КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јапонија

  • Најдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та година

    Најдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та година

    Измина првиот месец од новата година и веќе полека се навикнуваме на новата 2016-та, а нашата желба за авантура континуирано расте. Егзотичните и далечни земји со богата култура и низа туристички атракции се идеални дестинации кои даваат мир и го будат истражувачот во нас. Следуваат 10-те совршени дестинации, избрани како најдобри од преубавите земји низ светот, за семејни авантури, романтични бегства или нешто измеѓу.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    1. Куба

    rnСо оглед на тоа што оваа преубава оаза, која била и е под влијание на политичките збиднувања, сѐ повеќе се развива и менува, Куба би требало да биде една од подобрите земји кандидатки за посета. Шарените и стари големи згради, мирисот на локалниот рум кој се подготвуваа за да го зачини незаборавното мохито, автомобилите од 50-тите години на минатиот век и веселата салса музика која одекнува на секој агол кој, пак, се претвора во клуб во кој се танцува од утро до вечер… Ова е само дел од атмосферата која Куба може да ја понуди.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    2. Бразил

    rnОткако се покажа како одличен домаќин за Светското првенство во фудбал, кое се одржа во 2014-тата, Бразил и оваа година ќе ги угости врвните спортисти, овој пат за Олимписките игри. Кој не би сакал да ја доживее Олимпијадата во божественото Рио? Оваа огромна земја богата со природни убавини претставува рај за истражувачите и луѓето со авантуристички дух. Туристите на првата посета треба да тргнат од најголемите и најенергичните градови (Сао Паоло, Рио де Жанеиро), а потоа да се упатат кон прекрасните морски плажи (Салвадор, Парати) и задолжително да го посетат Манаус, огромниот град сместен на сред амазонската прашума кој може да се пофали со бројни атракции.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    3. Шри Ланка

    rnПо завршувањето на граѓанската војна која траеше со децении, Шри Ланка сѐ повеќе добива на популарност благодарение на многубројните нови хотели кои ги привлекуваат туристите од сите краишта на светот. Минатава година најголема атракција беше хотелот Три кој е сместен на крајбрежјето на езерото Когала. Хотелот се наоѓа на еден голем остров на кој можете да ги истражувате плажите, храмовите и плантажите на чај.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    4. Виетнам

    rnВиетнам може да се пофали со бројните луксузни одморалишта кои се идеални за одмор и бегство од градот. Опкружен со природни убавини, Виетнам поседува две спектакуларни плажи – Анантара и Аман кои претставуваат вистинско место за опуштање.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    5. Зимбабве

    rnОткако со години беше заобиколувана, оваа туристичка дестинација е повторно во центарот на вниманието делумно поради аеродромот „Викторијански водопади“, кој е отворен минатава година, што овозможи многу полесен пристап до овој дел на Јужна Африка. Покрај фантастичните атракции, Зимбабве може да се пофали со кампот „Wilderness Safaris“ кој се наоѓа во националниот парк Хванге, а на посетителите им овозможува уживање во природата со вистинско чувство на сафари духот.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    6. Пуглија, Италија

    rnОваа дестинација беше во голем фокус минатово лето, што значи дека нејзината популарност ќе се задржи и оваа година. Причината за тоа се идеалните услови: топлото време, барокните градови, архитектурата во конусен облик и богатите вкусови на медитеранската кујна. Градот Лече е вистински рај на земјата, посебно за љубителите на храната кои овде можат да пробаат многубројни специјалитети како што се скаморца (топено кравјо сирење), со кое се преливаат најразличните јадења и пастичото (пита со крем од ванила). Покрај тоа, посетителите можат да уживаат во сончевите пладневни часови на улиците и плоштадите со споменици и стари цркви.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    7. Јапонија

    rnЈапонија е дефинитивно на врвот на оваа листа. Сепак, оваа земја туристите често ја избегнуваат поради нејзината репутација како една од најскапите земји во светот. Ова година градот Кјото би можел да биде ваш избор, бидејќи ќе ви помогне најдобро да ја почувствувате магијата која оваа земја со пребогата култура може да ја понуди.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    8. Костарика

    rnОваа тропска земја е многу популарна туристичка дестинација, а најмногу брои туристи кои уживаат во бујната вегетација, старите плажи, контрастните пејсажи како и големата костариканска атракција: набљудувањето на ретките птици. Костарика е совршеното место за авантура и истражување, но и за семеен одмор.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    9. Перу

    rnПеру ја крие магијата на Амазон и Анда, кои преставуваат и главни атракции на оваа земја која никого не го остава рамнодушен. Археолошките богатства и пронајдоци не завршуваат на Мачу Пикчу, бидејќи Перу поседува и многу други империи кои се наоѓаат во северниот дел од државата.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та годинаrn

    10. Иран

    rnОваа чудесна земја поседува голем број скапоцености на иранската архитектура, како што се музеите, дворците и палатите како и верските објекти. За љубителите на природата се препорачува посета на селото Гармех, опкружено со палми кои ќе ви овозможат да уживате во длабоката пустинска тишина. Покрај тоа, не заборавајте да го посетите и островот Киш каде можете да уживате во нуркачките активности.rnrnНајдобрите дестинации кои треба да ги посетите во 2016-та година

  • Најслаткото девојче во Јапонија и нејзините неодоливи авантури

    Најслаткото девојче во Јапонија и нејзините неодоливи авантури

    Тешко е да се биде возрасен знаејќи дека не можете туку така да се откажете од сиот товар кој го носите. За среќа, благодарение на овие прекрасни фотографии кои се дело на јапонскиот фотограф Котори Кавашима, ќе можете многу лесно да се вратите назад низ времето. Тој ја следи четиригодишната ќерка на својот пријател, започнувајќи од руралните јапонски села, па сѐ до Париз, додека таа го открива светот со својата невина и чиста душа.rnrnrnrnКавашима во 2011 година објавил цела книга со наслов „Мираи Чан“, за девојчето со розови обравчиња. Книгата доживеала моментален успех, а на фотографот му донела неколку награди од областа на фотографијата во Јапонија. Затоа, направете пауза, за момент оставете ги непрочитаните пораки од шефот и препуштете се во патувањето низ времето со ова преслатко девојче, од кое може и нешто да научите.rnrnrnrn

  • 7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезумат

    7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезумат

    Јапонија е навистина разновидна земја. Од суши и кимона, до самураи, Нинтендо, па дури и бизарниот фестивал во чест на пенисот, оваа земја никогаш не престанува да изненадува. Покрај мноштвото анимирани приказни во кои ужива целиот свет, постојат јапонските урбани легенди и страшни приказни кои апсолутно ќе ве трауматизираат. Препорака, не читајте ги овие приказни навечер!rn

    1. Ака Манто

    rn7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезуматrnrnЗамислете се дека седите на шолја во вашиот тоалет. Немате тоалетна хартија, а тогаш одненадеж слушате глас кој ви вели: „Дали сакате сина или црвена хартија?“ Што ќе одговорите? Наш предлог е да бегате колку што ве држат нозете, затоа што ако изберете црвена боја, вашата кожа ќе биде искината на делови, а ако изберете сина, ќе ви биде исцедена целата крв од вашето тело. Така напаѓа духот Ака Манто.rn

    2. Хитобашира или „Човечки столбови“

    rn7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезуматrnrnВо стара Јапонија се верувало во човечката моќ. Толку многу, што ставале луѓе во ѕидовите и столбовите од зградите, кои ќе послужат како жртва за Бога и како средство кое ќе ѝ донесе стабилност на структурата. Во многу градби, вклучувајќи ги и озогласениот дворец Мацуи и мостот Фукушима, се верува дека има човечки костури во темелите, а посетителите велат дека слушаат крици и плач од заробените духови.rn

    3. Нуре Она

    rn7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезуматrnrnНуре Она често може да се сретне како ја мие косата на брегот од некое езеро или река. Во некои верзии од приказните таа со себе носи и дете. Кога некој ненамерен минувач ќе и понуди помош да го причува детето, тоа се врзува за рацете на минувачот и станува сѐ потешко и потешко, додека Нуре Она ја пие крвта од телото на минувачот.rn

    4. Кунекуне

    rn7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезуматrnrnАко нешто што мрда ви го привлече вниманието во зеленилото, додека се наоѓате на некоја ледина околу јапонско село, тргнете го погледот! Кунекуне е мистериозен призрак кој ќе ве доведе до лудило ако директно гледате во него. Никој точно не може да го објасни овој привид бидејќи секој што го гледал, сега е полуден. Велат дека тој се тркала од една на друга страна и ако го гледате директно и вие ќе почнете да се однесувате така до крајот на вашиот живот.rn

    5. Жената со пресечено лице

    rn7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезуматrnrnАко шетате доцна во ноќта, таа може да се појави од зад аголот, со покриено лице со шамија. Не обидувајте се да побегнете бидејќи таа ќе се телепортира каде и да одите. Кога конечно ќе застане пред вас, ќе ве праша дали е убава. Ако одговорите дека не е, следното нешто кое ќе го видите (а веројатно и последното) се големите ножици со кои ќе ви ја отсече главата. Ако одговорите дека е, таа ќе ви го открие своето лице и уста, која е пресечена од едното до другото уво и ќе ве праша „А сега?“ Повторно, ако одговорите не, тогаш ќе ве преполови на половина, а ако кажете да, ќе ви ја исече устата исто како нејзината.rn

    6. Селото Инунаки

    rn7 јапонски урбани легенди кои ќе ве избезуматrnrnНа влезот од селото пишува: „Овде не важат законите и уставот на Јапонија!“ Ова мистериозно и изолирано село е тешко да се забележи, дури за околното население. За луѓето од Инунаки се вели дека живеат чуден живот, исполнет со инцест и канибализам, а убиствата во ова село се секојдневна активност. Покрај тоа, од необјаснива причина таму телефоните не работеле. Постоеле стари говорници во селото, но денес не се функционални.rn

    7. Томиновиот пекол, поемата на смртта

    rnСпоред легендата, ако ја прочитате на глас поемата „Томинов пекол“, вие ќе умрете! Веднаш штом почнете да читате ќе почувствувате непријатност. Кога ќе завршите можете да го почекате крајот на анксиозноста. Ќе забележите дека тој што ја читал песната во видеото, користел текстуален софтвер за да ја сними.rnrn

  • Чоколадните парчиња за сендвичи станаа реалност!

    Чоколадните парчиња за сендвичи станаа реалност!

    Докторите со години ни препорачуваат да ставаме чоколадо во нашите сендвичи и Јапонија конечно го оствари тоа. Јапонската компанија „Бурбон“ започна да произведува и да продава чоколадни парчиња кои наликуваат на парчиња кашкавал.(1) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauzarnrnСекое пакување се состои од 5 парчиња чоколадо со дебелина од 2 мм, а може да се купи и на интернет каде за 3.240 јапонски јени (1.520 денари) ќе добиете 12 пакувања. Чоколадото „нама“, кое се користи при изработката на парчињата чоколадо, е меко и со поинтензивен, побогат вкус отколку млечното чоколадо.rnrnНивната форма ги прави идеални за да ги јадете со топли вафли или палачинки, бидејќи така побрзо ќе се стопат до совршенство.rnrn(2) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza(3) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza(4) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza(5) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza(6) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza(7) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza(8) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza(9) chokoladnite-parchinja-za-sendvichi-stanaa-realnost-kafepauza

  • ХОЛОГРАМСКИ ДОПИР: Ќе можеме да го прегрнеме својот пријател во текот на видео разговор!

    ХОЛОГРАМСКИ ДОПИР: Ќе можеме да го прегрнеме својот пријател во текот на видео разговор!

    Јапонски научници успеаја да создадат нов вид технологија со холограми кои можат да се допрат. Ваквите трoдимензионални проекции се наречени „Fairy Lights“.rnrnrnrnСистемот, при големи брзини, произведува ласерски зраци со висока резолуција кои траат многу кратко (милионити дел од милијардитиот дел од секундата). Кога раката ја попречува проекцијата, таа може да манипулира со холограмските пиксели.rnrnНаучниците веруваат дека оваа технологија може да има широка примена во медицината, архитектурата и секако во забавната индустрија.rn

    „Сегашната состојба на светлечката технологија не им овозможува на луѓето да имаат некаква интеракција со неа, ниту пак да ја почувствуваат светлоста како материјал, но ‘опипливиот холограм’ има потенцијал да го промени тоа. Вие не можете да ги почувствувате видеата и фотографиите кои ги емитува класичниот проектор. Но кога би проектирале 3Д слика која може да се допре, чувството би било неверојатно“ – изјави д-р Јоичи Очиаи од универзитетот Сукуба.

    rnТој верува дека ваквата технологија, во редовна употреба, би го променила човечкото секојдневие.rnrnНаучниот портал „Pulse Headlines“, проценува дека со развојот на оваа технологија, ќе може да се креира холограмска тастатура, со чија помош би можеле да ја допреме другата личност која е на голема оддалеченост од нас, во текот на еден видео разговор.rnrn

  • Јапонските жени ја откриваат тајната за здрав и младолик изглед на кожата

    Јапонските жени ја откриваат тајната за здрав и младолик изглед на кожата

    Миењето на лицето со минерална вода е многу корисно за здрав изглед на кожата. Оваа метода најмногу ја користат жените од Јапонија кои се познати по добро негуваната кожа и младешкиот изглед. Откако ќе го исчистите лицето, измијте го со минерална вода, наместо со обична. Зошто? Бидејќи тоа ќе доведе до затегнување на вашата кожа.rnrnЈапонските жени ја откриваат тајната за здрав и младолик изглед на кожатаrnrnБалончињата имаат сличен ефект на благ пилинг, па со помош на минералната вода вие ќе ги исчистите вашите пори и ќе ги наполните клетките со кислород. Крајниот резултат е свежа, мазна и цврста кожа. Но, немојте да претерувате со премногу често користење на минералната вода за миење на вашето лице бидејќи може да доведе до иритација на кожата. Најдобро е да ја применувате оваа техника еднаш или два пати неделно. Минералната вода може да го замени вашиот тоник, едноставно потопете памук во неа и искористете ја за чистење на лицето.

  • Слатко или морничаво? Овие чанти во форма на мачки се огромен тренд во Јапонија

    Слатко или морничаво? Овие чанти во форма на мачки се огромен тренд во Јапонија

    Овие чанти биле дизајнирани од страна на Пико, домаќинка која живее во Јапонија и обожава мачки. Поради очигледниот тежок начин на рачна подготовка, тие не се достапни за продажба во секое време, но кога се, нивната цена се движи околу неверојатни 600 евра. Пред да одлучите дали тие ви се допаѓаат или не, треба да знаете дека не станува збор за вистински мачки, туку за морничаво реалистични плишани имитации кои се рачно боени со цел да изгледаат на овој начин. Погледнете…rnrn(1) Слатко или морничаво? Овие чанти во форма на мачки се огромен тренд во Јапонијаrnrn

  • Најдобрите градови за врвно кулинарско уживање

    Најдобрите градови за врвно кулинарско уживање

    Некои од нас патувањата ги базираат на добра храна, додека други мислат на храна откако ќе се вратат од патување. Ако припаѓате на првата категорија, тогаш вашиот живот веројатно се врти околу вашиот следен оброк, а сигурно такви места и сакате да посетувате. Ако сте љубител на добрата храна и постојано барате добри места каде што можете квалитетно да се најадете, направивме листа на 6 градови кои дефинитивно треба да ги посетите ако сакате да искусите врвно кулинарско доживување.rn

    1. Копенхаген, Данска

    rn1-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mkrnrnПрв на листава е Копенхаген каде мора да се спомне „Noma“ – ресторан кој засекогаш ја има променето кулинарската сцена благодарение на креативните и иновативни начини на подготвување на храната. Овој ресторан е прогласуван за најдобар во светот неколку години по ред. Иако цените не се многу пристапни, сепак мора да им се спомне на љубителите на храната. Добро планирајте пред да го посетите затоа што е многу тешко да добиете маса.rnrnОсвен „Noma“, има неколку други фантастични ресторани пропратени со прекрасни маркети и одреден вид креативност која е суптилно инјектирана во храната. „Relae“, „Radio“, „BROR“ и „Geranium“ се совршени примери каде се применува новиот нордиски начин на готвење кој е многу популарен последниве години. Ако сакате посекојдневно искуство упатете се во маркетот „Torvehallerne“ или во „Уличниот маркет на Копехаген“.rn

    2. Бангкок,Тајланд

    rn2-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mkrnrnАко сте љубител на силните вкусови и зачини, тогаш Тајланд треба да биде на врвот од вашата листа. Како дом на најдобрите и најевтините јадења во светот, ви гарантираме дека кога ќе го напуштите Бангкок ќе бидете добро најадени и среќни. Навистина е лесно да најдете добра храна во главниот град на Тајланд. Уличните продавачи на храна се насекаде и лесно можете да ги намирисате неверојатните опции. Леплив ориз со манго, свинска или рибина чорба и многуте варијации на нудли се на врвот од безбројната храна на улиците на Бангкок.rnrnОние кои сакаат нешто пофино и пософистицирано, треба да се упатат во наградуваниот „Gaggan“ каде што ќе бидат послужени со јадења од врвната индиската кујна. „Nahm“ е уште едно фантастично место за јадење каде служат традиционална тајландска храна. Двата ресторани се сметаат за едни од најдобрите во светот и се познати по врвната храна.rn

    3. Париз, Франција

    rn3-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mkrnrnИако постојат многу неверојатни места низ цела Франција кои се познати по добрата храна, има нешто посебно и магично во кафе културата и уличните маркети на Париз што веднаш ќе ве привлече кон оваа дестинација. Безбројните сирења? Виното? Фактот дека сѐ има подобар вкус бидејќи јадете во тесна париска уличка богата со типична архитектура? Доволно наведовме.rnrnПостојат огромен број ресторани во Париз кои треба да ги посетите, а ќе чувствувате дека секој нареден е повкусен и попознат од претходниот. Бидејќи е тешко да згрешите со добра храна кога станува збор за Париз, овде сепак ќе се фокусираме на опциите кои се вкусни, уникатни и малку попристапни.rnrnМеѓу најдобрите спаѓаат „L’Avant Comptoir“, а сестрата на овој скап и тежок за резервација ресторан е малиот ресторан богат со вкусови и добар избор на вино „L’as Du Fallafel“ кој е евтин избор на најдобриот фалафел во градот, но и во светот. „Marche des Enfants Rouges“ е одличен ако сте љубители на шетање низ улични маркети за храна и ако сакате да пробате од сѐ по нешто. Премногу храна, а премалку активност? Упатете се на француски час по готвење и доживејте го Париз со сета своја кулинарска убавина.rn

    4. Токио, Јапонија

    rn4-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mkrnrnТокио е град кој има повеќе од 3 ресторани наградувани со Мишелин ѕвездички и постојано ја одржува својата титула како еден од најгурманските главни градови во светот. Од познатото суши и супите рамен до помалку познатата храна, Токио може да се пофали со една од најмасивните кулинарски сцени во целиот свет. Во овој град тешко дека нема да најдете храна што ви се допаѓа.rnrnЗапочнете така што ќе пронајдете една од многуте продавници за рамен или суши кои рано отвораат и подгответе ги вашите усни папили да уживаат во нудли со преливи кои нежно ќе се топат во вашата уста или пак во свежа риба од блиските маркети. Ако нудлите и живата риба не ви се омилена опција за појадок, тогаш запомнете дека Токио има огромен избор на различни видови печива и различни кафиња кои веднаш ќе сакате да ги пробате.rnrnОткако ќе завршите уживајќи во прекрасниот појадок, не заборавајте да поминете во познатиот рибен маркет Tsukiji кој ја има целата морска храна што можете да ја замислите. Дури и ако ништо не ви фати око за купување, глетката е и повеќе од фантастична. Ако имате место за уште храна, пробајте ја најсвежата морска храна во целиот свет токму во некој од рестораните на маркетот. Откако сигурно ќе паднете во кома од премногу храна некаде околу пладне, упатете со во една од безбројните чајни куќи на Токио за да уживате во традиционална чајна церемонија одморајќи се и подготвувајќи се за следниот оброк.rn

    5. Њујорк, Њујорк

    rn5-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mkrnrnГрадот кој претставува коктел од измешани култури и земји има и најдобра и најразновидна храна во цел САД. Иако е познат по храна каква што е пицата, ако навлезете подлабоко, ќе откриете уникатни јадења и култури кои вредат да бидат истражени. „Little Italy“, „Chinatown“, „Chelsea Market“… листата е бескрајна. Ви препорачуваме да шетате и да пробувате по малку од сѐ. По некое тако или суво месо е одлична идеја за почеток. Рестораните како „Tacombi“ се и повеќе од совршени за најневеројатното тако и „Russ and Daughters“ за најдобриот чаден лосос кој можете да си го замислите.rnrnИако голем дел од најубавата храна е лоцирана токму на Менхетен, убаво е да одвоите време и да ги истражите и другите. Храната во другите населби е многу поавтентична и поевтина отколку на популарните места во Менхетен. Квинс е фаворит кога зборуваме за индиска, корејска, грчка и кинеска храна, додека Харлем е фантастичен за карипска и т.н. душевна храна. Без разлика за која населба или кој тип кујна ќе се одлучите, упатете се со отворен ум и празен стомак.rn

    6. Буенос Аирес, Аргентина

    rn6-najdobrite-gradovi-za-vrvno-kulinarsko-uzhivanje-kafepauza.mkrnrnАко сте обожавател на месо, тогаш Буенос Аирес е совршената дестинација за вас. Одлична евтина храна со неверојатни јадења, а сепак ниски цени. Главниот град на Аргентина е познат по стекот и постојат безброј места кои се сметаат за едни од најдобрите во светот каде може да го пробате. „Steaks by Luis“ е одлична опција, но можете да налетате и на голем број други различни ресторани за стек или скара раштркани низ целиот град.rnrnАко не сте обожавател на месо или сте вегетаријанец, голема е веројатноста дека ќе се запрашате дали овој град е за вас. Не грижете се, постојат многу други опции со кои овој град може да се пофали. Како додаток на омилените емпанади или неверојатните печива кои ќе ги најдете во многуте пекари низ градот, постојат голем број нови установи кои даваат свежа дефиниција и модернизација на аргентинската кујна. За да го искусите најдоброто, ви препорачуваме да направите обиколка на храна за да научите повеќе за нејзината посебност, како и за да дознаете кои се најдобрите места за јадење во градот. А ваквото искуство надополнете го со чаша фантастичен Малбек кој ќе ви го одземе здивот.

  • Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница

    Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница

    Доколку сакате да се возите на ролеркостер во безбедноста на вашиот автомобил, тогаш овој 44-метарски мост во Јапонија може да биде вашиот билет за луда авантура. И покрај тоа што нема ненадејни кривини и позиции во кои ќе бидете со главите надолу, сепак острата удолница изгледа прилично забавно (или застрашувачко) кога се движите кон неа.rnrn(1) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железницаrnrnМостот бил дизајниран на овој начин со цел бродовите да можат да поминуваат под него, но тоа воопшто не го прави помалку возбудлив. Тој е најголемиот мост во Јапонија и третиот најголем мост во светот. Изгледот на ролеркостер делува многу посилно кога тој е фотографиран однапред. Во реалноста, тој изгледа малку поблаго отколку на овие фотографии.rnrn(2) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница (3) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница (4) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железница (5) Мост во Јапонија кој изгледа како луда железницаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

    7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидо

    Јапонскиот остров Хокаидо, кој всушност е најголемиот остров од територијата на Јапонија, е дом некои ендемски видови кои не можат да се видат во други делови од светот. Сите од нив се подвидови на некои други видови кои се среќаваат и на други места, но никаде не можете да ги најдете баш онакви какви што се на Хокаидо. Седумте животни за кои ќе прочитате овде се најслатките од нив.rn

    1. Езо момонга

    rnЕзо момонга е верверица која е типична за овој остров. Таа има големи црни очи и мали шепи. Ова животно е многу популарно во Јапонија, што дури е еден вид маскота. Неговиот лик е отпечатен на билетите за регионалната железница на островот.rnrn7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидоrn

    2. Шима-енага

    rnОва е вид врапче кое плени со својата бела боја и светло кафеавите „веѓи“.rnrn7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидоrn

    3. Хокаидо црвена лисица

    rnТаа е подвид на широко распространетата црвена лисица и секако е едно од најслатките животни на островот.rnrn7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидоrn

    4. Хокаидо црвена верверица

    rnМногу е слична на црвените верверици кои живеат во Азија и Европа, но оваа е посебен подвид.rnrn7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидоrn

    5. Езо наги усаги

    rnОва мало слатко зајаче без големи уши живее само во северните делови на Јапонија и на Азија. Тој е инспирација за Пикачу, познатиот лик од цртаниот филм „Покемон“.rnrn7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидоrn

    6. Јизуна

    rnЈизуна е мала ласица која покрај на Хокаидо се среќава и во Сибир и Скандинавија. Таа може во зима да ја смени бојата на крзното во бела со цел да се камуфлира, но во исто време добива и неодолив изглед.rnrn7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидоrn

    7. Езо фукуро

    rnОва е подвид на Уралскиот був. За жал, тој сака да се храни со некои од животните кои можете да ги видите на сликите погоре.rnrn7 најслатки животни кои живеат на јапонскиот остров Хокаидоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.