КАФЕ ПАУЗА

Tag: нијанси

  • Боја на коса што се менува за 2 секунди: Што мислите за овој тренд?

    Боја на коса што се менува за 2 секунди: Што мислите за овој тренд?

    Доколку не можете да се одлучите помеѓу две бои на вашата коса, зошто да не се обидете и со двете? Токму ова го направила оваа девојка, а резултатот или ќе го обожавате или воопшто нема да ви се допадне – нема трета опција!rnrnБи испробале ли и вие: Боја на косата која се менува за 2 секундиrnrnТаа најпрво покажува една боја на нејзината коса, па со само еден потег од неколку секунди, ги покажува розовите нијанси.rnrn

    rnrnrnТрикот е да ја нијансирате косата и да создадете илузија на една боја. Еве како изгледа тоа погледнато од назад.rnrnБи испробале ли и вие: Боја на косата која се менува за 2 секундиrnrnМожете да го направите ова и со поприродни нијанси, како што тоа го направила оваа девојка.rnrnБи испробале ли и вие: Боја на косата која се менува за 2 секундиrnrnНевообичаено, но изгледа интересно. Би го испробале ли и вие овој начин на фарбање?

  • 5 неодоливи нијанси на бои за коса кои летово се вистински хит

    5 неодоливи нијанси на бои за коса кои летово се вистински хит

    Некои жени можат многу долг период од животот да ја носат својата коса во иста форма и боја, но има и голем број кои обожуваат да експериментираат и да го менуваат својот изглед. Летото е период кога со особена леснотија се одлучуваме да направиме одредени промени во бојадисувањето на нашите коси. Во последно време сме сведоци дека кога некој нов тренд за убавина ќе стане хит на социјалните мрежи, тоа со брзина на молњата се проширува и веднаш се прифаќа.rnrn(0) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хитrnrnБоите кои ова лето се хит на Инстаграм во буквална смисла на зборот го отсликуваат летото, заоѓањето на сонцето, бохо фустаните, плажите и релаксираноста којашто владее насекаде околу нас. Избравме пет прекрасни нијанси кои можете да ги постигнете сами или пак со вашиот стилист. Која би ја одбрале вие?rn

    1. Сонце во коса

    rn(1) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хитrnrnОвие нијанси се само за храбрите девојки. Без оглед дали ќе изберете длабока црвена, портокалова, жолта, виолетова или сина боја, дефинитивно ќе ве освежи. Со ваква боја на коса сите ќе се вртат по вас, а доколку не сакате толку многу драстични контрасти, додадете повеќе розова нијанса и ќе постигнете вистински ефект на залез на сонцето.rn

    2. Виолетово омбре

    rn(2) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хитrnrnЗа оние кои сакаат само малку боја, виолетовото омбре е идеален избор. Оние кои сакаат да го сменат изгледот, но не драстично, треба да се одлучат за оваа варијанта. Малку похрабрите можат да изберат темно виолетова или дури да ја бојадисаат и целата коса во една нијанса на виолетова.rn

    3. Тексас сина

    rn(3) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хитrnrnКој вели дека тексасот е резервиран само за облека? Оваа боја на косата е одлична затоа што на главата можете да имате иста боја со омилените фармерки. Ако не сте толку храбри, одлучете се за само неколку сини прамени и веднаш ќе постигнете нов летен изглед.rn

    4. Водни бои на коса

    rn(4) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хитrnrnНијансите на водни бои на косата се голем хит оваа година, а одлични се затоа што лесно може да се дозира интензитетот. Можете да изберете од силни бои, па сè до полесни, едвај видливи прамени кои се доволни да ви ја освежат целата фризура.rn

    5. Портокалова

    rn(5) 5 неодоливи нијанси на коса кои летово се вистински хитrnrnАко не сте доволно храбри да се бојадисате портокалово и да го привлечете сето внимание на себе кога ќе се движите по улица, секогаш можете да смислите некоја слична нијанса или прамени.

  • 6-те најдобри бои за маникир во 2016 година

    6-те најдобри бои за маникир во 2016 година

    Убавите и уредни нокти отсекогаш биле пример за целосен и совршен изглед на секоја дама, бидејќи токму негата на ноктите може многу да открие за навиките на една жена. Затоа, не е ни чудно што од сезона во сезона се посветува големо внимание и на трендовите кои се однесуваат на правењето маникири.rnrn6-те најдобри бои за маникир во 2016rnrnОсвен самиот начин на обликување на ноктите, во центарот на вниманието се и боите кои ќе бидат актуелни во текот на оваа година. Тие се соопштуваат од страна на експертите за убавина и нега, а вие имате шанса да прочитате кои нијанси на бои ќе бидат модерни во 2016-тата.rn

    1. Тегет нокти

    rn6-те најдобри бои за маникир во 2016rnrnНоктите во тегет боја не претставуваат никаков новитет кога станува збор за трендовите на маникир, но оваа година тие ќе го добијат своето надградување. Таа надградба се огледува во воведувањето светки во истата боја, со што се добива една нова, посјајна нота. Независно дали ќе се одлучите за класични тегет нокти украсени со детали во форма на светки или светкав лак во тегет боја, не пропуштајте ја шансата и оваа година да бидете во тренд.rn

    2. Темно беж нокти

    rn6-те најдобри бои за маникир во 2016rnrnОставете ги бледите и нежно розови бои на лакови за нокти, бидејќи оваа година најактуелни се меките кремови и беж тонови кои беа модерни во 70-тите години на минатиот век. Како што модата секогаш се враќа, така и беж ноктите ќе бидат атрактивен детаљ за секој изглед, особено ако се одлучите за потемни тонови на овие бои.rn

    3. Јаглен сиви нокти

    rn6-те најдобри бои за маникир во 2016rnrnТемно сивите нокти со боја на јаглен ќе бидат голем тренд оваа година. Но, станува збор за тренд кој не е за секого, а кој не претставува ниту целосно атипичен избор за денешната девојка, па ќе биде одличен избор ако сакате да бидете смели, поинакви и да експериментирате со детали кои го дополнуваат вашиот стил.rn

    4. Црвени нокти

    rn6-те најдобри бои за маникир во 2016rnrnКласиката се враќа на сцената на убавината и оваа година, па една од најзастапените бои за маникир е токму црвената. Женствена, впечатлива и модерна, класичната црвена боја за нокти е идеална за секоја девојка која сака да остави впечаток на вистинка дама, а одлична е и за ладните зимски денови, кога совршено ќе се вклопи со белиот снег.rn

    5. Металик сребрени нокти

    rn6-те најдобри бои за маникир во 2016rnrnМеталик ноктите продолжуваат да бидат тренд и оваа година, додека меѓу нијансите кои ќе бидат актуелни, секако, доминира сребрената боја. Затоа, не ја пропуштајте шансата и оваа година да направите маникир во металик сребрена боја, која можете да ја носите во секакви прилики и временски услови.rn

    6. Нежно зелени и тиркизни нокти

    rn6-те најдобри бои за маникир во 2016rnrnНежно зелените и тиркизните бои се многу ефективни за носење во текот на зимата, а можат да изгледаат впечатливо ако се носат и во сите останати годишни времиња. Најдобрата работа кај овие нокти е фактот што се целосно поинакви од останатите, токму поради нијансите на зелената боја која овде доминира, па нема да погрешите ако се одлучите токму за оваа варијанта.

  • Како најефикасно да го нагласите волуменот на усните?

    Како најефикасно да го нагласите волуменот на усните?

    Не ви е потребна ниту пластична операција ниту инјектирање на разни хемиски препарати за да направите вашите усни да изгледаат како оние на познатите светски ѕвезди. Доволно е да ги знаете следниве неколку трикови и ќе изгледате фантастично.rnrnКако најефикасно да го нагласите волуменот на усните?rnrnПрвиот чекор до визуелно пополни усни е: на средината на горната и долната усна ставете малку коректор за усните да станат посветли на тој дел.rnrnПотоа со молив за усни следете ја контурата на усните или оцртајте ги малку погоре од природната линија. Ова го правите со моливче кое е за нијанса потемно од бојата на вашите усни или кое се поклопува со бојата на избраниот кармин.rnrnШто се однесува до изборот на бојата на карминот, битно е да избегувате темни и ладни нијанси.rnrnСтавете светол или провиден сјај за усни на истите места каде претходно го ставивте коректорот и инстантно ќе добиете впечаток на поголеми усни. Најдобри се розовите сјаеви, бидејќи сјајните бои и хидратантните формули најмногу ја рефлектираат светлината, притоа правејќи ги вашите усни визуелно пополни. Она што на крајот можете да го направите е да ставите малку хајлајтер над срцевидниот агол на горните усни.

  • Топ 5 нијанси на кармин кои ќе ги обожавате оваа есен

    Топ 5 нијанси на кармин кои ќе ги обожавате оваа есен

    Многу шминкери ќе ви кажат дека ефективниот кармин е доволен. Со малку пудра и маскара, вашиот стајлинг е исполнет. Оваa есен ќе се носат токму такви кармини – ефективни, моќни и такви кои ќе ги истакнат вашите усни. Во продолжениe ќе погледнете 5 нијанси кои се апсолутен хит за оваа есен. Слободно експериментирајте!rnrn1-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    1. Марсала боја на кармин

    rnМешавината на сина и црвена нијанса е бојата која оваа есен ја носат моделите на модните недели ширум светот. Истакнете ги вашите усни, нека тие бидат во прв план. Со овој кармин доволно е да додадете само неколку слоја црна маскара.rnrn2-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    2. Неутрални мат усни

    rnАко не сте смели или не сте сигурни дека темните нијанси на кармин добро ви стојат, тука и понатаму се неутралните „голи“ усни, кои сè уште не излегле од мода. Со оваа варијанта одлично се вклопуваат зачадени очи.rnrn3-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    3. Незаменливата црвена

    rnСекогаш е во тренд, а се чини дека секоја сезона сè повеќе и повеќе. Заводничка, дава посебен сјај на вашето лице, а стана дел од секојдневието, бидејќи можете да ја носите и во дневни и во ноќни варијанти.rnrn4-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Црвена мат нијанса

    rnУште една црвена нијанса, но овој пат во мат варијанта. Мат шминката сè повеќе зазема место меѓу новите бјути трендови, затоа не мислете двапати. Мат кармините комбинирајте ги со мат лакови за нокти, бидејќи тоа е вистински погодок за оваа сезона.rnrn5-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    5. Мистериозно виолетова

    rnНијанса која е одлична за работен стил. Со неа можете да комбинирате и различни нијанси на сенка за очи и малку руменило на лицето.rnrn6-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_

  • Оваа есен носете само двобојна шминка!

    Оваа есен носете само двобојна шминка!

    Дали наскоро ќе го видиме крајот на новите бјути трендови за оваа година? Се чини дека не, а никако да го видиме ни крајот на бјути трендовите за оваа есен, бидејќи неодамна на модната сцена се појави таканаречената – двобојна шминка!rnrn2-ova-esen-nosete-samo-dvobojna-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnОвој бјути тренд е претставен на модните писти на неодамна одржаните ревии на големите модни дизајнери и брендови, а скоро започнаа да го носат сите познати убавици. Трендот се состои од комбинирање на две контрастни бои, без разлика дали станува збор за кармин или сенка за очи.rnrn6-ovaa-esen-nosete-samo-dvobojna-shminka-kafepauza.mkrnrnНеопходно е слоевите кармин или сенка за очи да бидат со ист интензитет, но поентата не е да се слепат, туку што повеќе да се истакнат на вашето лице. И двете варијанти се многу впечатливи и интересни, па нема да се покаете ако сте одлучите за едната или за другата.rnrn

  • Хит за оваа есен: Кафеав кармин кој е создаден за есенските денови кои доаѓаат

    Хит за оваа есен: Кафеав кармин кој е создаден за есенските денови кои доаѓаат

    Кафеавиот кармин е одличен избор за ладните денови кои доаѓаат. Темната нијанса во боја на чоколада е совршена за вечерни излегувања, а преку ден секогаш може да комбинирате посветла нијанса, како што е бојата на лешник со облека во пастелни, но и јаки бои. Исто така, во студените есенски и зимски денови треба да користите пудра секој ден, бидејќи ако е квалитетна ќе ја заштити вашата кожа од последиците на ветрот и лошото време.rnrn1-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_rnrnПостои нешто навистина мистериозно и несекојдневно кога жената на своите усни ќе нанесе кармин во кафеава боја. Нејзините усни автоматски добиваат мистериозност, исполнетост, а карминот во оваа боја со својата убавина не заостанува никако зад кармините во светли и пастелни нијанси.rnrn2-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_rnrnКафеавиот кармин е одличен избор доколку имате светла боја на косата, но и ако се бојадисувате во розова или виолетова боја кои се апсолутен тренд оваа година.rnrn3-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_rnrnКафеавиот кармин може да го нагласите со сјај за усни, можете да го нанесете во неколку слоја ако сакате поинтензивен изглед или да додадете малку „nude“ кармин за посветла нијанса.rnrn

  • Фризерски трик: Одберете правилна боја за вашата коса според обликот на лицето

    Фризерски трик: Одберете правилна боја за вашата коса според обликот на лицето

    Не сте сигурни која боја најдобро би изгледала на вашата коса? Нема потреба од паника, само погледнете какво лице имате и прочитајте која боја на коса најдобро би изгледала според обликот на вашето лице.rnrnfrizerski-trik-odberete-pravilna-boja-za-vashata-kosa-spored-oblikot-na-liceto-kafepauza.mkrnrnЕкспертите тврдат дека на секое лице, покрај изгледот на косата, одговара и одредена нијанса на боја на косата.rn

    1. Срцевидно лице

    rnСрцевидното лице доаѓа до израз со руси тонови на косата, но и со светло кафеава и светло црвена нијанса.rn

    2. Кружно лице

    rnКружниот облик „бара“ шишки и прамени, конкретно светла нијанса на шишките и горниот дел од косата, а задниот дел треба да е неколку нијанси потемен.rn

    3. Четвртесто лице

    rnЧетвртестото лице делува широко, па фризерите предлагаат темни нијанси на кафеава и црвена, како и црна боја.rn

    4. Овално лице

    rnНајдобриот избор на боја за овално лице се средните нијанси на руса, црвена, лешник или кафеава, а визуелно го истакнуваат темни нијанси и прамени, особено оние ако го врамуваат.

  • Како да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?

    Како да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?

    Наоѓањето накит кој совршено одговара на вашиот тен може да биде малку тешко и комплицирано, но со помош на следниве 7 совети вие ќе можете многу полесно и побрзо да го најдете вашиот совршен моден додаток со чија помош полесно ќе се издвоите од останатите…rnrnКако да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?rn

    1. Откријте кој е вашиот тип кожа

    rnПред да почнете со потрагата по совршениот накит, прво треба да одредите дали вашиот тен спаѓа во потоплите или во поладните нијанси. Постапката е всушност многу едноставна. Погледнете ги вените на вашите зглобови. Доколку тие се со сина боја, тогаш припаѓате на ладните нијанси, но ако повеќе влечат кон зеленикава боја, тогаш вие имате топла нијанса на тенот. Уште еден начин на кој можете да го утврдите видот на вашата кожа е доколку поставите една златна и една сребрена обетка на вашата кожа и да забележите која боја повеќе одговара на вашиот тен. Многу е важно ова да го направите на природно светло со цел ефектот на нијансите врз вашиот тен да биде поуочлив.rn

    2. Ладни тонови

    rnВо палетата на боите, помеѓу ладните спаѓаат сребрената, зелената и сината, па ако изберете накит во било која од овие бои тие без сомнение ќе изгледаат фантастично врз вашата кожа. Истовремено, можете да пробате и со различни нијанси розова и црвена боја, но не заборавајте дека поладните тонови повеќе ќе сјаат на вашата кожа.rn

    3. Топли тонови

    rnАко имате топла нијанса на тенот, боите кои повеќе ќе ви одговараат се жолта, златна, розова и црвена. Но, вие нема да згрешите ако одберете и дијамант. Секако, можете да експериментирате и со поладните тонови, но топлите се оние кои со сигурност ќе се истакнат врз вашата кожа.rn

    4. Потемен тен

    rnАко имате потемен тен на кожата, тогаш пред вас имате огромен избор за накит. Било која посветла нијанса која ќе ја одберете совршено ќе изгледа врз вашата кожа. Потемните бои нема да можат толку да дојдат до израз, но затоа со светлите никогаш не можете да згрешите. Особено ако се одлучите за белата боја.rn

    5. Посветол тен

    rnЗа овој вид кожа најдобро е да одбирате бои во нијанси кои се посветли од вашиот тен. Нежните тонови се вистински избор за вас, бидејќи темните или исклучително светлите бои можат да изгледаат премногу нападно на вашата кожа. Секако, не треба да се откажувате целосно ни од нив, па доколку ви се покаже можност за постигнување таков ефект, тогаш дефинитивно треба да ја искористите.rn

    6. Средна нијанса на тенот

    rnАко имате ваков тип кожа, тогаш вие без сомнение имате најголем избор. Слободно можете да ги носите скоро сите бои и нијанси кои ќе ги посакате. Всушност, ако се определите за сребрени или златни тонови, обидете се да го вклопите и останатиот дел од вашиот изглед со тенот, со цел да привлечете поголемо внимание.rn

    7. Накитот и бојата на косата

    rnБојата на вашата коса е исклучително важна за накитот, особено ако размислувате за ѓердан или обетки. Црвената боја на коса одлично одговара со нијансите кои асоцираат на вода – сина, азурна, тиркизна, зеленикава… Сребрените тонови најдобро се истакнуваат на потемна коса, додека пак, за блондинките најдобро одлучуваат нијансите.

  • Опуштете се! 8 бои кои се пријатни за очите и ќе ви го намалат стресот

    Опуштете се! 8 бои кои се пријатни за очите и ќе ви го намалат стресот

    Сите знаеме дека боите многу влијаат на расположението. А тие се уште поважни кога станува збор за бојата на собите во кои живееме. Универзитетот во Минесота открил дека црвената боја го зголемува нивото на стрес, додека зелените и белите нијанси имаат спротивен ефект. Па сигурно не би сакале вашиот ентериер да биде во црвена боја, кога вие веќе сте под преголем стрес.rn

    1. Лаванда

    rnКралската виолетова е силна боја, но нејзината бледа нијанса има смирувачки ефект врз очите.rnrn1-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    2. Бледа сива

    rnСветлата сива нијанса создава смирена и релаксирана околина. Додадете сини и бели елементи за да го пополните просторот.rnrn2-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    3. Ладно сина

    rnСините „водени“ нијанси кои потсетуваат на синилото на небото или на водата се бои кои најмногу го намалуваат стресот. Според фенг шуи, сината има моќ да ја забави работата на срцето и да го намали крвниот притисок.rnrn3-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    4. Сиво-сина

    rnСветлата до средна нијанса на сиво-сината е уште една од најрелаксирачките бои во спектарот.rnrn4-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    5. Аква

    rnИзберете аква нијанса од посиниот дел на палетата за да го релаксирате просторот во којшто живеете.rnrn5-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    6. Бледо розова

    rnРозовите прашливи и пастелни тонови ги одмараат очите.rnrn6-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    7. Беж

    rnСтојте понастрана од топлите жолти и портокалови нијанси. Но затоа пак неутралната беж боја од потоплите нијанси е одличен алтернативен избор.rnrn7-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    8. Бледо зелена

    rnПокрај сините, зелените бои со беж подтонови и жолто-зелените нијанси се одлични за намалување на стресот.rnrn8-opustete-se-8-boi-koi-se-prijatni-za-ocite-i-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.