КАФЕ ПАУЗА

Tag: италијански

  • Наш предлог за денешното мени: Полнети тиквички кои се топат во уста!

    Наш предлог за денешното мени: Полнети тиквички кои се топат во уста!

    Доколку сакате да пробате нов рецепт со тиквички ви предлагаме да подготвите полнети тиквички со колбас, рикота и спанаќ. Секако, ако не сте љубители на месо, можете да го замените колбасот со варен грашок и да уживате во ова вкусно јадење.rnrnНаш предлог за денешното мени: Полнети тиквички кои се топат во уста!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 поголеми тиквички
    • rn 011

    • 350 грама печеница или свежи колбаси
    • rn 011

    • 400 грама свеж спанаќ
    • rn 011

    • 4 чешниња лук
    • rn 011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn 011

    • 200 грама рикота
    • rn 011

    • 150 грама пармезан
    • rn 011

    • 150 грама моцарела
    • rn 011

    • 1 јајце
    • rn 011

    • сол, бибер, босилек, црвен пипер
    • rn 011

    • 1 тегла сос од домати или Arrabiata сос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Добро измијте ги тиквичките и тенко исечете ги по должина. Наредете ги во сад за печење и покријте ги со хартија за да се ослободи вишокот течност. Оставете ги околу 20 минути.rnrn2. Подгответе го филот. Ставете ги колбасите во тава и пржете ги на тивок оган. Извадете ги колбасите од тавата и додадете лук и спанаќ. Пржете околу пет минути.rnrn3. Во садот со колбасот додадете ги приготвениот спанаќ, моцарелата, рикотата, пармезанот и јајцето. Зачинете со сол, бибер, босилек и црвен пипер.rnrn4. Отстранете ја хартијата од парчињата тиквички и соберете го вишокот течност. Врз секое парче тиквичка нанесете фил и внимателно завиткајте ги парчињата во ролна.rnrn5. Во сад за печење ставете сос од домати или arrabbiata сос, наредете ги тиквичките, посипете со моцарела и печете околу 25 минути на температура од 200 степени целзиусови. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за полнети тиквички, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени тиквички со сирење и ракчиња.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Пилешко со тестенини: Прсти да излижете!

    Пилешко со тестенини: Прсти да излижете!

    Пилешко со тестенини е едно од италијанските јадења кое служи за пример дека едноставните јадења честопати се највкусни. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за пилешко со тестенини.rnrnПилешко со тестенини: Прсти да излижете! rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 пилешки гради
    • rn 011

    • ½ чаша брашно
    • rn 011

    • 1 лимон
    • rn 011

    • масло за пржење
    • rn 011

    • кора од 1 лимон
    • rn 011

    • сол и црн пипер
    • rn 011

    • тестенини по желба
    • rn

    rn

    Потребни состојки за сос:

    rn

      rn 011

    • 6 лажици путер
    • rn 011

    • 1 лажица брашно
    • rn 011

    • 2,5 дицилитри пилешка супа
    • rn 011

    • сок од лимон
    • rn 011

    • 1 дицилитар бело вино
    • rn 011

    • капар
    • rn 011

    • магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исечете ги пилешките гради на половина. Загрејте ја водата со тестенини и ставете ги да се варат кога ќе зоврие.rnrn2. Измешајте брашно, кора од лимон, сол и бибер и секое парче месо ставете го во смесата.rnrn3. Пржете го месото околу 5 минути од секоја страна.rnrn4. Во истата тава каде што го пржевте месото додадете путер и брашно и мешајте околу две минути. Постепено мешајте го густинот додека мешате со лажица за матење, а потоа додадете ги виното, сокот од лимон и капарот. Мешајте околу три минути, а потоа вратете го пилешкото во тавата и оставете го три минути.rnrn5. Послужете го пилешкото и сосот со тестенините и посипете со магдонос. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за тестенини со пилешко на италијански начин, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за рецептот за тестенини со вкусен сос од тиквички и путер.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо

    Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо

    Спецатино е популарно италијанско јадење кое се состои од евтини парчиња месо – жилаво говедско, јагнешко, овчо или свинско месо. Месото се сече на помали коцки, се посипува со брашно, се пржи со кромид и друг зеленчук и се готви на ниска температура околу три часа додека месото не омекне и може да се исече со виљушка. Ова јадење го добило името по италијанскиот збор „spezzattere“, што значи „исечено на мали парчиња“.rnrnМеко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 кг говедско месо без коски
    • rn 011

    • 400 мл супа
    • rn 011

    • 200 мл бело суво вино
    • rn 011

    • ½ кг сецкан кромид
    • rn 011

    • ½ кг пиперки
    • rn 011

    • 3-4 чешниња лук
    • rn 011

    • 1 ловоров лист
    • rn 011

    • 2 грст свеж магдонос
    • rn 011

    • маслиново масло за динстање
    • rn 011

    • брашно
    • rn 011

    • сол и бибер по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во големо тенџере, загрејте малку маслиново масло, а потоа испржете ги парчињата месо исечени на приближно иста големина што претходно треба да ги попрскате со малку брашно.rnrn2. Пржете 10-15 минути или додека да испари целата течност од месото и говедското месо да добие златно-кафеава кора.rnrn3. Прелијте го месото со бело вино и гответе уште десет минути или додека не испари целиот алкохол.rnrn4. Ставете ги сечканиот лук, пиперките исечени на ленти и супата во тенџере и гответе уште неколку минути. Додајте сол и бибер и ловоровиот лист.rnrn5. Ставете го кромидот исечкан на тенки ленти, покријте го тенџерето со капак и оставете го јадењето да се вари без мешање околу два до три часа или додека месото не стане меко и зеленчукот не се претвори во желатинозен сос.rnrn6. Кон крајот на готвењето, додајте ситно сечкан магдонос во тенџерето. Добар апетит!rnrnПогледнете го овој рецепт за колач што ќе ви помогне да ослабите.

  • Дали навистина добро ги познаваме нашите пријатели? Филм што ќе ве замисли!

    Дали навистина добро ги познаваме нашите пријатели? Филм што ќе ве замисли!

    Замислете го следното сценарио: сте организирале дружење со неколку долгогодишни пријатели, со кои сте поминале низ сите добри и лоши времиња и за кои сте убедени дека ги познавате. За да го направите дружењето малку поинтересно, решивте да ги ставите мобилните телефони на маса и да ја прочитате секоја порака на глас, да одговорите на секој повик, да го прочитате секој мејл. Дали мислите дека знаете сè за луѓето со кои се дружите?rnrnСекој од нас има тајна која сака да остане само наша без разлика за блискоста што ја имаме со некој. Ова е совршено илустрирано во италијанската комична драма „Комплетни странци“, во која седум долгогодишни пријатели се впуштија во претходно опишаниот експеримент, што предизвика многу тајни да излезат на површина и засекогаш да ги променат своите односи, уништувајќи некои неповратно. Овој одличен филм беше награден и на Филмскиот фестивал во Каиро за најдобро сценарио, ја доби наградата на публиката на Норвешкиот филмски фестивал и наградата на жирито на филмскиот фестивал Трибека.rnrnИсто така, во 2019 година, овој филм влезе во Гинисовата книга на рекорди како филм со најголем број на „римејкови“ во историјата на кино, дури 18, а освен во филмот, оваа приказна можете да ја погледнете и во форма на театарска претстава. rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-lOUnBsjGuYrnrnПогледнете ги овие 4 филмови од кои ќе научите важни животни лекции.

  • Овој прекрасен италијански ресторан е идеална локација за летните вечери

    Овој прекрасен италијански ресторан е идеална локација за летните вечери

    Островот Капри е дестинација која мора да ја посетите барем еднаш во животот. Покрај живописните места за риболов, старата медитеранска култура и прекрасните заливи и плажи, добрата храна е исто така една од причините да се вљубите во ова место. Островот е полн со одлични ресторани, но овој ресторан навистина е магичен.rnrnРесторанот Да Паолино со години привлекува посетители од целиот свет поради својата медитеранска кујна и стогодишните лимонови дрвја кои ја украсуваат терасата. Семејството Де Мартино го води ова место повеќе од 50 години. Необичните лимони се причината зошто овој ресторан стана вистинска атракција. Замислете тиква, летна вечер полна со свежа морска храна и неодолива миризба на лимони.rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrnrnПрочитајте и која е најубавата плажа во Европа за 2020 година.

  • Зошто италијанскиот е официјалниот јазик на кафето?

    Зошто италијанскиот е официјалниот јазик на кафето?

    Ако не можете да го започнете денот без шолја кафе, не сте единствените. Според Интернационалната организација за кафе, глобалниот извоз на кафе се зголемува за 4,2% секоја година.rnrnЗошто италијанскиот е официјалниот јазик на кафето?rnrnОчигледно кафето станало важен ритуал за многу луѓе, па веројатно се имате прашано зошто речиси сите имиња на видовите кафе се на италијански јазик. Од лате до макијато, сите користиме италијански термини кога порачуваме кафе. Па како дошло до ова? Сепак, кафето не ни потекнува од Италија.rnrnСпоред легендата, кафето потекнува од Етиопија и било откриено од козарот Калди. Кафето се проширило низ Арабискиот Полуостров, пред Европејците да дознаат за него во 17-тиот век. Холанѓаните се најзаслужни за глобалното прошарување на кафето, но повеќето пијалаци кои ни се познати денес навистина потекнуваат од Италија, а сè е поврзано со изумот на еспресо машината.rn

    Еспресо основа

    rnЕспресото не е посебен вид кафе, туку начин на подготовка и прв пат бил развиен во Италија во 19-тиот век. Бидејќи за да се подготви кафето потребни се околу 5 минути, љубителите побарале начин да го скратат тој период. Првите еспресо машини биле големи и тешки, но до крајот на 20-тиот век, Луис Безера од Милано направил машина која правела шолја кафе за неколку секунди. Било потребно некое време за машините да станат полесни за употреба .rnrnЕспресо машината навистина го револуционизираше кафето. Со оваа машина кафето се правело за неколку секунди и можело да се пие веднаш по служењето, најчесто стоејќи во бар.rnrnИталијанската култура за кафе почнала да расте и еспресото какво што ни е познато денес станало популарно во Италија и Франција во 1930-тите. Според авторот Марк Пендерграст, во 1950-тите започнало „лудилото за еспресо“ и во САД.rn

    „На почетокот на движењето на кафето, автентичноста значела италијанско. Во 1880-тите многу, ако не и сите кафетерии, имаа италијански имиња и ставаа што е можно повеќе италијански во нивните кафиња и менија“, изјавил Мајк Фергусон.

    rnПијалаците од кафе што се служеле биле направени со еспресо. Имињата ги добивале според она што му се додава на еспресото. На пример, зборот макијато значи валкано, па името потекнува од дамките млеко кои го „валкаат“ еспресото.rnrnЕспресото е директно поврзано со Италија како пијалак и на некој начин е дел од нивната култура. Денес се транспортира ширум целиот свет и се прават многу разни верзии.rn

    Сè е во името

    rnПијалаците со италијански имиња имаат основа од еспресо и обично се додава некој вид млеко. На пример, латето е направено од еспресо, млеко и пена.rnrnРазликата помеѓу еспресото и вареното кафе е важна. На пример, кафето американо е крстено по Американците во Италија кои барале пијалак сличен на вареното или филтрирано кафе што го пиеле дома. Бидејќи и ова кафе се прави со додавање вода на еспресо, си го задржало италијанското име.rnrnДоколку сте биле во Старбакс, можеби сте забележале дека големините на порциите се исто со италијански зборови, како на пример гранде или венти. Големините кратко, долго и гранде прв пат биле претставени во 1986-та година, a зборот венти се појавил во 1990-тите. Il Giornale било името на кафетеријата што ги прославила овие зборови и била отворена од страна на претседателот на Старбакс, Емериутс Хауард Шулц.rnrnШулц бил восхитен од италијанските кафетерии и сакал оваа традиција да ја однесе во Америка, па ја купил Старбакс во 1987-ма година. Користењето на „италијански“ имиња продолжило и кога компанијата го создала пијалакот фрапучино. Интересно е што ова име е заштитено и всушност не е италијански збор.rnrnПрочитајте ги и овие факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.

  • Oригинални италијански лазањи: Вкус што не се заборава

    Oригинални италијански лазањи: Вкус што не се заборава

    Италијанците, како и целиот свет, сметаат дека лазањите потекнуваат од Болоња. Но вистината е дека тие настанале во Грција, а името го добиле по глинената тава во која се правеле позната како „lasanon“.rnrnOригинални италијански лазањи: Вкус што не се забораваrnrnИталијанците малку го преправиле рецептот и со текот на времето лазањите станале нивно традиционално јадење. Во продолжение погледнете го рецептот токму за овие „преправени“ лазањи.rn

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

    rn

      rn 011

    • 500 грама кори за лазања
    • rn

    rn

    За рагу сос:

    rn

      rn 011

    • 250 грама мелено говедско месо
    • rn 011

    • 250 грама мелено свинско месо
    • rn 011

    • 500 грама сос од домати
    • rn 011

    • 1 главица кромид
    • rn 011

    • 1 чешне лук
    • rn 011

    • 70 грама ситно исечкан корен од целер
    • rn 011

    • 70 грама ситно исечкани моркови
    • rn 011

    • 1 голем ловоров лист
    • rn

    rn

    За бешамел сос:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица путер
    • rn 011

    • 1 литар полномасно свежо млеко
    • rn 011

    • 2 супени лажици брашно
    • rn 011

    • Мускатно оревче
    • rn 011

    • 120 грама свежо рендан пармезан
    • rn

    rn

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

    rnЗа редење на лазањите потребна ви е правоаголна тава.rn

    Рагу сос:

    rnСитно исечканите кромид и лук, морков и целер пржете ги на маслиново масло. Додајте го меленото месо, пржете, па додајте сол и бибер. Потоа додајте го сосот од домати и ловоровиот лист. Покријте го садот и оставете го да се готви половина час.rn

    Бешамел сос:

    rnРастопете го путерот во големо тенџере, тргнете го од оган и додајте го брашното. Вратете го тенџерето на шпоретот и мешајте додека не добиете густа хомогена смеса. Повторно тргнете го садот од огнот и постепено додавајте го млекото со непрекинато мешање. Додавајте млеко секогаш кога смесата ќе стане хомогена. Вратете го тенџерето на оган и мешајте додека не добиете густина на јогурт. Додајте сол, бибер и рендано мускатно оревче.rnrnТавата премачкајте ја со масло и наредете го првиот ред кори за лазањи. Нанесете еден ред месо, една лажица рендан пармезан и еден кутлач од бешамел сосот. Повторете ја постапката додека не го потрошите филот.rnrnПред крајот на корите додајте само бешамел сос и пармезан, а на последната кора додајте и малку сос од домати.rnrnПечете 20 минути, во рерна загреана на 180 степени.rnrnДоколку сакате верзија без месо, пробајте ја оваа вегетаријанска лазања со спанаќ.

  • 12-те најважни јазични фрази кои ви се потребни при престој во странска земја

    12-те најважни јазични фрази кои ви се потребни при престој во странска земја

    Иако можеби не сте полиглот, важно е да знаете барем по неколку збора на јазикот кој се зборува на местото каде што одите. Па затоа пред да тргнете, потрудете се да ги научите овие важни фрази за да се снаоѓате полесно.rnrn0-12-te-najvazhni-frazi-koi-vi-se-potrebni-pri-prestoj-vo-stranska-zemja-kafepauza.mkrn

    1. Здраво! Добар ден.

    rnОвие зборови ќе ги слушате насекаде. Од хотели до келнери, продавачи и сите останати луѓе околу вас. Затоа е добро да знаете како се кажуваат на неколку јазици:rnrnАнглиски: Hello! Good day.rnrnФранцуски: Bonjour! Bonne journée!rnrnШпански: Hola! Buenos días!rnrnИталијански: Ciao! Buon giorno!rn

    2. Јас не зборувам *внесете го јазикот на местото*. Дали зборувате англиски?

    rnMали се шансите да го познавате јазикот на земјата која ја посетувате. Затоа оваа фраза ќе ви биде навистина потребна.rnrnАнглиски: I don’t speak… Do you speak English?rnrnФранцуски: Je ne parle pas français… Vous parlez anglais?rnrnШпански: Yo no hablo español… Usted habla Inglés?rnrnИталијански: Io non parlo italiano… Lei parla inglese?rn

    3. Благодарам и те молам

    rnСекако дека додека престојувате во странска земја треба да бидете љубезни. Затоа е многу важно да знаете како да кажете „благодарам“ и „те молам“. Тие особено ќе ви се најдат кога сте збунети или не можете да се снајдете. Локалните мештани сигурно ќе ја забележат вашата љубезност.rnrnАнглиски: Please, thank yournrnФранцуски: Merci beaucoup, s’il vous plaîtrnrnШпански: Gracias, por favorrnrnИталијански: Grazie, per favorern

    4. Помош!

    rnКога истражувате ново место, добро е да знаете како да побарате помош и да го препознаете зборот кога ќе го слушнете.rnrnАнглиски: Help!rnrnФранцуски: Aidez-moirnrnШпански: Ayuda!rnrnИталијански: Auito!rn

    5. Извинете ме!

    rnПри патување, честопати се случува да заглавите во тесни места – во воз, авион и во сите останати јавни превозни средства или во преполни продавници. На многу јазици, љубезното „извинете ме“ може многу да ви помогне при навигација, за поздрав или за да се извините некому. Ако одите накај Германија, или во земја во која се говори германски, тогаш пробајте да кажете Еntschuldigen Sie mich.rnrnАнглиски: Excuse me!rnrnФранцуски: Excusez-moi!rnrnШпански: Discúlpeme!rnrnИталијански: Mi scusa!rn

    6. Каде е *вметнете го она што го барате*

    rnМожеби нема да разберете што ќе ви одговорат, но ако изгледате доволно збунето, тогаш луѓето ќе се обидат што е можно подобро да ви објаснат преку мимики и гестови, а веројатно и ќе ви покажуваат со рацете.rnrnАнглиски: Where is…rnrnФранцуски: Оù est…rnrnШпански: Dónde esta…rnrnИталијански: Dov’e…rn

    7. Каде е тоалетот?

    rnОваа фраза можеби и ќе ви биде најкорисна од сите на листава. Сигурно не сакате да се изгубите во кујната или магацинот од ресторанот. Затоа е најдобро да прашате на што е можно пољубезен начин.rnrnАнглиски: Where is the bathroom?rnrnФранцуски: Où est le toilette?rnrnШпански: Dónde esta el inodoro?rnrnИталијански: Dov’e il bagno?rn

    8. Каде има банкомат?

    rnЗнаеме дека мислите дека е непотребно, но ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да прашате каде е „машината што дава пари“. На македонски звучи смешно, а замислете да бидете изгубен турист во некое мало гратче. Освен ако имате доволно пари во готовина со вас, оваа фраза ќе ви биде навистина потребна.rnrnАнглиски: Where is the ATM?rnrnФранцуски: Où est l’ATM?rnrnШпански: Dónde es la ATM?rnrnИталијански: Dov’e il bancomat?rn

    9. Ми треба…

    rnКога сте сами на непознато место каде што се зборува јазик кој вие не го зборувате, тогаш се јавува голема потреба од оваа фраза. Најпрво потребно ви е сместување, храна и сл. Во голем број случаи, сигурно сте заборавиле нешто важно, па затоа е добро да ги знаете овие зборови.rnrnАнглиски: I need…rnrnФранцуски: J’ai besoin…rnrnШпански: Necesito…rnrnИталијански: Ho bisogno di…rn

    10. Сметка ќе ве молам!

    rnВо некои земји, се смета за некултурно ако келнерот ви донесе сметка без да му побарате. Затоа е важно да знаете како да ја побарате. На руски тоа би изгледало вака: Счет, пожалуйста!rnrnАнглиски: Check, please!rnrnФранцуски: Il compte S’il vous plaît!rnrnШпански: La cuenta, por favor!rnrnИталијански: Il conto, per favore!rn

    11. На здравје!

    rnУште една убава фраза која треба да ја знаете е наздравувањето на јазикот од земјата која ја посетувате. Кај скандинавските земји кажете: Skål!rnrnАнглиски: Cheers!rnrnФранцуски: Santé!rnrnШпански: Salud!rnrnИталијански: Saluti!rn

    12. Алергичен/а сум на…

    rnАко имате опасна или непријатна алергија, многу е важно да знаете тоа да им го кажете на луѓето околу вас. Уште попотребно во случај да сакате да избегнете некое јадење.rnrnАнглиски: I am allergic to…rnrnФранцуски: Je suis allergique aux…rnrnШпански: Soy alérgicо a…rnrnИталијански: Sono allergico a…

  • Како да кажете „Среќен Божиќ“ на 24 различни јазици?

    Како да кажете „Среќен Божиќ“ на 24 различни јазици?

    Сигурно ви е познато изговарањето Sretan Božić на српско-хрватски, Feliz Navidad на шпански или Joyeux Noël на француски јазик, но дали можете да им посакате Среќен Божиќ на вашите најблиски на некој друг јазик?rnrnИнтересно е како нехристијанските општества ја интегрираат оваа честитка во нивната култура. Така на пример, нема вистински еквивалент на „Среќен Божиќ“ во јапонскиот јазик, па затоа Јапонците решиле речиси целосно да ја преземат англиската варијанта, па нивната честитка гласи Merii Kurisumasu.rnrnСлушнете како се пишува и изговара празничната честитка на 24 различни јазици и обидете се да запомните некоја, за ги изненадите блиските.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни карикатури

    Интересни карикатури

    Ова се вистински ремек дела од италијанскиот дизајнер Marco Calcinaro. Ги препознавате, нели?rnrnrnrn