КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јапонија

  • Најпопуларните јапонски оброци за „зачинување“ на вашата исхрана

    Најпопуларните јапонски оброци за „зачинување“ на вашата исхрана

    Јапонската кујна е многу здрава и станува сѐ попопуларна и во нашата земја. Ако сакате да јадете риба и морски плодови, тогаш јапонската храна ќе ве воодушеви и секако нема да ве разочара. Овие јадења едноставно мора, што е можно побрзо, да ги испробате!rnrn1-vreme-e-da-gi-isprobate-ova-se-najpopularnite-japonski-jadenja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Сашими

    rnОвој оброк често се меша со сушито, но всушност станува збор за сирова риба која обично се сервира со лут сос познат како васаби или целосно потопена во соја сос. Најпопуларни типови на сашими се торо (туна), аби (шкампи), ика (лигни), тако (октопод). Покрај наведените сосови, ова јадење се консумира и со ориз.rnrn2-vreme-e-da-gi-isprobate-ova-se-najpopularnite-japonski-jadenja-www.kafepauza.mk_rn

    2. Суши

    rnОва е најпознатото јапонско јадење и дефинитивно најпопуларното во целиот свет. Во земјата на изгрејсонцето овој оброк се подготвува со варен ориз зачинет со оцет, кој по правило се сервира со сирова или чадена риба. Постојат неколку вида суши, а најпознати се макизуши (суши завиткано во листови морска трева) и инаризуши (тофу полнето со суши и ориз).rnrn3-vreme-e-da-gi-isprobate-ova-se-najpopularnite-japonski-jadenja-www.kafepauza.mk_rn

    3. Окономијаки

    rnОброкот чие име тешко се изговара е всушност составен од јапонски палачинки. Постојат два вида – Кансаи и Хирошима, бидејќи рецептите доаѓаат од тие две области. Кај Кансаи, тестото и состојките се мешаат, а потоа целата смеса се пече од двете страни. Ова јадење е познато и како јапонска пица. Хирошима се тенки палачинки на кои се додаваат состојки во слоеви, а се служат со пржени резанки.rnrn4-vreme-e-da-gi-isprobate-ova-se-najpopularnite-japonski-jadenja-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тепанијаки

    rnЈапонците јадат и месо, а ова е вид скара која се подготвува пред гостите во ресторанот. Не само што ова месо е вкусно, туку ако ја посетите Јапонија ќе можете да уживате и во начинот на кој готвачот го приготвува овој специјалитет.rnrn5-vreme-e-da-gi-isprobate-ova-se-najpopularnite-japonski-jadenja-www.kafepauza.mk_rn

    5. Нудли

    rnВо Јапонија се јадат нудли насекаде и секојдневно, а наједноставниот превод на нивното име би бил резанки. Постојат повеќе видови нудли во Јапонија, но оваа храна е слична по вкус и изглед како нашите шпагети.rnrn6-vreme-e-da-gi-isprobate-ova-se-najpopularnite-japonski-jadenja-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сте во потрага по здрава и вкусна храна, погледнете кои се најздравите кујни во светот.

  • Загатка од Јапонија стана вистински хит: Ќе ја решат само најпаметните луѓе!

    Загатка од Јапонија стана вистински хит: Ќе ја решат само најпаметните луѓе!

    Постојат многу тестови за интелигенција, од оние кои се користат во текот на психолошки тестирања или разговори за работа, до оние кои секојдневно нè забавуваат на Интернет. Јапонскиот тест за интелигенција сигурно спаѓа во редот на најтешките во светот. Станува збор за тешка загатка во која целта е личностите со помош на сплав што е можно побрзо и во помалку чекори да преминат на другата страна од реката.rnrnrn

    Обидете се да ја решите со помош на следниве правила:

    rn

      rn011

    • Сплавот истовремено може да пренесе најмногу две личности.
    • rn011

    • Таткото не смее да остане без мајката кога е со ќерката.
    • rn011

    • Мајката не смее да остане без таткото кога е со синовите.
    • rn011

    • Крадецот не смее да остане сам со кој било член од семејството без полицаецот.
    • rn011

    • Крадецот може да остане сам на брегот, нема да побегне.
    • rn011

    • Со сплавот може да управува само полицаецот, таткото и мајката.
    • rn

    rnДоколку не можете да го откриете решението, ова видео ви открива кој е точниот одговор.rnrnrnrnДоколку успешно ја решивте оваа загатка, тогаш обидете се и да го решите најкраткиот тест за интелигенција!

  • 17 луди работи што се сосема нормални во Јапонија

    17 луди работи што се сосема нормални во Јапонија

    Земјата на изгрејсонцето е како друг свет кој е полн со неверојатни феномени, но и чудни традиции. Погледнете неколку интересни фотографии кои ќе ви дадат увид во секојдневниот живот на Јапонците.rn

    1. Опис на работно место: Туркање луѓе во метро

    rnrnrnЈапонските подземни железници имаат премногу патници за време на шпицот, па затоа постојат посебни работници (ошија) кои ги туркаат луѓето во возовите. Првите ошија работници биле студенти кои работеле со половина работно време.rn

    2. 24.000 долари за неколку дињи

    rn(2)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnДури и јапонските лубеници во форма на коцка не се скапи колку дињите „Јубару кинг“. На една аукција во 2008 година, две дињи биле продадени по цена од 24.000 долари. Причината за високата цена е реткоста на овошјето. Овие дињи се одгледуваат на островот Хокаидо, и тоа во многу мал број. Тие се распродаваат веднаш по бербата.rn

    3. Кит Кет чоколадо со вкус на саке, васаби или чили

    rn(3)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnИмето на овие чоколади на јапонски се изговара многу слично како „кито катсу“ или „сигурно ќе победиш“. Поради ова тие често им се даваат на учениците и студентите за среќа. Како и многу други видови храна, и овие чоколади ги имаат најчудните вкусови, од чили и васаби, до зелен чај и круша.rn

    4. Кафетерија која нуди нежности

    rn(4)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnСо доплата, на мажите им е дозволено да лежат со келнерките, да ги прегрнуваат или да им ја галат косата, но не повеќе од тоа! Во Јапонија се обрнува многу внимание на визуелната страна на работите. На пример, кафетериите во кои келнерките се облечени како убави слугинки се многу популарни.rn

    5. Најчудниот асортиман на возови

    rn(5)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnВозовите кои ќе ги најдете во Јапонија се многу разновидни: винтиџ, на два ката, многу брзи, без машиновозач, па дури и возови кои потсетуваат на ликови од цртани.rn

    6. Автомати кои продаваат сè

    rn(6)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnАвтоматите се толку познати во оваа земја, што од нив можете да ги купите најневеројатните работи, како кромид или пак, рачно напишано љубовно писмо.rn

    7. Спа центар во кој можете да се бањате во вино, саке или кафе

    rn(7)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnПрекрасно место во кое не само што можете да пливате во огромни базени од вино, кафе или саке, туку можете и да пиете од нив.rn

    8. Роботи миленичиња за деца

    rn(8)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnЧувањето милениче во Јапонија е скапо и може да ве чини колку еден автомобил. Поради ова, на децата им се понудени играчки роботи кои имитираат домашни миленичиња.rn

    9. Сакура: Прекрасна декорација за храна

    rn(9)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnСакура е националниот цвет на Јапонија и се користи за украсување десерти. Оброците на кои се наоѓаат овие листови од црешово дрво се многу популарни во пролет кога целата земја е покриена со нив.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Оваа куќичка однадвор изгледа мала, но кога ќе влезете внатре ќе останете без зборови!

    Оваа куќичка однадвор изгледа мала, но кога ќе влезете внатре ќе останете без зборови!

    Добро велат дека не треба да се суди книгата според нејзината корица. Истото важи и за куќите, особено за оваа мала куќичка во Јапонија.rnrnОваа куќичка однадвор изгледа мала, сѐ додека не влезете во неа!rnrnТаа е дизајнирана од страна на архитектското ателје Мизуиши и се наоѓа на мирно место помеѓу река и пат.rnrnОваа куќичка однадвор изгледа мала, сѐ додека не влезете во неа!rnrnПогледната однадвор, таа навистина изгледа многу мала, но внатрешноста изненадува многу повеќе отколку што би очекувале.rnrnОваа куќичка однадвор изгледа мала, сѐ додека не влезете во неа!rnrnТриаголната куќа има два ката, со спална соба на првиот кат, кујна и спална на вториот, плус мала семејна соба за играње сместена на меѓуспрат до која се стига со скали.rnrnОваа куќичка однадвор изгледа мала, сѐ додека не влезете во неа!rnrnСите ѕидови се обоени бели, што го прави целото место да изгледа пошироко и посветло.rnrnОваа куќичка однадвор изгледа мала, сѐ додека не влезете во неа!rnrnПреминете на наредната страница за подетално да видите како изгледа оваа необична куќичка.rn

  • Во Јапонија постои музеј со камења кои изгледаат како лица

    Во Јапонија постои музеј со камења кои изгледаат како лица

    Доколку некогаш отидете во Токио, потрудете се да одвоите барем два часа за да одите северозападно, во градот Чичибу, каде што можете да видите еден уникатен музеј. Се прашувате што е она што го прави да биде толку посебен? Тоа е неговиот претходен сопственик кој потрошил преку педесет години собирајќи камења кои личат на човечки ликови. Од лицето на Исус Христос, па сѐ до Елвис Пресли, овој музеј располага со голема колекција од 1.700 камења од кои 900 од нив се со ликови.rnrnrnrnОткако кураторот на музејот починал во 2010 година, сега неговата ќерка е надлежна за местото и таа има намера да ги остави работите онака како што се, што е одлична вест за љубопитните. Погледнете ја галеријата и видете дел од она што го содржи овој уникатен музеј.rnrn

  • Дознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и деца

    Дознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и деца

    Замислете си училиште кое ги учи децата да ги почитуваат луѓето и животните, да бидат искрени, љубезни и да имаат самоконтрола. Многу родители сонуваат за ваков образовен систем, а тој е претворен во реалност благодарение на Јапонците. Познато е дека јапонските училишта многу се разликуваат од западните и многумина ги сметаат за најдобри училишта во светот.rnrnДознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и децаrnrnВо Јапонија униформата е задолжителен дел од училишната опрема за сите основни и повеќето средни училишта. Со оглед на тоа што сите униформи се исти, никој нема можност да се истакне врз основа на облеката и тоа создава една пријатна атмосфера во училниците. Учениците уште од мали нозе стекнуваат чувство на еднаквост и припадност.rnrnИнтересно е тоа што учениците во основно училиште не можат да го повторуваат одделението. Такво нешто не постои и сите основци на крајот од учебната година добиваат диплома и преминуваат во повисоко одделение.rnrnДознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и децаrnrnУчебната година започнува во пролет, на почетокот на април кога цутат јапонските цреши. Тие претставуваат симбол на пролетта, раѓањето на природата и новиот почеток што ги мотивира учениците за успешен почеток на новата учебна година.rnrnДознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и децаrnrnПокрај стандардните предмети како што се јапонски јазик, математика, наука и општествени предмети, во поголемиот дел од училиштата учениците учат вештини како што се готвење и шиење. Тие исто така се занимаваат и со јапонска калиграфија и поезија.rnrnДознајте зошто јапонските училишта се сонот на сите родители и децаrnrnВо јапонските училишта нема домар и хигиеничарки. Учениците сами со помош на професорите се грижат за хигиената во нивните училници. По училишниот ручек тие ги собираат валканите садови и прибор за јадење, ги носат во кујната на миење и потоа одговорно го чистат нередот што самите го направиле.rnrnВо продолжение погледнете го видеото што детално го прикажува ефективниот образовен систем на Јапонците.rnrn

  • 13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонците

    13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонците

    Јапонската култура до ден денес фасцинира со својата историја, архитектура, уметност и наследство. Нивната беспрекорна чистота на околината, манири, домашно воспитување, образование, етика, економија и екологија се неспоредливи и ја прават Јапонија една од најголемите светски сили. Затоа, може слободно да се каже дека секој може да научи нешто корисно од неа и да започне да го применува во своето секојдневие.rnrn13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонцитеrnrn1. Јапонските деца заедно со наставниците секојдневно ги чистат своите училишта за да научат да ја почитуваат чистотата, но и работата.rnrn2. Просечното доцнење на возовите во Јапонија е 7 секунди на годишно ниво. Времето се почитува.rnrn3. Работниците кои водат сметка за хигиената во Јапонија се нарекуваат „инженери на здравјето“ и се многу добро платени.rnrn4. Јапонија практично нема природни ресурси, секоја година ја погодуваат околу 100-тина земјотреси, но и покрај тоа, таа е втора светска економска сила.rnrn5. Биле потребни само 10 години за Хирошима целосно да се обнови после атомската бомба. Навременото и целосното завршување на обврските е многу важно во Јапонија.rnrn6. Во Јапонија мобилните телефони не се користат во градскиот превоз, рестораните и јавните места затоа што тоа ги вознемирува другите луѓе.rnrn7. Децата од прво до шесто одделение учат етика за односот кон другите луѓе.rnrn8. Иако Јапонците спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во светот, тие скоро никогаш немаат куќни помошници или дадилки. Родителите секогаш сами се грижат за децата.rnrn9. Децата во помалите одделенија немаат оценки. Целта на образованието е пред сѐ градење здрава личност.rnrn10. Во рестораните ќе забележите луѓе кои јадат точно онолку колку што им е потребно. Храната никогаш не се фрла.rnrn11. Секој што има куче мора да носи вреќички и да чисти по своето милениче. Чистотата е дел од јапонската етика.rnrn12. После оброкот, децата на училиште секогаш ги мијат забите.rnrn13. Децата во училиштата имаат пауза од половина час, иако можат да го завршат оброкот за многу пократко време. Но, Јапонците сметаат дека е важно да се јаде во мир.

  • Дали можете да забележите што е различно кај овие торти?

    Дали можете да забележите што е различно кај овие торти?

    Сигурни сме дека на прв поглед овие торти ќе ви изгледаат премногу вкусно и едноставно ќе посакате да ги ставите рацете во мониторот и да ги извлечете од фотографиите директно во вашата реалност. Погледнете ги, зарем не изгледаат совршено? Толку благо, толку неодоливо…rnrn(5) Дали можете да забележите што е различно кај овие торти?rnrnНо, како и со повеќето нешта кои можете да ги сретнете на Интернет, така и во овој случај, ништо не е како што изгледа. Епа ајде, погледнете ги повторно фотографиите, но овој пат повнимателно. Обидете се подетално да ги анализирате состојките на тортите. Дали можеби гледате зеленчуци?rnrn(4) Дали можете да забележите што е различно кај овие торти?rnrnДа, во право сте. Овие „торти салати“ се вистински хит во Јапонија, каде стилистот за храна Митсуки Моријаси се обидува да го направи зеленчукот попосакуван од луѓето. Откако тие се нашле во еден ресторан минатата година, одеднаш се рашириле низ целата држава. Неверојатно!rnrn

  • Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовите преку емоционални фотографии

    Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовите преку емоционални фотографии

    За својот најнов проект „Трагање по нашите чекори“, француските фотографи Карлос Ајеста и Гилом Бресон побарале од 80.000 бегалци, кои морале да се евакуираат од областите во близина на Фукушима, да се вратат на местата кои некогаш добро ги знаеле. Станува збор за процес кој траел 4 години и при кој морале да поминат многу административни препреки. Но, тоа што го нашле таму е свет скоро непрепознатлив за нив, исполнет со длабоки човечки приказни. Погледнете дел од нив…rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrn

    Побаравме од поранешните жители од регионот во Фукушима и во некои случаи, вистинските сопственици на одредени локали да ни се придружат внатре во забранетата зона и да ги отворат вратите на овие обични, но сега непријателски места“, велат фотографите.

    rnСоочени со камерата, од нив беше побарано да се однесуваат најнормално што можат, како ништо да не се случило. Идејата зад овие надреални фотографии е да го комбинира баналното и невообичаеното, но токму фактите за историската нуклеарна катастрофа им даваат на овие слики автентичност.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnМитори Ито се наоѓа во напуштениот супермаркет во Намие. Овде ништо не се сменило од несреќата. На панелот дури може да се прочитаат и зборовите „Свежи производи“ на јапонски јазик. Веднаш по несреќата, Митори Ито се евакуирала во Минами Аизу поради здравствените ризици поврзани со радиоактивност.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnРиеко Мацумотое се наоѓа во перална во Намие. Таа е нутриционист и советник. На денот на земјотресот, таа работела со клиент од Филипини, кој бил кај неа за прв пат. Таа се подготвувала да ги измери деловите на нејзиното тело кога земјата одеднаш почнала да се тресе.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnКаноко Сато се наоѓа во училишната сала во областа Укедо, уништена од цунамито и останата недопрена после катастрофата. Таа вели дека да не се случел овој проект, никогаш немало повторно да ја види забранетата зона со свои очи.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnШигеко Ватанабе водела мала компанија за печатење во центарот на Намие. Таа никогаш повеќе нема да го отвори својот бизнис и лично смета дека деконтаминацијата е бесмислена бидејќи никој нема да се врати да живее назад. Владата притискала луѓето да се вратат во своите градови, но според неа градот Намие ќе биде уништен.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnКацујуки Јашима e во својата работилница. За време на катастрофата тој и неговата жена имале 15 вработени. Неговата компанија нема повторно да се отвори и тој не очекува дека тие ќе се вратат да живеат во Намие. Тој вели дека нема да се врати бидејќи не може повторно да го отвори стариот бизнис. Според него Намие за 10 години ќе стане град на духови.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnЈасуши Ишизука се наоѓа во јапонска игротека во градот Томиока. Зградата била силно погодена од земјотресот и останала напуштена после катастрофата.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnСецуро Ито е ветеринар. Тој се грижи за животните, посебно за кравите кои живеат во забранетите зони. Сега тој се наоѓа во напуштен бар. Ито ја напуштил Јапонија за да живее во Бразил кога имал 30 години, но после 11 март решил да се врати во неговата земја и да им помага на фармерите во забранетата зона. Тој сега живее во градот Фукушима.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnКазухиро Онуки се наоѓа во својата стара куќа во Томиока. Пред несреќата, тој имал книжарница и продавница за јапонска керамика, но бил ограбен неколку пати како резултат на несреќата и сите вредни нешта од неговиот дом биле украдени. Оваа соба ја доловува атмосферата во неговата куќа денес. Тој се евакуирал во Токи заедно се неговото семејство. Никогаш не би се вратил да живее во својот дом.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовиrnrnХидемаса и Мичико Отаки се фотографирани во нивниот стар фризерски дуќан во Томиока, градот кој беше силно погоден од цунамито и евакуиран по нуклеарната катастрофа која следувала. Таа работела како фризерка повеќе од 40 години. Кога се случила несреќата имала клиенти. По инцидентот се селеле од едно во друго засолниште и таму почнала да ги средува фризурите на луѓето сместени во засолништата.rnrnПоранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

  • Зошто сме зависни од слатките и убави работи?

    Зошто сме зависни од слатките и убави работи?

    Сте се запрашале ли некогаш зошто ги обожаваме слатките работи како животинките, бебињата па дури и естетски убавите предмети? Зошто кога ќе погледнеме некое видео или фотографија од слатки зајачиња, добиваме потреба буквално да ги изедеме? Во продолжение прочитајте за нашата зависност од слатките и убави работи врз кои секојдневно се изложуваме и кои имаат интересни ефекти врз нашето однесување и расположение…rnrnЗошто сме зависни од слатките работи? rn

    Историја

    rnОвој тренд има длабоки корени. Уште во 40-тите години на минатиот век, професорот Конрад Лоренс се занимавал со убавината и реакциите кои таа ги предизвикува. Големата глава, големите очи и кружното лице биле карактеристиките за кои заклучил дека предизвикуваат чувства на грижа и нежност кај луѓето. Дали зборувал за Хелоу Кити или загрозените кинески панди? Сеедно, и двете одговараат на описот.rn

    Зависност

    rnНеодамна е направена една студија во која се тврди дека кога човекот ќе здогледа слатко маченце или кутре, длабоко во мозокот настанува една хемиска реакција која се одвива во истиот дел од мозокот кој реагира позитивно на храната, сексот и дрогата. Дали тоа значи дека убавината е новиот тип физичка зависност? Ако судиме по бројните прегледи на видеа од слатки животинчиња на Јутјуб, тогаш одговорот би бил потврден. Покрај децата, десетици милиони луѓе постари од 18 години барем еднаш пребарувале некој поим кој е поврзан со слатки суштества.rn

    Лек

    rnНаучниците Шридхари Дасел и Франческа Џино спровеле едно интересно истражување во кое половина од испитаниците биле оставени во соби со играчки, а другата половина во соби без нив. Оние кои си играле со играчките, помалку лажеле и покажале поголема емпатија кон колегите и повеќе се сочувствувале со нив, за разлика од испитаниците кои биле во собите со предмети за повозрасни. Се утврдило и уште нешто: Возрасните се помалку склони на лажење и се поподготвени да се вклучат во некои друштвени активности ако се опкружени со потсетници од минатото, поточно со мечиња. На некои од мажите им помогнале фудбалските топки, на жените некои интересни аксесоари од тинејџерските години, а на сите им помогнале фотографиите од децата и животните.rn

    Само да е убаво

    rnДизни беше првиот човек кој ја сфатил оваа крилатица. Мики Маус доживеал драстични трансформации пред да го добие ликот кој го носи денес. Првите слики од големиот глушец со неговиот изглед во подоцнежните периоди се поврзуваат само со големи уши и бели ракавици. Сѐ останато станало многу поубаво и послатко.rn

    Мојот мил автомобил

    rnУбавината се преселила и на материјалните добра. Пиеме засладено кафе, носиме убава облека, а најдобар пример се и автомобилите Мини Купер, Смарт, Фиат 500 и Мазда МХ-5 – најистакнатите претставници на таа нова потрага по мали и убави работи кои нивните сопственици ги третираат како да се живи суштества, ги негуваат, ги пазат и за секоја промена известуваат на социјалните мрежи.rnrnУбавите работи се наоѓаат и на нашето мени. Наместо традиционалните рецепти, кои станаа премногу рустични, луѓето сѐ почесто се склони на крофни со шарени трошки и украси, мафини, слатки колачиња во сите бои и вкусови. А, тука се и чиниите во пастелни бои, најразличните нотеси, пенкала и слични предмети.rn

    Јапонија е мајката на сите слатки работи

    rnИнтернетот не е ни најмалку виновен: Спротивно на популарните мислења, тој не ги промени нашите вкусови, туку ги направи убавите работи подостапни. Од каде потекнува таа желба за убавина? Некогаш децата не можеа да дочекаат да пораснат за да можат да ги прават сите забранети работи. А, потоа возрасните одлучија дека им е доста од зрелоста, па се враќаат во детството, се разбира фигуративно. Поентата на културата на убавината е во нежноста. Таа е тука за да ги смири сите мозочни ситници и да го разбуди детето во нас.rnrnПа, тогаш, кој е крив за овој тренд на убавина? Сите го вперуваат прстот во Јапонија. Земјата на сонцето е прогласена за престолнина на убавината. Секоја нивна префектура има сопствена, многу слатка и убава маскота, исто како што имаат и сите јапонски компании. Во метрото во Токио, сите патокази се испишани во облик на дијалог помеѓу слатки ликови, а националната јапонска авиокомпанија своите авиони ги илустрира со малиот Пикачу од „Покемон“, како и познатото маче Хелоу Кити.rn

    Мечиња во домот

    rnЛудилото за убавите и слатки работи е облик на носталгија за поминатото детство. Во Велика Британија неодамна се спровело едно истражување за студентските навики. Многу од студентите признале дека во студентските домови, покрај нивните книги и облека, ги донеле и своите плишани играчки. Девојките го правеле тоа во поголем процент, а кога професорот ги запрашал своите машки колеги колкумина од нив сѐ уште се поврзани со своите мечиња, забележал дека оние студенти кои ја дигнале раката имале подобри оцени и потрајни интимни врски.