Во својата долгогодишна историја, кафето успеало да се пробие како светски најконсумиран пијалак, а на пазарот да биде веднаш зад нафтата. Најстарата легенда за откривањето на кафето, е онаа за козјото стадо на Етиопјанецот Кофа, а со текот на годините за кафето постепено се појавувале многу анализи, факти и занимливости. Ова се мал дел од купот кратки информации кои можат да ви бидат интересни и корисни.rn
1. Во 1763 година во Венеција имало повеќе од 200 продавници за кафе.rn2. Прототипот на првата еспресо машина бил направен во Франција во 1822 година.rn3. Во 1850 година, рачната мелница за кафе можела да се најде само во кујните на оние со подлабок џеб.rn4. Во 1900 година во САД, кафето се доставувало од врата до врата со помош на кочија придвижувана од коњи.rn5. Првата комерцијална еспресо машина била произведена во Италија во 1906 година.rn6. Во Италија зборовите, кафе и еспресо се синоними.rn7. За време на граѓанската војна во САД, зрната кафе биле главен оброк на војниците.rn8. Јапонија е трета земја по консумирање кафе. Само во Токио постојат повеќе од 10.00 места каде што можете да си набавите кафе.rn9. Кафето е најпопуларниот светски напиток во светот, од кој годишно се консумираат повеќе од 400 билиони шолји.rn10. Францускиот филозоф, Франсоа Волтер пиел по повеќе од 30 кафиња дневно.rn11. Во Италија постојат повеќе од 200.000 кафе-барови и штандови.rn12. Хаваите, се единствената држава во САД во која се одгледува кафе за комерцијални цели.rn13. Леденото кафе својата популарност ја стекнало во 1945 година во Јапонија.
Tag: Јапонија
-

Магичниот свет на кафето
-

Величествени снежни креации
Снежниот фестивал „Сапоро“ е еден од најголемите и најпознатите зимски настани во Јапонија, во кој учество земаат артисти од сите краишта на светот. Оваа година, околу 250 скулптури, направени од тимови кои доаѓаат од Финска, Холандија, Литванија, Тајланд, Хонг Конг, Нов Зеланд и САД, ќе бидат изложени за љубителите сè додека ниските температури го дозволуваат тоа.rn
Снежните уметнички дела опфаќаат широк спектар на теми, од цртани ликови и јапонски спортски икони до сложени архитектонски подвизи. За создавање на скулптурите биле донесени 6.000 камионски приколки полни со снег.rn










rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Јапонската пустина
Кој би помислил дека и во Јапонија има пустина? Ова всушност не е вистинска пустина, туку огромен песочен нанос кој изгледа фантастично. Дината се наоѓа во близина на градот Тотори на островот Хоншу, Јапонија. Распространета е на 30 квадратни километри, што воопшто не е мала површина.rnrn
rnrnПесочните дини во Тотори се создадени преку пренесување на наталожениот песок на планините Чугоку преку реката Сендаи во Јапонското море. Морските струи потпомагаат песокот од дното на морето да се искачува кон брегот, каде што ветерот го прераспределува во различни форми. Највисоката дина е со надморска височина од 90 метри. Иако технички ова не е пустина, сепак во летните топли денови, температурата на песокот може да се искачи до 50 Целзиусови степени. На нејзе растат и растенија кои можат да успеат во тие услови, а може да се најде и по некое специфично животно.rnrn
rnrnДините постојат повеќе од 100.000 години, но нивната површина постојано се намалува поради владината програма за пошумување, која е направена по Втората светска војна. Покрај тоа, има и бетонски бариери подигнати за заштита на брегот од цунами, кои ги спречуваат морските струи да доведуваат нови количества песок на брегот.rnrn
rnrnОваа мини пустина привлекува повеќе од 2 милиони посетители секоја година, главно од Јапонија или од Источна Азија.rnrn





rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Највисоките луди железници во светот
Првата луда железница (rollercoaster) е направена во далечната 1885 година. Од тогаш до денеска нивната еволуцијата е во постојан раст. Сопствениците на најголемите забавни паркови во светот знаат што треба за да се победи конкуренцијата, па така ги создаваат овие грандиозни зданија за луда забава. Иако, можеби нема да дочекаме да видиме нешто слично кај нас, сепак можеме да погледнеме кои се најголемите луди железници во светот.rn.rn
- rn011
- rn
#5. Millennium Force
rn
- Забавен Парк: Cedar Point
- Локација: Охајо, САД
- Висина: 94 метри
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Искомбинирана од рамни и брзи делови, со ненадејни кривини и превртувања, нуди неверојатно доживување од кое ќе врискате без престан. Иако започнува со брзина од скромни 24 километри на час, по спуштањето од највисоката точка, развива брзина до 150 километри на час. Притоа, за време на возењето ќе имате поглед кон прекрасното езеро Ири.rn.rn- rn011
- rn
#4. Steel Dragon 2000
rn
- Забавен Парк: Nagashima Spa Land
- Локација: Нагашима, Јапонија
- Висина: 97 метри
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Официјално беше отворена во 2000 година, година на змејот во Азија, и оттогаш е главна атракција во овој парк. Претставува рекордер поради фактот што е најдолгата луда железница која користи подигање на синџир (2 479 метри). Може да развие 154 километри на час, што е сосема доволно да ви подзастане срцето.rn.rn- rn011
- rn
#3. Tower of Terror II
rn
- Забавен Парк: Dreamworld
- Локација: Квинсленд, Австралија
- Висина: 115 метри
rn011
rn011
rn011
rn
rn
За првпат беше пуштена во употреба во 1997 година и, по реновирањето, повторно отворена годинава. Таа е единствената која се наоѓа помеѓу првите луди железници, а не е од САД или Јапонија. Со брзина од 160 километри на час се искачувате до највисоката точка и потоа со истата брзина паѓате наназад по истиот пат по кој сте дошле.rn.rn- rn011
- rn
#2. Top Thrill Dragster
rn
- Забавен Парк: Cedar Point
- Локација: Охајо, САД
- Висина: 130 метри
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Кога беше направена во 2003 година, се појави како највисоката, најбрзата и најстрмната на светот, сѐ додека не се појави првата на оваа листа. Развива брзина од 0 до 193 километри на час за само 3.8 секунди, а полукружниот лак кој се наоѓа на највисоката точка од 130 метри само ја надополнува возбудата.rn.rn- rn011
- rn
#1. Kingda Ka
rn
- Забавен Парк: Six Flags Great Adventure
- Локација: Њујорк, САД
- Висина: 139 метри
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Лудата железница која го имаше своето деби во 2005 година, ги урна сите рекорди. Не само што е највисока, со 139 метри, туку е и најбрзата, со максимална брзина од 206 километри на час, а оваа брзина ја достигнува за само 3.5 секунди. По искачувањето до врвот со толкава брзина, следува спуштање по извртена шина која води за надоле, а притоа брзината останува непроменета.rn
- rn
-

Кул архитектура: Куќа со скали наместо кров

rnНекои архитектонски чуда на денешницата навистина заслужуваат секаква и безусловна почит. Таква е и The Kaidannoie (Куќата со скали на кровот) направена од компанијата y+M design office.rnrnИмено, куќата е уникатен примерок во Шимане, Јапонија и како што може да се види од галеријата подолу, покривот и е направен од скали коишто можат да се користат секојдневно. Отворениот простор помеѓу скалите е покриен со проѕирно стакло, така што ја штити куќата од дожд.rnrnМора да признаеме дека дизајнот на куќата не може да се сретне во секојдневниот живот. Се надеваме дека со ова, дополнително ви ја проширивме креативната мисла и фантазија.rnrn





