КАФЕ ПАУЗА

Tag: компромис

  • Постојат 4 видови љубовни врски – откријте која е вашата!

    Постојат 4 видови љубовни врски – откријте која е вашата!

    Не може сите врски да траат вечно, па и не треба. Некои врски се само мост кон нови искуства и созревање на личноста, додека други, штом се оформат се толку силни, што ќе траат до крајот на животот.rnrnСпоред брачната терапевтка и психолог д-р Кармен Хара, постојат 4 видови љубовни врски, но тоа не значи дека не може да ги искусите сите во животот. Тие зависат од волјата и судбината и не е лесно да ги препознаете. Но секој љубовен однос треба да се анализира и да се категоризира. Иако ова не звучи многу романтично, сепак помага за личниот развој и за подобрување на квалитетот на животот.rnrnHappy couple embracing and laughingrn

    Преодна љубовна врска

    rnТаа е своевиден мост помеѓу две фази од процесот на созревање. Може да поттикнува на промена или да го ублажи товарот од претходната врска. Кај младите може да биде совршена лекција за тоа каква треба да биде љубовта, а после развод може да помогне во брзото лечење на раните. За жал, како што и самото име сугерира, ваквите врски најчесто со краткотрајни, но сепак се и многу благодарни, бидејќи им помагаат на луѓето да дојдат до нов, подобар стадиум од животот.rn

    Кармичка љубовна врска

    rnКармата е спој на сето добро и сето лошо што сме го направиле во животот, а нејзината мана и нејзината предност истовремено, е во тоа што се повторува. Заради тоа ваквите врски се многу интензивни. Кармичките љубовни врски исполнуваат и збогатуваат, без разлика на траењето. Тие подразбираат одредена акција, било да е тоа прекинување на причината за одредено однесување или поновување на иста ситуација. Како на пример, прекинување на долгогодишна врска по запознавање на сродната душа. Врските со сродни души едноставно значат дека имате посебен однос и нешто што ве привлекува кон таа личност без оглед на сѐ.rn

    Компромисна врска

    rnОвој вид врски е најчест и претставува спој на луѓе кои ги поврзува емоционална или финансиска стабилност. Најчесто парот останува заедно заради децата и комфорот. Поединците во оваа врска не ја напуштаат сигурната зона бидејќи се плашат да бидат сами или да бараат нов партнер. Задоволни се со постоечкиот, но не се потполно среќни. Сепак тоа не ги спречува да не го поминат целиот живот заедно.rn

    Врска со сродна душа

    rnОваа врска се протега надвор од психичките и физичките нивоа. Ретка е, но штом започне, ќе трае цел живот. Се карактеризира со интензивна поврзаност помеѓу партнерите. Тие толку многу се разбираат што буквално можат меѓусебно да си ги завршуваат речениците. Овие се и најдобри пријатели и веруваат дека заедно можат да ги победат сите незгоди. Тоа не значи дека немаат проблеми, само што полесно ги решаваат од другите парови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска?

    Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска?

    Секој од нас има своја шема според која им пристапува на љубовните врски. На пример, вашиот партнер ве доживува набљудувајќи го говорот на вашето тело, слушајќи ги фразите кои ги употребувате, начинот на зборување, како и вашите навики и односот кој го имате со останатите лица. Најчесто не сме ни малку свесни за пристапот кој го имаме кон љубовните врски, но истата шема веќе сме ја примениле во многу врски или интеракции со лица од спротивен пол.rnrnЗошто е важно да сте свесни за начинот на кој им пристапувате на врските? Тоа наголемо влијае на перцепцијата која вашиот партнер ќе ја има за вас, а можеби со самото разбирање кој е вашиот пристап, ќе одгатнете многу нејаснотии кои сте ги имале за минатите или пак за сегашната врска.rnrnКако им пристапувате на љубовните врски и зошто многу нешта зависат од вашиот пристап?rnrnДоколку најголем дел од врските во вашето минато завршиле на начин на кој сте посакувале, тогаш може да се каже дека ви е јасно што сакате и како им пристапувате на нештата. Но доколку одговорот е негативен, можеби оставате сосем погрешен впечаток.rnrnКако се поставувате во врските зависи од многу фактори како образованието, домашното воспитување, разните медиумски влијанија и слично. Дали ви се случило вашето однесување да биде погрешно интерпретирано од другата страна? Можеби сте имале намера за нешто сериозно, но сте биле сфатени како личност која во моментот бара забава. Дали ви се случило да ги практикувате истите свои навики од минатото во сегашната врска? Дали повторно се фаќате за истите работи и започнувате кавги поради истите причини?rnrnРенди Гантер, психолог и брачен советник, разработила 9 најчести типови на пристап кон врските кои ќе ви помогнат да разберете каде припаѓате вие. Целта на нејзиното излагање не е дефинирање на одреден пристап како правилен, а на друг како погрешен, туку секој пристап има различна цел, добри и лоши страни. Доколку тие ви помогнат да разберете што сте правеле погрешно, може свесно да го промените својот пристап кон врските.rn

    1. Желба за контрола и доминација

    rnНивниот став е дека тие просто знаат како да живеат. Не само што знаат што е најдобро за нив туку умеат да кажат што е најдобро и за нивниот партнер. Се однесуваат како да влегле во врската за да му кажат на партнерот како треба да живее и какви одлуки да донесува, потенцирајќи дека другата страна ќе биде посреќна доколку ги слуша нивните теории за подобар живот.rnrnГлавна цел: Да имаат контрола и одговорност врз нивните партнери.rnrnКакви партнери ќе привлечат? Личности со ниска самодоверба, или личности кои во конкретниот период изгубиле верба и волја за живот, па треба да бидат водени од страна на некој посамоуверен од нив кој истовремено тактички се снаоѓа во животот.rnrnВозможен исход: Ваквиот пристап кон љубовните врски е интересен микс од сочувство кон другата личност и желба за доминација. Оваа врска повеќе наликува на врска родител-дете отколку на врска меѓу двајца партнери кои се од ист ранг. Во овој случај или ќе поминете добар дел од животот (ако не цел), контролирајќи нечиј живот и грижејќи се за некој друг кој упорно ќе се потпира на вас, или пак ќе се претворите во опсесивен родител чие дете набрзо ќе порасне и ќе го напушти домот.rnrnДоколку се пронајдовте во овој тип, вашето сочувство за другите е многу човечно, но имајте на ум дека мора да поставите граница. Никој не сака да биде контролиран и постојано да се гази неговото его. Вие може да дадете совети и да му помогнете на вашиот партнер, но сосем е во ред некогаш вие да бидете страната на која ѝ треба помош.rnrnКако им пристапувате на љубовните врски и зошто многу нешта зависат од вашиот пристап?rnrn

  • Зошто треба да занемарите некои мани кај вашиот партнер?

    Зошто треба да занемарите некои мани кај вашиот партнер?

    Личностите кои се во врска некогаш навистина знаат да си одат по нерви. Неретко чувството е обострано. Никој не е совршен и често ќе треба да се одлучите на некаков компромис. Еве неколку причини кои ќе ве натераат да помислите два пати пред да започнете цела кавга околу некоја најмала мана на вашиот партнер.rnrnЗошто треба да занемарите некои мани кај вашиот партнер?rn

    Се развива она на кое се фокусирате

    rnАко одберете да се фокусирате на неговите/нејзините позитивни карактеристики, или добрите работи кои ги сторил/а за вас, тогаш уште повеќе ќе се вљубите во личноста, и фокусирајќи се на позитивното ќе забележите дека од ден на ден добрите страни се сè почести. Но ако одберете да се фокусирате на она што е негативно тогаш ќе останете заслепени недозволувајќи си себеси да ги забележите сите добри нешта кои другата страна ги направила за вас и ќе продолжите да се натрупувате со негативни мисли.rn

    И вие, исто така, имате мани

    rnПаметно е да се запамети дека вашиот партнер не е совршена личност, но не сте ни вие. Кога ќе помислите на сите недостатоци или лоши навики кои другата страна ги има, само сетете се дека и тој/таа секојдневно се справува со вашето несовршенство.rnrnЗошто треба да занемарите некои мани кај вашиот партнер?rn

    Бидејќи го/ја сакате

    rnКолку често имате кавга со вашите родители? Дали тие се совршени? Сепак, вие ги сакате и не можете да си го замислите животот без нив. Како слична земете ја ситуацијата во вашата романтична врска. Вие сте во врска со личноста бидејќи ве засмејува, ве прави среќни, ве поддржува, ве сака… а и вие го/ја сакате. Колку би ја повредиле другата страна доколку одлучите бесно да ги истурите сите замерки одеднаш? Веројатно многу, но прашањето тука е дали би сакале да ја повредите личноста која ја сакате?rn

    Одбирајте за што ќе се борите

    rnКревањето прашина околу секој детаљ нема да ѝ направи ништо добро на вашата врска. Не постои совршена врска каде постојано тече мед и млеко. Љубовта подразбира правење компромис во добар дел од времето. Одлучете се за некои работи едноставно да премолчите или индиректно да посочите кон подобрување. Одбирајте ги нештата за кои вреди да барате да се променат. Партнерот не ве почитува, ве омаловажува или претерано е љубоморен? Да, имате право да започнете разговор на таа тема и да барате излез од ситуацијата. Но зошто би правеле цела кавга бидејќи гласно зборува или ја заборава вратата отворена?rn

    Ставете се на негово/нејзино место

    rnМожеби вашиот партнер има лош ден, премногу обврски или грижи. Дали би биле себични доколку не покажете воопшто разбирање? Најверојатно да. Пробајте да се ставите на негово/нејзино место и да ги разберете факторите кои придонеле за таквото однесување. Исто размислете, колку често вашиот партнер премолчел за некои ваши мани и несовршености?rnrnЗошто треба да занемарите некои мани кај вашиот партнер?rn

    Поттикнувате добро однесување

    rnФокусирајќи се и истакнувајќи ги позитивните страни поттикнувате другата личност уште повеќе да се однесува на таков начин. Кога некој ќе ни нагласи колку цени нешто што правиме за него или ќе истакне некоја наша добра карактеристика, тежнееме уште повеќе да ја оправдаме позитивната оценка. Така е и во љубовните врски.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска

    12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска

    Сфаќањето дека сте во лоша љубовна врска која ви штети, може да биде тешко. Можеби ќе ви биде полесно доколку претходно сте биле во добра љубовна врска, но доколку оваа врска го претставува целото или макар поголемиот дел од вашето искуство во љубовта, тогаш би ви било тешко да разберете колку односот кој го имате со вашиот партнер негативно ви влијае вам. Ова се 12 предупредувачки знаци дека сте во лоша и нездрава љубовна врска која ви нанесува штета.rnrn12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врскаrn

    1. Не се вреднувате доволно

    rnДали тој се однесува како да е незаменлив? Можеби не ве вреднува доволно и мисли дека што и да направи вие сепак ќе бидете покрај него? Или обратно, можеби вие не го вреднувате доволно вашиот партнер? Потценувањето е еден од најголемите непријатели на врската, а однос во кој се чувствувате дека не вредите доволно, значително ќе ја намали вашата самодоверба и никогаш нема да мислите дека сте доволно добри.rn

    2. Недостаток на доверба

    rnДали во врската чувствувате постојана несигурност кога станува збор за верноста на вашиот партнер? Дали вашиот партнер мисли дека не е правилно да излегувате со друштво без тој да биде присутен? Врска која се базира на љубомора и недоверба во никој случај не е здрава и цврста љубовна врска.rnrn12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врскаrn

    3. Постојани навреди

    rnДали си дофрлате погрдни зборови на дневна база? Чувствувате дека постојано треба да се браните себеси и своите ставови? Вашиот партнер треба да прави да се чувствувате сакано и слободно во своја кожа. Доколку од обете или од една страна постојано произлегуваат навреди тоа може да биде знак дека сте во емоционално насилна врска на која треба да ѝ ставите крај еднаш за секогаш. Караници секогаш ќе има, но едно е несогласување на некоја тема, а сосем различно е дофрлањето навреди.rn

    4. Секојдневни кавги

    rnМногумина нема да обрнат внимание на ова мислејќи дека никоја врска не е совршена. Тоа е точно. Врската си има свои падови. Но кога ќе ја погледнете како целина, добрите моменти треба да се побројни од лошите а не обратно.rnrn12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врскаrn

    5. Изолација од светот

    rnВашиот партнер е значаен дел од вашиот живот, но не единствен. Доколку постепено ги отфрлате вашите пријатели или се оддалечувате од семејството, по своја или негова волја, тогаш внимавајте. Црвената предупредувачка сирена веќе е вклучена.rn

    6. Префрлање на вината

    rnДали за секој лош момент ве обвинува вам? Дали кај вас ја бара кривицата за сè што тргнало наопаку дури и тогаш кога не сте директно инволвирани во настанот? Или обратно, дали вие секогаш го обвинувате вашиот партнер за сè што ви се случува? Во тој случај вие не градите врска базирана на љубов туку на вина.rn

    7. Прескокнување на вистината

    rnДоколку имате потреба да го лажете вашиот партнер и да криете работи од него тоа во никој случај не е добар знак. Или можеби тој/таа ве лаже вам и за најбанални работи? Не залажувајте се себеси, криење на вистината е всушност лажење, не постојат други облици. Врска во која не можете да бидете отворени и искрени кон себе и кон партнерот не е здрава љубовна врска.rnrn12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врскаrn

    8. Без комуникација

    rnВлегувате во соба, го вклучувате телевизорот и поминувате часови без да си речете ништо еден на друг? Да, некогаш тишината е пријатна, но не секогаш и не постојано. Комуникацијата е одличен начин да се зближите меѓу себе и доколку не сте во можност да зборувате дури и за навидум небитни теми треба да се запрашате каде точно води вашата врска.rn

    9. Контрола

    rnВо ред е да побарате совет од вашиот партнер, но сосема друго е обидот да се контролира нечиј живот, начин на облекување, места за излегување, да се става контрола врз она што го работите и начинот на кој си ја вршите работата дури и начинот на кон комуницирате со вашите блиски.rn

    10. Сè е поврзано со секс

    rnСексот е начин телесно и емоционално да се поврзете со партнерот, но не претставува сè во врската. Доколку сè се сведува на секс, седнете и добро размислете за вашата врска. А од друга страна, доколку чувствувате дека сè уште сте млади и неподготвени на овој чекор, а вашиот партнер упорно инсистира, тогаш не сте во врска во која вашите желби и чувства се ценат и не треба да продолжите да се изложувате себеси на тој притисок.rnrn12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врскаrn

    11. Нема компромис

    rnСекогаш се слуша само едната страна без да се почитуваат туѓите желби. Тоа не звучи како здрава врска. Врската се базира на компромис бидејќи никој и ништо не е идеално и често ќе наидете на работи кои не ѝ се по ќеф на едната страна. Дали знаете да попуштите и да направите компромис? Дали тој компромис е еднаков од двете страни? Ако одговорот е да, тогаш е во ред, но доколку е не, тогаш сте во врска каде доминираат желбите и интересите само на едната страна.rn

    12. Заљубени сте во врската, а не во личноста

    rnВо врска сте бидејќи ви се допаѓа личноста, начинот на кој оди, зборува, неговите/нејзините сфаќања за животот и сл. Но доколку сте во врска само за да не бидете сами и само затоа што „така треба“, тогаш ставете си прст на чело. Статусот „дабл“ не е нешто што мора да бидете туку нешто што сакате да бидете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога е вистинското време да почнете да живеете заедно?

    Кога е вистинското време да почнете да живеете заедно?

    Живеењето под ист покрив пред стапување во светата заедница брак, не е веќе табу тема. Модерните парови сè почесто се одлучуваат за заеднички живот пред брак. Но за многумина претставува голема дилема кога е вистинското време да го направат тоа. Што ако избрзаат? Што ако нивниот избраник или избраничка се покаже дека е сè спротивно од она што мислеле дека е?rnrnСтапувањето во брак е сериозен чекор, а нема подобар начин за вистински да се зближите и запознаете со личноста од делењето на иста куќа или стан. Работата е во тоа што заедничкото живеење пред брак може да значи само две нешта: или работите ќе тргнат сосема наопаку или ќе се убедите себеси дека тој/таа е вистинската личност за вас.rnrnКога е вистинското време да почнете да живеете заедно?rnrnМногумина веруваат дека пред да се одлучат на ваков чекор треба да помине одреден временски период. Дали чекањето 6 месеци или 3 години е само мит? Дали може да биде вистинско губење време, кога всушност би требало да се вселите заедно многу поскоро?rnrnОбидете се да размислите на овие три прашања поврзани со вашата врска за сами да си дадете одговор дали токму сега е вистинско време со партнерот да почнете да живеете заедно.rn

    Дали имате ефективна комуникација?

    rnСо започнување на заеднички живот, треба да сфатите дека вашиот партнер не ви е цимер, туку потенцијален животен сопатник. Меѓу 4 ѕида нема да можете да го кажете своето и да свртите грб. Кога ќе ве изнервира нема да можете да треснете врата, да се заклучите во соба и да пуштите музика до максимум, сепак сте возрасни личности и делите ист дом.rnrnНесогласувања ќе има, но дали би можеле да направите компромис? Никој не е совршен, дали ќе можете да се носите со мааните на вашиот партнер? Доколку умеете да си ја погазите гордоста, а и тој/таа е личност која може да се извини и признае вина, тогаш би можеле да живеете заедно со разбирање и правење компромис.rnrnКога е вистинското време да почнете да живеете заедно?rnrnЗатоа првото прашање кое треба да си го поставите е: Дали сум доволно зрел/а за да изнесам аргументи, да сослушам, признаам вина, и најважно од сè, дали двајцата сме подготвени за компромис и мирно решавање на несогласувањата? Доколку имате ефективна комуникација, одговорот на овие прашања би бил потврден.rn

    Дали имате финансиска стабилност?

    rnФинансиската стабилност е многу важна и треба да се сфати сериозно. Доколку не можете да седнете и отворено да разговарате за вашите примања, потреби и трошоци, влетувањето во заеднички живот нема поента.rnrnОна на што треба да бидете подготвени е прелистување огласи и посетување разни станови можеби и со месеци. Извадете ги картите на виделина. Колкава кирија би можеле да плаќате или дали би можеле да си дозволите да купите стан? Колкави ќе бидат вашите месечни потреби и дали ќе успевате да ги подмирите месечните трошоци? Од кои луксузи или непотребни трошоци ќе треба и двајцата да се откажете?rnrnВселувањето заедно е сериозен чекор. Кога станува збор за финансиската стабилност, не брзајте. Можеби и на двајцата или на еден од вас ќе ви биде потребно време да заштедите повеќе пари или да добиете работно место кое е повеќе платено.rnrnКога е вистинското време да почнете да живеете заедно?rn

    Дали на повидок ви е заедничка иднина?

    rnНе станува збор за заеднички викенд или одмор на далечна дестинација. Тоа сте вие двајца и живеете заедно. Нема да можете да ја уживате слободата и приватноста како сега. Со вас не се родителите кои ќе ве извадат од секоја каша туку одговарате самите за себе. Кога ќе започнете кавга или ќе копнеете по својата приватност, не можете да кажете дека ви треба пауза, бидејќи врската веќе сте ја однеле на многу понапредно и позрело ниво.rnrnВо секој случај, живеењето заедно подразбира компромис и прифаќање на туѓите маани и слабости. Доколку во иднина не се замислувате заедно со личноста, или имате некои поголеми двоумења и мисли кои ве враќаат назад, не брзајте се. Тоа што вашиот партнер е подготвен да го направи тоа не значи дека сте и вие. Започнувањето заеднички живот не е одлука која се носи според инстинкт.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 заповеди за посреќна врска

    10 заповеди за посреќна врска

    Иако недоразбирањата и кавгите се составен дел на секоја врска, сè може да се преброди доколку обата партнери се спремни да соработуваат и да најдат компромис. Да ја признаете грешката, да замолчите навреме и да бидете љубезни кога не сакате е навистина тешко. Ова се 10 заповеди до кои треба двајцата партнери да се придржуваат за врската да им трае подолго.rnrn10 заповеди за посреќна врскаrnrn1. Можете да се лутите, но никогаш не бидете лути истовремено.rnrn2. Никогаш не викајте си еден на друг. Секој проблем може да се реши со мирен тон.rnrn3. Ако некој мора да победи во расправија, тогаш попуштете, бидејќи толеранцијата, искреноста и попустливоста се многу важни особини кои гарантираат среќна врска и брак.rnrn4. Доколку сакате да го искритикувате партнерот, направете го тоа на спонтан и нежен начин.rnrn5. Никогаш не навраќајте се на грешки од минатото.rnrn6. Попрво занемарете го целиот свет, отколку вие еден со друг.rnrn7. Не легнувајте да спиете доколку не сте го решиле недоразбирањето.rnrn8. Секој ден најдете време да му кажете по некој убав збор на партнерот.rnrn9. Доколку згрешите, бидете спремни да признаете и да се извините.rnrn10. За кавга секогаш се потребни двајца, а најчесто оној што е погласен е крив.

  • Две половини прават цело

    Две половини прават цело

    Според Платон, луѓето некогаш биле поврзани, со две глави, два пара раце и нозе, сè до еден ден кога богот Зевс (најверојатно бил многу изнервиран), не ги казнил луѓето разделувајќи ги. Така човештвото останало проколнато, во превод цел живот лутаме за да си ја најдеме сродната душа од која сме биле разделени. Па така, како што напишал Платон, кога сродните души ќе се најдат еден со друг се случува нешто толку прекрасно – тие повторно се поврзани. Тие си припаѓаат еден со друг, духовно, се љубат и почитуваат, претставуваат една целина.Две половини прават целоВерувате ли дека постои само една личност која е ваша сродна душа и сè што треба да направите е да ја пронајдете, па можете цел живот да си спиете на левото уво знаејќи дека сè ќе биде во ред бидејќи сте повторно целосни? Верувате ли дека од кога ќе ја пронајдете вашата сродна половина цел живот ќе бидете среќни и исполнети? Дека токму во овој момент, некој некаде си шетка и размислува за својата сродна душа која по некоја случајност сте вие? Дали е сè толку поврзано?rnrnПа и Адам и Ева биле создадени во пар, а кога дедо Ное си ја градел арката, нели ставал од секој вид по еден пар за да го продолжат својот род? А и бајките никогаш не завршуваат „…и така принцезата среќно си живееше, купувајќи си чевли до крајот на својот живот без да кине нерви со маж“.rnrnНо, во денешно време 20-годишни риби завршуваат со 40-годишни типови со пивски стомаци, и тие по некоја логика би биле сродни души? Баш би сакала Платон да ми објасни, кога тие биле споени па разделени, за на крај да треба да се пронајдат?rnrnКолку ни се потребни сродните души? Дали тоа нè прави премногу зависни од некое друго суштество кое би требало да нè исполнува и да нè прави среќни? Така секогаш ќе си наоѓаме оправдување за пропаѓањето на нашите претходни врски и романси – не било пишано… Но, дали станува збор за сродна душа – некој кој ти е суден тебе, или сè е во тајмингот? Извини се разминавме, а можеше да ми бидеш сродна душа. Некогаш таман кога ќе помислите дека сте ја нашле совршената личност за вас испаѓа дека ни „с“ од сродни души сте немале.rnrnНа филмовите е лесно, сродните души на крај се секогаш заедно. Доаѓа типот на улица пред куќата на девојката, со цвеќе во рака, обично одбира дождлив ден… и уште повпечатлива е сцената ако си ја изгубил маицата некаде по пат. Па така кутриот е полугол и подготвен на што и да е, само за таа да биде со него.rnrnОк, назад во реалниот свет. Некогаш и со сопствените браќа и сестри не се согласуваме и сме толку различни, а сме дошле, што се вика, од исто место, не пак со некој роден од сосема друга мајка. Животот е далеку од идеален. Нели љубовта е за компромис и флексибилност, прифаќање на разликите и живеење со туѓите маани, а не сè да се поклопува и да си доаѓа на место како со магија?rnrnНе е како во Пепелашка, кога добрата вила дојде, ја „скоцка“ за на бал и ја испрати кај совршениот принц. Работата во реалниот живот е во тоа што нема да бидете сосема исти, нема да се согласувате во сè, нема да бидете една душа и едно тело, туку две различни кои совршено се надополнуваат. На пример, ти можеби гледаш фигури во ѕидот формирани од варта или бојата, не мора да значи дека твојата сродна душа, исто така има навика да се ѕвери во ѕидовите и да пронаоѓа форми. Можеби ти ќе треба да ја научиш твојата сродна душа како да ги гледа формите во ѕидот…rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е тешко да се најде добар маж?

    Зошто е тешко да се најде добар маж?

    Формирањето стабилна љубовна врска не е лесно. Пронаоѓањето на добар маж може да изгледа невозможно. Жените најчесто се жалат поради одредени типови мажи, како оние кои се емоционално незрели, женкарите кои кршат срца, оние кои не ги почитуваат итн. Каде се добрите мажи и зошто е толку тешко да се најде добар маж, баш по „мера“ за долга и стабилна врска?rnrnЗошто е тешко да се најде добар маж?rn

    Колку видови љубов постојат?

    rnХелен Фишер во својата книга „Зошто сакаме“, го опишува постоењето на повеќе видови љубов, и тоа:rnrn

      rn011

    • Страст – љубов која се базира на силна сексуална желба
    • rn011

    • Привлечност – чувство на потреба од партнерот и љубовна врска со него поради одредени причини
    • rn011

    • Приврзаност – чувство на сигурност и желба да се основа дом и семејство со тој човек
    • rn

    rnСекој од овие „видови љубов“ се базира на различна основа. Доколку жената чувствува и страст и привлечност и приврзаност кон еден човек, тоа би било идеално, но најчесто не е така. Страста и привлечноста не можеме лесно да ги контролираме. Не можеме да избереме кон кого ќе чувствуваме сексуална желба, тоа едноставно се случува вон наша контрола. Но затоа влијаеме врз тоа кон кого ќе ја чувствуваме приврзаноста. Одлучуваме кој во иднина би бил внимателен сопруг и грижлив татко, бидејќи таквите одлуки ги носиме со „ладна“ глава.rnrnЗошто е тешко да се најде добар маж?rnrnРечиси секогаш се јавува конфликт меѓу мажите кои ни се привлечни и оние кои ги одбираме. Обично женкарите, заводниците или лошите момци, не се добар „материјал“ за сопруг во иднина. Па колку и да постојат чувства на страст и желба за личноста, жената се одлучува за некој кој е стабилен и некој за кој е сигурна дека нема да ја повреди или изневери и дека во иднина би бил добар татко.rnrnЕдноставно кога станува збор за иднина, се стремиме кон сигурност и безбедност, а веројатноста женкарот во иднина да биде верен сопруг и грижлив татко е многу мала. Па така, речиси секогаш, жените завршуваат потајно незадоволни со својот избор, баш поради конфликтот помеѓу привлечноста и приврзаноста.rnrn

    Влијанието на модерното време

    rnМодерното време им налага на жените да бидат, на еден начин, суперхерои. Модерната жена треба да има успешна кариера, но истовремено да го води домот и да биде грижлива мајка која е секогаш тука за своите деца, и секако, да биде убава и привлечна за својот сопруг. Тоа не е лесно. Бара труд, способност, интелигенција и силен карактер.rnrnБаш поради тоа, жените се присилени да избираат партнери кои ќе бидат грижливи, ќе ги поддржуваат и почитуваат нивните одлуки, ќе застанат на исто рамниште со жената, некогаш дозволувајќи таа да биде супериорна. Обично оние пред кои жените паѓаат на колена, нема да дозволат женска супериорност. Тие секогаш ќе бидат глава на семејството. Силните и доминантни луѓе не поднесуваат некој ист како нив покрај себе, па затоа таквите врски не траат долго. Колку често забележувате парови во кои мажот не е толку привлечен и нема некоја посебна доминација во врската, додека жената на некој начин го води? Таа само се одлучила за маж кој може да се носи со нејзината амбициозност.rnrnЗошто е тешко да се најде добар маж?rnrnДа се постигне сè она што се бара од една модерна жена е многу тешко и неизводливо со сопруг кој не ја разбира и не ја поддржува. Затоа жената се стреми да најде маж кој ќе го прескокне гледањето фудбал со другарите, на пример, за да ѝ помогне да се справи со обврските. А тоа е многу важно, па затоа жените се подготвени да направат голем компромис и да погазат дел од своите критериуми за да најдат маж кој ќе ги поддржува.rn

    Кои се можните решенија?

    rnЧесто жените го прифаќаат водството и се одлучуваат за добри момци кои до некој степен ја дозволуваат женската доминација во врската. Други одбираат некој кој ќе биде силен и самоуверен водич и одлучуваат да се откажат од својата доминација. rnrnЖените кои се отворени за полигамни врски, немаат проблем да го најдат тоа што го бараат во повеќе од еден партнер. И за крај, секако дека може да се постигне баланс во доминацијата. Улогата на водич може да се подели со распределба на задачите и улогите помеѓу двајцата партнери. Жената може да биде задолжена за еден дел од одговорностите, а мажот за друг. После сè, нели љубовта, врските и бракот значат компромис и разбирање, некогаш преземање на водството, а некогаш дозволување друг да ве води.rnrnСепак, она што е добро не се наоѓа лесно. Како што на жените им е тешко да најдат добар маж, така и на мажите им е тешко да најдат жена по своите стандарди. Често треба да се направи компромис за сопствените критериуми, но едно е сигурно. Никогаш не би требало да се остане со некој само затоа што тој совршено го негува имиџот на лошо момче, а не ве почитува. Ниту пак, би требало да останете со некој кон кого не чувствувате привлечност, само затоа што ви е сигурен партнер. Постои некаков баланс, секогаш го има, само треба да го пронајдеме.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

    Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

    Нема љубовна врска која е совршена, поради фактот што никој не е совршен. Но постојат компромиси кои можат да ги избалансираат работите и да ги смират несогласувањата. Проблемот е во тоа што, најчесто за погрешни работи си трошиме време и се трудиме да направиме компромис, а некогаш и за најмала ситница знаеме да избувнеме.rnrnРаботи за кои (не)вреди да направите компромис во врскатаrnrnНајдобро би било да знаете за кои работи вреди да направите компромис, а за кои навистина не вреди да се трудите и да трошите нерви. Вреди да направите компромис за одредени навики на партнерот кои ви пречат, некои кои можеби не можат да се сменат и искоренат целосно, но не се толку опасни за да си ја расипете врската. Направете компромис ако вашиот партнер/ка, ја остава вратата од соба отворена, заборава да ја заклучи вратата од кола, ја остава валканата облека во дневна… Тоа се навики и постапки кои навистина се иритирачки и знаат да ве извадат од такт, но вреди да премолчите понекогаш или да направите некаков договор. Дали е во ред да ја прекинете врската со некој кој навистина ви одговара, само затоа што не го спушта капакот од ВЦ-шолјата?rnrnОд друга страна, треба да си бидеме големи непријатели самите на себе за да толерираме работи кои нè задушуваат, ни ја одземаат слободата и психички нè уништуваат. Не трудете се да направите компромис за:rn

      rn011

    • љубоморното однесување на партнерот и претераната љубомора
    • rn011

    • недостатокот на почит и омаловажувањето
    • rn011

    • насилството
    • rn011

    • ставање акцент само на нејзините/неговите потреби
    • rn011

    • имањето целосно различни цели во животот
    • rn011

    • честите несогласувања и расправии кои се повторуваат сè почесто и почесто, а ви носат и солзи
    • rn011

    • работи кои бараат од вас целосно да се смените како личност и да ги занемарите вашите критериуми и гордост.
    • rn

    rnЛуѓето не се менуваат, ќе бидат такви какви што се скроени од самиот почеток. Некогаш си мислиме дека се промениле зашто си го покажале вистинското лице, но тоа не е промена, туку откривање на вистинскиот карактер. Внимавајте какви работи сте подготвени да поднесете и издржите со цел да ви успее врската и секогаш добро размислете дали вреди да направите компромис. Но пред сè запомнете дека дури и доколку станува збор навидум за ситница, тој/таа никогаш нема да се промени!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

    Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска

    Добрите љубовни врски го подобруваат вашиот живот на сите полиња, го зајакнуваат вашето здравје, ум како и врските со останатите луѓе. Но, доколку таа не функционира добро може да предизвика стрес, немир, лошо расположение и во краен случај депресија. Врските се како инвестиции, колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате. Секоја врска е уникатна сама по себе, луѓето се зближуваат поради многу причини и функционираат најдобро на најразлични начини. Но постојат неколку работи кои се заеднички за сите. Еве неколку начини кои ќе ви помогнат во одржување на цврстината на вашата врска или пак, ќе ви пружат мала помош при враќање на довербата, љубовта и забавата помеѓу вас.rnrnНеколку совети за одржување на цврстината на вашата врскаrn

    Одржувајте ја физичката интимност

    rnДопирот е фундаментален дел на човековото постоење. Топлиот допир кај возрасните предизвикува зголемување на нивото на окситоцин, хормон кој влијае врз способноста за приврзување и обврска. Во сериозна врска помеѓу двајца возрасни партнери, физичкиот однос често е столбот на таа врска. Но, тоа не би требало да биде единствениот метод на физичка интимност. Секојдневни, топли и нежни допири (држење за раце, прегратки, бакнежи) се подеднакво важни, колку и сексуалниот однос.rnrnНеколку совети за одржување на цврстината на вашата врскаrn

    Поминувајте квалитетно време заедно

    rnСигурно имате пријатни спомени од вашите први состаноци. Сѐ ви изгледало ново и возбудливо и можевте да разговарате и да се забавувате со часови. Но, како што поминува времето се појавуваат нови обврски надвор од вашата врска, кои често влијаат негативно врз вашето заедничко време. Ако не поминувате квалитетно време заедно, почнуваат да се губат комуникацијата и разбирањето. Не заборавајте да се забавувате. Смислете интересен начин да го изненадите партнерот, играјте карти, одете на билјард или куглање. Издвојте една вечер за излегување, направете „екскурзија“ како на вашите први состаноци: Одете прво на кафе или пијалак, потоа продолжете во дискотека или на некоја забава и танцувајте до сабајле.rnrnНеколку совети за одржување на цврстината на вашата врскаrn

    Никогаш не престанувајте да комуницирате

    rnСите ќе се согласиме дека добрата комуникација е основата на секоја добра врска. Секој од нас на различен начин најдобро ги прима информациите. Некои луѓе подобро реагираат на поглед, звук или допир, додека пак други на директен разговор. Пронајдете време да ги научите методи со кои вашиот партнер најдобро комуницира и не заборавајте да му/ѝ ги откриете и вашите. Фокусирајте се и на тоа што не се кажува. Невербалните знаци како контактот со очите, движењето на телото или допирот може да значат многу повеќе од зборовите. Ако некој инсистира дека е сѐ во ред, а притоа стиска со забите и го избегнува вашиот поглед, неговото/нејзиното тело говори дека не е најискрен/а со вас.rnrnНеколку совети за одржување на цврстината на вашата врскаrn

    Направете компромис

    rnАко очекувате дека во врската се ќе биде по ваше 100% од времето, тогаш подгответе се за разочарување. Здравите врски се градат врз основа на компромис. Секако потребно е време и работа од двете страни за да постои разумен баланс во вашата врска. Научете да препознавате што му е навистина потребно на вашиот партнер. Тоа може многу да помогне при создавање пријатна атмосфера помеѓу вас. Исто така многу е важно и вашиот партнер да го научи истото за вас, па пробајте да бидете јасни во врска со она што го сакате.rnrnКонфликтите се честа појава во врската. Но, за да се одржи цврстината на врската двете страни мора да бидат слушнати. При решавање на конфликтот, погрижете се да се борите за она што е фер, но не го напаѓајте партнерот директно и не отворајте стари рани. Наместо тоа почнувајте ги речениците со „јас“ при што ќе објасните како вие се чувствувате во врска со настанатиот проблем, без да наведувате милион причини зошто вие сте во право, а тој греши.rnrnНеколку совети за одржување на цврстината на вашата врскаrn

    Очекувајте добри, но и лоши моменти

    rnНе постои врска која нема лоши моменти. Дури и кога сѐ е во ред меѓу вас, надворешни проблеми кај едниот партнер може да предизвикаат „растресување“ на врската. Во таков случај научете да се контролирате. Никогаш не истурајте му се на вашиот партнер. Тој не е крив зашто денес професорот/шефот премногу ве изнервирал или мајка ви ве напнала. Но тоа не значи и дека треба да ги игнорирате проблемите настанати меѓу вас двајца. Влијанието на стресот врз вас се зголемува доколку ги потиснувате нерешените проблеми и се однесувате како тие да не постојат.rnrnНеколку совети за одржување на цврстината на вашата врска