Без разлика дали прв пат му изјавувате љубов на вашиот партнер или уште еднаш го потсетувате колку го сакате, сега е совршеното време за да го сторите тоа. Експертите за романтични идеи ни помогнаа да создадеме листа со идеи што на секоја девојка ќе ѝ го олеснат изговарањето на тие два слатки збора – Те сакам.rnrn
rn
1. Љубов под ѕвездите
rnПредложете му некоја вечер да прошетате во парк и заедно да ги набљудувате ѕвездите на небото. Не постои скоро ништо толку романтично како уживањето под сјајот на ѕвездите со саканата личност. Прегрнете го и тивко шепнете му колку ви значи.rn
2. Љубов во кревет
rnЛегнете во кревет, свртете го грбот, галете се и полека потонете во сон. Почекајте го моментот кога тој скоро не заспал, а пота свртете се и шепнете му нежно: „Те сакам“. Тоа ќе звучи потполно природно во моментите кога е опуштен, удобно сместен и кога сте толку блиски и поврзани.rn
3. Љубов во текот на домашните обврски
rnАко постои некоја домашна задача која за него е премногу тешка, како сложувањето или пеглањето на облеката, некоја вечер започнете да го правите тоа без никаква најава. Кога ќе ви се заблагодари, одговорите: „Нема за што, го правам тоа затоа што те сакам“.rnrn
rn
4. Љубов со шампањ
rnПодгответе романтична вечера. После јадењето изненадете го со шише шампањ и наздравете за тоа колку добар пар сте. Веќе после првата голтка, погледнете го во очи и изјавете му љубов.rn
5. Љубов под тушот
rnПочекајте вашиот партнер да замине под туш, а потоа прикрадете се и напишете „Те сакам“ на замагленото огледало. Нечујно излезете од бањата и чекате тој да ја види вашата порака.rn
6. Љубов со жижици
rnКупете неколку жижици и заедно запалете ги. Кога ќе почувствувате дека ве набљудува вас, а не искрите, обидете се да нацртате срце во воздухот, а потоа намигнете му. Трагата од срцето ќе се задржи доволно долго за тој да ја види.rn
7. Љубов на високи потпетици
rnНекоја вечер средете се најдобро што можете и излезете на пијачка. После неколку коктели (но не премногу), загледајте се во неговите очи и кажете му колку го сакате. Таквото признание, кога ќе го слушне од вас во најубавото издание и тоа на јавно место, ќе го направи горд што токму таква девојка го избрала него.rnrn
rn
8. Љубов од „стара школа“
rnКако што нашите родители правеле во осумдесеттите со касети, така и вие снимете му на вашиот партнер CD со песни чии текстови се однесуваат на некои важни и весели моменти во вашата врска или во кои се спомнуваат вашите имиња. На пакувањето напишете: „Те сакам“ или нешто слично и сокријте го помеѓу неговите работи за тој случајно да го пронајде.rn
9. Љубов во текот на работното време
rnДодека вашиот партнер е на работа, испратете му порака која ќе содржи само две букви Т.С. Тоа ќе му измами насмевка на лицето.rn
10. Љубов секогаш и секаде
rnОва точка ја оставаме на вас за да бидете креативни! Што и да направите, нема да погрешите.rnrnВи предлагаме да ги погледнете овие идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено.