КАФЕ ПАУЗА

Tag: компромис

  • 10 неправедни очекувања што може да го нарушат вашиот брак

    10 неправедни очекувања што може да го нарушат вашиот брак

    Природно е да пораснете со одредени очекувања во врска со тоа што ќе прави и каков ќе биде вашиот партнер. Но, многу од овие работи не постојат во реалноста. Најдоброто нешто што можете да го направите е да бидете свесни за вашите очекувања и да разговарате за нив за да дојдете до компромис. Прочитајте кои очекувања може да ја уништат врската.rnrn10 неправедни очекувања што може да го нарушат вашиот бракrn

    1. Очекувате секс секоја вечер

    rnОва е важно прашање. Луѓето имаат различни очекувања за тоа како ќе изгледа нивниот сексуален живот откако ќе се венчаат.rnrnАко имате секс секоја вечер на почетокот на врската, но откако ќе стапите во брак не сте толку заинтересирани, некој може да се чувствува измамен и така започнува незадоволството во бракот.rn

    2. Мислите дека вашиот сопружник ќе ја изразува љубовта на ист начин како и вие

    rnМожеби имате очекувања за тоа како треба да изгледа љубовта, што може многу да се разликуваат од оние на вашиот партнер. Ако вашиот сопруг очекува да му подадете рака, да го прегрнете или да го бакнувате во текот на целиот ден, но вие не сакате допири, како ќе се чувствува тој?rnrnА што ако вие очекувате подароци секој ден? Треба да дефинирате што значи љубовта за вас двајцата и да бидете сигурни дека и двајцата разбирате што му е потребно на другиот за да се чувствува сакано.rn

    3. Им давате приоритет на пријателите и на семејството, а не на вашата врска

    rnАко сакате да ги поминувате сите празници во куќата на вашето семејство затоа што тоа е традиција, но и вашиот сопружник размислува исто за неговата страна, што треба да направите?rnrnАко вашиот сопруг секогаш ги вклучувал пријателите во донесувањето важни одлуки, но вие навистина не сакате да се мешаат во тоа, обидете се да најдете заеднички јазик.rn

    4. Претпоставувате дека сопругот ќе се грижи за „машките“ работи

    rnМожеби додека растел вашиот сопруг, тој секогаш ја гледал својата мајка како чисти и мие садови, па мисли дека така ќе изгледа и вашиот брак.rnrnДали очекувате тој да ги плаќа сметките или да го поправи покривот што протекува затоа што тоа го правеше вашиот татко?rnrnОбидете се подеднакво да ги поделите обврските и одговорностите.rn

    5. Очекувате вашиот план за слободно време да се совпаѓа со неговиот

    rnАко во петок навечер сакате да одите во караоке бар со вашите пријателки, но вашиот сопруг смета дека треба да биде вечер за парови, може да дојде до несогласување.rnrnШто е со секојдневното слободно време? Дали во недела сакате да одите со вашите деца во музеј или во друга авантура, но вашата сопруга сака да се одмори?rnrnМора да разјасните што ви треба за себе, но и да му дозволите на вашиот партнер да има време и простор за себе.rn

    6. Верувате дека вашите навики за трошење се беспрекорни

    rnПарите се чувствителна тема речиси за сите. Сигурно ви било потребно многу време за да сфатите колку си дозволувате да трошите пари за забава, колку мислите дека ви требаат за најважните работи и што би сториле ако наследите пари.rnrnНо, дали некогаш сте седнале и сте размислиле за вашите навики за трошење и зошто мислите дека се добри? Можеби ќе ви треба време за да откриете кои се вашите очекувања во животот, но би било добро да одвоите време и да разговарате со сопругот за да откриете што мислите двајцата.rn

    7. Очекувате дека жената ќе се справи со сè во врска со децата

    rnДали очекувате и двајцата родители да го споделат товарот на воспитувањето деца? Ако двајцата родители одат на работа, очигледно е дека ќе треба да ги поделите обврските.rnrnМожеби вашиот сопруг има скриени очекувања дека вие ќе правите сè што е поврзано со децата затоа што сте мајка. Но, работите не функционираат така во денешно време.rn

    8. Очекувате да се пензионирате на вашето место од соништата

    rnОва е тема за која паровите не сакаат да размислуваат.rnrnДали планирате да се пензионирате покрај плажа, додека сопругата планира да ги следи вашите деца низ целата земја каде и да се движат?rnrnАко вашиот партнер има долгорочен пензионерски сон со кој вие не се согласувате, подобро да се справите со тоа порано отколку подоцна.rn

    9. Претпоставувате дека вашиот начин на комуникација е најдобар

    rnОва е клучно за истражување на вашите очекувања, но понекогаш, луѓето не можат да се договорат како да разговараат. Некои луѓе сакаат да се држат до една тема и да прават структурирани пресврти, додека други сакаат тоа да биде послободно.rnrnМора да бидете јасни со тоа како очекувате да течат дискусиите; во спротивно, можеби ќе ги исфрлите од колосек сите ваши разговори со аргумент за тоа кој ги следи или не ги следи „правилата“ за разговор.rn

    10. Не правите компромис

    rnПреиспитајте ги вашите очекувања. Дали е праведно да имате такви очекувања во реалната ситуација во која се наоѓате? Разговарајте со вашиот партнер за вашите и за неговите очекувања. Ова ќе ви помогне да разберете што можете, а што не можете да менувате.rnrnИако во многу случаи може да бидете разочарани од очекувањата што не се исполнети, погледнете на начинот на кои вашиот партнер ги исполнува другите очекувања, дури и повеќе од она што сте посакувале.rnrnПрочитајте ги овие 11 вистини за врските што никој нема да ви ги каже.

  • Овие хороскопски знаци не знаат за компромис!

    Овие хороскопски знаци не знаат за компромис!

    Тие се оние луѓе кои попрво би возеле цел час подолго отколку да прашаат за насока. Нивниот збор, според нив, е секогаш на прво место и има поголема вредност од туѓиот збор, затоа никогаш не прават компромиси. Овие три хороскопски знаци се потврдоглави од сите останати.rnrnОвие хороскопски знаци не знаат за компромис!rn

    Овен

    rnБарањето туѓа помош се противи со нивните верувања и тие секогаш мислат дека сѐ можат подобро да направат ако го направат сами. Многу се импулсивни, одлучни и не се плашат да кажат некому кога не е во право, но не поднесуваат кога некој ги критикува.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се многу горди хороскопски знаци, а омилено хоби им е докажувањето на туѓи грешки. Своите верувања и знаења ги користат за градење на целиот свој живот и затоа им е многу тешко кога некој сака да ги разубеди во спротивното.rn

    Бик

    rnБиковите мислат дека нивниот начин е правилниот начин. Избувливи се и не дозволуваат да ги критикуваат. Кога е во прашање извршување на некоја работа, Биковите попрво би ја завршиле работата двапати подолго отколку да побараат туѓа помош бидејќи се уверени дека другите луѓе само ќе ги забават.rnrnПрочитајте и кои 4 хороскопски знаци се најтешки за разбирање.

  • 5 работи што секој од вас треба да ги побара во љубовната врска

    5 работи што секој од вас треба да ги побара во љубовната врска

    Врските бараат многу работа и не можат да опстанат ако е задоволена само едната страна. Важно е партнерите да пронајдат компромис и да ги прилагодат своите животи. Љубовта не е најважното нешто во една врска, потребно е и време и внимание со цел таа да опстане. Но некои луѓе можеби се плашат да побараат одредени работи од партнерот. Погледнете кои работи не треба да се плашите да ги побарате во врската доколку сакате таа да биде успешна.rnrn5-raboti-koi-e-vo-red-da-gi-pobarate-vo-vrskata-kafepauza.mkrn

    1. Внимание

    rnЗа врската да функционира потребно е партнерите да бидат достапни еден за друг. Мора да бидете подготвени да ги ислушате проблемите на партнерот и заедно да најдете решение. Комуникацијата е клучна за функционална врска.rn

    2. Посветеност

    rnНајдобрите работи во животот никогаш не се добиваат туку-така, вие треба да се борите за нив. Ако сакате да го поминете вашиот живот со партнерот, треба навистина да му се посветите.rn

    3. Емпатија

    rnЕмоциите може да бидат навистина комплексни и понекогаш да ве надвладеат. Луѓето можеби ќе ве гледаат чудно кога ќе станете премногу емоционални, но партнерот не треба да спаѓа во таа група. Вашиот партнер треба да биде способен да ве сфати и да се обиде да ви помогне.rn

    4. Разбирање

    rnВрската е еден вид тим. Мора да внимавате на вашиот партнер. За ова е потребно многу трпение и грижа и треба секогаш да бидете овде еден за друг.rn

    5. Спонтаност

    rnВрската може да стане здодевна со текот на времето, па и двајцата треба да ја цените едноставноста, но и да одите на заеднички авантури.rnrnИмате апсолутно право да ги поставите и овие 15 барања во вашата љубовна врска!

  • 10 љубовни лекции кои секој треба да ги научи

    10 љубовни лекции кои секој треба да ги научи

    Љубовта не се заснова само на емоциите и чувствата. Понекогаш, треба да ја активираме нашата рационална страна и да се обидеме да најдеме компромис за сите проблеми кои ќе ни застанат на патот, бидејќи заедничките решенија и комуникацијата се едни од најважните елементи врз кои се заснова структурата на секоја љубовна врска. Во оној момент кога двајцата ќе бидат способни да функционираат како едно, тогаш целта ќе биде постигната. Во тој контекст, прочитајте ги 10-те лекции за љубовта кои ќе ви помогнат да ја одржите рамнотежата во вашиот однос.rnrn10 љубовни лекции кои секој треба да ги научиrnrn1. Не ја споредувајте својата врска со ничија друга. Оној пар кој навидум изгледа свршено можеби има сериозни проблеми и обратно, оние кои изгледаат како да не се воопшто блиски, можеби го имаат најдобриот и најфункционалниот однос од сите нивни пријатели. Научете како да ги прикриете своите емоции и интересирајте се само за себе и за својот партнер.rnrn2. Делењето на заедничките вредности е темелот на квалитетната врска. Сосема е во ред да имате различни вкусови за музика, филмови и забава, но за сериозните животни прашања како што се кариерата, купувањето недвижнини, бракот и децата треба да се има исто или слично мислење.rnrn3. Никому не смеете да дозволите да донесува одлуки наместо вас. Правете го само она што вие двајца сметате дека е правилно. Слободно слушајте ги советите на своите пријатели и семејството, но на крајот послушајте го своето срце бидејќи тоа знае најдобро.rnrn4. Квалитетната комуникација е клучна за здравиот однос. Немојте да викате еден на друг без причина. Седнете и разумно разговарајте како две возрасни и цивилизирани личности. Ако веќе се карате, тогаш потрудете се кавгата да биде продуктивна и да пронајдете некакво решение, наместо одново и одново да се расправате за истиот проблем.rnrn5. Никому не дозволувајте да ве убеди дека сексуалниот однос не е толку важен. Тој навистина не е најважен, но затоа е единствениот физички начин на кој можете да ја покажете љубовта и поврзаноста. Немојте да ја изгубите страста во врската.rnrn6. Пред да започнете да се распрашувате, најпрвин разговарајте со партнерот. Доколку се сомневате на неверство или едноставно се чувствувате занемарено, тогаш разговарајте искрено со него или неа. Немојте да направите нешто што може да има само негативни последици.rnrn7. Стилот на облекување, висината или месечниот приход нема да ја зголемат вашата љубов кон никого. Наместо да се бавите со барање на совршениот партнер кои ќе ги задоволи вашите критериуми, дозволете личноста која навистина ве сака, да ве усреќи.rnrn8. Паровите кои опстануваат се оние кои работат на нештата што можат да ги разделат. Не постои совршена врска, но доколку сакате да останете заедно, тогаш мора да бидете спремни да дадете поддршка и во најтешките моменти. Токму тоа е вистинскиот показател на цврстината на вашата поврзаност.rnrn9. Откажете се од идејата некој да го промените во целост. Луѓето се менуваат само ако имаат потреба да го направат тоа. Во никој случај немојте да започнувате врска со личноста која ве привлекла и со која уште од старт планирате да ја менувате, бидејќи тоа нема да биде успешно.rnrn10. Отворено разговарајте за сѐ што ќе ви падне на памет. Никој не може да ви ги чита мислите. Ако нешто сакате, тогаш кажете го тоа јасно и гласно. Немојте да си замерувате и да си се лутите еден на друг само затоа што тој или таа не направиле нешто за кое сметате дека требало да го сфатат.

  • Ова се најважните правила ако започнувате да живеете со цимери

    Ова се најважните правила ако започнувате да живеете со цимери

    Ретки се луѓето кои во текот на своите студентски денови не живееле заедно со цимери кои ги излудувале со својата ароганција и неуредност. Затоа, доколку живеете со цимери, не правете го она што не сакате да ви го направат вам. Обидете се да се придржувате до овие 10 правила кои ќе ви ги откриеме денес, тие ќе ви го олеснат заедничкиот живот со нив.rnrn1-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    1. Секогаш чистете после секоја ваша активност

    rnБез разлика дали сте јаделе или сте имале гости, колку и да сте уморни, секогаш потрудете се да ги соберите работите и садовите од масата или пак, да ги измиете. Тоа нема да ви одземе многу време, а вашиот стан секогаш ќе изгледа чисто и уредно.rn

    2. Поделете ги домашните работи

    rnОдберете еден ден во неделата кој ви одговара и вам и на вашите цимери како ден за чистење и поделете ги домашните задачи. Тие задачи не мора да се однесуваат само на тој ден, туку за секој, но потрудете се да ги определите така што секој од вас ќе добие еднаков број обврски.rnrn2-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    3. Водете сметка каде ги оставате работите

    rnДоколку не живеете сами, водете сметка за тоа каде ги оставате работите и колку простор тие заземаат, бидејќи овој детаљ при живеењето со цимери може да биде многу иритирачки. Раскревајте си ги вашите работи и не оставајте ги насекаде низ домот.rn

    4. Вкусовите се различни

    rnДоколку заедно со вашите цимери изнајмувате стан кој вие треба да го опремите, тогаш бидете подготвени за нови предлози. Истото важи и доколку делите заеднички простор во веќе опремен стан, бидејќи тоа е заедничко место на кое треба да дадете личен печат и вие и вашите цимери.rnrn3-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    5. Заеднички изработете детали за станот

    rnНа интернет можете да пронајдете најразлични туторијали за изработка на детали за домот, па тоа ќе биде одлична прилика да се запознаете подобро, но и со заеднички сили да изработите креативни и интересни креации.rn

    6. Направете креативна просторија од дневната соба

    rnДоколку сакате некоја просторија во станот да ви биде вистински извор на инспирација, тогаш тоа дефинитивно треба да биде вашата дневна соба, па потрудете се таа да биде обоена во интересни бои и да претставува креативен простор во кој вие и вашите гости ќе се чувствувате пријатно.rn

    7. Направете свој мини бар

    rnМини барот претставува одличен начин да го пополните просторот во станот, а покрај тоа секогаш да имате пијалак при рака за вашите гости. Можете да го изработите сами или да го купите, а бидете сигурни дека тој на вистински начин ќе надополни некој запуштен простор од вашиот стан.rnrn4-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_rn

    8. Почитувајте го личниот простор на вашите цимери

    rnДоколку имате различни простории, тогаш почитувајте го личниот простор на вашите цимери и не влегувајте и не пребарувајте по нивните соби без прашање. Освен тоа што е многу непристојно, ваквото однесување сигурно и вам ќе ви пречи и ако се најдете во истата ситуација.rn

    9. Отворено разговарајте за проблемите

    rnАко нешто ви пречи кај вашиот цимер, немојте да молчите туку отворено кажете им, бидејќи со разговор може да се реши секој проблем. Со оглед на тоа дека делите ист простор во станот, потрудете се во него да владее мирна атмосфера.rn

    10. Немојте да бидете арогантни

    rnКога веќе сте одлучиле да живеете со друга личност, немојте да се однесувате арогантно како вие да сте единствената личност на овој свет. Пронајдете компромис и обидете се да не земате без прашање туѓа храна или туѓи работи.

  • Правила за љубовни караници со среќен крај

    Правила за љубовни караници со среќен крај

    Не сите караници се кобни за врската. Некои се потребни, некои непромислени, а некои тотално претерани. Но сите имаат едно нешто заедничко: двајца луѓе кои се борат за врската обидувајќи се да најдат решение за проблемот пред нив. Врската е таква што на неа мора постојано да се работи. Некогаш ќе цветаат рози, а некогаш ќе се боцнете на трн. Она кое е важно е да сте свесни дека не секоја расправија значи крај на врската, па токму затоа е редно време да научите како да се карате без тоа да води кон раскинување. Следниве едноставни правила ќе ви помогнат во таа цел.rnrn(3)-pravila-za-ljubovni-karanici-so-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    Поставете временски лимит

    rnВременската рамка која ќе си ја поставите е и те како потребна доколку не сакате да ги преминете границите кон огромна расправија. Дајте си го себеси времето кое мислите дека е доволно за да се искажете и држете се до него. На овој начин ќе се сконцентрирате на оние важните работи наместо да кажувате сѐ што ќе ви дојде на памет.rnrn(1)-pravila-za-ljubovni-karanici-so-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    Посветете се на проблемот

    rnБез заобиколување и непотребно напаѓање, акцентот ставете го на вистинскиот проблем. Временскиот лимит веќе ве ограничува, па не губете го времето на жалење за работи кои немаат никаква поврзаност со вистинскиот проблем. Дефинирајте го проблемот пред да почнете да се карате и ќе видите дека ќе знаете што точно сакате да кажете.rn

    Слушајте внимателно

    rnНајголемиот проблем во сите расправии е што партнерите не се слушаат меѓусебно. Едниот избрзувајќи да каже што мисли не го дослушува другиот и обратно. Наместо брзо решавање на проблемот, добивате одолговлекување кое нема никаде да ве однесе. Слушнете што има да ви каже партнерот, обрнете внимание на неговите/нејзините чувства, испочитувајте го/ја така што ќе си дадете шанса да најдете решение за проблемот.rnrnCoffee Shop engagement session by melaniegabrielle.comrn

    Бидете љубопитни

    rnСакајќи да се одбраниме себеси и својот став, забораваме дека не сме сами во расправијата. Секогаш се потребни двајца и секогаш и двајцата се во право и/или во криво. Дали навистина знаете кои се причините поради кои партнерот го мисли она што го кажува и прави? Веројатно не. Многу нешта можат да се подобрат доколку малку повеќе се заинтересирате за позадината на нештата.rn

    Научете да соработувате

    rnДоколку немилосрдно ја држите само својата страна, никогаш нема да успеете да го решите проблемот. Компромисот е единственото можно решение, а до него ќе дојдете само со меѓусебна соработка. Таа златна средина ќе си дојде сама по себе кога ќе се испочитувате себеси и партнерот и ќе се обидете да ги согледате фактите пред имагинацијата.rnrn(4)-pravila-za-ljubovni-karanici-so-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    Правете компромиси

    rnБез компромис нема крај на расправијата. Колку побрзо прифатите дека и двајцата ќе мора да се прилагодите на ситуацијата, толку поедноставно ќе ги решите проблемите. Секако, тоа не мора да бидат големи и радикални промени. Започнете со некои мали договори кои евентуално би можеле да ве доведат до она кон кое тежнеете.rn

    Завршете ја расправијата во позитивен дух

    rnИако можеби сѐ уште немате најдено решение, не дозволувајте расправијата да заврши така што нема да сакате да се погледнете во очи. Секогаш постои нешто позитивно кое произлегува од тие 20 минути карање. Сѐ што треба е да го најдете тоа нешто и да се држите до него на крајот на расправијата. Прегрнете се, бакнете се и дајте си ја себеси заслужената поддршка која ќе ве зближи и повеќе одошто очекувате.

  • 7 витални избори кои мора да ги направите доколку сакате да бидете во среќна љубовна врска

    7 витални избори кои мора да ги направите доколку сакате да бидете во среќна љубовна врска

    „Тоа што некој ве сака со цело срце и душа ви дава сила, а тоа што сакате некого со цело срце и душа ви дава храброст.“ – Лао Цу

    rnНиту една врска не е лесна и едноставна. Кога некого навистина сакате и некој ве сака вас, сѐ станува неколку тони потешко. И токму затоа секоја врска бара да се работи на неа, континуирано. Моментот кога ќе го земете партнерот здраво за готово и ќе престанете да се трудите околу врската е моментот кога таа ќе почне да пропаѓа. Среќната врска не значи дека постојано ќе бидете во облаци, но значи дека покажувате меѓусебно разбирање, ја давате потребната поддршка, успевате да дојдете до компромис и најмногу од сѐ – се сакате.rnrn(1)- 7-vitalni-izbori-koi-treba-da-gi-napravite-dokolku-sakate-da-bidete-vo-srekjna-ljubovna-vrska-kafepauza.mkrnrnИ додека сето ова звучи доста убаво на зборови, најтешкиот дел е применување на она што добро го знаете. Следниве 7 работи се основни доколку сакате да имате, односно да бидете во врска која ќе ве исполнува и прави среќни. Применувајќи ги континуирано, со секој ден сте чекор поблиску до врска во која ќе се чувствувате само убаво.rn

    1. Вежбајте да се сакате себеси пред сѐ останато

    rn

    „Единствениот начин да имате среќна, љубовна врска е да можете да бидете среќни со или без неа.“ – Ерика Гонзалесrnrn„Знајте дека не е задача на друг да ве направи среќни. Единствената личност која може да го направи тоа сте самите вие.“ – Кристи Емонсrnrn„Најважно од сѐ е да бидете искрени со себе за тоа кои сте и што сте.“ – Кели Белrnrn„Знајте дека може да бидете свои и пак да бидете прифатени. Најдобрата врска е онаа во која го предизвикувате најдоброто еден кај друг и сте совршено задоволни дури и кога никој од вас двајца нема што да каже.“ – Стефани Швенинг

    rnНаправете листа од вашите особини и однесувања кои заслужуваат почит. Иако ќе е соочите со маани и недостатоци (како и сите останати), верувајте дека има повеќе добро отколку лошо во врска со вас. Простете си себеси за што и да си замерувате и продолжете со крената глава. Бидете добри со себе, грижете се за себе и сакајте се такви какви што сте бидејќи само така ќе создадете простор за да ве сакаат и другите.rn

    2. Фокусирајте се на компатибилноста

    rn

    „Најдобри пријатели пред сѐ останато.“ – Венди Николсонrnrn„Потребно е извонредно да си се допаѓате еден на друг во секоја смисла на зборот.“ – Дајен Бејтменrnrn„Имајте заеднички или барем компатибилни вредности и комуникација. Сѐ останато може да се прости, прифати или тргне настрана. Вредностите се коренот преку кој се поврзуваме со другите луѓе.“ – Френк Раrnrn„Најдете ја личноста која ве инспирира да бидете подобри и секогаш охрабрувајте ја и таа да биде најдоброто од себе.“ – Корин Морил

    rnАко сѐ уште не сте во врска, излезете и правете ги оние работи кои ве интересираат бидејќи така ќе имате шанса да запознаете личности кои ги делат вашите интереси и вредности. Доколку сте сепак во врска, тогаш почесто правете ги работите во кои и двајцата уживате. Врската некогаш знае да делува како навистина тешка работа, па во тие моменти запрашајте се што навистина е проблемот и дали е решлив, бидејќи колку и да е тешко да заминете од некого, тоа е единствениот начин да ја запознаете личноста со која ќе бидете посреќни.rn

    3. Вежбајте прифаќање

    rn

    „Прифатете дека не секој или сѐ е совршен/о. Сите ние сме совршено оштетени.“ – Сајмон Киркrnrn„Немојте да му поставувате барања на вашиот партнер. Партнерите не си кажуваат меѓусебно што да прават.“ – Џон Биглrnrn„Меѓусебното обожавање и прифаќање на разликите се клучот за феноменална врска.“ – Кејси Кимсrnrn„Среќата е избор, како и сите други работи во животот. Јас избирам да ги гледам и да бидам благодарна за сите добри квалитети на мојот партнер наместо да се фокусирам на грешките.“ – Емили Робертс

    rnКога постојано се расправате за нешто со партнерот и се наоѓате себеси како одново и одново се фокусирате на грешките кои тој/таа ги прави, можеби е време да се запрашате себеси кај кого лежи проблемот и дали можеби тоа што навистина ви пречи е нешто во врска со вас. Не се обидувајте да ги менувате луѓето, направете промена кај себе. Наместо да ги потенцирате недостатоците, покажете им на луѓето како сакате да се однесуваат со вас. А кога нешто навистина ви пречи, размислете дали вреди за тоа да ја прекинете врската пред да донесете радикална одлука.rn

    4. Поставете реални очекувања

    rn

    „Не очекувајте да бидете среќни цело време.“ – Стефани Годардrnrn„Не се оптоварувајте со ситници и искажете се само тогаш кога нешто навистина ви значи.“ – Елизабет Садуrnrn„Запомнете дека не секогаш ќе бидете среќни, но поминете низ тие несреќни моменти заедно или разделени, која од овие две опции и да е потребна.“ – Џесика Дафrnrn„Имајте реалистични очекувања и стандарди еден за друг.“ – Ашна Синг

    rnЗборовите треба да биде вака или така се зборови кои не треба да постојат во една врска. Исто така, се случува врските од минатото и проблемите кои ги носат со себе да влијаат на вашата сегашна врска, па да се најдете себеси како го обвинувате партнерот за нешто што ви го правел бившиот партнер. Ослободете се од овие стравови, продолжете понатаму и не му ги наметнувајте на партнерот оние очекувања кои може да си ги исполните сами.rn

    5. Бидете фини и во изборот на зборови и во она што го правите

    rn

    „Помислете на чувствата на другата личност пред да кажете нешто или да ја искритикувате.“ – Дејна Бруер Ковејrnrn„Имајте брзо уво и спор јазик.“ – Марк Вордrnrn„Имајте сочувство и созревајте заедно со текот на годините, а не посебно.“ – Криста Твердакrnrn„Љубовта мора да биде поголема и посилна од сѐ останато. Никогаш не ставајте цртки за секоја грешка на партнерот и бидете подготвени да простите.“ – Мел Ескобар

    rnОбидете се навистина да слушнете што ви кажува партнерот наместо едвај да чекате да дојдете до збор. Немојте да го земате партнерот здраво за готово и покажете му дека ги цените сите оние прекрасни работи кои забележувате дека ги прави за вас. Не кажувајте работи за кои подоцна ќе жалите.rn

    6. Бидете искрени

    rn

    „Зборувајте за работите кои ве навредуваат и повредуваат.“ – Шерил Флојдrnrn„Најдете компромис и сонувајте заедно.“ – Бека Стинсонrnrn„Од моите баба и дедо кои сте заедно во среќен брак веќе 60 години: грижа, комуникација и компромис – ова се трите најважни работи во една врска.“ – Емили Ларсенrnrn„Немојте да се оптоварувате со ситници. Ако нешто навистина ви пречи, тогаш на смирен начин зборувајте за тоа. Оставете им ја драмата на театрите и филмовите.“ – Бен Рејна

    rnИскреноста е основна за добра комуникација. Ослободете се пред партнерот и кажете му што ви лежи на душа. Ислушајте го што тој има да каже. Бидете искрени и дозволете му и на партнерот да биде искрен со вас. Не ја префрлајте вината за вашите чувства на партнерот.rn

    7. Не заборавајте да правите сѐ што е во ваша моќ кога е врската во прашање

    rn

    „Кога ви е досадно, направете нешто во врска со тоа.“ – Ерни Сомерсrnrn„Прилагодувајте се на промените. Прилагодувајте се на расположенијата, начините на живот и на новите нешта. И не заборавајте да се сакате.“ – Кери Кокиногенисrnrn„Имајте силни сопствени цели, но и заеднички.“ – Лаура Тексера

    rnЛичниот простор и времето за себе се многу потребни во секоја врска. Одвојте време за себе, но немојте да дозволите да заборавите на партнерот. Секогаш и постојано освојувајте го одново и одново и покажете му/ѝ колку ви значи. Правете сѐ што е во ваша моќ за да си покажете колку се сакате, смејте се заедно, менувајте се заедно, поминувајте повеќе време заедно.rn

    „Почнувајте одново и одново, сè од почеток.“ – Мигел Анхел Карило Инфанте

    rnСекој нов ден е нова шанса да пружите и да добиете многу љубов. Не ја пропуштајте.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 работи во врските за кои навистина не треба да правите драма

    5 работи во врските за кои навистина не треба да правите драма

    Дали имате навика да правите драма и нервоза за ситни и небитни работи во врските? Зборуваме за нешта кои навистина не се толку битни, но можат да бидат причина за кавга. Еве што сè не треба да дозволите да биде причина за кавга во вашата врска.rnrn5 работи во врските за кои навистина не треба да правите драмаrn

    1. Не постира статуси на ФБ за вашата годишнина

    rnВсушност, бидете благодарни што е така. Знаеме, има многу парови кои не забораваат секојдневно да си напишат на ѕид колку се сакаат, но сè додека ви го кажува тоа во лице, во ред е.rn

    2. Не успева во приредување изненадувања

    rnВо ред, можеби не успева да направи нешто тотално лудо и неочекувано како момците од филмовите, но барем се труди. Можеби ќе предвидите што ќе ви подари или каде ќе ве однесе, но зошто тоа да ве спречи да уживате во она за што вистински се потрудил да ви угоди?rn

    3. Си легнувате лути

    rnСè додека не се случува постојано, не го сфаќајте како крај на светот. Некогаш ќе рече нешто погрешно што ќе ве налути, но на крајот на краиштата и вие сте рекле. Сите сме луѓе и може да се случат секакви работи.rn

    4. Немате заеднички планови

    rnВие сакате да останете дома, тој/таа да оди на вечера со друштво. Како и да звучи ова, вистината е дека во ред е понекогаш да не ви се поклопуваат плановите. Не правете драма од тоа.rn

    5. Не сакате исти филмови

    rnПа, што? Компромис. Некогаш ќе гледате она што вие сакате, некогаш она што е по избор на вашиот партнер.

  • 18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

    18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

    Излегувате подолго време и на памет ви паѓа да го поставите големото прашање? Тогаш продолжете со читање. Ова се знаците кои покажуваат дека сте во врска со девојката која треба да ви биде сопруга.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    1. Ги знае вашите пријатели и се грижи за нив

    rnГи знае по име сите, и блиските и не толку блиските. Знае што се случува во нивните животи и прва ќе крене слушалка да им честита роденден или да им „мести“ некоја пријателка. Никогаш не би сакала да се претворите во оние кои си ги забораваат другарите откако ќе почнат сериозна врска.rn

    2. Кога одите заедно на патување или одмор, не се карате постојано

    rnДури и ако автобусот се расипал или хотелот не бил како на сликите, вие ќе најдете начин да не избувнете и сепак да го извлечете најдоброто од понуденото.rn

    3. Одвреме-навреме ја фаќате како ве мерка од глава до пети

    rnСлатко е кога ќе помислите како ве мерка подгризнувајќи си ги усните, како вие да сте најсекси суштество на светот. Го прави тоа несвесно, исто како „тазе“ заљубените девојки.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    4. Имате исти животни приоритети

    rnДелите исти вредности и приоритети. Се согласувате за најважните животни прашања. Ако вас семејството ви е важно, важно ѝ е и неа.rn

    5. Сака да се фали со вас

    rnНе ве пушта од рака додека разговара со некој друг, ве гледа со заљубен поглед и неретко ќе ве пофали за постигнатото пред други.rn

    6. Кога пријателот се жали за својата врска, воопшто не се пронаоѓате

    rnЗарем така постапила? Тоа е толку различно од вашата девојка. Всушност, кога слушате како пријателот се жали за љубовта ви се чини дека вие сте од друга планета.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    7. Таа е вашата најголема поддршка

    rnЗа што и да треба да одлучите, со каков проблем да се соочувате, таа е тука, и секогаш е на ваша страна. Го сака најдоброто за вас и за вашата иднина, па ќе ви ја даде целосната поддршка дури и тогаш кога од неа се бара пожртвуваност.rn

    8. Слободно ја вклучувате во плановите за иднината

    rnАко, да речеме, свадбата на вашата сестра е за една година, без ни малку да се почувствувате чудно, го планирате вашето заедничко одење.rn

    9. И двајцата сте подготвени на компромис и сте пожртвувани еден за друг

    rnНе сака да биде само по нејзино, и ако тоа ве прави среќни ќе излезе од нејзината зона на комфорот.rn

    10. Не се обидува да ве промени

    rnИако ги знае сите ваши маани и слаби страни, што секој од нас ги има, не се обидува да промени ништо кај вас. Не ве споредува со други, што би ве навредило. Едноставно ве прифаќа такви какви што сте.rn

    11. Им се допаѓа на вашите пријатели

    rnПо толку состаноци кои тргнале наопаку, по толку напорни и токсични врски и флертови, вашите пријатели се среќни што имате таква девојка покрај себе.rn

    12. Може целосно да бидете искрени со неа

    rnНе чувствувате потреба да се преправате ниту пак да прикриете нешто. Може да ѝ кажете што било и се чувствувате слободни со неа.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    13. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога нешто ќе ви се случи

    rnБез разлика дали е тажна или среќна вест, прво кревате слушалка за да ја споделите со неа.rn

    14. Ги прифаќа работите кои се чудни кај вас

    rnКако некоја чудна или неразбирлива навика за која и вие би се срамеле. Гледате дека дури и почнува да ја применува.rn

    15. Имате нескротлива потреба да ја заштитите

    rnПостојано сте загрижени да не ѝ се случи нешто лошо. Кога ќе ви се јави растревожена посакувате да го убиете оној кој направил да се чувствува така.rn

    16. Кога се карате, тоа го правите на фер начин

    rnТаа се кара со вас на фер начин. Нема да спомнува нешто што се случило пред многу време ниту пак ќе гледа да ви ги погоди слабите точки или да ве потсети колку сте згрешиле во нешто.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    17. Има свој живот настрана од вашата врска

    rnСи има свој идентитет, нејзиниот идентитет не е слеан во врската. Неретко ќе излезе сама со другарките или ќе замине некаде без вас. И покрај тоа што многу ве сака, таа е самостојна.rn

    18. Кога сте разделени ви недостига

    rnКога ќе ѝ кажете дека ви недостига, навистина го мислите тоа. Мразите да одите во кревет или да се будите без неа.

  • Што учиме за пријателствата како возрасни?

    Што учиме за пријателствата како возрасни?

    Како што растеме учиме многу животни лекции, меѓу кои и важни лекции за пријателствата, кои се неизбежен дел од нашите животи. Еве што учиме за пријателствата како што чекориме во светот на возрасните.rnrnШто учиме за пријателствата како возрасни?rn

    Пријателствата, како и врските, бараат компромис

    rnЛуѓето се различни и не секој кој ќе го запознаете ќе има исти или слични мислења и ставови со вас. Не можете од вашите пријатели да барате секогаш и за сè да се согласуваат со вас, напротив. Вие ги запознавате, проценувате до кој степен се разликувате и дали може да се носите со разликите меѓу вас и потем се прифаќате едни со други. Пријателствата, слично како и врските, бараат компромис. Не можете да избувнувате при најмала ситница и несогласување со пријателот бидејќи секој има право на свое мислење. Ова е дефинитивно една од најважните лекции за пријателството што ја учиме како повозрасни.rn

    Вашиот/ата колега/колешка може да ви биде и најдобар пријател, сè додека тоа не ја загрозува вашата професионалност

    rnКога станува збор за пријателството, забавата и работата може да се измешаат. Нема ништо лошо во тоа интензивно да минувате време со колегата од работа и истата таа личност да ви стане најдобар пријател. Всушност, тој/таа нема да се фрустрира кога зборувате за работа бидејќи и самиот/ата е во истата „каша“. На работното место минувате доста време и сосем нормално е да се поврзете со некоја личност со која делите слични интереси и за која чувствувате блискост. Тоа не значи дека ќе бидете полоши или помалку професионални на работното место, токму напротив, ќе внесете повеќе позитива во работата која ја извршувате и ќе бидете помотивирани. Она што не смеете да дозволите е да ја запоставите работата или да почнете да се натпреварувате и воедно да го уништите вашето пријателство.rnrnШто учиме за пријателствата како возрасни?rn

    Не значи дека сите ваши пријатели мора и меѓусебно да бидат пријатели

    rnВеќе во вашите 20-ти, ако не и порано, сфаќате дека и покрај сите ваши напори, не можете да ги споите сите ваши пријатели во едно друштво. Тоа би било совршено, но факт е дека не секој од вашите пријатели е компатибилен со другиот. Вашата колешка од работа може да не се согласува добро со вашата другарка од средно и тоа е во ред. Нема потреба да се ставате себеси под толкав притисок. Секако, и двете ќе бидат тука на важен настан во вашиот живот, но не значи дека ќе станат најдобри пријателки поради вас.rn

    Вложувањето во пријателството не е само добра работа, туку е и неопходна

    rnТоа што станале ваши пријатели не значи дека што и да направите односно да не направите, тие ќе продолжат да ви бидат пријатели. Вашата незаинтересираност може да ги оддалечи луѓето од вас и тие да престанат да се трудат бидејќи и вие не вложувате. Задолжителните роденденски подароци, појавувањето на врата кога пријателот е тажен, лудите ергенски забави и изненадувања се само дел од вашите „обврски“ како пријатели. Не очекувајте да ги имате пријателите покрај вас ако не вложувате во вашето пријателство.rn

    Вашите возрасни пријателства нема да бидат исти како вашите тинејџерски пријателства

    rnНе можете да очекувате вашата пријателка да минува цел ден кај вас дома бидејќи има обврски и веќе не сте тинејџери. Пријателствата со тек на време се менуваат, исто како што и луѓето растат. Но тоа не мора да значи дека не се вистински пријателства или дека се помалку силни. Всушност, кога ќе размислите подобро, како тинејџери сте негувале навистина неискрени и токсични пријателства, но како возрасни сфаќате дека имате моќ на правилно расудување и ги одбирате вистинските, оние кои го заслужуваат вашето пријателство. Така што, да, пријателствата кои ги имате како возрасни се различни од оние кои ги имавте како тинејџери, но тоа може да биде добра работа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.