КАФЕ ПАУЗА

Tag: инфекција

  • Што да направите кога нешто ќе ви влезе во окото и како да избегнете инфекција?

    Што да направите кога нешто ќе ви влезе во окото и како да избегнете инфекција?

    Кога некое непознато тело ќе ни се најде под капакот, веднаш го чувствуваме, без разлика дали станува збор за трепка, зрнце песок или нешто трето. Без разлика што е, важно е веднаш да го отстраните, не само поради тоа што ви пречи, туку и за да се избегне создавање на инфекција.rnrn1-shto-da-napravite-koga-neshto-kje-vi-vleze-vo-okoto-i-kako-da-izbegnete-infekcija-www.kafepazua.mk_rn

    1. Бидете нежни

    rnКога нешто ќе ви влезе во окото, првиот инстинкт најверојатно ве наведува на триење, што е во ред сѐ додека го правите тоа нежно и со чисти раце. Доколку станува збор за нешто поголемо, како што е песок, или пак, за нешто остро што можеби дури и ве боцка, подобро е да одите на доктор. Со невнимателното вадење можете да предизвикате поголема повреда на окото.rn

    2. Измијте го со вода

    rnМиењето на окото со чиста и ладна вода може да го реши проблемот во поголемиот дел од случаите, па секако испробајте ја оваа метода.rn

    3. Ако е итно, веднаш одете на доктор

    rnАко сте се обиделе самите да го извадите објектот од окото и не сте успеале во тоа, решението не е игнорирање, туку посета на доктор. Колку подолго непознатата честичка ќе остане во окото, толку се поголеми шансите за оштетување на окото и создавање на инфекција. Доколку сте успеале да ја отстраните честичката со вода, но после тоа се појавило силно црвенило во окото или болка, повторно посетете го вашиот доктор. Благата болка е скоро вообичаена после отстранувањето на честичката од окото, а докторите понекогаш препишуваат антибиотици за да бидат сигурни дека нема да дојде до инфекција.rn

    4. Штитете ги вашите очи

    rnВажно е квалитетно да ги заштитите очите, и од силното сонце и од ветрот што со себе носат разни честички. Затоа, не штедете на квалитетни очила, бидејќи вашите очи го заслужуваат тоа.

  • 10 застрашувачки болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините

    10 застрашувачки болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините

    Благодарение на откривањето на вакцините, многу болести се на патот да станат историја. Во последно време многу родители се одлучуваат да не ги вакцинираат нивните деца, бидејќи мислат дека вакцините всушност немаат никаква корист и можат само да наштетат. Постои вечна дебата на оваа тема, но сепак не може да се негира фактот дека појавата на многу заразни болести е намалена по појавата на вакцините. А се верува и дека различните видови рак, кои се поврзани со вирусот ХПВ, исто така можат целосно да исчезнат. Доколку сѐ уште не сте убедени, прочитајте кои 10 болести се речиси само дел од минатото благодарение на вакцините…rn

    1. Детска парализа

    rn10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцинитеrnrnДетската парализа е болест која го напаѓа нервниот систем, а полио-вакцината е откриена во 1952 година од страна на Џонас Салк. Во доцните 90-ти, 80% од децата во светот станале имуни на полио вирусот. Денес, детската парализа редовно се појавува само во Пакистан и Авганистан. Во 1952 година Салк создал вакцина која ја тестирал на многу посебни волонтери: На самиот себе, жена му и децата. Кај сите нив се произвела потребната антитела заштита од вирусот и не се заразиле.rn

    2. Мала сипаница

    rn10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцинитеrnrnДосега, малата сипаница е единствената човечка болест која е целосно отстранета благодарение на вакцините, а последниот познат случај бил во Англија во 1978 година. Малата сипаница била многу заразна, луѓето се заразувале од обичен контакт лице со лице или од делење постелина за спиење. Малата сипаница прво изгледа како лоша настинка, но подоцна се манифестира со црвени точки по целото тело кои се претвораат во болни чиреви. Убавата аристократка Лејди Мери Вортли Монтаг била изобличена како последица од малата сипаница и таа прва го претставила методот на зараза со оваа болест како превенција од развивање на истата.rn

    3. Заушки

    rn10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцинитеrnrnЗаушките почнуваат како настинка, но подоцна предизвикуваат подуени образи и отечена вилица. Заушките сѐ уште се појавуваат кај некои поединци со послаб имунитет, но сепак се ретки. Човекот кој ја има откриено вакцината за имунизација против заушки, голема сипаница и рубела може да ѝ се заблагодари на неговата ќерка Џерил Лин за претставувањето на вакцината во јавноста.rn

    4. Рубеола

    rn10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцинитеrnrnРубеола се вид сипаници кои се многу заразни, а понекогаш и смртоносни кај децата. Почнува со симптоми на настинка и потоа се манифестира како црвен насип низ целото тело. Денес бројот на случаи на рубеола е значително намален, но сепак постои поради намалената вакцинација во одредени земји.rn

    5. Рубела

    rn10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцинитеrnrnРубела, позната и како германски сипаници, исто така се манифестира со црвен насип на телото како кај рубеолата, но станува збор за сосема различен вирус. Луѓето веднаш ја прифатиле вакцинацијата против рубела кога станала достапна, бидејќи вирусот му наштетувал на фетусот во првото тромесечје, поради што се сметал за многу непријатен вирус за бремените жени и нивните бебиња, иако не бил смртоносен.rnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 болести…rn

  • 4 начини на кои можете да закачите сексуално-преносливи болести дури и ако не сте имале секс

    4 начини на кои можете да закачите сексуално-преносливи болести дури и ако не сте имале секс

    На училиште и во текот на адолесцентскиот период вообичаено може многу да се научи за опасностите од венеричните болести. Иако можеби не сте запаметиле многу, многу е важно да знаете како да се заштитите. Може да заболите од овие болести дури иако никогаш не сте имале секс или моментално не сте сексуално активни. Иако сексот е најлесниот начин да дојдете во контакт со сексуално-преносливи болести, тој не е единствен. Еве како поинаку можете да се здобиете со ваквите болести.rnrnMDBrn

    1. Секс на суво

    rnИако не се вклучени пенетрација и телесни течности, херпесот може да се пренесе преку триење на телото. Тој може да се пренесе само ако има директен контакт помеѓу кожата – што значи безбедни сте ако сте облечени. Ризикот од пренесување зависи од тоа колку личноста е заразена и количината и сериозноста на осипот на кожата.rnrnИсто така, внимавајте ако се бричите „таму долу“. Бричот може да собере разни инфекции од еден дел од кожата и да ги пренесе на друг. Бричењето колку што е опасно за вас, толку е опасно и за вашиот партнер. Подраснувањето на влакненцата може да делува абразивно на кожата на партнерот. Затоа сетете се на ова при вашето следно бричење.rn

    2. Бакнување

    rnМожеби бакнувањето не ви е прва асоцијација кога станува збор за сексуално-преносливи болести, но тоа е возможно. Кога некој има херпес тип 1 (орален херпес), тие доживотно го носат со себе. Дури и ако нема визуелни знаци на болеста, опасноста од инфекција сепак постои, но ако нема видлив индикатор шансите за пренесување на болеста се помали.rnrnНајголемата опасност од инфекција се создава кога има пукнатини во кожата што доаѓаат во контакт со раните. Ако имате испукани усни или друг тип пукнатини во кожата и дојдете во контакт со заразена површина, поголема е веројатноста да заболите од оваа болест. Затоа размислете подобро ако сте под искушение да бакнете некој кој покажува вакви знаци.rnrnkissingrnrnИако инфекцијата е возможна без видливи симптоми, најдобар начин да се заштитите од инфекција од некој што има херпес тип 1 е да можете да го препознаете. Херпесот ќе го препознаете по тоа што заболениот има рана на усната направена од мали плускавици, а дури и ако раната е црвена, закоравена или веќе се лупи, тоа е знак дека личноста е заболена од оваа болест.rn

    2. Орален секс

    rnИако некои луѓе оралниот секс не го сметаат за „вистински секс“ затоа што не вклучува вагинална пенетрација, сепак преку него може да се добијат сексуално-преносливи болести. Преку оралниот секс можат да се пренесат: херпес, кламидија, гонореја и др. Тие се пренесуваат преку контакт со заразени површини и секреции на телото.rnrnКондомите го намалуваат ширењето на болестите, но тие не можат целосно да ја спречат инфекцијата. Затоа сепак, употребата на кондоми е препорачлива за време на сексот. Уште еден начин да се заштитите од разните венерични болести е да го избегнувате сексот додека имате проблеми со кожата или друг дел од телото кој може да дојде во контакт со друго лице.rn

    4. Индиректен контакт

    rnИнфекциите вообичаено се пренесуваат преку интимен контакт, но може и на индиректни начини. На пример седење на ве-це шолја. За да се пренесе венерична болест шолјата треба да биде во допир со осип на кожата. Затоа, наместо да седнувате во јавните тоалети – чучнувајте.rnrnУште еден начин да се заразите со сексуално-пренослива болест е преку влажен предмет како крпа, кој бил во допир со заразено лице. Болеста трихиноза (трихина) е паразит кој може да живее надвор од телото дури до 45 минути. За да го спречите ширењето на болести одбегнувајте да споделувате крпи кои ги користите за интимна нега. Некои луѓе сметаат дека можете да се заразите со трихина преку топла бања, но ова е мит – премногу е топло за паразитот да може да живее таму.rnrnИсто така, одбегнувајте споделување на игли, жилети и слични уреди кои ја сечат кожата, со некој што е заболен од сексуално-пренослива болест затоа што тие создаваат пукнатини на кожата низ кои бактериите и вирусите можат лесно да навлезат.rn

    Како да останете безбедни?

    rn

      rn011

    • Најлесен начин да се заштитите е да знаете дали вашиот партнер се тестирал, ако имал други партнери од последниот пат кога се тестирал и какви му/ѝ биле врските во минатото.
    • rn011

    • Исто така, ако го намалите бројот на сексуални партнери ги намалувате шансите да се заразите со сексуално-пренослива болест.
    • rn011

    • За да го намалите бројот на евентуални напукнувања на кожата, користете лубрикант. Тој ќе го намали триењето, што исто така може да го намали и директниот контакт помеѓу кожата.
    • rn011

    • Секогаш имајте заштита со вас – за да не зажалите подоцна.
    • rn

  • Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

    Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

    Како и повеќето жени, сигурно и вие се имате соочено со проблемите кои можат да настанат од габичните инфекции. Но, и покрај сè постојат неколку начини на кои можете да ја одржувате ситуацијата под контрола.rnrnНеколку начини да ги спречите габичните инфекцииrnrnГабичните инфекции најчесто ги предизвикува габата која се нарекува Кандида и таа живее во секое тело, а напаѓа кога се нарушува рамнотежата на киселоста во женскиот полов орган, претежно во матката и токму поради тоа се јавува иритација и чешање. Ситуацијата не е толку страшна колку што ви изгледа на почетокот и доколку ги следите овие совети ќе можете лесно да се заштитите од повторна габична инфекција…rn

    Правилна исхрана

    rnЕкспертите препорачуваат дека недела дена пред менструацијата треба да се консумираат пробиотици, а да се избегнува шеќерот и јаглехидратите. Јогуртот и кефирот треба да се пијат во поголемо количество, но и да се додадат повеќе лук и супи во секојдневната исхрана кои служат како превентива од габичните инфекции. Благите работи се вистинска замка во исхраната бидејќи тие го поттикнуваат развојот на габите.rn

    Избор на гардероба

    rnГабичните инфекции знаат да бидат досадни, но тие не се нешто со што не можеме да се справиме. Тие најчесто се размножуваат во топла и влажна околина и тоа значи дека тесната облека е одлично место за нивно развивање. Секогаш одбирајте облека која е направена од природни материјали и пеглајте ја долната облека со цел да ги уништите бактериите кои може да се нашле врз неа.rn

    Лична хигиена

    rnГабичното воспаление создава силна иритација, чешање и бело прање, па токму затоа има и непријатна миризба. Многу е важно редовно и правилно да ја одржувате вашата интимна хигиена. Никогаш не користете жешка вода за миење на интимната област и избегнувајте ги сапуните, особено оние кои се парфимирани. Исто така не се препорачуваат ниту миризливите тампони и влошки, барем не додека имате инфекција.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 работи кои вашата вагина се обидува да ви ги каже. Кога само почесто би ја слушале…

    10 работи кои вашата вагина се обидува да ви ги каже. Кога само почесто би ја слушале…

    Иако вагината е дел од вашето тело, таа си ја гледа својата работа во која е многу самостојна. Таа знае како да се заштити, како самата да се исчисти, да се излечи, но најважно, вагината ќе ви каже кога нешто не е во ред со остатокот од вашето тело.rnrn10-raboti-koi-vashata-vagina-se-obiduva-da-vi-gi-kazhe-koga-samo-pochesto-bi-ja-slushale-kafepauza.mkrnrnБидејќи вашата вагина има свои начини на кои ве известува што се случува со вашето тело, би требало да ја слушате што има да ви каже. Ова се 10 нешта кои би требало да ги слушате кога таа ви „зборува“.rn

    1. Си јадела кромид

    rnАко не можете да се сетите што сте јаделе за вечера минатата ноќ, едно помирисување на вагината може да ви каже сè што сте сакале да знаете. Она што го јадете има големо влијание на миризбата на вашата вагина. Храната како аспарагус, кромид, црвено месо и брокула прави вашата вагина да мириса посилно од вообичаено, во споредба со јогуртот, овошјето, дивите житарици кои ја одржуваат нормалната pH вредност на вашата вагина.rnrnИако вашата мокрача може да се врати во нормала после неколку празнења, после јадењето аспарагус, на вашата вагина може да ѝ треба повеќе време, што е нормално.rn

    2. Бремена си

    rnНајпознатите знаци за бременост се изостанувањето на менструацијата и наглото натекување на градите. Но, вагината открива повеќе од недоаѓањето на месечниот циклус со цел да ви укаже на бременост. Тогаш таа произведува многу повеќе леукореја (вагинален секрет кој понекогаш го забележувате на гаќичките), бидејќи нивото на естроген се зголемува кога сте бремени.rnrnИсто така, тогаш многу повеќе сте склони на габични инфекции заради сиот тој естроген.rn

    3. Под стрес си

    rnСтресот не се одразува само на вашата психичка состојба, туку и на вашата вагина, која под негово влијание станува сува и многу поподложна на габични инфекции. Кога нашите тела страдаат како резултат на нерамнотежа, лактобактеријата не успева да ја спречи кандидата во прекумерното растење, оставајќи ви симптоми на чешање, миризба и засирување.rn

    4. Имаш инфекција

    rnВашата вагина самата се труди да го зачува вашето здравје, па кога и да имате инфекција, таа ќе ви даде голем знак во вид на болка или секрет.rnrnМиризбата на риба во комбинација со жолта, зелена или сива боја е скоро сигурна индикација дека имате вагиноза, што лесно се третира со антибиотик.rnrnДоколку секретот е во вид на урда и е проследен со вагинално чешање, надворешно и внатрешно, значи дека веројатно имате габична инфекција.rnrnПенест вагинален секрет кој мириса на расипани јајца многу веројатно е знак на трихомонијаза.rnrnАко имате ваков секрет, вашата вагина ви кажува дека треба да одите на доктор, веднаш!rn

    5. Овулираш

    rnКога жената овулира, таа има 30 пати повеќе вагинален секрет од кој било друг момент во месецот. Ова значи дека зголемена е влажноста на вагината, што и се гледа и се чувствува.rn

    6. Требаше да употребиш кондом

    rnЧудна миризба? Секрет каков што не сте имале претходно? Необјаснива болка или печење? Вагинални плускавци, отоци и нешто што личи на карфиол? Да, вагината овој пат ви се дере да одите на гинеколог.rn

    7. Ќе добиеш

    rnПред да добиете, вагиналниот секрет станува многу пообемен. Ова всушност се смета за прв ден од вашиот циклус, иако сè уште не крварите. Во ова време вагината почнува да боли и станува посензитивна одошто кој било друг период од месецот.rn

    8. Возбудена си

    rnКога сте возбудени, вашата вагина обично го знае тоа пред да дознае вашиот мозок. Зависно од интензитетот на возбудата може да почувствувате нежно скокоткање на вашата вагина, зголемување на протокот на крв во тој дел и жива вода препони полни со вагинален секрет кој ве подготвува за сексуален однос.rn

    9. Си претерала со јаглехидратите

    rnНе само што не се пријатели на диетите за слабеење, јаглехидратите не се добри ни за вагината. Пица, тестенини, колачи, пецива, торта, алкохол – всушност сè што е убаво во животот – има доволно шеќер за да ја подложи вашата вагина на габична инфекција. Сите тие слатки деликатеси го подигнуваат нивото на гликоза што ѝ дозволува на кандидата да се закачи за вашите вагинални клетки и да не ги пушти.rnrnИсто така ослабениот имунолошки систем што може да резултира со зголемено внесување на јаглехидрати, може да биде ризик за фаќање габична инфекција.rn

    10. Доживуваш оргазам

    rnКога надоаѓа оргазмот, работите почнуваат да се движат таму внатре. Не се само ѕидовите на матката, туку и вагината и анусот. Можете да го почувствувате притисокот кој се насобира во вашата вагина како што карлицата се подготвува да ја направи својата работа. Штом го доживеете врвот, сето треперење во внатрешноста преминува во праволиниски контракции како што вашите вагинални мускули се стегаат и отпуштаат.rnrnАко го искусите тоа, во комбинација со пријатен излив кој го обзема целото ваше тело и вагинално скокоткање, големи се шансите дека штотуку сте доживеале оргазам. Колку фино од вашата вагина што ви го кажа тоа, нели?

  • Што ви кажуваат дланките за вашето здравје?

    Што ви кажуваат дланките за вашето здравје?

    Редовните лекарски прегледи се препорачливи ако не и задолжителни. Но, бидејќи телото е систем кој функционира како целина, лесно може и самите да си направите преглед. На пример, со еден поглед кон вашите дланки може да проверите дали имате проблем со циркулација, анемија и сл. Погледнете ги вашите дланки и проверете дали имате некој од овие 6 симптоми.rnrnШто ви кажуваат дланките за вашето здравје?rn

    1. Проблем со циркулација

    rnАко врвовите на вашите прсти често се посинети или бели, сигурно и сами би претпоставиле дека имате проблем со циркулацијата. Станува збор за Рејнодовиот синдром кој се манифестира со отежната циркулација на крвта до одреден дел од вашето тело, најчесто прстите. Слабата циркулација е резултат на изложување на ниски температури, или пак стрес. Жените се повеќе изложени на овој синдром, како и луѓето кои живеат на ладни места. За среќа, за да се справите со слабата циркулација само треба да ги стоплите дланките, а доколку состојбата се влошува постојат лекарства кои ќе ви ја подобрат циркулацијата.rn

    2. Вашата тироидна жлезда може да не работи правилно

    rnАко вашите прсти често отекуваат може да биде поради проблеми во функцијата на тироидната жлезда. Секако, не секогаш отечените прсти се резултат на бавен метаболизам. На пример, прстите може да ви отекуваат доколку патувате со авион, јадете многу солена храна, изложени сте на прекумерна топлина или сте во ПМС. Но, ако прстите често ви отекуваат без причина и без некој од горенаведените синдроми, консултирајте се со лекар и направете проверка на крвта.rn

    3. Можеби имате артритис

    rnПогледнете ги вашите прсти. Доколку се накривени или деформирани, може да имате артритис. На ризик се изложени постарите, а артритисот има и други симптоми како болка во зглобовите на рацете и прстите и непријатно чувство. Задолжително консултирајте се со лекар, а за ублажување на болките докторот ќе ви препише лекарства и ќе ви предложи да чувате мраз врз болното место. Доколку состојбата се влоши се препорачува физикална терапија, па дури и операција.rn

    4. Можеби сте анемични

    rnЕве еден тест. Испружете ја левата рака на рамна површина. Со показалецот благо притиснете врз секој од ноктите на левата дланка. По пуштањето, месото под вашиот нокт треба за брзо време повторно да ја врати розовата боја. Доколку остане подолго време бел, може да биде знак на ниско железо во крвта. За да се изборите со слабокрвноста прво обрнете внимание на исхраната и на сите прехранбени продукти кои содржат железо како зелените растенија и местото. Исто, доколку проверката на крвта ви покаже дека вашето железо е многу ниско, консултирајте се со лекар кој ќе ви препише апчиња кои ќе го покачат нивото на железо во крвта. Не заборавајте дека проверката на крвта треба да ја правите често, особено доколку еднаш сте биле дијагностицирани со ниско железо.rn

    5. Може да имате проблеми со срцето или белите дробови

    rnПогледнете ги врвовите на вашите прсти. Дали изгледаат несиметрични со зглобовите на прстите, односно стануваат поголеми од зглобовите? Тоа може да биде резултат на ниското ниво на кислород во крвта, токму поради циркулаторните проблеми на срцето или белите дробови. Ова е сериозно, па што е можно побрзо консултирајте се со лекар, што може дури и да ви го спаси животот.rn

    6. Може да имате инфекција во циркулаторниот систем

    rnПогледнете ги ноктите на вашите прсти. Доколку под нив има црвенкасти или кафеави линии, назиглед како деланки, задолжително побарајте совет од медицинско лице. Ова може да е резултат на мали крвавења поради згрутчување на крвта предизвикано од инфекција на срцето или крвта. Во случај на инфекција, може да имате и други симптоми како треска, што ја прави ситуацијата уште посериозна. Може и да не е толку опасно, па линиите да исчезнат сами, но ништо не губите доколку се осигурате со проверка на лекар.

  • Дали ниските температури предизвикуваат настинка?

    Дали ниските температури предизвикуваат настинка?

    „Облечи се повеќе, ќе настинеш“ е можеби најчестата реченица која секој ја слуша од своите родители, посебно кога надвор има пониски температури. Покрај родителите, во истото пробуваат да нè убедат и различните ТВ серии, филмови, па дури и анимираните.Дали ниските температури предизвикуваат настинка?Но, за наша среќа науката открила дека ништо нема да ни се случи ако излеземе надвор без јакна. Сè уште не постои доказ кој ја поврзува ниската температура со зголемување на можноста да „фатиме“ еден од над 200-те вируси кои можат да ја предизвикаат таа инфекција.rnrnНастинките се пренесуваат од личност на личност, односно ако преку кивање се пренесе вирусот до носот на личноста која била во непосредна близина. Настинката е најчеста во зима бидејќи студот ги тера луѓето да бидат повеќе затворени во топли простории каде што има ограничена вентилација и поблиска изложеност на оние кои веќе го поседуваат вирусот во себе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали е безбеден сексот во вода?

    Дали е безбеден сексот во вода?

    Сексот во вода звучи навистина возбудливо. Кога сте во базен или езеро, вие сте речиси голи, па зошто да не го направите тоа? Пред да се одлучите на ваков чекор, мора да бидете свесни за негативните страни на сексот во вода. Пред сè запрашајте се колку е тоа безбедно. Сексот во вода не е добра идеја, особено за жените.rnrnДали е безбеден сексот во вода?rn

    Кондомите и водата едноставно не одат заедно

    rnЗа сексот во вода важат истите правила – мора да биде заштитен. Најголем мит, а воедно и глупост е тоа дека во вода не можете да забремените. Доколку зборуваме за секс во када, треба да знаете дека жешката вода може сериозно да влијае врз издржливоста и квалитетот на кондомот. Исто така, без разлика дали станува збор за секс во када, езеро или базен, веројатноста за кондомот да се излизга и падне е голема, особено поради средствата кои се користат како лубриканти.rn

    Влажност

    rnЌе помислите дека сексот во вода допринесува за поголема влажност. Лага! Водата ги мие природните течности од вагината, па сексот во вода може да биде болен и непријатен како за жените, така и за мажите. Доколку сепак се одлучите на секс во вода, најдобро би било да користите силиконски лубриканти бидејќи се водоотпорни.rn

    Несакани појави, инфекции

    rnНа ова особено треба да внимаваат жените и девојките. Водата од езерата, реките, базените, морињата, содржи многу бактерии и најверојатно последиците од ваквиот секс ќе бидат несакани и непријатни инфекции. Водата од базените содржи многу штетни хемикалии како хлорот, додека пак солената вода од морето со сигурност ќе ви донесе непријатности. Исто така, погрешно е пробувањето да се користат купките или геловите за туширање како лубриканти, бидејќи тие се вистински непријатели на чувствителната слузокожа.rn

    Други алтернативи

    rnБи било најдобро водата да ја користите за предигра. Може да ја загреете атмосферата во вода, а потоа да излезете на суво. Во домашни услови, доколку сакате да пробате нешто ново, можеби би било подобро да имате секс под туш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Умници – што да се прави со нив?

    Умници – што да се прави со нив?

    Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnСе викаат умници само затоа што никнуваат во периодот од 17 – 25 година од животот. Тоа се всушност третите катници (молари), заби кои најчесто ја добиваат дијагнозата: заглавен (импактиран) заб.rnrnТоа значи дека забот не се гледа во усната празнина (иако некогаш може и да се гледа) и не може да ја постигне правилната положба. 9 од 10 луѓе имаат барем по еден заглавен умник, додека третина од популацијата ги нема воопшто.Умници - што да се прави со нив?Треба да го имате предвид следново:rn

      rn011

    • Само затоа што не ги гледате во вашата уста, не значи дека ги немате!
    • rn011

    • Само затоа што ништо не ве боли, не значи дека немате проблем со нив!
    • rn

    rnИмено, импактираните трети молари се придружени со следниве состојби:rnrn1. инфекција на околното ткивоrn2. кариес (кој може да го зафати и здравиот соседен втор молар)rn3. циста во коскеното ткиво околу забот.rnrnАко имате импактирани умници, а не ви се случило ништо од наведеното, тогаш може да размислувате за тоа да си ги чувате како такви. Но, најважно е да се има ситуацијата под контрола, со редовни рендгенски контроли (на 1-2 години) за да се избегнат состојбите кои можат да се развијат без некои симптоми (како цистата).rnrnРутинската екстракција која се практикуваше во минатото, веќе не се применува. Одлуката за вадење се донесува во консултација со специјалист по орална или максилофацијална хирургија или специјалист ортодонт. Посебно внимание треба да се посвети на случаите во кои забот на рендгенската снимка е во непосредна близина на еден канал во долната вилица низ кој минуваат нервни и крвни садови.rnrnСамата процедура е безболна, почести се полесни постоперативни компликации (оток, болка, инфекција) поради кои најверојатно ќе си добиете еднодневно боледување во дружба со  ладни облоги и една доза антибиотик.rnrnЕдно е сигурно, со нивното вадење, умот НЕМА да го изгубите!rn

    rn Авторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи?

    Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи?

    Сигурно мислите дека внимавате на хигиената на вашите очи откако носите контактни леќи, во однос на начинот на кој ги измивате и користите, но тоа најверојатно е далеку од вистината.rnrnНовото истражување спроведено од магазинот „Optometry and Vision Science“ покажало дека само незначителни 2% од луѓето кои носат леќи ги следат правилата кои се однесуваат на хигиената, додека 80% од луѓето се во заблуда дека внимаваат на хигиената и правилно ги користат – известува британскиот медиум „NPR“.rnrnДали хигиенски ги користите вашите контактни леќиrnrnНајлоши навики за оние луѓе кои носат леќи се кога тие спијат, се капат и пливаат без да ги извадат и не ги заменуваат на време, туку откако ќе ми истече рокот – известува NPR. Друга нехигиенска навика е потопувањето на леќите во употребениот раствор во кутичето за леќи, наместо секојдневно менување на течноста, како и фактот дека многу ретко ни текнува да го смениме кутичето за леќи и покрај тоа што добиваме ново, со секоја купена течност.rnrnВо ова истражување, 72% од испитаниците се изјасниле дека почувствувале некаква неудобност поврзана со носењето леќи, а 47% пријавиле дека им се има појавено инфекција на очите од леќите.rnrn„ABC news“ ги истакнува потенцијалните проблеми кои можат да настанат од несоодветната хигиена на леќите. Помалку опасен проблем е конјуктивитисот, воспаление кое настанува како резултат на бактериска инфекција. Почетни симптоми се чешање и печење на двете очи, чувство на туѓо тело во окото, црвенило и замаглен вид. Неколкудневно користење капки за очи и соодветна нега, би требало да го решат овој проблем. Најопасно е инфицирањето од бактериите псевдомонади, акантамеба и е-коли, кои можат да предизвикаат губење на видот или целосно губење на окото.rnrnДали хигиенски ги користите вашите контактни леќиrnrnД-р Двајт Каванаг, кој го водел ова истражување, вели дека постојано има пациенти кои го губат видот, а биле инфицирани од бактеријата псевдономади. Има и пациенти инфицирани од амеба, бидејќи се туширале или капеле в езеро со нивните леќи.rnrnЗа да се минимизира ризикот од овие компликации, Американската академија за офталмологија, Здружението на офталмолози за контактни леќи, Здружението Рожница и Американското здружение за рефрактивна хирургија и операција на очно перде, ги нудат следниве совети:rn

      rn011

    • Пред секое допирање на леќите, измијте ги рацете со сапун и вода и убаво исушете ги со крпа која не испушта влакненца.
    • rn011

    • Избегнувајте контакт на леќите со вода (пред да пливате, извадете ги).
    • rn011

    • Никогаш немојте да ги измивате или да ги чувате леќите во вода, без разлика дали е стерилизирана или од шише.
    • rn011

    • Никогаш немојте да ги навлажнувате леќите со вашата плунка (во неа има многу бактерии).
    • rn011

    • Физиолошкиот раствор и капките за навлажнување на очите не ги дезинфицираат леќите.
    • rn

    rnДали хигиенски ги користите вашите контактни леќиrn

      rn011

    • Фрлете ги вашите стари леќи и заменете ги со нов пар кога ќе им помине рокот на употреба. Користете ги онолку, колку што ви кажал вашиот очен доктор.
    • rn011

    • Секојдневно измивајте ги вашите леќи со течноста за леќи и редовно менувајте ја онаа во кутичето за леќи.
    • rn011

    • Додека ги чистите леќите, нежно протривајте ги со вашиот прст и потоа исплакнете ги со течност за леќи.
    • rn011

    • Измијте го кутичето со течност за леќи, а не со вода и потоа оставете го да се исуши на воздух.
    • rn011

    • Најубаво е да ги менувате вашите леќи на секои три месеци.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.