КАФЕ ПАУЗА

Tag: лесно

  • 7 едноставни трикови со чија помош ќе го олесните вашето работење во кујната

    7 едноставни трикови со чија помош ќе го олесните вашето работење во кујната

    Ако секојдневно поминувате одредено време во кујната, сигурно се соочувате со некои работи коишто ве нервираат, па се прашувате дали постои начин полесно да се справите со нив. Дали ви се познати солзите додека сечете кромид? Или пак, премногу време ви одзема затворањето на тесните капачиња? Во продолжение следува листа од едноставни трикови со чија помош ќе можете да заштедите време, притоа користејќи го она што го имате во вашиот кујнски шкаф.rnrnrnrn1. Запрете ги солзите додека сечете кромид. Избришете го приборот за сечење со бел вински оцет.rnrn2. Справете се со незгодните, тесни капаци. Сè што ви е потребно се две ластичиња.rnrn3. Одделете ги добрите од лошите јајца. Ставете ги во чаша со вода – ако останат на површината, расипани се.rnrn4. Отстранете ги непријатните наслаги од приборот за сечење. Ова лесно можете да го направите така што ќе измешате лимон и чиста сол.rnrn5. Излупете ги јајцата полесно. Додајте сода бикарбона во водата каде што ги варите јајцата, па ќе немате потешкотии при нивното лупење.rnrn6. Зачувајте го шеќерот мек. Додајте шеќерчиња во коцки коишто ќе ја одземаат влагата и ќе го одржуваат вашиот шеќер мек.rnrn7. Одржувајте го разладено омиленото вино. Сè што е потребно е во шишето со вино да ставите неколку замрзнати зрна грозје.

  • Без шеќер и конзерванси: Најлесниот рецепт за домашен џем од јагоди

    Без шеќер и конзерванси: Најлесниот рецепт за домашен џем од јагоди

    Сезоната на јагодите е веќе тука, а овие црвени овошки се неодоливи и кога се во форма на џем. Во продолжение прочитајте го најлесниот домашен рецепт за џем од јагоди, без шеќер и конзерванси, кој е толку лесен да се направи што ќе им успее и на сите почетници во кујната.rnrnБез шеќер и конзерванси: Најлесниот рецепт за домашен џем од јагодиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 килограм јагоди
    • rn011

    • 60 милилитри лимонов сок
    • rn011

    • 3 кафени лажички кора од лимон
    • rn011

    • 70 грама мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсчистените јагоди иситнете ги и изгмечете ги, а потоа ставете ги во длабок сад. Додајте ги и останатите состојки: Кората од лимон, сокот од лимон и медот. Добро помешајте и ставете да се готви на среден до лесен оган со често мешање. Кога смесата ќе стане доволно густа, односно кога ќе се појават балончиња, по околу 45 минути готвење, џемот е готов. Оставете да се излади и џемот од јагоди е спремен за консумација. Чувајте го на ладно место, а може да трае и до 2 недели.

  • Како секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?

    Како секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?

    Заборавете на комплицираните фризури кои не само што бараат време за да ги направите, туку бараат од вас и да вложите многу труд за да добиете добри резултати. Од денес, новата мантра на секоја жена треба да биде „колку поопуштено и побушаво, толку подобро“. Погледнете ги следниве 4 фризури кои се лесни за правење и кои гарантираат совршен финален изглед за секоја пригода.rnrnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rn

    1. Во стилот на 80-тите

    rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnФризурите со степени кои се малку тапирани се идеални за девојките со слободен дух. Тие не бараат многу напор за да се направат, а изгледаат одлично и одговараат со секоја должина на коса. Доволно е на влажна коса да ставите малку пена, да ја исушите и со чешел кој има широки запци да ја тапирате.rn

    2. Неуредна плетенка

    rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnЗа правењето на оваа фризура нема да ви биде потребно огледало. На делумно сува коса нанесете спреј за текстура и избришете ја со пешкир. Потоа ниско соберете ја и направете лабава плетенка. За крај, зацврстете ја со ластиче, но пуштете и неколку прамени околу лицето.rn

    3. Тапирана пунџа

    rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnОваа фризура ќе изгледа добро ако косата ви е погуста, бидејќи за неа е потребен поголем волумен за да се постигне вистинскиот ефект. На коренот на косата напрскајте шампон за суво миење, па префрлете ја надолу и исушете ја со фен. Кога ќе ја исушите косата, префрлете ја наназад и направете високо опавче кое ќе го зацврстете со ластиче. Потоа, опавчето свртете го околу основата и заврзете го во јазол. Фиксирајте ја пунџата со шнолички.rn

    4. Ниско опавче

    rnКако секогаш да имате совршена фризура без да се трудите?rnrnДоколку имате долга коса без шишки, оваа фризура е како створена за вас. На мокра коса нанесете пена и исушете ја со фен. Исчешлајте го и исфенирајте го предниот дел од косата и фиксирајте со лак за коса. Потоа, лабаво соберете ја над вратот и заврзете ја во ниско опавче.

  • Уникатна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојки

    Уникатна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојки

    Стари, млади… Во вкусната пица може да ужива секој. Како дел од италијанската кујна, неправедно е да ја сместуваме во брзата храна бидејќи таа може да биде една одлична здрава закуска. Во продолжение погледнете како да го подготвите овој интересен рецепт за вас и вашите најблиски, кој ќе биде готов за само неколку минути!rnrnУникатна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојкиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Лиснато тесто
    • rn011

    • Сирење (моцарела или некое друго по желба)
    • rn011

    • Пасирани домати
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДвете лиснати теста раширете ги и сукајте ги на дебелина од неколку милиметри. Во плех ставете ја хартијата за печење. Тестата ставете ги едно врз друго, поклопете ги со една чинија (внатрешната страна на чинијата да биде свртена кон тестото) и пресечете еден круг, по форма на чинијата. Тргнете ја чинијата и долното тесто премачкајте го со пасираните домати. rnrnДодадете го сирењето и поклопете го тестото со другото тесто. Во средината на пицата поставете една чаша свртена со отворот кон тестото и со нож пресечете неколку симетрични линии од чашата до краевите, за да ја исечете пицата на парчиња. Потоа, секое парче фатете го за краевите и свртете го два пати околу неговата оска. Пицата печете ја на 200°C околу 20 до 50 минути, додека тестото не добие златно жолта боја. За подетално упатство, погледнете го видеото подолу.rnrnСовет: Пред да ја ставите пицата да се пече во рерна, премачкајте ја со јајце за да добие покрцкава кора. За да го збогатите вкусот, на пасираните домати можете да додадете малку сол и шеќер, оригано или босилек, како и состојки по ваша желба.rnrn

    Pizza Puff Pastry Twists

    Posted by Tasty on Thursday, January 7, 2016

  • Неколку совети за успешно учење странски јазик

    Неколку совети за успешно учење странски јазик

    Современиот пристап за учење јазик има своја научна основа којашто допринела за многу науки и дисциплини, меѓу кои најзначајни се филологијата, психологијата и педагогијата. Во продолжение погледнете што е важно кога пристапувате кон учење нов јазик со цел побрзо да го совладате.rnrnrn

    1. Јазично его

    rnВо научната и стручната литература за учењето странски јазик може да се сретне изразот „јазично его“. Кога учиме странски јазик и кога го користиме во усна или писмена форма, ние на некој начин се трансформираме во друга личност. Зошто? Затоа што познавањето странски јазик нè ограничува, па во комуникацијата не можеме лесно да се изразиме како што тоа го правиме на мајчиниот јазик. Со самото тоа не можеме да бидеме подеднакво духовити или иронични, ние честопати можеме да се почувствуваме лошо. Тоа не сме ние во полн сјај. Затоа, измислете нова личност!rnrnНа првиот час, кога учениците се претставувале, еден професор им предложил да смислат ново име за себе. Поентата е учениците да го преземат името коешто им се допаѓа. Можеби звучи смешно или претерано, но вреди да се испроба. Овој професор советува дека откако неколку пати ќе го изговорите тоа име, ќе се чувствувате поблиски до тој јазик и таа култура, а тоа може да ви биде само поттик.rn

    2. Буквален превод

    rnОва е сигурно една од најважните работи. Не преведувајте! Ако сакате да направите една добра работа за себе како ученик на странски јазик, тогаш најмногу што можете трудете се во главата да не ја преведувате реченицата додека зборувате со некого. Зошто? Постојат многу причини. Но, најголемиот проблем е дека така постојано ќе наидувате на блокади и ќе си потврдувате себеси колку „не знаете“. Дозволете си да побарате помош од професорот или пак да го побарате изразот во речник. Преводот е посебна вештина којашто веројатно сè уште не ја владеете.rnrnНајважно е на часот или во дадената ситуација да се потрудите што поправилно да го примените вашето знаење. На тоа гледајте како на градење куќа во старо време. Морате сè сами да направите, од под до плафон, од чиниите до креветот, а тоа бара труд и време. Буквалниот превод значи постојано трудење во куќата да завршите некоја работа за којашто немате услови, а кога цело време барате помош за тој превод, тоа е како постојано да позајмувате нож од соседите (позајмувате нож да исечете парче леб, па го враќате, па повторно позајмувате и така до недоглед). Со тек на времето, во куќата ќе имате сè што ви е потребно, но до тогаш посоодветно е да се служите со она што го имате. Патот е долг, но на крајот ви преостанува функционална куќа.rn

    3. Применливи фрази

    rnЧесто се кажува дека нечиј богат речник не се состои само од познавање и користење на поединечни реченици, туку цели фрази. Под применливи фрази се мисли на изрази или цели реченици коишто звучат природно, а може да се употребат во најразлични ситуации. На пример, изразот „That sounds good“ значи „Тоа звучи добро“. Оваа реченица можеме да ја употребиме кога се договараме каде ќе излегуваме, кој филм ќе го гледаме и во многу други ситуации. Иако овој израз може да се преведе на нашиот јазик, постојат многу други кои едноставно нема да имаат логика ако ги преведете онака како што ги слушате. Додека вие се обидувате да преведете нешто, возот ќе ви избега. Но, ако се фокусирате на целата реченица и ја повторите неколку пати, без сомнение полесно ќе ја запомните.rnТие можат многу да ви помогнат за да го намалите честото преведување, но истовремено и ќе го зајакнат вашето јазично его – ќе се чувствувате подобро и поуспешно во комуникацијата.

  • Декорирањето торти никогаш не било полесно со овие 20 идеи!

    Декорирањето торти никогаш не било полесно со овие 20 идеи!

    Декорирањето торти за многумина изгледа како нешто навистина тешко и честопати луѓето немаат никаква инспирација. Но, постојат начини брзо да ги декорирате торта, а таа сепак да изгледа прекрасно. Еве 20 прекрасни идеи кои уште веднаш може да почнете да ги применувате.rnrn

    Користете обоени житарки за да направите торта со шарени точки
    Користете обоени житарки за да направите торта со шарени точки
    rnrn

  • 5 трикови за лесно и брзо чистење на пеглата за алишта

    5 трикови за лесно и брзо чистење на пеглата за алишта

    За пеглата за алишта да трае подолго, грејната плоча треба редовно да се чисти. Еве неколку совети како да го правите тоа на едноставен начин.rnrn1-5-trikovi-za-lesno-i-brzo-chistenje-na-peglata-za-alishta-www.kafepauza.mk_rnrn1. На грејната плоча нанесете паста за заби и добро истријте ја. Потоа избришете ја со мокра крпа, а потоа и со сува. Доколку е потребно, повторете ја постапката неколкупати.rnrn2. После пеглањето, додека пеглата за алишта е сѐ уште врела, поминете со неа врз влажен пешкир или алуминиумска фолија.rnrn3. Со пеглата поминете врз весник на кој претходно сте капнале неколку капки билно масло. Потоа со пеглата поминете низ чиста хартија.rnrn4. Треба да бидете посебно упорни кога ќе сакате да ги отстраните наслагите од синтетички материјали. Со оглед на тоа дека тие многу се лепат, а тешко се отстрануваат, треба да користите наменска паста за чистење и да ја повторите постапката неколкупати. На крај плочата истријте ја со сода бикарбона.rnrn5. Ставете крупна сол на хартија или на мека стара крпа, па со жешка пегла тријте сѐ додека не се иситни солта. За тоа време пеглата ќе се исчисти без никакви последици.

  • 7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбук

    7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбук

    Сигурно има нешто на Фејсбук кое многу ве нервира, но не мора да се откажувате од социјалната мрежа само заради тоа. Следете ги овие трикови и животот на Фејсбук ќе ви стане полесен.rnrn7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбукrn

    1. Средете ја листата на пријатели

    rnСите Фејсбук пријатели не ви се пријатели. Некои се блиски пријатели, некои само пријатели, и други се познаници. За да ја уредите вашата листа на пријатели на ваков начин, одете на профилот на пријателот, кликнете на копчето Friends, па оттаму префрлете гo во листата на познаници или блиски пријатели. Потоа можете да одлучувате кој тип пријатели каков тип од вашите содржини ќе можат да видат. Можете да си креирате и свои персонализирани листи.rn

    2. Ако ве означуваат на секакви слики

    rnСпречете го означувањето на ужасни слики преку опцијата Timeline and Tagging во менито Settigns, а потоа во Review posts that friends tag you in before they appear on your Timeline? (Кој да управува со означувањата кои ги додаваат луѓето и со предлозите за означување?). Преку оваа опција можете да определите никој да не ве означува, да ги прегледувате и да ги одобрувате означувањата, кој да ги гледа објавите во кои сте означени, итн.rn

    3. Исклучете го автоматското пуштање на видеата

    rnФејсбук автоматски ги пушта видеата штом ќе поминете со стрелката врз нив. Исклучете ја оваа опција така што ќе одите Settings, оттаму одете во Video, па во Auto-play videos селектирајте Off.rnrn7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбукrn

    4. Додајте прекар или моминско презиме

    rnНа Фејсбук можете да го додадете вашиот прекар по кој многумина ве знаат или пак вашето моминско презиме кое веќе не го користите. Во делот About кликнете на Details About You, потоа на Add a nickname, a birth name…, внесете го името и зачувајте.rn

    5. Блокирајте ги поканите за игри

    rnПодетално за тоа како да ги блокирате поканите за игри прочитајте на овој линк. Но, на тој начин можете да блокирате некого да ви праќа покани само за одредена игра. Ако сакате да блокирате одредена личност да ви праќа покани за која било игра, тогаш пронајдете го делот за блокирање во Settings и потоа во Block invites from впишете го името на таа личност.rn

    6. Не ги следете луѓето кои ве нервираат

    rnАко имате пријатели кои ве нервираат со своето онлајн однесување, но поради некоја причина не сакате да ги отстраните од листата на пријатели, можете да престанете да ги следите. Така никогаш нема на почетната страница да видите ништо од нив. Одете на која било нивна објава, притиснете на копчето кое личи на V во горниот десен агол и изберете ја опцијата за отследување.rn

    7. Ако не сакате другите да видат кои страници ви се допаѓаат

    rnАко не сакате другите да видат кои страници ви се допаѓаат, можете да ги скриете. Во делот About, покрај секој дел има едно мало моливче на кое треба да кликнете за да можете да менаџирате што ќе се гледа, а што не. Оттаму можете да определите да не се гледаат одредени работи, како филмови, книги, музички страници итн. Тргнете го знакот за штиклирање, кликнете на Save, и готово.

  • Брзи и лесни колачиња за појадок полн со протеини

    Брзи и лесни колачиња за појадок полн со протеини

    И вкусно и здраво…

    rnБрзи и лесни колачиња за појадок полн со протеиниrn

    Потребни состојки за 4 колачиња:

    rn

      rn011

    • 150 грама овесни снегулки
    • rn011

    • 4 белки од јајца
    • rn011

    • мало лажиче цимет
    • rn011

    • пире од јаболка
    • rn011

    • јагоди (или друго овошје)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад измешајте ги овесните снегулки, белките и циметот. Потоа 1/4 од смесата нанесете ја на тава така што таа ќе изгледа како мала палачинка. Гответе така 10 минути на среден оган и превртете еднаш штом се зацрви од едната страна. Повторете ја постапката уште трипати додека не ја потрошите смесата. На крај по желба можете врз изладените колачиња да нанесете пире од јаболка и исечкани јаготки, или пак да бидете креативни и да го додадете она што вам ви се допаѓа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брзи, лесни и здрави чоколадни банани

    Брзи, лесни и здрави чоколадни банани

    Десерт богат со протеини, јаглени хидрати и здрави масти

    rnБрзи, лесни и здраво чоколадни бананиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 банани
    • rn011

    • путер од кикирики
    • rn011

    • 100 грама темно чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДодека чоколадото се топи на тивок оган, исечете ги бананите на четвртини и секој дел намачкајте го со путер од кикирики. Потоа останува само да ги прелиете намачканите банани со растопеното чоколадо и да почекате два часа да се изладат во фрижидер. Потоа се спремни за консумирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.