КАФЕ ПАУЗА

Tag: нијанси

  • Најчести грешки при бојадисување на косата во домашни услови

    Најчести грешки при бојадисување на косата во домашни услови

    Автор: Сара ТурановиќrnrnДенес постои голем избор на бои за бојадисување на косата во домашни услови кои што може да испаднат прекрасно, но за да го постигнете тој резултат треба да се придржувате до одредени правила. На пример, внимавајте да користите нијанса на боја која ќе одговара на вашиот тен. За да ги добиете посакуваните резултати, избегнувајте ги овие девет најчести грешки при домашно бојадисување на косата.rnrnHair Salon. Coloring.rn

    1. Се фарбате во нијанса која е за два пати потемна или посветла од вашата моментална боја

    rnАко сакате од темна боја да добиете светла, тогаш не фарбајте ја косата дома, туку појдете на фризер. Тоа е промена која бара стручен третман и ако промената е драстична, на пример од темно кафеава да преминете во руса, најверојатно ќе ви бидат потребни неколку третмани.rn

    2. Очекувате бојата да биде иста како на сликата од кутијата

    rnНаместо да се потпирате на сликата од кутијата, која може да ве измами, односно да не одговара на вистинската боја, повеќе внимание посветете на типот и описот на бојата. На повеќе кутии ја пишува бојата (руса, црвена, црна) и нијансата (светла, средна, темна), а може да го пишува и тонот (топла, златна, ладна).rn

    3. Ја оставате бојата да стои предолго

    rnЗа да бидете сигурни дека ќе ја измиете бојата навреме, поставете си аларм за да ве потсети. Многу жени ја оставаат бојата да стои предолго, па доаѓа до оштетување на косата.rn

    4. Ја миете косата во лавабо

    rnМијалниците и лавабоата немаат доволен притисок на водата, па бојата не може темелно да се измие, а хемикалиите кои ќе останат може да ја оштетат косата. Косата измијте ја над кадата или пак во туш кабина каде што ќе можете темелно да ја отстранете бојата.rn

    5. Не се држите прецизно до упатствата

    rnБез разлика дали ќе купите боја од различен производител или пак друга нијанса од истиот што веќе го користите, задолжително пред бојадисувањето прочитајте ги упатствата и прецизно држете се до нив. Времето за држење на косата се разликува од производител до производител, а некои бои пак се нанесуваат на влажна, а некои на сува коса.rnrn2-Najchesti-greshki-pri-domashnoto-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    6. Купувате премалку боја

    rnСекогаш купувајте две кутии боја за да не останете без боја во текот на бојадисувањето. Особено ако имате долга, густа и виткана коса.rn

    7. Ги фарбате белите влакна со полутрајна боја

    rnАко повеќе од половина влакна се бели, користете трајна боја за бојадисување бидејќи со полутрајната боја нема да ги покриете. Полутрајната боја за коса може да ја користите ако имате мал број бели влакна.rn

    8. Се фарбате сами

    rnПредниот дел може да го бојадисате сами, но за задниот дел ќе ви треба помош бидејќи тој дел не можете да го видите добро, па ќе треба да го правите тоа на слепо. Замолете ја вашата пријателка, некој од семејството или пак партнерот да ви помогнат.rn

    9. Користите тон на боја кој не ви одговара со вашиот тен

    rnПостојат два основни тонови боја, топли и ладни. Дали мислите дека изгледате уморно, како лицето да ви е црвеникаво и дека имате флеки по него? Тогаш веројатно користите тон на боја кој не ви одговара на вашиот тен. На жените кои брзо зацрвенуваат и горат на сонце подобро им стојат ладни тонови на боја, односно пепеласти и беж бидејќи топлите тонови ќе го истакнат црвенилото на кожата. Жените кои лесно поцрнуваат на сонце би требало да користат потопли тонови односно медени, карамела, бронзени и златни тонови. Некои жени се наоѓаат во средина, па им одговараат и топли и ладни тонови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Корисни совети за шминкање на русокосите

    Корисни совети за шминкање на русокосите

    Автор: Сара ТурановиќrnrnРусата боја е повеќе од боја на коса. Русокосите може да избираат илјадници нијанси од светло платинести и ладно бронзени тонови до боја на пченица и карамела. Овие совети ќе ви помогнат да ја одберете вистинската нијанса на шминка според нијансата на вашата руса коса.rnrnKorisni-soveti-za-shminka-kaj-rusokosite-www.kafepauza.mk_rn

    Најважно: Подлога за русокоси

    rnЦрвенилото и акните се често видливи кај русокосите со светол тен. Поради оваа причина би требало да користите шминка со среден и јак интензитет освен ако природата не ви подарила кожа како на бебе. Потрудете се да изберете боја која оди од неутрален беж па сè до малку жолтеникави нијанси. Избегнувајте ги светло црвеникавите тонови на шминка.rn

    Пријатно за очи: Шминка за очи кај русокосите

    rnУспешниот рецепт за нанесување сенка за очи би гласел – што помалку, тоа подобро. Изразено јаките сенки за очи како темно розовите и темно виолетовите делуваат премногу нападно на голем број жени со светло руса коса. Пастелните тонови од овие бои имаат многу попријатен ефект.rnrnОвие благи нијанси како светло црвената и виолетовата без светки изгледаат пријатно со сиви и кафеави тонови.rnrnПепеласто русата коса треба да ја комбинирате со златно кафеава сенка за очи за да внесете малку сјај во вашиот тен. Делот под веѓите нагласете го со боја на шампањ или златна боја, но избегнувајте ги сребрените и бисерните бои.rnrnЖените со златно руса коса изгледаат добро кога носат потемни нијанси на розова, виолетова или циклама.rnrnНе избегнувајте ги „зачадените очи“ за вечерните излегувања. Тие изгледаат добро на сите русокоси, но можеби треба да користете кафеава или сива сенка наместо црна.rn

    Веѓи: Без претерано нагласување

    rnЖените со природно руса коса не би требало да ги нагласуваат веѓите користејќи премногу темна боја на молив за веѓи. Идеални се оние во светло сиви или кафеави бои. Многу компании нудат специјални моливи за веѓи за русокоси. Најважно е да не повлекувате премногу јаки линии. Правилно е да повлечете неколку мали линии помеѓу постоечките влакна на веѓите. Доколку сте ја осветлиле косата, може да побарате од вашиот фризер да ви ги осветли и вашите темни веѓи. Ова ќе направи вашата коса да изгледа поприродно.rn

    Руменило: Црвени образи за русокосите

    rnСветлоцрвените тонови им даваат пожив тон на кожата. Светло розовите тонови се идеални за светло русите жени; светло црвените и нијансите на праска со траги од златно одговараат на златно русата коса.rnrnРусокосите со потемна коса би требало да изберат кафеаво-светло црвена нијанса. Може да нанесете и бронзер, но во умерена количина.rn

    Усни како јагода: Боја на кармин за русокосите

    rnОна што го кажавме за руменилото важи и за карминот. Сигурно ќе изгледате прекрасно со розов кармин. Сите нијанси на розово се добар избор.rnrnДеликатните розови тонови со беж или кафеав тон се одлични за светло златните русокоси.rnrnПлатинестите русокоси може да користат потемна црвена или розова боја. Но внимавајте, интензивните или темните бои на кармин задолжително бараат изедначен тон.rnrnЗа совршен изглед користете и молив за усни во иста боја како карминот. Русокосите не би требало да помислуваат на темни моливи за усни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

    Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

    Понекогаш е навистина тешко и скапо да се одржи блескаво белата насмевка, но постојат одредени трикови со кои можете да креирате илузија и да ги покажете вашите заби во подобро светло. Погледнете ги овие неколку нијанси на кармини кои можат многу да ви помогнат при белиот изглед на вашите заби.rn

    Црвена

    rnБои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побелоrnrnОдбирајте нијанси со сина основа, наместо оние со портокалово-црвена основа. Црвената боја сама по себе е соодветна за скоро сите бои на кожа, но со совршено балансираната сина основа таа исто така може да служи и како одличен трик за избелување заби. Сината во споредба со портокаловата и жолтата боја стои на спротивната страна од спектарот, па токму затоа има тенденција да ги неутрализира овие 2 несакани бои на нашите заби. Кармините кои имаат портокалово-црвена основа ги истакнуваат токму оние моменти на вашите заби кои вие сакате да ги скриете.rn

    Светло розова

    rnБои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побелоrnrnОдбирајте студени тонови, наместо корални или портокалови. Розовите кармини имаат тенденција да бидат погусти од црвените бидејќи им недостасува темниот контраст кој кај нив предизвикува забите да се истакнат. Но, и тука важи истото правило. Избегнувајте ги портокаловите основи и одете на понежните розови, оние кои имаат нијанси на зрнести плодови.rn

    Темно розова

    rnБои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побелоrnrnСекогаш кога се двоумите, одберете нијанса на зрнести плодови. Овие бои ви отвораат широк спектар за избор. Тие најчесто се на границата помеѓу розова и виолетова боја, каде што се истакнува сината основа која прави чуда со вашата насмевка. Без разлика дали ќе одберете светла малина или темна слива, вие никогаш нема да згрешите. Но, имајте на ум дека оние видови кармини кои повеќе светат можат негативно да влијаат врз бојата на вашите заби, така што подобро е да одбирате мат нијанси.rn

    Темни нијанси

    rnБои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побелоrnrnОдберете темни бои кои имаат виолетов сјај наместо оние со кафеава основа. Кафеавата боја воопшто не им помага на вашите заби, баш напротив, таа ги истакнува кафеавите тонови во вашата насмевка. Контрастот помага, секако, но многу е подобро доколку одбирате темни нијанси на виолетови или црвени бои.rn

    Боја на кожа

    rnБои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побелоrnrnЕдноставните формули со мал сјај се секогаш добар избор. Можеби оваа идеја е спротивна на вашата интуиција, но понекогаш е потребен мал сјај за вашите заби да го покажат своето вистинско светло. Со помош на сината основа која не е видлива за очите во овие бои, вашите заби ќе почнат да зрачат. Од друга страна пак, мат верзијата од бојата на кожа може да предизвика вашите усни да изгледаат суво, па и тоа негативно да влијае врз вашата насмевка.rn

    Држете се настрана од овие бои

    rnБои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побелоrnrnНа крајот од денот одлуката е ваша. Но, следниве 3 нијанси се вистински непријатели на вашата насмевка, па можеби е подобро доколку воопшто не ги употребувате…rnrnСмрзнат сјај: Да, малку сјај може да направи чудо. Но, доколку вашиот изглед е премногу леден, ризикувате да направите илузија дека усните ви се побели од забите.rnrnПортокалова: Погледнете ја фотографијата, таа кажува сè!rnrnНеонски бои: Овие бои можеби и би можеле добро да ги искомбинирате, но само доколку имаат сина нијанса, бидејќи со својот интензитет тие имаат тенденција да ги истакнуваат несовршеностите на нашите заби.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нијанси на руса коса: Врвен водич за блондинки со кој треба да појдете на фризер

    Нијанси на руса коса: Врвен водич за блондинки со кој треба да појдете на фризер

    Колку пати сте отишле на фризер и сте побарале одредена нијанса на руса боја за коса, но сте добиле нешто со што не сте биле задоволни? Оваа боја на коса е многу специфична и доаѓа во различни нијанси, започнувајќи од белите и сребрените, па сè до жолтеникаво-златните. Затоа понекогаш е потребно доста искуство со цел да ја погодите вистинската нијанса. Погледнете го овој водич кој ќе ви помогне да ја издвоите вашата омилена нијанса…rnrnВрвен водич за блондинкиrnrn

  • Инјектирајте весели бои во плакарот за повесела зима

    Инјектирајте весели бои во плакарот за повесела зима

    Ладните месеци ја црпат целата енергија од нас, а и инспирацијата за носење весели бои. Така, започнуваме да носиме црно од глава до петици, темно сина, кафеава и други темни бои чиј единствен опис е „неутрално“. Ако се пронајдовте во овие зборови, тогаш погледнете како да ги инкорпорирате веселите бои во плакарот, а со тоа да го подобрите и вашето расположение.rn

    1. Носете палто во весела боја

    rnАко постои само едно нешто што треба да го додадете во вашиот плакар тогаш тоа е палто во јака боја. Одберете палто во вашата омилена нијанса кое секогаш можете да го носите врз кое било друго парче.rnrn1-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    2. Искористете го „колор блокинг“ трендот

    rnАко преферирате повеќе бои, тогаш инвестирајте во јакна (или кое било друго парче облека) кое има колор блокинг. Розовата капа одлично ја надополнува розовата линија на нејзиниот капут.rnrn2-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    3. Ризикувајте со смели обувки

    rnОбувките во силна боја дефинитивно ќе ја истакнат вашата комбинација и ќе направат да се издвоите од масата.rnrn3-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    4. Комбинаторика од темни парчиња со чанта во пастелни тонови

    rnАко претходниот совет не ви се допаѓа, тогаш обувките заменете ги со чанта. Ова е фантастична опција за оние кои сакаат да се држат до темните бои во текот на целата зима. Чантите во пастелна боја додаваат доволно боја за комбинацијата да не биде монотона, а не е премногу за да се чувствувате како целофан од бонбонче.rnrn4-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    5. Употребете ги основните бои

    rnДодека пастелните и флуоресцентните тонови треба да се поседуваат, примарните бои се основна инспирација во зимскиот период. Изгледаат одлично покрај неутралните бои и се надополнуваат меѓу себе. Црвена и сина, жолта и зелена, портокалова и виолетова. Одберете комбинација од две бои и така градете ја комбинацијата.rnrn5-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    6. Обоено крзно

    rnИзгледа исто како да носите јакна во силна боја, но освен што ќе направи да блеснете, крзното и ќе ве стопли. Плус, можете да го носите со темни нијанси без да изгледате здодевно.rn6-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    7. Пантолони за силен впечаток

    rnАко крзното и обувките ви се премногу ризични, тогаш одберете пантолони. Со нив ќе оставите силен впечаток. Интересен микс е фушиа со црно или бело и спојот помеѓу кобалт сината и ловечко зелената.rnrn7-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    8. Клучот е во ракавиците

    rnАко навистина сакате да покажете дека владеете со контрастните бои, тогаш носете црно-бела комбинација и додадете ракавици во храбра боја. Таа може да биде црвена, виолетова, жолта или која било богата нијанса. Вака, вашите раце ќе зборуваат сами за себе.rnrn8-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    9. Од глава до пети во силни бои

    rnАко не можете да се справите со комбинацијата од две силни бои тогаш креирајте изглед кој ќе биде целиот во силни бои. Експериментирајте. Зимската облека има тенденција да биде неверојатно здодевна и понекогаш ви е потребна промена. Мешајте материјали и бои и дознајте што вам ви одговара.rnrn9-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимска инспирација од модната сцена: Весели бои, шарени комбинации

    Зимска инспирација од модната сцена: Весели бои, шарени комбинации

    Без разлика што за ваквото време карактеристична е темната палета на бои, на последните неколку модни недели дизајнерите успешно ги вметнаа и поживите нијанси во нивните зимски колекции. Пробајте ги ваквите модни комбинации за да создадете тренди и свеж изглед како од модните писти.rn

    1. Вишна и портокалова

    rnПортокаловата боја е задолжителна за есента, но успешно се транзиционира и во зимата. Црпете инспирација од брендовите како Акне кои акцентот во нивната колекција го ставија на портокаловата, но со многу необичен спој, како што е бојата на вишна.rnrn1-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_ 2-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_rn

    2. Сина и сива

    rnСината и сивата се елегантна комбинација од бои кои се одлични за на работното место. Иако морнарско и кралско сината се сигурни нијанси, дизајнерите како Метју Вилијамсон и Баленсијага целат кон посветли нијанси како небесно и кобалт сина.rnrn3-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk4-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_rn

    3. Морнарско сина и црвена

    rnУште една моќна комбинација од бои е и морнарско сината со црвената. Џил Сандер и Карвен се само неколку од звучните дизајнерски имиња кои ги инкорпорираа ваквите бои во нивните колекции.rnrn5-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk6-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mkrn

    4. Крем и розова

    rnПастелните нијанси се голем хит во летните месеци, но оваа сезона тие станаа уште помодерни. Додека повеќето дизајнери ги избираат потемните нијанси од спектарот, звучните имиња како Клои и Џил Сандер ги вметнаа пастелните нијанси во зимските ревии.rnrn7-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_8-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_rn

    5. Црна и бела

    rnКласична комбинација совршена за секое годишно време. Ваквите комбинации беа забележени на ревиите на Александар Венг, Филип Лим и Проенза Шулер.rnrnProcessed with VSCOcam with f2 preset10-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_rn

    6. Розова и жолта

    rnКолекцијата на Дијан вон Фурстенбург е доказ дека оваа сезона во центарот на вниманието се веселите бои. Женственото дуо составено од розова и жолта дефинитивно ја разбиваат монотонијата на темните бои карактеристични за студеното време.rnrn11-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk12-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mkrn

    7. Виолетова и црна

    rnЕмпорио Армани и Ердем се само неколку од брендовите кои го искористија ваквиот спој на бои. Овие имиња успешно ги споија безвременската црна боја и живата виолетова нијанса. Ваквата комбинација носи возбуда на вообичаениот конзервативен изглед.rnrn13-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_14-zimska-inspiracija-od-modnata-scena-kafepauza.mk_rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

    6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона

    Од плетенки до готска шминка, еве што диктираат модните писти оваа есен кога станува збор за надворешната убавина.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    1. Плетенки

    rnОваа есен познатите модни куќи на модните писти презентираа доволно фризури со плетенки што не можеме а да не се запрашаме дали плетенките се тренд за оваа сезона? Тука се и некои од познатите личности кои редовно се појавуваат со плетенки, без разлика дали станува збор за изглед на црвениот тепих или кежуал комбинација. Во секој случај, со плетенки може да си направите фризура за секоја пригода и да направите косата да ви биде средена без многу труд и време. Плетенките се секогаш добар избор па не ги изоставувајте оваа есен.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    2. Шишки

    rnШишките се секогаш најдобар избор доколку сакате да направите промена во вашиот изглед. Шишките ви ги истакнуваат очите и јаболчниците и ви даваат заводлив изглед. Но, не зборуваме за какви било шишки, оваа есен одете смело. Речете му на вашиот фризер дека сакате шишки со заоблени краеви или драматичен пад на краевите или пак скратете ги пократко од вообичаено.rnrnОскар де ла Рента и Александар Венг дефинитивно покажаа смели изгледи на њујоршката недела на модата, кои може да ви послужат како инспирација.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    3. Вампирски усни

    rnОва е еден од оние трендови кои се враќаат секоја година. Штом дојде оваа сезона усните стануваат сè потемни па темноцрвените нијанси се доста популарни наесен. Не заборавајте пред карминот внимателно да ги оцртате усните со молив. Кога станува збор за нијансите, од вино до темновиолетова, добредојдено е сè што е темно и мистично. За посебни пригоди изгледот надополнете го со парче впечатлив накит, комбинација која гарантира луксуз, додека темната нијанса на кармин со црн тренди капут е навистина моќна и женствена.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    4. Готски нокти

    rnКога сме веќе кај храбриот изглед и „темната“ страна на есента, уште еден тренд кој се враќа секоја есен дефинитивно се готските нокти. Темно виолетови, вино боја, темно кафеави, мастило боја, се нијанси кои се добредојдени. Доколку не сте љубители на темните лакови одберете металик нијанса, кои исто така даваат софистициран изглед. Доколку сакате повпечатливи нокти, слободно одберете темна нијанса со светки.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    5. Металик шминка за очи

    rnСмел и заводлив поглед директно од диско клубовите на деведесеттите. Доколку баравте начин да постигнете впечатлив и луд летен изглед наесен, еве ви можност. Нанесете сребрена металик сенка на внатрешниот агол на окото за да ги истакнете очите. Сите девојки со сини очи, златна или бакар нијанса е вистинската за вас. Не заборавајте дека вниманието го влечете кон очите, па нема потреба од тешки и впечатливи нијанси на кармин. За усните може да одберете т.н. „гол“ изглед.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезона 6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrn

    6. Неутрална и природна шминка

    rnДосега есенските трендови се прилично смели, но доколку впечатливите бои не се ваша добра страна нема потреба да се обидувате да бидете нешто што не сте. „Голата“ шминка е сосема прифатлива оваа есен. Всушност, неутралното никогаш не излегува од мода. Клучот за постигнување на овој изглед е употребата на што е можно понеутрална шминка за да се нагласат добрите црти на вашето лице. На пример, одберете крем пудра која нема да ви го „фасадира“ лицето, туку ќе му даде топлина на природен изглед, како и нежно розово руменило кое суптилно ќе го нанесете на јаболчниците правејќи потези со четката кон надвор. Сенките за очи нека бидат со природни и земјени тонови, што е можно понеутрални, а изгледот може да го завршите со сјај за усни во праска боја или нежен кармин во крем нијанса.rnrn6 трендови за есен 2014 кои не смеете да ги пропуштите оваа сезонаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трендови за есен/зима 2014-2015: Кои бои најмногу ќе се носат оваа сезона?

    Трендови за есен/зима 2014-2015: Кои бои најмногу ќе се носат оваа сезона?

    Ако погледнеме во колекциите на дизајнерите, скоро целиот круг на бои е застапен оваа сезона, не исклучувајќи ги секогаш присутните – белата и црната. Стандардно, есента носи малку потемни нијанси, но овој пат и по некоја светла, која ќе ја разбие монотонијата и во најтмурните денови.rnrn0-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnЕве кои бои се најзастапени во колекциите на модните дизајнери и како тие најдобро се комбинираат.rn

    Алуминиумска сива

    rnОд најсветла до најтемна, оваа футуристичка боја е комплексно-неутрална и е најпопуларната за сезонава.rnrn1-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 2-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Нијанси на сина (морнарска и кобалт)

    rnМорнарско-сината е класична боја која секогаш е во тренд. Комбинирајте ја со бела за беверменски изглед.rnrnСветлата кобалт сина има дискретна зелена поднијанса и претставува варијација на традиционалната кобалт сина.rnrn3-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk4-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Црвена (аурора и сангрија)

    rnОвие нијанси даваат гламур и свечен изглед.rnrnАурората е портокалово-црвена нијанса, која претставува класична есенска боја која дава доза живост меѓу останатите потемни бои.rnrnСангрија е убава нијанса на шумско овошје која побудува чувство на гламурозни авантури и далечни дестинации.rnrn5-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 6-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Блескава орхидеја и бежова магла

    rnЗа доза женственост – овие бои лесно се комбинираат меѓусебно, но одлично изгледаат и самостојно во комбинации од глава до пети.rnrnБлескавата орхидеја добро се комбинира со сини и сиви нијанси.rnrnБежовата магла е романтична и елегантна светловиолетова нијанса која дава женственост и добро се комбинира со сангрија и блескава орхидеја.rnrn8-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk7-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Коњак кафена кафеава боја и нијанси на беж

    rnОвие две бои даваат суптилна елеганција.rnrnКоњакот е најпопуларна нијанса на кафена за оваа есен. Ова е многу топла боја која многу едноставно се комбинира со останатите нијанси во палетата.rnrn9-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk10-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Чемпрес зелена

    rnКласична, но силна есенска зелена нијанса. Освежувачка боја која лесно се комбинира со беж, жолта, аурора црвена и коњак боја.rnrn11-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 12-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Замаглено жолта

    rnНајсветла за сезонава, создава рамнотежа помеѓу останатите темни бои од есенската палета.rnrn13-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrn

    Класичните црна и бела

    rnСекогаш во мода, било во посебни комбинации од глава до пети или во меѓусебен спој.rnrn14-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 15-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mk 16-trendovi-za-esenzima-2014-2015-koi-boi-najmnogu-kje-se-nosat-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 бои на кармини кои секоја жена треба да ги има

    3 бои на кармини кои секоја жена треба да ги има

    Секогаш е забавно да пробате нешто ново и да откривате бои кои добро ќе прилегаат на вашиот тен, коса и стилот на шминкање, но овие 3 нијанси одговараат на скоро секоја жена.rn

    1. Кремастa „nude“

    rnКармините во боја на кожа односно во „nude“ нијанса се одличен избор доколку со шминката сакате да ги истакнете очите, нагласувајќи ги со туш, маскара или со заводливи сенки нанесени во ефект на „зачадени очи“.rnrn1-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk 2-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mkrn

    2. Мат црвена

    rnВизажистите се едногласни кога велат дека најдобро е на лицето да се истакне само еден дел. Доколку сакате тоа да бидат усните, нема да погрешите ако изберете црвен кармин во мат варијанта. Црвениот кармин одлично им прилега на русокосите, црнокосите и црвенокосите жени и девојки, а е одличен избор и за свечени и за бизнис опкружувања.rnrn3-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk 4-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mkrn

    3. Сјајна розова

    rnДоколку ги обожавате природните нијанси на шминка, изберете кармин во нежна розово-црвена варијанта со нијанса на шумско овошје како цреши и јагоди. Овие бои суптилно ги бојат усните и се одличен избор за секој ден додека ги извршувате вообичаените дневни обврски и рутини.rnrn5-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk 6-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

  • Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен

    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен

    По летото во кое преовладуваа светлите, неонските и пастелните бои на лакови, оваа есен доминираат темните бои. Се носат чоколадно кафеави, златни и портокалови нијанси, односно боите кои ја карактеризираат есента како годишно време. Погледнете кои лакови се во тренд оваа есен.rnrn

    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Нежно сина
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Чоколадно кафена
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Темна цреша
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Темно зелена
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Златна
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Сребрена холографска
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Портокалова
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Темно виолетова
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.