Први јануари не е почеток само на 2020 година, туку и почеток на нова декада, а некои личности ќе ја започнат оваа декада со кажување на судбоносното „да“. Ако сте во врска, 2020 година ќе биде навистина добра година за брак. Според астролозите, ова се четирите среќни хороскопски знаци кои најверојатно ќе стапат во брак во новата година.rnrn
rn
1. Бик
rnВо 2020 година, непредвидливиот Уран ќе премине во Бик, а тоа може да донесе ненадејни промени и изненадувања што ќе ви го разубават животот. Следната година ќе ве очекуваат големи животни промени, а една од нив е бракот.rnrnИсто така, може да настанат и некои брзи и ненадејни промени, односно постои можност личностите родени во хороскопскиот знак Бик да запознаат некој на почетокот на следната година, а потоа тоа да се претвори во нешто сериозно во рок од само шест месеци. Со оглед на тоа што овие личности се впуштаат во нови врски многу бавно, ова ќе биде огромно изненадување.rn
2. Девица
rnВо текот на 2020 година, најверојатно ќе се приберете и ќе се смирите и сето тоа заради вашата практична, стабилна и земјена природа. Енергијата што ќе ја поседувате може да зацврсти една врска, особено врската што полека ја градите. Сатурн ви носи спој и посветеност, а Плутон страст и длабока трансформација. Кога ќе го споите сето тоа, ќе поседувате голема поддршка за зацрвстување на новата или на веќе постоечката врска.rn
3. Скорпија
rnВо новата година, Скорпиите ќе претрпат целосна трансформација на својот идентитет. Ако долг период сте сингл и сте се откажале од тоа да го пронајдете вистинскиот партнер за вас, 2020 година може да ве изненади. Следната година ќе ви донесе средби со нови и возбудливи личности кои ќе бидат причината што ќе ве натера да ја смените вашата перспектива за љубовта. Личностите родени во овој хороскопски знак ќе стапат во брак со партнерот што многу добро го познаваат или ќе побараат нешто повозбудливо кај некоја сосема различна и непозната личност.rn
4. Риби
rnСледната година ќе биде незаборавна за вас и најверојатно ќе стапите во брак поради поддршката од Сатурн и од Плутон. Во 2020 година, ќе се зголемат вашите шанси за брак бидејќи желбата за спојување со партнерот ќе биде многу силна. Но, одвојте време и посветете внимание на врската за да бидете сигурни дека градите здрави односи затоа што постои можност меѓусебната зависност со партнерот да ви претставува проблем во иднина.rnrnМожеби ве интересира и која песна треба да ви биде химна оваа зима според хороскопскиот знак.




rnrnДоколку вашето тело, срце и душа не успеваат да ги исфилтрираат вистинските луѓе коишто ве влечат како магнет кон себе, тогаш вие во суштина, само ќе се „давите“ во море од додворувачи, кои ги привлекува само вашата надворешност. Во продолжение, прочитајте за овие 11 жени и за карактеристиката којашто првично им била привлечна кај сегашниот партнер, а нивните одговори ќе ви ги разлетаат пеперутките во стомакот, како кога сте заљубени. Бидете подготвени да бидете стопени.😊rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnСфатете ги љубовните врски како пријателства. Сигурно никогаш не мора премногу да се трудите за да стапите во контакт со вашите пријатели. Судено ви било да бидете пријатели, па така сѐ си дошло на свое место. Сте решиле дека сакате да бидете дел од вашите животи и сте го оствариле тоа. Сте се слушнале кога сте си ветиле дека ќе се јавите. Сте испланирале излегувања и сте се појавиле на договореното место. Сте патувале заедно затоа што сте сакале да бидете на исто место. Сте се грижеле еден за друг. Не сте го криеле вашето пријателство. Не сте биле загрижени дека ќе се изгубите меѓусебно, бидејќи сте знаеле дека вашата љубов е вистинска. Не сте трчале еден по друг. Сте се нашле и сте одлучиле да останете заедно.rnrnНајчесто, пријателствата се посилни од љубовните врски, бидејќи вашите пријатели заслужиле да бидат дел од вашиот живот. Не сте морале да се борите за нив. Не сте морале да им докажувате дека ја заслужувате нивната љубов. Не сте требале да смислувате оправдувања за нивното однесување или да велите дека им треба повеќе време за да ве запознаат подобро.rnrnНа одредена возраст, некои работи ви стануваат јасни како ден. Знаете со кого сакате да поминувате време и кому сакате да го подарите вашето внимание. Знаете кого сакате да запознаете подобро, бидејќи ви делува интересно. Ако некој не може да го забележи и разбере тоа, тогаш трчањето по него нема да смени ништо. Доколку постојано трчате по некого, тоа може да е знак на некој поголем проблем. Можеби сте осамени, можеби ви е здодевно или можеби сакате да ви се случи нешто возбудливо во животот. Но, љубовните врски не функционираат на таков начин. Љубовта е двонасочна улица.rnrnДоколку некој не може да види колку вредите, не го сфаќајте тоа како предизвик да му докажете дека греши. Сфатете го тоа како знак дека тој човек не заслужува да биде дел од вашиот живот. Не треба да им се докажувате на луѓето кои знаат колку вредите. Ним не им треба време за да ве запознаат подобро. Тие само се појавуваат во вашиот живот и ви покажуваат дека вредите многу повеќе одошто мислите.rnrnЗа да заборавите на луѓето кои не ве заслужуваат, прочитајте 
rn