблем се лесните чорапи кои целосно ја впиваат потта, а притоа ѝ овозможуваат на ногата да дише. Многу важно е никогаш да не носите испотени чорапи.rn

    8. Оладете ги стапалата

    rnАко нозете ви потекуваат или ви се презагреваат при трчање, тогаш потопете ги во ладна вода директно после трчањето, нанесете мраз или пак искористете го градинарското црево за да ги оладите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 карактеристики на модните зависнички

    20 карактеристики на модните зависнички

    Автор: Софија СионоваrnrnАко веќе го читате ова сигурно имате направено нешто лудо во име на модата. Можеби сте се прославиле со преслатките дизајнерски потпетици, иако едвај се движите во нив или пак сте се ослободиле од работа за да одите на шопинг додека траат огромните попусти. Од апсурдно скапите приврзоци (ама Фенди е!) до новите тренди фармерки, вие ги користите шансите да изгледате модерно, а сепак со ваш сопствен стил. Ако овие зборови ве опишуваат вас тогаш дефинитивно ќе се пронајдете во неколку, ако и не во сите од наведените карактеристики.rnrn0-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    1. Сметате дека прескапиот крзнен приврзок е нешто што мора да го имате.

    rn1-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    2. Носите очила за сонце, иако нема ни трага од сонцето. Па што, целосно се вклопуваат во комбинацијата која ја носите.

    rn2-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    3. Бесрамно трчате по непознати и ги прашувате „Од каде го имаш купено ова?“

    rn3-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    4. Намерно ги покажувате „бабините“ гаќички.

    rn4-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    5. Се плашите дека прстените на зглобовите од прстите во секој момент ќе ви паднат.

    rn5-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    6. Случајно купувате некое ново парче и наеднаш сите луѓе на планетава го поседуваат.

    rn6-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    7. Носите обувки кои имаат улога и на направи за измачување.

    rn7-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    8. Се одлучувате да облечете комбинезон иако треба целосно да се соблечете за да одите во тоалет.

    rn8-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    9. Не се грижите што фармерките со висок струк им се одбивни на мажите.

    rn9-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrn

    10. Носите пижами надвор од домот, но само со високи потпетици.

    rn10-20-karakteristiki-na-modnite-zavisnichki-kafepauza.mkrnrn

  • Како да ги направите вашите чевли водоотпорни?

    Како да ги направите вашите чевли водоотпорни?

    Нема причина зошто да не ги носите омилените есенски чевли зимно време. Но, обувките кои пропуштаат не се за во влажни услови, па кога нè очекува дожд или снег, сè што треба да направиме е да ги подготвиме платнените чевли за таквата промена на временската состојба.rnrnПотребни ќе ви бидат свеќа и фен, како и чаша вода, доколку сакате да ја тестирате ефикасноста. Погледнете го видеото за деталите.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.