КАФЕ ПАУЗА

Tag: либидо

  • Дознајте како се поврзани храната и сексот

    Дознајте како се поврзани храната и сексот

    Врските помеѓу храната и сексот откриваат што е она што ја храни нашата сексуална желба, но и што може значително да ја намали. Понекогаш храната и сексот се како најдобри пријатели кои со заеднички сили ви овозможуваат да поминете незаборавна ноќ помеѓу чаршавите, но понекогаш тие се смртни непријатели кои работат еден против друг, што придонесува кон тоа целосно да изгубите апетит.rnrnДознајте како се поврзани храната и сексотrnrnИако постојат некои луѓе кои обожаваат да ги прават и двете нешта истовремено, останатите не припаѓаат во таа категорија. Но, храната и сексот можат да се соединат на многу покомплексни начини. Она што ќе го изедете за вечера со вашиот партнер може да влијае на вашето либидо подоцна, или, пак, чувството кое го имате кога копнеете по парче чоколадна торта може да биде зачудувачки слично со чувството кое се јавува кога ќе ја погледнете личноста која сексуално ве привлекува. Сите ние гладуваме по нешто, а дали се работи за храна или секс, во голема мера зависи од расположението. Во продолжение прочитајте како се поврзани храната и сексот и обидете се тие врски да ги искористите во ваша полза…rn

    Денешните генерации сметаат дека храната е исто толку задоволувачка колку сексот

    rn11.976 мажи и жени биле вклучени во едно истражување и од нив било побарано да зборуваат за храната што им се допаѓа. Резултатите покажале дека 54% од испитаниците на возраст помеѓу 18 и 37 години веруваат дека храната може да биде исто толку задоволувачка колку сексот. Интересно е тоа што жените повеќе верувале во ова отколку мажите. Можеби затоа што најголемиот дел од жените по секое разочарување бараат утеха во храната, којзнае.rn

    Жените подобро одговараат на романтични гестови кога се најадени

    rnИстражувачите откриле дека жените подобро флертуваат и одговараат на романтичните гестови кога не се гладни. Откако 20 жени гледале слики од парови како прават романтични нешта и слики од неутрални работи, со помош на скенер на мозок се открило дека внесените калории ги активираат деловите од мозокот заслужни за романтичните чувства. Кога сме гладни ние сме нервозни, напнати и анксиозни, но откако ќе се заситиме, можеме да се фокусираме на позитивните чувства.rn

    Количината на храната што ја јадете може да влијае на вашето либидо

    rnСе чини дека постои поврзаност помеѓу тоа колку јадете и колку сте расположени за секс. Дали некогаш ви се случило да изедете цела пица или сочен хамбургер? По таа количина на храна, веројатно сексот не ви ни паднал на памет. За целите на едно истражување, од испитаниците било побарано да ги намалат калориите што ги внесуваат за 25% во текот на 2 години. Резултатите покажале подобрување на расположението, намален стрес и зголемено либидо. Но, сепак не треба да претерувате со намалување на калориите што ги внесувате, бидејќи тоа може да биде опасно, а и никој не сака да има секс ако е постојано гладен. Истото истражување потенцира дека одредени начини на исхрана можат да го влошат вашето расположение, што исто така го убива либидото. Во секој случај, добро е да се знае дека количината на храната што ја јадете има големо влијание на вашето либидо.rnrnДознајте како се поврзани храната и сексотrn

    Видот на храната што ја јадете влијае на вашето либидо

    rnПознато е дека одредени видови храна го зголемуваат либидото како што се боровинките, црешите, циметот, брокулите, смоквите, какаото, авокадото, бананите, јагодите, кавијарот, зелената салата и многу други. Па, дали афродизијаците навистина постојат? Научниците одговараат потврдно, но многу е покомплицирано од тоа дека ако изедете одреден вид храна веднаш ќе бидете сексуално возбудени. Вистината е дека секоја храна што ја зголемува циркулацијата и производството на серотонин во мозокот е добра за либидото. Подобрата општа благосостојба резултира со повеќе енергија, а тоа, пак, доведува до повеќе уживање во сексот.rn

    Јаболката можат да го подобрат сексот

    rnСпоред едно истражување спроведено на 731 здрави Италијанки на возраст помеѓу 18 и 43 години, оние кои јаделе повеќе од едно јаболко во денот, изјавиле дека забележале зголемена лубрикација и сексуална желба. Medical Daily тврди дека јаболката содржат флоридизин, клучната состојка која е слична на женскиот полов хормон естрадиол, кој игра голема улога во вагиналната лубрикација и женската сексуалност. Дали тоа значи дека едно јаболко на ден може да ве одведе до задоволувачки секс? Последиците од вашата консумација на јаболка може да варираат, но несомнено е дека секогаш ќе бидат слатки.

  • 4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за секс

    4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за секс

    Според неодамнешни истражувања, скоро 11% од жените на возраст помеѓу 18 и 44 години се соочуваат со овој сексуален проблем. Иако не изгледа многу, сепак станува збор за загрижувачка бројка. Со оглед на тоа што никој не знае точно како треба да изгледа едно „нормално“ либидо, многу научници се согласуваат дека тоа е индивидуално за секоја жена. Токму затоа и нивното мислење е поделено околу заклучокот дека решението се наоѓа во лековите.rnrn4 нешта кои можат негативно да влијаат врз вашата желба за сексrnrnПроизведувачите тврдат дека лекот ја лечи сексуалната дисфункција кај жените, која најчесто се манифестира преку недостаток или намален интерес за сексуална активност, фантазија, задоволство или возбудување (дури и покрај иницијативата на партнерот) кои траат повеќе од 6 месеци, а не се предизвикани од други фактори. Следниве 4 причини се најчестите фактори кои можат да влијаат врз вашиот сексуален живот и за кои не ви требаат лекови за да се справите со нив.rn

    1. Пилули за контрацепција

    rnСексуалниот нагон е под контрола на хормоните, како што е тестостеронот. Постојат одредени пилули за контрацепција кои го намалуваат создавањето на тестостеронот, па затоа и директно влијаат врз намалување на либидото. Според едно истражување, дури 25% од испитаниците почувствувале намалена заинтересираност за секс додека биле на пилули, но според експертите, само мал број жени можат да бидат толку драстично погодени на овој начин. Сепак, доколку почувствувате дека вашата сексуална желба се намалува по почнувањето со пилули за контрацепција, обидете се да се заштитите од несакана бременост со некој од другите методи.rn

    2. Расположение

    rnДепресијата, исто како и земањето антидепресиви, можат погубно да влијаат врз либидото. Сексот исчезнува од листата на приоритети за вашиот организам, бидејќи тој е целосно фокусиран на борење со тешката ситуација во која се наоѓа. Оваа реакција е иста како и кога се борите со одредена болест. Токму тоа може да го објасни и фактот дека проблемите со тироидната жлезда, која го контролира метаболизмот, исто така се поврзани со промени во сексуалните желби.rnrnИмајќи го ова на ум, вие не треба да бидете во тешка депресија за тоа да се одрази на вашето либидо. Најчесто главниот виновник за овој проблем е токму секојдневниот стрес. Новите истражувања покажуваат дека неправилностите во чукањето на срцето и забавениот пулс, кои се поврзани со високото ниво стрес, исто така се поврзуваат и со сексуалната дисфункција. Кортизолот и адреналинот кои се лачат за време на стресот го менуваат начинот на кој нашето тело се однесува во поглед на сексот.rnrnНајдобар совет: Вежбајте! Физичката активност му сигнализира на вашето тело дека сте избегале од стресот. Сонот исто така може многу да ви помогне. Обезбедете си дополнително време за одмор и постојат 14% повеќе шанси дека уште следната вечер ќе имате секс.rn

    3. Сексуална добросостојба

    rnНекои дами имаат разиграно либидо, кое во споредба со желбата на партнерот или со нивните лични очекувања, делува како недоволно. Многу жени имаат јасна слика за тоа колку често би требало да имаат секс. Ако ги прашате, поголемиот дел од нив би ви рекле дека магичната бројка е 2 пати во неделата. Токму затоа и се чувствуваат нервозно доколку не ја исполнат оваа норма. Бидејќи нервозата е спротивна на возбудата, тоа води кон критичност за сопственото либидо, сексуалниот чин или телото, што најчесто предизвикува еден вид сексуална кочница. Иако не е лесно да се негува љубов кон себе, таа може многу да ви помогне во вашиот сексуален живот. Најдобриот начин за постигнување сексуална добросостојба е доколку целосно го прифатите вашиот дух и тело.rn

    4. Партнер

    rnЕдна од добрите страни кај долгите врски е што можете да имате секси акција секоја вечер, се согласувате? Но, токму тука е и проблемот. Кога се наоѓате во долга врска, постојат реални шанси да не сакате секс секоја вечер. На почетокот тоа ви изгледало како незамисливо, но со тек на време оваа желба се намалува. Тоа не значи дека вашата врска е лоша, туку дека едноставно влегувате во нова фаза со вашиот партнер. Едноставно пробајте да ги гледате нештата од друг агол и одеднаш сè ќе стане подобро.

  • Порно шејк: Афродизијак кој ќе ве претвори во ѕвер

    Порно шејк: Афродизијак кој ќе ве претвори во ѕвер

    Знаете дека одредена храна има моќ да го поттикнува либидото, но што мислите дека ќе се случи доколку искомбинирате неколку вакви, внимателно одбрани природни афродизијаци? Овој шејк лесно можете да го направите сами, а покрај тоа што е неодоливо вкусен, има навистина силни и моќни својства заради кои ќе треба да се подзамислите на кого ќе му го сервирате.rnrnПорно шејк: Афродизијак кој ќе ве претвори во ѕверrn

    Потребни состојки:

    rn1/2 шолја сечкан ананасrn1/3 шолја индиски оревиrn1 лажичка кокосово маслоrn1/4 лажичка рендан ѓумбирrn1/2 замрзната бананаrn1 шолја водаrnМалку нарендано црно чоколадоrn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки, освен чоколадото, во блендер и блендирајте. Сервирајте во чаша и додадете го наренданото чоколадо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 начини на кои стресот може да ви ја уништи врската

    6 начини на кои стресот може да ви ја уништи врската

    Стресот може да нè убие сите – секој доктор би се согласил со тоа. Тој нè потиштува, ги уништува нашите навики за спиење, прави да изгледаме постаро, па дури и да качиме некое кило. Тој дури влијае и на нашето здравје. Токму затоа не е изненадување дека влијае негативно и врз нашиот сексуален живот, а со тоа има разорна моќ врз самата љубовна врска.rnrn6 начини на кои стресот може да ви ја уништи врскатаrnrnКлиничкиот хипнотерапевт Џон Мекгреил вели:rn

    „Околу 80% од моите клинички случаи вклучуваат луѓе кои се под преголем стрес и анксиозност, а тоа може да има разорен ефект врз сексуалниот живот. Стресот е физиолошки и емоционален одговор на опасна ситуација. Во модерното општество луѓето запаѓаат под хроничен стрес кој има негативно и долгорочно влијание и врз умот и врз телото. Оваа константна изложеност на стрес е корозивна и може да предизвика најразлични физички и емоционални проблеми. Но, она што е најиронично е дека сексот всушност го намалува стресот. И не само тоа, тој е добар и за срцето, имунитетот како и за тестостеронот и естрогенот.“

    rnДоколку сте постојано под стрес, големи се шансите дека покрај вашето здравје, ќе страда и вашата врска. Погледнете ги наредниве 6 начини на кој стресот влијае врз сексуалниот живот, а со тоа и ја уништува врската.rn

    1. Замор

    rnПретераниот замор е несакана последица од стресот. Доколку сте постојано уморни, големи се шансите дека нема да се вклучувате во интимни односи кои бараат повеќе енергија.rn

    2. Физичка реакција (или нејзин недостаток)

    rnДоколку вашиот ум „верува“ дека е под закана, тоа може да го намали вашето либидо. Кај жените влијае така што не чувствуваат возбуда, а кај мажите се намалува можноста за ерекција. Стресот може да биде виновен и за трошење на вашата енергија, а со тоа и уништување на вашиот сексуален нагон. Тој може да се манифестира како вознемирен стомак, болка во вратот, болки во грбот или пак, главоболки. Сите овие нешта можат да доведат до непријатни чувства кои ве оттргнуваат од интимноста.rn

    3. Нарушено расположение

    rnСите кои имале тежок ден знаат како да е се вратат дома по голем стрес и токму таа напнатост и нервоза може да предизвика губење на сексуалните чувства. Причината за тоа е што идентитетот на многу луѓе (особено на мажите) е поврзан со успехот и паричната добивка. Доколку тие не се успешни на ова поле, останатите делови од нивното тело исто така почнуваат да се исклучуваат. Овој процес започнува со сексуалната енергија. Но, стресот е особено деструктивен кај жените, бидејќи мажите полесно се возбудуваат. На жената ѝ е потребна соодветна атмосфера и расположение за да може да ужива во сексуалниот однос.rn

    4. Стрес во врската

    rnКога парот е константно под стрес, хормонот окситоцин (кој е задолжен за поврзување, интимност и емпатија) е намален. Според д-р Џанет Рејмонд, психолог и експерт за стрес и неговото влијание во врската, кога двете страни се во „одбранбена“ позиција, ниту еден од нив нема да сака да се предаде на ранлива ситуација како сексот. Хормоните како кортизолот кои го следат стресот, ве држат постојано на штрек и не ви овозможуваат да се предадете на вашиот партнер. Од друга страна пак, можно е да се појават и интензивни игри на моќ како груб секс во најразлични форми кој повеќе води кон доминација врз партнерот отколку кон задоволување на потребите.rn

    5. Стрес поврзан со анксиозноста

    rnКога сте под стрес, дали можете да бидете расположени за секс? Најверојатно не. Стресот кој се формира од анксиозноста, стравот или гневот резултира со трошење на енергијата и намалено либидо. Мажите во овие ситуации имаат ризик од импотенција, додека пак жените можат да доживуваат болен однос бидејќи вагиналните мускули им се затегнати.rn

    6. Недостаток на сексуални односи со романтични емоции

    rnСтресот може да предизвика да бидете со личност која не го цени вашиот труд. Потребата за валидација го намалува либидото и ја променува природата на врската од еднакви партнери во однос кој наликува на родител – дете каде што личноста која ја има улогата на „детето“ очајно се обидува да биде забележана и да привлече внимание. Во оваа ситуацијата сексот е последното нешто кое би ви паднало на памет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Формата на брадата кај жените открива каков е нивниот сексуален апетит

    Формата на брадата кај жените открива каков е нивниот сексуален апетит

    Група психолози потврдиле нешто кое веќе го знаевме или во кое барем се сомневавме – жените со широка и силна вилица имаат посилно либидо.rnrnФормата на брадата кај жените открива каков е нејзиниот сексуален апетитrnrnТие им дале прашалник на група жени со различна форма на брадата и дошле до ваков заклучок според одговорите што ги добиле. Очигледно било дека оние со поширока и силна вилица имаат поразновиден и побогат сексуален живот од другите затоа што имаат и посилно либидо. Не ја барале причината поради која тоа е така, туку се обиделе да откријат како мажите реагираат на различните форми на брада без да знаат за прашалникот кој претходно им бил даден на жените.rnrnЗаклучиле дека тие послабо реагирале на овие жени и ги преферирале жените со понежни линии на лицето. Психолозите претпоставуваат дека тоа е така поради тоа што оние со широка вилица имаат повисоко ниво на тестостерон и затоа се склони кон промискуитет, а мажите тоа потсвесно го препознаваат поткрепувајќи ја нивната претпоставка.

  • Кои се четирите најпромискуитетни хороскопски знаци?

    Кои се четирите најпромискуитетни хороскопски знаци?

    На кои знаци им е најтешко да ги зауздаат своите сексуални желби?rnrnkoi-se-chetirite-najpromiskuitetni-horoskopski-znaci-kafepauza.mkrn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат да имаат опции за сè во животот, па така си чуваат во резерва и партнер со кого ќе ги задоволат своите сексуални желби кога за тоа ќе им се јави потреба. Тие нема да се двоумат ниту да растурат нечија врска само за да стигнат до тоа. Постојано се во потрага по нешто ново за забава и постојано бараат нови начини да се задоволат себеси и своите партнери.rn

    Стрелец

    rnСе чини дека либидото на Стрелецот никогаш не е задоволено. Тоа е најдивиот знак во зодијакот и секогаш сака да е слободен. Сака да проба од сè по нешто, а потоа веднаш да се префрли на нешто друго. Не се плашат да си ги испробаат шансите кај кого било. Сакаат да имаат по неколку опции за моментите кога ќе треба да изберат со кого сакаат да одат в кревет.rn

    Риби

    rnРибите сакаат да прават мали сексуални излети, но нивната промискуитетност не произлегува од тоа. Тие сонуваат за совршениот партнер и затоа испробуваат многу партнери пред да се скрасат со вистинскиот.rn

    Скорпија

    rnСкорпијата е знакот кој е синоним за секс. Тие се опседнати со сексот. Многу ги интригира и обидувајќи се да дознаат што повеќе за него, тие ќе сменат многу партнери.rn

    Прочитајте и:

    rn

  • Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат

    Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат

    Оние кои веруваат во астрологијата треба да водат сметка и за хороскопскиот знак на својот партнер, бидејќи според статистиката, припадниците на овие 3 најчесто изневеруваат.rnrnТрите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваатrn

    Овен

    rnОгнениот знак е познат по својот „краток фитиљ“ и изразен темперамент, но не само по тоа. Овните се познати и како многу страсни љубовници на кои сексуалната енергија им е многу важна. Бракот ретко ги смирува, напротив, многу припадници на овој знак лошо го поднесуваат. Либидото им е воглавно поголем непријател одошто пријател, бидејќи многу често не се во состојба да го контролираат. Тие заради „пеперутките во стомакот“ лесно ќе се впуштат во афера, па дури и ќе го променат партнерот, особено ако новата љубов им пружа поголема возбуда во кревет.rn

    Вага

    rnЗаради својата неодлучност и претераната желба да остави добар впечаток, Вагата многу лесно ќе се впушти во флерт кој често може да прерасне во нешто друго. Припадниците на овој хороскопски знак се многу страсни, но истовремено и многу фантазираат за филмска љубов во која во сè ќе им се угодува. Заради тоа лесно паѓаат на комплименти, што може да биде многу опасно.rn

    Стрелец

    rnУште еден огнен знак кој не може да си го замисли животот без секс. Ќе направи прељуба, но не заради своите емоции, туку исклучиво водејќи се од своето либидо. Стрелците не гледаат на изневерувањето како на неморален чин, туку повеќе како на спорт кој едноставно мора да го практикуваат одвреме-навреме. Припадниците на овој знак обично водат грижа за својот физички изглед, а познати се и по својот шарм на кој ретко кој може да му одолее.

  • Како да направите сексуално кафе? Да, и тоа навистина постои!

    Како да направите сексуално кафе? Да, и тоа навистина постои!

    Кафе кое покрај тоа што ќе ве снабди со потребната кофеинска доза, туку и вашата утринска рутина ќе ја претвори во извор на силна сексуална желба

    rnkako-da-napravite-seksualno-kafe-da-i-toa-navistina-postoi-kafepauza.mkrnrnОва кафе е базирано на состојки кои спаѓаат во суперхраната, а се користеле уште од античко време за поттикнување на сексуалниот нагон.rn

    Придобивки од состојките:

    rnМака: Тоа е ацтетски корен, кој обично се користи сомелен во прав. Како адаптоген го поддржува телото во создавање на ензимите кои му се потребни за да ги балансира хормоните и да ја поттикнува плодноста. Често се препорачува како афродизијак кој може да го подигне либидото.rnrnКакао: Суровото какао е стимуланс. Го поттикнува крвотокот и го стимулира телото да ослободува серотонин, кој го подобрува расположението. Според една студија објавена во Списанието за сексуална медицина, жените кои јаделе чоколадо, на дневна база имале повисок т.н. женски сексуален индекс односно оствариле повисоки резултати на табелата за женски сексуални функции.rnrnЦимет: Циметот ја стимулира виталната енергија, штитејќи го телото од одложување на желбата за секс што често настапува после напорен ден.rnrnМед: Медот може да ја продолжи издржливоста, а докажано е дека ја зголемува енергијата и плодноста.rnrnКокосово млеко: Многу култури го имаат користено кокосовото млеко за природно да ги балансираат хормоните и да ја зголемат сексуалната желба. Полно со здрави масти, кокосовото млеко ќе ви даде енергија за секс без да ви предизвика изнемоштеност потоа.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 мл жешко кафе
    • rn011

    • 1 лажица сурово какао
    • rn011

    • 2 лажица кокосово млеко
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn011

    • 1 лажичка мака
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете го кафето во среден сад. Додадете ги какаото, кокосовото млеко, медот и циметот. Матете со рачен блендер додека смесата не запени. Потоа додадете ја маката, изматете уште малку и веднаш сервирајте. Уживајте во кафето и секако – и во сексот! ;)rnrnПијте го ова кафе еднаш или двапати неделно кога ќе сакате да ги почувствувате придобивките од суперхраната која ја поттикнува сексуалната желба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци кои откриваат каков ќе биде во кревет

    10 знаци кои откриваат каков ќе биде во кревет

    И пред да имате секс со новиот партнер, можете да дознаете каков ќе биде во кревет. Постојат некои сигнали кои го издаваат, а на вам е да им обрнете внимание. Еве 10 работи според кои можете да откриете повеќе одошто тој би сакал.rnrn10-znaci-koi-otkrivaat-kakov-kje-bide-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    1. Грицка нокти

    rnМаж кој грицка нокти самиот себеси се турка подалеку од сопствените граници и оди во крајности – тоа обично се изедначува со страст. Можеби оваа навика нема да ви изгледа привлечно, но тоа може да значи дека е одличен љубовник.rn

    2. Има куче

    rnМажите кои имаат куче како домашен миленик, често потребите на другите ги ставаат пред своите, што значи дека веројатно и во сексот не се себични. Но, сопствениците на кучиња се навикнати на кучешки влакна, па не се баш опседнати со хигиената, што пак може да ви ја „исклучи“ сексуална желба.rn

    3. Не е Бредли Купер

    rnАко момчето не е страшно згодно и не освојува многу жени со својот изглед, веројатно ќе вложи многу повеќе труд и време за да ја направи среќна својата партнерка.rn

    4. Убаво пишува

    rnСпоред стручњаците за ракопис, мажите кои малата буква „у“ ја пишуваат со опавче имаат високо либидо и голема фантазија.rn

    5. Божествено мириса

    rnМирисот е една од карактеристиките која е важна за привлечноста. Колку некој има подобар природен мирис за одредена жена, толку е поголема веројатноста дека тие двајца се генетички комплементарни.rn

    6. Стои исправено

    rnМлитавото и подгрбавено држење на телото е индикатор за несигурност и мрзливост. Колку момчето стои поисправено, толку е поголема неговата самодоверба и повеќе се труди.rn

    7. Се шегува на своја сметка

    rnСекој маж која знае да се пошегува на своја сметка не е егоцентрик и не се доживува себеси пресериозно, што е добро кога е сексот во прашање.rn

    8. Како вози автомобил?

    rnМашките кои лесно се вознемируваат додека возат се и нестрпливи љубовници опседнати со крајниот резултат – оргазмот, и тоа само својот. Често се незаинтересирани кога е во прашање задоволувањето на партнерката. Брзите возачи се страсни и сакаат таков секс. Настрана од бавните и претерано внимателни возачи покрај кои и вашата баба би сакала да види малку повеќе акција зад воланот.rn

    9. Роб на дневните рутини

    rnАко се вознемирува на секоја, па и најмала промена на дневната рутина, тоа може да биде лош знак. Ако се однесува како робот, големи се шансите дека на истиот начин води љубов. Во текот на сексот подобро ништо не менувајте, бидејќи тој веднаш ќе си помисли дека нешто не е ОК.rn

    10. Зборува со своите раце

    rnАко прави драматични потези со рацете додека зборува, веројатно се работи за креативен маж со многу фантазија кој е и вешт љубовник.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашен парфем со кој ќе го возбудите секој маж

    Домашен парфем со кој ќе го возбудите секој маж

    Драги дами, доколку барате нов начин да го заведете вашиот партнер, пробајте го овој мирис, кој не доаѓа во стаклено шишенце. Се работи за парфем кој можете да го произведете во вашиот дом.rnrndomashen-parfem-so-koj-kje-go-vozbudite-sekoj-mazh-kafepauza.mkrnrnИспитувајќи ги женските мириси кои се најпривлечни за мажите, научниците од Центарот за истражување на мириси и вкусови во Вест Палм Бич дошле до многу интересни резултати. Заклучокот е дека најпривлечен е мирисот на пита од тиква.rnrnТој е поделотворен од кои било други вештачки мирисни ноти.rnrnИмено, на припадниците на посилниот пол, слаткиот, зачинет и интензивен мирис им делува како најголем афродизијак и им го подигнува нивото на тестостерон до небо.rn
    rn

    „Заборавете на сите парфеми и подгответе му пита од тиква“ – препорачуваат истражувачите.

    rnАко сакате тотално да го излудите, покрај тоа што ќе го пречекате со пита од тиква во рерната, задолжително низ дома распоредете ќесички со лаванда. Докажано е дека момците тотално губат контрола на оваа миризба.rnrnОваа комбинација од мириси ќе им го забрза протокот на крв за дури 40%. Слично дејство имаат и аромите на ванила и јагода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.