КАФЕ ПАУЗА

Tag: нијанси

  • Креативно решение за вашиот ѕид

    Креативно решение за вашиот ѕид

    Автор: Ема ЈакимовскаrnrnВеќе подолго време се чувствувате досадно во домот и сакате некаква промена? Ако е така, прочитајте го овој текст, затоа што ќе ви покажеме како на лесен начин да го смените изгледот на некој од ѕидовите. Вака направениот ѕид изгледа преслатко и на самиот простор му дава неверојатно чувство на топлина, удобност и многу карактер. Целата процедура е лесна и трае само два дена, земајќи го предвид и периодот одвоен за сушењето.Креативно решение за вашиот ѕидrn

    Што ви е потребно?

    rn

      rn011

    • Бои: три нијанси на портокалова боја, две нијанси на зелена боја
    • rn011

    • Алатки: четка за боење со дебелина од околу 3 см, скала, стиропор, картон и лепило
    • rn

    rnКреативно решение за вашиот ѕидrn

    Како да го направите?

    rnЗемете го картонот и исечете форми на мали квадрати.rnrnНа стиропорот нацртајте несовршени форми на кругови со радиус од околу 2 см и форми на листови, потоа истите залепете ги на парчињата картон за да ги направите печатите.Креативно решение за вашиот ѕидПочнете со најсветлата нијанса на портокалово и намачкајте од бојата на еден од печатите. Притиснете со печатот силно на ѕидот, особено задржете со прстите на краевите, за бојата поубаво да фати. Повторувајте ја постапката сè додека не покриете рамномерно една третина од ѕидот. Внимавајте на овој баланс, бидејќи е потребен простор и за останатите две нијанси.rnrnОткога ќе завршите со најсветлата нијанса, преминете на наредната и повторете го истиот процес. На некои места нијансите можат и да се преклопуваат.rnrnПродолжете така сè до најтемната нијанса на портокалово. Потоа, следат зелените листови. Тука се во прашање две нијанси, почнете со посветлата и завршете со потемната.Креативно решение за вашиот ѕидСовет плус: Внимавајте пред секое нанесување на нова нијанса, да застанете и да погледнете од далеку дали ѕидот е рамномерно покриен. Доколку не сте сигурни, најпрвин направете помалку печати, па потоа доколку видите дека не се доволни, продолжете со работата. Ако случајно згрешите, користете навлажнета тоалетна хартија за корекција и обидете се повторно. За рабовите да бидат почисти, на крајот направете печати во форма на кругови пресечени на половинки и поправете ги. Ова навистина ќе придонесе за подобар и поуреден изглед.rnrnВажно да се напомене е дека ѕидот нема да изгледа супер сè до самиот крај. На почетокот ќе си помислите дека не вреди, но не обесхрабрувајте се, после неколку слоеви боја, ќе изгледа феноменално.rnrnШто мислите? Ако ви се допадна предлогов и имате каде да го испробате, веднаш фаќајте се за работа и направете си форми кои вам најмногу ви одговараат и ви се допаѓаат. Среќно!Креативно решение за вашиот ѕид Креативно решение за вашиот ѕид Креативно решение за вашиот ѕид Креативно решение за вашиот ѕид
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Маникир: Колоритни зраци

    Маникир: Колоритни зраци

    Искусувањето на есента по топлото лето може да биде депресивно. Она што може да ви помогне и со сигурност да ја разбие монотонијата на есента е маникирот. Дајте им живот на вашите нокти со овој интересен маникир.rn

    Потребно:

    rn

      rn011

    • 3 различни нијанси лакови за нокти по ваш избор
    • rn011

    • Црн лак за нокти (или друга темна нијанса)
    • rn011

    • Самолепливи ленти за маникир (што е можно потенки)
    • rn

    rn

    Маникир: Колоритни зраци

    rnНајпрво излакирајте ги вашите нокти со трите лакови кои сте ги одбрале (од секој по една лента како што е прикажано на сликата). Доколку не сакате шаренило и го преферирате едноставното, тогаш излакирајте ги ноктите во една боја.rnrnПочекајте добро да се исушат, па врз ноктите залепете ги тенките ленти. Пожелно е лентите да излегуваат надвор од ноктот за полесно да ги одлепите подоцна. Залепете ги по ваш избор за да формирате различни форми од шарените зраци.rnrnПо целата површина на ноктите нанесете црн лак, или друг по ваш избор. Целта е добро да ги покрие другите бои. Откако ќе се исушат ноктите внимателно одлепете ги лентите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја осветлите косата со лимон?

    Како да ја осветлите косата со лимон?

    Сакате да имате природна сјајна коса, но не сакате да ја оштетувате со хемиски процеси? Лесно е. Лимонот може да ви помогне да постигнете посветла нијанса, па дури и да си направите природни прамени.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnЗа нормална коса: Искомбинирајте 1 дел свежо цеден лимонов сок со ¼ дел топла вода. Ставете го миксот во шише со прскалка.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnЗа сува коса: искомбинирајте 1 дел лимонов сок со ¼ дел кондиционер за коса.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnНабавете крема за сончање бидејќи осветлувачкиот ефект ќе го „работите“ на сонце, па претходно треба добро да ја заштитите кожата од штетните зраци.rnrnИспрскајте од миксот по целата површина на косата и исчешлајте ја неколку пати со благи движења. Доколку сакате да направите прамени, натопете топче памук во мешавината и поминувајте низ прамените кои сакате да ги осветлите од горе до долу. Внимавајте кои прамени ќе ги осветлувате, бидејќи процесот ќе треба да го повторувате неколку пати.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?Како да ја осветлите косата со лимон?rnrnДоколку ја користите мешавината со кондиционер, аплицирајте од неа на прамените со помош на четка за печива, но треба да знаете дека со овој микс ќе ви биде потешко да ги осветлите прамените, отколку со оној од вода и лимон.rnrnСместете се на сонце, најдете удобна положба и седете така 60-90 минути.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnПотоа повторно нанесете од мешавината и седете на сонце уште 30 минути. На крајот измијте ја косата и притоа нанесете поголемо количество кондиционер или маска за коса.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnБидете трпеливи за ефектот. Не очекувајте дека веднаш можете да постигнете драстична промена како со фарбите. За нијансирањето со лимонов сок е потребно време.rnrnЕве какви промени можете да очекувате за период од 3 до 4 недели:rn

      rn011

    • Темно кафеава – светло кафеава
    • rn011

    • Светло кафеава – златно руса
    • rn011

    • Темно руса – светло руса
    • rn011

    • Темно црвена – темно руса
    • rn011

    • Светло црвена – светло кафеава или руса
    • rn011

    • Црна – нема да има ефект
    • rn

    rn

    Неколку бонус совети

    rn

      rn011

    • Повторувајте ја постапката повеќе пати доколку немате време да седите на сонце толку долго првиот пат.
    • rn011

    • Не користете лимонов сок купен во шише.
    • rn011

    • За да забележите поголеми промени треба да бидете трпеливи и да го повторите процесот неколку пати.
    • rn011

    • Немојте да претерувате со употреба. Лимонот ја оштетува косата, а може да имате и негативни последици за вашата кожа.
    • rn

    rn

    Други методи на осветлување кои можете да ги пробате

    rnЗа златна нијанса на вашата коса побарајте т.н. неутрална к’на, која се прави од растението Cassia obovata, поинаку позната како мајчин лист.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnЗа осветлување на светло кафеавите и русите коси можете да користите чај од камилица и да го нанесувате на истиот начин како мешавината од лимонов сок.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnМожете да користите хидроген пероксид за да ја осветлите косата. Ова не е многу природен начин, но може да биде ефикасен. Воедно, подеднакво ја оштетува косата како и лимонот.rnrnИзвадете светли прамени со помош на цимет. Оваа состојка ќе ви помогне во осветлување на темната коса, а секако, има и многу пријатен мирис.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?rnrnПробајте го медот, но овој пат на косата. Ова е уште еден природен осветлувач, но за разлика од лимонот и хидроген пероксидот, не ја оштетува косата.rnrnКако да ја осветлите косата со лимон?

  • Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

    Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

    Шведскиот артист Ијан Бери, познат под уметничкото име Дениму, работи исклучиво со парчиња тексас во разни нијанси на сино и на нив „слика“ пејзажи и луѓе. „Сликите“ на овој артист претставуваат извонредна мешавина од бои, нијанси и облици. За разлика од традиционалните сликари кои можат да ги измешаат боите сè додека не ја добијат нијансата која им е потребна, Дениму се соочува со многу потешка задача, отсекувајќи ја внимателно секоја нијанса, така за да одговара на предметот кој се илустрира.rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсrnrnПрвпат почнал да се занимава со арт на џинс кога по студирањето се вратил во своето гратче од детството Хадерсфилд, Англија во 2006 година. Таму начекал куп стари фармерки, кои веројатно ќе завршеле во добротворни цели. Но, артистот Дениму видел можност за реупотреба на оваа ткаенина на уникатен начин. Почнал да експериментира со текстилот додека истовремено учел како да манипулира со боите, користејќи белило, матрици за цртање и лепак. За една слика му требаат неколку недели, а за тоа време тој макотрпно сече, шие и лепи парчиња создавајќи импресивни ремек-дела. rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсrnrnБери почнал да работи на своите „слики“ од тексас со полно работно време откако бил отпуштен од работа како уметнички директор. Тој досега има изработено 80 „слики“, но очекува дека во иднина темпото ќе се намалува со оглед на тоа дека ќе посветува повеќе внимание на секое индивидуално дело. Понекогаш му треба половина ден само за да го најде вистинското парче тексас.rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс
    rn

    „Веројатно ќе правам сè помалку и помалку секоја година, бидејќи сакам да правам поголеми слики со повеќе детали. Навистина би сакал да ги правам побрзо, но поважно ми е да работам подобро отколку побрзо. Имам сè повеќе нарачки, но во моментов сум повеќе концентриран на изложби во галерии. Мислам дека луѓето ќе почекаат ако навистина ги сакаат моите слики. Не сакам да заработам набрзина. И онака би прифатил само интересни нарачки.“

    rnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсrnrn28-годишниот артист неодамна се врати од изложба во Мајами, Флорида, каде што неговите дела достигнаа цена до 4.500 фунти за парче.rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Професионални совети за шминкање

    Професионални совети за шминкање

    Интернетот е преплавен со талентирани и помалку талентирани девојки кои објавуваат разни туторијали за шминкање и некои од нив се навистина одлични. Но, колку и да се придржуваме до упатствата и советите, не ги добиваме секогаш истите резултати, а некогаш не сме ни приближно до изгледот што го посакуваме. Сигурно ви се случило еднаш да успеете совршено да нашминкате „зачадени очи“, а веќе наредниот пат да изгледате како да не сте спиеле со денови. Овие професионални совети ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини за шминкање и секогаш да изгледате совршено.rnrn

    1. Потрошете некој денар повеќе на потребните алатки

    rnГолем дел од професионалните шминкери нагласуваат дека алатките во комбинација со продуктите кои ги користиме се подеднакво важни како и способностите кои ги поседуваме. Па така, ако користиме просечни четки, просечна шминка и имаме просечни способности, само со подобрување на квалитетот на четките и шминката, без да ја надградиме техниката на шминкање, резултатите се веднаш драстично подобри.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

      rn011

    1. Четка за пудра во прав
    2. rn011

    3. Четка за руменило
    4. rn011

    5. Четка за изедначување и мешање на сенките за очи
    6. rn011

    7. Четка за нанесување сенка за очи
    8. rn011

    9. Четка за прецизен агол
    10. rn011

    11. Четка за нанесување кармин
    12. rn

    rnКога веќе ги имаме соодветните четки, треба да знаеме и правилно да ги држиме и користиме. Во суштина, начинот на кој ја држиме четката влијае врз јачината на шминката. Па така, ако ја држиме четката поблиску до самиот врв тогаш нанесуваме шминка со поголем притисок и изгледа појако со посилни бои, и обратно. За изедначен изглед најдобро е четката да се држи на средината на рачката.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

    2. Ефектот на „маска“ може лесно да се избегне

    rnrnСите го знаеме основното правило дека пред да ја нанесеме течната пудра секогаш мора прво да ја нанесеме нашата крема за лице. Кремата ни овозможува заштита во текот на целиот ден и многу поизедначен тен отколку кога би нанеле само пудра. Но, доколку и покрај ова правило сè уште се борите со ефектот на маска, тогаш ова трикче ќе ви биде омилено. rnrnСлободно измешајте ги кремата за лице и пудрата на едно место пред да ги нанесете! Вашата пудра многу подолго ќе трае, а ефектот е далеку поприроден. Ова особено е корисно при секојдневното шминкање кога немаме потреба од тони шминка, а сепак сакаме доволна покриеност на нашите мали маани.rnrnСовет плус: девојките со мрсна кожа треба да ја нанесуваат течната пудра со помош на сунѓерче. На тој начин, потребната текстура од пудрата што ни треба за прекривање на недостатоците се задржува на сунѓерчето и се пренесува на нашата кожа, а непотребните масла од самата пудра се избегнуваат.rnrn

    3. Научете правилно да ги користите боите

    rnrnЗа секој недостаток постои решение! Иако мислиме дека не постои начин да ги покриеме огромните подочници или црвенилото на образите, всушност тука лежи магијата на професионалната шминка. За сите несакани бои кои ги има на нашето лице постои боја која ги неутрализира. Па така, коректорите со зелени пигменти помагаат да се скрие црвенилото на лицето, а портокаловите коректори помагаат да се отстранат сините нијанси од подочниците.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

    4. Обликот и цртите на лицето можат визуелно да се променат

    rnПравилното исцртување на контурите на лицето заедно со играта на светлината низ потемни и посветли нијанси, навистина може драстично да ни го смени изгледот. Со помош на нијансирањето го нагласуваме она што ни се допаѓа, а го сокриваме она што смета. Правилото е: нијансите коишто се посветли од самата кожа истакнуваат, а потемните нијанси визуелно го намалуваат или стеснуваат местото.rnrnДоколку сакате малку да го издолжите обликот на вашето лице сè што треба да направите е да исцртате „3“ преку двете страни на вашето лице со помош на бронзер. И тоа, започнувате од едната слепоочница, преку вдлабнатиот дел на образите и до долната вилица. Ако мислите дека вашиот нос е премногу широк, повлечете две потемни, тенки линии од двете страни почнувајќи од местото каде што се спојуваат веѓите надолу, а во средината нанесете посветла нијанса.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

    5. Нагласете ги очите со помош на вистинските нијанси

    rnrnДоколку спротивните бои ги ставиме една над друга, како на пример коректор со зелени пигменти над црвенило, тогаш тие меѓусебно се исклучуваат. Но, доколку се постават една до друга, тогаш меѓусебно се нагласуваат што е особено важно кога сакате да изберете најдобра нијанса на сенка за вашите очи.rnrnЗелените очи најдобро се истакнуваат со црвени нијанси, но бидејќи црвената не изгледа најдобро како сенка, одлична алтернатива се темните нијанси на вино. rnrnСините очи одлично се нагласуваат со сенки во златни нијанси или праска. rnrnКафените очи се неутрални и на нив одговараат сите нијанси, но најдобро ги истакнуваат сините и виолетовите нијанси.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги избегнете најчестите грешки при декорирање на просторот?

    Како да ги избегнете најчестите грешки при декорирање на просторот?

    Кога станува збор за ентериерот и декорирањето на вашиот простор секако дека најважно е да се чувствувате пријатно во вашиот дом. Па така, начинот на којшто уредуваме е исто толку субјективен како и начинот на којшто гледаме на уметноста, секој има свој вкус и мислење и не мора да се согласуваме. Токму затоа „грешките“ кои што се споменати подолу се повеќе водич за тоа како да си го олесните уредувањето на домот и не значи дека треба секогаш да се земат како правила.rnrnКако да ги избегнете најчестите грешки при декорирање на просторот?rn

    1. Големината е важна

    rnПоголемите соби бараат поголем мебел, всушност мебелот со поголеми димензии му дава некоја драматичност, но и топлина на широкиот простор. Спротивно од верувањата, ова правило важи и за помалите соби, односно подобро е да имате неколку парчиња мебел со поголеми димензии отколку премногу помали нешта кои само го затрупуваат просторот.rnrnКако да ги избегнете најчестите грешки при декорирање на просторот?rn

    2. Не штедете на осветлувањето

    rnСветлината е можеби најважниот аспект кога станува збор за ентериерот на една соба. Природното осветлување се менува во текот на денот и во зависност од сезоната и временските услови, токму затоа е многу важно како ќе ги поставиме светлата во просторот. Светлата со потенциометар се навистина практични со оглед на тоа што јачината на светлината можете да ја менувате во зависност од потребата.rnrn(3) Како да ги избегнете најчестите грешки при декорирање на просторот? rn

    3. Играјте со нијансите и материјалите

    rnРазличните нијанси, дизајни и материјали ѝ даваат шарм на собата, но доколку се комбинираат умерено. Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да го разиграте просторот, на пример наместо два исти двоседи изберете едниот да биде иста боја со другиот, но со различна текстура. Или доколку се решите мебелот да биде во ист стил, додадете многу украсни перници со различни дизајни.rn

    4. Тестирајте!

    rnОва особено важи кога избирате нови бои за вашиот дом, иако најчесто излегуваат онака како што се прикажани на пакувањето, сепак, дури по бојадисувањето се случува да сфатиме дека таа боја едноставно не одговара. Токму поради тоа важно е да се одвои време за тестирање на нијансата. Бојадисајте дел од ѕидот и најдобро ќе можете да проверите дали е тоа посакуваната боја.rnrnКако да ги избегнете најчестите грешки при декорирање на просторот?rn

    5. Квалитетот пред сè

    rnСите сакаме да направиме добра зделка и да поминеме поевтино. Навистина, некогаш можат да се најдат многу добри работи за ниска цена. Но, кога станува збор за мебел којшто сигурно ќе треба да нè служи подолг период или пак за некоја поголема инвестиција во домот, квалитетот мора да биде пресуден. Парите коишто ќе ги заштедиме нема да значат ништо доколку мора повторно да купуваме за краток период.rn

    6. Помалку е повеќе

    rnСигурно имате многу драги нешта во вашиот дом, украси, сувенири, подароци, но во зависност од расположливиот простор едноставно не може сите да бидат на полиците. Изберете ги омилените или пак оние кои најдобро се согласуваат со стилот на собата и уживајте во просторот кој ќе ви се ослободи. Секако, можете да ги менувате одвреме-навреме и на тој начин да внесувате свежина при секое редекорирање.rnrnКако да ги избегнете најчестите грешки при декорирање на просторот?rn

    7. Оставете простор помеѓу мебелот и ѕидовите

    rnПостои тенденција мебелот автоматски да го залепиме до ѕидот, но според дизајнерите токму тука лежи една од најголемите грешки при декорирањето. Кај помали соби мебелот треба да биде малку оддалечен од ѕидот, а кај поголемите повеќе. Целта е да се приближи мебелот за да се создаде чувство на топлина и интимност, а сепак да има доволно место за слободно движење.rn

    8. Вие го имате последниот збор!

    rnНе дозволувајте пријателите и поширокото семејство премногу да се мешаат во декорирањето на просторот. Секогаш ќе има некоја сугестија од страна, но запомнете дека тоа е вашиот дом и треба да го рефлектира само вашиот карактер. Доколку живеете со семејството, домот секогаш треба да биде топло место кое ќе им биде пријатно на сите, па слободно речете ѝ „не“ на вашата свекрва следниот пат кога повторно ќе ве тера да вметнете некое старо парче мебел.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и изборот на лак за нокти

    Астрологијата и изборот на лак за нокти

    Дознајте која боја на лак за нокти му одговара најмногу на вашиот хороскопски знак…rn

    Овен

    rnОвните се сметаат за кралици на маникирот. Иако често користат црвен лак за нокти, нив, исто така, им одговараат и виолетовите нијанси.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Бик

    rnНа биковите најмногу им одговараат зелените нијанси на лак за нокти. Зелената боја означува изобилство, а истовремено го стимулира и личниот економски развој.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Близнаци

    rnБлизнаците нема потреба да ја кријат светлината која извира од нив. Напротив, треба да ја истакнат користејќи портокалови нијанси на лак за нокти кои потсетуваат на пламен и сонце.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Рак

    rnБисерните нијанси најмногу им одговараат на воздржаните ракови. Од боите, тие се одлучуваат за сребрената боја која потсетува на таинствената внатрешност на школката. Раковите треба да излезат од своето скривалиште и да заблескаат со сребрен сјај.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Лав

    rnЛавовите треба да ја покажат својата сила преку боја која претставува инвентивност и издржливост, за да ја комплетираат успешната приказна. Затоа им се препорачува да користат лак за нокти во бронзени нијанси. Астрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Девица

    rnЦрвената боја најмногу им одговара на девиците. Таа одлично се вклопува во нивниот стил и претставува совршено надополнување на атмосферата која ја создаваат припадничките на овој знак.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Вага

    rnВагите знаат дека помалку е повеќе. Тие веруваат во заводливата моќ на суптилноста и затоа најмногу им одговараат неутрални нијанси на лак за нокти. Популарните „голи нокти“ изгледаат шик и софистицирано.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Скорпија

    rnЗад заводливата насмевка на скорпиите всушност се крие чувствително срце. Припадничките на овој знак нема потреба да ја кријат чувствителноста. Напротив, треба да ја покажат својата помека страна, користејќи розови нијанси на лак за нокти.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Стрелец

    rnНа стрелците најмногу им одговара црн лак за нокти затоа што оваа боја потсетува на мистерија. Мистериозноста е дел од стилот на стрелците и тие треба да ја истакнат оваа особина преку лакот за нокти.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Јарец

    rnВолшебните сини нијанси на лак за нокти најмногу им одговараат на јарците. Бојата која потсетува на вода е одличен избор за припадничките на овој знак.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Водолија

    rnНа водолиите им одговараат сите бои на лак за нокти, сè додека се работи за впечатливи неонски бои. Овие бои се вклопуваат во стилот на водолијата и го ослободуваат нејзиниот весел дух.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrn

    Риби

    rnНа таинствените и имагинативни риби најмногу им одговараат сивите нијанси на лак за нокти. Човечкото око разликува широк спектар од околу 500 нијанси на сива боја, а рибите треба да останат оригинални во своите идеи, исто како што се оригинални и во изборот на лак за нокти.rnrnАстрологијата и изборот на лак за ноктиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шолја за совршено кафе по своја мерка

    Шолја за совршено кафе по своја мерка

    Како го пиете вашето кафе? Со повеќе кафе, со помалку шеќер, со малку вода и многу млеко или со пола-пола? Без пена, со пена, со јака кафена боја или со млеко во кое има малку растворено кафе?Шолја за совршено кафе по своја меркаMyCuppa е навидум обична шолја за кафе, која е посебна штом ја погледнете на внатрешните ѕидови. Таму се наоѓа палета со неколку нијанси кои ќе ви помогнат да ја одредите вашата во зависност од тоа како најмногу го сакате вашето кафе. Вообичаено би било да мерите со лажичка, па веројатно и попрактично, но ова е дефинитивно уникатен начин да се постигне целта – совршено приготвено кафе според свој вкус.Шолја за совршено кафе по своја меркаОдличен подарок за љубителите на добро кафе. Ја има во две варијанти, за љубители на чај и за кафе-уживатели. Чини 20 долари, а ја има на Амазон.Шолја за совршено кафе по своја меркаrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое годишно време сте вие?

    Кое годишно време сте вие?

    Без разлика кои бои се во тренд, секогаш ќе постојат нијанси кои изгледаат добро на вас и некои кои едноставно не ви прилегаат. На ниеден човек не му стои секоја боја, бидејќи палетата бои кои најдобро ви прилегаат, ја определува комбинацијата од бојата на вашите очи, коса и тен. Ако ги знаете боите кои најдобро ви стојат, ќе можете да направите разлика помеѓу тоа дали е подобро да носите златен или сребрен накит, дали црвена блуза ќе изгледа одлично или ужасно на вас и какви нијанси на шминка треба да нанесувате. Навистина е важно да ја знаете вашата палета на бои, бидејќи во спротивно ризикувате да изгледате многу лошо.rnrnВерувале или не, постои еден старомоден начин, кој ви кажува кои се вашите бои и тој е сè уште релевантен после многу години. Станува збор за една студија за боите кои најдобро им стојат на луѓето, а се нарекува сезонска анализа на бои.rnrnКое годишно време сте вие?rn

    Како да откриете кои бои вам најдобро ви прилегаат?

    rnВо главно, анализата на бои се заснова на вашата природна боја на коса, кожа и очи и начинот на кој тие нијанси се во комплементарен или спротивен однос со боите кои одлучувате да ги облечете на себе.rnrnАнализата на бои ги сведува сите луѓе во четири сезони на бои: пролет, лето, есен и зима. Понатаму, овие четири сезони се поделени уште на 3 различни поткатегории. Системов не е совршен, но може навистина да ви помогне да добиете основна идеја, за тоа кои нијанси бои се одлични за вас.rn

    Со помош на графиконов, прво треба да откриете кое годишно време сте.

    rn

    Кое годишно време сте вие?

    rnАко имате проблем околу ова, застанете пред огледало и земете по едно парче облека со морнарско-сина боја, јагленесто-сива, медова и светлокафена боја. Ако немата облека во оваа боја, употребете што било, макар и хартивче и ставете го покрај вашето лице. Ако бојата станува доминантна во однос на вашето лице, тогаш тоа е знак дека бојата не е во ред за вас. Ако пак ве освежува, прави вашите очи да изгледаат посветли и косата ви изгледа подобро, тогаш сте ја нашле вашата добитна комбинација.rnrnОткако го пронајдовте вашето годишно време, според нијансата на вашата коса, очи и тен, пронајдете ја вашата поткатегорија, за да дознаете кои се вашите нијанси на бои.rn

    Типови пролет:

    rn

    1. Рана пролет

    rn

    Очи: сини, зелени, тиркизни или светла лешник-бојаrnКоса: светла до средно златеникаво-руса, сребреникаво-руса или светло до средно кафена бојаrnКожа: бледо розеникава или розеникава-беж боја

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:

    rn

    Кое годишно време сте вие?

    rnrn

    2. Свежа пролет

    rn

    Очи: тиркизно-сини, зелени, златеникаво-кафени или жолтеникавиrnКоса: средно до темно кафена или кафено-црна. Тука спаѓаат и оние кои имаат темна коса со шатирани црвени прамени.rnКожа: бронзена, костенлива, темно кафена (кај мелезите), светла окер боја, светло розеникава, бледа кожа со порцелански изглед

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:

    rn

    Кое годишно време сте вие?

    rnrn

    3. Топла пролет

    rn

    Очи: жолтеникави, маслинесто-зелени, светла лешник-боја или светло тиркизни очиrnКоса: светла златеникаво-кафена, црвена, руса со нијанса на морков-боја, темна лешник-боја со златеникав сјајrnКожа: бронзена, златеникаво-беж, светло розеникава или бледа кожа со порцелански изглед. Кожата може да е пегава.

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:

    rnКое годишно време сте вие?rn

    Типови лето:

    rn

    1. Рано лето

    rn

    Очи: сини, зелени или сивиrnКоса: светла до средна сребреникаво-руса или светла до средна лешникова боја со сивкаст сјајrnКожа: светло розеникава, бледа со порцелански изглед, беж боја или розеникава-беж (се мисли на кожа со беж боја, нашминкана со пудра со розеникава нијанса)

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:

    rn Кое годишно време сте вие?rn

    2. Мирно лето

    rn

    Очи: сивкасто-сини, лешник-боја или светло тиркизниrnКоса: светла до средна лешникова боја со сивкаст сјај, средно кафена (тука спаѓаат и оние кои имаат шатирана коса со руси прамени)rnКожа: светла до средна беж боја

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:rn

    rnКое годишно време сте вие?rn

    3. Ладно лето

    rn

    Очи: сиви, сини или тегетrnКоса: средна до темна лешникова боја со сивкаст сјај или кафена со малку или без црвенкаст сјајrnКожа: розеникава-беж, сива-беж или природна светла беж боја

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:

    rnКое годишно време сте вие?rn

    Типови есен:

    rn

    1. Длабока есен

    rn

    Очи: темно кафени, светло костенливи, црни или темно зелениrnКоса: средно кафена, средна до темно кафена со бронзен сјај, темно костенлива или црнаrnКожа: светла до средна беж, златеникаво-кафена, темно кафена, маслинеста

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:

    rnКое годишно време сте вие?rn

    2. Дождлива есен

    rn

    Очи: светло кафени, светла лешникова боја, сини или сиво-зелениrnКоса: златеникаво-руса до средно кафена или кафена со малку црвенкаст сјај. Може да има руси или црвени прамени.rnКожа: светла до средна беж боја, златеникаво-кафена

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:rn

    rnКое годишно време сте вие?rn

    3. Топла есен

    rn

    Очи: кафени, маслинести, лешник боја или жолтеникавиrnКоса: темно костенлива, црвена, руса со нијанса на морков-боја или златеникаво-русаrnКожа: бронзена, златеникаво-кафена, златеникаво-беж или светло беж

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:

    rnКое годишно време сте вие?rn

    Типови зима:

    rn

    1. Длабока зима

    rn

    Очи: црни, темно кафени накај црни или светло костенливиrnКоса: темно кафена накај црна, средно кафена, сребрено-сива или прошарана коса која белееrnКожа: црна, средна беж, кафено-црна или маслинеста без розеникави или касија-нијанси

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:rn

    rnКое годишно време сте вие?rn

    2. Снежна зима

    rn

    Очи: светло сини, лешник-боја, виолетови или зелениrnКоса: црна, костенлива, средно кафена или темно кафенаrnКожа: црна, темно кафена, природна беж, светло маслинеста, млечно бела (најчесто изгледа како да е транспарентна)

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:rn

    rnКое годишно време сте вие?rn

    3. Студена зима

    rn

    Очи: сиви, сини, темно кафени или виолетовиrnКоса: црна коса со тегет сјај, сребрена, прошарана коса која белее. Тука не спаѓаат црвените тонови.rnКожа: средна беж, маслинеста или природна беж

    rnrn

    Најдобрите бои за вас се:rn

    rnКое годишно време сте вие?.rnЗаклучок: Имајте на ум дека можеби некои од боите прикажани погоре, нема да стојат фантастично на вас, но сепак тие се најдобрите нијанси според бојата на вашите очи, коса и кожа, кои дефинитивно треба да ги инкорпорирате во вашата гардероба.rnrnИсто така, можеби ќе се пронајдете во неколку различни поткатегории. Тоа е сосема во ред и нормално. Целта на сезоните е само да ви даде основа за тоа кои се вашите најдобри бои. Тие не се некои статични правила, кои морате строго да ги почитувате.rnrnВи препорачуваме да експериментирате со различни нијанси, за да откриете кои најдобро ви прилегаат. Затоа, пред да одите на шопинг можете да го испечатите овој пост, како и водичот за комбинирање бои во вашата гардероба, за да ги имате вашите бои секогаш при рака.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си блескави нокти во домашни услови

    Направете си блескави нокти во домашни услови

    Женските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.rnrnНаправете си блескави нокти во домашни условиrnrnЛетото е годишно време, кога лакирањето нокти е задолжителен моден додаток на вашиот стил, затоа не чекајте, набавете соодветни бои лакови и започнете со работа. Постапката не е комплицирана, така што не ви е потребна некоја особена уметничка дарба за правење ваков маникир.rn

    rn

    rn

    rn

    Забелешка: Не мора да се ограничувате токму на овие бои на лакови. Експериментирајте и стилизирајте си ги нотките по ваш вкус. Доколку немате толку време за да ги средувате, доволно е да имате два лака, да речеме еден зелен и еден со зелени светки. Нанесете слој или доколку е потребно два од обичниот лак и откако ќе се исуши, од средината на нокотот кон врвот нанесете од лакот со светки и работата е завршена – добивте блескави, волшебни нокти.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn