Со сигурност секоја нова сезона посакувате во својот секојдневен изглед да внесете некоја новина. Промената на фризурата и бојата на косата можат да бидат одличен избор, но само за оние дами кои се сигурни во тоа, а ние веруваме дека многу од вас попрво би се одлучиле за промени во стилот и воведување нови трендови кои доаѓаат токму со новата сезона. Сепак, најдобриот начин да го освежите вашиот стајлинг, а да не правите никакви драстични промени, ниту во стилот, ниту во изгледот е да изберете обувки во некоја весела боја.rnrn
rnrnОва би можело да биде одлична идеја за сите оние жени кои ги сакаат боите, ги сакаат оригиналните аутфити и не им е грижа да ја покажат својата оригиналност. Затоа оваа пролет можете да видите како тротоарите се шарени со лесни и брзи женски чекори.rnrnДоколку досега сте биле приврзани само за класичните бои на чевли како што се црната и кремот, тогаш во почетокот можеби би ви било тешко да се одлучите за некоја друга боја која би можеле да ја носите на вашите чевли. Можеби ќе ви делува чудно за на работа или некоја друг формална прилика да облечете вакви обувки, но навистина нема потреба да чувствувате никаков притисок, бидејќи чевлите во боја стануваат задолжителни исто како пар црни или крем чевли.rnrn
rnrnКога ја избирате бојата на чевлите започнете од тоа избраната боја да биде најблиска до јачината која најмногу ви пријае. Доколку имате некоја омилена боја, тогаш првиот пар нека биде токму во таа боја. Така најлесно ќе се одлучите, но и ќе ги комбинирате со гардеробата која веќе ја имате.rnrn
rnrnЦрвените чевли или сандали се секогаш совршен избор, бидејќи секоја комбинација ја подигнуваат на повисоко ниво. Дури и кога немате ниту еден друг црвен детаљ на себе, секогаш можете да ги споите со црвен лак или кармин. Тие сами по себе се толку ефективни и елегантни што воопшто нема потреба да барате каков било неопходен спој. Црвената облека доаѓа во обѕир во секаков облик. Чевлите можете секогаш да ги носите, во текот на целата година, а лесно се комбинираат со фармерки и бела блуза, но и со елегантни фустани и костими.rnrn
rnrnКога избирате сини чевли, тогаш не би било лошо да ги изберете оние во кралско сина боја или индиго, бидејќи тие нијанси даваат доза елеганција. И оваа боја на чевли можете да ја комбинирате со сите останати бои, бидејќи сината сама по себе е лесна за комбинирање, дури и покрај тоа што оваа нијанса припаѓа на оние поинтензивните. Сјајно се комбинира и со различни дезени и затоа не плашете се креативно да си поиграте со шарите и принтовите.rnrn
rnrnЖолтите чевли се можеби поретка појава и поредок избор на жените, но кога ќе погледнете колку добро се комбинираат со другите бои ќе признаете дека и вие би сакале да ги носите. Можете да ги комбинирате како и сите останати бои со фармерки и сите еднобојни материјали, но и со интересни дезени кои во спој со жолтите чевли секогаш даваат весели комбинации.rnrn
rnrnЗелените, розовите или виолетовите чевли, како и сите останати бои коишто можете да ги замислите се идеални за оваа пролет да ја направите повесела и да внесете новини во својот стил, без притоа да преземате драстични мерки.rnrn
Tag: обувки
-

Обојте ја пролетта во најразлични бои: Како да ги носите чевлите оваа сезона?
-

Како да ги носите бисерите кои се тотален хит во светот?
Бисерите секогаш биле синоним за софистицираност, елеганција и одмереност. Бидејќи тие сега се вистински хит помеѓу дамите кои ја следат модата, ние ви споделуваме неколку феноменални идеи како можете да го вклопите овој прекрасен накит во вашиот дневен стил.rnrn
rnrnПред сè, погледнете што ни доаѓа од модната писта!rnrnБисерите се детали кои на облеката, но и на обувките им даваат посебна нота. Кога се обувките во прашање, интересно е тоа што со малку волја можете со вашите чевли да се вклучите во „направи сама“ проект со бисери. Освен тоа, на дневно, но и на вечерно ниво можете да ги носите на разни начини.rnrn
rnrnБисерниот ѓердан е многу елегантен, но неколку подолги создаваат потполно шик комбинација. Одлично се вклопуваат со фустани или пантолони, односно со рамни обувки и со висока потпетица.rnrn
rnrnБисерните обетки не мора секогаш да бидат премногу дискретни. Одлучете се за покрупни бисери и слободно носете ги во лежерни варијанти.rnrn
rnrnЧантите со бисери изгледаат многу интересно. Доколку не можете да си допуштите некоја скапа чанта, тогаш зошто да не би си поиграле со бисерите кои можете да ги купите во некоја позаментерија и некоја стара плик чанта?rnrn
rnrnВсушност, со бисерите можете да украсите и некои други дневни парчиња, само доколку ѝ се препуштите на фантазијата. Задолжително искомбинирајте еден ваков аксесоар. -

Едноставен начин да ги претворите старите чевли во свечени и модерни со помош на неколку детали
Ако имате еднобојни чевли кои одамна ви досадиле, а потребно ви е нешто ново, убаво и интересно за некоја свечена прилика, тогаш сте на вистинското место. Особено ако ги сакате „направи сам“ проектите, задолжително погледнете го овој едноставен начин за кој ви е потребна мала сума пари, а ќе добиете нешто што сите останати го немаат.rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Лента чипка
- Сребрени, пластични каменчиња
- Златни, ситни, пластични каменчиња
- Супер лепило
- Ножички
- Чепкалки за заби
- Чевли, по можност во беж боја.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrn1. Исечете ја чипката со соодветна должина за да ја прекрие целата пета и штикла, па со помош на лепило залепете ја.rnrn
rnrn2. Кога ќе се исуши лепилото, на ред доаѓаат каменчињата.rnrn
rnrn3. Со помош на чепкалките за заби, нанесете лепило на секое од каменчињата, па залепете ги на чипката.rnrn
rnrn4. Каменчињата наредете ги по сопствена желба, но не заборавајте дека малку е повеќе и дека чевлите треба да изгледаат елегантно, а не да бидат кич.rnrn
rnrnРаботата е завршена.rnrn
rnrnВашите стари нови чевли сега се идеални за приликите во кои сакате да изгледате елегантно, но и уникатно.rnrn
rnrnДоколку барате чевли за венчавка, а немате ништо што ви се допаѓа, сега знаете како можете самите да ги направите.rnrn
-

Имате аксесоари во жолта боја? Еве како да ги носите оваа сезона!
Самиот поглед на жолтата боја предизвикува различни чувства кај луѓето. Повеќето ги асоцира на сонце и среќа, но на некои не им се допаѓа тој блесок што го овозможува истата. Ист е случајот и кога станува збор за модните комбинации во оваа боја – на многумина им го поправаат расположението и затоа одбираат да ги носат, додека на останатите им смета толкава количина жолта боја на себе. Но, немојте да се откажувате од оваа прекрасна боја, бидејќи и за неа има решение. Доколку навистина ви е премногу да носите панталони или јакна во жолта боја, тогаш одлучете се за детали, кои ќе ја освежат комбинацијата, но и ќе го поправат вашиот ден.rnrnЗа изборот на оваа боја можеме да кажеме дека има поголема врска со тоа каква личност сте, отколку со тоа каков е вашиот стил. И затоа е многу важно да се чувствувате пријатно додека ја носите. Доколку барате идеи на кои начини можете да ја носите жолтата боја во наредната сезона, тогаш сте на вистинското место, бидејќи ние ви нудиме неколку предлози кои веднаш ќе ве освојат.rnrn
rnrnСекогаш можете да започнете со чанта во оваа весела боја. Таа ќе ја „разбие“ монотонијата на еднобојната комбинација и ќе донесе нов изглед на веќе носеното парче гардероба. Доколку мислите дека жолтата боја е тешко да ја вклопите со останатите бои, се лажете, бидејќи таа баш поради нејзината силина одлично се вклопува со многу бои и им дава нова димензија. Фантастично се вклопува со сината, зелената, па дури и виолетовата и циклама боја. Особено ако жолтата е застапена во деталите и чантата, тогаш е вистински погодок, бидејќи ќе имате парче кое ќе им даде нов изглед на старите комбинации. Со црната и белата боја се подразбира, па тука нема да се задржиме.rnrn
rnrnКаишот во жолта боја ќе биде одличен избор баш тогаш кога ќе сакате нешто мало, скоро невидливо, со цел да ја освежи еднобојната комбинација, а не сте сигурни точно што би можело тоа да биде. Тенок каиш ќе им даде светлост на темните парчиња гардероба.rnrn
rnrnДа носите пар жолти обувки значи дека ги сакате новите трендови, кои се вклопуваат со вашиот женствен стил кој го негувате. Можете да ги носите со сите комбинации, започнувајќи од тексас, лежерни и секојдневни, па сè до шик стајлинг за вечерно излегување. А, доколку сте девојка која најчесто е во фармерки и патики, тогаш немојте да ги заобиколите оние класични, но жолти патики, кои на секоја лежерна комбинација ќе ѝ додадат малку боја и живост.rnrn
rnrn
rnrnМарамите или аксесоарите за коса во весела жолта боја се само уште еден начин како вашите модни комбинации да заблескаат, но на умерен и сведен начин кој ќе ви се допадне. Марамата во жолта боја на еднобојна кошула никогаш нема да биде погрешен избор, а можете и да ја врзете на рачката од вашата чанта и на тој начин да му дадете нов шмек на веќе старото парче. Панделките и венчињата за коса, доколку вашата коса е темна, можат да бидат еден од интересните начини да покажете смелост и креативност во комбинирањето.rnrn
rnrnИ за крај, доколку овие жолти детали претставуваат премногу боја за вашиот вкус, тогаш ви препорачуваме накит во златна боја, кој можеме го ставиме во категоријата на жолти нијанси. Накитот во металик златна боја секогаш може да го збогати изгледот за кој сте се одлучиле и да додаде додатна доза луксуз и елеганција во вашиот стил. -

Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакате
Благодарение на храбрите и колоритни дизајни, овие чевли изгледаат совршено за Дизни. Започнувајќи од големите потпетици со карактери и светлите бои, па сè светлото кое свети во чевлите со Чеширската мачка, деталите на овие модели се едноставно импресивни. Токму затоа и воопшто не нè изненадува фактот дека тие скршиле рекорди во областа на обувки инспирирани од анимираните филмови на Дизни. Погледнете…rnrn
rnrn -

Најдобар модел на обувки за секоја должина на здолниште или фустан
Здолништата и фустаните се дневни парчиња кои сакаме да ги носиме во секоја годишна доба и да ги комбинираме на најкреативни начини. Модниот свет нуди голем избор на модели, а клучот на добриот изглед лежи во нивното правилно комбинирање со останатите дневни парчиња, особено со обувките. Секој крој, поточно самата должина на здолништето бара одредени модели на обувки, кои доколку соодветно ги одберете, ќе изгледате како девојка од милион долари, но доколку погрешите, лесно можете да го уништите ефектот кој сте сакале да го постигнете. Погледнете го нашиот мал моден водич и дознајте кој тип обувки одговараат со различните должини на здолништа и фустани.rnrn
rn1. Мини здолништа и здолништа до половина бутини
rnСо оваа должина на здолниште одговара скоро секој модел на обувки, но најдобриот ефект ќе го постигнете со рамните и плитки модели, како летните сандали и балетанки. Во зимскиот период можете да носите длабоки чизми, но исто така и чизми над колена. Чизмите до глуждовите и оние до половина од листовите се резервирани исклучиво за девојките со долги нозе. Штиклите, исто така, не се исклучени, но треба да знаете дека носат опасност од евтин и премногу вулгарен изглед.rnrn
rn2. Здолништа до колена
rnМоделите до колена можат да изгледаат добро со рамни и со обувки на висока пета. Сепак, ако имате полна градба, одлучете се за високи потпетици. Чизмите до и преку колената се, и тоа како, посакувани во зимскиот период, но оние чизми до глуждовите би требало да ги избегнувате, бидејќи во комбинација со ова здолниште ги скратуваат нозете.rnrn
rn3. Веднаш под колената
rnОваа должина на здолништата бара ИСКЛУЧИВО обувки со висока потпетица, бидејќи во рамните обувки ќе изгледате смешно и чудно. Комбинацијата на здолниште со должина под колената и рамни обувки визуелно ќе ја скратат вашата фигура. Без разлика дали станува збор за сандали, чевли или чизми, најважно е да имаат висока потпетица. Исто така би требало да ги избегнувате и полудлабоките чизми, како и чизмите до глуждови, без разлика дали имаат висока потпетица, бидејќи тие ќе го скратат изгледот на вашите нозе.rnrn
rn4. Миди здолништа
rnМиди должината на здолништа подразбира модел кој доаѓа некаде до средината на листовите. Како и претходната должина на здолништа, така и овие носат опасност од визуелно скратување на фигурата, па и за нив се препорачува да се комбинираат со обувки со висока потпетица. Сепак, ако имате витка фигура и долги нозе можете да ги носите и со рамни обувки.rnrn
rn5. Макси здолништа
rnБидејќи овие здолништа во целост ги прекриваат нозете, па обувките не се гледаат, можете да ги носите со рамни, но и со обувки на платформа. Штиклите не се неопходни, бидејќи во суштина нема да се гледаат, а реално тие се и најмалку удобни од сите останати модели.rnrn

-

Обувки по кои лудуваат познатите дами
Не е потребно многу време за некој моден тренд во Холивуд да стане апсолутен хит. Во тоа се имаме уверено многупати досега, а историјата се повторува и со моментално најатрактивните и најпопуларни модели на обувки со високи потпетици помеѓу познатите убавици. Станува збор за класичен модел на чевли кај кои дебелината на потпетицата е само неколку милиметри, поради што тие изгледаат уште повртоглаво, а убавиците кои ги носат уште пограциозно и поелегантно.rnrn
rnrnПознатата убавица која меѓу првите го облече овој модел на обувки е, никој друг, туку Викторија Бекам. Во својот препознатлив манир, Викторија се одлучи за интересни црни салонки од брендот Casadei, кои чинат 585 долари, а чија потпетица делува толку тенко што имате чувство дека во секој момент ќе се скрши. Викторија овој модел на обувки го искомбинира со интересен црн фустан и на овој начин покажа како се носат ваквите чевли, по кои лудуваат сите познати дами.rnrn
rnrnОвој модел на обувки се прави така што дебелината на штиклата треба да изнесува само 2 см, па поради тоа самите потпетици најчесто се направени од челик кој се полира до најситни детали. Освен тоа, обувката се прави да биде максимално удобна и да одговара на положбата на ногата, бидејќи во спротивно секоја убавица која ќе ги носи би трпела неподносливи болки.rnrnНа овој модел на обувки не можеше да одолее ниту популарната пеачка Џенифер Лопез, која се одлучи за модел на брендот Casadei во црвена боја. Таа овие дамски обувки ги облече со секси црвен фустан и слободно можеме да кажеме дека изгледа спектакуларно.rnrn
rnrnОна што е интересно да го споменеме, а има врска со обувките на брендот Casadei Blade, е тоа што секој пар се изработува рачно. Самата модна куќа датира уште од 1958 година, но во ерата на брендовите Christian Louboutin и Jimmy Choo, долго време била непозната за пошироките холивудски кругови. Сега со сигурност можеме да кажеме дека овие модели на обувки, на чело со брендот Casadei, длабоко се вкоренети во светската модна сцена.rnrnЦената на обувките се движи од 250 долари, колку што чини пар сандали со оваа потпетица, па сè до 1.120 долари, колку што мора да издвојат сите познати дами доколку сакаат длабоки чизми со оваа милиметарска штикла. Оваа цена не е зачудувачка, со оглед на тоа дека се потребни месеци за да се изработат, но и да бидат удобни за секоја дама.rnrn
rnrnУште една позната дама која имаше привилегија да ги облече, е шпанската актерка Пенелопе Круз. Таа се одлучи за модел во темносина боја со супертенка потпетица и во кои изгледаше заносно на црвениот тепих.rnrn
rnrnА тука е секако и Камерон Дијаз. Таа ни покажа урбана варијанта за носење на овој модел на обувки, со оглед на тоа дека ги искомбинира со фармерки и стилска јакна. Со тоа покажа дека овој модел на чевли од брендот Casadei Blade е вистински избор за секоја прилика и за секоја жена.rnrn
-

Модата е менлива, стилот е вечен: Како да се облекувате како њујорчанка?
Секоја жена која имала барем една прилика да се прошета по улиците на Големото јаболко и да ја доживее атмосферата на Њујорк, оттаму се вратила комплетно маѓепсана со желба повторно да се врати. За тоа секако придонесува неверојатниот амбиент и атмосферата која владее на улиците на оваа неверојатна метропола, но и неверојатната модна трага која њујорчанките, а и њујорчаните, ја оставаат на секој кој ја сака и ја познава модата. Затоа ние денес ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да се облекувате како вистинска њујорчанка.rnrn
rn1. Носете кожна јакна во текот на целата година
rnБез разлика дали живеат во предградието или во центарот на Њујорк, девојките во Големото јаболко ја сметаат кожната јакна како неизоставен дел од својот стил. Затоа тие кожната јакна ја носат во текот на целата година, бидејќи сметаат дека станува збор за парче кое може да ви даде доза на ризик во секој изглед и да ве издвои од останатите.rnrn
rn2. Црната е нова црна
rnМногу бои доаѓаат и заминуваат од улиците на Њујорк, но една останува засекогаш – црната! Зошто? Бидејќи со оваа боја никогаш не можете да погрешите. Зад црната доаѓаат тегетот, сивата и другите неутрални бои.rnrn
rn3. Избирајте шик обувки
rnДоколку сакате да се облекувате како њујорчанка, никогаш, ама баш никогаш, не заборавајте да облечете шик обувки, бидејќи тие се есенцијално дневно парче во гардероберот на секоја жена.rnrn
rn4. „Ит“ чантата е задолжителна
rnЊујорчанките никогаш нема да ги видите без стилска чанта, без разлика од кој бренд е таа. Едноставно, стилската чанта е „ит“ парче за секоја жена.rnrn
rn5. Носете аксесоари
rnДоколку сакате вашиот стил да зборува наместо вас, тогаш никако не ги изоставајте аксесоарите. Најдобриот избор кој можете да го направите е впечатливиот накит, па за оваа сезона набавете го во што поголем број.rnrn
rn6. Дамски очила за сонце
rnБез разлика дали е сончев или облачен ден, њујорчанките не излегуваат од домот без очила за сонце. Овие денови на улиците на Големото јаболко се атрактивни ретро моделите, па за да изгледате како една од нив, водете сметка какви очила за сонце ќе носите периодов.rnrn

-

Најбараните модели: 4 бренда на обувки по кои сите лудуваат на социјалните мрежи
Да ве праша некој кои брендови имаат најјака армија од фанови на социјалните мрежи, би биле сигурни дека знаете кои дизајнери се во прашање. Веднаш би ви паднале на памет Маноло, Стјуард, Кристијан, Џими.. Но, тогаш би погрешиле уште во стартот, бидејќи, неодамнешното истражување спроведено на мрежите како Твитер, Фејсбук и Инстаграм покажа дека помалку познатите дизајнери на обувки имаат попристапни цени и се поголем магнет од скапите брендови. Не земајќи ги во обѕир супер популарните брендови како Најк и Адидас, кои во својата понуда имаат патики, но и голема понуда на спортска облека, истражувањето се сконцентрирало на оние брендови кои во својата понуда имаат само обувки.rnrn
rnrnЗа овие брендови, покрај атрактивните модели на обувки, својствен е и високо развиен имиџ, како и естетски привлечни фотографии кои се темел за популарност на социјалните мрежи.rn1. Steve Madden
rn
rn2. Sam Edelman
rn


rn3. Keds
rn

rn4. Ugg Australia
rn


-

Малите нешта се важни: Луѓето ја проценуваат вашата личност врз основа на овие ситници
Кога запознавате некого за прв пат, веднаш започнувате, можеби несвесно, да го анализирате и проценувате. Ист е случајот и кога некој ќе ва запознае вас. Луѓето честопати не се свесни дека всушност ситниците се основа врз која другите луѓе судат. Дури и врз основа на некои, на прв поглед, небитни и безначајни ситници давате впечаток каква личност сте и каков е вашиот карактер. Луѓето судат и донесуваат грешки. Можеби не се 100% во право, но врз основа на вашето однесување и првите импресии одлучуваат дали тие ќе ви покажат доверба или ќе ви го завртат грбот. Еве врз основа на што се донесуваат заклучоците дали сте „добра или лоша“ личност.rnrn
rn1. Ракописот
rnНаучниците истражувале дали врз основа на ракописот луѓето судат за нечиј карактер или однесување. Тие дошле до заклучок дека ракописот навистина понекогаш влијае дали некој ќе ја добие работата или не и дали се работи сериозна личност или пак за детинеста и незрела. Истражувањето покажало дека луѓето веруваат дека личностите кои пишуваат со ситен ракопис се срамежливи, додека оние кои пишуваат со крупни и големи букви даваат впечаток дека се дружељубиви, доверливи и сигурни во себе.rnrn
rn2. Бојата на облеката
rnБојата на облеката навистина зборува многу за вас. Личностите кои се облекуваат во црно оставаат впечаток дека се уметнички настроени, чувствителни и обрнуваат внимание на малите детали, додека оние кои ја сакаат црвената боја обично се весели, разиграни и многу се продуктивни. Зелената боја дава впечаток дека сте вредни и доверливи, додека белата боја на луѓето им сугерира дека сте организирана и многу чувствителна личност.rnrn
rn3. Грицкањето нокти
rnАко ги грицкате ноктите луѓето нема да помислат само дека вашите нокти изгледаат неуредно, туку тоа однесување ги асоцира и на депресија, нервоза, па и на тоа дека сте израснале во дисфункционално семејство или средина.rnrn
rn4. Обувките
rnПсихолозите тврдат дека луѓето ги проценуваат другите луѓе врз основа обувките кои тие ги избираат. Како што е и случајот со облеката, така и врз основа на обувките луѓето проценуваат дали имате стил, колку заработувате, дали сте богати, сиромашни, па дури и колку години имате отприлика.rnrn
rn5. Бојата на очите
rnОчите се огледало на душата, барем така кажува народното верување, а многумина веруваат дека бојата на очите е поврзана со нечии темперамент и чувства. Така, луѓето веруваат дека личностите со сини и зелени очи се помалку агресивни од луѓето со црни и темно кафеава боја на очи.rnrn
rn6. Ракувањето
rnЛуѓето можеби и несвесно веднаш заклучуваат дека личностите кои имаат цврст стисок одаваат доверба, имаат цврст карактер, но и големи очекувања, како и дека не се плашат јасно и гласно да ги искажат своето мислење и чувства. Личностите кои имаат благ стисок не се личности полни со самодоверба, не се справуваат најдобро со предизвиците и притисоците, како ни со стресните ситуации.rnrn















