КАФЕ ПАУЗА

Tag: месо

  • Рецепт за крцкави ќофтиња со месо и компир

    Рецепт за крцкави ќофтиња со месо и компир

    Ќофтињата се вообичаена закуска во Холандија и најчесто се сервираат со пиво. Тие се нарекуваат „битербален“ и се приготвуваат од говедско месо кое се обликува во топчиња и се пржи сè додека не стане крцкаво. Денес ви го споделуваме рецептот за овие вкусни ќофтиња кои сигурно ќе ви се допаднат.rnrnРецепт за крцкави ќофтиња со месо и компирrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 лажици путер
    • rn 011

    • 100 грама кромид
    • rn 011

    • 100 грама шампињони
    • rn 011

    • 200 грама мелено говедско месо
    • rn 011

    • 40 грама брашно
    • rn 011

    • 250 милилитри млеко
    • rn 011

    • 400 грама компири
    • rn 011

    • 2 лажички морско оревче
    • rn 011

    • 2 лажички сол
    • rn 011

    • ½ лажичка шеќер
    • rn 011

    • 40 грама сирење
    • rn 011

    • масло за пржење
    • rn 011

    • лебни трошки
    • rn 011

    • 3 јајца
    • rn

    rn

    Сос:

    rn

      rn 011

    • 2 лажици мајонез
    • rn 011

    • 2 лажици чили сос (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Сварете ги компирите и згмечете ги во облик на пире.rnrn2. Растопете го путерот на средна температура. Испржете го кромидот и додадете ги печурките. Потоа додадете го меленото месо и пржете додека не порумени. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не се соедини. Полека сипете го млекото и продолжете со мешање додека сосот не стане густ и мазен.rnrn3. Додадете го пирето од компири, морското оревче, солта, биберот, шеќерот и сирењето. Добро измешајте ги состојките и варете додека не испари течноста. Оставете ја смесата настрана да се излади.rnrn4. Обликувајте топчиња од смесата – ставете ги во садот со лебните трошки, па во садот со изматените јајца и на крајот повторно во садот со лебните трошки.rnrn5. Загрејте го маслото и пржете ги топчињата во врело масло додека не поруменат и не станат крцкави. Послужете ги со мајонез и чили сос. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за холандски ќофтиња со месо и компир, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за шведски ќофтиња во кремаст сос.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо

    Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо

    Спецатино е популарно италијанско јадење кое се состои од евтини парчиња месо – жилаво говедско, јагнешко, овчо или свинско месо. Месото се сече на помали коцки, се посипува со брашно, се пржи со кромид и друг зеленчук и се готви на ниска температура околу три часа додека месото не омекне и може да се исече со виљушка. Ова јадење го добило името по италијанскиот збор „spezzattere“, што значи „исечено на мали парчиња“.rnrnМеко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 кг говедско месо без коски
    • rn 011

    • 400 мл супа
    • rn 011

    • 200 мл бело суво вино
    • rn 011

    • ½ кг сецкан кромид
    • rn 011

    • ½ кг пиперки
    • rn 011

    • 3-4 чешниња лук
    • rn 011

    • 1 ловоров лист
    • rn 011

    • 2 грст свеж магдонос
    • rn 011

    • маслиново масло за динстање
    • rn 011

    • брашно
    • rn 011

    • сол и бибер по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во големо тенџере, загрејте малку маслиново масло, а потоа испржете ги парчињата месо исечени на приближно иста големина што претходно треба да ги попрскате со малку брашно.rnrn2. Пржете 10-15 минути или додека да испари целата течност од месото и говедското месо да добие златно-кафеава кора.rnrn3. Прелијте го месото со бело вино и гответе уште десет минути или додека не испари целиот алкохол.rnrn4. Ставете ги сечканиот лук, пиперките исечени на ленти и супата во тенџере и гответе уште неколку минути. Додајте сол и бибер и ловоровиот лист.rnrn5. Ставете го кромидот исечкан на тенки ленти, покријте го тенџерето со капак и оставете го јадењето да се вари без мешање околу два до три часа или додека месото не стане меко и зеленчукот не се претвори во желатинозен сос.rnrn6. Кон крајот на готвењето, додајте ситно сечкан магдонос во тенџерето. Добар апетит!rnrnПогледнете го овој рецепт за колач што ќе ви помогне да ослабите.

  • Кујнски трик: Како да го омекнете месото со состојки кои веќе ги имате дома?

    Кујнски трик: Како да го омекнете месото со состојки кои веќе ги имате дома?

    За време на карантинот, несомнено е дека креативноста во кујната се зголеми, а на социјалните мрежи се шират кулинарски трикови кои заштедуваат пари, но и состојки.rnrnКујнски трик: Како да го омекнете месото со состојки кои веќе ги имате дома?rnrnВодата што останува во теглата од кисели краставички станува сè поголем хит, како за лекување на мамурлак, така и за брзо маринирање на зеленчук или замена за оцет кога не можеме да отидеме до продавница. Таа вода е комбинација на оцет, вода, сол и зачини идеални за омекнување на месото. Само прелијте го месото и оставете го најмалку половина час, а може да го оставите и преку ноќ, без разлика дали е пилешко или свинско. Пред да печете во тава или на скара, избришете го месото од вишокот вода со хартиени кујнски крпи. Слободно складирајте го вишокот вода од теглата во фрижидер.rnrnПрочитајте и за овие 8 намирници што ги менуваат состојките во различни услови.

  • Совршен предлог за денешниот ручек: Пица со месо

    Совршен предлог за денешниот ручек: Пица со месо

    Пицата е омилено јадење на многу генерации. На забави со семејството и пријателите, на прослави и родендени, таа е секогаш присутна. Постојат многу различни начини на нејзина подготовка, а од мноштвото рецепти, денес ви го предлагаме овој.rnrnСовршен предлог за денешниот ручек: Пица од месоrn

    Потребни состојки за тесто:

    rn

      rn 011

    •     500 г брашно
    • rn 011

    •     250 мл вода
    • rn 011

    •     70 мл масло
    • rn 011

    •     15 г квасец (3-4 гр сув)
    • rn 011

    •     1 лажичка шеќер
    • rn 011

    •     1 лажичка сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка на тестото:

    rn

      rn 011

    1. Во топла вода издробете квасец и додајте шеќер, па измешајте.
    2. rn 011

    3. Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица.
    4. rn 011

    5. Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте.
    6. rn 011

    7. Кога тестото веќе не може да се меша со лажица, измесете го лесно со раце, само обликувајте го. Не е потребно долго месење бидејќи тестото ќе биде добро изработено со лажица.
    8. rn 011

    9. Додајте го остатокот од маслото и оставете да кисне 30 минути. Тестото ќе биде меко и лепливо.
    10. rn 011

    11. Работната маса посипете ја со брашно и лесно премесете го тестото.
    12. rn 011

    13. Од оваа мера има тесто за две големи фамилијарни пици. Тестото е меко и може да се развлече со раце.
    14. rn

    rn

    Потребни состојки за фил:

    rn

      rn 011

    • 500 г мелено месо по ваш избор,
    • rn 011

    • 1 чешне лук,
    • rn 011

    • 1/2 дл масло (маслиново или обично по избор),
    • rn 011

    • 2 поголеми свежи домати,
    • rn 011

    • 100 г чадена шунка,
    • rn 011

    • 200 г моцарела сирење,
    • rn 011

    • оригано,
    • rn 011

    • сол и бибер.
    • rn

    rn

    Начин на подготовка на пицата:

    rn

      rn 011

    1. Додајте сол, бибер, масло, сечкан лук во месото и добро измешајте и пропржете го во тава на оган.
    2. rn 011

    3. Исечете го доматот на коцки. Вклучете ја рерната на 250 °С.
    4. rn 011

    5. Наредете ја мешавината од месо врз растегнатото тесто со дебелина што ви одговара најдобро, но не повеќе од 1 см.
    6. rn 011

    7. Додајте ги доматите над месото и посипете со оригано. По желба додајте шунка и моцарела. Сето тоа ставете го во загреана рерна и печете 15 минути.
    8. rn

    rnМожеби сакате да го прочитате и овој одличен рецепт за појадок: Јајце во лиснато тесто.

  • Сопругот ѝ рекол на бремената сопруга која е веганка да јаде месо

    Сопругот ѝ рекол на бремената сопруга која е веганка да јаде месо

    На сите им е познато дека многу жени ги менуваат нивните навики за исхрана кога ќе останат бремени. Но една жена навистина се шокирала кога нејзиниот сопруг го побарал тоа од неа.rnrnСопругот ѝ рекол на бремената сопруга која е веганка да јаде месоrnrnЖената побарала совет за нејзиниот проблем на родителскиот форум Mumsnet. Според нејзината објава, нејзиниот сопруг сметал дека месото е неопходно за здравјето на детето, па ѝ предложил да го јаде. Проблемот е што жената целиот живот бил веганка, исто како и нејзините родители и браќа. И сопругот одвреме-навреме бил веган, но не се придржувал строго кон овој начин на исхрана.rn

    „Мисли дека месото е важно за детето да биде здраво и загрижен е за нивото на железо во крвта, иако никогаш сум немала проблеми со тоа“, изјавила трудница.

    rnБарањето на сопругот навистина ја шокирало жената, па прашала дали тој претерува или неговата загриженост сепак е оправдана. Очекувано, корисниците на форумот имале поделено мислење, но повеќето ѝ дале конструктивни совети.rn

    „Мислам дека можеби ќе ти биде лошо ако одеднаш почнеш да јадеш месо. Не дозволувај сопругот да ти ја диктира исхраната. Единствен исклучок е ако ти почувствуваш желба за месо.“

    rnНекои од корисниците сметале дека најдоброто решение е да се консултира со нутриционист, кој ќе ѝ помогне да одлучи што е најздраво и најдобро за неа и нејзиното дете.rn

    „Кажи му на сопругот дека нема право да ти кажува што да јадеш. Тој може да се грижи за тебе и за детето и за тоа кои хранливи материи ви се потребни, но нив можеш да ги добиеш дури и ако си веган.“

    rnНекои луѓе ја советувале редовно да го проверува нивото на железо во крвта за да се осигури дека бременоста е во ред.rnrnСпоред мислењето на лекарите, од голема важност е во текот на бременоста жените да се хранат разновидно за да ги овозможат сите потребни хранливи материи за растот и развојот на детето. Но доколку не јадете месо, можете да внесете железо со помош на јајца, мешунки, зелен лиснат зеленчук или сушено овошје, особено кајсија.rnrnДобар извор на калциум за веганите повторно се зелениот лизнат зеленчук, сушеното овошје и мешунките, но и интегралниот леб, тофуто, семињата и јаткастите плодови.rnrnПогледнете што всушност треба да јадете кога сте бремени.

  • Колку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно?

    Колку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно?

    Долго се верувало дека здравата и квалитетна исхрана содржи 4 групи намирници – млечни производи, месо, житарици и овошје и зеленчук. Сепак, денешното мислење на експертите драстично се разликува.rnrnКолку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно?rnrnПостојат многу дилеми во врска со исхраната – од квалитетот на производите за кои се верува дека денес се полни со секакви супстанци за продолжување на трајниот рок, до нови болести кои се појавуваат и се поврзани токму со оваа храна.rnrnКанадскиот водич за здрава исхрана, сега има само еден фаворит од групата намирници, а тоа се овошјето и зеленчукот. Според мислењето на експертите, на сите нам ни е потребно многу повеќе храна од растително потекло.rnrnНаучниците од Канада сметаат дека половина од чинијата треба да биде полна со овошје или зеленчук, четвртина со квалитетни протеини, а другата четвртина со житарици со цело зрно. Исто така, тие советуваат да се консумираат помалку месо и млечно производи, а протеините да се внесуваат преку храна со растително потекло, како печурки и тофу.rnrnОдлуката за оваа голема промена на водичот за здрава исхрана предизвикала големи расправи. Научниците ја правдаат нивната одлука со тоа дека водичот потекнува од 70-тите години на минатиот век, период кога сè уште не бил откриен гликемискиот индекс и неговото влијание на организмот. Поради ова, храната се третирала многу поразлично.rnrnПокрај зголемениот внес на овошје и зеленчук и намаленото консумирање млечни производи и месо, канадските научници препорачуваат и пиење многу вода. Исто така добро би било да намалите со алкохол и засладени пијалаци што е можно повеќе, бидејќи тие се полни со калории, а немаат никаква хранлива вредност.rnrnДоколку сакате целосно да го исфрлите месото од вашата исхрана, погледнете која храна треба да ја консумирате како замена.

  • Зошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?

    Зошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?

    Од голема важност е да рециклираме и да штедиме енергија користејќи јавен превоз, обновливи извори на енергија и слично. Но ова се само површни промени и сега веќе е потребно да ја погледнеме поголемата слика. Според науката, најдобриот начин да ѝ помогнеме на планетата е да го намалиме количеството на месо што го консумираме.rnrnЗошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?rnrnВо 2018-та година, многу научници објавија истражувања кои откриваат колку всушност е штетно консумирањето месо за нашата околина. Консумирањето месо, особено свинско и телешко, го забрзува процесот на глобално затоплување и е одговорно за загадувањето на голем дел од океаните и копното.rnrnИндустријализацијата на агрикултурата, заедно со новостите за нашето бавно движење кон следното масовно истребување, покажува дека луѓето и нашите припитомени животни зафаќаат 96% од сите цицачи на планетата. Иако поголемиот дел од земјата во агрикултурата се користи за добиток, продуктите како месо и млечни производи зафаќаат помалку од 20% од калориите во храната и само околу третина од протеините.rnrnПроблемот со одгледување добиток за месо не е само во неефикасноста. Масовното сечење на дрва со цел да се направи место за фарми, во комбинација со метанот што го ослободува добитокот и разните ѓубрива што ги користат фармерите, емитуваат исто количество стакленички гасови како сите автомобили и авиони на Земјата. Одгледувањето на добиток го зголемува ризикот од истребување и на другите животни на планетата.rnrnМинатиот октомври експертите истакнаа дека драстичното намалување на консумирањето месо е неопходно доколку сакаме да ги спречиме најлошите последици од глобалното затоплување, особено на Западот каде што побарувачката за телешко треба да се намали за неверојатни 90%.rnrnПокрај телешкото, потребно е да го намалиме консумирањето на свинско, јајца и млечни производи, особено кога истражувачите утврдиле дека бројот на населението ќе се зголеми за околу две милијарди во наредните 30-тина години. Ако сакаме да се осигуриме дека температурите на Земјата нема да се зголемат за 2 степени Целзиусови, потребно е сите луѓе да прифатат пофлексибилен начин на исхрана и да го намалат консумирањето месо.rnrnМногумина се обидуваат да најдат начин да се намали побарувачката за месо. Некои од предложените решенија се повисоки даноци за црвеното месо, како и прехранување на добитокот со алги наместо со трева, со цел да се намали емисијата на метан. Некои експерти дури сметаат дека заменувањето на свинското и телешкото со инсекти е можеби н најдобрата опција.rnrnМожеби наједноставното решение би било луѓето да станат вегетаријанци, како и да се зголеми популарноста на месото произведено во лабораторија. Некои алтернативи предложени од веганите, како на пример, вегански бургери со вкус на месо, стануваат сè попопуларни. Без разлика како ќе постапиме, факт е дека е потребна промена која не можеме повеќе да ја одложуваме. Последиците на планетата ќе бидат катастрофални и неповратни доколку не обрнеме внимание на начинот на исхрана.rnrnПогледнете и која е храната што ѝ штети на природата повеќе отколку што мислите.

  • Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

    Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

    Јакната е парче облека кое е потребно во повеќето годишни времиња. Речиси секој има повеќе јакни во својот плакар: Потенка за пролетните и есенските денови, модерна, дебела зимска, елегантна и слично. Но, дали сте помислувале некогаш во својот плакар да внесете јакна од „човечко месо“?rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnВсушност, станува збор за вештачко човечко месо, затоа што пред сѐ тоа би било нелегално, но оваа јакна изгледа доволно реално за сепак да биде ужасна и да ве вознемири. Имено, таа е направена од рачно шиен латекс и силикон, а доколку сакате да ја имате врз себе, треба да одвоите 1.200 долари!rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnТаа е опишана како неверојатна јакна која со сигурност ќе ве одвои од толпата и ќе ве направи поразлични од другите. Но, не само тоа, туку сигурно доколку излезете облечени со неа, вие ќе се соочите со многу чудни погледи. За целата ситуација уште повеќе да вознемирува, Кајла Арена објаснува дека создавањето на јакната е инспирација од серискиот убиец Ед Геинс кој околу неговата куќа правел објекти со остатоците од неговите жртви.rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnПокрај јакната од „човечка кожа“, Кајла во својата колекција ја додава и оваа бизарна чанта.rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnА исто така и овие чизми.rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnШто мислите вие за јакната и додатоците? Би ги носеле ли на себе?

  • Што ќе се случи ако сите луѓе на планетата станат вегетаријанци до 2050 година?

    Што ќе се случи ако сите луѓе на планетата станат вегетаријанци до 2050 година?

    Исфрлувањето на месото од исхраната може да донесе многу придобивки за целокупното здравје на планетата, а исто така може да влијае и на животите на милиони луѓе. Одредени личности одлучуваат да станат вегетаријанци поради различни причини. Некои сакаат да ги заштитат животните, а други пак затоа што сакаат да се хранат поздраво. Но, што би се случило доколку сите луѓе во светот, без разлика на причините, станат вегетаријанци? Верувале или не, последиците би ги почувствувале милиони, па можеби дури и милијарди луѓе.rnrnШто ќе се случи ако сите луѓе на планетата станат вегетаријанци до 2050 година?rn

    „Во развиените земји, вегетаријанството би донело различни придобивки, како за животната средина, така и за здравјето на луѓето. Во земјите во развој би се почувствувал негативен ефект, односно сиромаштија“, вели Ендрју Џарвис од Интернационалниот центар за тропска агрикултура од Калифорнија.

    rnЏарвис и неговиот тим истражувале што би се случило кога месото би било отфрлено од менито на сите луѓе во светот.rn

    Влијание на климатските промени

    rnНајпрво тие истражувале како ова би влијаело на климатските промени. Всушност, производството на храна е одговорно за една четвртина до една третина од емисиите на сите гасови кои влијаат врз ефектот на стаклена градина создаден од страна на луѓето. И покрај овие податоци, честопати се занемарува како исхраната влијае на животната средина. Во САД на пример, едно четиричлено семејство емитува повеќе штетни гасови со тоа што јаде месо, отколку да вози два автомобила.rn

    „Повеќето луѓе не размислуваат за влијанието кое производството на храна го има на климатските промени. Кога сега би јаделе помалку месо, би ја направиле планетата подобра за нашите деца и внуци“, вели Тим Брентон, експерт за храна на Универзитетот во Лидс.

    rnНеговиот колега, Марко Спрингмен, истражувач во областа на иднината на храната при Оксфорд, се обидел да го пресмета точното влијание. Всушност, Спрингмен и неговиот тим направиле програма која може да предвиди што би се случило доколку сите луѓе на светот до 2050 година би станале вегетаријанци. Резултатите покажале дека емисијата на штетни гасови која се поврзува со производството на храна би се намалила за 60%, најмногу поради отфрлање на црвеното месо. Храната, а особено производството на месо, зафаќа многу простор на планетата, што за последица има и создавање штетни гасови, но исто така и уништување на шумите со цел да се изнајде повеќе простор. Моментално во светот дури 68% од земјиштето припаѓа на место каде што се произведува месо. Доколку би се откажале од месото, тој простор би можел да се пошуми.rnrnШто ќе се случи ако сите луѓе на планетата станат вегетаријанци до 2050 година?rn

    Што ако месната индустрија стане минато?

    rnДоколку воопшто не постои месната индустрија, на луѓето кои се вработени таму би им била потребна помош да најдат ново вработување во друга гранка на производство, без разлика дали станува збор за земјоделството, пошумувањето и слично. Во почетокот би морале да се соочиме со голема невработеност поради губењето работни места, посебно во руралните средини. Сепак, ниту вработувањето во алтернативни индустрии не би можело да ја надомести оваа голема загуба на работни места.rn

    Дали е потребно да се откажеме од месото за да ја спасиме планетата?

    rnЗа среќа, не мора сите луѓе во светот да бидат вегетаријанци или вегани за да се почувствуваат придобивките и да се намали опасноста. Клучната работа е да се промени количеството месо кое се внесува, како и неговата зачестеност.rn

    „Малите промени во исхраната се нешто што луѓето не би ги ни забележале, на пример, да консумираат помало парче месо. Изборот не мора да биде помеѓу живот со и живот без месо“, вели Џарвис.

    rnОдредени промени во системот на исхрана исто така би ни помогнале да направиме поздрави и еколошки прифатливи одлуки кога е во прашање исхраната, вели Спригмен. На пример, повисока цена на месо, а поевтино овошје и зеленчук. Исто така би требало поодговорно да се однесуваме кон храната, особено кога е во прашање нејзиното фрлање. Помалку од 50% од калориите кои се произведуваат на годишно ниво во светот се употребуваат за она што не им е намена.rn

    „Постои начин и да се воспостават системи кои ќе произведуваат помалку загадување и кои се добри за животните и за животната околина, но и би биле профитабилни, затоа што би произведувале помалку месо, а не за дневно консумирање. Фармерите би добивале исто, само што би ги одгледувале животните на поинаков начин“, објаснува Брентон.

    rnВеќе постојат решенија за намалување на загадувањето и ефектот на стаклена градина предизвикани од производството на храна, но она што недостига е желба за тие да се спроведат.

  • Без вежбање и гладување: Оваа диета стана вистински хит во светот

    Без вежбање и гладување: Оваа диета стана вистински хит во светот

    Доколку сакате набрзина да го изгубите вишокот килограми, а ве мрзи да вежбате или пак мака ви е од гладување, можеби сè уште не сте ја испробале таканаречената Американска диета. Во прашање е една варијанта на славната Аткинсова диета која се заснова на потполно исфрлање на јаглехидратите од дневното мени и внесување на протеини.rnrn1-bez-vezhbanje-i-gladuvanje-ovaa-dieta-stana-vistinski-hit-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnОваа диета ќе ви ја препорачаат и некои нутриционисти, но можеби не со задоволство, бидејќи во неа се изоставуваат и витамините. Затоа е неопходно додека ја држите да земате и додаток во исхраната во вид на витамини Ц и Д, магнезиум, цинк…rnrnПосле првите шест дена од оваа диета вагата би требало да покажува 5 килограми помалку, а после тоа секојдневно се губи по уште еден килограм. Оваа диета не би требало да се држи подолго од 24 дена, а за тоа време може да се изгубат и до 20 килограми. Многу е важно да обрнете внимание на тоа дека и минималното внесување на јаглехидрати може да го прекине губењето на масни наслаги и килограми.rnrn2-bez-vezhbanje-i-gladuvanje-ovaa-dieta-stana-vistinski-hit-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnЕкспертите велат дека после американската диета ќе бидете „мирни“ две години, поточно тоа е периодот во кој вашите килограми нема да се вратат и нема да има јо-јо ефект. Уште една добра страна на оваа диета е тоа што во неа нема гладување – количината на храна не е ограничена, туку само нејзиниот избор. Односно, вашата исхрана во суштина ќе се сведе на месо, јајца и салата.rn

    Дозволени производи:

    rn1. Сите видови месо – пилешко, телешко, свинско, јагнешко, јунешко, мисиркино, сите видови џигер, дивеч… Месото може да се јаде подготвено на скара, печено, сушено, варено или пржено. Но, заборавете на колбасите, виршлите и сите видови сувомесни производи.rnrn2. Сите видови риба.rnrn3. Јајца – варени, пржени, или во вид на омлет.rnrn4. Зеленчук – марула, пиперки, домат, краставица, зелка, цвекло, кромид, спанаќ, карфиол, блитва, кељ, аспарагус, артичока, ајвар, модар домат, морков, целер, репка, брокула… Сите салати можете да ги зачините со сол, бибер, масло и оцет.rnrn5. Пијалаци – црно кафе, минерална или обична вода, сите видови чаеви без шеќер, лимонада без шеќер.rnrn3-bez-vezhbanje-i-gladuvanje-ovaa-dieta-stana-vistinski-hit-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rn

    Забранети производи:

    rn1. Леб, шпагети или каков било вид тесто.rnrn2. Млечни производи.rnrn3. Ниту еден вид слатки, грицки, ниту пак овошје.rnrn4. Компир, ориз, грав, грашок, презла, похувано месо, леќа.rnrn4-bez-vezhbanje-i-gladuvanje-ovaa-dieta-stana-vistinski-hit-vo-svetot-www.kafepauza.mk_