КАФЕ ПАУЗА

Tag: Марс

  • Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Вага?

    Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Вага?

    Од 27 август до 12 ноември, Марс преминува во знакот Вага и го насочува нашиот фокус на врските, партнерствата, на другите луѓе и на она што ни доаѓа од нив.rnrnКако ќе ни влијае транзитот на Марс во Вага?rnrnНекои врски ќе се променат, ќе видиме работи кои досега сме ги занемарувале, ќе запознаеме нови луѓе, можеби дури и ќе ја прекинеме или занемариме врската која ни создава проблеми.rnrnСега повеќе од кога било имаме можност да се видиме себеси во огледалото кое ни го држат другите луѓе. Она што навистина нè вознемирува кај нив, што нè лути, веројатно е нешто што го имаме во себе, но не сме подготвени да се соочиме со тоа. Затоа што го презираме, затоа што ни пречи… Затоа следните недели можат да бидат многу поучни во однос на личниот развој, особено ако станеме свесен набљудувач и гледаме без да реагираме. Расправии, судски спорови, почеток на ново партнерство, раскинување на лоша врска – сето тоа се можности кои се сигурни во текот на претстојниот период.rnrnКолку сте добри во поставувањето граници? Дали знаете како да се заштитите од она што доаѓа однадвор и ви се заканува? Дали се осмелувате да кажете „не“ кога навистина треба? Дали им давате премалку или премногу на вашите врски? Балансот на давање и примање е клучен.rnrnСигурно е дека некои луѓе сега ќе ви се појават во ново светло, дека ќе треба да донесете некои одлуки, кои нема да бидат лесни бидејќи овој Марс е многу колеблив и неодлучен. „Што ако ја изберам опцијата А и целосно ги изгубам другите опции?“rnrnПокрај тоа, овој Марс е голем шармер и заводник. Ако ви се чини дека некој ве освојува, дајте си време да видите што се крие зад тоа.rnПравичност, воспоставување рамнотежа, посредување, мирно решавање спорови, но и пасивно агресивно однесување се некои од работите што нè очекуваат во следниот период.rnrnВо претстојниот период постојат и големи можности да се случат разноразни расправии, судски спорови, започнување ново партнерство или раскинување на лошата врска.rnrnОткако прочитавте за транзитот на Марс низ Вага, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември.rnrnИзвор: atma.hr

  • Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?

    Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?

    Конечно заврши транзитот на Марс во Рак, каде што не можеше најдобро да ја изрази својата активна, храбра, јасна, директна, брза и креативна енергија. Емоциите на Ракот предизвикуваа премногу главоболки и неурамнотежени чувства кај овој силен машки воин.rnrnКако ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?rnrnОд 20 мај, пак, Марс го започна својот транзит низ знакот Лав кој ќе трае сè до 10 јули.rnrnЗнакот Лав е вистински машки знак, силен и огнен. Лавот е доволно добар сам по себе, нема потреба постојано да ја оценува сопствената вредност, затоа е самоуверен и горделив. Се разбира, тоа може да се претвори во прекумерен егоизам и самозадоволство, но во позитивна смисла преку свесноста за тоа кои сме и дека сме совршени онакви какви што сме.rnrnМарс во Лав ќе ни донесе многу позитивна енергија, ќе откриеме што сакаме и како да го постигнеме тоа. Нема да се задоволиме со ништо помалку од тоа. Ќе бидеме амбициозни, самоуверени, доминантни, решителни, огнени, страсни. Доколку ни недостасува некоја од овие квалитети, како и свесноста за сопствената вредност, ова е вистинско време да се поврземе со овие карактеристики и да ги пронајдеме во себе.rnrnЛавот е многу креативен знак и не сака да остане затскриен. Напротив, сака да биде во центарот на вниманието, за да може секој да види колку е голем и силен и што создал. Да не се срамиме од нашите постапки, проекти, зборови, достигнувања. Сега имаме можност да го покажеме сиот наш потенцијал и да бидеме во центарот на вниманието.rnrnЛавот е знак кој сака деца, забава, игри на среќа, хоби, па ќе имаме можност и да го разбудиме детето во нас.rnrnТранзитот на Марс низ Лав ќе биде најсреќен за Стрелците, Овенот, Вагата и Близнаците, а секако и за Лавовите. Оваа воинствена планета ќе им донесе најмногу неволји, кавги, борби за доминација и притисок на Бикот, Скорпијата и Водолијата.rnrnОткако прочитавте за влијанието на транзитот на Марс во Лав во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 4-те најсреќни хороскопски знаци во јуни.rnrnИзвор: atma.hr

  • Како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај?

    Како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај?

    После седум долги месеци, Марс престана да транзитира низ знакот Близнаци и влезе во знакот Рак каде ќе престојува до 20 мај.rnrnКако ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај?rnrnВо периодот што следува ќе бидеме под силно влијание на нашите емоции бидејќи тие ќе нè мотивираат да дејствуваме сега. Сè што сме закопале длабоко во себе сега ќе пронајде начин да излезе на површина.rnrnВина, лутина, тага, нежност, чувство на припадност, љубов и сите преостанати емоции ќе сакаат да бидат ослободени, особено доколку долго време сме ги потиснувале.rnrnЗатоа, во следниот месец дозволете си да покажете сè што чувствувате, ослободете ги вашите емоции и прегрнете ја личноста која ја сакате.rnrnПокрај тоа, планетите ќе нè поттикнат и да научиме да се справуваме со чувствата на позрел и поодговорен начин. Почекајте да помине првиот напад на бес и лутина, а потоа смирено изразете го она што сте го почувствувале. Марс ќе ни помогне да сфатиме како да дејствуваме без употреба на сила, да бидеме сочувствителни и да не се плашиме да ги откриеме нашите недостатоци.rnrnОткријте што е тоа што ве придвижува, што ви дава енергија, можеби оттука ќе започнат внатрешните промени. Посветете повеќе време и внимание на личниот живот, односот со родителите и партнерот.rnrnЗабавете малку и следете ја вашата интуиција. Пружете си го она по кое долго време копнеете. Малку романтика, нежност и позитивни мисли. Бидете креативни во справувањето со предизвиците.rnrnОткако прочитавте за влијанието на Марс во Рак до 20 мај, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Што ќе се промени со завршувањето на ретроградната фаза на Марс на 12 јануари?

    Што ќе се промени со завршувањето на ретроградната фаза на Марс на 12 јануари?

    Марс е во ретроградна фаза од 30 октомври 2022 година до 12 јануари 2023 година, а кога ќе престане неговото ретроградно движење, многу работи можат да се променат. Ретроградниот Марс донесе одложувања, фрустрации и конфузија.rnrnШто ќе се промени со завршувањето на ретроградната фаза на Марс на 12 јануари?rnrnКога ќе заврши ретроградната фаза на Марс, ќе можеме полесно да ги надминеме пречките на патот до успехот. Ако не сте успеале да започнете проект или јасно да се изразите пред партнерот или пријателот, планетата воин ќе ви покаже како да го направите тоа.rnrnДознајте како Марс ќе му влијае на секој хороскопски знак почнувајќи од 12 јануари:rn

    Овен

    rnПолека ќе почнат да се решаваат долгогодишните проблеми со кои се соочувавте, конфликтите со членовите на семејството и работите поврзани со финансиите. Сепак, треба да бидете свесни за вашите навики во исхраната и физичкото здравје.rn

    Бик

    rnСо нетрпение очекувате да ги решите прашањата поврзани со имотот; но, бидејќи Марс е и господар на дванаесеттата куќа која ги претставува трошоците и загубите, може да направите одредени трошоци во ова време. Сепак, мора да бидете внимателни за време на договорот. Од друга страна, овој период ќе биде погоден за оние кои бараат сродна душа, но треба да преземат иницијатива за да ја најдат вистинската личност за себе.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците кои се соочуваат со проблеми во нивниот професионален живот ќе почувствуваат олеснување кога Марс ќе транзитира во Бик. Освен тоа, Марс ќе влијае и врз вашата седма куќа, куќата на партнерствата и бракот. Така, поради вашата доминантна природа, може да дојде до некои непотребни судири кои би можеле да ја попречат вашата комуникација со партнерот.rn

    Рак

    rnКонечно ќе им дојде крајот на проблемите со кои се соочувавте долго време како финансиски проблеми, проблеми и конфликти на работното место, доцнење во напредувањето и зголемување на приходите. Студентите ќе можат подобро да се концентрираат на нивните студии.rn

    Лав

    rnЌе им ставите крај на проблемите и конфликтите со шефовите, постарите колеги и менторите на вашето работно место и ќе наидете на големи придобивки во професионалниот живот. Животот ќе ви биде исполнет со нови можности.rn

    Девица

    rnМарс ќе ви помогне да ги подобрите односите со постарите членови на семејството, но и со авторитетите на работа. Во сиот тој процес ќе имате поддршка од останатите членови на семејството.rn

    Вага

    rnВо периодот што доаѓа, Марс ќе ви помогне да се ослободите од непријатното чувство на неизвесност, но нема целосно да бидат решени финансиските проблеми. Астролозите ви препорачуваат да бидете внимателни со говорот и изборот на зборови, особено кога работите со авторитети и постари лица.rn

    Скорпија

    rnДиректното движење на Марс ќе го ублажи конфликтот во брачниот живот, но тој нема да биде целосно решен. Само вие можете целосно да го решите конфликтот преку вашата самоконтрола. Затоа, посветете дополнително внимание на вашиот брачен живот.rn

    Стрелец

    rnВо следниот период ве очекуваат решенија на одредени проблеми и помирување со одредени луѓе. Сега е важно да научите како да простувате. Од друга страна, избегнувајте ги штетните навики и внимавајте на вашето здравје.rn

    Јарец

    rnОвој период ќе биде одличен да им се посветите на студиите со максимална енергија и концентрација без да чувствувате немир или паника. Периодот ќе биде поволен и за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини и да научат нови работи. Освен тоа, директното движење на Марс ќе ви помогне да ги решите конфликтите во семејниот живот.rn

    Водолија

    rnМарс ќе ви помогне да ги решите сите проблеми поврзани со семејството, домот и имотот. Ако, пак, долго време размислувавте да продадете или купите имот, или да го смените возилото, тоа може да го направите сега.rn

    Риби

    rnСега конечно ќе можете да ги решите проблемите со блиските луѓе, со оглед на тоа дека ќе најдете подобар начин за комуникација и за пренесување на вашите идеи. Во однос на здравјето, вашата издржливост и енергија ќе бидат одлични во овој период. Сепак, обидете се да поминувате повеќе време со најблиските.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае Марс во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина.rnrnИзвор: atma.hr

  • Која билка може да преживее на Марс?

    Која билка може да преживее на Марс?

    Како што ни е добро познато, Црвената планета се карактеризира со сурови услови. Така, почвата речиси и да не содржи корисни микроби, таа е заситена со соли и минерали поради што повеќето растенија кои ни се познати на Земјата не би можеле овде да успеат. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека решението лежи во луцерката или позната под латинското име како Medica sativa.rnrnКоја билка може да преживее на Марс?rnrnНаучниците откриле дека луцерката не само што е способна да преживее туку може и да расте во вулканска почва со состав сличен на почвата на Марс. Така, научниците сметаат дека тоа може да биде добра основа како почетна култура.rnrnСо текот на времето луцерката би ја збогатила почвата каде се одгледува и таа би можела да се користи и за ѓубрење на земјиштето на кое подоцна би можеле да се одгледуваат репа, ротквици и зелена салата.rnrnПоради ниската содржина на хранливи материи во почвата и високата соленост на водата практично е невозможно одгледување на која било култура. Затоа, од големо значење е да се зголемат хранливите материи и да се намали соленоста на почвата.rnrnПретходните истражувања покажале дека екстремно издржливите култури кои растат на Земјата не можат успешно да се одгледуваат на Марс без дополнителни ѓубрива. Сепак, експертите утврдиле дека луцерката може да расте на марсовската почва и тоа без ѓубриво.rnrnОд друга страна, за одржување на културите потребна е и чиста вода. Според научниците, солената вода од Марс може да се третира со бактерии, а потоа да се филтрира со вулканската карпа за да се добие свежа вода за одгледување.rnrnОткако прочитавте која билка може да преживее на Марс, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците пронашле езеро со течна вода на Марс.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Транзит на Марс низ Бик: Големи успеси ги очекуваат овие 3 хороскопски знаци!

    Транзит на Марс низ Бик: Големи успеси ги очекуваат овие 3 хороскопски знаци!

    Транзитот на Марс низ знакот Бик започна на 5 јули и ќе остане во овој знак сè до 20 август 2022 година. Астролозите ни предвидуваат период на реализирање на многу планови, но и соочување со тешки одлуки и предизвици.rnrnТранзит на Марс низ Бик: Големи успеси ги очекуваат овие 3 хороскопски знаци! rnrnЗа време на овој транзит, Марс е поврзан со Венера и се обидува да ги исполни сите нејзини желби во поглед на љубовта, материјалната состојба и задоволството. Сепак, тоа не значи дека треба да очекуваме премногу бидејќи Марс е бавен, а Венера е планетата на дејствувањето. Така, во следниот период нема да отсуствува акцијата, но таа ќе биде бавна и конструктивна.rnrnОсвен тоа, астролозите ве советуваат дека можете да постигнете големи работи само кога ќе најдете заеднички јазик со другите – во личните и во деловните односи. Енергијата на Марс нè поттикнува на дејствување, ни дава сила и нè тера да го направиме она за кое долго време размислуваме.rnrnТранзитот на Марс низ Бик ќе биде најповолен за претставниците на знаците Бик, Девица и Јарец. Во следниот период тие ќе бидат активни, динамични, полни со инспирација и подготвени за големи достигнувања. Пречките, пак, на кои ќе наидат, можат да бидат мали и незначајни и лесно ќе се справат со нив.rnrnОва ќе биде и продуктивен период за претставниците на Рак и Риби. Кај нив клучниот елемент кој ќе им помогне да ги постигнат своите цели ќе биде тимската работа. Не се исклучува можноста дека ќе пронајдат работа која ќе им донесе стабилни приходи.rnrnОд друга страна, периодот ќе биде потежок за претставниците на знакот Шкорпија. Тие ќе мораат постојано да се справуваат со неистомисленици, а тоа може да значи конфликти, расправии и несогласувања.rnrnПретставниците на знаците Лав и Водолија ќе мораат напорно да работат додека другите одмараат.rnrnПретставниците на Овен, Близнаци, Вага и Стрелец ќе донесат мудри одлуки под влијанието на Марс, а тоа ќе придонесе да се чувствуваат господари на нивните животи.rnrnОткако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќните во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

    Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

    Астрономите од крајот на 19 век се сомневале во постоењето на вулканот Олимп на Марс иако немале софистицирана технологија како, на пример, вселенски сонди, за да ги потврдат претпоставките.rnrnКоја е највисоката планина во Сончевиот Систем?rnrnМонт Еверест се издига на височина од 8848 метри и претставува највисоката планина на Земјата. Но, таа не е и највисоката планина во Сончевиот Систем. Оваа титула му припаѓа на вулканот Олимп (латински: Olympus Mons).rnrnСе работи за штитест вулкан во регионот Тарсис на Марс, чие име преведено од латински значи „планина Олимп“. Според податоците на вселенската агенција НАСА, вулканот има дијаметар од дури 624 километри што го прави најголемиот вулкан во Сончевиот Систем.rnrnВо центарот на вулканот се наоѓа калдера (пропаднат кратер) длабок околу 3 километри. Причината за големината на вулканот најверојатно се должи на силната вулканска активност на Марс, различниот тектонски состав и помалата гравитациска сила од онаа на Земјата.rnrnЦрвената планета се карактеризира и со други вулкани како Arsia Mons, Pavonis Mons и Ascreaus Mons кои се помали од Олимп, но сепак подеднакво грандиозни.rnrnНаучниците откриле дека некои делови на вулканот Олимп датираат од пред 2 милиони години, а некои, пак, дури од пред 115 милиони години.rnrnОткако прочитавте за највисоката планина во Сончевиот Систем, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Марс и Сатурн во конјункција: Нè очекува голем животен пресврт!

    Марс и Сатурн во конјункција: Нè очекува голем животен пресврт!

    Денес Марс и Сатурн стапуваат во конјункција. Нивната енергија можевме да ја почувствуваме уште изминатите денови, а таа ќе го достигне својот врв следниот вторник.rnrnМарс и Сатурн во конјункција: Нè очекува голем животен пресврт! rnrnСатурн е планетата на одговорноста, растењето, должноста и кармата. Нè приземјува и нè тера да се соочиме со реалноста. Марс, од друга страна, нè поттикнува на акција, додека Сатурн ја запира неговата избувливост и разговара со него полека и внимателно.rnrnНе брзајте, имате време бидејќи ништо нема да ви избега.rnrnКога овие две енергии ќе се спојат, можете да добиете впечаток дека сте „растргнати“ помеѓу желбата да ги направите работите веднаш или полека, сега или да чекате.rnrnЌе се обидете докрај или ќе се откажете од сè? Само доколку се обидете, ќе го дознаете одговорот. Ако наидете на пречки, застанете за момент, анализирајте и по некое време обидете се повторно.rnrnПонекогаш, неопходно е да се воспостави рамнотежа помеѓу реалното и внатрешниот импулс кој ве тера напред.rnrnГолема е веројатноста дека деновиве се соочувате со важен предизвик, без разлика дали се работи за приватниот или професионалниот живот. За да ја донесете вистинската одлука, запрашајте се себеси што ви е важно во моментот, што сакате да постигнете и на кој начин. Потребен ви е јасен и прецизен план.rnrnПоседувате доволно дисциплина, трпение и издржливост. Од друга страна, вашата одлука може да доведе до конфликти и да наиде на неочекувани проблеми, но тоа се само предизвици со кои морате да се справите.rnrnТокму тие понекогаш можат да бидат пресвртница поради која сфаќате дека ништо не може да биде постојано исто и дека треба да најдете нови начини на дејствување при што ќе покажете повеќе трпение, одговорност и верба во самиот процес.rnrnОткако прочитавте како ќе ни се одрази конјункцијата на Марс и Сатурн, можеби ќе сакате да прочитате и за кои хороскопски знаци започнува нов живот од 1 април.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Марс во Водолија од 6 март до 15 април: Ништо нема да биде исто како порано!

    Марс во Водолија од 6 март до 15 април: Ништо нема да биде исто како порано!

    На 6 март нè очекува важен астролошки феномен – воинствената планета Марс ќе влезе во знакот Водолија и во тој знак ќе остане сè до 15 април 2022 година. Марс припаѓа на елементот оган, а Водолијата пак, припаѓа на елементот воздух. Интеракцијата на овие два елемента придонесува за свесно дејствување и креирање стратешки план за постигнување цели.rnrnМарс во Водолија од 6 март до 15 април: Ништо нема да биде исто како порано!rnrnЕнергијата што ја носи Марс ќе ни помогне полесно да ги манифестираме нашите желби. Во тој поглед, Марс во знакот Водолија ќе ни помогне да се концентрираме на нашите задачи, да станеме порешителни и независни и да ги браниме нашите ставови и позиции.rnrnВодолијата, од друга страна, е фиксен знак на Зодијакот, кој ја ограничува агресивноста и импулсивноста на Марс. Тоа значи дека во овој период логиката и разумот ќе надвладеат над физичката сила. За време на транзитот на Марс во Водолија можеме да очекуваме дека луѓето ќе работат заеднички за позитивни промени.rnrnВажно е да се напомене и дека Марс ќе настапи во тензичен однос со владетелот на Водолија – Уран, а тоа ќе нè поттикне да направиме радикални промени кои може да вклучуваат и животни планови.rnrnСатурн е вториот владетел на Водолијата, па така од 6 до 15 март конструктивно ќе ја насочува енергијата на Марс. Со оглед на тоа дека Марс и Уран ќе бидат во тензични односи, Сатурн ќе ги спречи можните конфликти.rnrnНе се исклучува можноста дека транзитот на Марс во Водолија ќе донесе прекумерни емоционални реакции и прекумерна ментална исцрпеност. Марс во Водолија може да ве поттикне да правите нешто што не е карактеристично за вас и да се однесувате поинаку од вообичаеното. Едно е сигурно: во март и првата половина на април ќе се случат големи животни промени. Можеби ќе сакате да оставите сè зад себе и да започнете од почеток. Можни се и неочекувани решенија за старите проблеми. Астролозите ви гарантираат дека веќе ништо нема да биде исто како порано!rnrnОткако прочитавте за транзитот на Марс во Водолија, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во март.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Што ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?

    Што ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?

    Младата Месечина во знакот Риби ќе настапи денес, во 18:38 часот и ќе донесе енергија што ќе ни помогне да ја откриеме нашата вистинска природа. Токму со помош на оваа енергија ќе се соочиме лице в лице со она што долго време било скриено во нашето срце, ум и душа!rnrnШто ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?rnrnОва соочување е неопходно доколку сакаме да имаме побогат и поцелосен живот затоа што ќе ни помогне да ги надминеме пречките кои понекогаш самите си ги поставуваме. Можеби ќе треба да се соочиме со нешто подлабоко во нас или ќе се поврземе со исконската енергија на животот. Рибите се последниот знак на Зодијакот и како такви, ќе нè натераат да размислуваме за минатото. Доволно е да ги разбереме лекциите од нашите досегашни искуства.rnrnСо оглед на тоа дека поголемиот дел од нашето внимание ќе биде фокусирано на минатото, ќе успееме да си ги простиме грешките и неуспесите и да го понесеме со себе она што сме го научиле во текот на овој процес. Ова е идеално време за заздравување.rnrnЈупитер кој моментално е во знакот Риби, е активен како резултат на влијанието на младата Месечина. Тој може да ни донесе и нов оптимизам што ќе ни овозможи полесно да се фокусираме на работите околу нас. Дел од таа енергија можеме да ја искористиме за медитација или учество во креативни активности и проекти.rnrnПокрај тоа, спојувањето на Венера, Марс и Плутон ќе ни ја дополни енергијата. Таквата комбинација може да ни го привлече вниманието кон нашите односи и нашата лична моќ, а може да се манифестира и во нашиот однос кон парите. За да ја следите динамиката на енергијата, доволно е да им се препуштите на нештата, иако ќе наидете на ситуации кои ќе бидат надвор од ваша контрола. Верувајте дека сè ќе биде во ред и дека сè што треба ќе се оствари.rnrnИскористете ја енергијата на Венера за да внесете рамнотежа доколку наидете на динамика во вашите лични односи. Искористете ја енергијата на Марс за да останете сигурни во вашите избори и постапки што сакате да ги преземете и искористете ја енергијата на Плутон за да останете верни на вашето автентично „јас“.rnrnМладата Месечина во Риби се карактеризира со силна енергетска динамика и затоа обидете се да бидете нежни со себе. Дозволете си да бидете ранливи и ослободете ги емоциите кои ве мачат. Тоа ќе придонесе за одржување на вашиот внатрешен мир.rnrnОткако прочитавте каква енергија ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за март 2022 година во поглед на кариерата, љубовта и здравјето.rnrnИзвор: atma.hr