КАФЕ ПАУЗА

Tag: идеи

  • 10 генијални трикови што сè уште не му се познати на Интернетот

    10 генијални трикови што сè уште не му се познати на Интернетот

    Благодарение на Интернетот, ние знаеме илјадници трикови и тајни кои го олеснуваат нашиот живот и го прават позабавен. Сепак, постојат и трикови кои не можете да ги најдете на Интернет. Во продолжение ви претставуваме 10 такви трикови кои се едноставни, но генијални.rn

    1. Ставете вреќа во кутијата за мачката, а потоа наполнете ја со песок и чистењето ќе биде многу полесно

    rnrn

    2. Ако немате фластер во моментот, исечете парче од хигиенска влошка и залепете го на вашите чевли

    rnrn

    3. За пријатен мирис во тоалетот, додајте неколку капки од вашето омилено есенцијално масло во внатрешниот дел на тоалетната хартија

    rnrn

    4. За свеж мирис за време на чистењето со правосмукалка, ставете малку прашок за перење во ќесата за ѓубре

    rnrn

    5. Рецепт за универзален сос: Измешајте сол, црвен пипер, бибер и кари. Овој сос оди со сè!

    rnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 20 најинспиративни места во светот

    20 најинспиративни места во светот

    Постои верување дека светот е ризичен и опасен. Но, како што добро знаат луѓето кои патуваат, ова е далеку од вистината. Светот всушност е отворен и гостопримлив. Луѓето кои се наоѓаат на другиот крај на планетата не се странци колку што мислиме дека се. Избегајте од секојдневната реалност, и посетете некои од најинспиративните места.rn

    1. Занзибар

    rn(1)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој тропски остров во Индискиот океан е навистина романтично место. Овде можете да одите на сафари, или пак ако се чувствувате авантуристички, да отпатувате до Танзија за да го искачите највисокиот врв во Африка, Килиманџаро.rn

    2. Полуостровот Баха, Мексико

    rn(2)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВториот најголем полусотров ви нуди бегство долго 1.200 километри. Каде и да се завртите, погледот е прекрасен. Пијте коктели и гледајте го залезот на сонцето. Сурфајте на брановите или пак шетајте низ кањоните гледајќи во ѕвезденото небо. Како и да го поминете времето, ќе ги откриете задоволствата кои ги нуди Баха.rn

    3. Бамбусовата шума Арашијама, Јапонија

    rn(3)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnШумата е полна со знаменитости, мали ресторани, продавници и мали бродови. Најдобро е да ја посетите на почетокот на април, или во ноември кога почнуваат да цутат црешовите дрвја.rn

    4. Сосусвлеи, Намибија

    rn(4)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој простор е опкружен со црвен песок и огромни површини со бела солена глина. Можете да го посетите во кој било период.rn

    5. Карпести планини, Северна Америка

    rn(5)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој планински синџир е долг 4.800 километри и 563 километри широк. Поетскиот опис за планините е „’рбетот на континентот“.rn

    6. Мјанмар, Баган

    rn(6)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо овој древен град има 2.000 храмови и тој е вистинска палета од бои. Баган некогаш бил престолнина на кралството и тогаш имал повеќе од 10.000 храмови и манастири.rn

    7. Серенгети, Танзанија, Источна Африка

    rn(7)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnПоголемиот дел од екосистемот на Серенгети се наоѓа во Источна Африка. Паркот Серенгети е дом на многу цицачи и е популарен по неговото африканско сафари.rn

    8. Големиот насип, Ирска

    rn(8)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnЗаштитен од УНЕСКО, овој насип е резултат на вулканска ерупција пред 60 милиони години. Овде можете да видите многу ретки видови растенија како и интересни формации на карпи и камења.rn

    9. Паркот за диносауруси, Канада

    rn(9)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвие суштества живееле милиони години пред луѓето. Ако сте љубители на фосили, ова е вистинското место за вас. Паркот се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, 48 километри од Калгари.rn

    10. Лакипија, Кенија, Источна Африка

    rn(10)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnОвој регион претставува широко пространство полно со диви животни. Овде можете да видите носорози, слонови, лавови и леопарди кои се движат слободно.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Женствени и слатки: Модни комбинации кои ќе посакате да ги облечете во текот на топлите денови

    Женствени и слатки: Модни комбинации кои ќе посакате да ги облечете во текот на топлите денови

    Летото е вистинското време да му додадете една женствена нота на вашиот моден стил, бидејќи резултатот ќе биде феноменален. Во текот на летните денови најдобро е да додадете лелеави парчиња, бидејќи токму тие ќе направат да изгледате помлади и повесели, баш како и самото лето. Затоа ви предлагаме неколку летни комбинации кои можете да ги носите во наредните денови, но и месеци, односно во текот на целото лето.rnrn1-zhenstveni-i-slatki-modni-kombinacii-koi-kje-posakate-da-gi-ponesete-vo-tekot-na-ovie-denovi-www.kafepauza.mk_rnrn1. Еден од трендовите кои се вратија во светот на модата се сосема голите рамена, па таквите блузи и кошули дефинитивно се задолжителни во вашиот гардеробер. Во комбинација со фармерки или елегантни панталони, високи потпетици, ќе имате одличен изглед за која било прилика во текот на денот или вечерта.rnrn2-zhenstveni-i-slatki-modni-kombinacii-koi-kje-posakate-da-gi-ponesete-vo-tekot-na-ovie-denovi-www.kafepauza.mk_rnrn2. Секогаш едноставната модна комбинација можете да ја направите позабавна и автентична со комбинирање на бои кои создаваат вистинска, мала модна „експлозија“. Спојот на црвената и портокаловата, портокаловата и бебешко сината… Сѐ е до вашата фантазија и од тоа како сакате да изгледате во одреден момент.rnrn4-zhenstveni-i-slatki-modni-kombinacii-koi-kje-posakate-da-gi-ponesete-vo-tekot-na-ovie-denovi-www.kafepauza.mk_rnrn3. Кратките здолништа со А крој секогаш ги обединуваат женствениот и младешкиот стил во едно. Доволно сексапилни, а повторно лелеави во стилот на мали принцези, тие се совршено парче облека кое можете да го носите во текот на летото. Комбинирајте ја со едноставна блуза и балетанки кога ви е потребна комбинација за прошетка или на кафе со пријателките, или пак со елегантна блуза и високи потпетици за вечерни прилики.rnrn5-zhenstveni-i-slatki-modni-kombinacii-koi-kje-posakate-da-gi-ponesete-vo-tekot-na-ovie-denovi-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на втората страница за останатите модни идеи…rn

  • Направи сам: 25 летни проекти за подобро расположение

    Направи сам: 25 летни проекти за подобро расположение

    Со целото слободно време кое го имаме за време на летото, понекогаш може да биде тешко да бидеме зафатени. Иако постојат многу летни активности кои се забавни, повеќето од нив не може секој од нас да си ги дозволи. Но за да се забавувате, не е секогаш потребно да трошите пари. Можете да го исполните вашето слободно време со некои од овие проекти!rn

    1. Ананас светилки

    rn(1)apravi-sam-25-letni-proekti-za-podobro-raspolozhenie-kafepauza.mkrnrnНадградете ги обичните светилки со мали ананаси! Покријте ги светилките со конец, обојте ги жолти со спреј и закачете ги.rn

    2. Летен снежен глобус

    rn(2)apravi-sam-25-letni-proekti-za-podobro-raspolozhenie-kafepauza.mkrnrnСнежните глобуси не мора секогаш да бидат полни со снег и да претставуваат зимски ден. Сè што ви е потребно е тегла, некои интересни фигури, малку светки, лепило и глицерин.rn

    3. Фенери со фотографии

    rn(3)apravi-sam-25-letni-proekti-za-podobro-raspolozhenie-kafepauza.mkrnrnЗалепете ги омилените фотографии на некој фенер и ќе добиете уникатен украс.rn

    4. Торта со вкус на лубеница

    rn(4)apravi-sam-25-letni-proekti-za-podobro-raspolozhenie-kafepauza.mkrnrnОваа торта навистина има вкус на лубеница. Тајната е во желе со вкус на лубеница и пире од лубеница.rn

    5. Перничиња за во двор

    rn(5)apravi-sam-25-letni-proekti-za-podobro-raspolozhenie-kafepauza.mkrnrnНаправете си удобни лежалки за во дворот со тоа што ќе поврзете 3 перници за спиење. Ставете ги перниците во водоотпорна навлака, и вашата лежалка е готова.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 летни „униформи“ за деновите кога не знаете што да облечете

    5 летни „униформи“ за деновите кога не знаете што да облечете

    Сите ние генерално се бориме против униформираноста и тоа треба да остане така. Меѓутоа, во моментите кога немате време да се подготвувате и да се средувате, кога не сте во состојба да осмислувате нови идеи, тогаш некои веќе подготвени комбинации може навистина да ви ја олеснат работата. Затоа ви даваме предлози за пет модни комбинации кои секогаш можете да ги носите и да изгледате одлично, без да размислувате дали ќе погрешите во изборот.rnrn0-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_rnrn1. Секогаш при рака морате да имате лесна, едноставна блуза или маица која можете да ја комбинирате со различни парчиња облека. Овој пат изберете здолниште со А крој, со цветен дезен, кое заедно со помала чанта и едноставни балетанки или рамни сандали ќе создаде совршен изглед. Брзо и едноставно, а сосема ефективно, токму она што ви е потребно кога сте во брзање.rnrn1-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_rnrn2. Доколку станува збор за некоја работна, елегантна модна комбинација ви даваме супер идеја за оние утра кога ќе немате инспирација и идеи. Широките, елегантни панталони може да ги комбинирате со обична бела блуза со ракави или без, некои едноставни сандали со висока потпетица, а на крај облечете елек кој изгледа како долго сако, но без ракави. Ќе изгледате одлично во секоја прилика.rnrn2-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_rnrn3. Летото е вистинско време за лесна облека, па сигурно ќе се одлучите за кратки фармерски панталони, а еве како најлесно да ги стилизирате. Изберете сандали со потпетица во некоја интересна боја или пак колоритна, и целата комбинација надополнете ја со обична блуза со пруги. За само неколку секунди ќе добиете модна комбинација која е одлична за прошетка, за кафе со пријателките, за шопинг и слично.rnrn3-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_rnrn4. Нема да ви биде потребно ништо друго освен еден цветен фустан кој самиот по себе потсетува на лето. Фустанот не морате да го носите на стандарден начин, со сандали или со балетанки, туку одлучете се за некои бели, спортски патики со кои ќе постигнете сосема интересен ефект во целокупниот изглед.rnrn4-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_rnrn5. Еве уште една идеја за работна модна комбинација, која секогаш можете да ја искористите и за прошетка со пријателките, за одење во некој бар, па и за некое вечерно излегување. Малку пошироки, машки, бели искинати фармерки во комбинација со високи потпетици и блуза која има поелегантен крој и материјал. Оваа модна комбинација ви дава опција да ја носите каде било и во која било прилика.rnrn5-5-letni-uniformi-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-oblechete-www.kafepauza.mk_rnrnЛетни правила за облекување: Што е дозволено на работното место?

  • 12 евтини начини да го претворите вашиот дом во дизајнерско ремек-дело

    12 евтини начини да го претворите вашиот дом во дизајнерско ремек-дело

    Наоѓањето вистински декор и дизајн за вашиот дом може да биде навистина тешко. Само еден мал детаљ може да го уништи целиот изглед, но за среќа има бројни мали трикови кои можат да ви помогнат, а ќе ве чинат многу малку. Погледнете за што станува збор…rn

    1. Декорирајте го телевизорот со рамка за слика

    rnrn

    2. Постелете рачно изработени килими и дипли

    rnrn

    3. Создадете си ваш камин

    rn(3)12-evtini-nachini-da-g-pretvorite-vashiot-dom-vo-dizjanersko-remek-delo-kafepauza.mkrn

    4. Искористете ги цевките кои останале од поправки

    rnrn

    5. Бидете креативни со дрвените палети

    rnrn

    6. Направете слики од стари предмети кои ви се расфрлани наоколу

    rnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 начини да го поминете овој продолжен викенд како вистинска Италијанка

    5 начини да го поминете овој продолжен викенд како вистинска Италијанка

    Ако некој знае да ужива во животот, тогаш тоа се Италијанките! Но, тоа и не е толку чудно, бидејќи живеат во земјата која има прекрасно вино, највкусни пици и тестенини, кафе кои ги буди сите сетила, сладолед кој е познат во целиот свет, како и дел од најубавите дестинации во цела Европа. Италија е препознатлива по безгрижноста, слободата и живеењето на животот до максимум, па едно е сигурно – Италијанките инспирираат! Исто како нив, овој продолжен викенд обидете се да живеете и да уживате со сите сетила.rnrn1-5-nachini-kako-da-go-pominite-ovoj-vikend-kako-vistinska-italijanka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Капучино + кроасани = љубов

    rnИталијанките својот ден го започнуваат на најубавиот можен начин – со кафе и вкусна ужина. Нивниот појадок обично вклучува нежно капучино и слатки кроасани, па затоа уште рано наутро ќе се упатат во својата омилена кафетерија или пекара. Топлото кафе и слаткиот вкус на тестото автоматски ќе ве разбудат, ќе ви навлечат насмевка на лицето и ќе ве подготват за прекрасниот и возбудлив ден кој е пред вас.rn

    2. Кеј + сладолед = добра забава

    rnСекако дека во вашата италијанска авантура нема да се упатите сами. Повикајте ја вашата најдобра другарка, заобиколете го градскиот превоз и ужасната гужва, седнете во својот автомобил и упатете се кон кејот. Паркирајте се на некоја чистина, отворете ги сите врати и прозорци, вклучете ја омилената песна и направете сами своја забава. Летните хитови се задолжителни! Иако не се наоѓате во Рим за да го јадете нивниот совршен сладолед со сите вкусови, секако дека можете да пронајдете соодветна замена во нашите слаткарници. Освен сладоледот, задолжителни се и сламените шешири и очилата за сонце. Опуштете се и бидете странци во сопствениот град. Секако, предвид доаѓа и некоја лесна прошетка.rn

    3. Тестенини + бело вино = уживање за сите сетила

    rnВреме е за ручек! Во италијански дух, ручекот може да биде тестенини или морски плодови, залиени со бело вино. Ништо друго не доаѓа предвид. Типичните италијански специјалитети се вистинско уживање за сите сетила, а не само што ќе уживате во мирисот и вкусот, туку ќе можете да осмислите и одлична фотографија за Инстаграм. Кој уште може да им одолее на италијанските вибрации?rnrn2-5-nachini-kako-da-go-pominite-ovoj-vikend-kako-vistinsk-italijanka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Возење по градот + радио = странец на домашен терен

    rnВреме е да се вратите во автомобилот и да ја започнете вашата тура низ градот. Признајте, колку пати досега сте поминале неколку ултра познати дестинации во вашиот град и не сте застанале, бидејќи сте биле таму толку многу пати? Што ново можете да видите? Овој викенд сменете го тој став и преправајте се дека сте турист во сопствениот град за да го истражите секое скриено место, секоја скриена уличка, занаетчиска работилница, клупа, споменик… Замислите дека сте во Рим и замислете го тоа чувство на воодушевување кога ќе откриете некоја нова знаменитост. Применете го тоа на вашиот град и ќе започнете да го гледате со други очи. А кога ќе завршите со еден дел од градот, вратете се во автомобилот, погледнете на картата од вашиот град и упатете се на следната дестинација.rn

    5. Пица + омилената ноќна дискотека = вечер за паметење

    rnОд толку истражување сигурно ќе огладнете. Затоа е време со вашата другарка да се почестите со најдобрата пица во градот, а додека уживате во ова совршенство, осмислите план за вечерта. Италијанките никогаш не пропуштаат добра забава, па затоа вашата омилена ноќна дискотека е логичен завршеток на овој возбудлив ден. А кога ќе ја повратите силата со овој славен италијански специјалитет, подготвени сте да играте до зори. Во која ноќна дискотека ќе се упатите?rnrn3-5-nachini-kako-da-go-pominite-ovoj-vikend-kako-vistinska-italijanka-www.kafepauza.mk_rnrnПрочитајте ги и овие животни лекции што можете да ги научите од Италијанките!

  • 11 идеи за совршен пролетен состанок

    11 идеи за совршен пролетен состанок

    Пролетта е тука, сè почнува да цвета и има шаренило насекаде. Таа е една од најдобрите сезони за романса, но како да ја искористите? После долгата зимска хибернација, сè што сакате да направите е да излезете надвор и да уживате во свежиот воздух. Погледнете некои од идеите за совршениот пролетен состанок.rn

    1. Вечера на отворено

    rn(1)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mkrnrnБез разлика дали ќе одите во ресторан или ќе готвите дома, вечерата на отворено е многу позабавна доколку ја преместите надвор. Понесете си и некое палто во случај да се појави пролетното ветре.rn

    2. Одете на патување

    rn(2)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mkrnrnПролетта е одлично време за нови авантури, па зошто да не одите на заедничко патување? Може да биде кратко – во соседниот град, или можете да одите дури и во соседната држава.rn

    3. Направете оган на отворено

    rn(3)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mkrnrnПравење закуски на отворен оган е секогаш забавно. Направете си безбеден камперски оган и кажувајте си страшни приказни, а кога ќе почне да се стемнува, гушкајте се.rn

    4. Направете попладневен пикник

    rn(4)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mkrnrnПосле сезонската хибернација, попладневниот пикник е одлична идеја која е истовремено забавна и лесна. Спакувајте свежо овошје, соблечете ги чевлите и уживајте надвор.rn

    5. Гледајте ги ѕвездите

    rn(5)11-idei-za-sovrshen-proleten-sostanok-kafepauza.mkrnrnЈасното пролетно небо ви овозможува прекрасен поглед кон ѕвездите. Земете ќебе и некое палто и легнете на автомобилот и обидете се да ги пронајдете Орион и Големата Мечка.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Валкано розова, боја што ќе ги одбележи венчавките во наредните месеци

    Валкано розова, боја што ќе ги одбележи венчавките во наредните месеци

    Нијансите на розова боја отсекогаш биле актуелни на свечените случувања и манифестации. Од бледо розова, топло розова, пудресто розова, па сѐ до валкано розова која стана вистински тренд за венчавките во 2017-та година. Интернетот и социјалните мрежи се преплавени со идеи за венчавки на кои сѐ е во знак на валкано розовата боја и бојата на месо.rnrn1-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rnrn rnrnБидејќи венчавката е бајковит и нежен настан, токму поради тоа воопшто не сме изненадени. За вас е најважно тоа да биде боја која и обично ја преферирате, и во која се чувствувате добро. Сѐ останато оваа боја ќе го направи сјајно. Инспирирајте се со фотографиите кои ги избравме и осмислете ја вашата совршена венчавка.rn

    1. Цвеќе

    rnВалкано розовата е особено добар избор ако се венчавате во текот на пролетта или летото, бидејќи одлично се вклопува во опкружувањето, природата и романтиката. Пронајдете цвеќе во розова боја и спојте го со цвеќе во борда и бела боја. Зеленилото, дрвата, реката или езерото само ќе го засилат идеалниот призор.rnrn2-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    2. Венчаница

    rnВалкано розовата венчаница од тул е вистинскиот избор за урбана жена која не се потпира на традицијата и класиката. Сребрената дијадема е задолжителен детаљ за долгата, брановидна коса. Немојте да ја комбинирате валкано розовата боја со силни и контрастни бои како што е црната, за да не го уништите целокупниот впечаток.rnrn3-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    3. Деверици и кума

    rnНајдобрите другарки мора да ѝ покажат солидарност на невестата и да изберат лелеави фустани во пастелни бои! Немојте да заборавите дека насмевката на лицето е најубавиот аксесоар којшто можете да го понесете.rnrn4-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    4. Декорација на ентериерот

    rnЛивчињата расфрлете ги на патот кон олтарот, а како декорација изберете розови завеси, салвети и свеќи, затемнето светло и магијата може да започне!rnrn5-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_rn

    5. Костумот за младоженецот

    rnА доколку имате храброст, заменете ги улогите! Кој вели дека младоженецот не може да носи розов костум и притоа да изгледа феноменално? Поиграјте си со боите и личниот стил, бодејќи ова е само ваш ден!rnrn6-valkano-rozova-boja-shto-kje-gi-odbelezhi-venchavkite-vo-narednite-meseci-www.kafepauza.mk_

  • Направете сами: Креативни велигденски декорации и уникатна атмосфера

    Направете сами: Креативни велигденски декорации и уникатна атмосфера

    Имагинативни, елегантни или модерни? Изберете ги најубавите и најинтересните велигденски декорации за вашиот дом! Исполнете го со среќата и магијата на празникот, а доколку планирате да повикате и гости, ќе ги изненадите со вашата оригиналност. За најмалите, подгответе вистинска велигденска забава!rnrnСин Велигден – атмосфера што зрачи со духовност, кралско достоинство и мудрост. Сината боја го претставува ведрото небо и симболизира среќа, искреност и голем број други позитивни емоции.rnrn(1) Направете сами: Креативни велигденски декорацииrnrnЖенствен Велигден – обновете го чувството на среќа и романса, така што ќе се инспирирате од декорациите на претходните епохи. Овој Велигден, ставете ги најблиските на прво место.rnrn(2) Направете сами: Креативни велигденски декорацииrnrnМодерен Велигден – спојте ја жолтата со црната боја. Дизајнерите се согласуваат – оваа комбинација оддава отмена елеганција, чувство на удобност и топлина во домот.rnrn(3) Направете сами: Креативни велигденски декорацииrnrnКреативен Велигден – постојат толку многу онлајн туторијали што едноставно нема да знаете од каде да почнете. Целта е да направите нешто со своите раце, за да се почувствувате поисполнето.rnrn(4) Направете сами: Креативни велигденски декорацииrnrnДетски Велигден – не заборавајте на најмалите кои најчесто и најмногу се радуваат на ваквите празници. Направете им специјална работилница за фарбање јајца и оставете ги да уживаат во целодневната забава!rnrn(5) (4) napravete-sami-kreativni-veligdenski-dekoracii-www.kafepauza.mkrnrnПрочитајте повеќе за моќниот спој на жолто и црно: Модерни велигденски декорации!