КАФЕ ПАУЗА

Tag: либидо

  • Припадничките на овие 3 хороскопски знаци имаат високо либидо и неверојатна желба за секс

    Припадничките на овие 3 хороскопски знаци имаат високо либидо и неверојатна желба за секс

    Секој има различен сексуален апетит, но некои хороскопски знаци се познати по високото либидо. Нив ги возбудува изгледот, нежниот допир, па дури и начинот на кој кажувате одредени зборови.rnrnПрипадничките на овие 3 хороскопски знаци имаат високо либидо и неверојатна желба за сексrn

    1. Скорпија

    rnСкорпиите имаат многу голем сексуален апетит. Нивниот жесток и страсен карактер е видлив во сите аспекти на животот, особено во спалната соба. Сексот со нив е секогаш возбудлив, најмногу затоа што сакаат да пробуваат нови работи.rnrnСè што треба да направите е да ја насмеете на одреден начин, да ѝ упатите „значаен“ поглед или да ја допрете и Скорпијата веднаш ќе разбере на што алудирате и ќе ја прифати играта. Луѓето кои се впуштаат во сексуални односи со Скорпиите треба да имаат високо либидо и да бидат подготвени добро да се испотат во спалната соба.rn

    2. Бик

    rnЗа жената Бик, допирот е многу важен во сексот, а бидејќи сака да се држи за раце или постојано да се гали, нејзиниот сексуален нагон е секогаш силен.rnrnТаа е многу тврдоглава и никогаш нема да признае дека е иницијатор за секс, но и двајцата партнери се свесни дека таа секогаш ве мами и индиректно алудира на секс. Нејзиниот сексуален нагон е од физичка природа, затоа обрнете внимание на допирањето, галењето, па дури и на сензуалната масажа.rn

    3. Овен

    rnЖената Овен сака добар физички предизвик, а нема подобар предизвик од сексот, нели? Сексот со неа е секогаш полн со страст, игри и експериментирање.rnrnОвните се исклучително страсни, а тоа го покажуваат и во спалната соба. Нивниот сексуален апетит е поврзан со желбата за игра.rnrnПрочитајте во кои 4 хороскопски знаци се заљубуваме најбрзо.

  • 3 причини што објаснуваат зошто сте постојано напалени

    3 причини што објаснуваат зошто сте постојано напалени

    Сексуалната возбуда и либидото се разликуваат кај секоја личност. Но, ако сте постојано напалени, можеби се прашувате дали е тоа нормално или е знак за некој поголем проблем.rnrn3 причини што објаснуваат зошто сте постојано напалениrn

    Што е нормално кога станува збор за сексуалниот нагон?

    rnЕкспертите се согласуваат дека е тешко да се утврди што е „нормално“ кога станува збор за сексуалниот нагон. Желбата за секс варира во текот на животот и никогаш не треба да чувствувате дека вашето искуство е помалку валидно од кое било друго.rnrnЗдрав сексуален нагон е оној што прави да се чувствувате пријатно, без разлика дали станува збор за секс еднаш месечно или двапати на ден.rnrnАко мислите дека имате премногу сексуални нагони или се чувствувате постојано напалени, овие три можни објаснувања откриваат зошто ви се случува ова:rn

    1. Многу ве привлекува вашиот партнер

    rnРаните фази на врската (приближно првите три месеци до две години) обично се обележани со страст и возбуда, што честопати се претвора во високо ниво на сексуална желба и активност. Ова вклучува голем број хормони и невротрансмитери кои создаваат многу силни емоционални и сексуални чувства.rn

    2. Вие сте „зависни“ од секс

    rnТаканаречената зависност од секс е слична на „зависноста“ од видеоигри, употреба на мобилен телефон или гледање порнографија. Сепак, овие однесувања не се слични на зависноста од хероин, алкохол или кокаин.rn

    3. Имате нарушување на хиперсексуалноста

    rnЗависноста од секс и хиперсексуалноста може да влијаат на функционалноста на поединците и да предизвикаат загриженост во врската.rnrnЛекарите за ментално здравје земаат предвид одредени фактори при лекување на некој што се грижи за сопственото сексуално однесување. Постојат низа причини зошто нечиј сексуален нагон може да се зголеми, што вреди да се истражат.rnrnСексот може да се користи како механизам за соочување, слично како што некои луѓе пијат или се дрогираат за да избегнат соочување со своите чувства и проблеми.rn

    Што да направите?

    rnАко забележите дека сексот влијае на вашата секојдневна функционалност, закажете преглед кај психолог или психијатар. Ако се чувствувате дека ја губите контролата или се чувствувате беспомошно, важно е да побарате помош.rnrnПрочитајте кои 5 неочекувани работи му штетат на вашиот сексуален живот.

  • Што открива омилената боја за вашето либидо?

    Што открива омилената боја за вашето либидо?

    Изберете ја омилената боја, а таа покажува каков вид либидо имате и колку сте компатибилни со партнерот кога станува збор за сексот.rnrnШто открива омилената боја за вашето либидо?rn

    Кафеава

    rnЛуѓето чија омилена боја е кафеавата се вистинско „богатство“ за своите партнери. Нивните чувства се длабоки, тие се топли и многу емотивни и чувствителни на туѓите потреби. Бидејќи се многу сензуални, со нив е секогаш вистинско време за секс, речиси секогаш се подготвени и расположени.rnrnРомантичните сцени, како прегратките пред каминот и прошетките на дожд се емотивна храна за овие луѓе. Единствено што им е важно во сексот е да имаат доволно време и приватност да се препуштат на страстите.rnrnСепак, мора да бидете претпазливи за што разговарате со нив бидејќи тие се во состојба да ја прекинат врската ако не се однесувате со почит кон нив.rn

    Црвена

    rnЛуѓето кои ја сакаат црвената боја се генерално многу страсни во кревет. Тие се возбудуваат многу лесно и сакаат да уживаат во сексот на сите можни начини и да експериментираат.rnrnОвие личности често иницираат секс и обично се доминантната страна во врската.rn

    Жолта

    rnАко вие или вашиот партнер сте љубители на жолтата боја, тоа значи дека вашето либидо е многу сложено и обично се приспособува на ситуацијата и на моменталните чувства. Иако се страсни, тие најчесто се во улога на оние кои го задоволуваат својот партнер и почесто се пасивната страна.rnrnТие имаат голем сексуален потенцијал, но ретко се ослободуваат доволно за да ѝ го покажат на другата страна.rn

    Црна

    rnОние кои ќе се определат за оваа боја, обично ја избираат по инерција, односно немаат волја да размислуваат премногу. Покрај тоа, расположението им е променливо и најдобро функционираат под притисок.rnrnБидејќи црната боја не е поврзана со либидото, обидете се да пронајдете друга омилена боја за да откриете какво е вашето либидо.rn

    Сина

    rnЉубителите на сината боја се одлични сексуални партнери. Тие обрнуваат внимание на желбите и на потребите на другата страна и сметаат дека водењето љубов е уметност. Тие се суптилни и не се вулгарни.rnrnЖените кои ја сакаат сината боја целосно и без двоумење им се препуштаат на задоволството и се големи љубители на предиграта без која не можат да замислат добар секс. Тие се добри партнери во бракот затоа што се лојални и верни.rn

    Бела

    rnЗа љубителите на оваа боја, сексот е нешто што честопати се смета за „табу“ и нешто за што не се зборува во јавноста. Тие водат љубов во темнина, немаат многу самодоверба и генерално се прилично крути и традиционални.rnrnЖените кои ја сакаат оваа боја повеќе би сакале да водат љубов облечени, додека мажите нема ни да размислуваат за секс ако претходно не се истуширале.rn

    Сива

    rnЉубителите на оваа боја може да се опишат како неодлучни. Дури и нивниот избор на боја зборува за нивната неодлучност, бидејќи тие ја доживуваат сивата како боја што не е премногу „одлучна“.rnrnТие не уживаат претерано во сексот и го доживуваат како задача. За нив е најдобро да бидат со партнер со кој им се согласуваат потребите.rn

    Розова

    rnЉубителите на оваа боја често одбиваат да пораснат во животот, вклучително и во сексот. Жените кои ја сакаат розова боја сакаат да флертуваат, а мажите се вистински женкари.rnrnТие имаат либидо како тинејџери, а сексот го доживуваат како физичка потреба, а ретко како водење љубов.rn

    Зелена

    rnЉубителите на оваа боја изгледаат свежи и невино во пристапот кон сексот. Мажите кои ја сакаат оваа боја често се несмасни во кревет, но тоа изгледа шармантно и слатко.rnrnОвие личности се нежни, но не и вистински страсни. Ако ги изберете за партнер, никогаш нема да се грижите дали ќе бидат неверни.rn

    Виолетова

    rnЉубителите на оваа боја честопати се сметаат себеси за премногу софистицирани за да можат да се тркалаат во кревет. Жените кои ја сакаат оваа боја не можат да поднесат неуредна фризура, а мажите му пристапуваат на сексот како на работа.rnrnТие често се концентрираат повеќе на сопственото задоволство отколку на задоволството на партнерот.rn

    Портокалова

    rnЉубителите на оваа боја се многу имагинативни и имаат многу сексуални фантазии. Тие го доживуваат сексот како филмска сцена во која ја играат главната улога.rnrnМажите кои ја сакаат оваа боја ќе ја влечат партнерка за коса, а жените со сигурност ќе остават траги од ноктите на грбот на партнерот.rn

    Ниту една боја

    rnАко немате омилена боја, тогаш погледнете со кои бои најчесто сте опкружени или кои бои ги носите на облеката. Сега вратете се на почетокот и изберете ја бојата што најчесто се појавува на и околу вас.rnrnРешете го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот живот.

  • Дали вашата желба за секс е нормална? Решето го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот живот

    Дали вашата желба за секс е нормална? Решето го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот живот

    Без разлика дали сакате секс секоја вечер или само еднаш годишно, треба да знаете дека секој има различно либидо. Ако се прашувате дали вашето либидо е нормално, сега лесно можете да дознаете со помош на овој тест. Дополнете ги следните реченици и соочете се со вистината.rnrnДали вашата желба за секс е нормална? Решето го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот животrn

    1. За мене е идеално да имам секс:

    rnА) секој денrnrnБ) неколкупати неделноrnrnВ) секоја недела или секоја втора неделаrnrnГ) еднаш месечно или помалкуrn

    2. Кога сум стрес, моето либидо:

    rnА) не се менува значителноrnrnБ) варира, но сепак можам да се возбудамrnrnВ) е на многу пониско нивоrnrnГ) целосно исчезнуваrn

    3. Мојата здравствена состојба:

    rnА) јас сум во добра физичка и ментална формаrnrnБ) во ред е, но земам лековиrnrnВ) лошата исхрана и неактивниот начин на живот ми ја трошат енергијатаrnrnГ) страдам од сериозна болестrn

    4. Мојот однос со партнерот:

    rnА) е одличен во сите областиrnrnБ) може да биде подобро ако се подобри комуникацијатаrnrnВ) малку е заладен во последно времеrnrnГ) не ни оди од ракаrn

    5. Што се однесува до моето тело:

    rnА) задоволна сум со сè што можам да направамrnrnБ) се чувствувам пријатно во сопствената кожаrnrnВ) ми недостасува младостаrnrnГ) не се чувствувам поврзано со негоrn

    6. Што се однесува до моите сексуални фантазии:

    rnА) имам многу и сакам да ги пробам со мојот партнерrnrnБ) зависи – кога сум стрес, мојата фантазија најмногу страдаrnrnВ) немам доволно време за фантазии – животот е доволно комплициранrnrnГ) ги истражувам насамоrn

    7. Оргазми:

    rnА) лесно ги доживувам и уживам во тоаrnrnБ) ми треба време да ги доживеамrnrnВ) мене не ми се важни за добар сексrnrnГ) Што е тоа оргазам?rn

    8. Мојата исхрана:

    rnА) е добро избалансиранса и вклучува овошје, зеленчук и јаткасти плодовиrnrnБ) здрава е, но вклучува премногу алкохолrnrnВ) ѝ недостасуваат повеќе свежи намирнициrnrnГ) не е многу здраваrnrnПрочитајте ги резултатите на следната страница…rnrn

  • Врз сексуалното либидо кај жените може да влијаат овие состојби

    Врз сексуалното либидо кај жените може да влијаат овие состојби

    Професорката по гинекологија на Медицинскиот факултет во Фајнберг, Америка, Лорен Стрејчер вели дека скоро секоја болест може да биде придружена со замор, вознемиреност, болка или несоница, а сето тоа може да го наруши здравиот сексуален живот.rnrnВрз сексуалното либидо кај жените може да влијаат овие состојбиrnrnСпоред неа сè што ги менува хормоните, како што е хипотироидизам, дијабетес или менопауза, може да биде проблематично за редовниот секс. Хормоните и невротрансмитерите треба да дојдат до вистинските места во телото, но здравствените проблеми што влијаат на протокот на крв може да влијаат и на возбудувањето и оргазамот, а некои лекови може да создадат поголеми сексуални проблеми и од самата болест – предупредува д-р Стрејчер, исто така, наведувајќи ги и медицинските состојби кои најчесто го саботираат сексуалниот живот. А, тоа се:rn

    Срцеви заболувања

    rnСрцевите заболувања се убиецот број еден на припадничките од женски род, а исто така тие ја уништуваат и сексуалната функција кај нив. Но, немојте да се грижите, сексот не може да придонесе за доживување срцев удар – редовниот сексот со вашиот партнер само малку го зголемува пулсот на срцето.rn

    Депресија и антидепресиви

    rnДепресијата и лековите што се користат за нејзино лекување може да влијаат врз либидото и возбудувањето, а губењето на либидото може да биде првиот знак на болест. Жените со биполарно нарушување, шизофренија или психоза, исто така, честопати имаат проблеми кои може да бидат директно поврзани со земањето вакви лекови.rn

    Мултиплекс склероза

    rnСе работи за хронично заболување кое ја оштетува заштитната обвивка околу нервите и овие оштетувања може да предизвикаат сензорни проблеми, меѓу другите последици. Во една студија, 62% од жените со оваа болест пријавиле губење на гениталните сензации, а 32% од нив пријавиле губење на можноста за постигнување оргазам.rn

    Дијабетес

    rnДијабетесот може да го оштети циркулаторниот и нервниот систем, што кај жените кои имаат вакво заболување го намалува либидото и возбудувањето, ја зголемува болката за време на сексуалниот однос и го спречува оргазмот. Капиларите што се потребни за подмачкување на вагината се особено ранливи, па затоа не е чудна ниту сувоста која е честа сексуална проблематика кај дијабетичарите.rn

    Артритис

    rnМногу е тешко за лицето со намалена подвижност да има секс во нормалните сексуални пози. За некои жени со тежок артритис, дури и раширувањето на нозете е болно, а движењето може да биде посебен предизвик.rn

    Како да си помогнете?

    rnСето ова може да ви звучи застрашувачки, но секој од овие проблеми може да се реши, па затоа посетете специјалист по упат од вашиот матичен лекар.rnrnМожеби сакате да прочитате и 5-те најчести причини зошто некои жени чувствуваат болка за време на сексот.

  • 7 причини поради кои ја губите желбата за секс

    7 причини поради кои ја губите желбата за секс

    Иако љубовта е најважното нешто во врските, и страста има голема улога. Кога ќе исчезне страста, со текот на времето избледува и љубовта, а сигурно ни вие ни партнерот не го посакувате тоа. Ако сте забележале дека во вашата врска има сè помалку страст, можеби и сами сте криви за тоа. Следниве 7 грешки можат да ја „убијат“ вашата желба за секс.rnrn7 грешки поради кои ја губите желбата за сексrn

    1. Диета

    rnАко не јадете доволно и ако постојано сте гладни, може да ви се намали и либидото. Помалиот внес на калории во организмот го намалува и внесот на енергија. Поради ова губите „апетит“ за секс.rn

    2. Недоволно спиење

    rnАко спиете помалку од 5 часа дневно, доаѓа до намалување на лачењето на машкиот хормон тестостерон. Ова пак предизвикува намалена желба за секс. Недостатокот од сон е одговорен и за намалување на женското либидо.rn

    3. Пилули за контрацепција

    rnИстражувањата спроведени минатата година го потврдиле сомнежот дека контрацепциските пилули ја намалуваат желбата за секс кај жената.rn

    4. Прејадување

    rnАко сте склони кон прејадување, сигурно нема да можете да бидете активни во кревет по обилен оброк. Консумирањето намирници кои имаат премногу заситени масти директно влијае на дотокот на крв во половите органи.rn

    5. Стрес

    rnВо едно истражување, дури 60% од жените изјавиле дека заморот и стресот им се главни причини за намалената желба за секс. Истото важи и за намалената желба за секс кај мажите.rn

    6. Депресија

    rnОваа ментална состојба има големо влијание на либидото. Дури 70% од испитаниците во едно истражување кои имале депресија, изјавиле дека болеста им ја намалила желбата за секс. Исто така потврдено е дека ваков ефект имаат и некои антидепресиви.rn

    7. Анемија

    rnКај жените и анемијата може да биде одговорна за намалената потреба за секс. Можете да го решите проблемот со внесување повеќе железо.rnrnПогледнете и кои други нешта имаат негативно влијание на желбата за секс.

  • 10 причини зошто не сте расположени за секс

    10 причини зошто не сте расположени за секс

    Мора да признаете дека понекогаш колку свеќи и да запалите и колку и да пуштате романтична музика, едноставно не сте расположени за водење љубов. Тоа е сосема во ред, бидејќи не мора постојано да имате сексуални потреби. Но, ако забележите дека поминале со недели или месеци од последниот пат кога сте имале односи со партнерот, време е да обрнете внимание на следниве 10 уништувачи на либидото…rnrn10 причини зошто не сте расположени за сексrn

    1. Вниманието ви е одвлечено

    rnКонечно имате малку време за партнерот и вие што правите? Го чепкате телефонот и одново прегледувате што се случува на почетната страница на вашиот Фејсбук профил. Веднаш престанете со ова и обрнете му внимание на партнерот.rn

    2. Спалната соба ви е хаос

    rnВерувале или не, сексуалната желба зависи од хигиената на домот. Кој би сакал да води љубов додека корпата е преполна со ѓубре, а на креветот имате оставено еден куп облека?! Не мора да направите којзнае каква генералка, но барем избришете прашина и наместете го креветот!rn

    3. Сте се здебелиле

    rnАко внимавате на тежината, овој проблем може да ви влезе во глава. Но, бидете сигурни дека неколкуте вишок килограми нема да му пречат на партнерот. Обидете се да разберете дека вашите сакани не се со вас поради вашето тело и вашата сексуална привлечност дефинитивно не зависи од салцето на стомакот.rn

    4. Не вежбате доволно

    rnКога чувствувате дека сте излегле надвор од форма, последното нешто што ви паѓа на памет е да се соблечете голи. Освен тоа, вежбањето ослободува ендорфини, хормони кои ја зголемуваат сексуалната желба.rn

    5. Под голем стрес сте

    rnЛесно е да заглавите во напорното секојдневие. Стресот е неизбежен дел од животот. Но, не смеете да му дозволите да влијае на вашиот сексуален живот. Вежбајте, медитирајте и релаксирајте се за да си ја вратите желбата за водење љубов.rnrn10 причини зошто не сте расположени за сексrn

    6. Имате холивудски очекувања

    rnОние секс сцени што ги гледате на филмовите кога глумците спонтано ги соблекуваат маиците и водат љубов на трпезариска маса не се реални. Наместо да ги споредувате вашите сексуални искуства со оние од „50 нијанси сиво“, фокусирајте се на непредвидливите работи. Отворете се и бидете спонтани.rn

    7. Премногу ви е удобно

    rnСупер е тоа што можете да споделите многу работи со партнерот, од вашите најдлабоки стравови па сѐ до вашите приказни од тоалетот. Но, понекогаш преголемата удобност ја уништува желбата за секс. Сосема во ред е тоа што не ви се прави ништо освен да лежите во кревет по тренерки, но тоа не треба да го намали вашето либидо.rn

    8. Има тензија во врската

    rnИ покрај тоа што ве нервираат некои навики на партнерот, обидете се да не ѝ дозволите на тензијата да расте. Тензијата е главниот убиец на сексуалната желба. Мора отворено да разговарате, да ги решите проблемите и да се извините доколку сте погрешиле. Дури и да ви се чини дека разговорот ќе ги влоши работите, отвореноста може да го распламти вашиот однос.rn

    9. Депресивни сте

    rnДепресијата ве истоштува и ја „цица“ целата ваша енергија, вклучувајќи го и сексуалниот апетит. Ако земате антидепресиви, на тој начин уште повеќе го намалувате вашето либидо и си ги уништувате шансите да доживеете оргазам. Обидете се да ја најдете причината за вашата депресија и направете ги потребните промени за да го победите овој сериозен проблем.rn

    10. Имате деца

    rnВашите прекрасни деца можеби се производ на водењето љубов, но можат да бидат и главни „убијци“ на вашиот сексуален живот. Многу жени се плашат дека децата ќе ги слушнат додека имаат секс и затоа го одбегнуваат тоа. Но, вистината е дека мајките и татковците треба да имаат секс. Признајте си го тоа и фрлете се на работа!rnrnДоколку не ја пронајдовте причината за вашето намалено либидо, прочитајте ги и овие 4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за секс.

  • Дознајте кој подарок го зголемува женското либидо

    Дознајте кој подарок го зголемува женското либидо

    Верувале или не, едноставниот букет цвеќе не само што го разнежува женското срце туку и го зголемува женското либидо. Ова откритие е резултат на една анкета направена во Франција.rnrnДознајте кој подарок го зголемува женското либидоrnrnОколу 63% од жените на возраст од 18 до 24 години признале дека откако ќе добијат букет цвеќе како подарок од партнерот, имаат зголемена сексуална желба, а истиот одговор го дале и 50% од жените помлади од 65 години. Во анкетата учествувале 3.406 Французинки.rnrnРезултатите покажале дека 62% од жените кои се во врска со истиот партнер најмалку 3 години, имаат зголемена желба за водење љубов доколку саканиот им подари букет цвеќе. Но, овој „букет ефект“ венее како исушено цвеќе откако врската ќе „наполни“ 10 години. Во тој случај, букетот го зголемувал либидото кај 48% од испитаните жени.rnrnШто се однесува до верноста, 64% од жените одговориле дека таквиот гест нема да ги увери дека партнерот им е верен. Спротивно на тоа, 52% од испитаниците одговориле дека добиеното цвеќе од партнерот ги поттикнува да бидат верни.rnrnШто мислите вие на оваа тема? Се согласувате дека е доволно да подарите букет цвеќе за да ја направите саканата среќна?rnrnАко не сте расположени за подарување букет цвеќе, прочитајте која храна го подобрува либидото.

  • Дали вашиот партнер редовно вежба? Дознајте како влијае тоа на вашиот сексуален живот

    Дали вашиот партнер редовно вежба? Дознајте како влијае тоа на вашиот сексуален живот

    Физичката активност има многу здравствени придобивки за кои сите сме чуле: Подобар сон, повеќе енергија, подолг живот. Меѓутоа, најновите истражувања спроведени на Универзитетот во Северна Каролина откриваат дека мажите кои многу вежбаат имаат помал сексуален апетит од оние со поопуштени навики за вежбање.rnrnДали вашиот партнер редовно вежба? Дознајте како влијае тоа на вашиот сексуален животrnrnВо истражувањето учествувале 1.077 физички активни мажи кои требале детално да одговорат на прашањата колку често помислуваат на секс и имаат односи, како и колку често и со каков интензитет вежбаат. Тогаш истражувачите ги поделиле мажите во групи според навиките за вежбање, интензитетот на вежбите, нивната сексуална желба и возраст.rnrnРезултатите биле јасни. Мажите кои вежбале најинтензивно и најдолго имале најмало сексуално либидо од сите други групи во истражувањето. Истражувачите немаат точно објаснување зошто е тоа така, бидејќи не ги одредиле можните причини и врски меѓу вежбањето и сексуалниот живот. Сепак, се претпоставува дека намаленото ниво на тестостерон по вежбањето и исцрпеноста се главните виновници.rnrnИако станува збор за мало истражување, експертите советуваат дека мажите кои имаат проблем со сексуалната желба треба да намалат со посетите на теретаната и да видат дали тоа ќе им помогне. Ако ништо друго, барем ќе имаат повеќе време за да „вежбаат“ меѓу чаршафите.rnrnДоколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, погледнете ги овие секс-вежби за затегнато тело и добра кондиција.

  • Пијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодност

    Пијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодност

    Тајниот рецепт за подготовка на овој мистериозен пијалак се пренесувал со генерации од колено на колено во Индија и во уште некои азиски земји. Традицијата се задржала и се почитува до ден денес.rnrnПијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодностrnrnСпоред традицијата, младоженецот и невестата добивале шишенце со овој пијалак кој требало да го испијат пред првата брачна ноќ, бидејќи се верувало дека на тој начин ќе се подобри квалитетот на семената течност кај мажите, а со тоа ќе се зголемат и шансите за бременост кај жената. Тајната е во сувото грозје кое содржи агринин, клучната состојка која се користи во терапијата за еректилна дисфункција. Освен тоа, се верува дека пијалакот ја зголемува сексуалната енергија и издржливост.rnrnПогледнете го оригиналниот рецепт за овој пијалак со индиско потекло…rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 30 грама суво грозје
    • rn011

    • 200 милилитри млеко
    • rn011

    • шафран
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДобро измијте го сувото грозје и стоплете го во неоштетен емајлиран сад заедно со млекото. На крајот додадете малку шафран.rnrnПијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодностrnrnНа почеток, пијте ја оваа количина три пати дневно, а по некое време зголемете ја количината на сувото грозје на 50 грама, сѐ додека не биде решен проблемот.rnrnЗа сувото грозје исто се верува дека има и други позитивни ефекти на здравјето, односно помага за регулирање на високиот крвен притисок, прекумерната тежина, ги спречува канцерогените заболувања, помага при анемичност, а одлично е и за тенот и косата.