КАФЕ ПАУЗА

Tag: миризба

  • 5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувките

    5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувките

    Постојат неколку прилично едноставни методи за отстранување на непријатниот мирис од обувките. Дознајте како во продолжение…rnrn5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувкитеrn

    1. Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната апсорбира и влага и миризба. Токму затоа и навечер ставајте по една лажица сода бикарбона во секоја од обувките и оставете да делува преку ноќ. Наутро истресете ја сода бикарбоната и нема да има ни траг од непријатниот мирис.rn

    2. Пудра за бебиња

    rnПудрата за бебиња е исто толку корисна како и сода бикарбоната. Таа има две примени – може да се стави малку пудра во секоја обувка и да се остави преку ноќ или пак, да се нанесе директно на стапалата и да се впие потењето.rn

    3. Лаванда и жалфија

    rnСтавете ги обувките на балконот, а во секоја од нив ставете по едно гранче лаванда или жалфија. Овие две билки ќе ги убијат сите бактерии кои се наоѓаат во обувките и непријатната миризба веднаш ќе исчезне.rn

    4. Кора од портокал

    rnНикогаш не фрлајте ги корите од портокалите, лимоните или мандарините. Можете да ги оставите преку ноќ во обувките и наутро нема да почувствувате миризба од обувките.rn

    5. Етерично масло од чајно дрво

    rnОва етерично масло можете да го набавите во аптеките и најделотворно е против отстранувањето на непријатната миризба од обувките. Маслото може да ви послужи и како дезодоранс за обувки. Сè што треба да направите е да капнувате по неколку капки од маслото на дното два пати неделно.

  • Миризбата што твојот дечко сака да ја почувствува на тебе

    Миризбата што твојот дечко сака да ја почувствува на тебе

    Можеби ќе ви звучи чудно, но нашиот нос влијае многу на нашите одлуки. И тоа особено кога станува збор за дали некој ни се допаѓа, дали сме заљубени или дали сакаме секс со оваа личност. Без разлика дали сте сингл, во врска или активно барате партнер, покрај карактерот и надворешниот изглед, носот игра исклучително голема улога во тоа дали некој ќе ви се допадне или не.rnrnrnrnПа, која е миризбата со која ќе го привлечете? Станува збор за вашиот личен мирис, мирисот на вашето тело без парфем и дезодоранс. Дури и ако не ја забележувате миризбата на свесно ниво, вашиот нос ја чувствува. Со други зборови, ако постојано ја прекривате оваа природна миризба, тој нема да има можност да ве „намириса“ и вистински да се поврзе со вас.rnrnСекој човек постојано произведува феромони. Тие се трансмитери чија задача во природата е да ги разбудат инстинктите и да ги поттикнат луѓето (и животните) на одредени активности. Тие несвесно се појавуваат и ни даваат уникатен мирис, карактеристичен само за нас. Луѓето наоколу несвесно реагираат на тие феромони, па зависно од миризбата одлучуваат дали им се допаѓате или не.rnrnАко сте една од оние девојки што ставаат половина литар парфем на себе, имајте на ум дека со тоа ти намалувате шансите да му дозволите на потенцијалниот партнер да ве „намириса“. Од друга страна пак, парфемот и вам ви влијае, ослабувајќи ви го сетилото за мирис, па може и вие да не забележите личност што совршено би ви одговарала.rnrnМожеби е време да се откажете од парфемот, се согласувате?rnrnДознајте и како да се ослободите од лошата миризба на стапалата.

  • Пијалак од 5 состојки што ги елиминира сите непријатни телесни миризби

    Пијалак од 5 состојки што ги елиминира сите непријатни телесни миризби

    Вкусен и здрав пијалак што ќе ви помогне да мирисате одлично!

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 јаболка
    • rn 011

    • 4-5 листови свеж кељ
    • rn 011

    • 1 гранче свеж магдонос
    • rn 011

    • 1 исцеден лимон
    • rn 011

    • 1 мало парченце ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДобро измијте ги сите состојки во ладна вода и ставете ги заедно во блендер. Можете да додадете и неколку коцки лед при матењето за да добиете поосвежителен пијалак. Матете додека не добиете хомогена смеса и испијте го наутро на празен желудник.rnrnПогледнете ги и овие 10 видови храна и пијалаци кои ќе направат вашето тело да мириса одлично.

  • Како да се ослободите од лошата миризба на стапалата?

    Како да се ослободите од лошата миризба на стапалата?

    Стресот и габичните инфекции предизвикуваат зголемено лачење на пот, кое пак им годи на бактериите кои предизвикуваат лоша миризба. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат еднаш засекогаш да се ослободите од лошиот мирис на стапалата.rn

    Отстранете ги местата за размножување на бактерии

    rn(1)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnНајмногу од бактериите кои предизвикуваат лош мирис се наоѓаат под ноктите и кај грубата кожа. Не заборавајте да се ослободите од грубата кожа на петите и да ги исечете вашите нокти.rn

    Темелно бришете ги стапалата

    rn(2)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnНе е доволно само да ги поминете со крпата, важно е да ја избришете и водата помеѓу вашите прсти. Влагата може да предизвика создавање габи и инфекции.rn

    Направете чај за вашите стапала

    rn(3)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnЧајот има состојки кои ги уништуваат бактериите и ги намалуваат отоците. Можете да ја направите следнава купка за вашите стапала:rn

      rn011

    • Ставете 3 лажици чај во 1 литар врела вода.
    • rn011

    • Додајте 2 литра студена вода.
    • rn011

    • Ставете ги стапалата во водата 15-30 минути.
    • rn

    rn

    Јаболков оцет

    rn(4)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnЈаболковиот оцет е одличен за ослободување од мирисот на стапалата.rn

      rn011

    • Измешајте половина литар оцет со 200 милилитри топла вода.
    • rn011

    • Натопете газа во растворот и оставете ја на стапалата околу 20 минути.
    • rn011

    • Оставете ги стапалата да се исушат сами.
    • rn

    rn

    Користете масла за ароматерапија

    rn(5)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnМаслото од лаванда е одлично. Покрај тоа што го намалува мирисот, тоа ги отстранува и бактериите. Можете да ги масирате стапалата со него, или да си направите купка.rn

      rn011

    • Измешајте 2 капки масло од лаванда со 3-4 литри вода.
    • rn011

    • Натопете ги стапалата 10-15 минути во растворот.
    • rn

    rn

    Перете ги чорапите наопаку

    rn(6)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnНа овој начин тие темелно ќе се исчистат од бактерии и кожа. Чорапите секогаш треба да бидат од природен материјал.rn

    Дома одете боси или веднаш менувајте ги чорапите кои сте ги носеле надвор

    rn(7)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnКога одите, вашите чорапи собираат бактерии од подот, кои кога ќе се најдат во влажна средина почнуваат да се размножуваат.rn

    Користете антиперспиранти и за вашите стапала

    rn(8)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnАнтиперспирантите содржат хемикалии кои го намалуваат потењето. Нанесете ги навечер или после туширање на сува кожа.rn

    Консултирајте се со лекар

    rn(9)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnАко вашите стапала покрај мирисот ве чешаат и се лупат, одете на лекар. Може да станува збор за инфекција или заболување предизвикано од габи.rn

    Дезинфицирајте ги обувките

    rn(10)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrn

      rn011

    • Темелно измијте ги однадвор.
    • rn011

    • Натопете ги во раствор за дезинфекција.
    • rn011

    • Собирајте ја влагата од внатрешноста на обувките.
    • rn

    rn

    Одржете ги обувките суви

    rn(11)kako-da-se-oslobodite-od-loshata-mirizba-na-stapalata-kafepauza.mkrnrnПодобро е да имате два пара обувки за секоја сезона кои можете да ги носете наизменично. Ако имате само еден пар, а тој е влажен, ставете весник во него. Весникот ќе ја собере целата влага преку ноќ. Или пак можете да користите фен за коса.rnrnПогледнете ги и овие совети за меки и нежни стапала.

  • Можеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни црти

    Можеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни црти

    Според една неодамнешна студија, луѓето можат да погодат одредени карактерни црти така што ќе помирисаат нечија маица. Студијата покажала дека поголемиот дел од испитаниците со ист процент на точност погодиле одредена карактерна црта и кога мирисале нечија маица и кога гледале видео од личноста на која ѝ припаѓала таа. Но, не сите карактерни црти биле лесни за забележување.rnrnМожеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни цртиrnrnИстражувачите откриле дека луѓето биле многу добри при идентификување на следниве карактеристики:rn

      rn011

    • невротизам
    • rn011

    • екстраверзија
    • rn011

    • доминантност
    • rn

    rnВсушност, луѓето биле особено точни кога ја намирисувале доминацијата кај спротивниот пол. Миризбата, сама по себе, не овозможува многу податоци за дали некој е отворен за искуства, лесен за разговор или свесен за своите потреби.rnrnЗа потребите на ова истражување, било побарано од 60 луѓе да носат обична бела маица во текот на 3 ноќи и да избегнуваат да јадат храна со интензивна миризба, како и да не ставаат парфеми. По изминувањето на овие 3 дена, испитаниците ги мирисале носените маици.rn

    Доминација

    rnМиризбата на доминацијата може да се поврзе со нивото на тестостерон. Според авторите на студијата, доминантното и агресивното однесување има тенденција да биде позитивно поврзано со зголемено ниво на тестостерон. Овој хормон стимулира лачење на потните жлезди, па затоа подоминантните мажи мирисаат поинаку од останатите.rn

    Анксиозност

    rnНа сличен начин може да се открие и анксиозноста, која исто како и стравот е добро позната во животинското царство. Кога се исплашени и под стрес, животните создаваат феромони за предупредување кои ги испуштаат низ кожата. Доживувањето на овие емоции е проследено со серија неврохемиски промени, дел од кои можат да се испуштат преку потта.rn

    Постари студии

    rnПостојат и други начини што можат да објаснат како луѓето можат да намирисаат карактерни црти. Иако точниот механизам на кој ова се случува допрва ќе се истражува, сепак постои едно можно објаснување дека луѓето забележуваат одредени особини врз основа на пријатноста на миризбата на телото. Имајќи го тоа на ум, постара студија ни покажа дека можете да намирисате среќна личност. Постојат хемиски состојки во потта, што изгледа можат да бидат откриени од другите. Истото важи и за стравот и одбивноста, што други студии веќе докажале дека можат да бидат намирисани.

  • Едноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домот

    Едноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домот

    Иако најдобрата опција е секогаш отворањето на прозорците за да дозволите свежиот и чист воздух да влезе во домот, сепак и во тој случај можете да си направите дополнителни проблеми. Посебно во летните и жешки периоди, кога ризикувате во домот да влезат разни инсекти кои ќе ви ги расипат овошките и зеленчукот, како и комарците.rnrnЕдноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домотrnrnЗа среќа, постои еден едноставен и малку необичен трик кој може да ви помогне да се спасите од малите напасти и да ја вратите свежината во домот. Сѐ што ви е потребно се само два или три лимони и рерна. Пред да си легнете, пресечете 2-3 лимони на половина и ставете ги во угасната рерна чија врата ќе ја оставите отворена.rnrnНаутро кога ќе се разбудите, затворете ја вратата на рерната и вклучете ја на само неколку минути. Потоа изгаснете ја и повторно оставете ја вратата отворена. Како резултат, вашиот дом ќе мириса свежо, чисто и пријатно и нема да забележите ниту еден инсект.

  • Како да направите вашиот дом да мириса на лето?

    Како да направите вашиот дом да мириса на лето?

    Постојат денови кога едноставно не можете да најдете доволно време за да излезете надвор, под топлите сончеви зраци и на чист воздух. Но, тоа е сосема во ред бидејќи знаеме колку сте зафатени. Па, доколку сакате да ги донесете прекрасни ароми на летото и во вашиот дом, тогаш време е за еден интересен и едноставен „направи сам“ проект со ароматерапија.rnrnКако да направите вашиот дом да мириса на лето?rn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Свежи лисја од жалфија
    • rn011

    • Различни видови билки (рузмарин, лаванда, мајчина душичка)
    • rn011

    • Памучен коноп
    • rn011

    • Кибрит
    • rn

    rn

    Начин на изработка:

    rnНаправете мал букет од билките, а потоа лесно врзете ги заедно со конопот. Оставете ги некаде да висат, од 2 до 3 недели, со цел да се исушат. Кога ќе бидат комплетно суви, со помош на кибритот запалете го крајот на билките, па дувнете ги со цел да се разорат. Сместете ги во стаклен сад, отпорен на топлина и вдишете длабоко.rnrnКаква е миризбата? Ви мириса на лето? Во вашата дневна соба? Неверојатно.

  • Топ 7 трикови за секогаш свежа и миризлива гардероба

    Топ 7 трикови за секогаш свежа и миризлива гардероба

    Сите ние го сакаме мирисот на свежо испраната облека, но за жал, тој не трае долго. Доволно е само облеката да стои малку подолго во гардероберот и мирисот од омекнувачот набрзо ќе исчезне. Но, со овие трикови ќе овозможите мирисот да трае многу подолго.rnrn1-top-7-trikovi-za-sekogash-svezha-i-mirisna-garderoba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Перете ги алиштата после едно носење

    rnНе е некоја голема мудрост. Облеката треба да ја переме почесто, односно после секое носење, ако сакаме таа да биде свежа и миризлива. Сепак, исклучок се фармерките. Експертите нѐ советуваат дека нив не треба да ги переме често, бидејќи така тие брзо се уништуваат. Исперете ги откако ќе ги носите 2-3 пати.rn

    2. Валканите алишта треба да ги исперете што е можно побрзо

    rnОблеката исперете ја веднаш после носењето. Никако немојте да дозволите да стои со недели во корпата за валкана облека.rn

    3. Изберете миризлив детергент за алишта

    rnДетергентот за перење алишта е многу важен фактор за квалитетното перење и убавата миризба. Детергентите се разликуваат, но секој има свој фаворит. Исто така, пронајдете и свој омилен омекнувач за алишта кој ќе направи алиштата да мирисаат прекрасно.rn

    4. Нанесете лосион за тело пред облекувањето

    rnАко непосредно пред облекувањето на телото нанесете миризлив лосион, вашата облека ќе го задржи тој мирис и во наредните денови. Вреди да се испроба!rnrn2-top-7-trikovi-za-sekogash-svezha-i-mirisna-garderoba-www.kafepauza.mk_rn

    5. Пронајдете го својот парфем

    rnПостојат жени кои имаат свој омилен парфем и секогаш го нанесуваат истиот мирис, а тој им дава посебен печат. Ако секогаш нанесувате ист парфем, ќе станете препознатливи по него секогаш кога ќе влезете во просторијата.rn

    6. Правилно нанесете го парфемот

    rnАко веќе сте го пронашле својот совршен мирис, тогаш треба да знаете како правилно да го нанесете. После нанесувањето парфем на клучните точки, напрскајте во воздухот и поминете под замислениот облак од парфем. Немојте да прскате од парфемот директно на вашата облека, бидејќи тоа може да создаде дамки. Дури и кога парфемот ќе престане да се чувствува на вашата кожа, вашата облека и понатаму ќе мириса убаво.rn

    7. Држете го гардероберот отворен

    rnГардероберите понекогаш имаат чудни мириси, посебно во лето. Затоа е важно редовно да се проветруваат, а почесто во летните месеци. Исто така, во гардероберот можете да ставите миризливи вреќички кои може да ги пронајдете во маркетите.

  • 11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

    11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

    Вечерата само што не е готова, а вас ви заѕвони телефонот. После подолгиот разговор со пријателката се сетивте на вечерата. Ја отворивте рерната и го почувствувавте познатиот, непријатен мирис на изгорена храна, провлекувајќи се со брзина на светлината во секој ќош од вашиот дом. За среќа, постојат повеќе брзи и едноставни начини да го отстраните. Еве како…rnrn1-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    1. Отстранете го остатокот од храната што е можно побрзо

    rnВо никој случај не фрлајте ги остатоците од храната во кантата за ѓубре и потоа да заборавите на нив, бидејќи нивниот непријатен мирис и понатаму ќе се шири низ вашиот дом. Наместо тоа, ставете ги во пластична кеса, заврзете ги и веднаш фрлете ги надвор.rn

    2. Отворете ги прозорците и вратите

    rnЕден од најбрзите и најлесните начини да се ослободите од неудобниот мирис е да ги отворите прозорците и вратите за да навлезе свеж воздух и да ја неутрализира миризбата.rn

    3. Вклучете вентилатор

    rnЗа свежиот воздух побрзо да го исполни вашиот дом, веднаш покрај прозорците или вратите ставете вентилатор (или повеќе ако имате) и вклучете го на најјака брзина. Ако имате аспиратор во кујната, вклучете го и него.rn

    4. Рерна

    rnЗагрејте ја рерната на 100 степени. Дното на тепсијата покријте го со алуминиумска фолија и на неа ставете лажичка путер, малку цимет и шеќер. Ставете ја тепсијата во рерната и исклучете ја. После три часа извадете ја тепсијата. Непријатниот мирис ќе исчезне, а домот ќе мириса како штотуку да сте испекле некој вкусен колач.rn

    5. Освежувач за воздух во спреј

    rnАко ниеден од членовите на вашето семејство не е алергичен, тогаш во кујната напрскајте малку освежувач за воздух. Водете сметка да не претерате, бидејќи поголемата количина може да го засили непријатниот мирис.rnrn2-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    6. Лимон

    rnВо зовриена вода додадете лимон кој ќе биде исечен на парчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 30 минути.rn

    7. Каранфилче

    rnВо зовриена вода додадете една рака каранфилчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 20 минути.rn

    8. Кромид

    rnИсечкајте една главица кромид и ставете ги парчињата во зовриена вода. Тргнете го тенџерето од шпоретот и течноста сипете ја во повеќе пластични сада. Потоа садовите распоредете ги насекаде низ домот. Оставете ги така преку ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне до утрото.rn

    9. Оцет и леб

    rnСтавете вода во тенџере, па додајте две шолји оцет. Оставете да зоврие, намалете ја температурата, па оставете да се вари уште 15 минути. Натопете неколку парчиња бел леб од оваа течност и поставете ги на различни места низ вашиот дом.rn

    10. Сода бикарбона

    rnРаспоредете половина шолја сода бикарбона во неколку сада и поставете ги на местата каде што мирисот најмногу се чувствува. Оставете да делува преку ноќ.rn

    11. Направите природен освежувач за воздух

    rnВо шише со распрскувач ставете еднаква количина лимонов сок и вода. Распрскајте ја течноста насекаде низ кујната и неудобниот мирис набрзина ќе исчезне.

  • Најдобриот трик за отстранување на непријатната миризба од вашите патики

    Најдобриот трик за отстранување на непријатната миризба од вашите патики

    Нормално е по долго носење, внатрешноста на патиките да добие непријатен мирис. Тоа особено често се случува ако сте активни или ако поголемиот дел од времето го поминувате во патиките каде вашите нозе се потат. Па, доколку сакате лесно да се справите со овој проблем, погледнете го овој едноставен трик…rnrnНајдобриот трик за отстранување на непријатната миризба од вашите патикиrnrnНе е тајна дека нозете силно се потат во патики. Токму затоа и различни видови бактерии се насобираат во нивната внатрешност кои на крај предизвикуваат непријатна миризба. Најлесниот начин да се справите брзо и ефикасно со овие бактерии е со помош на песокот за мачки.rnrnВо две чорапи ставете по една рака од овој песок и врзете ги за да не се истури во вашите патики. Потоа поставете по една чорапа во секоја патика и оставете ги да стојат во нив цела ноќ. Песокот од мачките е одличен бидејќи ја впива влагата и миризбата, многу е поевтин од другите пудри и средства за отстранување миризба и можете да го пронајдете во сите видови продавници за животни.rnrnАко сте вешти со игла и конец, со помош на мало парче материјал, направете мало џепче коe ќе го зашиете внатре во патиките, на место каде нема да ви пречи и ставете во него песок за мачки. На овој начин вашите патики нема воопшто да добиваат непријатна миризба додека ги носите.