КАФЕ ПАУЗА

Tag: лекции

  • 26 нешта што заслужувате да ги научите до вашата 26-та година

    26 нешта што заслужувате да ги научите до вашата 26-та година

    Кога ќе погледнете назад кон вашиот живот, ќе сфатите колку многу работи сте научиле. На чуден начин, животот ве учи на нешта за кои не сте ни биле свесни дека треба да ги знаете. Во продолжение погледнете кои се 26-те нешта што заслужувате да ги научите додека да наполните 26 години.rnrn26 нешта што заслужувате да ги научите до вашата 26-та годинаrnrn1. Ценете го фактот дека сите се движиме различно низ светот. Секој има разни факти кои влијаат на искуствата и на животот. Слушајте ги луѓето кои можеби имаат разни искуства од вас. Учете од нив.rnrn2. Патувањето не секогаш ве прави подобра личност. Нема потреба да потрошите многу пари на патување за да бидете подобра личност. Прочитајте некоја книга, научете нов јазик, истражувајте го и разберете го политичкиот систем на вашата држава, волонтирајте и слично. И патувањето си има свои предности, но тоа не е единствениот начин да станете подобра личност.rnrn3. Верувајте во вашата способност за преживување без разлика што некои луѓе си одат. Некои луѓе ќе си одат. Понекогаш на болен начин, понекогаш бидејќи ви се разделиле патиштата. Животот функционира на тој начин. Без разлика на околностите, важно е да верувате дека можете и без нив и дека туѓото присуство не ве дефинира. Во ред е да бидете гневни или тажни, но со текот на времето научете да заборававте.rnrn4. Во тешките периоди повторно прочитајте ги омилените книги. Понекогаш нема ништо подобро од тоа да се потсетите на нешто што го сакате.rnrn5. Не можете да контролирате што ви се случува, но можете да контролирате како ќе реагирате. Лошите нешта се случуваат постојано. Од голема важност е да научите да бидете емоционално отпорни додека да наполните 26 години.rnrn6. Нема замена за напорната работа. Нека не ви е страв да работите напорно без разлика дали тоа е за вашата кариера, здравје, богатство, врски и слично.rnrn7. Нема замена за времето за себе. Во ред е и да се опуштите. Во ред е да поминете цел викенд само за себе. Нема да изгори канцеларијата. Пораките ќе бидат одговорени. Ќе бидете поздрави. Пријателите ќе останат со вас дури и ако ви е потребно време за себе.rnrn8. Вашите родители стареат. А ќе стареат повеќе и повеќе. Поминувајте време со нив.rnrn9. Мамурлакот само ќе се влошува. Сепак е вистина дека мамурлакот станува вистински пекол со текот на годините.rnrn10. Како изгледа здрава врска. Нема потреба да ги бркате оние кои не сакаат да бидат фатени. Нема потреба да се помирувате со однесување кое не ви се допаѓа. Нема потреба премногу да зависите од некој друг.rnrn11. Во ред е да не сте онаму каде што сакате да бидете. Всушност, ова е навистина добро. Животот би бил многу здодевен ако постојано се наоѓате онаму каде што сакате. Ќе немате цел или нешто за коешто ќе се надевате.rnrn12. Способност да созревате, но и да ја сакате личноста којашто сте сега. Можете да ги цените вашите почетоци и да ја сакате личноста којашто сте додека целите кон нешто подобро. Нема потреба да се промените од омраза. Не би можеле да станете личноста што сакате да бидете пред да бидете личноста којашто сте денес.rnrn13. Слушајте и чекајте го вашиот ред за зборување. Ова ќе биде најдоброто нешто што можете да го направите за вашите врски, за себе и за овој свет.rnrn14. Можно е да не се согласувате со пријателите, а сепак да ги поддржувате. Вашите пријатели ќе имаат врски со луѓе што не ги сакате, ќе прават избори со кои нема да се согласувате и ќе ги живеат нивните животи по нивно без разлика што мислите вие. Освен ако не станува збор за нивното општо добро, сакајте ги и поддржувајте ги во нивните одлуки.rnrn15. Оставете го телефонот и бидете присутни. Инстаграм може да почека. Овој момент не.rnrn16. Научете ги вашите слабости. Не сте совршени, човек сте. Во ред е да имате и слаби страни. Кога ќе ги воочите ќе ви биде полесно да го намалите нивниот ефект.rnrn17. Научете ги вашите јаки страни. Важно е да знаете и во што сте добри. Да знаете каде би биле најуспешни. Научете ги вашите јаки страни и искористете ги во ваша предност.rnrn18. Само вие можете да се спасите самите. Никој и ништо друго.rnrn19. Да чекате некој да ве сака не е романтично, туку деструктивно. Речиси сигурно работите нема да излезат како што сте планирале. Пуштете ја таа личност да си оди.rnrn20. Љубовта не е сè. Иако е важен дел од животот, врската не може вистински да ве дефинира. Во ред е да сакате партнер, но токсично е да мислите дека друга личност ќе ви го исполни животот.rnrn21. Научете ги вашите стандарди. До сега би требало да ви биде јасно што сакате, што не сакате, што можете да толерирате и без што не можете да живеете.rnrn22. Паметно одбирајте ги вашите битки. Нема потреба да реагирате и да се борите за сè. Некои работи не ја заслужуваат вашата енергија.rnrn23. Некои години ќе бидат потешки од другите. Важно е она што ќе го научите од тешките години.rnrn24. Нема потреба да се сакате целосно пред некој друг да ве сака. Ова е навистина лош совет. Ако е потребно сите да се сакаме целосно пред некој друг да нè сака, сите би биле сами.rnrn25. Луѓето не размислуваат за вас толку често колку што мислите. Најчесто луѓето размислуваат за нив, како што вие размислувате за вас. Па немојте да се грижите за нешто што сте кажале или направиле, повеќето луѓе забораваат.rnrn26. Помирете се со фактот дека животот никогаш нема да изгледа онака како што сте замислувале. Сепак, живејте го.rnrnПогледнете ги и важните работи кои треба да ги знаете во вашите 20-ти.

  • Легално русокоса: 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудс

    Легално русокоса: 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудс

    Русокосата адвокатка Ел Вудс ги освои срцата на гледачите со својата искреност, оптимизам и вербата во своите цели дури и тогаш кога другите ѝ се потсмеваа поради нив. Оваа омилена филмска русокоса беше отелотворена од страна на актерката Рис Витерспун која денес го слави нејзиниот 42-ри роденден. По тој повод, да се потсетиме на лекциите кои ги научивме од непоколебливата Ел Вудс…rnrn„Легално русокоса“ (Legally Blonde): 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудсrn

    1. Не му дозволувајте на туѓото мислење да ви застане на патот

    rn„Студиите по право се за здодевни, грди и сериозни луѓе, а ти не си ништо од тоа“. Ова се зборовите што Ел Вудс ги слушна од нејзиниот татко откако им соопшти на родителите дека сака да студира на Харвард. Грижливите родители на Ел, како и другарките од сестринството сакаа да ја премислат, но не успеаја да ја спречат.rn

    2. Опкружете се со луѓе кои ги поддржуваат вашите цели

    rnКога тргна на Харвард, Ел Вудс на почеток не најде пријатели кои ќе ја поддржат во остварувањето на нејзините цели, но затоа најде такви пријатели надвор од Харвард. Таа се спријатели со Паулет кај која одеше на маникир и двете станаа многу блиски, а ја поддржуваа и пријателките од родниот град Маргот и Серена. Секако дека тука беше и Емет, со кого подоцна започна љубовна врска. Таа не им дозволи на злите јазици да ѝ ги уништат студиите се опкружи со луѓе кои ја поддржуваа.rn

    3. Претворете ги лошите ситуации во добри

    rnЕл беше уверена дека Ворнер ќе ја запроси, но тој сосема неочекувано ја прекина врската и многу ја повреди. Многумина знаат како е тоа… Ел некое време беше тажна, но тогаш одлучи да извлече нешто позитивно од целата ситуација и да го следи Ворнер на Харвард. Кога го виде Ворнер со неговата свршеница, сосема оправдано се почувствува вознемирено и шокирано. Но, на крајот, кога беше избрана за најдобар студент во нејзината генерација, таа стана најдобра пријатела со поранешната свршеница на Ворнер и ја пронајде својата вистинска љубов.rn

    4. Не дозволувајте другите да ве обесхрабрат

    rnКога пристигна на Харвард, другите ја доживуваа Ел како типична глупава русокоса и го исмејуваа нејзиниот стил на облекување. Но, наместо да биде непристојна и да се обидува да ги увери во спротивното, Ел и понатаму продолжи да се однесува на истиот начин. Ел беше исмејувана и од страна на колегите приправници со кои работеше на случајот, но само по еден разговор таа успеа да добие алиби за осомничените.rn

    5. Ако нешто ви делува сомнително, тоа значи дека навистина е сомнително

    rnЕдна од пресвртните сцени во филмот е онаа кога професорот Калахан ќе ја викне Ел во својата канцеларија за да ѝ честита. Но, тој се обиде да ја убеди дека ќе мора да спие со него, ако сака да напредува во својата кариера. Ел го одби, разочарана што нејзиниот ментор го откри своето вистинско лице. Сепак, не дозволи тоа да ја поколеба и продолжи понатаму потпирајќи се на своите способности и знаење. Оваа сцена служи како потсетување дека никој не треба да толерира сексуално вознемирување за да успее во кариерата.rnrn„Легално русокоса“ (Legally Blonde): 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудсrn

    6. Не плашете се да преземете водство

    rnЕл знаеше како да победи во правниот случај, но никој друг не беше уверен во нејзината теорија дека Брук, која беше осомничена за убиството на нејзиниот сопруг, е невина. Сепак, оваа малечка русокоса беше доволно упорна и самоуверена за да преземе водство. Ако знаете дека сте во право, немојте да се откажете и одете напред.rn

    7. Пренесувајте го своето знаење

    rnВо последната сцена од филмот, Ел се сети на своите почетоци на Харвард и го сподели нејзиното искуство со другите студенти. Секогаш наоѓајте начин да го пренесете своето знаење на другите.rn

    8. Уживајте во успехот, но не губете желба за напредок

    rnПрвичната цел на Ел беше да се запише на Харвард за го импресионира поранешното момче, Ворнер. Кога ѝ успеа тоа, таа мислеше дека го постигнала тоа што го посакувала, но набрзо сфати дека тоа не е доволно.rn

    9. Бидете им благодарни на луѓето кои ви помогнале да го остварите својот сон

    rnСобирањето и споделувањето информации е од клучно значење кога треба да дознаете нешто или сакате да напредувате во кариерата. Откако ќе ја постигнете својата цел, што треба да направите? Заблагодарете им се на луѓето кои ви помогнале, исто како што Ел ѝ се заблагодари на Паулет.rn

    10. Секогаш бидете што е можно подобри пријатели

    rnВо некои моменти од филмот се чини дека Ел Вудс е девојка која ги минува деновите прогонувајќи дечковци. Но, во реалноста, Ел секогаш најпрво се грижи за своите пријателки. Таа е претседателка на нејзиното сестринство и сите девојки ја почитуваат и ја признаваат нејзината титула. Таа ѝ помогна на Паулет да го освои поштарот во кој беше заљубена и да го земе своето куче од поранешниот сопруг.rnrnПрочитајте ги и следниве 17 животни лекции што ги научивме од чик-флик филмовите.

  • Како да ги претворите вашите грешки во лекции?

    Како да ги претворите вашите грешки во лекции?

    Праксата е најважниот дел од процесот на учење, бидејќи сè во животот се учи со правење. Можете да прочитате илјадници книги за гитара, да ги научите нејзините делови, да изгледате стотици видеа со часови по гитара, но никогаш нема да научите да свирите ако не ја земете гитарата во вашите раце.rnrnКако да ги претворите вашите грешки во лекции?rnrnРазмислете за некои од најосновните нешта што сте ги научиле во животот, како одење, возење велосипед, готвење, танцување и слично. Сите овие нешта сте ги научиле поради вашите грешки. Кога прв пат сте почнале да одите, сигурно сте паѓале многу, но наместо тоа да ве обесхрабри, сте станувале и сте пробувале одново. Па, ако преземате нешто и ако направите грешка, нема потреба да се грижите. Грешките се дел од праксата и се случуваат за да учите од нив и да ги користите како учители во следниот обид. Во продолжение погледнете ги 5-те совети кои ќе ви помогнат да ги користите вашите грешки како алатки за подобрување.rn

    Почнете да ги прифаќате вашите недостатоци

    rnКога ги лажете другите, вие сте лажго. Но кога се лажете себеси вие сте слаб и слеп човек. Секогаш треба да бидете искрени кон себе бидејќи ако почнете да се лажете, не очекувајте да созреете. Почнете да ги прифаќате вашите грешки и недостатоци и преземете одговорност за нив. Оваа навика ќе ви дозволи да ги спознаете вашите грешки и да не ги повторувате.rn

    Претворете ги грешките во алатка за учење

    rnНема подобар учител од вашите грешки. Секоја грешка има клуч кон вашите недостатоци преку кои можете да влезете во светот на учењето. Грешките се дел од човечката природа и наместо да се демотивирате, би требало да почнете да учите од нив. Ќе сфатите кој дел од вашиот обид ве спречил во успехот. Секоја грешка ќе ве научи на некоја нова лекција, а учењето ќе ве носи поблиску до вашата цел.rn

    Не плашете се од неуспех

    rnНишто не е совршено, а овде спаѓаат вашите постапки, природа и размислување. Дали мислите дека човекот кој држи најдобри говори отсекогаш го правел тоа толку успешно? Дали мислите дека најдобриот фудбалер на светот веднаш давал голови? Се разбира дека не. Повеќето луѓе не добиваат можност да го вкусат успехот бидејќи идеалниот успех или постигнувањето е мешавина од волја, посветеност и грешки. Па, немојте да се плашите од неуспех и не плашете се да направите грешки. Ако не грешите не сте на вистинскиот пат.rn

    Учете од грешките на другите

    rnБидејќи вашите грешки не се доволни за да ги научите сите животни лекции, би требало да учите и од туѓите. Повеќето луѓе ја гледаат само успешната страна на познатите, пријателите и роднините, но го испуштаат најважниот дел од нивниот живот – грешките. Можете да учите од грешките на другите и да не ги повторувате. Гледајте и учете од другите, ова ќе ве направи помудри, но и подобри ученици.rn

    Не заглавувајте на вашите грешки

    rnЗаглавување на грешка, а потоа чувствување вина за неа е најлошото нешто што можете да го направите. Никогаш не треба да заглавувате во една фаза или обид од вашиот живот. Размислете за грешките како час по пеење. Одите таму, учите, и потоа се враќате дома носејќи ја со себе само лекцијата што сте ја научиле. Треба да се соочите со грешките, да ги научите лекциите, а потоа да продолжите со животот.rnrnНаместо да се плашите од неуспех, почнете да учите од вашите грешки. Учителите можат да ве научат на лекции од туѓи искуства, но лекциите ве учат од вашите искуства.rnrnПогледнете ги и грешките што треба да ги направите што порано во животот.

  • 15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете

    15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете

    Има периоди во животот кога ви се чини дека сите луѓе околу вас ве напуштиле. Се чувствувате осамено и беспомошно. Немате кому да се обратите и на кого да се потпрете. Се чувствувате како да сте оставени сами на светот. Колку и да ви се чини оваа ситуација безнадежна, можете да ја извлечете нејзината позитивна страна и да научите нешто од сето тоа. Ова се 15-те работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпрете…rnrn15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпретеrnrn1. Ќе научите дека колку и да се обидувате да објасните нешто, многу луѓе ќе ве разберат дури откако истото ќе им се случи ним.rnrn2. Ќе сфатите дека на крајот само вие можете да си помогнете себеси и тогаш ќе почнете активно да ги решавате вашите проблеми.rnrn3. Полесно ќе ви биде кога нема да разговарате за некои работи, бидејќи потсвесно ќе почнете да очекувате нешто да се случи и ќе се разочарате кога нема да се случи она на кое сте се надевале.rnrn4. Ќе сфатите кои луѓе се грижат за вас, а кои глумат. Само во тешките периоди ќе можете да ги препознаете вистинските пријатели.rnrn5. Ќе сфатите дека некои од вашите најдобри пријатели не ве познаваат целосно, туку познаваат само еден дел од вас. Со други зборови, тие ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.rnrn6. Некои луѓе ги потценуваат вашите проблеми, бидејќи не се опасни по живот и затоа не сакаат да ве сослушаат. Бегајте од тие луѓе што е можно подалеку.rnrn7. Ќе почнете да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија надвор од себе. Тоа значи дека ќе ги правите работите според вашата сопствена проценка.rnrn8. Ќе научите како да бидете одговорни за својот живот. Ако згрешите нешто, вие ќе преземете одговорност и нема да ги обвинувате другите луѓе за сопствениот неуспех. Ќе научите како да ги водите своите битки, бидејќи не се сите луѓе на ваша страна.rnrn15 работи што ќе ги научите кога нема да имате на кого да се потпретеrnrn9. На потешкиот начин ќе научите како да се прифатите себеси. Тешко е кога мислите дека сте сами, но уште потешко е кога мислите дека не сте вие виновни за тоа. Мислите дека сте лоши пријатели, но на крајот ќе научите да не ги сфаќате лично работите и да бидете силни и независни.rnrn10. Ќе научите да се соочите со осаменоста. Ќе ги прифатите вашите мисли, збунетост и стравови. На крајот ќе станете бестрашни.rnrn11. Ќе почнете да сфаќате дека сите имаат некаква улога во вашиот живот, само што некои улоги не се толку важни. Некои луѓе се само привремени гости во вашиот живот и нема да ви бидат пријатели засекогаш.rnrn12. Ќе станете повнимателни кога се во прашање идните врски. Веќе нема да бидете толку наивни и нема да верувате на сечии зборови. Ќе им поставувате граници на луѓето кои можеби не се интересираат за вашата благосостојба.rnrn13. Понекогаш подобро е да не им кажувате на луѓето сѐ за себе, бидејќи никогаш нема да можете да знаете како и кога некој ќе го искористи тоа против вас.rnrn14. Ќе сфатите дека можете сами да станете по доживеаниот пад и дека немате потреба да се потпрете на некого.rnrn15. Ова е најтешката, но и најважната лекција: Можете да преживеете единствено ако се борите сами за себе, бидејќи некои луѓе само сакаат да ве повлечат на дното.rnrnПрочитајте ги и следниве 8 важни животни лекции кои ги учиме од негативците во нашиот живот.

  • Која љубовна лекција треба да ја научите во 2018-та според вашиот хороскопски знак?

    Која љубовна лекција треба да ја научите во 2018-та според вашиот хороскопски знак?

    Во новата година, со сигурност ќе ви се најде лекцијата која треба да ја научите. Сепак, останува на вас дали ќе научите нешто од неа или ќе ја игнорирате. Ако ја игнорирате, имајте на ум дека лекцијата повторно ќе се врати. Циклусот ќе се повторува сè додека не се ослободите од него. Кога ѕвездите ќе ви постават пречки, гледајте ги како проблеми кои треба да ги решите, а не како товар. Па погледнете кои лекции ќе ги научите во љубовта во новата година.rnrnkoja-ljubovna-lekcija-treba-da-ja-nauchite-vo-2018-ta-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnОбично вие имате самодоверба во животот и во љубовта, и 2018-та нема да биде исклучок. Но, ќе треба да научите како да престанете да донесувате избрзани заклучоци и понекогаш да ги исполните и потребите на партнерот. Останете скромни. Во врската учествуваат двајца, а не само вие. Прашајте некој Рак за неговите љубовни тајни.rn

    Бик

    rnВам ви е потребна врска која ќе ве тера да размислувате, и можеби веќе сте го пронашле тоа со партнерот или пријателите. Но, вашата љубов сè уште треба да созрева и важно е да ја научите разликата помеѓу љубов и приврзаност. Побарајте совет од некоја Вага.rn

    Близнаци

    rnКога Близнаците бараат партнер, тоа најчесто е нивниот долго изгубен близнак. 2018-та ќе ве научи дека овој близнак е во вас. Вие сте вашиот најдобар пријател. Ова е единствениот начин да престанете да се губите во врските. Сега е одлично време да прашате некоја Водолија како да ја зачувате вашата индивидуалност.rn

    Рак

    rnКога се вљубувате, нема потреба да се затворите во вашата школка. 2018-та ќе ви овозможи безбедно место каде што ќе можете да бидете и силни и меки во исто време. Вашиот предизвик е да научите како да престанете да одете до екстреми. Прашајте некој Лав што значи да бидете храбри.rn

    Лав

    rnВие сакате да бидете во центарот на вниманието, но 2018-та ќе ви покаже од што навистина сте направени. Вашата гордост може да ви донесе неколку врски кои нема да функционираат. Оваа година ќе ве научи навистина да се сакате. Кога ќе ја научите оваа лекција, конечно ќе престанете да се обидувате да докажете нешто. Прашајте ги Стрелците како се грижат за нивниот внатрешен оган.rn

    Девица

    rnВо 2018-та ќе почнете повеќе да уживате во стабилноста на вашите врски. Оваа година ќе ве научи како навистина да им пристапите на овие врски. Истражувањето нови структури во партнерството ќе ви даде јасна дефиниција за љубовта. Прашајте ги Рибите како да направите старата љубов да ви изгледа како нова.rn

    Вага

    rnВие одлично барате нови начини да не бидете сами со себе. Да се опкружувате со луѓе кои ве сакаат е навистина добро, но во 2018-та обидете се да се погрижите за вашиот внатрешен оган. Најдете начин да бидете сингл и сами да истражувате нови територии. Видете што имаат да ви кажат Јарците за осаменоста.rn

    Скорпија

    rnЌе доживеете вистински пресврти во романтичните врски. Оваа година ќе ве научи како да се справите со нив. Кога љубовта на вашиот живот се заканува да ве повреди, вие имате нагон да се одбраните и да возвратите со повреда. Во 2018-та треба да научите како да ја контролирате оваа желба и како да ги одредите местата кои навистина треба да ги уништите. Прашајте некој Бик за тоа како да се грижите за вашите врски.rn

    Стрелец

    rn2018-та сака да се ослободите од проблемите и тајните кои долго ги чувате. Оваа година ќе се случи нешто изненадувачко во вашиот љубовен живот и може да го промени вашиот поглед кон романтичните врски. Без разлика во што сте верувале кога станува збор за љубовта, оваа година е време за нова филозофија. Прашајте некоја Девица за тоа како успеала да се припитоми.rn

    Јарец

    rn2018-та нека биде вашата година на ослободување. Рушете ги ѕидовите кои сте ги граделе. Предизвикајте ги вашите погледи кон семејството и работата. Оваа година ќе ви донесе неколку болни лекции кои ќе ви помогнат да ја пронајдете вистинската љубов. Прашајте ги Овните како избегнуваат да бидат повредени од неисполнетите очекувања.rn

    Водолија

    rnОваа година постојано ќе сакате да се однесувате лошо. Постои време и место каде што можете да го покажете вашиот гнев. Оваа година ќе ве научи на неколку лекции за зборувањето и тишината. Прашајте некој Близнак како успева да ја задржи својата публика.rn

    Риби

    rnОваа година ќе ве научи како да си се држите до вашето. Вие сакате да ги истражувате романтичните врски, но овој пат посетете ја таа територија во вашите соништа. Ова значи дека треба да им ставите крај на врските кои само ве истрошуваат. Прашајте некоја Скорпија како да се одбраните и заштитите.rnrnДоколку сакате да бидете среќни во 2018-та, астрологијата ќе ви открие каков маж треба да барате.

  • Татковци откриваат што сè треба да знаете за бременоста на вашата сопруга

    Татковци откриваат што сè треба да знаете за бременоста на вашата сопруга

    Бременоста претставува истовремено збунувачки, прекрасен и застрашувачки процес исполнет со анксиозност, како за мајките, така и за идните татковци, особено доколку за прв пат го искусуваат родителството. Од таа причина, неколку татковци споделија искуства кои ги стекнале со тек на време и кои веруваат дека ќе им помогнат на идните татковци многу полесно да се снајдат со промените кои ги очекуваат.rnrn1-lekcija-za-idnite-tatkovci-tatkovcite-otkrivaat-shto-bi-trebalo-da-znaete-za-bremenosta-www.kafepauza.mk_rn

    1. Подготвени сте повеќе отколку што мислите

    rn

    „Ќе бидете преплашени, ќе преиспитувате сѐ, но сепак ќе преживеете. Кога дојде време да го добијам својот прв син, мојата сопруга се одлучи да се породи дома, на средината на дневната соба. Ја прифатив таа идеја без размислување, знаејќи дека паровите со векови наназад се одлучувале за таков чекор. Бев исклучително анксиозен, сѐ додека не дојде време и за раѓање на четвртото дете. Знам дека звучи како клише, но на крајот навистина сѐ ќе биде во ред.“

    rn

    2. Секоја бременост е единствена

    rn

    „Во филмовите, штом парот дознае дека очекува бебе следуваат утринските мачнини, идните мајки неконтролирано јадат путер, кисели краставички, се дебелеат и го раѓаат бебето еден час подоцна. Спротивно на тоа, мојата сопруга никогаш не искусила утринска мачнина, одбиваше да јаде путер од кикиритки и се породи дури 24 часа откако ѝ пукна воденикот. Сега имаме две деца и со сигурност можам да кажам дека секоја бременост е посебна. Едуцирајте се, прочитајте многу книги, но бидете подготвени на неочекуваното. Ретко кога работите се одвиваат токму по планот.“

    rn

    3. Ќе има моменти кога навистина нема ништо да можете да направите

    rn

    „Оженет сум со силна жена, но постојат моменти кога таа ја бара мојата помош. Во текот на двете бремености имаше периоди кога таа чувствуваше силна болка или неудобност, а јас не можев да направам ништо во врска со тоа. Покрај тоа, понекогаш вашите партнерки ќе посакаат да ги оставите на мир за да бидат сами со себе – тоа е апсолутно во ред и не доживувајте го лично.“

    rn

    4. Бидете внимателни околу храната која ја готвите и парфемите кои ги носите

    rn

    „Кога мојата сопруга беше бремена, не можев да поверувам колку беше чувствителна на мириси. Мој совет би бил да бидете внимателни на сѐ. Доколку за ручек сум изел нешто што содржи кромид, таа веднаш ќе го намирисаше тоа и ќе почувствуваше мачнина. Избегнував да нарачувам зачинета храна, бидејќи таа можеше да намириса сѐ од другата страна на домот.“

    rnrn

    5. Татковството бара и разговор за емоциите

    rn

    „Во текот на бременоста бев фокусиран на физичките работи и не можев ниту да претпоставам колку целиот процес ќе ме исцрпи на психичко ниво.“

    rn

    6. Немојте да ги избегнувате вечерните излегувања со вашата бремена партнерка

    rn

    „Не би рекол дека сум најромантичниот маж на светот, но дефинитивно дадов сѐ од себе да ја изнесам тогашната девојка и сегашната сопруга на љубовни состаноци, барем три пати месечно. Меѓутоа, кога остана бремена, мислев дека порачувањето на храна наместо излегување се подразбира. Дури кога го добивме нашето дете сфатив дека требаше да го извлечеме максимумот од нашата врска додека сѐ уште можевме да го правиме тоа без пречки.“

    rn

    7. Вашата партнерка е анксиозна исто колку и вие (ако не и повеќе)

    rn

    „Се сеќавам дека бев неверојатно нервозен во врска со сето тоа додека мојата жена беше бремена. Мислев дека нема да можам да се носам со менувањето на пелените, а камоли со татковството. Но, кога таа конечно се породи, ми изгледаше дека сѐ е повторно во ред. Би сакал да ѝ давав поголемо значење на нејзината нервоза и да разберев дека и двајцата бевме подеднакво анксиозни.“

    rnДали сте се запрашале што значи да се биде татко? Прочитајте ги овие урнебесни цитати за татковството од познатите личности.

  • 7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат

    7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат

    За раскинување се потребни двајца, така што без разлика што се случило, секогаш се виновни обајцата партнери за распадот на врската. Не е лесно да се разбере спротивниот пол, но треба да се работи на тоа. Жените честопати ги обвинуваат мажите за неуспехот на љубовните врски, но вистината е дека и тие прават несвесни грешки. Ова се 7-те лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат…rnrn7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научатrn

    1. Мора да му дадете простор

    rnНормално е тоа што сакате да бидете со него. Но, ако го следите насекаде каде што оди, ќе почне да се чувствува како во затвор. Ако сакате некого, тоа не значи дека треба да бидете заедно 24/7. Оставете го да работи и да се забавува сам. Почитувајте ги неговите интереси и хобија. Квалитетно поминувајте го времето заедно, наместо да се гледате секој ден. Дајте му простор. Ако вистински ве сака, на крајот од денот, ќе се врати кај вас.rn

    2. Ако сака да си замине, ќе го стори тоа

    rnВреме е да се соочите со вистината! Ако тој сака да си оди, порано или подоцна навистина ќе го стори тоа. Не можете да го присилите да остане со вас. Нема да постигнете ништо доколку постојано му досадувате и го молите да остане. Прифатете ја неговата одлука и продолжете понатаму.rn

    3. Ако решил да ве изневери, ќе го стори тоа

    rnСи имате работа со прељубник. Тој ужива да се гледа со различни жени. Колку од неговите девојки треба да запознаете за да го разберете неговиот карактер? Вашите обвинувања нема да ви помогнат. Ако мажот е прељубник, тој ќе продолжи да изневерува и на крајот ќе ве остави. Најдобро е вие први да ја донесете оваа одлука.rn

    4. Фантазирате дека сте заедно

    rnМожеби навистина ви се допаѓа и срцето забрзано ви чука секогаш кога ќе ве поздрави или ќе ви даде комплимент. Можеби дури и сте имале односи, но тој не го сфатил тоа како нешто сериозно. Мора да престанете да фантазирате дека сте заедно. Бидете практични. Ако неговото однесување ве збунува, разговарајте директно. Доколку неговите намери кон вас не се сериозни, порано или подоцна ќе побегне од вашиот живот.rnrn7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научатrn

    5. Не се обидувајте да го промените

    rnМожеби не ви се допаѓаат некои работи кај него, но тоа не значи дека треба да го менувате. Како би се чувствувале кога тој би се обидувал да ви го направи истото? Не би ви пречело? Секако дека би ви пречело! Сакајте го таков каков што е.rn

    6. Не се обидувајте да го направите љубоморен

    rnОва е една од најчестите грешки што ја прават жените. Не се обидувајте да му го привлечете вниманието со тоа што ќе го правите љубоморен и ќе флертувате со вашите додворувачи. Не постои сомнеж дека ќе привлечете внимание, но крајните резултати ќе бидат негативни. Ако некој маж е заинтересиран за вас, ќе ви пристапи поради вашите квалитети, а не затоа што им се допаѓате на други мажи.rn

    7. Престанете да драматизирате

    rnМажите мразат драма. Тие ги презираат жените кои постојано прават сцени од нигде никаде. Бидете едноставни. Нема потреба од драматизирање. Дајте му мир на вашиот партнер. Смеете да бидете емотивни, но обидете се да ги контролирате емоциите. Не им дозволувајте да ве надвладеат и да ви предизвикаат проблеми.rnrnНајважно од сѐ е да не барате од него да ви кажува колку сте прекрасни или успешни. Бидете самоуверени. Тој ќе ви даде комплименти кога самиот ќе посака да го стори тоа. Тој не е тука за да ве фали. Мажите ги почитуваат самоуверените жени. Бидете една од нив!rnrnВо продолжение, дознајте ја целата вистина за мажите што треба да ја знаете.

  • 7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат животот

    7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат животот

    Сократ бил грчки филозоф кој ги поставил основите на целата западна филозофија. Неговото критичко размислување и животни погледи претставуваат инспирација за многумина. Иако знаеме многу малку работи за неговиот приватен живот, јасно е дека неговата филозофија била многу уникатна и моќна. Денес живееме во свет кој е поинаков од оној каде што живеел Сократ, но тоа не значи дека не можеме да ги примениме неговите мудри совети. Прочитајте ги следниве 7 лекции од Сократ што ќе ве замислат и ќе ви помогнат да имате помирен и посреќен живот…rnrn7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат живототrn

    1. Единствената вистинска мудрост е сознанието дека не знаете ништо

    rnНема да можете да научите ништо доколку мислите дека знаете сѐ и се сметате себеси за експерти. Ако сметате дека повеќе немате што да научите, тогаш навистина нема да научите ништо. Бидете отворени и сфатете дека можно е да грешите. Освен тоа, без разлика колку многу работи знаете, постојат уште бесконечно многу нешта за кои не знаете ништо. Ќе сретнете различни луѓе во животот со различни искуства и познавања и треба да бидете љубопитни да ги запознаете и да научите нешто од нив.rn

    2. Силните умови разговараат за идеи, просечните умови разговараат за настани, а слабите умови разговараат за луѓе

    rnОзборувањата и празните муабети не се продуктивни и нема да ве одведат никаде. Силните умови дискутираат за идеи кои можат да им помогнат да постигнат личен напредок. За жал, денешните генерации се позаинтересирани да дознаат што јадат и како се облекуваат познатите личности отколку за идеите кои би можеле да го сменат светот на подобро.rn

    3. Луѓето кои не се задоволни со она што го имаат, никогаш нема да бидат задоволни ниту со она што би сакале да го имаат

    rnНекои луѓе се ненаситни и постојано бараат уште и уште. Кога станува збор за неконтролирана желба, тоа се нарекува алчност. Од друга страна, пак, ако можете да бидете задоволни со тоа што го имате, можеби би било подобро да имате повеќе, но не мора да значи. Луѓето кои постојано сакаат повеќе наместо да бидат благодарни за она што го имаат, никогаш нема да бидат среќни дури и ако го добијат тоа што го посакувале. Мора да го цениме она што го имаме, да уживаме и да бидеме среќни со нашиот живот. Само така универзумот ќе нѐ награди.rnrn7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат живототrn

    4. Познавајте се себеси

    rnЕден од начините на коишто можете да се запознаете себеси е да ги разберете вашите верувања. Нашите верувања се потсвесни и ретко кога се обидуваме критички да ги испитаме пред да ги прифатиме. Поради тоа, одбиваме да ги слушаме мислењата што не се согласуваат со нашите верувања. Но, како да знаете дали вашиот систем на верувања ги создава проблемите? Најдобро е да се набљудувате себеси и вашето однесување. Не можете да ја обвинувате телевизијата, професорите, родителите и пријателите за верувањата што ги имате. Воопшто не е важно кој е виновен за нив, најважно е да дознаете како да се ослободите од нив доколку сакате.rnrnВрските и напорните распореди не се секогаш дел од проблемот, но доколку проблемите со коишто се соочувате најчесто потекнуваат токму од нив, тогаш треба да го прифатите и да го поправите вашиот систем на верувања. Треба внимателно да ги набљудувате вашите емоции и мисли и да се ослободите од верувањата кои сметате дека ви стојат на патот. Одговорите на вашите прашања се кријат во вас самите.rn

    5. Војните, револуциите и битките произлегуваат од телесните желби

    rnСите војни започнале поради потрагата по богатство, а причината зошто сакаме да имаме богатство потекнува од телото. Сите ние сме слуги на нашите тела. Желбата на луѓето да пронајдат богатство е коренот на сето зло што го гледаме во светот. Минливите материјални нешта ги поттикнале луѓето да предизвикаат ужасни крвопролевања. Луѓето кои можат да ги надминат нивните телесни потреби и целосно да се прифатат себеси, нема да копнеат по војни и богатство, туку ќе живеат мирно и ќе постигнат личен напредок.rn

    6. Внимавајте што посакувате

    rnМожеби мислите дека знаете што е најдобро за вас и постојано го посакувате тоа, но дали знаете што навистина се крие зад вашата желба? Постои една позната изрека што гласи „Внимавајте што посакувате, бидејќи можеби токму тоа ќе го добиете“. Најдобро е да не посакувате ништо за себе, туку да се фокусирате на желбите што ги засегаат сите луѓе на светот. Посакувајте мир и напредок за целиот свет. Ако посакувате нешто за еден човек може да згрешите, но ако посакувате нешто за целиот колектив секогаш ќе бидете во право.rn

    7. Најужасната омраза најчесто потекнува од најдлабоките желби

    rnСилната желба е моќен мотиватор, но честопати останува неисполнета. Овие силни неостварени емоции може да доведат до други подеднакво силни емоции како што се омраза и гнев. Токму затоа не би требало да живеете во премногу интензивна емоционална состојба. Емоциите се нешто прекрасно, но и ним им требаат граници. Кога целосно ќе потонеме во нашите страсти, длабоки желби и копнежи, тогаш почнуваме да се презираме себеси и другите луѓе. Во тие моменти нашата проценка се замаглува и не можеме да видиме ништо пред себе.rnrnДоколку ви се допаднаа овие мудрости, прочитајте ги и следниве 17 важни лекции за животот од Сократ.

  • 5 лекции што силните жени ги совладуваат пред да почнат со сериозна љубовна врска

    5 лекции што силните жени ги совладуваат пред да почнат со сериозна љубовна врска

    Лесно е да се изгубите себеси и да заборавите кои сте во врската. Вие вложувате толку многу време во вашиот партнер, што ако не внимавате, порано или подоцна вашиот идентитет како индивидуа ќе почне да се меша со неговиот. За да не дозволите ова да се случи и притоа да ја уништи вашата љубов, погледнете ги следниве лекции што секоја од вас треба да ги совлада пред да почне со нова љубовна врска…rnrn5 лекции што силните жени ги совладуваат пред да почнат со сериозна љубовна врскаrn

    1. Никој не е одговорен за вашата среќа освен самите вие

    rnПартнерот може да придонесе да бидете посреќни, но тоа не е негова работа. Сè почнува од вас – ако вие чувствувате среќа самите со себе, тогаш тој може да ве направи само посреќни. Ако сте несреќни, тој нема да може да ја поттикне спротивната емоција во вас бидејќи ако самите не можете, како очекувате некој друг да го стори тоа? Наместо да барате партнер што ќе ви ја пополни дупката, најпрво подобрете ја врската со себе, а потоа почнувајте нешто со некој друг.rn

    2. Никогаш не толерирајте некој што не се однесува кон вас со почит

    rnНе дозволувајте да бидете повредени емоционално, ментално или физички. Вие никому не должите ништо и нема поента да трпите лошо однесување само за да задржите личност што реално не е добра за вас. Тој треба кон вас да се однесува со љубов и добрина и ништо помалку од тоа не треба да биде прифатено.rn

    3. Не се задржувајте покрај некој што не ја гледа вашата вредност

    rnАко тој не сфаќа колку е среќен што ве има, тогаш не вреди за вашите време и труд. Вие го заслужувате само најдоброто, па не се задоволувајте со партнер што е помалку од тоа. Најважно од сè е тој да ве цени, но и вие да го цените него. Не трошете ја вашата енергија за некој што не го разбира тоа.rn

    4. Никогаш не се менувајте за некој друг

    rnОсвен ако промената не е на подобро! Но ако станува збор за промена на верувања, вредности, размислување, изглед и слично, само за да ги задоволите неговите желби, тогаш правите голема грешка. Ова е најлесниот начин да се изгубите себеси во врската. Ако тој не може да ве прифати онакви какви што сте, без да ставате маски на лицето кога сте крај него, тогаш очигледно не е правиот избор за вас.rn

    5. Вие сте си доволно!

    rnИ никогаш не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното!rnrnПрочитајте и зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски.

  • 4 најважни животни лекции за чувствителните души

    4 најважни животни лекции за чувствителните души

    Чувствителните луѓе би требало да ја прифатат својата емотивност. Важно е да го направите тоа. Кога подобро ќе размислите, имате многу среќа што сте такви, бидејќи суштината на животот е да ги почувствувате и да уживате во сите емоции во својот живот.rnrn1-4-najvazhni-zhivotni-lekcii-za-chuvstvitelnite-dushi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Прифатете ги емоциите, но не им дозволувајте да ве контролираат

    rnЧувствителните луѓе би требало да ја прифатат својата емотивност. Важно е да го направат тоа. Кога подобро ќе размислите, животот е создаден за да чувствувате и да уживате во емоциите. Од друга страна, морате да знаете како да ги контролирате вашите емоции. Без оглед на тоа дали сте лути или тажни, пред сѐ мора да го почитувате својот живот и своето постоење. Морате да продолжете да живеете. Немојте да дозволите вашите емоции да ве контролираат вас. Запомнете, вие ги држите конците на вашиот живот во своите раце.rn

    2. Задолжително заштитете се

    rnДобро е да бидете чувствителни, но луѓето со оваа карактеристика најчесто имаат тенденција да ги кријат своите чувства, па поради тоа често стануваат жртви на манипулација. Уживајте во вашите емоции, но научете како да се заштитите од некои не толку добри луѓе.rn

    3. Фокусирајте се на она што е навистина важно

    rnЕден од потенцијалните проблеми на емотивните луѓе е тоа што се „трошат“ на неважни работи, така што се препуштаат дури и на најмалата емоција. Убаво е да чувствувате сѐ, но имајте јасна слика за тоа што е навистина важно и немојте од едно стебло да правите цела шума.rn

    4. Тоа што сте чувствителна душа не значи дека сте слаби

    rnПоп културата од чувствителните луѓе до некаде направи слабаци, меки луѓе. Тоа не е вистина! Всушност, потребни се многу сила и храброст за еден човек да ги покаже своите вистински емоции. Немојте да се плашите од тоа, туку бидете храбри.rnrnПрочитајте ги и овие неколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинакви!