КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовни врски

  • Како да бидете сингл? 3 работи кои сериските моногамисти треба да ги подобрат

    Како да бидете сингл? 3 работи кои сериските моногамисти треба да ги подобрат

    Да се биде сингл е тешко. Со социјалните мрежи и апликациите за средби и состаноци, жените се соочуваат со партнери за кои не им е грижа и скршени ветувања до партнери за кои навистина се заинтересирани. Но, време е да го пренасочите вниманието кон најважната личност во вашиот живот: себеси. За да бидете во една здрава и функционална врска со некој друг, најпрвин треба да бидете во здрава и функционална врска со самите себеси, бидејќи ако тргнувате од место исполнето со нестабилност, ќе привлекувате и нестабилни партнери.rnrnКако да бидете сингл? 3 работи кои сериските моногамисти треба да ги подобратrnrnМожеби ќе биде малку комплицирано на почетокот, но со тек на време ќе успеете да ги извадите вашите моногамни очила и ќе започнете да ги гледате вашите потенцијални партнери онакви какви што се: несовршени. А, несовршеноста може да биде одлична. Но, за да ги прифатите туѓите несовршености, најпрво треба да ги прифатите своите.rn

    1. Време е буквално да се заљубите во себе

    rnОва е единствениот момент од вашиот живот во кој можете да си дозволите да бидете себични. Стигмата на зборот „себичност“ доаѓа во игра кога ќе почнете да ги занемарувате потребите на другите за да ги остварите своите. Ова е еден краток период од животот во кој вашата најголема одговорност ќе биде грижата за себе. Прифатете го тоа и уживајте.rn

    2. Вие сте ѕвездата на својот живот

    rnНикој не може да го украде вашето светло, освен ако самите не го дозволите тоа. Бидете најдобрата верзија од себе. Бидете женствени и правете ги оние работи кои ве прават да се чувствувате така: одете на масажа, направете си топла купка, носете ги омилените парчиња облека, прочитајте некоја феминистичка книга, направете си маникир и педикир… Луѓето ќе се однесуваат со вас онака како што вие се однесувате со себе.rn

    3. Разгалете се

    rnДајте им до знаење на сите потенцијални партнери со што ќе се соочуваат. Трошете го времето на себе. Завршувањето на една врска може да ве направи да се чувствувате слаби и несигурни, па наместо да ги покривате вашите несигурности прифатете ги и соочете се со нив. Запомнете, патот кон вашата самоактуелизација не мора да го чекорите сами. Понесете ја со вас личноста на која најмногу ѝ верувате, како на пример вашиот најдобар пријател, кажете им како се чувствувате, споделете го својот план и тргнете напред. Секој проблем со кој ќе се соочите е валиден, но не ве дефинира. Вие се дефинирате себеси. На вас е да ги воочите своите најлоши квалитети и да се фокусирате на најдобрите. Почитувајте ја жената во себе.

  • Науката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?

    Науката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?

    Често се среќаваме со совети кои нè поучуваат како треба да се однесуваме во врските: „Не барајте премногу“, „Не дозволувајте љубомората да ве обзема“ и „Имајте силно чувство на независност“. Но, ниеден од овие совети не е добар. Ние сме тоа што сме, а објаснувањето за начинот на нашето однесување лежи во теоријата за приврзаноста. Таа се заснова на идејата дека сите сме програмирани да ги двоиме луѓето и да избираме одредени индивидуи кои ќе ни значат. Иако ја имаме основната потреба да формираме посебен однос со луѓето, сепак начинот на кој се формираат тие врски варира. Секој припадник на општеството, независно дали тој или таа никогаш не биле со никого или биле 50 години во брак, припаѓа во еден од овие 3 стилови на приврзаност: сигурни, анксиозни или оние кои ги избегнуваат другите.rnrnНауката на приврзаноста: Дали сте сигурни, анксиозни или ги избегнувате другите?rnrnОколу 56% од луѓето во светот се сигурни, 20% се анксиозни, а 23% се луѓе кои ги избегнуваат другите. Преостанатиот 1% се онаа ретка комбинација на анксиозни луѓе кои ги избегнуваат другите. Секој од овие стилови постои со причина и ниеден не може да се нарече „здрав“ или „нездрав“. Тие се само еден вид описи на начините на кои сите ние се однесуваме во романтичните врски и не се никаква форма на осудување.rnrnЛуѓето кои се сигурни се чувствуваат удобно во и со интимноста и обично се љубезни и мили. Тие се директни, не играат игри и не се драматични.rnrnЛуѓето кои се анксиозни обично копнеат по интимноста. Често се преокупирани со своите врски и се грижат за тоа дали нивниот партнер е способен да ги сака. Се повлекуваат во расправиите, лесно стануваат љубоморни и премногу размислуваат. Тие ја поистоветуваат интимноста со губењето на независноста и постојано се обидуваат да ја минимизираат блискоста.rnrnЛуѓето кои ги избегнуваат другите се чувствуваат неподготвени да се поврзат. Се фокусираат на малите несовршености и забележуваат кога некој се обидува да им пререче за нивната независност. Тие сметаат дека врските вклучуваат обврзаност додека се обидувате да ги следите своите цели.rnrnИако сите овие стилови постојат со причина, тие сепак можат негативно да делуваат врз вашата среќа. Ако сте поанксиозни, природно ќе се наклонувате кон оние кои ги избегнуваат другите. Анксиозниот партнер ќе сака интимност, додека оној партнер кој избегнува ќе сака простор. Токму затоа ако сте анксиозни, тогаш треба да барате некој кој е сигурен. Истражувачите откриле дека најсреќните врски се оние во кои има барем еден сигурен партнер, а идеалните имаат двајца.rnrnОва е многу важно бидејќи значи дека секој треба да се стреми да биде тоа што навистина е. Амир Левин и Рејчел Хелер, во нивната книга „Приврзани: Новата наука на возрасното приврзување и како таа може да ви помогне да ја пронајдете и задржите љубовта“ велат:rn

    „Ние сме програмирани да се однесуваме ма предодреден начин во нашите романтични врски“.

    rnНо, тоа не значи дека треба да бидеме робови на нашата ДНК. Секогаш можеме да научиме да ги смениме деловите од нашиот стил на приврзување кои не ни одговараат или кои ни стојат на патот кон поуспешен однос.

  • Астрологијата и љубовните врски: Зошто хороскопот некогаш може да ни помогне?

    Астрологијата и љубовните врски: Зошто хороскопот некогаш може да ни помогне?

    Кога станува збор за љубовните врски, луѓето не можат да зависат само од компатибилноста. Но, астрологијата и љубовните врски се поврзани кога сакаме да ја пронајдеме таа компатибилност и да го откриеме карактерот на другата личност. Кога ги знаеме основните особини на одредени хороскопски знаци, тогаш можеме да имаме некаква идеја за тоа што сакаме и што треба да очекуваме. Познати ни се 4 групи хороскопски знаци: водени, земјени, огнени и воздушни и сите поединечно делат некои заеднички карактеристики.rnrnАстрологијата и љубовните врски: Зошто хороскопот некогаш може да ни помогне?rn

    Астролошка компатибилност

    rnКога се работи за компатибилноста, реба да ја гледаме поголема слика. Кога станува збор за пријателски однос или пократкотрајна врска, еден пар може да биде многу добар. Но, ако не се внимателни, во оној момент кога искрата ќе исчезне, тие ќе станат поопуштени и ќе ја изгубат забавата која ја очекуваат од врската. Знаејќи го тоа, партнерот ќе се обиде да пронајде компромис и разбирање. rnrnСепак, не постојат правила кои велат дека не треба да бидеме со спротивните знаци, бидејќи спротивностите можат да ги надополнат сите наши карактерни недостатоци. Сѐ што е потребно е трпение и желба да дознаеме нешто повеќе за личноста која сме ја избрале за партнер и да се обидеме да ги комбинираме меѓусебните разлики за да ја направиме врската уште поуспешна.rn

    Спротивностите се привлекуваат

    rnМногу луѓе се држат до нивните компатибилни знаци бидејќи така предложуваат и советуваат астролошките книги и истражувања. Но, возможно е да се има добра и функционална врска и кога се во прашање два спротивни знака, бидејќи и двајцата партнери ќе работат многу понапорно за да имаат што подобар однос и да ја задржат возбудата. rnrnСо разбирањето на природата на хороскопскиот знак на нашите партнери можеме да ја вежбаме нашата толеранција и да поработиме на нашиот личен напредок. Но, ова бара и поголем напор и труд во одделот на комуникацијата.rn

    Подлабоко истражување

    rnНа крајот од денот, не е сѐ до астрологијата, туку е до оние две личности кои одбиваат да се откажат од себе и од својата врска и нивната одлука секојдневно да го поминуваат времето со оние кои ги сакаат. Како што старееме сите посакуваме да имаме трајна и здрава врска, но, не можеме да зависиме само од нашиот најдобар пар. rnrnТреба да научиме како да го извлечеме најдоброто од работите кои сакаме да ги задржиме со нас и покрај нас. За да го направиме тоа, понекогаш можеме да ја искористиме астрологијата како водич, но најмногу и најважно од сѐ, треба да го разбереме животот и да учиме од секоја личност која ќе ја запознаеме.

  • Зошто денешните љубовни врски толку брзо се распаѓаат?

    Зошто денешните љубовни врски толку брзо се распаѓаат?

    Дали проблемот се наоѓа во фактот што сме ја изгубиле почитта за врските или пак станува збор за нешто сосема друго? Иако денешните модерни врски тешко се одржуваат поради многу причини, меѓу кои голема улога имаат и надворешните фактори, сепак следниве точки ни откриваат една сосема нова димензија на овој проблем. Според овие теории, секој треба вината за распаѓањето на љубовните врски да ја бара во себе. Еве зошто…rnrnЗошто денешните љубовни врски толку брзо се распаѓаат?rnrn1. Не сме подготвени. Не сме подготвени за жртви, компромиси, безусловна љубов. Не сме подготвени да вложиме сè што е потребно за да направиме оваа врска да функционира. Сакаме сè да ни биде лесно, па затоа на првата препрека се откажуваме.rnrn2. Не е љубов тоа што бараме, туку возбуда и восхит во животот. Сакаме некој со кој ќе можеме да гледаме филмови и да танцуваме на забави, а не некој кој ќе нè разбере дури и во најдлабоката тишина. Поминуваме време заедно, но не правиме спомени. Не бараме животен сопатник, туку некој со кој моментално треба да живееме.rnrn3. Немаме време да љубиме. Немаме трпение да се соочиме со врските. Постојано сме зафатени со нашата желба да ги оствариме материјалните соништа и затоа немаме место во нашиот живот за љубовта.rnrn4. Сакаме инстантно задоволство од сè што правиме. Без разлика дали станува збор за тоа што го објавуваме онлајн, за кариерата која ќе ја избереме, за луѓето во кои се заљубуваме. Ја сакаме веднаш зрелоста која доаѓа со времето, емоционалната поврзаност која се развива со годините и чувството на припаѓање. Изгледа ништо не е вредно за нашето трпение, дури ни љубовта.rnrn5. Попрво би поминале саат време со стотина луѓе отколку ден со една личност. Веруваме дека за нас постојат многу можности, бидејќи сме друштвени. Веруваме повеќе во средби отколку во познанства. Алчни сме и сакаме сè.rnrn6. Сакаме да бидете совршени. Идеме на многу состаноци и ретко кому даваме вистинска шанса. Сè нè разочарува, дури и најмалите ситници.rnrn7. Технологијата толку многу нè зближи, што веќе едвај дишеме. Нашето физичко присуство е заменето со пораки, четови, видео повици. Не чувствуваме повеќе потреба да поминуваме време заедно. Веќе сме се заситиле едни со други, нема за што да се зборува.rnrn8. Не сакаме да се смириме. Не можеме да замислиме да го поминеме нашиот живот со само една личност. Сакаме да веруваме дека се разликуваме од останатите и дека не сме во склад со социјалните норми.rnrn9. Ние сме онаа генерација која самата се нарекува „сексуално ослободена.“ Зошто тогаш би се врзувале со некој?rnrn10. Врските веќе не се толку едноставни. Постојат отворени врски, шеми, повремени комбинации, секс за една вечер, како и врски без обврски – сме оставиле толку малку простор за љубовта во нашите животи.rnrn11. Ние сме генерацијата која од сè се плаши. Се плашиме да се заљубиме, посветиме, се плашиме од неуспех, од скршено срце. Не дозволуваме никој да влезе во нашето срце, ниту пак бараме и даваме љубов. Премногу се заштитуваме.rnrn12. Повеќе не ги цениме љубовните врски. Ги пропуштаме неверојатните луѓе во нашиот живот бидејќи си велиме дека има и „други риби во морето“. Ниту една врска веќе не вреди.rnrn13. Не постои нешто што не можеме да го освоиме на овој свет. Но, сепак се бориме со играта на љубовта – најосновниот човечки инстинкт. Некои тоа го нарекуваат еволуција.

  • Кој хороскопски знак е ваша слабост?

    Кој хороскопски знак е ваша слабост?

    Постојат одредени хороскопски знаци кои едноставно не можат да си одолеат. Тие неизмерно се привлекуваат, дури и покрај тоа што се многу различни и на долг рок никогаш не би можеле да успеат. Погледнете за кои станува збор…rnrnКој хороскопски знак е ваша слабост?rn

    Овен и Вага

    rnОваа врска и за двата знака претставува голем предизвик на кој е тешко да се одолее. Префинетоста на Вагата и сексуалноста на Овенот се две сосема различни нешта кои силно се привлекуваат. Но, врската не може да трае долго бидејќи префинетоста, умереноста и пристојниот начин на живеење го нервираат Овенот, кој едноставно не сака да се промени дури ни по силните напори на Вагата.rn

    Бик и Скорпија

    rnИако караниците и судирите помеѓу овие два знака се неизбежни, дивата страст за сексуално уживање на Скорпијата ги заслепува и заведува нежните Бикови кои се пасивни во врската. Тоа не им се допаѓа на Скорпиите, па токму затоа и започнуваат караници. Ако сакате оваа врска да трае подолго, мора да ја пренесете страста од спалната соба и во некои други аспекти од вашиот живот.rn

    Близнаци и Стрелец

    rnКога ќе се сретнат овие два знака, привлечноста помеѓу нив може да се забележи и од авион. Не станува збор само за физичка привлечност, туку и за ментална – тие едноставно одлично се согласуваат. Но, тоа што на Близнаците не им се допаѓа кај Стрелците е нивното уверување дека сè знаат најдобро, додека пак нивната склоност кон озборување неизмерно многу ги нервира Стрелците.rn

    Рак и Јарец

    rnТоа што ги спојува овие два знака се силата на Јарецот и емотивноста на Ракот. Но, среќата во врската и страста помеѓу нив може да се наруши поради преголемата чувствителност на Ракот, како и повременото игнорирање од страна на Јарецот. Со тек на време, несамостојноста на Ракот ќе почне многу да го нервира Јарецот.rn

    Лав и Водолија

    rnЛавот е фасциниран од мечтаењето на Водолијата и начинот на кој таа го прифаќа неговиот авторитет, додека тој живее како крал во својот свет. Тоа што Водолијата го сака кај Лавот е неговата неограничена харизма. Единственото нешто кое може да ја расипе оваа врска е постојаното барање внимание од страна на Лавот, кое ја нервира Водолијата и прави таа да се чувствува здодевно.rn

    Девица и Риби

    rnСпротивностите се привлекуваат – Рибите не сакаат рутина, додека пак, Девиците уживаат кога сè им е под конец и во ред. Тие меѓусебно си помагаат и се обидуваат да научат нешто ново од нивниот живот. Рибите учат како да бидат поорганизирани, а Девиците како повеќе да уживаат во својот живот.

  • Хороскопски судбински врски: Овие знаци постојано се привлекуваат едни со други

    Хороскопски судбински врски: Овие знаци постојано се привлекуваат едни со други

    Во хороскопот постојат неколку знаци за кои астролозите велат дека се отелотворение на голема страст и силни емоции, односно пример за љубовни врски кои едноставно не можат да се избегнат. Веќе прочитавте за Рибите и Девиците, како и за Близнаците и Стрелците, па еве ги и преостанатите компатибилни знаци чии патишта без сомнение со тек на време ќе се вкрстат…rnХороскопски судбински врски: Откријте кој со кого мора да биде во врска!rn

    1. Овен и Вага

    rnПомеѓу нив уште на првата средба може да се појават искри. Сировата и магнетна енергија на Овенот и суптилниот шарм и професионалноста на Вагата создаваат голема хемија. Врската за припадниците на двата знака претставува голем предизвик на кој е тешко да му се одолее. Проблемите во односот можат да настанат кога пристојното однесување и животот по правила на Вагите ќе почне да ги нервира Овните. Вагата, од друга страна, ќе ги засили обидите да го направи Овенот попристоен. За врската да успее, потребно е овие два знака да ги спојат своите спротивставени природи во заеднички активности.rn

    2. Бик и Скорпија

    rnКога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и кога таа ќе ја види неговата страст за живот, доаѓа до голем оган и посакување. Кога започнуваат со врска, тие не можат да се заштитат еден со друг и конфликтите се неизбежни. Ако страста се насочи кон заедничкото дружење со пријателите, работите можат да се поправат.rn

    3. Рак и Јарец

    rnЧувствителноста на Ракот и силата на Јарецот претставуваат вистински спој. Страста може да ги уништи чувствата на Ракот бидејќи Јарецот го игнорира, додека на Јарецот може да му биде непривлечна несамостојноста на Ракот. Овие два знака мораат постојано да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници.rn

    4. Лав и Водолија

    rnКралот на својот универзум – Лавот, не може да ѝ одолее на слободоумната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух го воодушевува Лавот, а за Водолијата најпривлечна е неговата харизма. Преголемата потреба на Лавот за внимание и противењето на Водолијата за сите друштвени конвенции можат да доведат до проблеми. Решението на ваквите проблеми треба да се бара во интимата на домот, далеку од останатите.rn

  • Сѐ уште сте сингл? Еве што не смеете да заборавите!

    Сѐ уште сте сингл? Еве што не смеете да заборавите!

    Понекогаш доволно е само малку да го промените начинот на кој размислувате со цел да ја забележите љубовта на вашиот живот која стои пред вас. Секако дека ви посакуваме преголеми дози љубовна среќа, но овие 4 работи ви ги посакуваме уште повеќе…rnrnСѐ уште сте single? Еве што не смеете да заборавите!rn

    1. Држете ги своите критериуми на високо ниво

    rnМожеби мислите дека сѐ уште сте сингл само затоа што сте презафатени. Погрешно! Сосема е во ред да верувате дека може да ве усреќи партнер со одредени квалитети. Немојте да заборавите кои работи ви се важни и да ги спуштате критериумите само затоа што очајно сакате да пронајдете некој.rn

    2. Ценете се себеси

    rnВие сте паметни, забавни, талентирани и единствени. Немојте никому да дозволувате да ја разниша вашата самодоверба и да ве убеди во спротивните ставови. Тоа што сѐ уште не сте ја пронашле вашата сродна душа не значи дека сте помалку вредни. Поработете на вашите квалитети и насмејте се од уво до уво.rn

    3. Немојте да се плашите да преземете иницијатива

    rnТука не се мисли само на љубовта. Кога ќе станете свесни за своите желби, направете сѐ што е во ваша моќ за да ги остварите. Можеби тоа нема да ви оди од рака, но најважно е да се обидете, бидејќи на крајот на баладата ги жалиме само оние шанси (и луѓе) кои ги пропуштивме, зарем не?rn

    4. Лудо забавувајте се

    rnПлачењето врз канчето сладолед бидејќи партнерот изгубил интерес за вас е целосен апсурд. Искористете го слободното време за сѐ она што ве весели и забавува, како и за незаборавен помин со најблиските пријатели.

  • Драги мајки, не сте во право: 8 најлоши љубовни совети кои сме ги слушнале од вас

    Драги мајки, не сте во право: 8 најлоши љубовни совети кои сме ги слушнале од вас

    Мајките секогаш знаат што е најдобро за нивите ќерки и ги даваат најдобрите совети. Иако понекогаш ќерките им доаѓаат со цел куп проблеми, мајките секогаш го имаат вистинскиот одговор и соодветното решение.rnrnМеѓутоа, само со една работа нема да сакате да се согласите со вашата мајка. Кога сте биле мали, сигурно ве советувала за момчињата, за љубовните врски; ви кажувала на кои момчиња да го трошите времето, кој ќе биде добар материјал за брак, а од кој да стоите подалеку…rnrnДраги мајки не сте во право: 8 најлоши љубовни совети кои сме ги слушнале од васrnrnСега, кога сте возрасни, сфаќате дека многу од тие совети не се точни, колку и да биле добронамерни. Едноставно ова се други времиња и друг свет… Вие и понатаму ќе ги сакате своите мајки, но овие совети денес не важат!rn

    1. „Омажи се за некој кој умее да се грижи за тебе.“

    rnНа што мислела: „Фати некој кој стои добро финансиски, кој има пари.“rnrnЗошто ова денес не важи: Во денешно време, секоја млада и образована дама сака да си ја плати сметката со свои пари. Ретко кои жени сакаат мажот да ги издржува и да ги финансира до најмалата ситница. Тие се самостојни, сами заработуваат, успешни се и мажот им доаѓа како поддршка, а не како средство за безгрижен живот.rn

    2. „Омажи се што поскоро.“

    rnНа што мислела: „Фати маж додека си млада и убава, бидејќи нема секогаш да бидеш таква.“rnrnЗошто ова денес не важи: Жените сами избираат кога ќе речат „Да“, а не затоа што биолошкиот часовник така им наредува. Ако мажите ве сакаат само кога сте убави, тогаш не ви требаат.rn

    3. „Секогаш биди дама!“

    rnНа што мислела: „Не пцуј! Не однесувај се дрско! Секогаш биди добра!“rnrnЗошто ова денес не важи: Секако дека жените сакаат да бидат добри и дами, но светот не функционира така. Вие сигурно нема да молчите ако нешто не е во ред. Имате право на глас и треба да се борите за себе. Имате право да бидете среќни дури и ако некогаш опцуете!rn

    4. „Ќе бидеш толку воодушевена од своите деца, што ќе заборавиш на сѐ друго.“

    rnНа што мислела: „Кога ќе родиш деца, треба да си дома. Сѐ што досега си направила со кариерата, си направила. Време е да притиснеш на копчето ‘Пауза’. Да бидеш мајка е најважната улога во животот.“rnrnЗошто ова денес не важи: Да бидете мајка е убава работа, но вие сигурно нема да дозволите вашиот напор вложен на факултет, на работа и вашите амбиции да пропаднат во вода! Ќе најдете начин да усогласите сѐ.rn

    5. „Никој нема да купи крава, ако млекото е бесплатно.“

    rnНа што мислела: „Кој ќе те ожени ако често ги менуваш момчињата?“rnrnЗошто ова денес не важи: Сега е друго време. Не значи дека треба постојано да ги менувате момчињата, но не мора да значи ни дека треба да бидете целиот ваш живот само со една личност само поради вашиот „морал“.rn

    6. „Немој да се фалиш и не зборувај за своето минато.“

    rnНа што мислела: „Остави сѐ во минатото и сврти нов лист. Без приказни за поранешните момчиња, кој знае што може да помисли. И контролирај го своето однесување.“rnrnЗошто ова денес не важи: Зошто да ги криете своите маани? Такви сте какви што сте. Ако му се допаѓате супер, ако не, има на кого друг да му се допаднете.rn

    7. „Добрата жена го сака и го толерира гледањето спорт.“

    rnНа што мислела: „Ако сакаш да го задржиш својот маж, ќе научиш да сакаш спорт, за да можеш да го поддржуваш и да ги следиш настаните со него.“rnrnЗошто ова денес не важи: Многу жени денес сакаат спорт, но некои не сакаат. Зошто тој со вас не гледа „Сексот и градот“ или „Очајни домаќинки“ на пример? Никој од вас не треба да ги заменува своите омилени активности во слободното време со нешто што не го интересира.rn

    8. „Научи да готвиш.“

    rnНа што мислела: „Ниеден маж нема да го помине животот покрај некој кој не знае да му направи ниту ручек.“rnrnЗошто ова денес не важи: Никој нема да ве избере заради вашите кулинарски способности. Ќе научите да ги подготвувате неговите омилени јадења, но ќе готвите заедно. Освен тоа, има толку многу ресторани и ништо нема да се случи ако понекогаш готвениот оброк го замените со брза храна. А, понекогаш можете и да појдете кај мајките на топол и вкусен оброк, зарем не?

  • 3 жестоки астро парови кои ќе ги преживеат сите бродоломи

    3 жестоки астро парови кои ќе ги преживеат сите бродоломи

    Турбулентните врски, силните емоции и честите караници најчесто завршуваат со приказна за совршени парови кои биле заедно во погрешно време. Меѓутоа постојат среќници чија врска поминува низ разни искушенија, препреки, па дури и разделби, кои на крајот се доказ дека вистинската љубов навистина победува сѐ.rnrn3-zhestoki-astro-parovi-koi-kje-gi-prezhiveat-site-brodolomi-kafepauza.mkrnrnТие лудо се сакаат, но има моменти кога не можат да се поднесат и се колнат пред себе дека никогаш нема да си простат еден на друг, сепак, невидливите нишки кои ги поврзуваат никогаш не се кинат. Тие можеби и би можеле еден без друг, но заедно се непобедливи и можат да се борат против целиот свет. Погледнете за кои комбинации станува збор:rn

    1. Девица – Водолија

    rnВо оваа комбинација Девицата прва ѝ фрла око на Водолијата. Таа смислува тактики како да го привлече нејзиното внимание, бидејќи педантните Девици секогаш детално планираат пред да направат што било. Од сите оружја со кои располагаат најмногу ќе им користи нивната духовитост бидејќи Водолиите секогаш паѓаат на духовните вредности, а не на материјалните богатства што им се нудат.rnrnОваа астро-комбинација е прилично необична, бидејќи овие два знака се различни по своите погледи на светот, но хемијата која постои помеѓу нив е толку силна што ги надминува сите овие разлики. Нив не им е потребно премногу време за да се заљубат меѓусебно до срж, но најчесто најголемата препрека е тоа што Водолиите се скоро бестрашни, додека Девиците се оние кои проценуваат колкав би бил ризикот ако ги послушаат своите партнери. Од друга страна, Девиците имаат тенденција често да проповедаат бидејќи сметаат дека го имаат сиот памет на светот и со своите пасивно-агресивни настапи ги уверуваат Водолиите дека се секогаш во право.rnrnВодолиите тоа ќе го толерираат во зависност од силината на емоциите кои ги имаат кон „сезнајковците“, а Девиците тоа ќе го сфатат како сигнал дека успеале во своите намери. Кога ќе дознаат дека се во заблуда, тие им приговараат на Водолиите дека се самобендисани и дека нема повеќе да го трпат тоа. Од друга страна, Девиците ќе придонесат со нивната каприциозност, по што разделбата ќе изгледа како единственото решение. И тие ќе мислат дека тоа е засекогаш. Иако овие два знака се во состојба да не контактираат со месеци, па дури и со години, во мислите секогаш се навраќаат еден на друг.rnrnВодолиите можат да самуваат и во целост да се посветат на унапредување на останатите аспекти од нивните животи, додека Девиците ќе се задоволат со тоа дека горе-долу сѐ е исто во нивните животи, но одвреме-навреме може да влетаат во некоја авантура. Меѓутоа, личностите кои влегуваат во нивниот живот не се ниту бледа сенка на Водолијата. Колку и да им смета нетипичниот поглед на светот од страна на Водолиите, сепак им недостасува нивното разбирање, блесавоста и искажувањето чувства на нивните крајно невообичаени начини. Бидејќи и двата знака се синоним за тврдоглавост, прашање е кој од нив прв ќе воспостави контакт. Но, кога повторно ќе се соединат, тоа дефинитивно ќе биде засекогаш.rn

    2. Стрелец – Риби

    rnУште еден астро-пар кој на прв поглед изгледа невозможно. Стрелците се вистински освојувачи кои не се грижат за општествените правила, додека Рибите робуваат на многу предрасуди, а истовремено сонуваат за љубов од бајките. Додека Рибите се повлечени, Стрелците без срам ја покажуваат својата наклонетост и сакаат што побрзо да го конкретизираат нивниот однос.rnrnСтрелците се повеќе чувствителни и страсни типови луѓе на кои им е потребно време да ги откријат длабоките чувства кои ги чуваат во себе. Рибите ги привлекуваат поради своите детски, романтични погледи бидејќи тие во нив гледаат поддршка и некој што би можел да ги води низ животот. На Стрелците ова најпрво им се допаѓа, но со тек на време ќе почнат да се гушат од големите и сериозни планови за животот кои ги имаат Рибите, бидејќи не заборавајте, Стрелците сметаат дека може да прават што сакаат и да доаѓаат и заминуваат кога сакаат.rnrnАко во тој период Стрелците запознаат некоја личност која повеќе ги возбудува од Рибите, тие нема да се срамат да го признаат тоа, бидејќи се секогаш сурово искрени. Рибите пак се пречувствителни, па затоа и остриот јазик на Стрелците може да им нанесе големи повреди на душата, кои ќе ги сметаат како непростливи. Дури и ако нема трета личност, Стрелецот може да западне во душевна состојба кога ќе смета дека разделбата е единствениот спас за него. Тие ќе ги уверуваат Рибите дека не се доволно добри за нив или ќе ги обвинат дека нешто кријат со цел негативно да влијаат врз врската.rnrnНивните разделби се бурни и најчесто на сите им раскажуваат за своите проблеми, барајќи поддршка од јавноста за одлуката која ја донеле. Кога ќе помине првиот бран од негативни емоции и двајцата почнуваат да страдаат еден за друг, но скоро и да не комуницираат. Дури и кога се во контакт, тоа им носи поголема штета отколку корист и затоа се колнат дека тоа е дефинитивно крај и дека нема што да бараат еден покрај друг.rnrnКако што поминува времето, Стрелците веќе немаат потреба да ги докажуваат своите шармерски способности, ниту да си докажуваат дека им е добро сами со себе. Рибите иако се многу повредени, сепак се обидуваат да продолжат со животот, дури и влегуваат во површни врски, но длабоко во себе знаат дека во секоја нова личност бараат нешто што го доживеале во врската со Стрелците. На крај Стрелците се тие кои одлучуваат да ѝ дадат уште една шанса на нивната врска, а Рибите како тоа одвај да го чекаат. Можеби ќе биде потребно време за прилагодување, но кога конечно ќе се договорат околу целите кон кои и двајцата се стремат, нивната врска станува нераскинлива.rn

    3. Лав – Вага

    rnОваа врска е карактеристична поради фактот што тие се поврзани со длабоко пријателство на кое не забораваат дури и во моментите кога не сакаат да се погледнат во очи. Лавовите се големи освојувачи и сметаат дека не постои личност која не можат да ја заведат со својот шарм, но кога ќе наидат на Вага знаат дека ќе мора да го променат пристапот.rnrnЗатоа кон нив се поставуваат заштитнички и пријателски. Ќе им биде потребно повеќе време, но сепак ќе успеат да го освојат срцето на Вагите. Во тој момент веруваат дека тоа е крајот, но всушност тогаш започнува најинтересното. Бидејќи Лавовите имаат експлозивен карактер и не ретко покажуваат самобендисаност, сметаат дека сѐ им е дозволено. Вагите често се наоѓаат во улога на нивен глас на разумот и советници кои ќе ги советуваат да застанат и да земат здив. Иако Вагите се посмирени, дури и тие имаат свои епизоди во кои не можат да се изборат со темпераментните Лавови.rnrnКога Лавот ќе почувствува дека Вагата не е стопроцентно посветена на него и дека постои можност да ја изгуби, ќе се обиде да ја освои повторно со скапоцени подароци или со исклучително смислени изненадувања. Вагите не се имуни на луксузот кој го нудат Лавовите, но тоа нема да биде доволна причина да преминат преку пренагласената театралност на Лавовите, која повеќе ги иритира отколку што ги забавува. Иако имаат различни животни цели, тие се држат заедно, но нивниот однос почнува да се разлабавува кога Лавовите ќе го забележат пренагласеното флертување на Вагите со други личности. Исто така, ако Лавовите не чувствуваат доволно љубов и потреба од нив, не им треба многу за да најдат личност која ќе ги гледа со воодушевување. Нивните караници се експлозивни и жестоки.rnrnКолку и да се чинело дека Вагите „имаат уста, но немаат јазик“, во овие ситуации се прикажуваат во сосема ново светло. Затоа во текот на нивните расправии Вагите се главни говорници, додека за чудо Лавовите повеќе слушаат отколку што изнесуваат свои ставови. Лавовите први си заминуваат бидејќи Вагите од нив бараат да намалат со посесивноста и нетолеранцијата. На тој начин им оставаат време да размислат за сѐ, но и се тешат себеси дека сѐ уште има надеж за нивната врска. Таа меѓуфаза во нивниот однос трае долго додека и двајцата се обидуваат да се навикнат на живот без другиот.rnrnВо суштина Лавовите се тие кои иницираат обид да ги надминат разликите и покајнички ветуваат дека ќе се променат. Вагите секако не веруваат во ова, но сепак се согласуваат да ја продолжат врската. Тоа не значи дека нема да има нови турбуленции во нивната врска, но премногу се врзани еден за друг за воопшто да замислат живот без својата друга половина.

  • Зошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?

    Зошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?

    Ако историјата нешто нè научила, тоа е дека „таа“ не е непријателот.rnrnЗошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?rnrnВо аферите и скандалите со изневерување секогаш се обвинува „другата жена“ (особено ако изгледа како Кејт Аптон). Ги обвинуваме дадилките кои застануваат помеѓу славните двојки како Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Гвен Стефани и Гавин, Џуд и Сиена Милер, и да бидеме искрени: 6 деца подоцна, многу жени сѐ уште не ја сакаат Анџелина Џоли и покрај сѐ што таа прави за светов (но Бред, Бред е супер). Длабоко во нас знаеме дека потребни се двајца за да се игра танго (со други зборови да се има секс надвор од моногамијата), па зошто тогаш жените се сѐ уште главните виновници? Да ја разгледаме психологијата зад ова размислување:rn

    1. Претпоставуваме дека мажите и онака се лоши

    rnМногу добро ја знаеме познатата изрека: „Сите мажи се исти“. Но, факт е дека мажите се оние кои ги извршуваат повеќето ужасни криминални акти кои ги гледаме на ТВ или ги читаме по весниците.rn

    „Постои мислење дека мажите се кучиња, а жените се добри. Кога жените ќе направат нешто лошо, полесно е да им се налутиме бидејќи мислиме дека се однесуваат различно од нивната вистинска природа“, вели д-р Кристин Хартмен, бихевиористички научник и експерт за односите помеѓу луѓето.

    rnТоа е како да прекршиле некој свет закон. Жената се смета за лошата вештерка, додека мажот е обвинет дека направил грешка, кога во реалноста, тој е личноста која прекршила некаков договор.rn

    2. Полесно е да ја мразиме „Неа“

    rn

    „Другата жена е лесна цел – особено ако не ја познавате или ако не е ваш пријател. Мразењето на личноста која ја сакате, од друга страна, е збунувачко. Ако го обвинувате него, почнувате да си поставувате прашања од типот ‘Што ако мојот брак или мојата врска е лага?’ или ‘Дали ќе бидам сама до крајот на животот?’ Така, поголемиот дел од времето ја мразиме и обвинуваме неа бидејќи планираме да останеме, но ни треба нешто или некој врз кој ќе го истуриме сиот гнев“, вели д-р Бренди Енглер, психолог и автор на книгата „Мажите на мојот кауч“.

    rn

    3. Мислиме дека таа го завела

    rn

    „Мислиме дека ако се ослободиме од неа, сѐ ќе биде во ред. Ја гледаме како виновникот кој го заведува мажот и затоа му е лесно да изневерува. Но, знаеме дека има милиони причини зошто мажите изневеруваат и обично тоа не е толку едноставен проблем каде единственото решение е да се ослободиме од другата жена. Тоа е исто како да сме ублажиле само еден симптом“, вели Хартмен.

    rnШто е најефективно? Заборавете ја одмаздата кон другата жена и обидете се да го разберете неговото однесување.rn

    „Ретко кога мажите изневеруваат бидејќи нивната партнерка не е привлечна или пак, личноста со која ве изневерувал била поубава. Обично тој тоа го прави бидејќи е лут на својата партнерка или не му биле задоволени емоционалните и физичките потреби“, вели Енглер.

    rnНаредниот пат кога ќе тешите некој пријател кој бил изневерен или кога ќе се соочувате со ситуација каде вие сте изневерената личност, смирете го искушението да ѝ се одмаздите на другата жена. На крајот од денот, таа е само уште една личност во потрага по љубов.