КАФЕ ПАУЗА

Tag: мастило

  • Колоритна експлозија од мастило и вода

    Колоритна експлозија од мастило и вода

    Уметниците умеат да пронајдат убавина и на најчудните места. Така и фотографот Марк Мосен тврди дека убавината ја пронашол додека си исипувал млеко во неговото кафе и оттаму произлегла инспирацијата за овие фантастични фотографии од мастила капнати во вода.rnrnКолоритна експлозија од мастило и водаrnrnКреативниот четириесет и двегодишен уметник прави фотографии уште од својата дваесет и двегодишна возраст, но неодамна ја смислил оваа интересна техника, која го привлекува човечкото око. Марк, чија специјалност е фотографирање сцени и луѓе под вода, за серијава т.н. „Aqueous Fluoreau“ едноставно зема неколку мастила во различна боја и капнува од нив во сад со вода, кој го осветлува со трепкаво светло и потоа го фотографира набрзина добиениот уметнички резултат. Разликата во густината на течностите, создава неверојатно интересни форми.rnrnКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаrnrnКога ја прави фотографијата, Мар мора да биде многу брз, бидејќи колоритните облици се менуваат за дел од секунда.rn
    rn

    Тоа е напорен процес, кој констатирам дека се исплател кога ќе ги погледнам сликите.

    rnrnКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и вода
    rn

    „Најголемо задоволство ми причинува кога гледам како други луѓе уживаат во мојата работа. На повеќето им се допаѓа и кај различни луѓе, предизвикува различни чувства. Секој човек гледа различни работи во моите фотографии, на ист начин како што гледаме лица или разни сцени ако се загледаме подолго во облаците на небото.“

    rnrnКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаrnrnМарк фотографира од кога имал само 8 години, а со оваа техника за прв пат експериментирал пред шест години.rn
    rn

    Ги обожавам резултатите. Ме тераат да се насмевнам.“

    rnКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и вода
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 корисни начини да го употребите лимонот

    8 корисни начини да го употребите лимонот

    Лимонот спаѓа во групата цитрусни овошја, заедно со портокалот, мандарината, зелениот лимон, цитронот и клементината. Овен што е богат со витамин Ц (88%), тој содржи и Б витамини, калциум, железо, магнезиум, фосфор  и др. Лимонот е одличен за вашето здравје, бидејќи прави детоксикација на организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, помага при намалување на килограмите, ги прочистува мочните патишта, ја намалува главоболката доколку капнете неколку капки во вашето утринско кафе и што ли уште не. Се користи како состојка во многу рецепти, но има и други многу корисни начини да го употребите во вашето секојдневие.

    rn

    8 корисни начини да го употребите лимонот

    rnrn

    1. Го отстранува првутот од косата

    rnЛимонот ефикасно ќе се бори против првутот во вашата коса, доколку нанесете природно исцеден сок на главата и го оставите да постои неколку минути, пред да започнете со шампонирање. Прво, убаво исплавете ја косата со чиста вода и потоа посипете ја со раствор од две супени лажици лимонов сок измешани во 450 мл вода. Третманот е потребно да го повторувате секој втор ден, сè додека првутот не исчезне.rnrn8 корисни начини да го употребите лимонотrn

    2. Ги отстранува митесерите од лицето

    rnСте знаеле ли дека лимонот може да ви помогне да се ослободите од досадните митесери на вашето лице? Пред легнување в кревет, со свежо исцеден лимонов сок премачкајте ги деловите на лицето каде што имате митесери. Преспијте ја вечерта со лимоновиот сок на вашето лице, а наредното утро измијте го со ладна вода. Повторувајте го третманот секоја вечер, додека не забележите значително подобрување на вашата кожа.rnrn8 корисни начини да го употребите лимонотrn

    3. Ја смирува кашлицата

    rnАко помешате 200 мл мед, со 100 мл маслиново масло и 4 супени лажици лимонов сок и потоа ја загреете добиената смеса 5 минути, притоа енергично мешајќи со лажица, ќе добиете домашен лек против кашлица и тешкотија со дишењето. Од добиениот лек, можете да сркате по 1 лажица на секои 2 часа.rn

    4. Ја осветлува бојата на косата

    rnЛимоновиот сок е исто така интересен природен препарат за осветлување на бојата на косата. За таа цел, растворете 50 мл свежо исцеден сок, во 200 мл вода и нанесете го на вашата коса. Овој трик ќе има поголем ефект, доколку растворот го нанесете на коса, непосредно пред да излезете на силна сончева светлина.rnrn8 корисни начини да го употребите лимонотrn

    5. Маникир во домашни услови

    rnМожете да ги зајакнете вашите нокти и да ја освежите и осветлите нивната боја, доколку ги киснете 10 минути во лимонов сок. Потоа, исчеткајте ги со раствор, кој ќе го направите од еднакви количини бел оцет и топла вода. На крајот, убаво исплакнете ги ноктите. Ќе бидете изненадени од добиените резултати.rnrn8 корисни начини да го употребите лимонотrn

    6. Отстранува дамки од мастило

    rnАко ви капне мастило на вашата облека, врз дамката нанесете лимонов сок. Потоа, ставете ја облеката во машина за перење на пониска температура, употребувајќи го вашиот детергент за перење или отперете ја на рака. Овој трик, можете да го употребите и за отстранување дамка од мастило од тапациран мебел, но само доколку потоа можете убаво да го исплавите лимоновиот сок.rn

    7. Ја чисти и деодоризира микробрановата печка

    rnВо еден сад (отпорен на високата температура) ставете 250 мл вода и 4 супени лажици лимонов сок. Турете го во микробрановата печка на висока температура и оставете го лимоновиот сок да си повари најмалку 5 минути. Откако ќе заврши прочистувањето со лимонов сок, капките пареа кои ќе се создадат по ѕидовите од печката, можете да ги исчистите со чиста крпа.rnrn8 корисни начини да го употребите лимонотrn

    8. Ги деодоризира даските за сечкање храна

    rnДоколку ја имате користено вашата кујнска даска за сечење лук, кромид или риба и не можете да го извадите мирисот кој навлегол во неа, едноставно прелијте ја со лимонов сок. Совет: не користете дрвена даска за сечкање зеленчукови плодови, поради хигиенски причини.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • NoteSlate – е-табла за секој ден

    NoteSlate – е-табла за секој ден

    Порано животот беше поедноставен. Имавме тетратки во кои ги пишувавме лекциите што ги предаваа професорите на училиште, цртавме на големи хамери со молив и правевме шопинг-листи на ливчиња од тефтер. Пресретнувајќи ги сите технолошки иновации, дозволивме овие да станат дел од нашето секојдневие; на работната маса веќе одамна нема расфрлани тетратки и ливчиња, туку лаптопи, мобилни телефони, електронски табли, музички плеери, кабли, батерии…NoteSlate – е-табла за секој денКреаторите на NoteSlate веруваат дека го имаат производот кој ќе ја врати практичноста и едноставноста од неодамнешните времиња, додека истовремено ќе го држи чекорот со модерното и технолошкото. Тие создадоа 13 инчна табла на која може да се пишува, црта и чкртка, исто како со молив на хартија.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денNoteslate се базира на е-мастило кое го овозможува примањето на информациите кои ги внесува корисникот со втиснување на специјалното пенкало кое доаѓа со него. Тие на таблата можат да прават буквално сè, а сработената задача, цртеж или есеј ќе се зачуваат на мемориската картичка за да може таблата да се користи одново и одново.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денКреираните фајлови може подоцна да се прегледуваат директно на самиот уред, но постои и опција за нивно префрлање на компјутер поврзувјќи го преку мини-USB порта. Батеријата ќе издржи користење на уредот до дури 180 часа (3 недели секојдневна работа), пред да се појави потреба повторно да се наполни.NoteSlate – е-табла за секој денОсновните верзии од уредот се монохроматски, но се достапни во неколку различни бои, додека пак, мулти-колор варијантата овозможува користење на бела, зелена, сина и црвена боја како мастило на црната мат површина.NoteSlate – е-табла за секој денОвој интересен гаџет кој се очекува да биде наследник на незаменливата комбинација „тетратка и молив“, треба да се пушти во продажба во јуни оваа година.NoteSlate – е-табла за секој ден

  • Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Основни правила за поголема ефективност:

    rn

      rn011

    • Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
    • rn011

    • Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.
    • rn

    rn

    Дамки од црвено вино

    rnДоколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од чоколадо

    rnНајпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.rn

    Дамки од трева (зеленило)

    rnЗа материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од крв

    rnСо дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.rn

    Дамки од кафе

    rnНабрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од мастило

    rnПоставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.rn

    Дамки од масло за готвење

    rnНајпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.