КАФЕ ПАУЗА

Tag: миризба

  • Како со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?

    Како со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?

    Сакате да стекнете доверба кај сите и да имате среќа каде и да одите? Науката вели дека миризбата може да ви помогне во оваа цел. Постојат многу истражувања кои покажуваат дека различни миризби создаваат силни емотивни реакции, па токму затоа се користат во продавниците, хотелите и рестораните со цел да се привлечат потрошувачи.rnrnКако со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?rnrnИако науката вели дека мирисот има силно влијание врз нашето расположение, вие можете да го искористите со цел да влијаете и врз расположението на другите. Погледнете како…rn

    Ако сакате да стекнете нечија доверба, одберете мирис на лаванда

    rnПонекогаш навистина многу тешко можете да се здобиете со нечија доверба, па токму затоа доколку носите на себе мирис на лаванда, со тоа можете малку да си ја олесните ситуацијата. Според истражувањата, луѓето кои мирисаат на лаванда многу брзо се здобиваат со довербата на оние околу нив.rn

    Ако сакате успешно да флертувате, одберете мирис на пита од тиква и лаванда

    rnМожеби оваа комбинација ви звучи како нешто извлечено од бајките, но овој мирис навистина многу ветува. Според истражувачите, тој го зголемува протокот на крвта во одредени делови од телото, како на пример, во пенисот кај мажите, па токму затоа може да ви помогне побрзо да ги привлечете и освоите.rn

    Ако сакате подобро да се согласувате со шефот, одберете цветен мирис

    rnНауката вели дека цветните миризби влијаат позитивно при создавање социјално интерактивно окружување.rn

    Ако сакате да делувате свежо и чисто, користете мирис на лимон

    rnИзгледа дека во последно време луѓето имаат сè повеќе причини да не се тушираат секојдневно, вклучувајќи ги и иритацијата и сушењето на кожата кои оваа навика ги предизвикува. Токму затоа доколку сакате подолго време да мирисате свежо, во вашиот шампон за суво миење на косата додајте малку лимонов сок.rn

    Ако сакате да одржите мир, користете комбинација од природни билки како лилјан, јасмин, ружа, ирис и божур

    rnОваа комбинација го подобрува чувството на смиреност, будност и позитивно расположение.rn

    Ако сакате вашите колеги да обрнат повеќе внимание на вашата презентација, користете комбинација од портокал, лаванда, кафе и сладок десерт

    rnЗнаејќи дека има кафе во нивна близина, тоа ќе го разбуди нивниот ум и ќе ги убеди луѓето да ви обрнат повеќе внимание. Студиите исто така покажале дека присуството на портокал, лаванда, кафе и сладок десерт го зголемува визуелното внимание и забележување кај луѓето.rn

    Ако сакате опуштена атмосфера во домот, користете мирис на ванила

    rnСледен пат кога ќе се соберете со вашето семејство, запалете миризлива свеќа од ванила или ставете парфем со ванила. Студиите ни покажуваат дека доволно е само мала миризба на ванила за да се зголеми радоста и опуштеноста во просторијата. Таа има позитивен, нестимулативен и опуштачки ефект врз луѓето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

    Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

    Дали припаѓате на оние жени кои водат многу грижа за својата хигиена на интимното подрачје, но сепак чувствувате непријатен мирис? Постојат неколку причини за тоа, но и неколку начини да се изборите со овој проблем. Прво и основно, треба да ја откриете причината за да може да го третирате проблемот.rnrnneprijaten-miris-na-vaginata-od-shto-se-pojavuva-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mkrnrnПојавата е многу непријатна, а може да биде последица на лоша хигиена, влошки и носење несоодветна облека, но сепак треба да знаете кога е време да се обратите кај вашиот гинеколог.rn

    „За жал, не постојат доволно студии и истражувања кои се занимаваат со проблемот на вагиналниот мирис, ниту е точно објаснето кoј мирис е нормален, а кој не е“, вели Рахив Гала, професор на отсекот за гинекологија на медицинскиот факултет во Њу Орлеанс.

    rnСепак, треба да знаете дека доколку забележите премногу јак мирис, големи се шансите проблемот да лежи во некоја инфекција. Исто така, некои инфекции манифестираат непријатен вагинален мирис, а други не.rnrnБактериската вагиноза – претеран развој на бактерии во вагината, предизвикува јак мирис, кој потсеќа на мирисот на риба. Истиот мирис го произведува и трихомонијазата, полово пренослива болест, која го предизвикува паразитот Трихомонас вагиналис. Но, кај третина од жените кои имаат вагинален мирис, сепак се работи за некој друг причинител.rn

    „Хроничен запек, претерано потење, лоша хигиена и урина на долната облека може да бидат причина за непријатен мирис“, објаснува Гала и додава дека носењето тесна облека може да предизвика непријатен мирис во пределот на вагината, а тоа се случува затоа што потта и бактериите остануваат заробени на кожата.

    rnПричината може да биде и преголема телесна тежина. Доколку постои вишок кожа, се создаваат набори и на тие места потта останува заробена и предизвикува непријатна миризба.rnrnВагиналниот мирис може да се менува во текот на менструалниот циклус. Исто така, се случува кај жените додека вежбаат да им се излачува малку урина, па со носење влошка во тие ситуации може да се предизвика лоша миризба.rnrnДоколку сте загрижени за вашата вагинална миризба, треба да посетите гинеколог кој ќе ја открие причината преку низа рутински тестови и ќе увиди дали проблемот може да се реши без терапија. Од друга страна, доколку причината е инфекција, ќе добиете соодветен антибиотик или некој друг третман за отстранување на непријатниот мирис.rn

    „Она што можете да го направите за да го спречите овој непосакуван мирис е да носите памучна долна облека, како и редовно да ја менувате, и да практикувате облека која не е претесна“, советува Гала. Слабеењето исто така ќе помогне доколку проблемот е во вишокот кожа околу вагиналниот регион.

    rnМожеби ќе паднете во искушение да купите некој производ кој ќе ја маскира непријатната миризба, но Рахив Гала советува тоа да не го правите бидејќи таквите препарати немаат никакви здравствени бенефити, туку само нудат моментално решавање на проблемот и чувство на олеснување. Спротивно на тоа, постојат сомнежи дека тие го зголемуваат ризикот од развој на бактериска вагиноза, габични инфекции и запаление на карлицата.

  • 8 решенија за непријатниот мирис од потењето

    8 решенија за непријатниот мирис од потењето

    Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш ни создава проблеми доведувајќи нѐ во незгодни ситуации. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ја спречуваат непријатната миризба, понекогаш ни тоа не е доволно, па потребно е да обрнуваме повеќе внимание на нашите дневни навики. Покрај секојдневното туширање и нанесување деодоранс, ова се 8 дополнителни начини на кои ќе ја спречите појавата меѓу народот позната како „смрдлива мишка“:rnrn8-reshenija-za-neprijatniot-miris-od-potenjeto-kafepauza.mkrnrn1. Редовно отстранувајте ги влакната под пазувите, бидејќи на нив се собираат дополнителни бактерии и придонесуваат за задржување на потта дури и по туширањето.rnrn2. Јадете помалку месо, особено црвено и избегнувајте брза и зачинета храна.rnrn3. Избегнувајте алкохол и храна која влијае потта да мириса лошо како лук, кромид и аспарагус.rnrn4. Носете облека што дише – само од природни материјали.rnrn5. Дневно пијте пола литар до литар чај од жалфија бидејќи тој го намалува потењето.rnrn6. Еднаш или неколку пати неделно направете си купка во која ќе додадете чаша природен јаболков оцет.rnrn7. Физичките активности предизвикуваат засилено потење. На тој начин од телото ги исфрлате токсините, што секако ќе резултира со непријатна миризба.rnrn8. Избегнувајте конзумирање на премногу ладни и премногу топли напитоци бидејќи и тие предизвикуваат повеќе да се потите.

  • Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

    Направете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот дом

    Кој не сака добра миризба? Нашите домови мирисаат специфично, но бидејќи живееме во нив, се навикнуваме на миризбата и често не забележуваме дека воопшто ја имаат. Во маркетите се продаваат различни освежувачи за воздух, некои во вид на спреј, други во вид на миризливи свеќи, некогаш се со свежи, пријатни мириси, други пак имаат јаки, па дури и задушливи мирисни нијанси. Згора на сè, не се евтини.rnrnНо, добра вест е што вакви освежувачи можете да си направите дома, многу лесно, по ваш вкус и со малку пари.rnrnНаправете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот домrn

    1. Освежувач за воздух во тегла

    rn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • Тегла
    • rn011

    • Тенџере
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Овошје, тревки и зачини по избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечете го саканото овошје и ставете го во тегла со вода. Додадете ги и зачините и тревките што ги избравте. Вака подготвената тегла чувајте ја во фрижидер или во замрзнувач максимум 2 недели.rnrnНаправете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот домrnrnПред употреба, префрлете ја смесата во тенџерче и оставете ја да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете ја да вари на тивко. Миризбата ќе се рашири насекаде низ вашиот дом.rnrnНаправете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот домrnrnМожете да подготвите повеќе различни тегли и да ги чувате во фрижидер за да ги имате секогаш кога ќе сакате да го размирисате домот. По употреба можете да ги вратите состојките заедно сосе водата во тегла и да го реупотребите миксот уште 2-3 пати. Водата малку ќе се замати, но помирисајте секогаш пред употреба, и ако е во ред, употребете го повторно истиот освежувач. Додавајте вода според потребите за да не добиете спротивен ефект на мирис на загорено.rnrnНаправете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот домrn

    Што можете да употребите?

    rnПпортокали, лимони, лимета, ананас, пеперминт, розмарин, екстракт од кокос, стапчиња цимет, ѓумбир, ванила, екстракт од бадем, каранфилче, нане, мајчина душица.rnrnНаправете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот домrn

    2. Освежувач за воздух во спреј

    rn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • 1 чисто шишенце со спреј
    • rn011

    • 1 лажица сода бикарбона
    • rn011

    • 500 мл дестилирана вода
    • rn011

    • Есенцијално масло или мирис по ваш избор (10 капки)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ја содата во сад и додадете го есенцијалното масло. Измешајте ги состојките со виљушка. Со инка пресипете ја смесата во шишенцето и потопете ја со дестилираната вода. Истресете го шишето секојпат пред употреба.rnrnНаправете сами: природен освежувач за воздухот во вашиот домrnrnОвие домашни освежувачи за воздух се одлични за да ја одржувате пријатната миризба во домот и не само што нема да ве чинат многу пари, туку и ќе бидете сигурни дека не распрскувате хемикалии кои може да бидат штетни по вашето здравје.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни и необични факти за кучињата

    Интересни и необични факти за кучињата

    Кучињата и луѓето живеат заедно повеќе од 15.000 години и затоа можеби мислите дека ги познавате многу добро. Но, постојат многу работи поврзани со нив кои не се толку многу познати… Погледнете ја оваа кратка листа на интересни и необични факти за најдобриот пријател на човекот, која ќе ве запознае малку подобро со кучињата:rnrnИнтересни и необични факти за кучињатаrnrnKучињата можат да намирисаат одредени човечки болести – Ако имате рак, дијабетeс или епилепсија, вашето куче прво ќе дознае. Студиите покажале дека кучињата кои се тренирани да откриваат различни видови рак, во тоа успеваат намирисувајќи ги абнормалните клетки во човековото тело. Исто така тие се и од голема помош кога треба да предупредат за многу ниско/високо ниво на шеќер во крвта. Што се однесува до епилепсијата – тие успеваат да ја забележат и до 45 минути пред нејзиниот почеток.rnrnНо, тие можат и да се разболат од нашите болести – Ние не сме многу поразлични од нив кога се работи за разболување. Околу 6 милиони кучиња на годишно ниво се дијагностицирани со рак. Исто така тие можат да добијат болест на мускулите, која им оневозможува да се движат.rnrnИнтересни и необични факти за кучињатаrnrnПитомите и мирни кучиња живеат подолго Една студија во 2010 година покажала дека агресивните кучиња кои активно го живеат својот живот, живееле пократко од оние кои биле мирни и послушни.rnrnИмаат интелигенција како 2-годишно дете – Одредени раси како бордер коли, пудлица, германски овчар, златен ретривер и доберман најбрзо сфаќаат и најдобро учат нови работи и трикови.rnrnИнтересни и необични факти за кучињатаrnrnКучињата знаат да бидат завидливи – тие совршено добро знаат кога не се третирани на рамноправен начин со некое друго куче или личност. Една студија во 2008 година покажала дека кучињата што забележале дека се помалку наградувани за некој трик кој го прават подобро од други кучиња, тие се налутуваат и почнуваат да го избегнуваат нивниот поглед. Исто така и прекинувале да го прават трикот толку добро како претходно…rnrnНо, не чувствуваат вина – Познатиот кучешки поглед со тажни и широко отворени очиња откако ќе ги искарате, не значи дека тие се каат за стореното лошо дело – тие на тој начин само реагираат на вашите зборови. Една студија покажала дека доколку неправедно ги обвините, тие имаат уште „повиновен“ поглед, што значи дека тоа е едноставно нивниот начин на внимателно слушање.rnrnИнтересни и необични факти за кучињатаrnrnКучињата се најразновидните цицачи на планетата – Некои видови кучиња толку многу се разликуваат помеѓу себе, што изгледа како тие воопшто и да не се припадници на истата раса. Оваа разновидност е совршена за научниците кои ги истражуваат гените…rnrnПозитивните ефекти од чување куче – Во минатото, кучињата имале и улога на спиритуални водачи. Денес тие најмногу се гледаат како домашни миленичиња. Но, сепак има безброј причини зошто е добро да се чува куче. Тие можат да ви помогнат со сите видови психолошки проблеми, да ви го намалат нивото на стрес, па дури и да ви помогнат да запознаете нови пријатели.rnrnИнтересни и необични факти за кучињатаrnrnНегативните последици од чување куче – Сите сме слушнале дека устата на кучето е почиста од нашата (тоа не е баш вистина), но тие сепак можат да бидат носители на некои патогени кои се многу штетни за луѓето. Беснилото е најпознатата болест од овој вид. Исто така кучешката храна може да биде носител на бактеријата салмонела. Но, еден од најзастрашувачките е паразитот „Toxocara canis“ со кој можете да се заразите преку обично галење на кучето. Овој паразит ако се смести позади очите, со тек на време предизвикува слепило. Но, сепак со редовна посета на ветеринар можат да се избегнат сите овие лоши ситуации.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите чоколадна свеќа?

    Како да направите чоколадна свеќа?

    Прекрасен и многу едноставен начин да го исполните домот со вашиот омилен мирис…rnrnКако да направите чоколадна свеќа?rnrn

    Потребно за една свеќа:

    rn

      rn011

    • 250 грама восок
    • rn011

    • 30 грама екстракт од какао
    • rn011

    • 10 грама екстракт од чоколадо
    • rn011

    • кафеав пигмент за свеќи
    • rn011

    • фитил
    • rn

    rnЗагрејте го восокот на пареа, или пак ставете го во микробранова печка за побрзо да се растопи. Во растопениот восок додајте ги екстрактот од какао, екстрактот од чоколадо и кафеавиот пигмент за свеќи и мешајте додека сите состојки не се соединат убаво. Ќе знаете дека треба да престанете со мешање кога смесата ќе добие еднолична боја и ќе се почувствува мирисот на чоколадото и какаото.rnrnПотоа во мал сад од којшто свеќата ќе ја добие својата форма (тоа може да биде чаша или тегличка) ставете го фитилот. Најдобро ќе биде доколку тој на долната страна е прицврстен за метално парче коешто ќе ви помогне да го држите исправен додека го истурате жешкиот восок во садот. Не заборавајте да оставите барем 1 см од фитилот непокриен со восок. Кога восокот ќе се олади (после 5 часа), ќе можете да уживате во прекрасниот мирис на чоколадо во вашиот дом.rnrnКако да направите чоколадна свеќа?rnrnСте пробале да направите свеќа порано? На пример од мандарина?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да му кажете некому дека лошо мириса?

    Како да му кажете некому дека лошо мириса?

    Иако живееме во 21-ви век, сите сме сретнале некој кој мириса лошо. И баш кога сакате да му го кажете тоа ќе се сетите дека таквиот разговор би бил многу непријатен и не сакате да си го нарушите добриот однос. Впрочем, никој не сака да биде оној кој ќе го потенцира непријатниот проблем, но без разлика дали и понатаму ќе трпите нечиј мирис на нехигиена или ќе се впуштите во дискусија со неизвесен крај, ситуацијата во секој случај е непријатна. Решението веројатно лежи некаде на средината, во разговор со којшто на личноста ќе ù се даде до знаење за проблемот, а во исто време ќе избегнете конфликт. За да го постигнете тоа следете ги следните неколку насоки:rnrnКако да му кажете некому дека лошо мириса?rnrn

    Ставете се во кожа на другиот

    rnНе тргнувајте веднаш во напад. Прво ставете се во кожа на оној кој треба да ја добие информацијата. Никој не сака да шири лоша миризба околу себе, па размислете како би се чувствувале вие во таква ситуација, дали би сакале тоа да ви биде потенцирано и на кој начин.rnrn

    Расчистете со себе

    rnПолесно ќе ја понесете одговорноста да ги пренесете лошите вести ако расчистите со она што го кажувате. На крајот на краиштата, лошиот мирис е природен, па ако го прифатите тоа, ќе ви биде полесно да го направите разговорот и ќе го спасите пријателот или колегата од поголемо понижување.rnrn

    Кажете го тоа насамо

    rnОва не смее да биде тема на разговор пред други луѓе. Ако сакате работата да ја завршите безболно, или што е можно побезболно, разговарајте на некое место каде што никој нема да ве слушне, ниту ќе ве прекине. Чувството на приватност ќе се засили и ако избегнете да кажете дека и некој друг ви го потенцирал проблемот со лошата миризба.rnrn

    Бидете јасни

    rnКога му кажувате некому дека мириса лошо, неопходно е да бидете јасни, директни и љубезни. Не заобиколувајте затоа што може лошо да ја пренесете пораката. „Мислев дека би сакал да знаеш дека кога ќе се доближам до тебе се чувствува некаков непријатен мирис“, или „сметам дека е важно да го знаеш ова“ – ваков старт би бил добра опција.rnrn

    Почекајте го одговорот

    rnМожеби се работи за некој здравствен проблем, а можеби веднаш ќе ја увиди грешката. Како што веќе рековме, никој не сака да шири лош мирис околу себе, па логично е тоа што вашиот соговорник ќе заземе одбранбен став. Очекувајте дека ќе се засрами, ќе се брани или ќе одрекува, па за намалување на непријатноста неопходно е да му дозволите да одговори на вашата сериозна забелешка.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #46

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #46

    „Ниедно кафе не може да биде добро во устата, доколку претходно не ја испрати својата слатка миризба до ноздрите.“ – Хенри Ворд Бичер

    rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #46
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1400×1400) и за да ја преземете на вашиот компјутер.
    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 невообичаени примени на пастата за заби

    5 невообичаени примени на пастата за заби

    Многу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент.rnrn5 невообичаени примени на пастата за забиrn

    1. Отстранете ги чкртките од ѕидовите

    rnЗа овој домаќински трик ви треба паста за заби која не е во вид на гел. Истиснете малку врз површината на ѕидот каде што вашите деца или внуци претходно решиле да ја изразат својата креативност и нежно протријте со мека крпа. Потоа пребришете користејќи крпа натопена во топла вода. За потврдокорни дамки, оставете ја пастата да постои 5 минути, пред да избришете.rn

    2. Отстранете ја лошата миризба од рацете

    rnДоколку за денешниот ручек користевте лук или кромид и сега никако не можете да ја отстраните интензивната миризба, обидете се да ги измиете со малку паста за заби.rn

    3. Светнете го ѓонот на патиките

    rnЗемете стара четка за заби и паста која не е во вид на гел. Ставете на гумениот дел од патиките и силно тријте за да ги извадите сите траги на нечистотија. Ќе станат како нови.rn

    4. Исполирајте ги изгребаните дивидија

    rnСтиснете малку паста за заби на едно топче памук и со него, правејќи кружни движења бришете од центарот кон краевите на дискот. Потоа исплакнете го под млаз вода и на крајот избришете го со сува крпа која не пушта влакненца. Овој трик може да ги спаси дисковите со благи гребнатинки, кои правеле проблеми при вчитувањето на податоците кои ги чувате на нив.rn

    5. Избистрете ги вашите очила за пливање

    rnПребришете ја внатрешната страна на вашите очила за пливање со паста за заби, а потоа исполирајте со чиста крпа. Тие ќе бидат кристално чисти.rnrnЗа што друго вие ја имате употребено пастата за заби?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто е тешко да сакате пушач

    10 причини зошто е тешко да сакате пушач

    Пушењето е несомнено лоша навика. Покрај причините кои им се добро познати на сите, редовните пушачи стекнуваат навики кои го менуваат нивниот животен стил, што пак, се одразува на начинот на кој влијаат на другите луѓе, како и на нивното лично здравје и на хигиената. Еве 10 причини зошто е тешко да се сака пушач:rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Пасивно пушење

    rnЕдна од главните причини е пасивното пушење, односно доведувањето на сопственото здравје во опасност, кога сте во присуство на пушач, кој ќе запали цигара и ќе го дува чадот директно во вас. Докажано е дека пасивното пушење може да биде дури и поштетно од активното, па ова може да има огромни последици врз оние кои несвесно го вдишуваат чадот. Ако во вашето семејство или во друштвото имате пушач кој си има навика да запали цигара во присуство на останатите кои не пушат, терајте го да излегува надвор и да го прави тоа настрана од другите.rn

    Смрдливи алишта

    rnЧадот од цигарите има изразита и долготрајна миризба која тешко се ветрее од алиштата. Освежувачите за воздух понекогаш не можат да се изборат со презаситената миризба во просторијата каде што се пуши. По само неколку часа седење со пушачи, дури и ако вие не сте запалиле цигара, за други непушачи ќе делувате како да сте пушеле. Постојаната миризба што ја носат пушачите, може да биде предизвик за нивните партнери непушачи.rn

    Лош здив

    rnКолку и да ги мијат забите и да жабуркаат со течности за уста, пушачите сепак имаат лош здив. Кога се вели дека бакнувањето со пушач е како да бакнуваш пепелник, ова не е многу далеку од вистината. И не е само тоа. Забите на пушачите по некое време стануваат жолти и искривени, непцата се оштетуваат, а може да се појават и други дентални проблеми. Здивот на пушачот во вашата непосредна околина може да биде голем проблем доколку вие сте педантна личност која не поднесува непријатна миризба од устата.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Скапа навика

    rn Пушењето е скапа навика, но колку скапа, зависи од тоа колку долго личноста пуши и по колку цигари на ден. Ако направите пресметка, може да сфатите дека за една година со тие пари би можеле да купите нов телевизор со најнова технологија. Ако сте во врска или во брак со пушач, редовно правете му пресметка од кои „скапоцени“ работи всушност тој се откажува заради својата навика и колку точно пари фрла во вода на годишно ниво.rn

    Ненадејно исчезнување

    rn Повеќето пушачи имаат неверојатен талент за исчезнување во секоја ситуација што ќе им се види згодна за да вовлечат неколку димчиња. Ова може да претставува проблем на работа, бидејќи колегата може да ви исчезне баш кога ќе ви треба за нешто. На ова се надоврзува и нивната честа потреба за цигара, па паузите на секој час се скоро задолжителни. Но, за среќа, лесно е да ги најдете пушачите. Тие секогаш се во дворот или на терасата каде уживаат во нивната цигара.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Нерасположение

    rnСте имале прилика некогаш да бидете во присуство на пушач кој не запалил цигара одамна? Подобро би било да не сте го искусиле ова, бидејќи пушач кој не запалил цигара подолго време, станува нерасположен. Кога пушачот апстинира, нивото на никотин во крвта се намалува и тој почнува да копнее за никотин, додека истовремено чувствува главоболка и мачнина.rn

    Лошо однесување

    rnДури и кога пушачот ќе ја земе својата никотинска доза, тој може да има лошо однесување. Од вработениот кој прави пауза за цигара, а има итна задача, до тинејџерот кој сака да им врати на неговите напорни родители, пушачите често имаат инаетливо и песимистичко однесување. Не значи дека сите пушачи се вакви, но оние кои се, се потешки за сакање.rn

    Не сака да се откаже

    rnПушачите тешко се откажуваат од оваа навика. Веројатно зашто цигарите се застрашувачки зависни. Ако сакате да натерате некој близок да ги остави цигарите, голема е веројатноста дека ќе се разочарате. Пушењето е помеѓу навиките со највисок степен на враќање, така што вашиот обид да откажете некого од пушење цигари веројатно ќе заврши неплодно.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Лошо здравје

    rnПушењето не е здрава навика. Не само што може да ги остави „без здив“ инаку здравите луѓе, туку може да има и многу посериозни последици. Луѓето кои им се блиски пријатели на пушачите го сакаат најдоброто за нив и сакаат тие да бидат здрави, но овие знаат да се инаетат во врска со откажувањето, па ова е уште една причина која го прави сакањето потешко.rn

    Замирисан автомобил

    rnИма нешто уникатно и препознатливо во возилото на пушачот. Миризбата секако. Како што чадот се впива во неговите алишта и во домот, таа изразита миризба е карактеристична и за автомобилот. Оваа карактеристика е уште полоша за непушачите. Влезете во автомобил на пушач. Штом запали цигара и го раздува чадот во затвореното возило, како непушач, веднаш ќе се почувствувате лошо, а од густиот чад кој нема доволно место за да се разбие низ просторот, ниту ќе можете да му го видите лицето на вашиот близок, а со оглед на неговата грда навика, веројатно нема ни да сакате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.