При уредувањето на бањата сè повеќе луѓе се одлучуваат на туш наместо када. Туш кабината зазема помалку простор, што ја прави попрактична од кадата и лесно прилагодлива во секој стил на бања.rnrn
rnrnПостојат трендовски туш кабини со целосно транспарентно стакло, но ако овој тренд е премногу смел за вас и сакате поголемо чувство за приватност додека се туширате, секогаш можете да изберете параван кој не е целосно транспарентен.rnrn
rnrnТушот е добро решение и за најмалата бања, а постојат и модели кои имаат вградено седиште, така што не треба да стоите цело време за време на туширањето. Погледнете ги овие идеи за уредување на вашата бања, каде ви прикажуваме 15 кабини за туширање што ќе ве натераат да заборавите на кадата во бањата.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да ги откриете и трендовите за уредување на ентериерот во 2020 година.
Tag: идеи
-

15 туш кабини со кои ќе заборавите на кадата во бањата
-

Кои 4 улоги кои треба да ги активирате во себе за да бидете целосно креативни?
Дали сакате вашата креативност да ја подигнете на највисокото можно ниво? Не само да имате „луди“ идеи, туку и да ги реализирате и да создавате извонредни нешта?rnrnПостојат четири различни улоги во кои треба да се „влезе“ за вашиот креативен процес да биде што е можно поефективен. Секоја од нив бара да играте различни карактери, со различен начин на размислување и вештини.rnrnТие улоги се: истражувач, уметник, судија и воин.rnrnНаучете како полесно да ја ослободувате вашата креативност и како да ги совладате вештините што секој од овие карактери ги бара.rn
1. Истражувачот
rn
rnrnИдеите не „паѓаат од ведро небо“. За да ги добиете, прво треба да ги соберете потребните материјали: факти, концепти, искуства, знаење, чувства – од тоа се составени идеите. За да го добиете сето тоа, потребно е постојано да бидете љубопитни и да истражувате.rnrnИстражувачот е секогаш во потрага по нови работи. Тој е релативно љубопитен и никогаш не се ограничува на одредена област. Имајте идеја како да ги поврзете точките. Но, прво и најважно, ви требаат многу точки кои треба да ги поврзете – потребно ви е „гориво“ за создавање нови идеи.rnКако да го развиете истражувачот во вас?
rnБидете љубопитни и будни. Ѕиркајте во непознатите области. Бидете како дете така што ќе му обратите внимание на светот и ќе бидете приемчиви кон него. Повторно откријте ја забавата при дознавањето на нештата.rnrnПробувајте што повеќе начини. Не ограничувајте се на веќе испробаното и на познатото. Прочитајте поразлични книги и изгледајте поразлични филмови од оние што ви се допаѓаат. Исто така, дознајте ги и информациите што „никогаш не би ги користеле“. Барајте различни области на знаење.rnrnРазговарајте со многу различни луѓе. Запознајте се со многуте различни перспективи. Разговарајте со странци. Не ограничувајте се само на стручните совети.rn
2. Уметникот
rn
rnrnУметникот има идеи. Тој ги зема „суровините“ од истражувачот и ги комбинира на нови начини.rnrnКога луѓето велат дека некој е креативен, тоа обично се однесува на нечија уметничка страна. Уметникот ги стекнува идеите претежно преку испробување на нови нешта. Тој ја користи својата фантазија преку преуредување, вртење на работите наопаку, мешање на нештата. Тој применува различни пристапи и наоѓа неочекувани врски меѓу нештата. Разигран е и не се грижи за тоа што луѓето очекуваат од него.rnКако да го развиете уметникот во вас?
rnПоставете ги „мускулите“ на вашата идеја. Запишувајте ги новите идеи додека ви надоаѓаат, тоа го стимулира вашиот мозок да генерира сè повеќе идеи. Исто така, користете методи за намерно создавање идеи: направете список со 100 нешта кои можат да прераснат во конкретна идеја, задајте си задача секој ден да „произведувате“ одреден број идеи или пак пробајте ја техниката „SCAMPER“.rnrnИграјте! Сите знаеме дека најефективниот начин да создавате нови идеи е доколку притоа се забавувате. Никогаш не сфаќајте ги проблемите премногу сериозно. Забавувајте се и одржувајте го вашиот мозок свеж и подготвен.rnrnКористете ја вашата имагинација. Оставете ја практичноста настрана, дозволете ѝ на вашата имагинација да „беснее“ и да визуелизира нови можности. Не плашете се да прашате „А, што ако…?“ бидејќи така ќе се расплетат новите реалности.rn
3. Судијата
rn
rnrnСудијата прави сè за да „остане реален“. Неговата работа е да ги анализира лудите идеи на уметникот и да процени дали тие се практични во реалниот свет.rnrnСудијата ги доведува во прашање претпоставките; тој споредува и решава. Проверува колку се изводливи идеите. Без разлика колку уметникот ги сака, судијата бара противаргументи, ја проверува евиденцијата и донесува одлуки. Комбинирајќи го чувството во стомакот и аналитичките алатки, судијата мора да ги одобри само изводливите идеи.rnrnСудијата добива лоша репутација, но само заради тоа што луѓето обично го повикуваат премногу рано. „Убивањето“ на идеја со која уметникот уште не си поиграл е вистинска штета. Нејзиното уништување подоцна пак, честопати е неопходност.rnКако да го развиете судијата во вас?
rnРазвијте критичко размислување. Проверете ги вашите претпоставки, експериментирајте со хипотези, анализирајте ги резултатите и извлекувајте заклучоци. Бидете господар при донесувањето одлуки.rnrnБидете свесни за „стапиците“ при размислувањето. Вашиот ум може да ве измами. Бидете секогаш свесни за вашата пристрасност. Постојат повеќе начини на кои вашето размислување може да тргне наопаку.rnrnБидете реалистични. Дали идејата ќе ви возврати на посакуваниот начин? Дали имате доволно ресурси да се случи тоа? Дали сте подготвени да вложите доволно напор да се случи тоа? Бидете практични и приземјени.rn
4. Воинот
rn
rnrnШтом имате идеја подготвена да биде реализирана, сфатете дека светот ќе се постави на тој начин за да ви помогне да добиете нова. Непријателите може да бидат надворешни: конкуренцијата може да биде жестока или луѓето можеби едноставно да не ги разбираат вашите добри идеи. Пострашни од надворешните се непријателите во вас: размислете за вашиот отпор, изговорите и стравот од неуспех.rnrnЗадачата на воинот е да се вложи во тоа идеите да се случат. За тоа не ви треба само стратегија и план за акција, туку и време да се изборите за нив.rnrnТоа значи да останете продуктивни, да развиете флексибилност и храброст да ги надминете пречките и се разбира, да бидете во можност да ги „продадете“ вашите идеи за да го материјализирате трудот.rnКако да го развиете воинот во вас?
rnНадминете го отпорот. Кога создавате нешто ново, отпорот неминовно постои. Треба да пронајдете начини за надминување на одлагањето и да останете продуктивни секојдневно.rnrnБидете храбри. За да направите работите да се случат, треба да се ослободите од сомнежот и да го победите стравот од неуспех.rnrnПробајте да ја продадете вашата идеја. Дали вие сте единствените кои мислат дека таа идеја може да успее? Можете ли да ги убедите и другите дека се работи за добра идеја? Доколку не наоѓате истомисленици помеѓу луѓето кои би можеле да инвестираат во вас, веројатно и да заживее, таа идеја нема да трае долго.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 10-те трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста.
-

Идеи за маникир за празничниот период што следува
Жените со радост го пречекуваат овој период од годината затоа што можат да експериментираат со својот маникир. Постојат премногу празнични дезени со коишто ноктите ќе ви изгледаат прекрасно за време на новогодишните и божиќните прослави. Погледнете неколку предлози и изберете го маникирот што најмногу се вклопува во вашиот стил.rn
1. Апстрактни новогодишни елки
rnНовогодишни елки, но модерни. Овие едноставни зелени линии изгледаат одлично на безбојна, сјајна основа.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
2. Светки
rnАко не сакате нокти со премногу светки, тогаш овој предлог е одличен избор за вас.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
3. Небесни sвезди и месечини
rnОдлична замена за новогодишните и божиќните дезени.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
4. Едноставни sвезди
rnЅвездите се модерни во текот на целата година, но за Нова година и Божиќ со ваков маникир ќе изгледате посебно. Нека бидат во бела или во металик сребрена боја.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
5. Црвени и бели точки
rnАко не сте голем љубител на впечатливите дезени или не сакате нешто премногу празнично, пробајте ги овие едноставни точки во боите на Дедо Мраз.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
6. Црвен сјај
rnНема ништо повеќе божиќно од црвениот сјаен лак. Едноставен, но впечатлив.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
7. Сјајни црни нокти
rnНема ништо помодерно од црниот сјаен лак, а можете да го комбинирате со секој вечерен аутфит.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
8. Шеќерни бастунчиња
rnНе ќе можете да му одолеете на овој дезен. Комбинирајте го со црвен светкав лак на домалиот прст.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
9. Снегулки
rnКомбинирајте ги традиционалните снегулки на тегет основа со светки со сребрен сјај.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
10. Срца
rnУште еден дезен што е модерен во текот на целата година. Љубителите на срца ќе се чувствуваат прекрасно со овој маникир.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
11. Металик златна боја
rnСакате нешто пријатно и сјајно? Ова е одлична комбинација за вас.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПогледнете ги и овие стилски модни комбинации во кои доминираат чизмите над колена.
-

20 интересни подароци за оние кои велат дека „не им треба ништо“
Што да им купите на „минималистите“ кои велат дека ништо не сакаат, ниту им треба – а всушност ви препорачуваат да не трошите пари на подароци кои ќе им создаваат неред или ќе им собираат прашина? Ако барате совршен подарок за вашите пријатели или најблиски, можеби овие идеи ќе ве инспирираат.rnrn
rnРезервирајте им авантура
rnПодарок во вид на доживувачко искуство е одлична идеја. Размислете за скијање, јавање, возење со хеликоптер или прошетка со чамец. Овие подароци можат да им помогнат да дознаат нови работи за местото или градот што го посетуваат.rn
Набавете им влезници
rnВлезници за концерт, филм или претстава се одлични подароци за минималистите. Тоа може да биде културно случување, прошетки, спортски игри и слично. Купете две карти и ова нека биде ваше заедничко искуство.rn
Дарувајте им го своето време
rnЗакажете состанок со нив, и изнесете ги на кафе или филм. Може да биде и попладневна прошетка во паркот или само разговор преку телефон.rn
Помогнете им да закопаат во своето минато
rnУслугите кои нудат ДНК тестирање помагаат да проверите од каде потекнувате. Со ова може да ја откриете историјата, минатото и етничката припадност, како и да направите семејно стебло.rn
Дарувајте семе за нови билки
rnЉубителите на билките и градинарството ќе го ценат семето. Можете да најдете секакви видови семиња онлајн, па дури и можете да направите цела корпа со разни семиња за зеленчук, цвеќиња и билки.rn
Дарувајте претплата на некоја онлајн услуга
rnТука мислиме на услуги како што се Нетфликс, или ХБО, па дури и Амазон Прајм. Сепак не ги занемарувајте и годишните членства во локалните музеи, зоолошки градини, ботанички градини и други културни институции.rn
Пратете цвеќе
rnПосетете ја локалната цвеќара за едноставен цветен аранжман, или пратете цвеќе преку достава.rn
Запишете ги за некое предавање
rnМногумина сакаат да научат да свират на некој музички инструмент, или да земат часови по танцување, фотографија, креативно пишување или готвење. Вложете во нивната креативна или професионална иднина со плаќање на предавање. Дури и ако се занимавале со тоа хоби, добро е да се усовршат.rn
Подарете им нешто за јадење или пиење
rnШише добро вино или ликер, кутија убави чоколатца или добро сирење се подароци кои секогаш се ценат, а не заземаат многу простор во домот. Можете да бидете креативни и да направите ваши колачиња или џемови.rn
Дарувајте им картичка
rnНекои мислат дека картичките може да бидат безлични, но картичките за ручек во омилениот ресторан и слично може да биде прекрасен персонализиран подарок.rn
Донирајте во нивната омилена хуманитарна организација
rnАко вашиот пријател е филантроп, направете донација во неговата омилена организација. Одете чекор подалеку и волонтирајте во некој проект кој му значи.rn
Почестете ги со вкусен оброк
rnОрганизирајте вечера кај вас дома и згответе нешто, или заедно излезете на вечера. Ќе се поврзете за работи кои ги сакате.rn
Пратете ги на прошетка за храна и пиење
rnБез разлика дали се работи за пивница или фабрика за чоколада, ќе биде интересно но и поучно.rn
Организирајте им достава на грицки
rnИмате пријател кој сака грицки? Договорете да им се доставуваат дома – редовна достава со која ќе се сети на вас секогаш кога ќе им стигне пакет.rn
Организирајте забава кај вас дома
rnЗа забава дома не треба многу, ама осигурете се дека имате доволно пијалаци.rn
Направете дигитална фото-книга
rnНаправете персонализиран видеозапис и ставете го на ЦД. Скенирајте и некои испринтани слики и направете видео или фото колаж.rn
Купете им веб домен
rnИмате пријател кој се обидува да започне бизнис? Купете му веб адреса, и потоа сменете го сопственикот на нивниот имејл.rn
Подарете им електронска или аудио книга
rnЕлектронските книги или аудио книгите се одлични подароци за оние кои сакаат да имаат библиотека на својот електричен уред. Амазон овозможува да купите е-книги.rn
Дарувајте им ги своите услуги
rnПлатете им за маникир или масажа. За тоа време, понудете се да им го исчистите станот, прошетате кучето или да им ги чувате децата. Може да ги чувате децата и цел викенд, доколку се нови родители.rnrnПрочитајте и за овие 8 ретро подароци кои сè уште треба да ги подаруваме.
-

5 алтернативни начини за пренамена на детската облека што децата ја надраснале
Децата растат многу брзо и поради тоа речиси секоја сезона им треба нова облека. Како што купувате нови алишта, старите остануваат во плакарот, во подрумите или на таванот подолго отколку што треба. Старата облека не само што зафаќа дополнителен простор туку не може повеќе да се користи бидејќи е мала и износена. Наместо да ги оставите да стојат и да зафаќаат непотребен простор во вашиот дом, ние ви даваме идеи што би можеле да ги употребите за да ѝ најдете нова намена на старата детска облека.rn
1. Донирајте ја
rn
rnrnДонирајте ја облеката во некоја добротворна организација, иако тоа изгледа многу полесно да се каже отколку да се направи. Донирањето подразбира планирање и перење. Најпрво одберете која облека ќе ја донирате, сортирајте ја и откако ќе ја исперете ќе треба да одлучите каде ќе ја однесете. Можеби облеката ќе разбуди кај вас сентиментални чувства, на пример некое парче облека ќе ве потсети на првиот ден од тргнување на училиште или некој посебен настан од животот на вашето дете. Оставете настрана некои од тие парчиња доколку не можете да се одделите од нив, но ограничете се на мал број. Потоа купот од облеката што сте ја испрале и исушиле убаво здиплете го. Ви останува само да закажете погоден датум кога ќе го направите донирањето.rn2. Направете уникатни рачни чанти
rn
rnrnТрансформирањето на несаканите материјали во производи што ќе вредат е добро за вашата средина и за вашиот џеб. Старите детски маички имаат совршена големина за да се направат рачни чанти – сè што ви треба се само еден пар ножици.rnrnМаичката со кратки ракави се здиплува на половина, а ракавите треба да се во рамна една линија. Пресечете ги ракавите заедно. После тоа пресечете го деколтето и формирајте широк отвор за чантата оставајќи доволно материјал за рачките. Пресечете отвори во ширина на палецот од почеток на долниот дел од маичката и потоа врзете ги во јазли формирајќи ја основата на чантата. Како алтернативна опција е да го прескокнете кратењето на отворите и наместо тоа сошијте го долниот дел од маичката за да ја направите основата. Завртете ја наопаку и новата чанта е готова. Помладите деца можат да употребат некои креативни начини со цртежи, а постарите можат да прикачат некои апликации со помош на пегла.rn3. Претворете ја маицата во покривач полн со спомени
rn
rnrnАко ви оди шиењето тогаш имаме уште една супер идеја за правење на покривач. Ова е одлична идеја за тие што се сентиментално поврзани со облеката. Колку повеќе растат вашите деца толку повеќе маички се собрани од учество во различни активности. Пресечете ги сите испрани и исушени маички во квадрати зачувувајќи ги деталите од напред и средина. Применете техника за правење покривки, а доколку не сте многу вешти во тоа изгледајте видеа кои ќе ви помогнат за да ги научите основните техники. Ваквиот покривач ќе биде одличен подарок за да се одбележат посебните моменти од животот на вашите деца.rn4. Зачувајте ги хартиените крпи со помош на крпи за повеќекратна употреба
rn
rnrnНа домот секогаш му треба чистење, а старите алишта ќе ви се најдат! Облеката направена од памук ќе ви послужи да направите крпи за миење и бришење. Детските алишта од полиестер се корисни за да ги претворите во крпи за бришење прашина. Со остри ножици од материјалот формирајте си ја посакуваната големина и должина на крпите за бришење.rn5. Претворете ги кошулите во прекривки за сушење коса
rn
rnrnНема полесно од сечењето на стара кошула или блуза и нејзиното наменување за сушење на косата. Ваквите блузи се многу покорисни за сушење на косата без употреба на фен, а тие се и подобра опција отколку да ја завиткате во обичен пешкир за бањање. Впрочем, многу е полесно да ја завиткате косата во ваква блуза отколку во пешкир за бањање.rnrnПогледнете ги и овие креативни идеи што ќе ви се најдат за следното реновирање на домот. -

3 фризури кои се идеални доколку сакате целосна промена
Повеќето жени немаат доволно храброст за експериментирање, барем кога станува збор за нивната коса. Но постојат фризури за кои не ви е потребна голема храброст и кои секогаш излегуваат совршено. Според експертите, следниве 3 фризури одговараат на секаков облик на лицето, па се идеален избор доколку сакате драстична промена, без ризик од грешки.rn
1. Бујни локни
rn
rnrnЛокните можат да го променат обликот на вашето лице и се идеални за романтичен изглед кој им одговара на сите жени. Доколку сакате да го издолжите лицето, одлучете се за подолги, опуштени локни. Спротивниот ефект можете да го постигнете со ситни локни со должина до рамената.rn2. Пикси
rn
rnrnОваа кратка, секси и моќна фризура изгледа неверојатно на секој облик на лице. Доколку имате истакнати јаболкници, се препорачува пикси фризура со подолги шишки, кои ќе го врамат вашето лице.rn3. Лоб
rn
rnrnДолгата варијанта на познатиот боб е дефинитивно најпосакуваната фризура за оваа година. Нејзината популарност се должи на тоа што изгледа одлично на секој облик на лице. Покрај тоа, доволно е само да го промените патецот за да добиете целосно нов изглед. Ова е одлично за жените кои сакаат малку динамика.rnrnДоколку имате кратка коса и сакате мала промена, погледнете ги најмодерните пролетни фризури. -

5 идеи за пролетен соло состанок за возрасни
Доколку сте во вашите 20-ти, најверојатно сè уште се навикнувате да се нарекувате себеси возрасни. На почетокот, оваа етикета може навистина да ве исплаши. Одеднаш сте сфатиле дека знаете да плаќате сметки, имате листа со потребни намирници и имате направено цел распоред до којшто се држите. Па, што ќе се случи следно? На каде ќе се движи вашиот живот?rnrnБидејќи овој период сигурно ви е потребно и време за себе, оваа пролет почнете да одите на соло состаноци. Заслужувате барем неколку часа да се оттргнете од социјалните мрежи и обврските и да создадете сеќавања со себе. Па, погледнете ги овие одлични идеи за пролетен соло состанок за возрасни.rn
1. Одете на шоу во планетариум
rn
rnrnОваа пролет барем еднаш посетете го најблискиот планетариум или опсерваторија. Ова е совршената локација за забава. Ќе можете да научите нешто ново за нашата галаксија и за целиот универзум. Ќе почнете да ги разбирате соѕвездијата и приказните што се кријат зад нив. Можеби ќе научите и нешто повеќе за вашиот хороскопски знак и што тој навистина кажува за вас.rn2. Одете на час по фитнес или танцување
rn
rnrnПролетта е период во кој целиот свет цути, а вие сте соочени со вашите новогодишни одлуки. Снегот е растопен, времето станува потопло, а новите можности постојано се појавуваат. Па, зошто да не ги искористите? Распрашајте се во вашиот град за некој час по танцување. Исто така можете да пробате јога, пилатес, фитнес или каква било физичка активност што ве привлекува. Овде можете да запознаете некој нов пријател, или самите да уживате во целото искуство. Кој знае, можеби ќе ја најдете вашата нова страст.rn3. Усовршете го правењето на вашиот омилен оброк
rn
rnrnКога сте во 20-тите, сигурно ќе сфатите едно нешто – навистина мора да научите да готвите. Пржените јајца и брзата храна за вечера повеќе не се толку забавни. Одлично би било оваа пролет да научите да го подготвувате вашиот омилен оброк. Благодарение на Интернетот, можете да најдете безброј рецепти, па одберете го оној што најмногу ви се допаѓа, купете ги потребните состојки и ќе имате одличен состанок со себеси во вашиот дом.rn4. Преноќете во хотел со спа центар
rn
rnrnРелаксирањето е најважното нешто кога одите на соло состанок. Всушност, ова е нешто што ретко ќе го почувствувате во „реалниот свет“. Почнете да барате хотели и спа центри во ваша близина. Разгледајте ги нивните понуди за масажи, спа третмани и слично. Ова ќе ви биде една од најубавите вечери во животот, а истовремено ќе се подготвите за вистински да ја дочекате пролетта.rn5. Купете сладолед од локална слаткарница
rn
rnrnСостаноците со себе можат да бидат и слатки. Можете да се дотерате да излезете во град, или можете да не правите апсолутно ништо. Исто така можете и да отидете и да се почестите со нешто слатко. Штом ќе се стопли времето, посетете некоја локална слаткарница и порачајте го најпопуларното нешто на менито. Се разбира, можете и да го фотографирате и да се пофалите на социјалните мрежи.rnrnСостаноците со самите себе се навистина неверојатни. Имате можност да се вљубите во нови рецепти, активности, десерти и најважно од сè, одново да се вљубите и во себе.rnrnПогледнете ги и активностите што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате. -

10 чудни идеи што им помогнале на луѓето да заработат милиони
Понекогаш е доволно само да размислувате надвор од кутијата и да сакате да преземете ризик за да направите богатство. Никогаш не знаете која идеја ќе ви донесе профит. Доколку не верувате, прочитајте ги приказните за овие луѓе чии луди идеи им помогнале да заработат милиони.rn
1. Сè што треба да направите е да прашате
rn
rnrnСекој може да заглави во долгови, и да не може да му помогне никој. Карин Боснак пронашла смело решение за оваа ситуација. Кога имала долг од речиси 20.000 евра на кредитната картичка и ја загубила работата, решила да ги замоли корисниците на Интернет за помош. Изненадувачки, многу луѓе сакале да ѝ помогнат на оваа жена. За помалку од 6 месеци, Карин не само што си го исплатила долгот, туку станала и милионер. Потоа успеала и да го зголеми богатството – објавувала книги за нејзиното уникатно искуство и направила веб-сајт.rn2. Медуза како милениче
rn
rnrnМладиот биолог Алекс Ендон се запрашал зошто продавниците за миленици не продаваат и медузи, па решил да го промени тоа. Алекс потрошил 45.000 евра за да направи специјален аквариум со медузи. Во 2010-та година, неколку години откако го започнал проектот, бизнисот почнал да му носи приход од речиси половина милион, а сега заработува и над 1 милион евра годишно.rn3. Сајбер империја
rn
rnrnЕдна популарна игра од минатото наречена „Втор живот“ (Second Life) ѝ помогнала на една наставничка, Аилин Граеф, да стане првата личност што заработила милион онлајн. Таа купувала недвижнина од пиксели, ја поправала, па ја изнајмувала. Во 2006-та година го заработила првиот милион, но не запрела овде. Продолжила да купува земјиште и во други онлајн игри и основала и нејзина компанија.rn4. Скриншот од Инстаграм
rn
rnrnАртистот Ричард Принц сфатил дека во 1980-тите не требало да создадете ништо за да станете познати, да заработите пари и да придонесете во уметноста. Тој користел познати слики, и приватни и од реклами, малку ги менувал и ги изложувал. Потоа ги продавал на аукции за милиони евра. Понекогаш бил и суден, но ги добивал повеќето случаи.rnrnЕдно од последните дела на Ричард се скриншот фотографии направени од обични корисници на Инстаграм, коишто успева да ги продаде за илјадници евра.rn5. Подни ламби во форма на женска нога
rn
rnrnИако можеби сметате дека необичните ламби не би изненадиле никого, Брајан Џоунс успеал да го направи тоа – почнал да продава ламби кои изгледаат како женска нога. Семејството и пријателите го исмејувале, но тој верувал во неговата идеја и сега од неа заработува речиси 1 милион годишно.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?
Серијалот Хари Потер е еден од најпознатите и најпопуларните ширум светот, па речиси и да нема личност којашто не слушнала за светот на волшебниците. Авторката Џ. К. Роулинг успеала да создаде нешто навистина магично, но понекогаш и нејзе ѝ е потребна инспирација. Дали некогаш сте се запрашале од каде ги добивала овие неверојатни идеи? Ако сакате да дознаете, продолжете со читање.rn
1. Безоар
rn
rnrnЗа време на првиот час по напивки, професорот Снејп му поставува прашање на Хари за безоар, наводно моќен противотров. Но овие камења не потекнуваат од волшебниот свет на вештерките и можете да ги најдете и кај нас, обичните смртници. Безоарот е всушност топка од влакна кои не се дигестираат и се собираат во стомакот, најчесто кај козите, кравите и слоновите. Сепак, не очекувајте да ве излекуваат бидејќи воопшто не се противотров.rn2. Каменот на мудроста
rn
rnrnВо „Хари Потер и каменот на мудроста“ (Harry Potter and the Sorcerer’s Stone), Волдеморт е во потрага по нешто навистина моќно – камен што прави злато и го прави неговиот сопственик бесмртен. Но овој камен не е нова идеја. Свитокот Рипли од 16-тиот век прикажан на фотографијата е долг 6 метри и содржи детален рецепт за тоа како да направите ваков камен. Покрај неговата способност да го претвори секој предмет во злато, наводно оној што го имал каменот станувал бесмртен.rn3. Никола Фламел
rn
rnrnНикола Фламел е навистина важен лик во светот на Хари Потер. Сепак, тој бил оној којшто го создал каменот на мудроста. Дали знаевте дека Фламел бил вистинска личност која умрела во 1418-та година? На фотографијата можете да ја видите неговата надгробна плоча. Тој бил земјопоседник во средновековна Франција и постоеле многу гласини дека навистина го пронашол каменот на мудроста. Она што е уште поинтересно е тоа што кога бил откопан неговиот гроб, внатре немало тело.rn4. Мандрагора
rn
rnrnХари Потер и неговите пријатели се запознаваат со ова растение за време на часот по хербологија, а растението е навистина чудно. Во книгите дознаваме дека неговото викање може да убие човек, па сите користат заштита за нивните уши. Исто така овие растенија можат да ги „излечат“ луѓето кои биле скаменети, како што се случува во „Хари Потер и одајата на тајните“ (Harry Potter and the Chamber of Secrets). Во реалноста, коренот на мандрагората навистина наликува на човек, па многу култури му припишале магични својства. Корењата и листовите на ова растение се отровни и можат да предизвикаат халуцинации.rn5. Абракадабра
rn
rnrnВо древните времиња се мислело дека изразот „абракадабра“ има моќ да лекува. Во медицинска книга од 13-титот век со наслов „Liber Medicinalis“, на читателите им е кажано да го напишат целиот збор, а со секое наредно пишување да отстрануваат по една буква (како што е на фотографијата). Потоа магичниот збор се ставал околу вратот со цел да ја намали треската предизвикана од маларија. Во едно интервју од 2004-та година, Роулинг изјавила дека познатата клетва „Авада кедавра“ всушност потекнува од овој збор.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Уникатни начини да го направите крајот на летото незаборавен!
Сигурни сме дека досега веќе сте направиле милион летни спомени што ќе ве топлат за време на долгата, студена зима. Но, со оглед на тоа што се приближува крајот на летото, немате уште многу време да ја заокружите оваа сезона на најдобриот начин. Во продолжение следуваат уникатни начини да го завршите летото со стил!rnrn
rn1. Дигитална детоксикација
rnДодека сите ги објавуваат своите најнови фотографии од плажа на социјалните мрежи, зошто вие да не си дадете малку време да се исклучите од Интернетот? Предизвикајте се на дигитална детоксикација за време на последниот викенд од месецов. Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но брзо ќе си бидете благодарни на себе за одморање на мозокот.rnrn
rn2. Испечатете фотографии
rnНавратете се на фотографиите од целото лето и одберете ги вашите омилени моменти со луѓето што најмногу ги сакате, а потоа испечатете ги. Можете да ги залепите на ѕидот во вашата соба, да ги врзете на врвки заедно со светла или пак, да ги споделите со пријателите, во реалноста.rnrn
rn3. Посетете музички фестивал
rnНема да ви биде тешко да најдете музички фестивали на отворено во текот на летото. Замислете само колку добро ќе си поминете кога ќе ги пеете вашите омилени песни додека сонцето ви ја гали кожата. Звучи како совршениот летен ден.rnrn
rn4. Истрчајте маратон за добротворна цел
rnМожете да разгледате дали се организира некој маратон за добротворна цел, или пак, самите да организирате. Ова ќе биде големо физичко, но и ментално достигнување на коешто без сомнение ќе бидете многу благодарни.rnrn
rn5. Направете журка во двор
rnНаместо да трошите пари по кафулиња, зошто да не се соберете со пријателите и самите да си организирате забава за одбележување на крајот на летото? Можете да си ја пуштите омилената музика, да си ги направите омилените коктели, па дури и да ослободите хартиени фенери и да ги гледате како исчезнуваат некаде високо на ноќното небо.rnrn
rn6. Направете летна музичка плејлиста
rnКако и секое лето претходно, така и ова сигурно сте чуле неколку хитови што би можеле постојано да ги слушате. Но, што е со оние квалитетните и прекрасни песни, што не добиваат толку многу внимание? Издвојте малку време да ги најдете токму овие песни, и направете плејлиста со музика каква што не сте слушале досега.rnrn
rn7. Организирајте потрага по скриено богатство во нов град
rnСите сакаат добра загатка. Па, наместо да се консултирате со мапите на новиот град што ќе го посетите ова лето, обидете се да се движите низ него без никакви насоки. На тој начин ќе откриете нешта што многумина ги пропуштаат, а и ќе се зближите многу повеќе со пријателите или семејството.rnrn
rn8. Разбудете се за изгрејсонцето
rnКога последен пат сте станале толку рано што сте можеле да го гледате изгрејсонцето? Предизвикајте се да го сторите токму ова летово, но прво истражете ја вашата околина за да го најдете најдоброто место на коешто можете да го гледате.rnrn
rnrnПрочитајте ги и овие нспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото.