КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовни врски

  • Зошто младите денес не можат да најдат љубов?

    Зошто младите денес не можат да најдат љубов?

    Денешните генерации не влегуваат во сериозни врски и претпочитаат кратки и минливи љубовни авантури. Таквиот став кон љубовта се поврзува со честото менување на сексуални партнери. Меѓутоа, спротивно на општото верување, истражувањата покажале дека младите денес немаат секс толку често колку што се мисли. Па, што прават тогаш луѓето кои не се во брак и немаат чести редовни сексуални односи? Се обидуваат да донесат одлука. Неодлучноста на младите денес им ги уништува шансите да најдат љубов.rnrnЗошто младите денес не можат да најдат љубов?rnrnСо развојот на технологијата и социјалните мрежи, можноста за онлајн потрага по партнер го отежнува љубовниот живот на луѓето поради тоа што нуди премногу опции. Постојат голем број апликации преку кои младите се запознаваат и бараат потенцијални партнери. Но, и покрај популарноста на онлајн запознавањето, ретко кои од тие познанства се остваруваат надвор од виртуелниот свет. Истражувањата покажале дека една третина од поединците кои бараат партнер онлајн никогаш не излегле на љубовен состанок со некој од луѓето со кои разговарале.rnrnПостојат многу причини зошто запознавањето преку Интернет не е веродостојно. Многу од корисниците лажат на нивните профили и посветуваат внимание на луѓе кои се премногу привлечни и со кои не би си одговарале во реалноста.rnrnПсихологот Роберт Барис открил дека убавите жени добиваат 4 пати повеќе пораки од просечните и 25 пати повеќе пораки од непривлечните жени. Освен тоа, луѓето се премногу пребирливи и честопати ги елиминираат потенцијалните партнери поради сериите што ги гледаат и нивните политички определби. Пребирливоста претставува голем проблем, бидејќи многу од сингл луѓето немаат поим што бараат во љубовта.rnrnСепак, неодлучноста на денешните генерации е најголемата пречка. На младите денес им се нуди неограничен избор на производи, медиуми, можности за градење кариера, сексуални партнери, места на живеење, начини на живот, образование и начини на исхрана. Меѓутоа, истражувањата покажале дека и покрај можноста за толкав избор, на луѓето најчесто не им се допаѓаат повеќето од работите. Ние сме пренатрупани со опции, па затоа честопати се каеме поради нашите одлуки, се опседнуваме со пропуштените можности или решаваме да не одбираме воопшто.rnrnИако многумина веруваат дека изборот ни ја зголемува среќата, вистината е дека преголемиот избор нѐ парализира. Истото се случува во љубовниот живот кај младите. Тие секојдневно гледаат многу луѓе кои делуваат доста солидно!rnrnЗошто младите денес не можат да најдат љубов?rnrnЕкспертите оваа појава ја нарекуваат „FOBO“ (Fear of Better Options), односно страв од подобри опции. Денешните млади страдаат од постојана анксиозност предизвикана од помислата дека пропуштиле некого. Колку повеќе опции имаме толку повеќе се плашиме дека ќе ја одбереме погрешната.rnrnЌе сфатите дека ова е вистина ако ги земете предвид нашите површни и самоуништувачки инстинкти кои се јавуваат кога ќе се соочиме со бесконечни опции. Во едно истражување, испитаниците требале да одат на повеќе брзи љубовни состаноци. Резултатите покажале дека колку помалку потенцијални партнери запознале учесниците толку поголеми биле шансите да ги оценат според нивните подлабоки карактерни особини. Но, кога испитаниците се запознале со многу партнери во една вечер, тие почнале да донесуваат поповршни заклучоци.rnrnОсвен тоа, кај паровите кои се запознале онлајн постојат поголеми шанси дека ќе раскинат за разлика од паровите кои се запознале во живо. Поради тоа, 40% од денешните млади сметаат дека ним им е многу потешко да најдат љубов во споредба со претходните генерации. Но, младите сепак посакуваат да имаат сериозни врски и покрај фактот што не се способни да го остварат тоа.rnrnИстражувањата покажале дека 61% од денешните млади би сакале да стапат во брак еден ден, а 10% од нив тврдат дека романтиката е многу важна.rnrnЗа жал, решението за нашата неодлучност не е воопшто романтично. Психологот Пол Ојер го препорачува последното нешто што го сакаат младите, а тоа е да се помират со изборот на партнер. Исто како што сите луѓе во животот прифаќаат работа на која ѝ недостасува некој елемент што го посакувале, така порано или подоцна ќе мора да прифатите животен партнер кој само делумно ќе ги исполнува вашите замисли и очекувања.rnrnЌе можете да го најдете она што го сакате само тогаш кога ќе престанете да ги разгледувате другите опции и ќе се фокусирате само на еден човек. Решението ви е на дофат, само треба да донесете конечна одлука.rnrnДознајте зошто е тажно тоа што младите денес се плашат од сериозна врска.

  • 8 начини за надминување на стравот од посветеност во љубовта

    8 начини за надминување на стравот од посветеност во љубовта

    Се плашите од врзување? Се плашите да се венчате? Ако одговорот е да, можеби имате страв од посветеност. Додека разговорот за дефинирање на врската е сосема нормална работа за едни, за други може да биде навистина застрашувачка. Ако спаѓате во овие вторите, време да преземете контрола и да го надминете вашиот страв. Еве 8 начини кои ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Откријте го коренот на вашиот страв

    rn(1)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnПостојат разни причини за појавата на овој страв. Може да станува збор за расипан дом, страв од скршено срце или неспособноста да ја спуштите вашата одбрана. Што побрзо ќе го најдете коренот, толку побрзо ќе се ослободите од стравот.rn

    2. Соочете се со стравот

    rn(2)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnНадминувањето на стравот е важно сè додека му додава вредност на вашиот живот. Секој има нешто што е далеку од неговата зона на удобност, а кога ќе дозволите вашиот страв да одлучува како да живеете, вие не живеете во сегашниот момент. Вие му дозволувате на стравот да ги донесува вашите одлуки, па затоа е и важно да се соочите со него.rn

    3. Направете си простор

    rn(3)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnКај некои луѓе стравот од посветеност е резултат на пренатрупаниот распоред. Секој од нас е многу зафатен, но важно е да запомните дека треба да обрнувате внимание и на вашите врски. Можеби сметате дека е невозможно посветувањето на само една личност бидејќи немате ни време ни енергија. Вашите потреби се единственото нешто со кое можете да се справите, но дали е навистина така? Кога мислите само на вашите потреби вие не си давате можност да ги прифатите другите луѓе, па дури и да се заљубите. Научете да се опуштите и ќе бидете изненадени на она што животот има да ви го понуди.rn

    4. Не чекајте другите да направат да се чувствувате подобро

    rn(4)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnАко ви е страв да се посветите некому, можеби му давате големо значење на мислењето кое другите го имаат за вас. Штом ќе се посветите на некоја личност, се појавува ризикот од одбивање. Но, ова не треба да ви претставува проблем. Без разлика дали луѓето ве прифаќаат или не, тоа не ја менува личноста којашто сте. Ако стравот од судење ја „убива“ вашата способност за посветување, размислете колку всушност се потпирате на мислењата на другите. Пронајдете ја вашата самодоверба во нештата кои ве прават среќни наместо да ја саботирате секоја можност за љубов чекајќи ја совршената личност.rn

    5. Најдете слобода во љубовта

    rn(5)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnЧувството на заробеност во врската може да води до страв од посветување. Па, време е да го смените начинот на кој размислувате. Наместо да се чувствувате заробени, размислете какво е чувството да бидете заљубени. Со вистинската љубов доаѓа и чувството на слобода, слобода да бидете свои, слобода да љубите безусловно и слобода да бидете ранливи. Љубовта е нешто што вреди да го истражите.rn

    6. Барајте личност со исти вредности

    rn(6)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnПосветувањето на некоја личност значи дека со неа ќе ги делите вашите најдлабоки верувања, а ова може да биде навистина застрашувачки. Затоа е важно да најдете личност со исти верувања како вашите со цел врската да биде здрава. Можеби нема да се согласувате за спортските тимови, но кога ќе ги делите најважните вредности, како религијата или семејството, ќе ја забележите разликата.rn

    7. Опкружете се со луѓе кои имаат здрави врски

    rn(7)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnПокрај личното искуство, нема подобар начин да ја почувствувате здравата врска од нејзиното гледање. Луѓето кои постојано се опкружени со лоши врски имаат поголеми шанси да развијат лошо мислење за нив. Но, кога ќе го пронајдете доброто друштво ќе имате и друг аспект на врските кој можеби ќе ви помогне да го надминете стравот од посветување.rn

    8. Размислете за придобивките

    rn(8)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnНе дозволувајте вашиот отпор кон врските да ја надмине целата убавина која ве чека. Живеењето во страв само ве спречува да живеете во сегашниот момент. Големата посветеност ви ги покажува значењето, целта и насоката кои се поголеми од вас, а ова може да биде навистина задоволувачко. Пред да се откажете од сериозната врска, размислете што всушност испуштате.rnrnПогледнете ги и 10-те работи кои можете да ги научите од здравите љубовни врски.

  • 6 прашања што треба да си ги поставите пред да кажете „Те сакам“

    6 прашања што треба да си ги поставите пред да кажете „Те сакам“

    Првото „Те сакам“ е многу важно. Ако сте во сериозна врска и сѐ уште не сте изјавиле љубов, тогаш сигурно сте размислувале за своите чувства, и можеби сте почувствувале дека е време да кажете „Те сакам“. Кога ќе го кажете во вистинскиот момент, врската може многу да се подобри. Но, кога не е време за тоа, може да настанат бројни проблеми помеѓу вас и вашиот партнер. Па кога е вистинското време? Како да знаете за сигурно? Погледнете ги овие прашања и вашите одговори може ќе ви помогнат да одлучите дали сега е вистинскиот момент за овие важни зборови.rnrn6-prashanja-koi-treba-da-si-gipostavite-pred-da-kazhete-te-sakam-kafepauza.mkrn

    1. Дали чувате тајни?

    rnОва може да звучи како детинесто прашање, но сепак е важно. Вљубените парови не чуваат тајни, тие се секогаш отворени еден кон друг. Ако чувате тајни од вашиот партнер, можеби не е време да ја изјавите вашата љубов.rn

    2. Дали очекувате совршенство?

    rnКога навистина љубите некого, вие ги љубите и нивните недостатоци, не само карактеристиките што се добри. Љубовта започнува со прифаќање и важно е да разберете дека ниту една личност или врска не се совршени.rn

    3. Дали сте пријатели?

    rnНе можете да имате функционална љубовна врска доколку вашиот партнер не ви е и пријател. Пријателите заедно се шегуваат, споделуваат интереси, заедно работат на тешките проблеми и најважно, се подржуваат. Пријателството и љубовните врски се многу слични, па затоа и врската што има пријателска основа е многу силна.rn

    4. Дали се чувствувате љубоморно?

    rnДовербата е од суштинско значење и мора да биде дел од вашата врска пред да кажете „Те сакам“. Ако чувствувате љубомора кога вашиот партнер е сам или со некој друг, тогаш веројатно треба да се воздржите од изјавување љубов. Научете да му верувате на вашиот партнер, бидејќи во спротивно никогаш нема да го љубите како што сакате.rn

    5. Дали е само физичка привлечност?

    rnФизичката хемија е важна за функционална љубовна врска. Но понекогаш целата врска може да е само тоа. Односот што се темели само на секс води до досадување. Потребно е нешто повеќе за вистинска љубов помеѓу вас и вашиот партнер.rn

    6. Дали сте научиле нешто од минатото?

    rnМинатите врски можат многу да нѐ научат за сегашноста. Откако ќе прекинете некоја врска, дајте си време да се проучите себеси, да го спознаете вашиот партнер и да разберете зошто врската завршила. Ако немате научено ништо важно од претходните врски, што всушност ѝ нудите на личноста на која сакате да ѝ изјавите љубов? Ако навистина ја сакате, размислете што можете да понудите.rnrnДоколку се одлучивте да ги изговорите овие зборови, погледнете ги овие романтични начини да кажете „Те сакам“.

  • Што е љубов, а што не е?

    Што е љубов, а што не е?

    Ова е едно од оние прашања што секој си ги има поставено, од тинејџери, до романтични поети и филозофи, па и љубопитни научници. Можеби го имаме одговорот на тоа прашање, а тоа е дека… сè зависи од вашата перспектива!rnrnshto-e-ljubov-a-shto-ne-kafepauza.mkrn

    Различни дефиниции за љубовта

    rn

    Од гледна точка на романтичар: Љубовта е совршена

    rnШто е љубовта за вас? Дали мислите дека треба да биде лесна и без несогласувања? Или пак, можеби мислите дека партнерите треба секогаш да се разбираат? Доколку се сложувате со ова, вие сте романтичар. Но, вистинската љубов на прв поглед е речиси невозможна. Треба работа и време за да се одржи тоа чувство. Идејата за совршена љубов може да ја направи вашата врска многу нездрава.rn

    Од гледна точка на научник: Љубовта е поврзана со нашето сетило за мирис

    rnАко сте аналитичар, можеби мислите дека љубовта е поврзана со биологијата. Оваа идеја за љубовта всушност е поддржана од научни докази. Истражувачи од Швајцарија се обиделе да ја пронајдат поврзаноста помеѓу нашето сетило за мирис и привлечноста кон некоја личност. Тие откриле дека генот МХЦ во човечката ДНК можеби е причината за љубовта.rn

    Од гледна точка на реалист: Љубовта е ако океан

    rnРеалистите сметаат дека љубовта е како океан, полна со бранови и струи. Ова мислење за љубовта е понормална дефиниција за неа. Разбирањето на прашањето „Што е љубов?“ не е баш лесно. Љубовта бара работа, која на долгорочен план ќе ве подготви за поздрава и стабилна врска.rn

    Што не е љубов?

    rnДодека дефиницијата за љубовта зависи од вашата перспектива, има некои работи кои сигурно не се љубов. Погледнете дел од нив…rn

    Занес наспроти љубов

    rnЗанесот е она чувство кое секој го има на почетокот на љубовната врска. Чувството кое ве држи будни навечер и ви го одзема вниманието во текот на денот е всушност занес. Бидејќи чувството на заљубеност е многу слично со ова, лесно е да се помешаат. Кога се запрашувате што е љубов и ако мислите дека тоа е ова чувство, вашата врска веројатно нема да ја преживее првата пречка. Вистинската љубов од друга страна, трае подолго.rn

    Страст наспроти љубов

    rnМожно е овие две да се помешаат, но воопшто не се исти. Како да ја најдете разликата? Па ако сте повеќе заинтересирани за спалната соба отколку за разговор, или ако сте фокусирани на изгледот на вашиот партнер, веројатно чувствувате страст, а не љубов. Доколку на прашањето што е љубов одговорите со страст, ќе се заробите во врска од фантазијата наместо да ја барате вистинската.rn

    Пријателство наспроти љубов

    rnПријателството и љубовта многу често се слични чувства што може да биде збунувачки. Ова е така бидејќи може да чувствуваме љубов кон пријател или да чувствуваме дека и партнерот ни е пријател. Лесно е да се помешаат пријателствово и љубовта бидејќи често поминуваме многу време со пријателите и без нив не можеме да си го замислиме нашиот живот. А ова е истото што го чувствуваме и за нашиот партнер. Па доколку сте збунети за врската со некој, обидете се да се фокусирате на хемијата помеѓу вас, нивото на интимност и интензитетот на вашите чувства. Накратко, колку посилни се вашите чувства кон некоја личност, толку е поверојатно дека сте заљубени.rn

    Емоционална зависност наспроти љубов

    rnПонекогаш заљубеноста може да биде и емоционална зависност. Како да ги разликувате? Постојат неколку прашања кои можете да си ги поставите. Дали го идеализирате вашиот партнер? Дали ве плаши помислата да го изгубите? И дали начинот на кој се однесува со вас ви е поважен од тоа кој ви е партнер? Ако одговоривте со „Да“ на овие прашања, можно е да сте емоционално зависни, а тоа не е љубов. Доколку сте емоционално зависни не бидете премногу груби кон себе, бидејќи тоа е сосема нормално. Овие чувства се очекувани во љубовните врски, но понекогаш се претерува со нив. Запомнете, вие сте ваша личност а истото важи и за вашиот партнер. Вистинската љубов ни дозволува да бидеме оние кои навистина сме.rn

    Па, што е љубовта?

    rnЉубовта е независна, универзална, непредвидлива и природна. Таа е далеку од совршена и ни ја дава флексибилноста да ги искусиме сите други емоции, вклучувајќи бес, страв, тага и болка. Љубовта не е нешто кое можете да го купите, нешто кое се добива како награда или нешто што може да се измери. Најважно, љубовта е нешто што се дава слободно без поставување услови. Разбирањето на овие работи е првиот чекор кон наоѓањето на вистинската љубов.rnrnПрочитајте ја и оваа поучна приказна за тајната на вечната љубов.

  • 5 знаци дека еден сосема обичен маж е заљубен во вас

    5 знаци дека еден сосема обичен маж е заљубен во вас

    Секој од нас има видено фотографија или видео на социјалните мрежи од маж што ја покажува љубовта кон својата партнерка. И тоа не на каков било начин, туку со скапи подароци и вечера во скапи ресторани. Гледајќи го тоа, многу девојки го очекуваат истото изјавување на љубов од нивните партнери кои не секогаш се во можност да го остварат тоа. Па кога „просечните“ мажи ќе направат нешто, тоа останува незабележано бидејќи очекувањата се преголеми, дури и нереални. Погледнете ги 5-те начини на кои „просечниот“ маж покажува дека ве сака.rnrn5-raboti-koi-gi-pravat-mazhite-koga-se-navistina-vljubeni-kafepauza.mkrn

    1. Ве почитува

    rnОва е темелот на сѐ што следува понатаму. Ако мажот не ја почитува својата партнерка, ако ја гледа како предмет што треба да ги исполни неговите фантазии и очекувања, тогаш тој не е вљубен. Кога маж навистина љуби некого, тој и неговата партнерка се еднакви во неговите очи. Тој нема да зборува со неа како со некој што треба да прима наредби, туку како со личност со одлични идеи и чувства.rn

    2. Искрен е

    rnНема недостаток на мажи кои знаат да стават навистина убедувачка маска. Тие знаат да ги кажат вистинските работи и пред вас да се покажат како „совршени мажи“. Но, кога тој навистина е вљубен, ова не доаѓа предвид. Тој нема да се преправа цела вечер за на крајот да заврши во вашиот кревет. Тој ќе си стои до своите желби, дури и ако резултатот е кавга. Зошто? Затоа што ја цени искреноста во врската. Тој нема да ја однесе својата девојка во друга насока, за на крај да ја разочара. Тој е вљубен па затоа е искрен и праведен.rn

    3. Ги памти важните работи

    rnКога мажот е вљубен, никогаш не ги заборава клучните работи за саканата. Тој знае какво кафе сакате и која е вашата омилена песна. Секако, тој го памти и вашиот роденден, како и годишнината. Па зошто да не? Љубовта е една од најопсесивните човечки емоции. Ова всушност е здраво, сè додека чувството е взаемно.rn

    4. Се обидува да биде подобра личноста

    rnЉубовта може да ги натера дури и најневештите мажи да се обидат да се подобрат. Тоа не го прават за да ѝ ласкаат на партнерката со лажни импресии, туку само сакаат да бидат најдобрата личност за оние што ги љубат. Со други зборови, кога мажот е вљубен тој вистински сака да стане подобра личност, бидејќи знае дека неговата партнерка го заслужува тоа.rn

    5. Ќе се бори

    rnДодека да дојде времето за да се „смири“, во просек мажот треба да помине низ 6 врски. Овие 6 партнери го напуштале релативно брзо. Вистината е дека тој веројатно не се ни борел доволно за да ги задржи. Веројатно сметал дека нема потреба да минува низ тешки периоди за тие врски или пак да работи на своите грешки. Тој би го направил ова само за личноста која ја љуби бидејќи  знае дека не е лесно да се замени вистинската љубов. Тој знае дека ако дозволи љубовта на неговиот живот да си замине, може никогаш повторно да не ја пронајде. Затоа, тој се бори.rnrnПогледнете го и овој целосен водич низ емоциите на мажот.

  • Хороскопски знаци кои се најсклони на љубомора

    Хороскопски знаци кои се најсклони на љубомора

    Љубомората е чувство кое е тешко да се контролира, но исто така е и многу нездрава, непродуктивна и прави да се чувствуваме исклучено и незадоволно. Сепак љубомората е природна и инстинктивна емоција што секој од нас ја искусува во текот на животот. Прочитајте дали вашиот знак е посклон кон љубомора од другите.rnrnhoroskopski-znaci-koi-se-najskloni-kon-ljubomora-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНа Овните им е потребна целосна доверба бидејќи тие ги презираат лажењето и лицемерието. Тие можат да станат многу љубоморни, а понекогаш се и жртви на неподнослива љубомора поради недостигот на верување и чувството на несигурност. Во вакви ситуации најдобро е да разговараат со нивните партнери наместо да бегаат од проблемот.rn

    Бик

    rnБиковите сакаат среќно семејство, како и здрав и хармоничен дом. Ако почувствуваат и најмал сомнеж тие ќе почнат да „истражуваат“ и можат да предизвикаат вистинска љубоморна сцена.rn

    Близнаци

    rnЛуѓето родени во овој знак не се склони кон љубомора, но понекогаш знаат да ја почувствуваат без некоја посебна причина. Близнаците се свесни дека се склони кон неверство, па претпоставуваат дека и другите не се толку верни. Овој сомнеж понекогаш ги тера да бараат докази за неверство и тоа ги прави многу несреќни.rn

    Рак

    rnРаковите речиси никогаш не чувствуваат љубомора бидејќи секогаш се лудо вљубени. Со нивната посветеност кон партнерот тие не можат ни да замислат дека би биле излажани. Но, кога ќе најдат причина да бидат љубоморни тоа може навистина да ги потресе. Ако Раковите научат да простуваат тие ќе бидат многу посреќни.rn

    Лав

    rnЛавовите обично се љубоморни поради нивната повредена гордост или поради стравот дека не се доволно љубени и почитувани. Па, кога Лавот ќе „заржи“, тоа повеќе го прави поради изгубената моќ отколку за изгубената љубов. Тие знаат да очекуваат премногу од нивните партнери.rn

    Девица

    rnНекои Девици уживаат кога ќе предизвикаат љубомора кај некој друг. Партнерот на Девицата порано или подоцна ќе почувствува дека има „споредна улога“ и ќе почне да се чувствува љубоморен.rn

    Вага

    rnВагите едноставно ги обожаваат нивните партнери. Тие воопшто не се љубоморни, но ако нивниот партнер ја искористи нивната толеранција, Вагите можат да станат непредвидливи и опасни. Најдоброто нешто што можат да го направат е да избегнуваат конфликти.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите зрачат со љубомора. Луѓето родени во овој знак се љубоморни на секој што застанал до нивниот партнер. Проблемот е во тоа што тие не можат да ги контролираат нивните чувства, дури и кога станува збор за љубомора.rn

    Стрелец

    rnСтрелците не признаваат дека се љубоморни бидејќи тоа би било под нивното достоинство. Но, тие никогаш нема да простат или да заборават неверство. Најдобро веднаш да ја тргнете и најмалата причина за љубомора кај Стрелците за да не претворите нешто во проблем без решение.rn

    Јарец

    rnЈарците не можат да простат или да заборават лошо искуство. Изненадувачки, тие не се многу љубоморни, па никогаш нема да ги истражуваат постапките на нивните партнери. Но, ако дознаат дека биле изневерени, тие ќе ја „треснат вратата“ и ќе ѝстават крај на врската.rn

    Водолија

    rnВодолиите не чувствуваат љубомора. Тие обично не страдаат, ама и кога страдаат ќе се обидат да го сокријат тоа. Штом ќе бидат изневерни нема да бараат причина за простување, тие едноставно ќе си заминат.rn

    Риби

    rnЉубомората е постојан придружник на Рибите. Луѓето родени во овој знак обично бараат многу љубов и внимание од нивните партнери. И кога нивните очекувања не се исполнети, Рибите се повлекуваат. Многу често не можат да простат дури и за најмалите грешки.rnrnПрочитајте го и точниот процент на љубомора кој го чувствува секој знак во љубовните врски.

  • Дали пеперутките во стомакот ви влијаат и на видот и на слухот?

    Дали пеперутките во стомакот ви влијаат и на видот и на слухот?

    Пред да се одлучите дали вашата врска е сериозна, проверете дали знаете некои работи за вашиот партнер. Во првите неколку месеци, поради пеперутките во стомакот и нервозата пред да се видите со него или неа, баш и не размислувате за одредени работи. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи може да се случи после неколку месеци да сфатите дека всушност ништо не знаете за нив. Еве ги прашањата на кои треба да им ги знаете одговорите:rnrndali-peperutkite-vo-stomakot-vlijaat-na-vashiot-sluh-kafepauza.mkrnrnВо каков однос се со нивното семејство? Ова може да биде голем показател за нивната личност.rnrnШто им е важно? Ако за исти работи имате различни вреднувања, вашата врска нема многу големи шанси за успех.rnrnДали сте сексуално компатибилни? Бидете сигурни дека и двајцата можете да си ги задоволите сексуалните желби и потреби.rnrnДали имаат пријатели, и какви се? Изреката „Со кој си, таков си“ не е залудно кажана. Ако тие немаат пријатели, тоа може да биде голем показател за себичност.rnrnДали бившите им се целосно тргнати од од нивниот живот? Ако не, запрашајте се зошто сѐ уште се слушаат.rnrnДали сакаат да имаат деца? Никој не ви вели да почнете да смислувате имиња за бебињата, но ако вашите планови на таа тема се разликуваат, тешко дека некој од вас ќе го промени мислењето.rnrnКакви се нивните намери? Не сметаат сите дека целта на сериозната врска се брак и семејство, а посебна приказна е што тие подразбираат под сериозна врска.rnrnКакви се нивните ставови кон финансиите? Факт е дека ова е една од најчестите причини за раскинување, па немојте да го занемарите. Многу е важно дали преферираат заеднички или посебни сметки и дали вие се сложувате со тоа.rnrnКако се однесуваат во стресни ситуации? Дали паничат, стануваат себични или ја преземаат контролата и ви влеваат сигурност – ова се важни показатели за нивната личност.rnrnКако ги решаваат проблемите? Дали после расправија сакаат да разговарате или се однесуваат како мали деца. Искрениот разговор, разменувањето на мислења и подготвеноста за компромис се многу важни предуслови за издржливоста и успехот на една врска.rnrnПрочитајте ги и овие едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска!

  • Зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи?

    Зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи?

    Живееме во чуден свет каде што статусот на Интернет може да има поголемо значење од она што се случува во реалниот живот. Го оценуваме животот на некој според сликите и објавите на социјалните мрежи, а многу често грешиме во проценувањата. Еве неколку интересни причини зошто среќните парови не ги споделуваат целите нивни животи на социјалните мрежи.rnrnzosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-nivnite-vrski-na-scocijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrn

    Кога луѓето се во среќна врска, тие живеат во сегашниот момент

    rnКога сè оди по планот во нечиј живот, таа личност не гледа причина да троши време објавувајќи го својот живот на социјалните мрежи. Не дека тие личности никогаш не се фотографираат или не ги проверуваат нивните профили, туку нивните животи ги прават доволно среќни што немаат потреба да бидат одвратени од Интернетот.rn

    Секој пар што ги споделува проблемите на Интернет за сите да ги видат, нема да добие ништо со тоа

    rnОткривањето на вашите проблеми на секој пријател на социјалните мрежи е најмалку ефективен начин да ги решите истите. Ова само може да ја влоши ситуацијата во вашата врска.rn

    Вистинската среќа доаѓа од среќната врска со некој што го сакате

    rnНема да добиете ништо доколку објавувате „докази“ за вашата среќа на социјалните мрежи. Радоста е во тоа да бидете заедно, а не да објавувате за тоа дека сте заедно. За луѓето кои го разбираат ова, постојаното објавување на социјалните мрежи не е од голема важност.rn

    Никој не мора да докажува ништо

    rnЛуѓето кои се во вистински среќна врска немаат потреба да го користат тоа за да докажуваат колку се среќни. Тие се заедно бидејќи сакаат, и воопшто не им е грижа дали на нивниот Интернет профил пишува „во врска“ или не.rn

    И најважното нешто…

    rnИстражувањата покажале дека оние кои не користат социјални мрежи се многу посреќни од оние кои редовно ги користат. Ова се случува бидејќи луѓето кои не ги користат не се споредуваат постојано со нивните пријатели и колеги, кои некако секогаш изгледаат посреќни. Многу често забораваме дека она што е важно се нашите вистински животи, нашите врски, нашите искуства и нашите чувства, а не популарноста на социјалните мрежи.rnrnПрочитајте повеќе информации на оваа тема: Зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи?

  • Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

    Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

    Кога станува збор за собирање луда количина следбеници на Инстаграм, модните блогерки можат да напишат цели книги со совети. Нивните беспрекорни пози и неодоливата модна комбинација што ја одбрале за тој ден е нешто во што секоја млада девојка ужива. Тие постојано ги кршат модните норми и поставуваат нови трендови, па затоа и толку им се воодушевуваат. Но тоа што малкумина се запрашуваат за овие девојки е нивниот партнер во криминал, односно фотографот. Најчесто станува збор за нивните сакани! И покрај тоа што дамите што владеат со Инстаграм се навистина прекрасни за гледање, и личностите зад објективот се доволно згодни за да ви го направат овој дел подобар. Погледнете и самите…rn

    1. Фредерик Харел и Том Харел

    rn(1) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгеркиrnrnЗарем можете да најдете маана на овој пар? Тие се неверојатни во секој поглед.rn

    2. Кара Ван Броклин и Броуди Ван Броклин

    rn(2) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгеркиrnrnБроуди изгледа како да е брат близнак на познатиот актер Лијам Хемсворт, се согласувате?rn

    3. Оливија Палермо и Јоханес Хјубл

    rnrnrnНе само што Јоханес изгледа „жешко“, туку тој е еден од ретките што владее на модната сцена заедно со својата сопруга.rn

    4. Емили Шуман Фулер и Џефри Фулер

    rn(4) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгеркиrnrnЏефри Фулер е дефиниција за згоден татко – сите татковци треба да земат неколку совети од него.rn

    5. Џули Саринана и Кевин Беру

    rn(5) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгеркиrnrnКевин успеал да го научи и секси погледот надолу, што е правило број еден за успешните блогерки на Инстаграм.rnrnПреминете на следната страница за останатите парови…rn

  • Постојат само 4 вида љубовни врски: Каква е вашата?

    Постојат само 4 вида љубовни врски: Каква е вашата?

    Секоја љубовна врска е различна. Можеби сте од оние парови кои постојано си искажуваат љубов или пак од оние кои најромантичното нешто што го направиле заедно е гледањето филмски маратон по пижами. Но, и покрај тоа што сите врски се разликуваат, најновите истражувања откриваат дека постојат само 4 вида љубовни врски. Во продолжение прочитајте за што станува збор и обидете се да ја сместите вашата врска во некоја од следниве категории…rnrnПостојат само 4 вида љубовни врски: Каква е вашата?rn

    1. Драматични врски

    rn34% од испитаните врски припаѓаат во оваа категорија. Овој податок не е баш позитивен. Драматичните врски се одликуваат со низа промени во односот меѓу партнерите. Во еден момент тие се загреани еден за друг и се сакаат најмногу на светот за одеднаш да се премислат и да одлучат дека им треба повеќе простор. Знаете кои за кои парови зборуваме, нели? Оние кои постојано раскинуваат и се смируваат, почнуваат сериозна врска, па се договараат да имаат врска без обврски и така до бесконечност.rnrnДраматичните врски навистина се многу драматични! Кај паровите во ваква врска постојат два пати поголеми шанси за раскинување за разлика од другите парови. Имајте го на ум ова нареден пат кога вашиот партнер ќе посака да направите пауза. Нормално е ова да се случи еднаш, но повеќе пати? Може ли вашето срце да ја поднесе сета таа драма?rn

    2. Врски без конфликти

    rn12% од врските припаѓаат во оваа категорија. Паровите во ваквите врски можат да забележат промени во односот, но не толку често. Кај овие парови постојат одредени проблеми за кои тие не сакаат да разговараат и тоа ги спречува да напредуваат во врската и да стапат во брак или нешто посериозно. Паровите кои имаат врска без конфликти можат да живеат заедно со години без да одлучат да се венчаат, бидејќи постојат одредени проблеми меѓу нив кои треба да ги решат за да можат да го направат следниот чекор. Истражувањата покажале дека кај овие парови постојат помали шанси за раскинување, најверојатно поради тоа што за да прекинат би требало да разговараат за проблемите, а тие одбиваат да го сторат тоа.rnrnПостојат само 4 вида љубовни врски: Каква е вашата?rn

    3. Врски кои зависат од други луѓе

    rn19% од врските припаѓаат во оваа категорија. Паровите со вакви врски донесуваат големи одлуки за нивната иднина во зависност од мислењето на нивните семејства и пријатели. Се сакате со партнерот, но сѐ уште не сте решиле да живеете заедно бидејќи неговата мајка не ве одобрува, а татко ви не престанува да му праќа строги погледи. Овие парови можеби ќе напредуваат малку побавно од останатите, но и кај нив постојат помали шанси за раскинување.rn

    4. Врски во кои вниманието е насочено кон партнерот

    rn30% од паровите припаѓаат во оваа група врски. Во овие врски партнерите го насочуваат вниманието кон саканата личност, а не кон драмата, обидувајќи се да ги игнорираат проблемите и грижејќи се за туѓите мислења. Ова се врските кои се најуспешни. Доколку сакате да изградите нешто посебно со саканата или саканиот, треба да им обрнете внимание и да ги слушате. Секако дека не треба целиот ваш живот да се врти околу партнерот, но секоја сериозна врска бара многу работа и труд. Не плашете се да го направите она што е потребно за да ја одржите стабилноста и хармонијата во љубовната врска.rnrnПрочитајте и за овие 4 видови љубовни врски во кои можеби ќе ја пронајдете токму вашата.