КАФЕ ПАУЗА

Tag: хоби

  • 7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

    7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработен

    Со лошата економска состојба во нашата држава, голем број млади луѓе се без работа и покрај завршеното високо образование и талент. Ваквата ситуација може да претставува проблем за љубовниот партнер на невработеното лице, особено доколку тој/таа работи и веќе си ја планира иднината. Но, доколку се навратите назад кон минатото, ќе сфатите дека и вие некогаш сте биле невработени во одреден период од животот и ви била потребна поддршка од најблиските. Прочитајте ги седумте одлични причини, зошто да бидете во врска со некој кој е невработен.rnrn7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработенrn

    1. Невработените луѓе имаат многу слободно време…

    rn… и со задоволство би сакале да го поминат со вас. Точно е дека барањето работа е само по себе работа со полно работно време. Невработените мораат да бидат фокусирани на остварување што е можно повеќе контакт со пријатели и познаници, постојано да го усовршуваат сивито, да аплицираат на 1.000 работни места дневно и да пишуваат различно мотивациско писмо за секоја работна позиција, и покрај тоа што се свесни дека можеби никој нема никогаш да го прочита. Воедно, мораат да дремат на социјалните мрежи и да се поврзуваат со секој што ќе го најдат на Linkedin. Но, и покрај сиот тој ангажман, невработените луѓе имаат многу слободно време, кое сакаат да го искористат за да бидат со вас и да ве однесат некаде на состанок.rnrn7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработенrn

    2. Убаво е чувството дека некому сте му потребни

    rnВистина е дека да се биде невработен, може да биде прилично депресивно. Секој од нас се справува различно со невработеноста, но најчестата емоција е поголема потреба од блискост со љубовниот партнер. Фактот дека сте му потребни на вашиот љубен/а, ќе направи да се чувствувате убаво и значајно.rn

    3. Тие готват и чистат низ дома

    rnДоколку живеете заедно со вашиот партнер, кој е невработен, тој или таа ќе ја убие досадата, раздигувајќи по дома и приготвувајќи топол ручек, кој заедно ќе го јадете кога ќе се вратите уморни од работа. Доколку пак живеете одвоено, ќе му се восхитувате на партнерот колку му е уреден и чист станот. Кога двајцата би работеле по 10 часа дневно, време за домаќинлак би немале, а сите знаеме дека хаосот по дома, ни создава хаос и во нашата глава.rnrn7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработенrn

    4. Тие ги знаат сите добри ТВ серии, емисии, песни…

    rnКога не аплицираат за работа и не го поминуваат времето со вас, невработените луѓе сурфаат на интернет и ги откриваат најинтересните работи за забава и занимација. Така на пример тие знаат дека „Orphan Black“ е одлична ТВ серија и дека публиката ја обожава. Додека вие се стресувате на работа, тие по дома ги слушаат најновите добри хитови, кои ги дружат додека им е досадно. Па кога ќе се вратите уморни од работа, одма ќе знае со каква програма да ве разведри.rnrn7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработенrn

    5. Невработените луѓе се подобро организирани

    rnКај невработените луѓе се буди желбата за подобра организација на времето. Ќе стане наутро, ќе аплицира за 3 работни позиции, а потоа ќе ги помине наредните 4 часа планирајќи прекрасен романтичен викенд надвор од градот за вас двајца. Како и повеќето работи во животот, така и невработеноста, се разбира доколку не трае премногу долг период, претставува баланс во животот.rn

    6. Невработените си ги прошируваат своите интереси

    rnКога имате многу слободно време, можете да си дозволите експериментирање со различни хобија, активности и курсеви. Сите ние имаме голем број желби: да научиме нов странски јазик, да возиме велосипед секој ден, да се запишеме на курс за развивање на менаџерските способности, да земеме часови за возење автомобил… Но доколку работите од 9 до 5, немате баш време за сето тоа нели? Никогаш не треба да дозволите работата да ви ја убие желбата да ги следите вашите соништа кои прават да се чувствувате комплетно, а токму на ова редовно ќе ве потсетува вашиот невработен партнер.rn

    7. Невработените секогаш ги знаат најдобрите зделки и попусти во градот

    rnНајлесниот начин да станете скромни, е да останете без работа и без редовен прилив на пари. Кога размислувате како да купите повеќе работи за помалку пари, сфаќате дека постоеле многу кул работи по продавниците, кои сте пропуштале да ги забележите кога сте имале повеќе пари за трошење. Воедно, вашиот партнер ќе ве обожава, бидејќи сметките ќе ви бидат платени, фрижидерот полн, а можеби ќе успеете и нешто да заштедите од неговата плата, за нов 3Д телевизор.rnrn7 причини зошто треба да излегувате со некој што е невработенrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пици со ликови на познатите личности

    Пици со ликови на познатите личности

    Артистката Пруденс Стејт има необично хоби – таа прави вкусни пици дизајнирани со портрети од познатите личности.rnrn

    Пици со ликови на познатите личности
    Кралицата Елизабета II
    rnrn rn

    „Ги креирам лицата со слободна рака, гледајќи од фотографии. Прво најчесто правам скица на хартија со молив, а потоа го цртам дизајнот на тестото со доматно пире“, вели 33-годишната Пруденс.

    rnИнтересно е дека и покрај тоа што треба да се запази одреден дизајн кој го идентификува ликот, таа внимава и на состојките кои ги употребува. Имено, не меша состојки кои не одат заедно.rnrnКој лик би сакале да го изедете?rnrn

    Пици со ликови на познатите личности
    Сајмон Кауел
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Барак Обама
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Викторија Бекам
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Кејт Винслет
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Велосипедистот Бредли Вигинс
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Мик Џегер
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Кејт Мидлтон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Лејди Гага
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Покојната баронеса Маргарет Тачер
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Атлетичарот Мохамед Фара
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го посадите семето за посреќен живот?

    Како да го посадите семето за посреќен живот?

    Дали сакате да ги раширите погледите кон животот, да ги зацврстите односите со другите луѓе и да поставите солидна основа за среќен и исполнет живот? Еве како да го посадите семето за хармонија во животот.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Како да развиете поголема трпеливост?

    rnКога гледате дека сте на работ да го изгубите трпението, длабоко вдишете и потсетете се дека вие сте разбрано човечко суштество. Зборувајте смирено и ќе забележите дека колку постабилен е вашиот тон толку посмирено се чувствувате. Само разговорот со смирен тон ќе ве спречи целосно да го загубите трпението.rn

    Хармонија во кујната

    rnrnНеколку пати неделно или тогаш кога ќе најдете време, издвојте еден час и посветете се на работа во кујната. Испечете леб, направете торта или слатки. Ваквата навика е здрава и позитивно ќе се одрази на вашето расположение. Иако многумина во денешно време се навикнати ваквите работи да ги купуваат готови, понекогаш е добро да ги направите сами. Кога мирисот на печен леб ќе ја исполни вашата кујна, вие ќе се чувствувате смирено.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Посветете се на вашата градина

    rnИсто, навикнати сме да купуваме зеленчук од пазар. Но зошто да не направите една, макар малечка зеленчукова градина? Доколку имате простор и можност, посветете се на одгледување на неколку зеленчукови растенија. Грижата за растенијата и здравата супа од зеленчук која сте ја подготвиле од вашата градина ќе придонесат да се чувствувате добро.rn

    Имајте свое хоби

    rnСлободното време не е време за безделничење или период од денот кој треба да го отспиете. Неодамна разговарав со странец кој е во пензија веќе неколку години. Кажа дека откако престанал со работа се посветил на градење ветерници. Тој можеби бил адвокат или директор, сеедно, сега градењето ветерници му внесува мир и спокој. Не дека мора вашето хоби да биде поврзано со тешка физичка работа или да чекате додека стигнете до пензија, само најдете нешто што ве исполнува и посветете му го вашето слободно време. Би можеле да бидете изненадени од исходот на вашата работа.rn

    Посадете рози

    rnrnНе само што вашиот двор или балкон ќе изгледа поубаво, туку и вие ќе се чувствувате поубаво кога ќе го пиете вашето утринско кафе меѓу расцветаните рози кои прекрасно мирисаат.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Физичка активност

    rnСекогаш кога зборуваме за здрав и хармоничен живот, мора да ја споменеме физичката активност. Еве некои физички активности кои ви ги даваме како предлог:rn

    rn

    Здрав однос со вашите родители и деца

    rnОдносот родители–деца секогаш е важен фактор за хармонија во животот. Посветете им љубов, грижа и внимание на вашите родители. Оформете здрав однос со вашите деца и поставете се како слободоумна личност на која можат да ѝ кажат сè и која секогаш ќе ги разбира нивните чувства. Без разлика колку сте зафатени, издвојте време да ги посетите вашите родители или да одите на прошетка со вашите деца. Надгледувајте го нивниот развој и правете белешки со цел да утврдите во што вашите деца би биле добри во иднина. Потоа трудете се да ги надградите нивните знаења во тие правци.rn

    Грижете се за домашно милениче

    rnДоколку веќе имате, посветете му повеќе внимание, доколку немате, купете го што поскоро. Грижата за друго суштество ќе ве смири, а после долгиот стресен ден на работа, галењето на вашето маче или игрите со вашето куче, навистина ќе ве ослободат од стресот.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Проширете ги хоризонтите

    rnПатувајте секогаш кога имате можност. Не мора тоа да биде во далечни земји или да трошите пари на луксузи. Заминете на планина за време на викенд, посетете некое село и дојдете во допир со природата. Посетете друга земја кога имате прилика и дознајте повеќе за тамошната култура.rn

    Опкружете се со зеленило

    rnОдете на прошетки во природа, донесете зеленило во вашиот дом или градина. Само со прошетки на свеж воздух и одморање на очите со зеленилото, си правите многу подобро за себеси отколку што мислите.rn

    Зајакнете ја врската со партнерот

    rnrnСекојдневно разговарајте, тоа ќе ја зајакне интимната врска и ќе ве ослободи од стресот. Доколку се соочите со проблем во врската, не мора да го решите во истиот момент. Смирете ги страстите со тоа што ќе поминете 30 минути слушајќи се еден со друг. Не поставувајте прашања, само ислушајте се. На крајот од денот е секогаш добро да имате кому да му ги раскажете случувањата.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Работете на вашиот карактер

    rnВашето мислење кажувајте го гласно и јасно и одлучно речете НЕ кога нешто што се бара од вас не ви одговара. Така ќе го зајакнете вашиот карактер и ќе создадете авторитет во туѓите очи. Почнете така што ќе кажете НЕ за нешто со што не се согласувате.rn

    Соочете се со негативните критики

    rnСекогаш кога некој негативно ќе ве искритикува, како прво мора да бидете свесни дека на тој некој му значите вие и вашата работа, па сака да ви посочи каде грешите, или пак ако ништо друго, одвоил време и внимание за вашето дело. Првиот чекор кон подобрување на она што го работите е мирното прифаќање на критиките.

  • Соочете се со стравот од ајкула – заедно вечерајте суши :)

    Соочете се со стравот од ајкула – заедно вечерајте суши 🙂

    Внесете малку авантура во јадењето суши преку една од овие кул чинии на студентката по биологија Avigayil, чие хоби е изработка на керамички производи. Во овој случај таа ги споила двете животни пасии и изработила невообичаен, но навистина креативен производ. Од океанот на дното на чинијата излегува страшна ајкула со уста полна соја сос.rn(1) Соочете се со стравот од ајкула - заедно вечерајте суши :)Штета што во моментот студентката има премногу нарачки и не прима нови. Но, ако сте љубители на суши, малку трпеливи и подготвени да платите повеќе од 70 долари, вашето уживање во оваа храна ќе биде многу поголемо и позабавно.rnРизикувајте и поделете го залакот суши со страшната ајкула. Обидете се да украдете и малку соја сос од нејзината уста. 😉(2) Соочете се со стравот од ајкула - заедно вечерајте суши :)(4) Соочете се со стравот од ајкула - заедно вечерајте суши :)(3)   Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

    Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

    Можеби возачката култура во Македонија е на незавидно ниво, но никој не вози поопасно од младите луѓе во Саудиска Арабија. Се разбира дека дрифтањето е кул работа, но тоа не е ништо во споредба со последното возачко лудило кое се случува на Средниот Исток. Ваквото возење се нарекува „странично скијање“ и буквално значи возење на автомобилот на страничните тркала, со голема брзина.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОвој начин на забавување на младите вклучува странично возење на две тркала на прометни улици, а притоа патниците во автомобилите изведуваат различни трикови, како на пример стоење на кровот од автомобилот, седење на рамката од отворениот прозорец, па дури и менување гума на тркало во текот на возењето. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаОваа егзибиција опасна по живот, очигледно се популаризирала од акционите филмови како што се „The Dukes of Hazzard“ и „Diamonds Are Forever“, а неодамна беше застапена во видео записот на раперката M.I.A. за песната „Bad Girls“.Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаСтраничното скијање исто така стана вид спорт за гледачите на адреналински спортови. Толпи од млади девојки и момци седат покрај страните на патот и навиваат за ваквите зависници од адреналин. Некои дури се вклучуваат во нивните смртоносни рути, така што легнуваат на асфалтот и дозволуваат возилото да ги прескокне возејќи со вратоломна брзина. Лудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаЛудо хоби во Саудиска Арабија возење автомобил на 2 тркалаВозачите користат платформа за да ги навалат возилата на две тркала, а потоа се потпираат на нивните способности зад воланот, за да го спречат превртувањето на автомобилот и потенцијалното убивање на нивните патници. Премалку е да се каже дека овој спорт е екстремно опасен нели?!rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Украинскиот бестрашен егзибиционист

    Украинскиот бестрашен егзибиционист

    Украинецот познат под псевдонимот „Mustang Wanted“ е очигледно бестрашен човек. Судејќи според неговото несекојдневно адреналинско хоби, овој човек очигледно обожава да си го става животот на ризик.Украинскиот бестрашен егзибиционистЗа ретките луѓе како него не постојат ограничувања, бидејќи тие секогаш бараат начин да одат чекор погоре и да нè заплашуваат нас останатите, со самото тоа што ги гледаме нивните егзибиции. Ова е навистина екстремен спорт, кој не е за секого и кој дефинитивно не треба да го пробувате без помош од професионалци и соодветна заштитна опрема. Подолу можете да погледнете и едно видео со неговите егзибиции. Украинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Накит инспириран од Алиса во земјата на чудата

    Накит инспириран од Алиса во земјата на чудата

    Дизајнерката на накит Џанин Бајром успеа на прекрасен начин да го искомбинира „винтиџ“ накитот со мотиви од приказната Алиса во земјата на чудата. Нејзиниот накит е рачно изработен и секое парче е уникатно, а она што за неа започнало како хоби, денес прерасна во бизнис којшто одлично го води преку нејзината онлајн-продавница и блог Cherished Trinkets. Кој вели дека не можеме да понесеме дел од нашето детство извршувајќи ги секојдневните активности, а притоа да изгледаме одлично?Накит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудатаНакит инспириран од Алиса во земјата на чудата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во светот на Јадро фигурите

    Во светот на Јадро фигурите

    Во 1953 година Хуан, Хозе и Висенте Јадро ја направија својата прва порцеланска фигура во печка изградена во нивниот дом во Валенсија. Така започна долгата традиција на “Porcelanas Lladró” – компанија која денес е позната ширум светот по изработката на прекрасните, високо квалитетни фигури од порцелан. Секако воопшто не било лесно да се премине од хоби во сопствениот дом до ланец престижни продавници на Менхетен, но иновативноста и креативноста на браќата Јадро се заслужни за нивната успешна приказна. Во светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеМожеби, токму желбата да бидат поразлични од останатите во тој бизнис постојано ги инспирирала да воведат иновации, не само во стилот и формата на фигурите туку и во начинот на печење. Техниката на печење која браќата Јадро ја вовеле овозможила кристален сјај и пастелни нијанси на фигурите, нешто што останатите во тој период не успеале да го постигнат. Со оваа метода браќата ја заслужиле почитта од страна на многу ценети скулптори, декоратери и уметници во тој период, а побарувачката за преубавите порцелански фигури растела сè повеќе.Во светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеВо светот на Јадро фигуритеДенес, овие фигури се доста барани од страна на колекционерите, особено од оние со длабок џеб, поради фактот дека самите вредат доста и имаат беспрекорен квалитет на изработка. Сопствениците тврдат дека голем дел од фигурите се изработуваат по нарачка, па така зад секоја фигура има некоја интересна приказна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Здодевно ви е и не знаете што да правите? Прочитајте како ѕвездите можат да ви помогнат да го одберете вистинското хоби.rnrnОдберете хоби според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnЕнергични и активни, овните речиси секогаш имаат потешкотии со истрајноста и ретко ги завршуваат започнатите работи. Вие важите за динамични спортисти кои се постојано активни. Но, својата креативност можете да ја изразите и преку различните стилови на танцување, како што се класичен или модерен балет, па дури и стомачен танц. Без разлика дали се работи за спортување или танцување, вие уживате да ги истражувате сите форми на вашето хоби.rn

    Бик

    rnБиковите со право го носат епитетот „земјен знак“. Заради вашиот голем интерес за цвеќиња и други растенија, вие едноставно обожавате да работите со земја. Може да се каже дека градинарството ви е омилено хоби. Едноставни, тивки и методични, вие уживате во тишината која ви ја овозможува градината. Садењето разни билки и зеленчук понатаму води до уште едно ваше омилено хоби – готвењето.rn

    Близнаци

    rnБлизанците имаат повеќе хобија. Брзо решавате да започнете некое хоби, но тоа за кратко време ви станува здодевно, па уште побрзо започнувате ново, оставајќи многу незавршени работи зад себе. Имате широк спектар на интереси и повеќе сакате да знаете многу различни нешта во целина, отколку да се задлабочите во одредена работа. Дел од вашите омилени хобија се читање, сложувалки, учење странски јазици и шах.rn

    Рак

    rnОна по што вие се издвојувате од другите хороскопски знаци е вашата неверојатна меморија за спомени од значајни настани и вашата страст за колекционерство. Пробајте сами да ги креирате домашните албуми. На тој начин уште еднаш ќе ги оживеете драгите спомени, а протокот на креативна енергија ќе ви помогне да се ослободите од емоционалната напнатост. Покрај фотографиите во албумот, додадете и по некоја влезница или нешто слично што дополнително ќе ве потсети на убавиот настан.rn

    Лав

    rnДалеку од срамежливи, вие знаете да бидете строги критичари. Вашиот идеализам е заразен. Познати сте по тоа што знаете како да ги импресионирате другите. Ако започнете да водите сопствен блог, тоа би можело да биде одличен начин за изразување на вашата креативност. Доколку пишувањето не ви е јака страна, обидете се со актерство. Талентот за драматичност кој го поседувате прави да изгледате како да сте родени за сцена.rn

    Девица

    rnИнтелигентните и аналитички девици имаат талент за постојано учење на нови нешта и одлична меморија за зачувување на информациите. Способни се да го пренесат своето знаење на најдобар можен начин и уживаат додека го прават тоа. Ако сакате навистина да ги тестирате своите умствени способности, играјте шах или заедно со пријателите организирајте мал турнир во шах доцна во ноќта.rn

    Вага

    rnВагите имаат талент за убавина и полни се со страст кон животот. Тоа е совршената комбинација која ќе ви помогне да го развиете и негувате интересот за фотографирање. Запишете се на курс за фотографија или едноставно само фотографирајте го она што ве инспирира. Вашето прецизно набљудување и способноста за точно одредување на боите и нијансите ќе направат фотографиите да изгледаат како да се направени од професионалец.rn

    Скорпија

    rnСо зголемена моќ за перцепција и свесни за работите што ве опкружуваат, вие имате вродена љубопитност за мистериите на животот. Ве привлекува духовното и заради тоа не ви пречи самотијата. Практикувајте медитација секогаш кога сте сами. Таа ќе ви помогне да ги покажете емоциите кои ги чувате под површината за никој да не ги дознае.rn

    Стрелец

    rnВие сте родени филозофи кои постојано се во потрага по нови концепти. Вашата најголема желба е да ги разберете мистериите кои ги носи животот. Соодветно на тоа, вашето хоби треба да ја поттикнува постојаната желба за знаење. Читајте книги во кои се застапени животните мистерии, присуствувајте на предавање од таков вид или запишете се на курс за светските религии.rn

    Јарец

    rnВредните јарци мора да научат како да воспостават баланс помеѓу работата и забавата додека стабилно се искачуваат кон врвот. Слободното време поминете го спортувајќи на отворено (голф, крикет или секаков друг спорт кој ќе ве однесе надвор). Освен со спорт, исполнете си го слободното време читајќи книги со историска тематика, како што се биографиите.rn

    Водолија

    rnЖелни за постојан прогрес, вие најмногу сте загрижени за напредокот на општеството во целина. Ве интересира сè што е ново, па затоа знаете дека какво хоби и да одберете, нема да погрешите. Вие едноставно можете да се занимавате со сè, од музика, преку мода, до електроника. Вашиот интерес ќе го задржи динамично хоби кое постојано може да ви понуди нешто ново.rn

    Риби

    rnРибите имаат најголеми уметнички способности од сите знаци во зодијакот. Огромниот капацитет кој го поседувате, интуитивноста и начинот на кој ги примате работите ѝ помагаат на вашата креативност да се развие, што ве прави одлични писатели, музичари и сликари. Голем успех можете да постигнете ако се занимавате и со драмска уметност или новинарство.

  • Кога би немало интернет…

    Кога би немало интернет…

    Замислете одеднаш да снема интернет од непознати причини и да не се знае кога проблемот ќе биде решен. Што би правеле во таков случај?rnrnrnrnНие имаме неколку идеи:rnrn1. Ќе си ја исчистите собата, после многуте одложени обиди.rnrn2. Ќе се договорите да се видите на кафе со пријателите, наместо да „четувате“ со нив.rnrn3. Порано ќе си легнувате, наместо да сурфате доцна во ноќта.rnrn4. Би возеле велосипед.rnrn5. Ќе поминувате повеќе време со вашите најблиски.rnrn6. Ќе имате време да прочитате книга.rnrn7. Вашето поштенското сандаче ќе биде полно, ама со вистински писма, а не со виртуелни мејлови и спамови.rnrn8. Наместо лајкови, ќе добивате комплименти.rnrn9. Слободното време ќе го искористите да се запишете на некој курс и да научите дополнителен странски јазик или пак да научите да танцувате.rnrn10. Нема да бидете постојано бомбардирани со различни вести.rnrn11. Ќе плаќате скапи телефонски сметки за да се слушнете со вашите пријатели од странство.rnrn12. Информациите ќе ви бидат пласирани еднострано, без да имате можност да ги проверите.rnrn13. Наместо да го прашате чичко Google, ќе се зачлените во најблиската библиотека и ќе „сурфате“ низ книгите.rnrn14. Ќе гледате фудбал и ќе мора да ги слушате „интересните“ коментари од нашите ценети фудбалски коментатори.rnrn15. Ќе имате многу фотоалбуми, на кои ексклузивно право ќе имаат само вашите пријатели.rnrn16. Ќе имате многу помалку пријатели од тие на Фејсбук, ама тие ќе бидат вистински.rnrn17. Веднаш ќе закажете на забар.rnrn18. Би биле покреативни како да ги поканите вашите пријатели било за роденден, забава или журка.rnrn19. Ќе имате време да влезете во кујна и да научите да зготвите некое јадење или да направите некој вкусен десерт.rnrn20. Ќе организирате скара со пријателите.rnrn21. Би возеле ролерки.rnrn22. Конечно ќе можете да се посветите на вашето омилено хоби.rnrn23. За сè што е ново, ќе се информирате од редовните вести.rnrnШто би правеле вие без интернет?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.