КАФЕ ПАУЗА

Tag: интуиција

  • 3 навистина добри причини да ѝ верувате на својата интуиција

    3 навистина добри причини да ѝ верувате на својата интуиција

    Во животот има моменти кога носиме одлуки кои целосно се базираат на она што го чувствуваме. Немајќи добра причина зошто го правиме изборот кој го правиме кога притоа има мал милион причини против, ние преземаме чекори базирани на нашите емоции. Додека секоја разумна причина ни вели дека тој избор е погрешен, нашето тело и нашите чувства ни велат поинаку. Некогаш едноставно знаеме.rnrn(1)-3-navistina-dobri-prichini-da-i-veruvate-na-svojata-intuicija-kafepauza.mkrnrnОва е дело на нашата интуиција која се јавува секогаш кога е потребно да нè спаси од правење избор во погрешна насока. А следниве 3 причини се оние поради кои треба почесто да ја слушаме што има да ни каже.rn

    1. Се базира на претходни искуства и последиците од нив

    rnГрешки не постојат, постојат само искуства од кои учиме. Некогаш позитивни, некогаш негативни, но и во двата случаи тие со себе носат поука која луѓето ја извлекуваат откако ќе се соочат со последиците од својот избор. Така е, сѐ е избор кој луѓето го прават во одреден момент. Веројатноста дека кога би се вратиле назад не би го направиле истото е многу мала, бидејќи во тој даден момент, одлуката сме ја донеле на база на тоа што сме го сакале баш тогаш.rnrnНо што ако повторно дојде момент кога ќе треба да се соочиме со сличен избор во иднина? Тука на сила стапува интуицијата. Доколку ситуацијата во која некој се наоѓа наликува многу на ситуација со која тој се соочил претходно, тогаш интуицијата го прави своето и влијае на тој човек да го преземе потребниот чекор. Доколку минатото искуство било лошо, интуицијата ќе ви посочи да не правите нешто. Доколку искуството било позитивно, тогаш веројатноста дека тој човек ќе направи сличен избор е голема.rn

    2. Мозокот ја интерпретира како мрежа од факти и чувства

    rnЗошто? Бидејќи интуицијата е множество од пресечни точки на различни случувања и емоции поврзани со нив. Без разлика за какво минато искуство станува збор, последиците кои тоа ги носи со себе во мозокот се регистрираат како факти и чувства.rnrnВо иднина луѓето можеби и нема да се сеќаваат зошто во даден момент имаат чувство дека нешто не е во ред или дека сѐ си е на свое место, но потсвеста знае. Интуицијата го интерпретира она што тие го научиле од претходните искуства, па без разлика дали се сеќаваат на нив или не, чувствата кои ги имале тогаш за ситуација многу слична на онаа во која се наоѓаат сега ќе испливаат на површина. А со оглед на тоа дека тие чувства се базираат на извлечена поука, веројатноста дека лажат е многу мала.rn

    3. Поврзана е со сите нервни клетки во телото

    rnИнтуицијата се јавува како чувство кое човекот го чувствува во секој дел од своето тело. Кога луѓето се нервозни поради некоја непозната причина, тие ја чувствуваат таа негативна енергија во целото тело како треперење на нервите. Онаа позитивна возбуда која навестува нешто убаво, луѓето ја чувствуваат во стомакот како пеперутки. Сето ова е резултат на телото кое, поврзано со мозокот, ја транспортира интуицијата до секој нервен завршеток. Затоа и таа е толку силна.rnrnЦелото тело, со секој свој дел, ги емитира чувствата кои интуицијата ги носи со себе. А кога нешто е толку моќно, невозможно е да не се послуша.

  • Страв, желба, паника: Што е шесто сетило и како да го слушате?

    Страв, желба, паника: Што е шесто сетило и како да го слушате?

    Доколку се наоѓате пред важна одлука и една од двете опции ви е многу примамлива, но сепак чувствувате мака и слабост кога треба да ја одберете, тогаш вратете се еден чекор назад и добро размислете за вашата одлука. Интуицијата или шесто сетило, како што многумина ја нарекуваат, многу често влијае врз одлуките кои ги носиме. Но, за што поточно станува збор?rnrnСтрав, желба, паника: Што е шесто сетило и како да го слушате?rnrnИнтуицијата е дефинирана како она што го чувствуваме кога нашиот мозок се потпира на претходните искуства и надворешните сигнали, кои се во еден вид хармонија кога треба да се донесе одлука која е значајна за нас. Бидејќи овој процес се случува многу брзо, нашата интуитивна реакција најчесто се наоѓа на потсвесно ниво. Исто како и во мозокот, така и во стомакот постојат невротрансмитери кои реагираат на дразбите од околината и емоциите во сегашноста. Кога овие невротрансмитери се стимулираат, вие ќе почнете да чувствувате сензации во стомакот, како што се добро познатите „пеперутки“.rnrnИстражувачите поставиле теорија дека инстинктот кој се наоѓа во стомакот и кој му праќа одредени сигнали на мозокот игра огромна улога во интуицијата.rn

    Мажите и интуицијата

    rnСпротивно на општото верување каде што само жените добиваат признание за оваа инстинктивна особина, многу почесто отколку што би помислиле и мажите покажуваат изразена моќ на интуицијата. Но, во нашата култура, интуицијата се смета како емотивна и нејасна категорија која не се поклопува со машката природа, па токму затоа тие и често го губат допирот со неа. Тие многу почесто се повикуваат на разумот за донесување одредена одлука, отколку на слушањето на нивните емоции. Од друга страна пак, жените често се поттикнати да ги слушаат своите внатрешни сигнали, па токму затоа и се верува дека тие се повеќе интуитивни.rn

    Како да ја слушате интуицијата?

    rnНајпрво обрнете внимание на вашите физички реакции. Доколку се наоѓате пред важна одлука, каде што знаете дека едната опција е подобар избор за вас, но сепак чувствувате дека нешто не е во ред, тогаш време е да се фокусирате на тоа чувство. Интуицијата многу лесно може да се замени со силни емоции како стравот, желбата и паниката, па токму затоа е и важно да се фокусирате на внатрешниот глас преку кој вашето тело праќа интуитивни сигнали и да направите разлика помеѓу емоциите.rnrnИ за крај, не заборавајте дека вашата интуицијата, односно шестото сетило, е она што најчесто е секогаш во право. Обидете се повеќе да го слушате кога ќе ви биде потребен водич во животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест за интуиција: Дали сте претерано чувствителни?

    Тест за интуиција: Дали сте претерано чувствителни?

    Најчесто оние кои се премногу чувствителни можат многу лесно да откријат што другите чувствуваат, како и да ги почувствуваат и предвидат идните настани, бидејќи имаат многу развиена интуиција. Па, доколку сакате да откриете дали и вие сте едни од овие луѓе, сè што треба да направите е да одговорите на следните тврдења со „да“ или „не“. Со „да“ одговарајте на оние тврдења кои помалку или повеќе важат, додека пак, со „не“ одговарајте на оние кои воопшто не важат. Доколку за некое не можете да се одлучите, прашајте личност која вас многу добро ве познава, како некој од семејството, пријателите или партнерот.rnrnТест за интуиција: Дали сте претерано чувствителни?rnrn1. Многу често имам визии и претчувства за одредени настани кои потоа навистина се случуваат.rnrn2. Можам да предвидам болест или смрт на блиска личност.rnrn3. Често имам соништа за нешта кои подоцна се остваруваат.rnrn4. Гледам (слушам, чувствувам) како одредени нешта од околината влијаат на мене и другите.rnrn5. Кога доаѓам во контакт со некоја личност, чувствувам еден облик на нејзино „пресликување“ во мене.rnrn6. Убаво ми е кога комуницирам со животните или цвеќињата.rnrn7. Со моите секојдневни визии и фантазии секогаш сум во некоја мера поврзан/а.rnrn8. Понекогаш нешто знам, чувствувам, гледам, забележувам, што не може логички да се објасни.rnrn9. Често ми се случува да почувствувам страв или срам затоа што чувствувам необјасниви нешта.rnrn10. Најголем страв ми е дека ќе полудам и дека ќе се соочам со шизофренија или психопатија.rnrn11. Во моето семејство постојат луѓе кои имаат необјасниви способности како медиуми.rnrn12. Како дете сум живеел/а во „свој“ свет и сум си разговарал/а со други суштества.rnrn13. Можам да почувствувам кога околностите или луѓето ја попречуваат мојата осетлива перцепција.rnrn14. Сакам помалку да забележувам и спознавам бидејќи толку многу чувства одеднаш не се воопшто лесни за справување.rnrn15. Во потрага по објаснување на мојата способност за забележување, предвидување и „гледање“ на невидливото се заинтересирав за старите учења и традиции.rnrn16. Ми се случува да премолчам нешта пред моите блиски за она што го гледам/слушам/чувствувам.rnrn17. И најситните детали на една личност или место можат да ми овозможат да видам, чујам или почувствувам многу повеќе од другите.rnrn18. Вештачките додатоци на оброците и хемиските состојки влијаат на намалување на мојата способност за забележување, чувствување и „гледање“ одредени нешта.rnrn19. Кога гледам дека луѓе или животни патат, тоа премногу тешко го поднесувам.rnrn20. Не знам како да лажам и понекогаш тешко се прилагодувам на околината.rnrn21. Читам помеѓу редови, без разлика за каков текст се работи – книжевно дело, писмо, мејл или порака, секогаш можам да го почувствувам расположението на авторот додека пишувал.rnrn22. Препознавам луѓе кои сакаат суптилно да манипулираат и ги избегнувам.rnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговори:” active=”false”]rnrnАко на 11 или повеќе изјави сте одговориле со „да“, тогаш постои голема шанса дека сте претерано чувствителни. Ако сте одговориле на помалку од 11 тврдења позитивно, со „да“ кое било многу цврсто, тогаш повторно има шанси да сте премногу чувствителни.rnrnАко само во одредени ситуации реагирате како претерано сензитивна личност, а кога сте опуштени тоа не ви се случува, обидете се да се навратите на минатото и да се потсетите како тогаш сте го правеле тоа.rnrnАко не сте сигурни како реагирате во некои од горенаведените ситуации, тогаш прашајте ги луѓето околу вас кои добро ве познаваат, со цел подобро да ги разберете вашите реакции.rn

    Што треба да направите ако сте претерано чувствителни?

    rnОваа карактеристика истовремено може да биде и дарба и проблем. Најпрво, најважно е да се прифатите себеси и да сфатите дека со вас сè е во ред. Од целата популација на планетата постојат 15-20% луѓе со силна интуиција, па токму затоа знајте дека не сте единствени. Вие треба да сфатите дека секој човек различно го доживува светот, луѓето, околностите и општо животот, па токму затоа и секој гледа, слуша и чувствува нешто малку поразлично од другите. Доколку сте претерано чувствителни, почнете на тоа да гледате како на свој дар и искористете го на најдобар можен начин како во приватниот, така и во професионалниот живот.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • 5 знаци дека сте поврзани со партнерот на многу подлабоко ниво отколку со кој било друг претходно

    5 знаци дека сте поврзани со партнерот на многу подлабоко ниво отколку со кој било друг претходно

    Една од најтешките и многу ретки работи во животот е поврзувањето со друг човек, ама онаа вистинска конекција кога имате чувство како да сте едно, си ги познавате мислите и чувствата и знаете дека тоа е тоа. Иако изгледа и звучи како многу едноставна работа, навистина не е. Светот денес е многу различен, луѓето и вредностите драстично се имаат променето, па искреноста е нешто што ретко може да се сретне. А кога таа не постои меѓу вас и некој друг, тогаш е невозможно е со тој некој да бидете поврзани.rnrn(1)-5-znaci-deka-ste-povrzani-so-partnerot-na-mnogu-podlaboko-nivo-otkolku-so-koj-bilo-drug-prethodno-kafepauza.mkrnrnНо, иако тешко, не е невозможно да ја пронајдете таа личност со која ќе се поврзете на многу различно и далеку подлабоко ниво отколку со кој било друг. Таа личност прави да се чувствувате дека сѐ е можно кога доволно се сака, а доколку во некого ги препознаете следниве 5 знаци, тогаш таа личност е веќе дел од вашиот живот.rn

    1. Ве тера да живеете во моментот

    rnТој/таа се грижи за вас како никој друг. Таа поврзаност која ја чувствува прави да сака да бидете среќни и исполнети, а бидејќи знае дека тоа е можно само доколку навистина живеете, оваа личност со сета душа ве тера да живеете во моментот. Животот е полн со каење за ненаправените нешта и пропуштените прилики, па токму затоа присутноста сега и тука е од витално значење. Кога живеете во моментот, вие ги правите одлуките кои баш тогаш сакате да ги направите, односно нема простор за подоцна да се каете бидејќи дури и кога би можеле да се вратите назад, вие пак би го направиле истиот избор.rn

    2. Ги прави сите први чекори

    rnСтравот и недовербата во себе се број 1 и број 2 непријатели на секој човек. Несигурни сме во своите способности и тоа како делуваме во даден момент, па се случува да се затвориме себеси и да не си дозволиме да ризикуваме ни за момент. А тоа е залудно потрошено време. Личноста која го согледува сето ова и на која и покрај сѐ не и е воопшто тешко таа да ги преземе сите први чекори во врската е личноста која се поврзува со вас на сосема друго ниво од сите други. Не сите се подготвени да преземат сѐ во свои раце не само на почетокот, туку и понатаму, но оние кои го прават тоа вредат да ги зачувате.rn

    3. Трпелив/а е

    rnТрпеливоста е карактеристика на големите луѓе. А за вас таква е онаа личност во чие присуство се чувствувате неверојатно заштитено и сигурно. Дури и кога вие сѐ уште не сте такво засолниште за неа, оваа личност стрпливо ќе чека на вас давајќи ви ги слободата и времето кои ви се потребни за да опуштите и предадете на таа конекција. А чувството после долго чекање е прекрасно и вреди многу повеќе од што било друго со кое сакате да го споредите. Трпеливоста е тука поткрепена со големо количество разбирање. Бидејќи сите ги процесираме нештата различно едни од други, сосема е логично и дека ќе се однесуваме кон нив секој на свој начин. А оваа личност е доволно трпелива да чека на вас.rn

    4. Одлучен/на е

    rnНајлесно од сѐ е откажувањето. Го избирате полесниот пат и решавате дека повеќе не сакате или немате сила да се борите за нешто. Но ова не ви е дозволено ако покрај себе имате некој кој е одлучен и посветен на тоа да ви укаже дека во животот сѐ е борба и дека само така ќе го добиете она што го заслужувате. Кој било друг би дигнал раце од вас и не би се обидел да смени нешто ни со мал прст. Но оваа личност го прави тоа, таа вложува во вас и врската и повеќе од очекуваното, свесна и подготвена дека нема веднаш да го добие истото и од ваша страна. Единствена мотивација за ова може да биде поврзаноста која се чувствува во воздухот меѓу вас и вербата во онаа хемија која постои кога сте во меѓусебна близина.rn

    5. Интуитивен/на е

    rnКако што е веќе спомнато, трпеливоста оди рака под рака со разбирањето. Ниту една врска не може да успее ако не постои разбирање и доверба меѓу партнерите. Кога ќе ја најдете таа личност која разбира што сакате и чувствувате без да има потреба да ѝ кажете, тогаш знаете дека покрај себе ја имате вистинската личност. Таа ве познава многу добро и знае да препознае кога сте тажни, среќни, отсутни, присутни и сл. И секако, знае точно што да направи во тој момент бидејќи познавајќи ве вас, знае како да се справи со целата ситуација. А чувството кога имате некој ваков покрај себе е незаменливо.rnrnКолку некој треба да е посебен за да биде оваа личност за вас?

  • Одберете кристал и проверете што кажува за вас

    Одберете кристал и проверете што кажува за вас

    Погледнете ги кристалите. Одберете го оној кој најмногу ве привлекува во моментот, не оној кој ја носи вашата омилена боја. Во продолжение прочитајте го објаснувањето од вашиот избор.rnrn[column col=”1/3″]1-odberete-kristal-i-proverete-shto-kazhuva-za-vas-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]2-odberete-kristal-i-proverete-shto-kazhuva-za-vas-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]3-odberete-kristal-i-proverete-shto-kazhuva-za-vas-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]4-odberete-kristal-i-proverete-shto-kazhuva-za-vas-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]5-odberete-kristal-i-proverete-shto-kazhuva-za-vas-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]6-odberete-kristal-i-proverete-shto-kazhuva-za-vas-kafepauza.mk[/column]rnrn

  • Живејте го животот на Таоистички начин

    Живејте го животот на Таоистички начин

    Таоистичкото учење, потекнува од Кинеската мисла и ја поседуваа мистичноста која од секогаш била примамлива за земјите ширум светот. Таоизмот не е религија, туку е практична мисла за уметноста на живеењето. Тао е суштината на сè, која може да се следи само со интуиција, не со срце и не со разум.rnrn0zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrnДоколку сакате да го практикувате Таоизмот како начин на живот, еве неколку негови практични мисли:rnrn1. Грижете се и помагајте им на оние кои се израз на вашата лична природа.rnrn1zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn2. Бидете искрени кон себе.rnrn3. Поврзете сè со светот онака како што би сакале да бидете прифатени.rnrn4. Поврзете сè и со оние коишто се спротивни на вашата природа.rnrn2zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn5. Кон оние што не сакаат во целост да ве прифатат такви какви што сте, не е потребна никаква акција: Оставете ги во тишина, таму ќе бидат свои, како што би биле и вие.rnrn3zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn6. Не поседувате ништо, вие сте само заштитник на природата.rnrn7. Поставете усогласеност помеѓу умот, телото и духот.rnПрактикувајте боречки вештини за да го одржите телото силно,rnјога за да го направите телото вешто,rnмедитација за да го исчистите умот,rnвозете велосипед за да го ослободите духот.rnЧитајте поезија…rnТака, првенствено се спознавате себеси, а потоа и светот.rnrn4zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn8. Земете си доволно време, релаксирајте се, истражувајте. Таоизомот нема планови, туку е базиран на следење на вашето расположение и доверба во вашите инстинкти.rnrn5zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn9. Сè се состои во паузата на една воздишка. Дишете длабоко. Земете воздух кога ви е потребна пауза. Преку дишењето се соединувате со себе.rnrn10. Пред да го преземете следниот чекор – насмевнете се. Насмевката ги отвора можностите.rnrn11. Има 6,5 милијарди луѓе во светот и исто толку патеки во Таоизмот, секоја личност може да нè научи нешто.rnrn6zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn12. Понекогаш е потребна тишина, бидејќи само така ќе се слушнете сами себе, а не метежот.rnrn7zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn13. Луѓето сакаат да ја достигнат перфекцијата како животна цел…rnrnНо, не треба да е така… Треба да бидете добри во нешто, а со тоа да ги прифатите ситните несовршености. Несовршеностите се елементи на хаосот кои ѝ даваат индивидуалност и различност на личноста. Без нашите маани не би биле индивидуи.rnrn14. Треба да ги прифатиме најдобрите и најлошите моменти во нашиот живот.rnrn8zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mkrnrn15. Отфрлете ги очекувањата.rnrnТаоистот живее без очекувања, живее тука и сега. Со отфрлањето на упатствата и очекувањата го правите она што е правилно за себе.rnrn9zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

  • Умешноста на живеењето

    Умешноста на живеењето

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДенес е многу тешко умешно да се снајдеме со секојдневието и да се справиме со сите предизвици што ни препречуваат во остварување на своите цели и што не ни дозволуваат да бидеме целосно опуштени и среќни. Секој ден се среќаваме на крстопатот помеѓу (минимум) две ситуации, емоции, желби, одлуки, патишта. Секогаш е прашањето „каде да одиме, по кој пат да тргнеме?!“ Дали да одиме лево, дали десно? Дали нагоре дали надолу?!rnrnumeshnosta-na-zhiveenjeto-kafepauza.mkrnrnТоа и е „умешноста на живеењето“. Да знаеме кога, на каде да тргнеме. Да знаеме кој е вистинскиот момент и како да постапиме во секоја ситуација.rnrnНајдобро може умешноста на живеењето да ја согледаме во стиховите на песната на Paul van Dyk, “Time of Our Lives”:rn

    There’s a time for us to let gornThere’s a time for holding onrnA time to speak, a time to listenrnThere’s a time for us to go

    rn

    There’s a time for living low downrnThere’s a time for getting highrnA time for peace, a time for firernA time to live, a time to die

    rn

    A time to scream, a time for silencernA time for truth against the liesrnA time for fate, a time for sciencernThere’s a time for us to shine

    rn

    There is a time for mis-believingrnThere’s a time to understandrnA time for hurt, a time for healingrnA time you run, to make a stand

    rn

    Oh, this is the time of our lives

    rn

    Hold on

    rnrn

    rnrnrn

    Умешност е да знаеме:

    rn

    кога да скокнеме, кога да се повлечемеrnкога да се опуштиме, кога да се стегнемеrnкога да го отвориме срцето, кога да го затворимеrnкога да откачиме, кога да бидеме сериозниrnкога да викнеме на работа, кога да замолчимеrnкога да зборуваме, кога да слушамеrnкога да се сложиме со шефот, кога неrnкога да застанеме, кога да тргнемеrnкога да врискаме, кога да молчимеrnкога да ја кажеме целата вистина, кога делrnкога да имаме верба, кога да ѝ веруваме на наукатаrnкога да прашаме, кога да премолчимеrnкога да пофалиме, кога да критикувамеrnкога да започнеме свој бизнис, кога да почекамеrnкога да се бориме за врската, кога да ја прекинемеrnкога да се повлечеме, кога да нападнемеrnкога да направиме соработка со клиентот, кога да си станеме од масаrnкога да веруваме, кога да бидеме сомничавиrnкога да се откажеме, кога да бидеме упорниrnкога да наградиме, кога да казнимеrnкога да заплачеме, кога да се воздржимеrnкога да кажеме, кога да замолчимеrnкога да попуштиме, кога да стегнемеrnкога да му кажеме на колегата, кога да премолчимеrnкога да љубиме, кога да се откажемеrnкога да одиме лево, кога десноrnкога да употребиме сила, кога нежностrnкога да бидеме силни, кога да признаеме дека сме слабиrnкога да кажеме не, кога даrnкога да пресечеме, кога да премеримеrnкога да се фокусираме, кога да се опуштимеrnкога да ја донесеме одлуката, кога да ја преспиемеrnкога да кажеме шега, кога неrnкога да се насмееме, кога да сме сериозни.

    rnВо сите овие моменти, за да знаеме да ја направиме вистинската одлука, треба да сме МУДРИ. Умешност на живеењето претставува мудро живеење. Колку сме повеќе мудри и донесуваме мудри одлуки во животот, толку полесно ќе се справуваме со секојдневните предизвици. Во сите вакви случаи нас нѐ водела интуицијата. Донесуваме одлуки врз база на нешто од внатре што нѐ поттикнува и инспирира. Но, многу често знаеме интуитивно да донесеме погрешни одлуки. Тоа е поради тоа што интуицијата нѐ тера да донесуваме одлуки кои не се наши (базирани на вредностите на нашите родители, нашите менаџери, колеги, пријатели, општеството, системот итн.).rnrnМудрите одлуки се во директна релација со интуицијата. Кога ќе ја развиеме нашата „вистинска“ интуиција на повисоко ниво, и одлуките што ќе ги донесуваме ќе бидат помудри и по правилни.rnrnНо, што значи мудроста?! Како се донесуваат мудри одлуки?! За тоа, во следното продолжение.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да откриете за што навистина ве бидува?

    Како да откриете за што навистина ве бидува?

    Дали некогаш сте се запрашале за што навистина ве бидува и која е работата што целосно ве исполнува? Доколку тоа е така, еве неколку едноставни совети кои веројатно ќе ви помогнат полесно да го пронајдете тоа што уживате да го правите.rnrnКако да откриете за што навистина ве бидува?rn

    Не потпаѓајте под туѓо влијание

    rnПрвото нешто што треба да го направите е да престанете да ги слушате мислењата на другите за тоа со што вие треба да се занимавате. Вие сте оние кои треба да бидат исполнети и затоа треба да си ја следите интуицијата и сопствениот внатрешен глас. Можеби звучи како клише, но навистина е така. Не се плашете од ризици и не дозволувајте другите луѓе да ве обесхрабрат во исполнувањето на посакуваните цели и намери.rn

    Бидете отворени

    rnДоколку сметате дека ве бидува за повеќе работи, не се ограничувајте и потрудете се да ги искористите сите. Можеби сте талентирани за пишување и фотографија, па зошто да не се обидете да се надградите и во двете сфери. Што и да е, бидете свесни за талентите што ги поседувате и не дозволувајте да пропаднат.rn

    Откријте што навистина ве интересира

    rnДали постојат одредени политички, општествени, религиозни, економски прашања за кои многу се интересирате? Направете листа од работите кои сакате да ги истражувате и фатете се за работа. Најдобро е да се сконцентрирате на еден или два интереса и да се потрудите да бидете одлични во нив, наместо просечни во сите.rn

    Блиските нека ви ги посочат талентите

    rnПонекогаш најблиските се повеќе свесни и подобро ги забележуваат талентите кои ги поседуваме. Послушајте што тие имаат да ви кажат околу тоа. И секако, не правете го тоа за да им удоволите. Послушајте ги кога навистина знаат да ви посочат во што сте добри и почнете со развивање на тие вештини.rn

    Сетете се што сакавте да бидете како мали

    rnШто посакувавте од срце да бидете кога ќе пораснете? Не е лошо да се запрашате и да мислите во оваа насока бидејќи токму во детството страстите и желбите се најискрени и чисти, без присуство на страв и инхибиција.rn

    Направете список со личности што ве инспирираат

    rnПравењето список со личностите што ве инспирираат е навистина добра идеја. Не мора да се некои познати луѓе, едноставно личности чиј живот сакате да го живеете. На овој начин, мошне лесно ќе сфатите каде ви лежат страстите бидејќи веројатно се слични со страстите на личностите на кои им се восхитувате.rn

    Запрашајте се што би направиле доколку немате никакви ограничувања

    rnШто би направиле доколку буквално ништо не ви стои на патот на соништата, страстите и талентите? Што ќе направите со животот ако не постојат ограничувања? Ова се одлични прашања бидејќи ве водат кон гласот на срцето. Добро е да се знаат таквите желби, дури и ако во моментот не сте во состојба да ги исполните. rnНа крајот, стравот од неуспех е можеби она што најмногу ве попречува во остварување на желбите и соништата, а не некоја реална пречка. Затоа, не плашете се, верувајте си на внатрешниот глас и следете си ги страстите. Само така ќе дознаете за што навистина ве бидува.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Има моменти во животот кога интуитивно знаеме што треба да направиме и кон што треба да целиме, но понекогаш ги игнорираме таквите чувства и решаваме да дејствуваме разумно. Еве зошто тоа не треба да биде така и зошто треба почесто да ја следите интуицијата.rnrnЗошто треба да си ја следите интуицијата?rn

    Пронаоѓање на вистинската личност

    rnКога станува збор за љубовта, лесно може да потпаднете под влијанието на другарите/другарките и да ги следите единствено советите кои тие ви ги даваат. Колку пати ви се случило да излегувате со некого за кој/а тие мислат дека е супер за вас, а на крајот излегува сосема спротивното? За да ги избегнете таквите ситуации во иднина, престанете да се фокусирате на тоа што другите го мислат и послушајте што има да ви каже интуицијата. Таа сигурно ќе ви го покаже патот кон вистинската личност.rn

    Професионална исполнетост

    rnСо следењето на интуицијата ќе почнете да ги следите и сопствените страсти и ќе градите кариера што вистински ве исполнува, а не ви претставува измачување. Само треба да ги почувствувате и следите сигналите и да верувате во себеси.rn

    Истражување на светот

    rnДодека сѐ уште имате време, истражете го светот и пронајдете го местото каде најубаво се вклопувате и кое најубаво ви одговара. Интуицијата самата ќе ви покаже каде треба да се движите бидејќи таа веќе знае каде вистински припаѓате или барем, кои места би требало да ги посетите.rn

    Целосно искористување на потенцијалите

    rnУспехот не доаѓа со седење и чекање. Младоста е период од животот кога најмногу треба да преземате ризици и да ги остварувате зацртаните цели. Потребна е храброст да се почне, но подоцна таквиот потег секако ќе ви се исплати. Вашата интуиција ќе се погрижи правилно да ве насочи на она место каде ќе бидете во можност максимално да ги покажете своите потенцијали и да напредувате како личност.rn

    Себепочитување

    rnАко животот ви се базира на постојано следење на советите од другите, ќе се претворите во личност која воопшто нема да ја сакате и почитувате еден ден. Вашата интуиција веќе сигурно знае што ви е потребно. Доколку научите да ги препознавате таквите сигнали, веројатно е дека ќе бидете многу поисполнети и позадоволни од себеси. Затоа, не ги задушувајте таквите чувства со силата на разумот и дозволете ѝ на интуицијата да ви покаже што е најдобро за вас.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 6 знаци дека сте видовити

    6 знаци дека сте видовити

    На сите некогаш ни се случило да предвидиме дека нешто ќе се случи, но во овие 6 ситуации, голема е веројатноста дека се работи за нешто паранормално.rnrn6 знаци дека сте видовитиrn

    1. Претчувствувате дека телефонот ќе заѕвони и знаете кој ве бара

    rnОва се однесува само на случаите во кои се работи за личност со која не сте се чуле многу долго време, а не кога станува збор за некој со кого се слушате секој ден, по неколку пати. Потврда на знакот на видовитост е доколку ова често ви се случува.rn

    2. Чувствувате кога некој ваш близок е во неволја

    rnТука не се работи за класична грижа за своите блиски, како на пример кога родителите се грижат за нивните деца. Станува збор за силно чувство дека нешто лошо се случило што на крајот излегува дека е точно. Ваков случај е најчесто забележан помеѓу родителите и децата, сопружниците, роднините и близнаците.rn

    3. Место на кое никогаш не сте биле, а ви делува познато

    rnАко ви се случува да влезете во нечиј дом, каде што никогаш порано не сте биле, а сè ви делува познато, дури и до најситен детаљ, тогаш можеби сте видовити.rn

    4. Имате соништа кои се остваруваат

    rnУште еден знак на видовитост е честото сонување на соништа кои потоа се остваруваат. Пророчките соништа се поинакви од обичните – полуцидни се, со повеќе детали и поуверливи.rn

    5. Со допир можете да дознаете детали за луѓето и предметите

    rnСе ракувате со непозната личност и веќе знаете некои детали за неа како нејзиното потекло, нејзиниот карактер, работата што ја работи и слично, а истово ви се случува и кога ќе допрете предмет за кој веднаш дознавате кому му припаѓал во минатото.rn

    6. Редовно им кажувате на луѓето што ќе се случи и тоа се случува

    rnКога добро познавате некого, не е големо изненадување доколку можете да „видите“ што може да му се случи. Но, ако се случува да имате силно чувство дека нешто потполно неочекувано ќе се случи со некоја блиска личност, и тоа потоа навистина се случи, се работи за силен знак кој може да индицира видовитост.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.