КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јапонија

  • Неверојатно 2Д кафуле во Јапонија изгледа

    Неверојатно 2Д кафуле во Јапонија изгледа

    Лоцирано во дистриктот Шин Окубо, ова популарно кафуле е наречено „2D Cafe“. Сè што е во него ќе ве натера да се почувствувате како да сте во стрип, започнувајќи од влезот кој буди ретро чувство, до монохроматскиот декор со бели подови, ѕидови, мебел и други мали детали. Кога ќе го пиете вашиот омилен чај тука, вашите очи ќе бидат збунети и сè ќе ви изгледа надреално! Погледнете…rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn

  • Нема да ви се верува: Сè што е кај нас чудно во Јапонија е нормално

    Нема да ви се верува: Сè што е кај нас чудно во Јапонија е нормално

    Тие што биле во Јапонија можат да потврдат дека таму како да постои друг свет. Прочитајте ги следниве факти за оваа неверојатна земја и подгответе се да останете целосно без зборови!rnrnrnrn1. Во Јапонија не може да се најде нечист одводен канал, таквите канали се толку чисти што во нив живее и плива рибата позната како јапонски шаран. Оваа земја е позната по својата чистота, но јапонскиот шаран е риба која живее во исклучително чисти вода. Па, можете само да замислите колку е чиста Јапонија, ако одводниот канал е доволно добар за таа риба!rnrn2. „Дали би ми ги перела моите гаќи, маче?“ – е вообичаена реченица со која Јапонец запросува девојка! Можеби кај нас ова ќе звучи навредливо, но тие не го сфаќаат така. Всушност, само на најсаканата личност би ѝ дозволиле да ја пере нивната долната облека.rnrn3. Луѓето со ситно лице се сметаат за убави. Ако во Јапонија ви кажат дека имате мало лице, тоа е комплимент. Во една прилика еден водител на Мадона ѝ рекол дека имала мало лице, а таа се збунила затоа што не знаела дека тоа е комплимент и одговорила: „Но, имам големо срце!“rnrn4. Во Јапонија на лето се носи повеќе облека отколку во која било друга земја. Дамите во Јапонија не сакаат да добијат рак. И покрај високите температури можете да ги видите како носат ракавици или фустани кои го прикриваат телото. Жените таму водат сметка за своето здравје!rnrn5. Само познатите личности носат очила за сонце. Дури и ако сонцето е многу силно, тие попрво ќе носат чадор отколку очила за сонце. Тоа е така поради нивното верување дека само познатите и странците треба да ги носат.rnrn 6. Дозволено е сркање на храната. Јапонците се исклучително културни луѓе, но кога храната е во прашање тие сакаат да ја сркаат – особено жешките тестенини. Тие сметаат дека единствено така ќе може да го почувствуваат вистинскиот вкус.rnrn7. Нема многу канти за ѓубре. Туристите се збунети кога ќе забележат дека таму нема многу канти за ѓубре со оглед на тоа колку чиста нација се. Меѓутоа, тие сакаат своето ѓубре да го однесат дома каде што ќе го рециклираат правилно.rnrn8. Тие лежат со часови во када со жешка вода. Тоа не е класично капење затоа што тие „киснат“ во вода без сапун, купка и миризливи масла. Пред да се натопат со вода тие се тушираат, па после тоа легнуваат во вода за после тоа повторно да се тушираат. Оваа вода се дели со останатите членови на семејството.rnrn9. Наместо кој е вашиот хороскопски знак ќе ве прашаат која крвна група сте. Тие преку крвната група го одредуваат типот на личност. Крвната група А што ја имаат поголемиот број од Јапонците се смета за добро организирана и срамежлива. Тие со крвна група О ги сметаат за амбициозни и оптимистични. Ретката крвна група АБ е ексцентрична. А крвната група Б е означена како себична.rnrnПрочитајте и за овие 12 неверојатни земји во кои одењето на одмор е многу евтино.

  • Секогаш враќајте ја услугата: 8 животни лекции што можете да ги научите само од Јапонците

    Секогаш враќајте ја услугата: 8 животни лекции што можете да ги научите само од Јапонците

    Ејми Чавез е американска новинарка што живее во Јапонија и пишува колумни за мистериозната земја. Кога прв пат зачекорила во Јапонија, не можела да си поверува колку е сè ефикасно и средено. Улиците се чисти, возовите стигаат на време, а луѓето се тивки и љубезни. Некои можеби и малку ексцентрични, но токму тоа им дава посебен шарм. Во секој случај, никој не се враќа од оваа земја онаков каков што бил. Погледнете во продолжение кои се лекциите што таа ги научила од Јапонците, и што секоја земја би требало да почне да ги применува.rnrnrn

    1. Секогаш враќајте ја услугата, без разлика на сè

    rnВо Јапонија, многу брзо ќе научите дека ако прифатите услуга, мора и да ја вратите. Тоа не мора да биде нешто големо, но би требало да покажува благодарност. Ако, на пример, некој ви помогне да внесете нов кауч во домот, тогаш би требало да возвратите барем со еден пијалак.rn

    2. Љубезноста е многу повеќе од „благодарам“ и „пријатно“

    rnЉубезноста и манирите се многу важни во јапонската култура. Ако на улица прашате некој да ви помогне со насока, тие или ќе ви нацртаат мапа или ќе ве одведат онаму каде што треба да одите. Љубезноста во овој случај значи и несебичност.rn

    3. Ставајте ги другите пред себе

    rnНајдобриот начин да им покажете на другите колку ви се важни, е доколку ги ставите на прво место. Правете им мали услуги, обрнете им внимание. Во јапонските домови дури постои и специјално место за седење на гостите, што е најубавото место во куќата.rn

    4. Никој од групата не е исклучен

    rnВо Јапонија сите се секогаш поканети. Затоа и нема непријатни моменти помеѓу познајниците, пријателите и семејството. Токму оваа вклученост нè учи да бидете толерантни кон сите, дури и оние што се целосно различни од нас.rn

    5. Слушајте ги сите

    rnЈапонците секогаш ќе ви дадат шанса да го изразите своето мислење. Тие умеат да слушаа! Многу е важно да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој ќе го има последниот збор. Така стануваме потолерантни и помалку ги осудуваме туѓите погледи и мислења. Исто така, Јапонците секогаш настојуваат да разговараат мирно, да не се караат и да не ги наметнуваат своите ставови на другите.rn

    6. Не треба да бидете националисти

    rnСите ние (помалку или повеќе) ја сакаме земјата од која потекнуваме. Но, нема поента да им докажувате на странците дека вашата земја е најубава и најдобра на целиот свет. На крајот од краиштата, не постои нешто што е „најдобро на целиот свет“ – секој различно и субјективно ги доживува нештата.rn

    7. „Ганбару“ – работете најдобро што можете

    rnНе постои превод за овој збор во нашиот речник. Тоа значи дека не треба да се откажете кога нештата ќе станат малку потешки, и кога треба да се вложи повеќе време, пари и енергија од планираното. Во Јапонија се очекува да се заврши до крај секоја работа што е почната, без разлика на околностите.rn

    8. Ветувањето треба да биде исполнето

    rnВо Јапонија, ако некој нешто ви вети, тој навистина мисли да го направи тоа. Ветувањето не се заборава, без разлика на сè. Дури и вие да заборавите, кога-тогаш, тој што ветил ќе си го оствари своето.rnrnЧудесни Јапонки: 5 тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и кои живеат најдолго.

  • Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

    Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

    Дали некогаш сте биле на прошетка низ природа и сте подзастанале на момент, за да уживате во звуците на природата? Звукот на ветерот, дождовните капки коишто капат по листовите и црцорењето на птиците во комбинација, секогаш успеваат да создадат неверојатно мелодичен природен оркестар.rnrnУживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина rnrnНа Јапонците, изгледа природата сама по себе не им била доволно инспиративна, па во 2011 година, Морихиро Харано и неговиот тим направиле соработка со столарот Мицуо Цуда и инженерот Кензиро Мацо, за да направат огромен ксилофон, издигнат низ шумските дрвја.rnrnТие го направиле ксилофонот во една долга линија и поставиле мало гумено топче на нејзиниот почеток. Потоа, му дозволиле слободно да паѓа надолу и да формира музика, удирајќи по ксилофонот распослан низ волшебниот пејзаж.rnrnКако што ксилофонот ги одѕвонува нотите, можеби ќе ја забележите мелодијата којашто тој ја свири – познатата Кантана 147 на Јохан Себастијан Бах, со темпо и инструментал до перфекција.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=184&v=C_CDLBTJD4Mrnrn„Дрвната“ симфонија се пробива низ природната тишина на шумата. Интересно е тоа што во изработката на овој проект, немало баш многу простор за правење грешки, бидејќи само една грешно поставена нота, можела да ја наруши целата изведба.rnrnЗа изненадување е фактот што истиот ден кога било снимено ова видео, ѕверски земјотрес ја погодил Јапонија. После овој немил настан, мелодијата од ксилофонот имала уште посмирувачки ефект врз целиот јапонски народ.rnrnДоколку ја посетите градината Даисетцу Мори-но, дел од познатите јапонски градини Хокаидо Гарден Шоу, можете да си купите ваше гумено топче од машина и да го пуштите да патува по должината на ксилофонот.rnrnПоради фактот што дрвените плочки можат да скапат, на врнежливи денови оваа градина е затворена.rnrnМоже да ве интересира и оваа волшебна ерменска музика за релаксирање.

  • Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капете во пиво

    Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капете во пиво

    Ако барате начин да ја однесете љубовта кон пивото на ново ниво, овој спа центар е одличен за вас. Јапонското одморалиште Мисуги (Misugi) ви овозможува да се капете во пиво, а се наоѓа на само неколку чекори од пиварата Хинотани. Ова е вистинско остварување на сонот на љубителите на пивото.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnОпкружено со планините во јапонското село Токаи, одморалиштето Мисуги нуди одмор со внатрешни и надворешни бањи, сауна, базен и јакузи. Една од најпознатите удобности на одморалиштето е лоцирано во Хинотани Онсен, именувано по пиварата, и овде можете да се слободите од стресот така што ќе се бањате во пиво.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnТаканареченото „Нинџа пиво“ кое е произведено во пиварата, во комбинација со природните топли извори е навистина необично искуство. Наводно благодарение на квасецот, ензимите во сладот и јаглеродната киселина, оваа бања е погодна за разубавување.rn

    „Квасецот од пивото ја омекнува кожата, а пивото има и антибактериска моќ што е добра за вашата кожа. Покрај тоа јаглеродниот диоксид е одличен за циркулацијата на крвта“, изјавил сопственикот Јуки Накагава.

    rnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnНинџа пивото е направено од црн ориз и ориз за саке, па очекувајте малку потемна нијанса. Одморалиштето нуди и тушеви што можете да ги користите по бањата со пиво. Покрај тоа 45 минути во оваа бања ќе ве чинат околу 10 евра, односно 14 евра во текот на летото.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnИма само една бања со пиво, а спа центарот има посебен дел за мажи и жени. Постојат одредени термини за мажите и одредени термини за жените, па потребно е добро да испланирате кога ќе ја посетите бањата.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnПокрај бањата со пиво, постојат и други работи што можете да ги правите овде. Собите имаат неверојатен поглед кон планините, има бесплатен Интернет и огромни телевизори. Во престојот се вклучени појадок и вечера, а има и воден парк, соба за чај, масажи и караоке машина. Можете да се капете во другите базени, да ловите риба или да го посетите ноќниот пазар.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnЉубителите на пиво можат да ги пробаат продуктите на пиварницата кои добивале неколку награди и кои наводно се инспирирани од американските пива. Исто така во близина има и пекара што нуди часови каде што можете да научите како да правите леб и пица со квасецот од пиварата.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnШто мислите, дали би го посетиле ова навистина необично место?rnrnПогледнете ги и хотелите од целиот свет што ќе ви ја разгорат желбата за патување.

  • Весници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од Јапонија

    Весници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од Јапонија

    Во Јапонија еден од најпознатите дневни весници измислил 100% одржлив весник. Ако го засадите, ќе добиете растение. Јапонија уште еднаш се покажа како навистина напредна држава. Последниот изум се состои од весник направен од рециклирана и хартија од зеленчук којашто можете да ја засадите откако ќе ја прочитате. Проектот е наречен „Зелен весник“ и е смислен од страна на издавачот на познатиот јапонски дневни весник – Mainichi Shimbunsha.rnrnВесници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од ЈапонијаrnrnВесникот што можете да го засадите и не е некоја новост. На пазарот се наоѓа неколку години и е мешавина од рециклирана хартија, вода и семе од мали цветови и тревки. Лесно можете да го направите и дома. Најдоброто е што можете да го рециклирате на навистина креативен начин. Штом ќе завршите со читање, немојте да го фрлате. Наместо тоа искинете го на мали парчиња и засадете го. Со редовно полевање со вода, за неколку недели ќе имате нови растенија и цветови во вашиот дом.rnrnВесници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од ЈапонијаrnrnПрвичната идеја ѝ припаѓа на Dentsu Inc, една од најголемите агенции за рекламирање во Јапонија. Зелениот весник не е првата одржлива иницијатива од страна на јапонскиот дневен весник. Неговата посветеност на заштитата на околината е добро позната благодарение на претходна донација на вода за населението кое страда од жед. Весникот не презема акција само преку информации, тој решава глобални проблеми.rnrnВесници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од ЈапонијаrnrnЕколошкиот весник има голем успех. Секој ден кружат околу 4 милиони копии низ државата и се заработуваат околу 600.000 долари. Иницијативата исто така вклучува училишта со цел да се зголеми свеста на децата за проблемите со загадувањето на околината и да ја научат важноста на рециклирањето. Со цел да се намали емисијата на јаглероден диоксид генерирана од традиционалните системи за отстранување отпад, потребно е да ги рециклираме потрошните материјали, особено хартијата.rnrnJапонија е позната по нејзините навистина необични изуми, а овде можете да погледнете некои од најчудните.

  • Подвижни паркови на улиците во Јапонија

    Подвижни паркови на улиците во Јапонија

    Камиончето Кеи, или накратко, кеи-тора, се мали, но практични возила што настанале во Јапонија. И покрај тоа што тие се користат насекаде низ Азија, како и ширум светот, најчесто можат да се забележат на улиците во Јапонија како мали подвижни паркови. Тие почнале да се користат како платно за градинарски натпревари.rnrnrnrnСтанува збор за годишен настан во кој се натпреваруваат голем број градинарски изведувачи од Јапонија така што ги носат своите мини камиончиња на сцената и минуваат неколку саати трансформирајќи ги во градина. Погледнете само колку магични дизајни излегуваат – едноставно не можете да одлучите кое е најубаво!rnrn

  • 16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетиле

    16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетиле

    Начинот на којшто се живее животот во Јапонија, е дефинитивно многу различен од животот во Европа или САД. Фактите коишто ќе ги прочитате во продолжение, дефинитивно ќе ве изненадат и ќе ви ги потенцираат тие необични разлики.rn

    1. Јапонците имаат паметни тоалети, коишто можат да ви направат анализа на крвниот притисок, урината, мастите, протеините и телесната тежина, со само едно седнување

    rnВо Јапонија, непотребните посети на доктор, веќе се дел од минатото. Згора на тоа, со овие тоалети можете да ја следите состојбата на вашето здравје и да преземете нешто, кога тоа е навистина неопходно.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    2. Јапонците имаат импресивна мода!

    rnДоколку се прошетате околу областа Акихабара, ќе се почувствувате како да сте „слетале“ на некоја друга планета. Луѓето шетаат облечени како да се дел од некој футуристички, ретро и научно-фантастичен филм. Без разлика дали преферирате да се облекувате панкерски или како слугинки, тука е буквално сè прифатливо како мода.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    3. Немојте да купувате овошје во Јапонија, освен ако не сакате да платите цело богатство!

    rnОваа коцкеста лубеница, чини неверојатни 212 долари. Тоа чини многу, дури и да станува збор за највкусната лубеница во светот.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    4. Јапонците разменуваат пари со огромна почит

    rnТрговците во Јапонија, ги користат двете раце кога ви враќаат кусур или пак ќе ви го подадат уредно, на послужавник.rn

    5. Удобноста е од особено значење во Јапонија

    rnДури и во киносалите во Јапонија, удобноста на посетителите е на врвно ниво. Во градот Токоразава, неодамна се отворило кино, во коешто ќе се почувствувате како да гледате филм во домашна атмосфера, благодарение на масите „kotatsu“, под коишто има греајчи, коишто ќе ве топлат во студените денови.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    6. Многу сопственици на дуќани во Јапонија, прикажуваат две цени за еден ист продукт

    rnЗа разлика од останатите држави во светот, каде што цените прикажани на продуктите се со вклучен данок, Јапонците сметаат дека двете цени треба да бидат поединечно истакнати.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    7. Кога работниците во Јапонија штрајкуваат, останатиот народ има придобивки од тоа

    rnШоферите на автобусите во јапонскиот град Окајама, неодамна протестирале. Но, наместо да не работат ништо, тие решиле да си продолжат регуларно со работа, но да не им наплаќаат пари на патниците за билети. На овој начин, тие ја принудиле автобуската компанија да ги покрие трошоците, а не народот.rn

    8. Гужвата во железничките станици во Јапонија изгледа поинаку

    rnНаместо луѓето да трчаат и да се буткаат едни со други, каков што е случајот со повеќето железнички станици ширум светот, патниците во Јапонија се подредуваат во совршени и културни редици. Сигурно е убаво чувството да не сте изгазени, додека си го чекате вашиот воз!rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    9. Јапонците се многу сериозни кога станува збор за храната

    rnШто и да нарачате во ресторан во Јапонија, ќе изгледа буквално исто како што сте го виделе на менито.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    10. Улиците во градовите изгледаат совршено убаво и чисто

    rnНавистина е права реткост, да видите фрлено хартивче или какво било ѓубре, низ улиците во Јапонија. Овој народ е воспитан, да ја почитува средината и да не го остава своето ѓубре зад себе.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    11. Кога се расипал еден ескалатор во трговски центар во Сапоро, Јапонија, проблемот бил веднаш адресиран

    rnПред ескалаторот била поставена ограда, а дури и работник стоел пред него цел ден, само за да ги предупреди посетителите дека тој не функционира во моментов.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    12. Чадорите за една употреба, се многу популарни во Јапонија

    rnПоради екстремните временски услови, чадорите на Јапонците многу често се кршат. Поради ова, луѓето честопати купуваат евтини чадори, за една употреба, за да не фрлаат пречесто многу пари.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    13. Услужувањето на клиентите во јапонските хотели, е на многу напредно ниво

    rnХотелот со 5 ѕвездички Хен-на, во префектурата Нагасаки, решил да направи нешто поинакво за своите клиенти. Така, јапонските гости, наместо на рецепција да се поздравени од човечко суштество, нив ги пречекува хуманоиден робот. Од друга страна, гостите коишто разбираат само Англиски јазик, се пречекувани од страна на роботски диносаурус.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    14. Конкурентите во Јапонија, знаат да си дадат меѓусебна поддршка во тешки времиња

    rnКога на ресортот Кусатсу, бизнисот му одел многу лошо поради земјотрес, јапонскиот термален ресорт Бепу, спровел кампања, со којашто го поддржал својот конкурент. Тие ставиле знак, на којшто пишувало: „Наместо во Бепу, сега треба да одите во Кусатсу“. Од Бепу велат, дека тие ќе продолжат да си конкурираат меѓу себе, откако Кусатсу ќе застане повторно на нозе, но до тогаш ќе се борат со заеднички сили.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    15. Јапонците ги обожуваат лајтшоуата

    rnЗабавниот парк „Huis Ten Bosch“ во Нагасаки, е едно од многуте места во Јапонија, коишто прават спектакуларно лајтшоу во зимскиот период. Таму има милиони светилки во разни бои, па дури и неонски брод, со којшто луѓето може да отидат на тура.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrn

    16. Со расцветувањето на црешовите дрвја, пролетта во Јапонија дефинитивно е сезона којашто остава без здив

    rnЗависно од климатските услови, црешовите дрвја во Токио и Кјото, започнуваат да цветаат некаде во периодот меѓу март и април. Ова се совпаѓа со популарната празнична недела во Јапонија, т.н. „Golden week“.rnrn16 зачудувачки факти за Јапонија, кои ќе ги восхитат оние коишто никогаш не ја посетилеrnrnМоже да ве интересираат и овие 17 луди работи што се сосема нормални во Јапонија.

  • Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

    Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

    Јапонската нега на кожата, велат, е слична како и нивната кујна, се користат многу малку состојки и секоја од нив мора да биде со највисок квалитет за да се постигне саканиот резултат. Јапонците знаат да препознаат дека кожата ја рефлектира целокупната здравствена состојба на телото и се концентрираат на тоа да се излечат однатре, наместо само однадвор.rnrnНегувајте ја вашата кожа на јапонски начинrnrnИсточните народи, за разлика од западните, иако не користат комерцијална козметика, имаат секогаш блескава и здрава кожа и изгледаат помладолико. Највредната лекција која можеме да ја научиме од нив е да се посветиме грижливо на негата, со многу внимание и љубов, а за возврат да добиеме изглед кој зрачи со младост и виталност.rnrnКога е во прашање надворешниот изглед, Јапонките користат помалку шминка, а секој производ за нега е внимателно избран, природен и ефикасен. Дури и самиот начин на исхрана влијае на општиот изглед. Тие јадат ориз, алги и пијат зелен чај – сите овие намирници се познати во козметиката и врз нивна основа се произведуваат голем број производи за нега. Она што ги прави различни од остатокот, е што грижата за себе им е посебен ритуал.rnrnНегувајте ја вашата кожа на јапонски начинrnrnУште од времето на гејшите, негата на лицето е особено важна, бидејќи тие носеле неколку слоја шминка. Нивниот ритуал започнувал така што користеле природни отстранувачи кои ја топеле белата пудра, но дозволувале и длабинска нега на кожата. Потоа, се нанесувала хидратантна крема со лесни масажи на лицето.rnrnВо јапонската култура не постојат резултати добиени преку ноќ. Тие секојдневно се грижат за себе, медитираат, се хранат здраво, бидејќи блескавата кожа е одраз на внатрешното здравје на телото. Размислете што сè прави лошата исхрана или недоволното спиење на вашето тело. Сето тоа се рефлектира на вашата кожа, па затоа е потребно освен на надворешната, да обрнете внимание и на внатрешната нега на телото.rnrnЗатоа, пред да се посветите на надворешната нега, на кремите за лице, лосионите за тело и шминката, бидете сигурни дека сте го направиле најдоброто за себе кога е во прашање исхраната и здравите навики. Само на тој начин ќе успеете да постигнете изглед каков што отсекогаш сте сакале.rnrnПрочитајте ја и оваа јапонска диета со која може да изгубите и до 8 килограми за 14 дена.

  • Нема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудница

    Нема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудница

    Вкусната храна, прави сè да биде магично подобро, па дури и мачниот чин, како што е пораѓањето. Неодамна, корисничката на Imgur, jenkinsinjapan го родила Мито во Јапонија, а оброците коишто ѝ ги послужиле таму биле толку неверојатно вкусни, што таа морала да ги сподели на интернет со остатокот од светот. За многу кратко време, нејзината објава станала толку вирална, што луѓето ширум светот не можат да престанат да „лижат прсти“ и да ѝ се восхитуваат на оваа болница.rn

    Мојот царски рез не беше планиран, па храната којашто ја добив, не беше наменета да се јаде пред операција. Поголемиот дел од неа, секако не смеев да го изедам! Оброците не беа баш наменети за жени пред пораѓај. Но, не сум сигурна дали рестрикциите во храната коишто важат во текот на бременоста, се уште важат кога бебето ќе биде на пат да излезе?!“, објаснува Џенкинс. „Станува збор за приватна клиника за акушерство и гинекологија, но поголемиот дел од трошоците беа покриени од стандардното здравствено осигурување. Платив малку екстра, но тоа беа стандардни трошоци, како и во секоја друга болница во областа“, додава Џенкинс.

    rnПо сè изгледа, на оваа трудница ѝ била послужена храна којашто секојдневно им ја даваат на останатите пациенти во болницата. Продолжете надолу за да ги погледнете фотографиите од овие совршени оброци во јапонската болница.rn

    Палачинки за појадок (ми ги послужија пред породувањето, па маж ми ги изеде)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Ручекот што ми беше послужен пред пораѓањето

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Храна за закрепнување од царски рез (имав 3-4 оброци од овој тип, но само овој успеав да го фотографирам)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Првиот адекватен оброк после операцијата

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Француски тост за појадок

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Тестенини со морска храна за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Вечерен оброк

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Појадок во јапонски стил

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Рижото за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: предјадење (со безалкохолно пенливо вино)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: главно јадење (стек)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: десерт

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Супа за појадок

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Свинско за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Печени тестенини за вечерен оброк

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Последниот појадок!

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrnrnГледајќи ги овие слики, луѓето на интернет не можеа да престанат да „лижат прсти“ и да даваат само позитивни критики за храната во оваа болница. Погледнете дел од нивните коментари, во продолжение.rn

    После фотографииве што ги видов, ќе планирам моето идно дете да се роди во Јапонија. Планирано ви беше однапред породувањето во оваа болница? Живете таму?

    rn

    Ќе морам да резервирам маса во оваа болница. Ова изгледа превкусно!

    rn

    Јапонците дефинитивно ги бидува за врвно презентирање на храната. Плус, е неверојатно вкусна!

    rn

    Сето ова изгледа како да е припремено со многу љубов.

    rn

    Јапонските болници: Нашите пациенти треба да бидат среќни. Американските болници: Што да им послужиме, а да ги намалиме трошоците и да избегнеме тужби?

    rn

    Ова изгледа неверојатно и не само што е вкусно, туку луѓе, ова дефинитивно ќе го забрза процесот на закрепнување.

    rn

    Неверојатно. Во меѓувреме, тука во Канада, ми беше послужена каша, од којашто помислив дека ми го извадиле туморот, го исечкале на парчиња и ми го послужиле во чинија.

    rnПрочитајте ги и најпопуларните јапонски оброци за „зачинување“ на вашата исхрана.