КАФЕ ПАУЗА

Tag: јогурт

  • Зошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?

    Зошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?

    Јогуртот е познат како еден од најефикасните препарати за третман на изгореници од сонце. Иако нема научни докази дека всушност го забрзува заздравувањето на изгорениците, секој човек кој доживеал изгореници во животот веднаш ќе каже дека јогуртот му помогнал да се справи со нив. На што се должи ова?rnrnЗошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?rnrnЈогуртот е намирница која е позната со векови, а во Америка се здобил со популарност во педесеттите години на минатиот век кога бил прогласен за здрава храна и почнал во изобилство да се произведува и консумира.rnrnСе произведува како резултат на дејствувањето на бактериите во млекото кога во млекото со загревање се додаваат млечно киселински бактерии – Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus. Освен вода, јогуртот содржи и 0,7 проценти млечна киселина, цинк, калциум, витамини Б5 и Б12, поради што е исклучително лековит доколку се консумира редовно бидејќи го подобрува имунитетот и размножувањето на добрите бактерии во цревата.rnrnВо случај на оштетување на кожата, јогуртот делува на површината и не навлегува во телото. Со својата ладна и течна конзистентност, ја лади површината на кожата, што благотворно делува на црвената и топлата кожа.rnrnСепак, ефектот на ладење не трае долго, па на секои 15 минути, кога ефектот на ладење веќе не постои, мора да се отстрани од кожата и повторно да се нанесе.rnrnПробиотиците, како и витамините и минералите од јогуртот помагаат за заздравување на кожата, благодарение на нивното благотворно дејство. Освен тоа, млечната киселина поволно влијае врз многу чувствителната кожа. Таа е една од киселините кои не продираат длабоко во кожата туку делуваат на површината. Во козметиката оваа киселина се користи за нега на многу чувствителна и оштетена кожа на лицето.rnrnЈогуртот се применува за нега на кожата на лицето, па луѓето кои сакаат природна козметика и природни производи често посегнуваат по маски од јогурт или пилинг за лице кој содржи јогурт. Овие производи се достапни за секого и бидејќи не предизвикуваат иритација или алергии на кожата, тие се добредојдени за сите типови кожа.rnrnЈогуртот нанесен на изгореници ќе делува само на површината и ќе го забрза заздравувањето на кожата, но штетата предизвикана во длабочината на кожата може да трае долго.rnrnСонцето како извор на ултравиолетовите зраци делува површно и длабоко на кожата, а овој површен ефект е причина за изгореници. Тие се манифестираат како ненадејно црвенило на кожата, кое може да биде придружено со плускавци и лупење. Можат да зафатат помала или поголема површина на кожата, а особено треба да бидете внимателни доколку изгорениците се појавиле на поголема површина од кожата.rnrnОткако прочитавте зошто јогуртот е еден од најдобрите третмани за смирување на изгорената кожа, можеби ќе сакате да прочитате и кои домашни лекови можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • За здраво тело и топ форма: Рецепт за салата со краставици и јогурт

    За здраво тело и топ форма: Рецепт за салата со краставици и јогурт

    Краставиците се богати се со влакна, магнезиум и калиум и се корисни за намалување на крвниот притисок. Поради високата содржина на калиум и вода, овој зеленчук се карактеризира со благи диуретични својства кои го контролираат крвниот притисок. На кардиоваскуларниот систем му се потребни магнезиум, калиум и витамин К да функционираат правилно, а краставиците ги содржат сите нив. Магнезиумот и калиумот помагаат во намалување на крвниот притисок. Се покажало и дека секојдневното консумирање краставици позитивно влијае на намалување на шеќерот во крвта и лошиот холестерол.rnrnЗа здраво тело и топ форма: Рецепт за салата со краставици и јогуртrnrnКраставиците содржат диетални влакна, кои се важни за здравјето на дигестивниот систем. Влакната го одржуваат здравјето на дигестивниот тракт и го спречуваат запекот. Тие исто така можат да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на шеќер во крвта и да помогнат во контролата на апетитот, што може да биде корисно во управувањето со тежината. Полни се со вода, а речиси и да не содржат калории – затоа краставиците се идеални за отстранување на масните наслаги во текот на летото.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2-3 свежи краставици, исечени на тенки парчиња
    • rn 011

    • 1 чаша јогурт (може да користите и грчки јогурт)
    • rn 011

    • 1-2 чешниња лук, мелени (по желба, по вкус)
    • rn 011

    • сок од половина лимон
    • rn 011

    • листови свежо нане, ситно сечкани
    • rn 011

    • сол и бибер по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо голема чинија измешајте ги јогуртот, лукот (ако користите), сокот од лимон и нането. Зачинете со сол и бибер по желба. Додадете ги парчињата краставица во садот и добро измешајте, внимавајќи да бидат целосно покриени со сосот од јогурт. Ако сакате, можете да додадете други состојки како тенко исечен црвен кромид или маслинки за да додадете повеќе текстура и вкус. Оставете ја салатата во фрижидер најмалку 15-20 минути пред да ја послужите да се излади.rnrnОваа салата од краставици со јогурт и нане е совршена за топлите летни денови и може да се послужи како освежителна закуска или со главни јадења. Лесно се подготвува, а нејзиниот одличен вкус ќе ве освежи во топлите летни денови.rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за салата со пилешко, ориз и печурки.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Едноставен, но превкусен: Француски колач со јогурт

    Едноставен, но превкусен: Француски колач со јогурт

    Денес ви споделуваме француски рецепт за колач со јогурт кој е толку едноставен што е идеален избор за сите оние кои не сакаат да губат многу време во кујната, а за него ви се потребни само неколку состојки.rnrnЕдноставен, но превкусен: Француски колач со јогуртrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 125 милилитри полномасен јогурт
    • rn 011

    • 3 големи јајца
    • rn 011

    • 200 грама шеќер
    • rn 011

    • 180 грама брашно
    • rn 011

    • 2 лажички прашок за пециво
    • rn 011

    • 108 милилитри масло
    • rn 011

    • путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ја рерната на 175 степени целзиусови, а калапот за печење премачкајте го со путер.rnrn2. Измешајте го јогуртот, додадете ги јајцата и изматете ги состојките.rnrn3. Додадете шеќер и измешајте. Додадете брашно, прашок за пециво, масло и одново измешајте.rnrn4. Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете 35-45 минути. Посипете со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за колач со пудинг и банани.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Зошто треба почесто да консумирате ајран?

    Зошто треба почесто да консумирате ајран?

    Богатата зачинета храна од Блискиот Исток не е добар пријател за нашиот нежен дигестивен тракт. Затоа, турскиот народ пронашол рецепт за освежителен пијалак кој го поддржува варењето и истовремено делува како пробиотик. Се вика ајран, а ако се уште не сте го пробале, крајно време е да го сторите тоа. Во продолжение прочитајте кои се неговите здравствени придобивки.rnrnЗошто треба почесто да консумирате ајран? rnrn1. Ссодржи вода така што може да ја исполни препорачаната квота од осум чаши вода што човек треба да ги пие секој ден.rnrn2. За време на жешкиот летен ден, луѓето повеќе се потат и ја губат природната сол од телото која му е потребна на телото. Пиењето ајран го заменува ова и објаснува зошто Турците го сакаат во текот на летото кога дава моментално олеснување.rnrn3. Полн е со хранливи материи како што се протеини и калциум; помага за здравјето на коските и забите. Бодибилдерите, на кои им требаат големи количини на протеини, наместо вештачки напитоци пијат ајран.rnrn4. Бидејќи нема шеќер и има малку маснотии, оние кои се на диета го сакаат овој пијалак и тој е одлична алтернатива за другите освежителни намирници со шеќер.rnrn5. Ајранот го лечи мамурлакот.rnrn6. Бактериите кои се присутни во ајранот помагаат во лекување на стомачни заболувања како што се запек или дијареја.rn

    Рецепт за турски ајран

    rnЗа подготовка на ајран ви е потребно:rn

      rn 011

    • кисело млеко
    • rn 011

    • ладна вода
    • rn 011

    • сол
    • rn

    rnНапомена: Наместо кисело млеко, можете да користите и обичен јогурт, но обидете се да најдете што погуст.rnrnКолку и да ставите кисело млеко, да речеме дека е пакување од половина килограм, додадете толку ладна вода. Имајте на ум дека можете да додадете повеќе или помалку вода по вкус. Потоа посолете бидејќи солта му го дава карактеристичниот вкус на ајранот.rnrnКоличината на сол треба да биде во сооднос од 0,5-1 проценти. Тоа значи дека ако планирате да подготвите еден литар ајран, треба да додадете 5-10 грама сол. Со текот на времето ќе ви стане навика да додавате сол по вкус, но без сол во ајран не можете. На крајот, измешајте ги сите состојки со миксер или во блендер. Ајранот можете веднаш да го испиете, но и дополнително да го изладите во фрижидер. Важно е да се промешува пред да се пие.rnrnОткако прочитавте за здраствените придобивки од ајранот, можеби ќе сакате да прочитате и 6 брзи и едноставни рецепти со јогурт кои се одлични за вашето здравје.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

    7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

    За да го избегнете високиот крвен притисок, потребно е да внесувате храна со низок процент на сол. Нутриционистите препорачуваат да внесувате колку што е можно повеќе калиум, калциум и магнезиум во организмот. Во продолжение прочитајте кои намирници ги содржат токму овие минерали.rnrn7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисокrn

    1. Киви

    rnПокрај тоа што се богати со витамин Ц, кивите помагаат и при намалување на крвниот притисок. Најдобро е да ги јадете свежи во овошни салати.rn

    2. Обичен јогурт

    rnОвој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат врз здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, а можете да го искористите и за подготовка на нискокалорични преливи за салата и јадења со месо.rn

    3. Бел грав

    rnКалиумот, магнезиумот и калциумот во голема мера се содржат во гравот кој благотворно делува врз намалување на крвниот притисок. Можете да го јадете во вид на манџа, да правите супи од него, да го додадете во салати или да направите пире од грав.rn

    4. Праски

    rnЗа многумина праските се омиленото летно освежување. Добро е да се знае дека содржат многу хранливи материи и витамини кои поволно делуваат врз здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите смуди од нив.rn

    5. Банани

    rnЕдна банана со средна големина покрива 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стресот. Најдобро од сè е тоа што кога бананата ќе презрее, не мора да ја фрлате. Ставете ја во замрзнувач, а потоа направете леден десерт.rn

    6. Кељ

    rnОвој вид лиснат зеленчук се нарекува и суперхрана поради големата количина на антиоксиданси и нискокалоричен состав. Можете да го јадете свеж, во салата или да го варите.rn

    7. Брокула

    rnСто грама варена брокула на пареа ќе задоволат 6 проценти од дневните потреби за калциум, 8 проценти за магнезиум и 14 проценти за калиум. Овој вид зеленчук треба постојано да биде вклучено во вашето мени со оглед на големата количина антиоксиданси кои ги содржи.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок, можеби ќе сакате да прочитате и кои вежби можат да ви помогнат, а кои треба да ги избегнувате ако имате висок крвен притисок.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Турска кујна: Рецепт за јајла чорба со јогурт

    Турска кујна: Рецепт за јајла чорба со јогурт

    Турската јајла чорба е една од најпознатите чорби на класичната турска кујна. Во турската култура, јогуртот има многу посебно место и го користат во комбинација со безброј јадења како ќебапи, мезе, како и главни јадења.rnrnТурска кујна: Рецепт за јајла чорба со јогуртrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 60 гр ориз
    • rn 011

    • 700 милилитри вода
    • rn 011

    • 250 милилитри јогурт
    • rn 011

    • 1 жолчка од јајце
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • 2 лажици путер (или маргарин)
    • rn 011

    • 2 лажици нане во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Прво измијте го оризот и потоа ставете го во тенџере заедно со 500 милилитри вода, додајте сол и варете околу 15 минути, додека не омекне. Потоа намалете ја топлината.
    2. rn 011

    3. Во сад, изматете го јајцето, ставете јогурт, брашно и 200 милилитри вода и добро измешајте.
    4. rn 011

    5. Додадете ја смесата со јогурт во тенџерето и промешајте полека за да оставите оризот и јогуртот добро да се измешаат. Постојано мешајте додека не зоврие (варете околу 10 минути).
    6. rn 011

    7. Во посебна тава, стопете го путерот и додадете го нането, промешајте неколку пати и потоа истурете го во чорбата.
    8. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за бургери со тиквички и пилешко.

  • Овој вкусен и лесен рецепт со јогурт и авокадо е нашиот нов омилен појадок

    Овој вкусен и лесен рецепт со јогурт и авокадо е нашиот нов омилен појадок

    Додека она што најмногу го гледаме на социјалните мрежи за појадок е тост од авокадо или сладок појадок, гранола, бобинки и банани, дали некогаш сте размислувале да го ставите она што го ставате на тост сега во сад и целосно да ги смените вкусовите?rnrnЕдна од нашите омилени привлечности во кујната е постојаното откривање на нови начини на подготвување храна што ги користиме скоро секој ден, а новооткриениот рецепт многу брзо стана еден од нашите омилени појадоци. Комбинацијата од јогурт, краставица, авокадо и наут звучи како нешто што не сакаме да престанеме да го јадеме за ниту еден оброк.rnrnОвој вкусен и лесен рецепт со јогурт и авокадо е нашиот нов омилен појадокrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 140 милилитри грчки јогурт
    • rn 011

    • 1/4 авокадо
    • rn 011

    • 1/4 сечкана краставица
    • rn 011

    • маслиново масло
    • rn 011

    • лимон
    • rn 011

    • кора од лимон
    • rn 011

    • печен наут
    • rn 011

    • зачини по избор и вкус
    • rn 011

    • сол по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Ставете го јогуртот во сад, а потоа додадете авокадо и краставица, посипете со маслиново масло, кора од лимон и сок од лимон. Додадете наут, свежи зачини, сол и бибер.
    2. rn

    rnМожеби ќе сакате да ги пробате и овие вегански бургери од наут и тиква.

  • Рецепт за вкусен и брз мус со црно чоколадо и јогурт

    Рецепт за вкусен и брз мус со црно чоколадо и јогурт

    Кога имате зафатена недела и немате време за правење десерти, можете да го пробате овој брз и лесен мус!rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Vineet Bhatia (@chefvineet)

    rnrn

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 50 г црно чоколадо (70% какао), стопено
    • rn 011

    • 50 г мед
    • rn 011

    • 150 г обезмастен јогурт (изматен)
    • rn 011

    • 3 белки (изматени)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Измешајте ги заедно црното чоколадо, медот и јогуртот додека смесата не се изедначи.
    2. rn 011

    3. Постепено додавајте ги изматените белки, нежно мешајте додека не се изедначи.
    4. rn 011

    5. Поставете ја смесата во чаши и ставете во фрижидер еден час.
    6. rn 011

    7. Потоа украсете со чоколадо или по избор. Уживајте!
    8. rn

    rnЕве уште еден лесен и брз рецепт за овошни мафини без брашно.

  • Мала диета со јогурт: 2 килограми помалку за 3 дена

    Мала диета со јогурт: 2 килограми помалку за 3 дена

    Иако календарски е зима, времето не е ладно. Најверојатно летото ќе пристигне многу побрзо од очекуваното, а каде што е летото, таму се и диетите или барем разговорите за нив.rnrnМала диета со јогурт: 2 килограми помалку за 3 денаrnrnПостои голема и мала диета со јогурт. Големата трае 7 дена, а малата диета трае само 3 дена. Диетата со јогурт се нарекува и диета на вработените затоа што е многу лесна за држење и секогаш има ефект. Се појадува и се вечера дома, а ручекот и ужината ги носите со вас на работа.rnrnАко не сте задоволни од резултатот или сакате да изгубите повеќе килограми, можете да ја повторите оваа диета по само 5 дена. Оваа диета е одличен избор ако немате многу вишок килограми затоа што ќе внесувате сè што му е потребно на вашето тело и ќе бидете полни со енергија, а ќе ја намалите тежината.rnrnСите знаат дека јогуртот е добар за варењето на храната и за здравјето на дигестивниот тракт. Ги раздвижува цревата на здрав начин и овозможува храната да се вари побрзо, благодарение на калциум лактатот. Исто така, јогуртот е добар за детоксикација на телото од сите штетни материи.rnrnЕфектот на оваа диета се заснова на способноста на пробиотските јогурти да го стимулираат здравјето на цревната флора, што резултира со подобро варење, елиминација на токсините и слабеење.rn

    Прв ден

    rnПојадок: јогурт со ниска масленост со житарки по ваш избор.rnrnРучек: варен зеленчук со ориз со маслиново масло, малку сол и бибер, 1 овошен јогурт.rnrnВечера: салата од 1 морков, 1 јаболко и 50 грама шунка. Сите состојки кратко пропржете ги во тава со маслиново масло, а кога ќе ги тргнете настрана, додајте јогурт со низок процент на масленост.rn

    Втор ден

    rnПојадок: салата од 1 краставица и благ пробиотски јогурт.rnrnРучек: малку зачинето мисиркино месо печено во маслиново масло со додаток од пиперки, домати и ситно сечкани печурки. Кога смесата ќе се излади, прелијте ја со 1 јогурт.rnrnВечера: јогурт со шумско овошје.rn

    Трет ден

    rnПојадок: Комбинација на цимет и јогурт – во јогуртот додајте 1 рендано јаболко, малку сирење и зачинете со сол по вкус.rnrnРучек: Испечете 150 грама риба ослич, потоа додајте салата од краставица, јогурт и малку сенф.rnrnВечера: Во 100 грама тестенини додајте 1 варено јајце и ситно сечкани пиперки и на крајот додајте јогурт со ниска масленост.rn

    За диетата:

    rnСо оваа диета ќе бидете сити и нема да се чувствувате исцрпено и уморно, напротив, ќе бидете полни со енергија. Оваа диета е вистински хит кај вработените затоа што е многу лесна за спроведување и дава одлични резултати за краток временски период.rnrnПогледнете ја и оваа тридневна диета со авокадо за ефикасен начин на слабеење.

  • Сенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минути

    Сенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минути

    Подобрете го вкусот на која било салата, месо или зеленчук со овој вкусен прелив од јогурт.rnrnСенаменски прелив од јогурт: Потребни ви се само 3 состојки, а готов е за 2 минутиrnrnКога пребарувате рецепти за различни преливи, често откривате дека ви требаат најмалку 10 состојки од кои повеќето ги немате. За преливот од јогурт што ви го претставуваме денес, потребни ви се само 3 состојки и 2 минути од вашето време.rnrnКремаст, вкусен, сенаменски и прилагодлив затоа што секогаш можете да додадете му додадете и други состојки на основниот рецепт.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 285 г грчки јогурт
    • rn 011

    • сок од 1 лимон
    • rn 011

    • прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Сите состојки ставете ги во мала чинија и измешајте ги со вилушка.
    • rn 011

    • Ставете од преливот врз салата, месо или ориз и уживајте во вкусот!
    • rn

    rnМоже да користите оцет наместо лимон или да додајте малку сечкан лук.rnrnПреливот можете да го разретчите со млеко, а за уште побогат вкус додајте маслиново масло и свежи зачини како коријандер, магдонос, нане, оригано, или босилек.rnrnМожеби сакате да го дознаете и рецептот за тсатсики салата: Оригинален рецепт што ќе ви го додаде вкусот на Грција во секој оброк.