КАФЕ ПАУЗА

Tag: миризба

  • Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

    Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот

    Купувањето парфем е тешка работа. Треба да помирисате барем 3-4 додека го изберете вистинскиот, но после вториот, веќе не можете да направите разлика. Кога ќе излезете со намера да си купите нов парфем, понесете си малку кафе во вашата чанта и добро вдишувајте од него помеѓу секој парфем што ќе ви го понудат.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животСакате да ја дознаете тајната на вашата сосетка која има прекрасни цвеќиња во својот двор, но секогаш кога ќе ја прашате во што се состои нејзиниот успех, таа само учтиво ви се насмевнува. Утре, насмевнете и се и вие неа.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животЗемете го талогот од вашето утринско кафе и пропрскајте го земјиштето во коренот на вашите растенија. Ова ќе ги оттргне полжавите од џвакање на вашата градина.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животКако надоврзување на претходното, комбинацијата од кафе и шеќер може да им помогне и на растенијата кои се чуваат во саксија, во домашни услови.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животДоколку ги нахраните вашите цвеќиња со оваа смеса и секако, доколку редовно ги наводнувате, можете да им ја вратите живоста и бојата, откако свенале и пожолтеле за време на зимата.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животМожеби уживате да бидете заглавени во кујната и да подготвувате интересни јадења за домашните и за вашите пријатели. Доколку тие немаат ништо против, не избегнувајте ги кромидот и лукот само заради тоа што подоцна ќе мирисате на нив.rnrnПосле готвењето постапете вака: најпрво потопете ги рацете во топла вода. Потоа, ставете течен сапун на едната рака и врз него ставете сол или подобро, талог од кафе. Тријте ги рацете една од друга една минута, а потоа плакнете ги врз мијалникот од не`рѓосувачки челик. Ако миризбата е сè уште тука, можеби ќе треба да се обидете уште еднаш.rnrnНе мора цел ден да ја носите кујната со вас, ослободете се од неа веднаш по готвењето. Ако го употребите овој трик, ќе забележите дека рацете ќе ви омекнат како кадифе.Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот животАко пак практикувате да јадете некој од овие зеленчуци, добро размислете како ќе постапите пред да излезете на кафе со пријателите или колегите. Најдобро е да не јадете кромид или лук пред излегување, но ублажување на лошата миризба ќе направите со шолја кафе. Доколку не ви е грозно, земете една лажичка неприготвено кафе и џвакајте го некое време во устата. Други природни отстранувачи на лошата миризба од кромид и лук се магдоносот и лимонот.rnrnСо оглед на шансите, подобро е да не успеете да ги избркате вампирите отколку да ги избркате пријателите :).rnrn

  • Како да си направите сопствен парфем?

    Како да си направите сопствен парфем?

    Почитуваните дизајнери креираат парфеми со миризливи ароми, својствени за нив. Секако, цената на овие парфеми секогаш е многу висока. Па, зошто да не креирате  парфем и вие самите, кој ќе биде карактеристичен за вас, а притоа нема да трошите неколку илјади денари за едно шишенце?rnrnКако да си направите сопствен парфем?rnrnКога правите ваш сопствен парфем, треба да имате на ум една важна работа, а тоа е: која арома се согласува со вашата телесна миризба. Луѓето кои се потат многу, треба да користат производ со суптилна миризливост, бидејќи комбинацијата од парфем и пот ќе направи човекот да мириза зајадливо. Од друга страна, оние кои не се потат многу, можат да користат силни парфеми, бидејќи нема потреба да се грижат за хемиската реакција од парфемот и секрецијата на телото.rnrnКако да си направите сопствен парфем?rn

    Еве што сѐ ви е потребно за да направите сопствен парфем:

    rn

      rn011

    • алкохол, одберете високо квалитетна вотка
    • rn011

    • масло од лаванда
    • rn011

    • масло од бергамот (цитрусно овошје)
    • rn011

    • шишенце за парфем
    • rn011

    • мала тегличка
    • rn

    rnМаслата може да се купат во продавници за козметика, добро снабдени продавнички и во билни аптеки. Никогаш не ги купувајте поевтините, бидејќи тие ја немаат истата есенција како оние на кои цената им е повисока, па така вашиот парфем нема да трае долго.rnrnКако да си направите сопствен парфем?rnrnТегличката наполнете ја со вотка и во неа ставете по десет капки од двете масла. Потоа затворете ја со капак и протресете ја дваесет пати, сѐ додека вотката и маслото не се соединат. Отворете ја тегличката и помирисајте. Ако мислите дека аромата не е доволно силна, ставете уште неколку капки од маслата, од двете масла исто капки, и така, сѐ додека не добиете мирис кој вам ќе ви се допадне. Така подготвена и затворена, ставете ја тегличката на темно и ладно место, на пример во шпајз, и оставете ја таму два дена. По два дена, земете ја тегличката и претурете од парфемот во соодветно шишенце избрано за таа намена.rnrnКако да си направите сопствен парфем?rnrnПри подготовката на вашиот парфем, вие може да си избирате есенции од масла кои вам ви се допаѓаат и да ги комбинирате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.