КАФЕ ПАУЗА

Tag: лесно

  • Направете фантастична пунџа со помош на чорап

    Направете фантастична пунџа со помош на чорап

    Благодарение на голем број познати дами, пунџата се врати во мода. За да направите ваква фризура, ќе ви биде потребно широко ластиче или трака, а најдобар начин е да земете најлонска чорапа на која ќе го исечете делот за прстите, околу која потоа ќе ја завиткате косата. Погледнете го туторијалот и пробајте да го направите ова дома.rnrnНаправете фантастична пунџа со помош на чорапrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до совршено разиграни локни за неколку минути?

    Како до совршено разиграни локни за неколку минути?

    Сите жени коишто имаат права коса тежнеат да имаат бујни крупни кадрици или секси бранови за шик фризура како за на плажа. Но, и покрај тоа што во денешно време, освен витлерите и крпчињата, постојат безброј други електронски уреди за виткање коса, сепак ниеден начин не изгледа премногу лесен и брз, за да одговара на потребите на современите зафатени жени. Но, најновиот изум „BaByliss PRO Perfect Curl“ конечно ќе стави крај на овој проблем, со кој ќе направите совршени кадрици за само неколку минути.Како до совршено разиграни локни за неколку минути?За разлика од сите други производи кои се продаваат на пазарот, овој уред работи на различен принцип, со вовлекување на прамени од косата во горниот керамички дел, каде што нежно го држи праменот и го загрева подеднакво од сите страни. Кога ќе го отпуштите зглобот после неколку секунди, ќе добиете совршена разиграна локна.rnrnКако до совршено разиграни локни за неколку минути?rnrnОд компанијата гарантираат дека пресата е совршено безбедна и лесна за користење, а истата доаѓа со упатство за употреба. Косата треба да биде чиста, сува и убаво исчешлана коса, а прамените коишто сакате да ги навиткате не треба да бидат пошироки од 3 см. Со пресата позиционирате точно од која оддалеченост од темето сакате да започнува локната. Праменот треба да го држите за врвовите, и откако ќе ја притиснете пресата го пуштате, за да може убаво да биде вовлечен во главата на „Perfect Curl“.rnrnКако до совршено разиграни локни за неколку минути?rnrnУредот има три топлински и три временски подесувања од 8, 10 и 12 секунди, па така уредот можете да го прилагодите според типот на вашата коса и според резултатот кој сакате да го постигнете. Па така оние жени со потенко влакно треба да ја користат најниската температура. За поцврсти локни треба да се користи највисоката температура и период од 12 секунди. За брановидна фризура треба да се одбере најниската температура и период од 8 секунди. Доколку се трудите предолго да ги изложувате прамените на топлина, уредот ќе почне силно да свири, предупредувајќи ве дека тоа е штетно за текстурата на вашата коса. Но, доколку правилно го користите, виткање прамен по прамен е исто толку брзо како и вшмукувањето шпагети.rnrnrnrnЗасега овој интересен уред се продава само во Велика Британија, но се надеваме дека набрзо ќе стане многу популарен, па ќе го донесат и во нашите маркети. Неговата цена изнесува 177 британски фунти (208 евра), што го прави значително поскап од другите преси за коса, но доколку е навистина толку едноставен за употреба како што е прикажано во видеото, вреди за сите пари!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Професионална шминка за 5 минути

    Професионална шминка за 5 минути

    Овој едноставен туторијал може да ви помогне да изгледате најдобро што можете кога ви е најпотребно, а за тоа да не потрошите ниту многу време, а ниту пари. Моделот во видеото е Ерин Хитертон, еден од ангелите на „Victoria’s Secret“.rnrnПрофесионална шминка за 5 минутиrnrn1. Нанесете малку хидратантна крема и коректор каде што е потребно. Потоа нанесете малку бронзер (вишокот отстранете го од четката со тоа што ќе ја протриете четката на рака).rnrn2. Најдобар начин прецизно да нанесете руменило е да се насмеете додека го правите тоа.rnrn3. Повлечете црна линија со моливче по должина на капакот, размачкајте ја, а потоа нанесете сенка.rnrn4. На крај нанесете масакра и сјај за усни.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете фризура со цвет од плетенки

    Направете фризура со цвет од плетенки

    Оваа интересна фризура изгледа многу симпатично, а можете да ја направите за само 5 минути.Направете фризура со цвет од плетенкиОткако ќе ги поминете првите основни чекори, од двете страни на лицето земете по еден прамен, сплетете ги во плетенки и позади спојте ги со помош на ластиче.Направете фризура со цвет од плетенкиНаправете фризура со цвет од плетенкиРасплетете го долниот дел од плетенките и од прамените сплетете една плетенка, но не затегајте ја премногу. Со прсти раширете ја едната страна од плетенката (онаа што би ја креирала надворешната страна на цветот). Потоа плетенката завртете ја во форма на цвет и прицврстете ја со тенка шнола која ќе одговара на вашата коса.Направете фризура со цвет од плетенкиНаправете фризура со цвет од плетенкиНаправете фризура со цвет од плетенки
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

    Дали некогаш сте почувствувале дека ви е потребна промена во животот? Сте помислиле ли дека можеби би требало да се откажете од студиите, да дадете отказ од работата или пак да ја прекинете долгогодишната врска и да тргнете на пат околу светот? Пред да се решите на каков било огромен чекор од овој вид, прво размислете дали одредена промена на вашиот изглед би можела позитивно да ви влијае во ваква ситуација…rnrnЕве неколку предлози со кои брзо и лесно целосно ќе го промените вашиот изглед, но истовремено и одлично ќе се чувствувате:rnrnШишки – можеби изгледаат како мал додаток на вашата фризура, но нивниот ефект е многу поголем. Тие целосно ќе го променат начинот на кој изгледате. Похрабрите девојки можат да пробаат рамни и долги шишки (кои бараат малку повеќе време за одржување), а за останатите шишките на страна се одлична идеја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвена боја на коса – Оваа промена дефинитивно нема да остане незабележана, а и вие ќе се чувствувате како сосема нова личност. Похрабрите девојки можат слободно да пробаат силна црвена боја која постојано ќе примамува нови погледи без разлика на местото каде што се наоѓаат…5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnВиолетово моливче за очи – Можеби не ви звучи како многу драстична промена, но сепак целта е да промените нешто секојдневно. Доколку ви изгледа малку чудно, на почетокот комбинирајте го со црно моливче и виолетова сенка. Многу брзо ќе се навикнете на оваа промена и ќе можете целосно да го замените стандардното црно моливче…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnНов парфем – промената на начинот на кој мирисате, ќе предизвика промена и во начинот на кој се чувствувате. Одберете нешто сосема различно, нешто што досега никогаш не сте го употребувале. Или купете го повторно вашиот омилен парфем од детството кој со сигурност ќе ви врати  интересни спомени…rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изгледrnrnЦрвен кармин – со оваа едноставна, но ефективна промена никако не можете да згрешите. Црвениот кармин е совршен за сите настани и ситуации, секако во различни нијанси. За на факултет/работа одберете нешто малку понеутрално, но за прошетки и излегувања слободно употребете силна црвена боја.rnrn5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

  • Чоколадна крем-пена за 5 минути

    Чоколадна крем-пена за 5 минути

    Ви се јаде нешто благо, а не сакате да експериментирате со торти и колачи? Сè што ви треба се чоколадо, вода и 5 минути слободно време. Да, баш така. Еве како да ја направите оваа брза чоколадна крем-пена:rnrnЧоколаден мус за 5 минутиrnrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 265 г чоколадо со 70% какао маса
    • rn011

    • 240 мл вода
    • rn011

    • 4 дополнителни лажички вода (во случај ако чоколадото ви е многу горчливо)
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnЗемете два длабоки сада, еден голем и еден помал. Помалиот наполнете го со мраз и врз него ставете го поголемиот. Во тенџерче на оган со средна температура, ставете го чоколадото, претходно искршено на коцки, да се стопи заедно со водата. Мешајте повремено додека чоколадото сосема не се растопи и поврзе со водата. Стопеното чоколадо ставете го во големиот сад и со миксер или жица за мешање почнете да ја матите смесата додека не стане густа. Мешајќи, чоколадото ќе се згусне затоа што топлината од чоколадната смеса ќе почне да се поврзува со мразот врз кој матите. Ако во смесата со текот на матењето почнат да се појавуваат грутки, не грижете се – додадете уште малку вода и мешајте додека не добиете густа чоколадна смеса. Сервирајте во омилените десертни чаши.rnrnЗабелешка: Оваа чоколадна крем-пена освен како десерт, може да ви послужи и како убав и богат фил за во некоја торта.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мока кафе (Mocha Coffee)

    Мока кафе (Mocha Coffee)

    Едноставно и лесно за подготовкаМока кафе (Mocha Coffee)Потребно време за подготовка: 5 минути

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 2 dl топло сварено капучино
    • rn011

    • 1 кафена лажичка незасладено какао
    • rn011

    • 1 лажичка шеќер
    • rn011

    • 50 ml млеко
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во поголема дебела стаклена чаша ставете го топлото капучино. Во него додадете ги какаото и шеќерот и мешајте. Потоа додадете го и ладното млеко. За крај, по вкус можете да декорирате со шлаг и чоколаден прелив или чоколадни трошки.