КАФЕ ПАУЗА

Tag: мастило

  • 5 изуми на древните Египќани без кои не можеме денес

    5 изуми на древните Египќани без кои не можеме денес

    Некои работи толку многу време се во употреба што не сме ни свесни како и кога некој ги измислил. Древната египетска цивилизација е позната по многубројните изуми кои се користат и денес, а ова се само дел од нив.rnrn5 изуми на древните Египќани без кои не можеме денесrn

    Календар

    rnИако може да ни се чини дека поделбата на годината на денови е нешто што отсекогаш постоело, сепак календарот за прв пат бил употребен кај Египќаните кои го креирале за да можат да ги следат земјоделските сезони. Благодарение на календарот тие можеле да ја предвидат следната поплава која би ја предизвикал Нил. Интересен факт е дека календарот бил составен од 12 месеци, а секој месец броел 30 дена. Иако, календарот претрпел промени во текот на историјата, сепак Египќаните ги поставиле темелите на оној што го користиме денес.rn

    Мастило и папирус

    rnСтарите Египќани секогаш барале начин како да ги документираат настаните, па од тука се родила потребата за мастило. Првото мастило било создадено со помош на мешавина од растителна гума, пепел и пчелин восок, а наместо хартија се користел папирус.rn

    Шминка

    rnСигурни сме дека повеќето од вас би помислиле дека шминкањето е прилично модерна работа, ама вистината е малку поинаква. Шминката за очи била измислена пред новата ера, а настанала со мешање на пепел и галенит за да се добие специјална црна смеса која потоа се користела како молив за очи. Не само жените, туку и мажите ја користеле шминката во древниот Египет и претставувала статусен симбол, но се користела и за религиозни цели. Старите Египќани верувале дека шминката ќе ги заштити од злите демони.rn

    Фризури и бричење

    rnДревните Египќани биле првиот народ во историјата кој почнал да ја потстрижува косата. Долгата коса се сметала за знак на неодржување хигиена, особено ако се земе предвид египетската жештина. Поради тоа, се развил трендот на бричење или носење кратка коса при што биле измислени и првите „жилети“. Секако, тие изгледаат многу поразлично од оние денес, но целата таа култура започнала токму во стариот Египет.rn

    Брави

    rnМожете ли да замислите дека некогаш не постоеле брави на вратите? Првата брава била измислена токму од страна на Египќаните, а била дизајнирана на начин што би се отворала со поместување на соодветен клуч. Сепак, со оглед на тогашното знаење и технологија, бравите биле многу поразлични од денешните – биле големи околу половина метар и биле тешки и гломазни.rnrnОткако прочитавте за 5-те изуми на старите Египќани, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те нерешени мистерии од древниот Египет.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Како да отстраните мастило од тепихот со помош на средствата што ги имате дома?

    Како да отстраните мастило од тепихот со помош на средствата што ги имате дома?

    Мастилото е една од работите што лесно може да излезат од контрола, без оглед кој го користи пенкалото. И на децата и на возрасните понекогаш им се случува да испуштат пенкало полно со мастило и дамките да останат на тепихот. Наместо да се обидувате да ги покриете со преместување на мебелот во просторијата каде што се случила незгодата, можете лесно да ги отстраните со средствата што ги имате дома.rnrnКако да отстраните мастило од тепихот со помош на средствата што ги имате дома?rn

    Алкохол

    rnЧистењето на дамките од мастило со крпа натопена во алкохол е наједноставниот начин да се отстрани мастилото од површината на тепихот. На овој начин, важно е да ја тапкате дамката и да го сторите тоа веднаш по нејзиното формирање за да не продре подлабоко во внатрешноста на тепихот. Потоа, исплакнете ја површината темелно со топла вода.rn

    Средство за дезинфекција на раце

    rnАко немате чист алкохол при рака, можете да користите нешто што сигурно имате – средство за дезинфекција на раце. Бидејќи процентот на алкохол во него е помал, ќе ви треба малку поголема количина и поголем број нанесувања на сува крпа. Постапката е речиси идентична, а по завршувањето на третманот, треба да исплакнете со топла вода.rn

    Оцет

    rnОцетот е како лек за сите проблеми во домаќинството. Пред да го користите на вашиот тепих, треба да го разредите со вода за да не се оштетат влакната. Постапката потоа е иста како и во првите два случаи, тапкање, а не кружно триење на дамката. Мирисот на оцет не треба да ве загрижува бидејќи многу брзо ќе исчезне. Ако дамката од мастило е сè уште многу свежа, можете да ја посипете со сода бикарбона и потоа да ја исчистите со разреден оцет.rn

    Пена за бричење

    rnПената за бричење може да направи чуда на валканиот тепих. Протресете го шишето со пена и испрскајте на местото каде што е дамката од мастило. Оставете да дејствува кратко и потоа исплакнете со топла вода.rnrnПрочитајте како вашата бања да мириса убаво без да користите освежувач за воздух.

  • Уметност на дрво инспирирана од јапонските кимона

    Уметност на дрво инспирирана од јапонските кимона

    Одри Кавасаки, една од најталентираните артистки, вчудовидува со новата серија наречена „Hirari Hirari која во превод од јапонски значи звукот или движењето на лист од цвет или цвет кој полека паѓа. Таа повторно го користи својот добро познат потпис од масло, графити и мастило на дрвени панели и создава прекрасни и енигматични цртежи од млади девојки.rnrnНејзината најнова работа е инспирирана од кимоната кои ѝ биле подарок од нејзината мајка. Со помош на боите и мотивите кои се наоѓаат во традиционалните јапонски додатоци за домот и изгледот, таа создава модерна и традиционална уметност која е истовремено и невина и сензуална. Погледнете.rnrnУметност на дрво инспирирана од јапонските кимонаrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пенкало со кое можете да цртате струјни кола

    Пенкало со кое можете да цртате струјни кола

    Circuit Scribe е пенкало кое пишува со спроводливо сребрено мастило, благодарение на кое секој може да направи свое електронско коло низ креативен процес на цртање и поврзување. Наменето е за креатори, едукатори, деца, артисти и луѓе кои сакаат да експериментираат со „направи сам“ проекти. Мастилото не се размачкува и нема потреба да се чека да се исуши, па така со исцртување на линии врз парче хартија, лесно можете да нацртате функционално струјно коло, на кое ќе поврзете батерии, ЛЕД диоди и слично за да добиете функционален електронски уред.rnrnПенкало со кое можете да цртате струјни колаПенкало со кое можете да цртате струјни колаПенкало со кое можете да цртате струјни колаrnrnИзумот е дело на Брет Вокер и Аналиса Русо од Electroninks Incorporated кои го покренале проектот на сервисот Кикстартер за да соберат пари за производство на пенкалата за масовна потрошувачка по достапни цени. Засега одлично им оди, а за вљубениците во електронските креации, тие нудат и разни пакети со електронски елементи за да им ја направат забавата со Circuit Scribe уште поинтересна.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Невообичаените навики на познатите писатели

    Невообичаените навики на познатите писатели

    Автор: Ема ЈакимовскаrnrnСкапана храна, мастила во различни бои, совршено наострени моливи – ова се само некои од суеверијата и чудните навики на познатите писатели.rnrnСветските писатели се познати по ваквите свои интересни обичаи за кои веруваат дека позитивно влијаат врз креативниот процес и им ја будат инспирацијата. Иако некои се близу границата на опседнатост, сепак сите се интересни и уникатни.  Во продолжение ги издвојуваме  оние највпечатливите.Невообичаените навики на познатите писателиЏејмс Џојс речиси секогаш пишувал во својот познат бел костум. Поради сериозни проблеми со видот и многуте очни операции низ кои минал, бил принуден да пишува исклучиво со дречливи бои на мастило, и тоа на огромни парчиња картон.rnrnВирџинија Вулф пишувала со најразлични бои на пенкала: зелено, сино, виолетово. Виолетовото ѝ било омилено, наменето за пишување писма и водење на личниот дневник.rnrnЏон Стејнбек првичните верзии од своите дела сакал да ги пишува исклучиво со молив и од таа причина секогаш на бирото имал точно 12 совршено изострени моливи.rnrnФридрих Шилер во фиоката од бирото чувал скапани јаболка. Како што Гете кажал во една прилика, тоа го правел намерно, поради специфичната арома која се создавала и без која тој не можел да живее и работи.rnrnЧарлс Дикенс пишувал само со сино мастило. Не поради некакво суеверие, туку затоа што се сушело побрзо од мастилата во други бои и правело напишаното да изгледа посредено и почисто.rnrnЏек Лондон пак, секој ден пишувал по точно 1.000 зборови. Ни повеќе, ни помалку.rnrnТоа се само некои од навиките на познатите писатели. Се чини дека ваквите необични примери уште еднаш потврдуваат дека креативноста и чудните навики напати одат заедно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни булки од мастило фотографирани под вода

    Неверојатни булки од мастило фотографирани под вода

    Алберто Севесо е илустратор и графички дизајнер од Италија. Во неговата последна серија наречена „a due Colori“ тој направил неверојатна низа на фотографии од подводни „булки“ од мастило. Креативноста која се забележува во текстурата, дизајните и органските облици е нешто досега невидено. Доколку ви се допаднат овие фотографии, мора да ги погледнете и останатите негови дела кои дефинитивно се издвојуваат од работата на другите артисти од оваа област…Неверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под водаНеверојатни булки од мастило фотографирани под вода
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметност за љубителите на гитарите

    Уметност за љубителите на гитарите

    Љубителите на гитарите, музиката и визуелната уметност сигурно нема да останат рамнодушни на овој вид арт! Американскиот артист Патрик Фишер има неверојатен талент да ги претвора и онака прекрасните гитари, во неверојатни уметнички дела насликани со мастило.rnrnУметност за љубителите на гитаритеrnrnКористејќи тенки маркери од компанијата „Sharpie“, Фишер ја исполнува површината на гитарите, создавајќи комплексни облици и форми. Црното мастило ставено во контраст со природното дрво, создава визуелна текстура и длабочина на секоја гитара.rnrnУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеrnrnИнспириран од природата, дрвјата, инсектите и околината, Фишер му дава нов живот на секој музички инструмент кој ќе му се најде на дофат. Комбинирајќи ги светлосните зраци и мастилото, уметникот ја третира површината на гитарата како бело платно, на кое цртежите личат како да се врежани во дрвото.rnrnУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водени цртежи

    Водени цртежи

    Suminagashi е стара јапонска техника на сликање на водена површина со цел да се создадат цртежи со мермерен ефект. Буквално значи лебдење на мастилото.Водени цртежиУметниците кои ја користат оваа техника, употребуваат традиционални мастила или акрилни бои за да ги насликаат своите апстрактни цртежи, кои потоа ги пренесуваат на впивлив материјал, како платно или хартија.Водени цртежиТехниката е прилично евтина и едноставна, сè додека боите останат меѓусебно неизмешани. Од артистот бара мирна рака, и тоа и при нанесувањето на боите и при нивното целокупно пресликување на платното или хартијата, но важен е и стисокот кој треба да е во согласност со динамиката на течноста.rn

    rnSuminagashi потекнува од Кина, од пред 2.000 години, но почнала да се практикува во Јапонија, почнувајќи од 12 век. Разликата помеѓу традиционалната техника и онаа која денес се практикува е во начинот на исцртување на формите. Сега се користат остри помагала, додека порано ова се правело со дување.Водени цртежиВодени цртежиВодени цртежиВодени цртежиВодени цртежиДевојките можеби веќе ја имаат пробано оваа техника за постигнување мермерен ефект на своите нокти.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разиграна абецеда

    Разиграна абецеда

    Графичката дизајнерка и илустраторка Тиен-Мин Лијао изработила интересна анимација за промоција на абецедата. Таа на нејзините раце нацртала линии со мастило, кои кога гестикулира се претвораат во јасни букви. Ова е нејзин личен типографски експеримент, преку кој ги истражува односите помеѓу големите и малите букви. Со лесни и едноставни движења на рацете, тие се трансформираат од едни во други. За дечињата кои одбиваат да го научат писмото, можеби решението лежи токму во концептот на младата дизајнерка.Разиграна абецедаРазиграна абецеда
    rn

    „Направив 26 комбинации, кои со мастило ги нацртав на моите раце. Секоја комбинација значи некоја голема и мала буква, на пример А и а. Исто така, создадов и италик стил и некои нови фонтови“, вели Лијао.

    rnРазиграна абецедаРазиграна абецедаРазиграна абецедаrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-арт на лист хартија

    Кафе-арт на лист хартија

    Кафето кај многумина ја поттикнува инспирацијата. Сме виделе зошто е тоа корисно, со какви сè вкусови може да се комбинира и една интересна форма на уметност која се креира директно на површината на штотуку подготвеното еспресо. Но, тука не застанува неговата примена. Артистот Дирсеу Веига создава уметност со помош на кафето, но притоа користејќи го како мастило за сликање на хартија.rnrnКафе-арт на лист хартијаrnrnБразилецот Дирсеу Веига живее во Куритиба, јужно од Бразил. Ја започнал својата кариера во 1994 година, работејќи како илустратор на книги за деца. Тој е љубител на кафе, па така нашол креативен начин да ја спои оваа своја пасија со илустрирањето. Резултатот од овие две нешта се дела насликани со кафе.rnrnКафе-арт на лист хартијаrnrnТој има учествувано на многу настани за кафе, каде сликал портрети на луѓе само со еспресо кафе и со своите четки на хартија во А4 формат. Тој за својата работа вели:rn
    rn

    „Целиот процес е многу брз и се завршува без многу мака. Потребни се околу 5 минути, после што субјектот кој е портретиран си оди дома со траен спомен за прекрасното време кое го поминал на настанот.“

    rnКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартијаКафе-арт на лист хартија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.