КАФЕ ПАУЗА

Tag: интуиција

  • 6 феномени кои науката не може да ги објасни

    6 феномени кои науката не може да ги објасни

    Денес науката е моќна, но не е семоќна. И покрај многубројните секојдневни откритија и револуционерни пронајдоци, сепак постојат и такви појави кои научниците не можат да ги објаснат и остануваат вистинска мистерија за човештвото. Во продолжение прочитајте ги 6-те најпознати феномени на кои науката сѐ уште не дала објаснување.rn

    1. Шумот од Таос

    rn6 феномени кои науката не може да ги објасниrnrnНиз годините, жителите на Таос – мало гратче во југозападниот дел на Америка, слушаат звук со мала фреквенција од непознато потекло. Тој доаѓа некаде од пустината и сличен е на тешки возила кои се движат по автопат, иако нема големи патишта околу градот. Шумот често пати води до сериозни ментални нарушувања и самоубиства кај луѓето што го слушнале. Некои од жителите сметаат дека е лош предзнак, а научниците сѐ уште не можат да го најдат неговиот извор.rn

    2. Дежа ву

    rn6 феномени кои науката не може да ги објасниrnrnДежа ву е француски израз кој значи „веќе видено“. Тоа е чудно чувство што нѐ тера да помислиме дека веќе сме искусиле некоја ситуација. Моќта во имањето дежа ву е во чувствувањето дека има стотици различни патишта кои можат да ве одведат до одреден момент во времето. Чувствувате дека веќе сте го доживеале моментот, и оттогаш сте направиле доволно одлуки што ќе предизвикаат да биде невозможно да се случи уште еднаш. Но, сепак се случило, па можеби тоа е вашата судбина? Научниците имаат разни тврдења и претпоставки за овој феномен, од промените во координацијата на времето во нашиот мозок до повторувањето на некои сцени во нашите соништа. Но, тешко е да се истражи бидејќи нема начин да се предизвика вештачки.rn

    3. Визии што ги искусуваат луѓе кои дошле блиску до смртта

    rn6 феномени кои науката не може да ги објасниrnrnЛуѓето кои искусиле клиничка смрт понекогаш кажуваат дека имале визии од светло на крајот од тунелот, чувство на летање, средби со роднини и слично. Феноменот е наречен „искуство блиску до смртта“. Главниот проблем е тоа што мозокот скоро запира со работа откако ќе запре срцето, што значи дека мртвата личност не може да почувствува или искуси нешто. Постојат теории кои го објаснуваат не само овој проблем, туку и проблемите со секој тип визија. Но, она што науката не може да го објасни е зошто некои пациенти се сеќаваат што им се случувало за време на реанимацијата, до најситен делат.rn

    4. Духови

    rn6 феномени кои науката не може да ги објасниrnrnМожеме да го најдеме првото спомнување на духовите во историските легенди, но и во денешната литература. Не само што постојат колективни докази од луѓе кои сретнале духови, туку и факти како фотографии и видеа. Научниците разоткриваат бројни паранормални феномени објаснувајќи ги како масовна хистерија, психички нарушувања и разни труења. Но, постојат неколку случаи кои едноставно не можат да се објаснат со една теорија.rn

    5. Интуиција

    rn6 феномени кои науката не може да ги објасниrnrnПонекогаш ја викаме и шесто сетило. Науката сѐ уште не може да ја објасни природата на овој феномен. Некои научници тврдат дека сите имаат претчувство кога треба да направат некаков избор. Тие велат дека ја имаме оваа способност од раѓање, но, развивајќи само 5 од нашите сетила, ние со тек на време забораваме како да ја користиме.rn

    6. Плацебо ефект

    rn6 феномени кои науката не може да ги објасниrnrnПлацебо ефектот е една од најголемите неразрешени мистерии во медицинската наука. Не е јасно како само чистата верба во исцелителните моќи на едно „празно апче“ кое го зема пациентот, може да го излечи телото. Независно дали станува збор за настинка или рак, понекогаш сугестијата може да помогне и со најтешките болести. Доколку еден човек може да се излечи од фатално заболување само со помош на неговиот мозок, зарем тоа не докажува дека нашите способности се бескрајни?

  • Таа е најдоброто рамо за плачење: Кога ви е тешко, викнете ја жената во овој хороскопски знак

    Таа е најдоброто рамо за плачење: Кога ви е тешко, викнете ја жената во овој хороскопски знак

    Изразено чувствителна, романтична, интелигентна, грижлива, креативна, страствена, смирена, имагинативна – сето тоа е жената Рак. Таа е вител од чувства и во еден момент може да биде многу тврдоглава, во друг попустлива, во трет лута, а веќе во следниот нежна. Има силна волја и е истрајна, а понекогаш знае да биде и многу повлечена, особено ако чувствува дека некој ја вознемирува или провоцира.rnrnТаа е најдоброто рамо за плачење: Кога ви е тешко, викнете ја жената во овој хороскопски знакrnrnСвојата чувствителност не ја покажува само кон своите потреби, туку и кон туѓите што ја прави еден од најемотивните хороскопски знаци. И најмалата критика која ѝ е упатена ќе ја прими со сето срце и нема лесно да ја заборави. Ја краси длабока интуиција, поради што вреди да го послушате нејзиното мислење.rn

    Љубов

    rnНикогаш не се чувствува подобро и посигурно отколку во својот дом, а семејството за неа е нешто свето. По природа е грижлив и семеен тип жена и во врската секогаш повеќе дарува отколку што зема за возврат. Сака мирен и стабилен семеен живот, а сигурноста и верноста ѝ се најважните квалитети во врската. Заведувањето и сензуалните фантазии се нешто во што жената Рак неизмерно ужива. За неа сексуалниот однос е танц со партнерот со кој сака да биде емотивно поврзана.rn

    Пријателство

    rnЖената Рак и претпазлива и верна пријателка. Таа е онаа личност која ќе се погрижи сите сигурно да стигнат дома по лудото вечерно излегување и која секогаш ќе се јави да провери дали сте добро. Ако ви е потребен некој да ве утеши, пријателката во знакот на Рак ќе биде најдобра во тоа. Таа е добро рамо за плачење и секогаш ќе даде утеха на луѓето кои ги сака. Своите пријателства ги чува како највредното богатство, а и самата таа е пријателка која вреди да се чува.rn

    Изглед

    rnПривлечни црти на лицето, длабоки очи со сивкаста или сина боја, мал, кренат нос, полни усни, широка насмевка и силна, изразена вилица се карактеристиките на лицето по кои ќе ја препознаете жената Рак. Лицето обично ѝ е најшироко помеѓу ушите, бојата на тенот посветла, а косата руса. Просечно е висока и има долги и витки раце и нозе, а со тоа и силни дланки. Има мал струк со долга линија, како и раскошни колкови и бедра.rn

    Стил

    rnГо преферира традиционалниот и конвенционалниот стил на облекување кој ја нагласува женственоста, но и удобноста. Белата, светло сината и сребрената боја се најдобриот избор за неа. Секогаш подобро се чувствува кога е некаде на страна отколку во центарот на вниманието, па затоа никогаш нема да ја видите облечена во нападна дневна комбинација.rnrnСо оглед на тоа дека има привлечни црти на лицето, таа не сака секогаш да носи многу шминка. Парите попрво би ги потрошила на квалитетен шампон и регенератор затоа што убавата и бујна коса е еден од нејзините најдобри атрибути.rn

    Стил на купување

    rnЖената Рак е мајстор за пронаоѓање одлични парчиња облека и чевли по намалени цени. Ја краси способноста да се облекува феноменално со ограничен буџет. Ретко кога купува импулсивно бидејќи не сака да прави непотребни трошоци и попрво би ја прегледала старата гардероба и да пронајде некое парче на кое заборавила, отколку да оди на шопинг по нешто ново.rn

    Стилска икона

    rnАктерката Софија Вергара е една од најсексапилните жени на светот и како типична жена Рак има бујни гради и раскошни колкови. Фигурата на песочен часовник ја истакнува со тесни фустани, а често можеме да ја забележиме во бело – бојата која најдобро им стои на Раковите. Долгата, бујна коса и полните усни, кои се адути на многу жени Ракови, се заштитен знак на актерката која на 10-ти јули ќе наполни 44 години.rnrnОд славните дами родени во знакот на Рак се истакнуваат принцезата Дајана, Мерил Стрип, Хелен Келер, Фрида Кало и Жизел Бундхен.

  • 4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираат

    4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираат

    Вашето срце е поврзано со нешто многу поголемо од вашето тело. Тоа може да се нарече интуиција, универзум, дух, свест или нешто сосема поразлично од наброеното. Кога сте на правилниот пат, тоа ви се обраќа по пат на пораки и знаци. Меѓутоа, постои константна борба помеѓу разумниот ум и чувствителното срце и важно е секоја ситуација со која моментално се соочувате да ја балансирате помеѓу овие два поима со цел секогаш да имате психичка, емотивна и духовна благосостојба.rnrn4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираатrn

    1. Почитувајте ги своите чувства

    rnПоставувајте си себеси прашања и обрнете внимание на првиот одговор кој ви се појавува во мислите. Внимателно набљудувајте ги физичките симптоми и случувањата околу себе. Постои тек на радоста кој тече низ вас со „знаење“ кое не може да се објасни. Тоа знаење е всушност вашето срце кое чука во ритамот на сигурноста. Насекаде читаме дека треба да го слушаме своето срце до одредена мера и потоа да му препуштиме на разумот да ја донесе одлуката. Но, проблемот со овој концепт е тоа што умот ќе анализира и претерано ќе размислува за она што срцето веќе одлучило дека е правилно.rn

    2. Следете ја својата автентична вистина

    rnКога го следите срцето, тоа ви дава цел. Вашата автентична вистина е отпечаток во овој свет. Секој од нас има единствена, индивидуална автентичност. Кога ги следите своите соништа и копнежи, светот сѐ повеќе и повеќе се отвора во ваша корист. Вие го создавате просторот од кој добивате сила. Да го следите своето срце значи да го следите својот вистински повик. Осмелете се да бидете тоа што сте и секогаш стремете се да ги остварувате своите цели до крај. Страста е вашата вистина.rn

    3. Отворете го својот ум кон бескрајните можности

    rnНемојте да се плашите од збунетоста. Тоа е место на кое срцето и умот се борат во одлучувањето што е правилно. Прифатете го дарот на имагинацијата и немојте да прифатите дека нешто е невозможно. Животот е полн со бескрајни можности, само треба да верувате во своето срце. Тоа ќе го врати детето во вас, а децата никогаш не ја бараат логиката во работите. Веруваат дека сѐ е возможно и така треба и да биде.rn

    4. Бидете храбри

    rnСлушањето на срцето значи и пронаоѓање на храброста да се поминат сите пречки околу вас. Вашето срце знае што е најдобро. Оваа ранливост понекогаш доаѓа со цената на предрасудите и критиките. Не секој ќе ги разбере и прифати вашите одлуки. Но, тоа е во ред. Ако сте подготвени да го следите тоа што ви го диктира срцето, ќе постигнете чувство на слобода кое ќе ви помогне да продолжите да се движите напред. Не дозволувајте стравот да го одреди вашиот правец. Кога ја слушате својата интуиција ќе стигнете на места каде што ќе можете да се развиете и да ја проширите својата свест.

  • Инстинктот е глас што секогаш треба да се слуша: Како да го разбудите шестото сетило?

    Инстинктот е глас што секогаш треба да се слуша: Како да го разбудите шестото сетило?

    Психолозите велат дека ако го слушаме своето тело и сме свесни за сопствените чувства, има многу помали шанси да направиме грешка, следејќи го нашиот инстинкт. Доколку се чувствуваме загрозено, сетилата испраќаат дразба до мозокот да се држиме по настрана од ситуацијата. Истовремено, се појавува рационален глас кој ни вели да не бидеме смешни, тоа не е ништо опасно и веќе ни самите не знаеме како да постапиме.rnrnИнстинктот е глас што секогаш треба да се слуша: Како да го разбудите шестото сетило?rnrnДали треба да се одлучиме за рационалниот пристап или едноставно да го послушаме својот инстинкт е дилема во секоја сфера при носењето одлуки, а тие (одлуките) стануваат многу поедноставни ако научиме да ја препознаваме и да веруваме во својата интуиција.rn

    „Луѓето треба да научат да ја распознаваат разликата помеѓу инстинктот и стравот“, вели психотерапевтката Адиријана Ирвин и објаснува дека интуицијата е секогаш насочена кон нешто одредено.

    rnИнтуицијата не ни вели да бегаме од нешто, туку ни кажува што треба да направиме, а стравот нѐ тера на спротивното – да бегаме од ситуацијата. Интуицијата не е мистично претчувство, туку она што нашиот мозок несвесно го анализира пред тоа да се процесира во свесниот дел.rnrnИнстинктот е глас што секогаш треба да се слуша: Како да го разбудите шестото сетило?rn

    Разбирање на мозокот

    rnВо светскиот бестселер „Моќта на размислувањето без размислување“, авторот Малком Гладвел објаснува како одлучувањето базирано врз интуицијата често доведува до подобар исход отколку одлучувањето со некои рационални алати како запишувањето на мааните и предностите на некои одлуки.rnrnСкенирањето на мозокот на неколку доброволци открило дека еден дел од мозокот наречен вентрален паладиум, кој се наоѓа во големиот мозок, силно реагира на чувствата од нашата потсвест. Научниците тоа го нарекуваат инструментално учење, каде инстинктот ги препознава познатите ситуации и ни предложува моментален одговор пред да имаме време рационално да размислиме. Така куќата може да поттикне сеќавања од детството, гласот да потсети на блиските личности, а антипатичните луѓе да потсетат на некогашни непријатности.rn

    „Ако одлуката се темели на длабоко потсвесни поттикнувачи, тешко дека таа ќе биде погрешна“, вели Гладвел.

    rn

    Фокусирајте се на првиот одговор

    rnНаместо веднаш да ја отфрлиме, треба да веруваме во нашата прва реакција на некоја ситуација. Може да излезе дека инстинктот всушност бил маскиран страв, но не треба автоматски да сметаме дека тоа чувство не вреди ништо и не може да донесе ништо паметно. Ако интуицијата нешто ни кажува, треба да ја пуштиме да се „доискаже“ и притоа неколку минути да процениме дали тоа има смисла или не.rnrnАко некоја личност интуитивно ни изгледа чудна, иако не направила ништо што би можело да укаже на ваквото мислење, треба да се фокусираме на анализата на нејзините постапки. Така можеме да собереме важни информации кои инаку би ги пропуштиле и да донесеме правилна проценка.rnrnИнстинктот е глас што секогаш треба да се слуша: Како да го разбудите шестото сетило?rn

    Предизвикајте го својот инстинкт

    rnЕкспертите предложуваат да ги тестираме нашите инстинкти на блиските луѓе и семејството, почнувајќи со анализирањето на нивното расположение и намерите. Поентата на вежбите со саканите е елиминирање на факторите на стравот од интуицијата, за таа да може да ни го даде најдобриот увид во ситуацијата.rn

    Не игнорирајте ја интуицијата

    rnНеврологијата тврди дека интуицијата е активност која доаѓа од десната страна на мозокот, а се користи во деловите задолжени за емоциите, креативноста и иновациите, додека левата страна на мозокот е задолжена за фактичките и математичките анализи.rnrnЕдна неодамнешна студија покажала дека луѓето кои носат одлуки без потоа да си ги објаснуваат себеси и на другите, се многу позадоволни и посреќни што постапиле токму така, а истражувањето од државниот Универзитет во Мисури потврдило дека позитивното размислување при одлучувањето, често се поврзува со нашите вистински желби и чувства. Научниците велат ако се чувствуваме добро и среќно тогаш и нашиот инстинкт работи подобро.

  • 11 цитати за интуицијата: Зошто треба да им веруваме на своите чувства?

    11 цитати за интуицијата: Зошто треба да им веруваме на своите чувства?

    Интуицијата е психолошки феномен кој ја опишува способноста да стекнеме знаење без да го користиме разумот. Таа потекнува од инстинктите, од она што чувствуваме дека е правилно, од внатрешниот глас кој нѐ советува како да постапиме и кој треба секогаш да го слушаме и ставаме во преден план. Во тој контекст, прочитајте ги 11-те цитати за интуицијата од едни од најинтелигентните луѓе во светот.rnrn11 цитати за интуицијата: Зошто треба да им веруваме на своите чувства?rn

    „Морате да ја вежбате својата интуиција – морате да верувате во тој глас во себе кој ви вели што точно да кажете, што да одлучите.“ – Ингрид Бергман

    rn

    „Кога гледате телевизија, тоа е како да го премачкувате своето трето око со црна боја.“ – Бил Хикс

    rn

    „Интуицијата станува сѐ поважна во новото информационо општество, токму поради тоа што има толку податоци околу нас.“ – Џон Незбит

    rn

    „Интуицијата е гледање со душата.“ – Дин Кинц

    rn

    „Времето ви е ограничено, затоа немојте да го трошите живеејќи ги туѓите животи. Не паѓајте во замката на догмата – не живејте по рецептот на другите. Не дозволувајте буката од туѓите мислења да влијае врз вашиот внатрешен глас. И, што е најважно, имајте храброст да го следите своето срце и интуицијата.“ – Стив Џобс

    rn

    „Инстинктот е нос на умот.“ – Мадам де Жирардин

    rn

    „Интуицијата е свет поклон, додека разумот е верен слуга. Создадовме општество кое го велича слугата и кое заборави на поклонот.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Силата на интуицијата ќе ве штити од злото до крајот на животот.“ – Лао Це

    rn

    „Интуицијата е чисто сфаќање на сѐ во едно.“ – Лаватер

    rn

    „Верувајте во себе. Знаете многу повеќе отколку што мислите.“ – Др. Бенџамин Спок

    rn

    „Единствената навистина вредна работа е интуицијата.“ – Алберт Ајнштајн

  • Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?

    Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?

    Едно истражување објавено во „Дневникот за карактер и индивидуални разлики“ вели дека луѓето кои вообичаено им веруваат на своите инстинкти имаат помала веројатност да направат некои неморални акти. Резултатите исто така покажуваат дека луѓето кои го слушаат својот внатрешен глас или интуиција е поверојатно да останат верни во својата врска и има помала можност да украдат нешто откако ќе размислат за претходните искуства во кои покажале лошо однесување.rnrnКои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?rnrnСара Џ. Вард, дипломиран студент при Универзитетот Мисури во Колумбија, работела заедно со нејзината професорка по психологија, Лаура А. Кинг, за да ги открие сите придобивки и позитивни страни на следењето на интуицијата. Интуицијата е процес во кој се презентира способноста да се осознае и спознае нешто без претходно аналитичко истражување, пополнувајќи ја празнината помеѓу свесните и несвесните делови на мозокот и помеѓу инстинктот и логичкото размислување. Интуицијата е слушањето на вашиот внатрешен глас или верувањето во она претчувство кое ви вели дека нешто е или добра или лоша идеја.rn

    „Некои луѓе веруваат во своите инстинкти кога донесуваат одлуки, додека други помалку се ослонуваат на нив и не им обрнуваат многу внимание на претчувствата дури и ако ги искусуваат. Ние се интересиравме за тоа како индивидуалните разлики во интуицијата влијаат врз моралното однесување“, вели Вард.

    rnТаа направила два експеримента за да одреди дали потпирањето врз интуитивното размислување и процес влијае врз моралното однесување кога луѓето искусуваат внатрешно генерирани, морално важни чувства. Првиот експеримент броел 100 испитаници, меѓу кои 75 жени, кои одговарале на серија прашања за да се одреди дали имаат тенденција да ја следат својата интуиција или не. Потоа биле замолени да замислат дека се однесувале неморално на работното место: Сите прочитале приказна во која се раскажувало дека направиле нешто лошо на работа и за тоа обвиниле некој колега. Испитаниците во контролната група ја прочитале истата приказна, но наместо да обвинат некој друг, тие ја признале грешката и презеле одговорност за неа.rnrnПретходните студии покажале дека луѓето кои направиле нешто неморално и се чувствувале виновно и засрамено, се чувствувале и валкано или заразено. Врз основа на тоа, Вард предвидела дека субјектите кои направиле нешто неморално ќе бидат желни да потрошат пари на производи за чистење на рацете.rn

    „Ако се чувствувате лошо за некоја морална трансгресија, тогаш ќе сакате да се исчистите. Нашето истражување открива дека испитаниците кои ја слушаат својата интуиција купувале повеќе течни сапуни за раце откако прочитале за префрлувањето на вината на колегите“, објаснува Вард.

    rnВо вториот експеримент, испитаниците пишувале за некој момент кога тие се однесувале неморално и потоа им бил даден еден тест за интелигенција кој не можел да се реши. Вард сакала да анализира дали поинтуитивните луѓе помалку би мамеле на нерешливиот тест. На испитаниците им биле дадени 10 прашања и еден лист хартија на кој биле напишани одговорите и им било кажано дека одговорите можат да ги користат откако ќе го завршат тестот за да проверат дали одговориле точно. Потоа им било кажано дека првите 10% од нив ќе добијат ливче за лотарија (мотив за мамење). Резултатите покажале дека дури 23% од испитаниците мамеле на тестот.rn

    „Нашиот втор експеримент покажа дека луѓето кои се ослонуваат на своите инстинкти мамат помалку од другите кога ќе се сетат на некој момент кога се однесувале неморално. Сметаме дека тоа е така бидејќи луѓето сакаат да го компензираат за лошото однесување со тоа што ќе се однесуваат морално во сегашноста и оваа тенденција за компензирање е поизразена кај луѓето кои ја слушаат својата интуиција“, заклучува Вард.

  • 3-те хороскопски знаци кои имаат најизразена интуиција

    3-те хороскопски знаци кои имаат најизразена интуиција

    Интуицијата е нешто што ни помага да ги донесеме правилните одлуки, но секое предупредување или претчувство се залудни ако личноста не достигнала едно задоволувачко ниво на зрелост и свесност. Во оној момент кога ќе знаете како да ги процените луѓето и животните ситуации, тогаш ќе можете целосно да се потпрете на својот внатрешен суд и да ја користите вашата интуиција како моќно средство на патот кон успехот и личниот напредок. Во продолжение прочитајте кои 3 хороскопски знаци според астролошките анализи имаат најјака интуиција и на кој начин ја манифестираат.rnrn3-те хороскопски знаци кои имаат најизразена интуицијаrn

    Риби

    rnЛуѓето кои се родени во овој знак се големи духовници и понекогаш сонуваат одредени работи кои подоцна можат да се остварат или да укажат на некој важен настан. Внатрешниот мир за нив е многу важен и доколку не успеат да го пронајдат, можат да се свртат кон пороците и така да избегаат од реалноста. Нивното мото е „Јас чувствувам“ и главно се раководат по нивните инстинкти и по она што ќе го предосетат, што е всушност и главната дефиниција за интуицијата.rn

    Скорпија

    rnЛуѓето родени во овој знак имаат способност да ги „прочитаат“ туѓите мисли. Тие имаат истанчено чувство за сѐ и длабоко го проживуваат секое случување, па токму поради тоа се способни да почувствуваат што ќе следува. Овој знак точно ги чувствува вибрациите кои доаѓаат од која било личност, но понекогаш знаат да ги игнорираат нивните ментални „пораки“ и свесно се препуштаат на ризикот. Скорпиите ја сакаат опасноста и возбудата, и поради таа причина припадниците на овој знак често нема да се послушаат себеси бидејќи им е потребна акција. Тоа посебно се изразува во љубовта.rn

    Стрелец

    rnДоколку ја постигнале својата внатрешна рамнотежа, Стрелците можат сериозно да поработат на својата интуиција и да ја следат, бидејќи може да ги заштити во некои незгодни ситуации. Овој знак има огромни капацитети, но за жал, не ги искористува сите. Тие често ја имаат таа среќа нивната интуиција да им укаже на некоја опасна ситуација, но нема да успеат да анализираат ништо доколку во себе не го развиле чувството на внатрешно задоволство.

  • 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите

    10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите

    Пречувствителните луѓе сочинуваат дури 20% од светското население. Со своите префинети сензори, тие го забележуваат тоа што на другите им побегнува, па нивниот свет е секогаш полн со живи бои, остри мириси, продорни звуци и силни емоционални надразнувања. Нивните длабоки чувства се понекогаш благослов, но понекогаш проклетство. Точно е дека секој е чувствителен до одредена мера, но пречувствителните луѓе ги доживуваат емоционалните искуства толку интензивно што тие започнуваат да им го обликуваат карактерот, социјалниот живот, блиските односи и работата.rnrn10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другитеrnrnНаучниците се обиделе да откријат зошто луѓето можат да бидат пречувствителни, а сите докази упатуваат на тврдењето дека тие едноставно така се раѓаат. Психологот Џереми Каган од Универзитетот Харвард, спровел едно истражување за детскиот темперамент и открил дека скоро 1/5 од децата се раѓаат со многу чувствителен нервен систем кој лесно се возбудува и вознемирува со новите искуства. Некои се особено осетливи на туѓите страдања, па решаваат да се занимаваат со хуманитарна работа, заштита на животните и зачувување на околината.rnrnМногу од креативните луѓе се исто така пречувствителни и го насетуваат доаѓањето на културните промени уште пред тие да станат видливи за другите. Поради изразените способности да го осетат и разберат туѓото расположение, ним им е многу непријатно во присуство на некоја видно вознемирена личност, дури и ако не ја познаваат. Подеднакво се чувствителни и на пријатните дразби, па неочекуваните комплименти или срдечниот и љубезен разговор може да им го подигне расположението до небо.rnrnВо продолжение следуваат 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите…rnrn1. Способност да бидат преплавени со чувства за помалку од 60 секунди.rnrn2. Неспособност да се „зацврстат“.rnrn3. Способност да сфатат зошто луѓето нешто не разбираат.rnrn4. Можат да бидат сами со часови или со денови, без да се чувствуваат осамено.rnrn5. Кога велат дека знаат како се чувствувате, тоа го мислат буквално.rnrn6. Смислата за чувствителните луѓе е тоа што спанаќот е за Попај.rnrn7. Способност предлабоко да размислуваат за што било.rnrn8. Способност да ги чујат внатрешните звуци кои другите воопшто не ги слушаат.rnrn9. Не им паѓа на памет да работат нешто само заради парите.rnrn10. Имаат силна интуиција која секогаш е точна.

  • 5 митови за успехот во кои не треба слепо да веруваме

    5 митови за успехот во кои не треба слепо да веруваме

    Секој сака да постигне добри резултати во својот живот и да доживее еден личен напредок и на професионален и на приватен план. Но, успехот не значи дека треба да ризикуваме сѐ во животот и да чекаме последиците да ни го одредат патот. Во продолжение прочитајте ги 5-те митови за успехот во кои не треба слепо да се верува и кои можат само да нѐ одвојат од реалноста.rnrn5 митови за успехот во кои не треба слепо да верувамеrn

    1. Секој ризик е добар ризик

    rnОвде не станува збор за тоа дека не треба воопшто да ризикуваме доколку ни се укаже некоја добра прилика, туку дека не треба по секоја цена да го правиме тоа. Професорот по психологија и авторот на книгата „Како неконформистите го движат светот“, Адам Грант, вели:rn

    „Често најуспешните луѓе се оние кои се најмалку подготвени да ризикуваат. За да успеете понекогаш не треба да ризикувате, туку доволно е секојдневно да пробувате нешто ново. Ако ви се укаже шанса да започнете свој бизнис, тоа не значи дека треба да ја напуштите моменталната работа или факултетот, туку да се потрудите паралелно да играте на двата фронта“, објаснува д-р Грант кој додава и дека според нивните истражувања, дури 33% од младите бизнисмени започнуваат на овој начин.

    rn

    2. Верувајте им на своите инстинкти

    rnНе треба да го земаме ова тврдење здраво за готово бидејќи понекогаш и инстинктот може да нè излаже.rn

    „Интуицијата не е нешто што сега се појавило, туку станува збор за нашата несвесност која ги препознава обрасците на искуството. Ако лошо ја направам некоја работа 4 пати, тогаш 5-от пат ќе ми се појави некоја мачнина дека тоа не треба да го правам. Сепак, со оглед на тоа дека сѐ е во постојано движење, работите кои вчера биле важни денес можеби нема да бидат“, вели д-р Грант додавајќи дека не треба секогаш да се ослонуваме на инстинктот, туку консултацијата дури и со оние луѓе кои постојано нѐ критикуваат е најдобриот совет на патот кон успехот.

    rn

    3. Не одложувајте ги обврските

    rnНиту ова правило не треба да го следиме слепо ако сакаме да успееме. Овде станува збор за тоа дека на почетокот на секоја работа или проект на кој работиме, секогаш ќе смислуваме некои вообичаени и веќе видени идеи. Колку подолго работиме на еден проект толку повеќе нашата првобитна идеја ќе се развива и на крајот ќе успееме да смислиме нешто сосема ново, оригинално и многу подобро од она на кое најпрвин сме помислиле.rn

    4. Подобро ќе напредувате ако се сложувате со шефот

    rnСигурно е пријатно да работиме со некој кој ги дели истите убедувања и кој е пријателски настроен, но не и доколку сакате да напредувате на работата. Многу е подобро да работите за некој кој има високи стандарди и кој е склон на конструктивни критики, отколку за некој кому сѐ што ќе изработите му се допаѓа.rn

    5. Изберете го она во коешто сте најдобри

    rnНа разговорот за работа, луѓето често претеруваат во наведувањето на работите кои знаат да ги прават. Тоа не значи дека не треба да се усовршуваме и да бидеме разновидни, туку дека не треба да направиме сѐ одеднаш. Потребно е да избереме еден став со кој најдобро знаеме да располагаме и да се фокусираме на него, бидејќи само така успехот ќе биде гарантиран. Мултитаскингот ќе си дојде со времето.

  • 10-те главни карактеристики на емпатите

    10-те главни карактеристики на емпатите

    Главната карактеристика на сите емпатични луѓе е нивната способност да ги чувствуваат и апсорбираат емоциите и физичките симптоми на другите луѓе, бидејќи се многу сензитивни. Тие го гледаат светот низ нивната интуиција и имаат потешкотии да ги интелектуализираат своите чувства. Но, кога ќе научат како да се центрираат и стабилизираат себеси, емпатите не мора премногу да чувствуваат и да сочувствуваат со другите. Првиот чекор е да се препознае и прифати фактот дека сте емпатични, па затоа во продолжение прочитајте ги и 10-те главни карактеристики на емпатите и погледнете дали и вие спаѓате во оваа група луѓе.rnrn10-те главни карактеристики на емпатитеrn

    1. Емпатите се многу сензитивни

    rnЕмпатите се духовно отворени, дарежливи и природно сакаат да ги слушаат другите. Тие секогаш ќе ве поддржат и ќе бидат вашето рамо за плачење, дури и во најтешките моменти. Но, нивните чувства можат да бидат лесно повредени, па затоа често се советувани да бидат поцврсти.rn

    2. Ги апсорбираат чувствата на другите

    rnЕмпатите се прилагодуваат на расположението на другите, независно дали тоа е добро или лошо. Тие чувствуваат сѐ, понекогаш и до екстреми. Ако се во негативно опкружување, тие се чувствуваат лути и анксиозни. Ако се опкружени со љубов, мир и позитивна атмосфера, нивните тела го апсорбираат тоа и се чувствуваат добро и смирено.rn

    3. Емпатите се интровертни

    rnЕмпатите стануваат пречувствителни во гужви, бидејќи тоа им ја зголемува емпатијата. Тие сакаат да бидат интровертни и повлечени и попрво би сакале да се социјализираат со помали групи луѓе. Дури и ако некои од емпатите се поотворени и подруштвени, тие сакаат да го ограничуваат времето што ќе го поминат на некоја забава или со поголеми друштвени кругови.rn

    4. Емпатите се високо интуитивни

    rnЕмпатите го искусуваат светот преку нивната интуиција. Ним им е важно да ги слушаат своите инстинкти и претчувства за другите, бидејќи тоа им помага да создаваат подобри односи.rn

    5. На емпатите понекогаш им е потребно да бидат сами

    rnКога се помеѓу луѓето, енергијата на емпатите полека им исчезнува, па одвреме-навреме им е потребно да бидат сами и да ги наполнат батериите. Дури и малиот краткотраен одмор може да биде од огромно значење за нивната емоционална состојба.rn

    6. Емпатите можат да станат пречувствителни во интимните врски

    rnПремногу комуникација и поминување време со партнерот може да биде тешко за емпатите, па затоа тие понекогаш ги избегнуваат интимните врски. Длабоко во себе тие се плашат да не го изгубат својот идентитет и да не се чувствуваат „згушено“. За односот да биде подобар и самата врска поуспешна и функционална, за емпатите, традиционалните парадигми за љубовните врски треба да бидат предефинирани.rn

    7. Емпатите се цел на луѓето кои ја црпат енергијата

    rnЧувствителноста на емпатите ги прави лесна цел за луѓето кои ја црпат физичката и психичката енергија како што се нарцисоидните личности. Ним им недостасува емпатија и често се грижат само за себе и со ова нивно однесување ги прават да се чувствуваат безвредно и бескорисно.rn

    8. Емпатите уживаат кога се во природата

    rnБрзото темпо на секојдневниот живот може да биде премногу за емпатите. Затоа природата ги исполнува, им помага да се ослободат од сиот свој товар и им овозможува за момент да избегаат од реалноста во зеленилото и дивината.rn

    9. Емпатите имаат засилени сетила

    rnНервите на емпатите можат да бидат вознемирени од звуците, мирисите и претераното зборување.rn

    10. Емпатите имаат големи срца, но понекогаш се премногу дарежливи

    rnЕмпатите се личности со големи срца и секогаш се обидуваат да ја намалат болката на другите. Независно дали се работи за бездомник, за повредено дете или за вознемирен пријател, тие секогаш ќе сакаат да помогнат.