Постои оправдана причина зошто лекарите препорачуваат одмор кога сте болни. Тогаш телото е најподготвено да се бори против вирусите и бактериите. За време на спиењето, нивото на хормоните на стресот се намалува и започнува борбата против инфекцијата. Со други зборови, спиењето и здравјето се тесно поврзани. Како тогаш да се зголеми влијанието на спиењето врз имунолошкиот систем?rnrn
rnrnИстражувањето објавено во „Списание за експериментална медицина“ покажа дека клучната структура што им помага на Т-клетките да се прицврстат за својата цел, дополнително се активира за време на спиењето, што ја зголемува нивната ефикасност. Т-клетките се одбранбени клетки што наоѓаат и уништуваат разни патогени микроорганизми.rnrnПокрај тоа, хормоните на стресот, кои го зголемуваат воспалението во телото и им пречат во работата на Т-клетките, се на најниско ниво за време на спиењето. Исто така, телото произведува повеќе цитокини за време на спиењето. Тие предизвикуваат имунолошки одговор кога ќе се појави болест, што потврдува дека сонот има корисен ефект врз имунитетот.rnrnЗа да се постигне посакуваниот ефект, ноќниот сон треба да трае од седум до девет часа. Ако не спиете доволно, производството на цитокин ќе биде нарушено. Покрај тоа, недостатокот на сон ги зголемува воспалителните процеси низ целото тело, што ве прави поподложни на хронични заболувања. Научниците истакнуваат дека воспалението е главната причина за многу автоимуни болести (артритис, срцеви заболувања и дијабетес).rn
Како да го подобрите квалитетот на спиењето?
rnКако прво, бидете доследни. Воспоставете рутина и легнувајте си и станувајте во речиси исто време. Ова постепено ќе ги подготви умот и телото за спиење и ќе ве научи да се будите сами секое утро.rnrnБидејќи вашите навики влијаат на имунолошкиот систем, започнете со соодветно подготвување за спиење. Не гледајте во екранот 45 минути пред да си легнете, а спалната соба треба да биде ладна и темна. Ако сè уште имате проблем да заспиете, обидете се да правите некои релаксирачки вежби како јога или пилатес во текот на попладневните часови.rnrnПрочитајте кои се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло.


rnrnКога ставате ластик на зглобот, ги притискате крвните садови и го нарушувате нормалното циркулирање на крвта во организмот. Како резултат на тоа, може да се развие синдром на карпален тунел кој се манифестира со болка и вкочанетост на прстите.rn
rnrnАко подолго време носите стегач за коса на зглобот, ја оштетувате кожата поради триењето и притисокот што ги предизвикува стегачот. Потоа, бактериите од самиот стегач може да навлезат во раната и да ја инфицираат.rn
rnrnМожеби не се грижите за вашиот стил, но сепак, носењето стегач за коса на зглобот воопшто не изгледа модерно. Би било подобро да изберете елегантна белезица или часовник што многу подобро ќе одговара на вашиот изглед.rnrnПрочитајте кој е 

rn
rn
rn
rnrnМожеби сакате да прочитате и за 


rnrnИако изгледаат слатко на илустрацијата, не сакате да го делите телото со овие црви. Околу 576 до 740 милиони луѓе низ целиот свет се инфицирани од овие црви. Тие живеат во цревата пред нивните јајца да бидат исфрлени преку изметот. Јајцата кои се претвораат во ларви може да навлезат преку човечката кожа, па циклусот почнува одново. Повеќето симптоми се незабележливи, но ако сте инфицирани подолго време, тоа може да резултира со губење крв и анемија.rn
rnrnОвие паразити се населуваат на површината на вашето тело. Тие се сместуваат под горниот дел од кожата каде што живеат, се хранат и предизвикуваат чешање. Може да се пренесат од кожа на кожа, а често и преку инфицирани предмети, како облека или постелнина. Чешањето може да предизвика емоционален и физички стрес, но овие паразити се отстрануваат лесно со помош на дерматолог.rn
rnrnИ овој вид паразити живеат во цревата. Најчесто луѓето се инфицираат од почва во која има ларви од црвите. Штом ќе се најдат во вашите црева, тие може да пораснат од 1 милиметар, па сè до 1 метар. Некои симптоми на инфекцијата се кашлање, плитко дишење, болка во стомакот, крвава столица, слабеење или наоѓање црв ако повратите.rn
rnrnОвие црви живеат во тропска клима каде што може да инфицираат над 200 милиони луѓе. Инфекцијата резултира со болест наречена шистозомијаза. Оваа болест предизвикува треска, болка во стомакот, крвава дијареја, а може да предизвика и сериозни проблеми кај бремените жени. И овој паразит навлегува преку кожата.rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn