КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовни врски

  • 3 брутално искрени причини зошто не привлекувате добри мажи

    3 брутално искрени причини зошто не привлекувате добри мажи

    Најголемиот проблем во модерните врски е еднаквоста. Сакаме сѐ да биде фер и праведно. Кога се караме, попрво би одбрале да бидеме во право отколку да бидеме среќни. Никој не сака да се жртвува. Токму затоа повеќето врски завршуваат поради некои ситни расправии и несогласувања, само затоа што ниту еден од партнерите не сакал да попушти.rnrn3 брутално искрени причини зошто не привлекувате добри мажиrnrnБезусловна љубов е кога можете да бидете, да се чувствувате и да размислувате на свој начин, а партнерот иако можеби не се согласува со вас, ќе ве сака и ќе прифати компромис. Доколку сакате да ја пронајдете оваа љубов, можеби треба го промените вашиот начин на однесување. Досега сте привлекувале само лоши момци и цврсто стоите на ставот дека сите мажи се исти. Но, проблемот можеби лежи во вас самите. Ова се 3-те главни причини зошто постојано започнувате врска со погрешни луѓе…rn

    1. Се однесувате како да не ви треба маж

    rnПрестанете да инсистирате вие да платите или да ја поделите сметката. Не го спречувајте партнерот доколку сака да ви ја отвори вратата. На тој начин му давате до знаење дека не ви треба, а ниту еден маж не сака да се чувствува бескорисно.rn

    2. Премногу работите

    rnВеќе одамна не ви се јавиле чувства за никого, бидејќи сте биле презафатени со работа. Тоа може да биде голем проблем. Обидете се да откриете што е тоа што прави да се чувствувате убаво, а што не. Најдете време за себе, животот не е само работа.rn

    3. Не знаете како да прифатите љубов

    rnДоколку сакате само да давате и да ја одржувате еднаквоста во врската, нема да можете да направите место за нов партнер во вашиот живот. Мажите се вљубуваат кога даваат и кога се чувствуваат корисно. Покажете му на потенцијалниот партнер дека ви треба, побарајте помош. Научете да прифаќате конкретни работи, како што се вечери, цвеќиња и подароци, но да возвраќате на апстрактен начин со зборовите „Благодарам“. Не е воопшто тешко.

  • 12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врски

    12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врски

    Не постои правило за тоа кои години се идеални за започнување сериозна врска, но постојат одредени предности кај секоја возраст. Експертите сметаат дека сепак најуспешни се љубовните врски на паровите кои се запознале во нивните 20-ти години. Во продолжение прочитајте ги 12-те причини зошто е тоа така…rnrn12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врскиrnrn1. Знаете што сакате. Тинејџерскиот период завршил. Не сте повеќе збунети околу вашите желби и потреби. Знаете со каква личност би можеле да го поминете животот и токму затоа ќе можете да си најдете некој кој совршено ќе ви одговара.rnrn2. Знаете како да се цените еден со друг. Знаете како е да се биде сингл и како изгледаат врските со погрешна личност. Чувствувате олеснување што сте нашле некој толку прекрасен колку вашиот партнер и никогаш нема да го земате здраво за готово.rnrn3. Заработувате самите. Пред неколку години не можевте да си дозволите ниту парче пица без да побарате пари од родителите. Можеби сѐ уште се соочувате со одредени финансиски проблеми, но можете да си дозволите убави роденденски подароци и вечери во добри ресторани. Можете да му угодите на партнерот бидејќи тој тоа и го заслужува.rnrn4. Подготвени сте за сериозна врска. Доста ви е веќе од кратките врски и сексот без обврски. Подготвени сте да преминете на нешто посериозно. Подготвени сте да започнете живот со некого.rnrn5. Позрели сте. Доколку се скарате, нема веднаш да раскинете поради тоа. Наместо тоа, ќе разговарате како возрасни и постигнете компромис. Ќе знаете како да ги решите проблемите.rnrn6. Добри сте во кревет. Не сте повеќе неискусни и многу добро знаете што ве возбудува и што може да ве доведе до оргазам. Тоа значи дека сексот ќе биде одличен.rnrn12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врскиrnrn7. Вашето семејство не може да ви ги наруши односите. Сега сте веќе возрасни и вашите родители не можат да ви кажуваат со кого да бидете во врска. Вие самите одлучувате дали ви се допаѓа некој и воопшто не се грижите дали тој ќе им се допадне на другите.rnrn8. Вашето срце веќе еднаш било скршено. Знаете какво е чувството кога сте изгубени, скршени и повредени. Сте ја доживеале темната страна на љубовта и знаете како изгледа токсична врска. Сигурни сте дека оваа не спаѓа во таа категорија.rnrn9. Знаете што е љубов. Не сте толку млади за да ја помешате љубовта со страст. Знаете какви чувства буди вистинската љубов. Кога ќе ги изговорите тие мали зборови со големо значење, навистина го мислите тоа што кажувате.rnrn10. Си помагате еден со друг. Доколку мислевте дека тинејџерските години се најтешкиот период од животот, размислете уште еднаш. И во вашите 20-ти години ќе се чувствувате збунето, бидејќи нема да знаете дали сте доволно добри. Но, тука ќе биде вашиот партнер кој ќе ви помогне да го поминете сето тоа. Тој ќе ви помогне да го видите вашиот потенцијал. Ќе ви помогне да станете најдобрата верзија од себе.rnrn11. Сте доживеале значајни животни искуства. Сте биле со многу други луѓе и тоа е добро. Нема да се интересирате како е да се биде со некој друг и нема да имате потреба да истражувате. Нема да се чувствувате како да пропуштате нешто, затоа што веќе сте го искусиле сингл животот. Знаете точно како е.rnrn12. Пријатно ви е во своја кожа. Знаете како да се сакате себеси и затоа нема да прифатите ништо помалку од она што го заслужувате. Сега сте со некој кој знае колку вредите. Некој со кого можете да се видите во иднина. Некој кој го сметате за ваша сродна душа.

  • 6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врски

    6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врски

    Општо гледано, секоја љубовна врска си има своја тежина. Уште потешко е ако сте жена која е тешка за љубење. Но, не треба да ја барате вината во себе и да мислите дека нешто не е во ред со вас. Вие сте само внимателни кому ќе го подарите вашето време. Многумина кои ви се доближиле понекогаш посакувале да се оддалечат од вас, токму поради вашата комплицирана природа. Најверојатно го забележувате ова кај себе, па по неколку неуспешни врски, сакате да направите одредени промени. Можеби сакате да станете жена која е полесно да биде сакана, но сето тоа ви е непознато. Сѐ што правите е со страст, зашто без страст сметате дека животот ви е бесмислен. Можеби на некој му е тешко да ве засака, но тоа не значи дека не вредите. Доколку себеси се сметате за ваква жена, тогаш еве кои поуки можете да ги извлечете од вашите неуспешни љубовни врски.rnrn6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врскиrn

    1. Љубовта бара вложување во неа

    rnКога ќе погледнете назад на вашите неуспешни врски, ќе почнете да се прашувате што не е во ред со вас. Одговорот е секогаш ист: Ништо. Можеби замислувате врска каде што ќе постои страст, а истовремено и разбирање од вашиот партнер. Па, вашата врска не успеала затоа што тие личности не се потрудиле да ви го понудат ова. Можеби сте жена која е тешко да биде сакана, но вистината е дека тој што ве заслужува, тој и ќе ве добие.rn

    2. Љубовта е трпение

    rnЕдинствениот човек кој ќе успее да се справи со вас, е некој што ќе има големо трпение. Вие сметате дека трпението и љубовта доаѓаат заедно. Вистинските личности ќе бидат во можност да стојат до вас, притоа не обидувајќи се да ве променат.rn

    3. Среќата доаѓа од самољубието

    rnНе би можеле да сакате некого доколку најпрво не сте подготвени да се сакате себеси онакви какви што сте. Кога ќе почнете вистински да ја цените својата личност, ќе забележите зошто не успеале вашите претходни врски.rnrn6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врскиrn

    4. Љубовта е компромис

    rnЉубовните врски може да бидат неуспешни и поради тоа што не умеете да правите компромиси. Можеби имате рутина која сакате да ја следите и не дозволувате да биде нарушена. Но, кога ќе сфатите дека ништо не може да успее без компромиси, тогаш ќе можете да ги прифатите работите онакви какви што се.rn

    5. Прифатете да живеете со вашата „лудост“

    rnНе можете постојано да го криете својот карактер. Доколку по природа сте „луди“, не трудете се да го потиснувате тоа. Вистината е дека на повеќето ќе им биде потешко да се справат со вас, но тоа не е лоша работа. Вие можете да го промените светот!rn

    6. Сакајте се онакви какви што сте

    rnСамо затоа што сте жена која е тешко да се љуби, не значи дека сте лоша или недостојна за љубов. Вие сте само комплицирани и тоа не е одлика на вашиот лош карактер. Вие сте прекрасни, забавни и грижливи. Затоа, погледнете на вашите неуспешни врски како на животни лекции. Не трошете го своето време на прекумерно анализирање, прашувајќи се што би можеле да направите поинаку. Вие сте неверојатни и само храбрите срца може да ве сакаат. Вистинската љубов ќе ви го подари она што го заслужувате!

  • 10 причини зошто будалестите парови имаат најцврста љубовна врска

    10 причини зошто будалестите парови имаат најцврста љубовна врска

    Ако и вие познавате некој будалест пар, тогаш сигурно често доаѓате во ситуации каде што едноставно не го сфаќаат нивното однесување и не ви е јасно како нивната врска сè уште трае. Но, токму нивното однесување и начинот на размислување е тоа што ги прави овие врски едни од најсилните и најцврстите. Па, што ги одвојува овие парови од останатите и зошто нивните будалштини се здрави за љубовта?rnrn10 причини зошто будалестите парови имаат најцврста љубовна врскаrnrn1. Тие се сфаќаат себеси многу сериозно, но другите луѓе околу нив воопшто, па затоа и делуваат несериозно во туѓите очи.rnrn2. Не се плашат да имаат (здрави) дебати, бидејќи знаат дека набрзо ќе ги решат сите проблеми и потоа ќе се пошегуваат за да ја разбијат тензијата.rnrn3. Дури и најздодевните активности, како одење во маркет, посета на доктор и чистење по домашна забава вклучуваат многу смеење и шегување.rnrn4. Хуморот предизвикува полесно справување со непријатните делови од врската (поврзани со тоалетот, мрсулите од грипот, емоционалните рушења и слично).rnrn5. Тие можат да се забавуваат еден со друг со часови, дури и кога прават едноставни нешта како на пример, лежење на кауч.rnrn6. Основата на нивната врска остава простор за многу спонтаност, авантура, преземање ризик, искреност, па дури и ранливост.rnrn7. Тие толку добро се познаваат, што знаат кога е време да станат озбилни, а кога да се шегуваат додека не „зајдат“ од смеење.rnrn8. Одржувањето отвореност, доверба и прифаќање води кон тоа ниту еден од нив да не чувствува притисок за да ги цензурира своите најдлабоки мисли, чувства, стравови и фрустрации.rnrn9. Ниту една идеја, прашање, мисла, емоција или потреба не е глупава – тие знаат точно што им е потребно во моментот и целосно се прифаќаат, поддржуваат и охрабруваат.rnrn10. Под сите тие шеги, умни досетки, смеење и будалштини се крие силно и нескршливо чувство за припаѓање, сигурност и пред сè, среќна љубов!

  • Дознајте што тој мисли за вас според времето кое му е потребно да ви врати на пораката

    Дознајте што тој мисли за вас според времето кое му е потребно да ви врати на пораката

    Му пративте СМС порака и по 4 часа сè уште нема одговор. Милион мисли ви се вртат во глава: каде е, што прави, со кого е, зошто не враќа, да не е со друга, да не ви е лут… Одеднаш почнувате да паничите и се доведувате себеси до лудило! Знаете дека не е на работа, но непријатно ви е да му заѕвоните затоа што сè уште не сте толку блиски и не сакате да изгледате параноично и опсесивно. Овие неколку совети ќе ви ја разрешат дилемата околу тоа што тој чувствува за вас според тоа кога ви вратил на пораката.rnrnДознајте што мисли за вас според времето кое му е потребна да ви врати на поракатаrn

    Ако ви врати веднаш

    rnОдговорот тука е повеќе од очигледен. Навистина многу му се допаѓате и вие сте му приоритет. Единствениот проблем е дали и вам толку многу ви се допаѓа или мислите дека е малку нападен и очаен? Постојат две можности: Или е некој кој нема работа, хоби и пријатели, па секогаш е достапен и одвај чека некој да му пише, или е некој чија реакција е „Еј, супер! Сандра ми пиша. Многу е интересна.“ Тука се зависи од погледот кон работите и од тоа дали сте на иста бранова должина.rn

    Ако ви врати за неколку минути

    rnОва е нормално за повеќето луѓе кои имаат чувства еден за друг, бидејќи значи дека не дремат со телефонот во рака, но го проверуваат доволно често за да видат да не случајно некој важен (вие) им пишал. Или тоа, или спие на телефон, но чека да поминат барем 5 минути пред да врати за да не изгледа премногу очајно.rn

    Ако ви врати еден час подоцна

    rnПовторно и овој случај е сосема нормален. На сите ни се случува понекогаш да видиме дека некој ни пишал, но сме премногу изморени и не сакаме да вратиме веднаш, или едноставно ни е потребен одмор од каква било интеракција со луѓе. Како и да е, сепак е во границите на нормалата и можете да бидете сигурни дека тој е заинтересиран за вас.rn

    Ако секогаш ви враќа во истиот временски интервал точен како часовник

    rnСте забележале ли некогаш дека некој ви враќа точно за 67 минути и тоа секогаш се случува? Постои можност да се работи за случајност, но можно е и да прочитал некаде дека 67 минути е идеалното време да се врати на порака ако сака да ја освои девојката. Во секој случај, станува збор за благо опсесивно компулсивно нарушување за кое вреди да поразговарате.rn

    Ако понекогаш ви враќа веднаш, но се случува да ви врати и 12 часа подоцна

    rnАко почесто се случува да ви врати веднаш, а тогаш кога ви вратил подоцна имал добра причина за тоа, тогаш нема за што да се грижите. Но, ако тој не дава никакво образложување зошто толку доцна вратил на пораката, ќе почнете да се чувствувате збунето и да се прашувате дали тој можеби се гледа со уште неколку девојки истовремено. За да не се измачувате себеси, најдобро е отворено да го прашате на што сте.rn

    Ако ви врати наредниот ден

    rnДоколку ова се случи, може да делува малку чудно и загрижувачко но сè уште немојте да кревате паника. Понекогаш се случува луѓето да се премногу зафатени и едноставно да заборават да одговорат на пораките или се премногу уморни и веднаш откако ќе се вратат дома заспиваат, без да остават ни трага ни глас. Се случува, без грижи.rnrnДознајте што мисли за вас според времето кое му е потребна да ви врати на поракатаrn

    Ако ви врати неколку дена подоцна

    rnОва е малку загрижувачко бидејќи речиси секој човек на планетава „виси“ на телефон 24/7. Така што ако чекал неколку дена да ви одговори, или не сака да помислите дека е премногу заинтересиран за да не изгледа очајно или едноставно не му се допаѓате толку.rn

    Ако ви врати недела подоцна како да работи во сервис за јавни услуги на огромна корпорација

    rnОсвен ако пораката не гласи: „Еј, цело мое семејство загина во драматична авионска несреќа“, ова најверојатно значи дека воопшто не е заинтересиран да разговара со вас, но тогаш се почувствувал осамено и си помислил дека една недела е сосема прифатливо време за да си ги проба шансите. Вие не сте на закачалка! Не му одговарајте!rn

    Ако ви врати после толку долго време што вие сте му го избришале телефонскиот број

    rnОва е дефинитивно едно големо не. Можете да бидете сигурно дека тој воопшто не бил заинтересиран за вас, продолжил понатаму, се гледал со неколку други девојки, раскинал со нив, и една вечер се почувствувал осамено и си рекол: „Еј сè уште го имам бројот на девојкана од пред неколку месеци. Ќе ѝ пратам СМС, сигурно ќе умре од среќа.“ Не. Не паѓајте на ова, заслужувате многу подобро.

  • 4 знаци дека љубовта има потенцијал да трае

    4 знаци дека љубовта има потенцијал да трае

    Започнавте нова врска и размислувате колку да се опуштите? Или, вашата врска преживеа некои кризни моменти, па се двоумите дали може да ја сметате како нешто вредно за долгорочно инвестирање? Проверете ги следниве 4 знаци кои доколку ги наоѓате во односот со вашиот партнер, може слободно да здивнете, бидејќи таа врска има голем потенцијал да биде долгорочна.rnrnchetiri-znaci-deka-ljubovta-ima-potencijal-da-trae-www.kafepauza.mkrnrnНо, доколку вашата врска не се поклопува сосема со принципите на здрава и долгорочна врска, можеби треба да ги преиспитате своите чувства и сериозно да разговарате со вашиот партнер.rn

    1. Ги сакате екстремните ставови на партнерот

    rnШто мислите, што е поточно, тоа дека сличниот трага по сличниот или дека различностите се привлекуваат? Генерално, точно е дека луѓето повеќе се поврзуваат со луѓето со кои имаат поголеми сличности и со кои ги делат истите вредности. Но, се разбира, ова е само генерализација. Сите лесно ќе се сетиме на парови коишто одлично функционираат и покрај тоа што едниот од нив обожава месо, а другиот е веган, или парови од кои едниот е интроверт, а другиот екстроверт.rnrnУште повеќе, екстремностите понекогаш нè привлекуваат. Па така, некое срамежливо и тивко момче може да се чувствува многу привлечено од девојка што има илјадници пријатели и е експерт за социјални мрежи. Но, како и да е, со тек на време, ова може да стане сериозен проблем. Еден од честите случаи е нарцисоидноста која нè привлекувала на почетокот, која после некое време, многу, ама многу ќе почне да ни смета.rnrnКога вашиот партнер има екстремни ставови, не е неопходно да ги споделувате и вие истите, но подобро ќе напредувате доколку ги поддржувате сосема спротивните ставови на темата.rn

    2. Вашиот партнер е пријатен, доверлив и сигурен

    rnСите имаат приоритети кога станува збор за посакувани особини кај партнерот. Некои луѓе ги ценат повеќе парите или статусот, додека за некои други, тоа е неважно. Но, без разлика кои се другите посакувани особини и идеали, скоро сите мажи и жени сакаат партнер кој е пријатен, доверлив и сигурен пријател. Ако вашиот партнер или партнерка се тополи и пријатни со вас пред други луѓе, тоа е одличен знак. Исто е одличен знак доколку се емотивно стабилни и ви даваат поддршка. Доколку се однесуваат нарцисоидно кон други луѓе, а се фини кон вас, тоа е потенцијален загрижувачки знак. Нивниот однос кон другите можеби ги открива нивните вистински бои.rn

    3. Еднакво се цените со партнерот

    rnИстражувањата покажуваат дека љубовта не е сосема субјективна, бидејќи се случува дури и странци вообичаено да се рангираат себеси во однос на другите и имаат барем приближна идеја за својата вредност во очите на другиот.rnrnПроблемите може да се појават кога двете страни во врската немаат исти ставови за вредноста на другиот. Многупати сме виделе славни и моќни личности како стапуваат во врска со некој што изгледа како да не ни има работа и интереси во животот. Имањето партнер со помало мислење за себеси или очекувања од вас, може да биде атрактивно на почетокот, но дефинитивно станува проблем после одредено време.rnrnРеалноста е дека атрактивните луѓе стапуваат во брак со други атрактивни луѓе. Може да помислите дека сите би сакале партнер со 10/10 самодоверба и успешност, но понекогаш тоа може да биде премногу стресно. На пример, доколку вашиот партнер е Марија Шарапова, сосема е возможно поголемиот дел од времето да сте загрижени дека ќе ја изгубите од некој „подобар“.rnrnГенерално, имање партнер со горе долу иста слика за себеси, е добар старт за мирна и долга врска.rn

    4. Вашиот партнер прави да се чувствувате добро во својата кожа

    rnВо среќните врски, луѓето генерално ги гледаат своите романтични партнери малку попозитивно отколку што тие сами сметаат дека се. На пример, доколку себеси би се рангирале 6 од 10, многу е извесно дека вашиот партнер би ве рангирал како 7 од 10. Овој избистрен поглед на партнерот како подобар, е всушност стожерот на функционална врска и добар знак за нејзината долготрајност. Според едно истражување, како ве гледа партнерот, е особено важно во три сфери – топлина/доверба; атрактивност/виталност; и статус/материјалност (или потенцијал за нивно стекнување). Овие три сфери се покажале многу поважно во градењето стабилна врска, од на пример, што партнерот мисли за вашето пеење под туш.

  • Што најмногу го привлекува спротивниот пол кај вас?

    Што најмногу го привлекува спротивниот пол кај вас?

    Неодамнешните психолошки истражувања, објавени во списанието „Evolutionary Psychology“ ги откриле квалитетите што жените ги сметаат за најатрактивни на машкото лице. Научниците им покажувале на жените фотографии од различни машки лица и притоа им објаснувале како тие би се однесувале во различни ситуации, на пример, при купување храна за бездомници или при помагање стари луѓе. Резултатите покажале дека жените преферираат грижливи мажи, особено кога станува збор за избор на партнер за долгогодишна врска.rnrnshto-najmnogu-go-privlekuva-sprotivniot-pol-kaj-vas-kafepauzamkrnrnАлтруизмот, како несебична грижа и љубов кон блиските се наоѓа на првото место на квалитети што им се важни на жените. Жените, сепак, сакаат кога мажите се грижливи и атрактивни во исто време. Но, кога би требало да одбираат само една особина, тогаш алтруизмот ќе го изберат пред добриот физички изглед на партнерот.rnrnОд друга страна, истражувањето објавено во списанието „Royal Society Open Science“, спровело истражувања во обратна насока, утврдувајќи кои особини на женското лице им се најпривлечни на мажите. Според ова истражување, се покажало дека на мажите им се најпривлечни едноставни лица на кои не се истакнува ништо посебно. Едноставните лица кои имаат меки контури и малку брчки, се полесни за разбирање од страна на машкиот мозок, а сите знаеме дека мажите сакаат едноставни работи. Во контекст на истото истражување, на последната група испитаници им биле покажувани фотографии на жени со различни експресии на лицето, некои се лутеле, некои биле тажни, а некои пак насмеани. Овој дел од испитувањето утврдил дека на испитаниците им се најпривлечни лицата на кои можат да прочитаат емоции што ги разбираат.

  • 15 причини зошто секој маж треба да биде со независна и амбициозна девојка

    15 причини зошто секој маж треба да биде со независна и амбициозна девојка

    Тоа е таа силна девојка која секогаш сама ги води своите битки. Одлучна, а сепак чувствителна. Девојката која ќе ве привлече со својата љубов кон светот. Таа која истовремено е независна, но и амбициозна. Девојката која секогаш вели: „Јас можам да го средам ова!“rnrn(1) 15-prichini-zoshto-sekoe-mashko-treba-da-bide-so-kje-go-sredam-ova-devojkata-kafepauzamkrnrn1. Таа има голема самодоверба бидејќи знае дека нештата зависат од неа. И покрај тоа што чувствува дека си доволна самата себеси, одбира да има романтичен партнер, што од старт ја прави нејзината врска многу пофункционална. Кога сака нешто да успее, целосно се вложува во таа цел.rnrn2. Ќе ве научи дека некои нешта што не сте ни знаеле дека постојат. Има пријатни пријатели и интереси кои без сомнение ќе ве фасцинираат.rnrn3. Не сака да ја чекаат, па затоа и секогаш ќе биде на време, без очекувања дека вие треба да ѝ ја отворите вратата или пак, да нарачате наместо неа.rnrn4. Има голема способност да завршува повеќе обврски во исто време, пред вие и да сфатите дека тие обврски постојат. Нема да седи и да се грижи за проблемите, туку ќе направи план како најбрзо да ги реши.rnrn5. Иако сте слатки и со одлични квалитети, таа не го бара Принцот за да ја спаси. Среќна е со вас, а не со сликата за мажот спасител.rnrn6. Сака да поминува време сама. Не е од оние луѓе кои мора постојано да прават нешто или да се во друштво. Така што, додека вие сте со пријателите, таа ќе поминува квалитетно време со себеси.rnrn7. Несигурноста никогаш не била нејзина слабост. Нема да ви пишува цело време со прашања каде и со кого сте, ниту ќе прави тестови за да ја провери вашата поврзаност. Не, доколку чувствува дека нешто не е во ред, веднаш ќе го каже тоа.rnrn8. Ќе ви каже каде грешите и што од тоа што го правите ја тера да се чувствува тажна. Нема да премолчи ништо за мир во врската, бидејќи смета дека искрениот разговор е основа за мир во врската.rnrn(2) 15-prichini-zoshto-sekoe-mashko-treba-da-bide-so-kje-go-sredam-ova-devojkata-kafepauzamkrnrn9. Не ѝ треба некој да ја поддржи кога носи одлуки. Таа гласно ќе ви ги каже своите размислувања, но дури и да не се согласувате, доколку таа мисли дека ќе успеат – ќе направи да успеат.rnrn10. Има и други цели освен станување госпоѓа.rnrn11. Цврсто стои на своите нозе. Емоционално, финансиски, физички. Постојано се надградува и не остава времето да ја прегази.rnrn12. Сака да го освои светот, но со љубов и разум. Доволно е силна да ја прифати вашата љубов, но никогаш нема да се претопи во неа, туку ќе биде своја и единствена.rnrn13. Кога ќе згреши – се извинува. Но, кога вие ќе згрешите, и од вас ќе очекува да се извините.rnrn14. Таа е одличен модел за вашите идни деца, особено за девојчиња. Целосно ја владее својата независност и не верува дека постои послаб и посилен пол. Секој добива онолку колку што сработил.rnrn15. Не е воопшто лесно да си заминете од неа. Кога веќе сте ја запознале и сте виделе колку е силна, ќе бидете магнетно привлечени да поминувате што е можно повеќе време со неа. Ова чувство не само што нема да исчезне со време, туку ќе станува сè посилно и посилно. Тогаш веќе ќе знаете дека сте го нашле партнерот за цел живот.

  • Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

    Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

    Кога сте принудени да го инвестирате своето време и енергија во погрешни партнери, единствениот резултат кој следува како последица е тоа што ќе завршите повредени, фрустрирани и нервозни. Во тие моменти, клучно е да го пронајдете мирот и чувството за среќа во животот и жестоко да се борите да ги задржите, не дозволувајќи некој друг да ви го одземе тоа задоволство. Сепак, не смеете да се откажете ниту од љубовта.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrnВо оној момент кога ќе ја пронајдете вистинската личност која ве инспирира и искрено ве цени, тогаш ќе се ослободите од сите стравови. Но, како да го сторите тоа без да го ризикувате мирот за кој напорно сте работеле да го култивирате во својот живот? Во продолжение прочитајте ги 9-те работи кои можете да ги направите за да се погрижите дека вашето срце ќе остане цело и безбедно.rnrn1. Избегнувајте партнери со очигледна ниска самодоверба. Ако самиот не се сака, цени и почитува тогаш сигурно нема да може да го стори истото и за вас. Пронајдете некој кој има поголема доверба во себе и своите способности.rnrnrnrn2. Погрижете се неговите семејни и пријателски вредности да се совпаѓаат со вашите. Доколку сакате да го поканите во својот живот, најпрвин анализирајте го неговото однесување. Погледнете дали неговиот однос со семејството и пријателите е цивилизиран и нормален и дали неговите обврски и одговорности се под контрола.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn3. Не го прифаќајте неговото лошо однесување. Доколку покажува негативен, критички и некомуникативен однос со пасивна агресија, тогаш разговарајте со него и кажете му како се чувствувате. Ако не може да се откаже од неговите лоши навики и одлуки, тогаш време е да ставите крај на вашето дружење.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn4. Обрнете внимание на тоа што го прави, а не на тоа што го кажува. Делата зборуваат погласно од зборовите. Оној партнер кој е љубезен, дарежлив, досетлив и способен да бара компромис е партнер кој вреди да го имате покрај себе.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn5. Погрижете се да ве вклучи во сите аспекти на неговиот живот. Доколку искрено ве сака, тој ќе го сподели неговиот приватен и професионален живот со вас и нема да се срами од фактот што токму вие сте личноста со која избрал да ја дели својата животна приказна.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn6. Бидете сигурни дека е заинтересиран за вас. Доколку навистина ве цени, тој ќе ве направи дел од неговите приоритети во животот. Ќе сака да поминува време со вас и ќе ви каже кои ваши карактеристики му се допаѓаат. Нема да има потреба да се запрашувате како тој се чувствува или што мисли за вас. Ако е заинтересиран, вие тоа ќе го знаете.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn7. Бидете сам свој адвокат. Кога нешто ви пречи, кажете му. Ако ги занемари вашите чувства или се обидува да го оправда и одбрани своето однесување, тогаш не е сѐ во најдобар ред. Барајте партнер кој знае да ги препознае своите грешки и е способен да ги направи потребните промени. Некој кој ќе знае да ги почитува вашите чувства и некој за кој ќе можете и вие да го сторите истото.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn8. Почекајте пред да спиете со него. Кога сте сериозни во потрагата по вистинската личност, добро е да почекате додека не развиете емоционална поврзаност пред да стапите во поинтимен однос. Ова е една од најдобрите стратегии за поуспешна врска.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn9. Погрижете се да се чувствувате среќно и опуштено. Ако се чувствувате анксиозно и нервозно, тогаш нешто не е во ред. Верувајте им на своите инстинкти и дајте си време. Ако има повеќе лоши отколку добри денови, тогаш време е да ја продолжите потрагата.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

  • Постојат 4 различни категории парови: Каде припаѓате вие?

    Постојат 4 различни категории парови: Каде припаѓате вие?

    Сигурно некогаш сте ги правеле тестовите на Интернет за тоа каков партнер ви одговара или какви сте вие кога сте во врска, кои ве ставаат во различни категории. Тие можат да бидат забавни, но најчесто немаат допир со реалноста.rnrn4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?rnrnНо, три научници, експерти за љубовни врски решиле да направат истражување на преку 400 парови, за да откријат како тие гледаат на нивната врска и како размислуваат на темата брак. Тие секој пар го „надгледувале“ 9 месеци. Секако не ги надгледувале директно, туку едноставно секој ден ги прашувале одредени прашања и од нив барале да водат сметка за нивните чувства и посветеност. По девет месеци, научниците ги собрале одговорите од сите парови и почнале темелно да истражуваат. Тие откриле дека паровите навистина имаат тенденција да припаѓаат кон една од овие четири категории.rn

    1. Конфликтни, но страствени

    rn4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?rnrnЗа овие парови Фејсбук ја измисли опцијата „комплицирано“ за статусот на љубовната врска. Нивните нивоа на посветеност се креваат и спуштаат, особено после караница. Но, ова не мора да значи дека е лошо. Тие ги користат овие конфликти како помош за да донесат некои одлуки за врската и всушност овие парови не раскинуваат почесто од другите категории.rnrnКако бонус, сите падови во врската се проследени со страствени помирувања. Во конфликтните ситуации, тензијата ги разделува, додека страсната привлечност ги држи заедно.rn

    2. Фокусирани на партнерот

    rn4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?rnrnАко вашата идеја за совршена вечер е долга прошетка и 8-часовен филмски маратон после тоа, тогаш вие спаѓате во оваа категорија. Овие парови поминуваат долго време заедно и делат заеднички хобија или активности во слободното време и токму ова заедничко време ги турка кон напред. Тие се многу внимателни за одлуките поврзани со врската и се најзадоволни од сите четири категории.rn

    3. „Социјални пеперутки“

    rn4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?rnrnОд друга страна, ако за вас и вашиот партнер совршена вечер би била да ги соберете сите пријатели и да поминете неколку различни барови и ноќни клубови, тогаш оваа категорија најдобро ве опишува. Овие парови често делат иста група пријатели и го користат времето поминато со пријателите да ја изградат и зацврстат нивната врска како пар. Заедничките пријатели ги прават луѓето кои се наоѓаат во врска да се чувствуваат поблиски еден со друг. Тие имаат стабилна врска и љубов која се базира на пријателството помеѓу нив, што може да биде индикатор за долгорочна среќа и благосостојба.rn

    4. Драматични

    rn4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?rnrnЗа жал, не е лесен патот на сите парови. Нештата можат да започнат добро, но за драматичните парови набргу се менуваат во лоша насока. Овие парови носат одлуки врз база на негативни искуства или нешта неповрзани со нивната врска. Токму затоа и имаат многу подеми и падови, а истовремено се менува нивната посветеност, како и грижата еден за друг. Тие почнуваат да гледаат како многу мали нешта не се во ред, а потоа негативно почнуваат да гледаат на целата врска и набрзо се откажуваат. Оттука не е изненадување што драматичните парови најмногу раскинуваат, дури два пати повеќе од другите парови.rnrnПа, која категорија е најдобра? Токму тоа е разликата од останатите тестови на интернет. Одговорот е дека не постои „најдобра“ врска. Различни парови различно функционираат. Постојат различни патиштата на љубовта и би било грешка ако сакаме да го опишеме најдобриот начин да сакате некого.