КАФЕ ПАУЗА

Tag: хоби

  • Ставете ѝ крај на здодевноста: Кое е идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација?

    Ставете ѝ крај на здодевноста: Кое е идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација?

    Не знаете што да правите додека сте дома и ништо не ве исполнува? Погледнете ги овие предлози за идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација.rnrnСтавете ѝ крај на здодевноста: Кое е идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација?rn

    Овен: Научете нов рецепт

    rnОвните се динамични и креативни, а покрај тоа, тие обично се и вистински гурмани. Готвењето звучи како идеално хоби за вас, а и време е да ги усовршите вашите кулинарски вештини така што ќе пробате нови рецепти. На тој начин, ќе го усреќите целото семејство.rn

    Бик: Вежбајте

    rnИако сакаат да бидат дома повеќе од останатите хороскопски знаци, Биковите сакаат да поминат еден дел од денот активно пред да се приберат дома. Ако изолацијата ви го наруши секојдневниот ритам, време е да се вратите на старите навики. Наместо да плачете за затворената теретана со ќесичка чипс во рацете, најдете видеа за вежбање на Интернет и започнете веднаш.rn

    Близнаци: Прочитајте книга

    rnНа љубопитните Близнаци им е многу здодевно дома, па за нив, добрата книга е идеално бегство од реалноста. Дури и ако не сте љубители на книги, дајте им шанса, па можеби ќе се изненадите кога ќе откриете колку може да ве усреќат.rn

    Рак: Преуредете ги просториите во домот

    rnИако се многу креативни по природа, Раковите обично немаат време да ги реализираат своите идеи за уредување на домот. Сега конечно имате доволно време за да ги реализирате тие идеи. Преуредете барем една просторија или еден агол во домот, а освен што ќе го скратите времето поминато во изолација, ќе бидете и горди на вашите дела.rn

    Лав: Започнете да водите свој блог

    rnВам ви е потребен издувен вентил преку кој ќе можете да им ги кажете своите ставови и мислења на другите, сега кога нема гужва околу вас. На овој начин можете да станете познати, а сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието.rn

    Девица: Научете нов јазик

    rnПрактичните и организирани Девици не сакаат да го трошат времето залудно. Затоа, идеалното хоби за вас додека сте во изолација е учењето нов странски јазик што сигурно ќе ви послужи во животот и ќе можете да го додадете во вашето CV.rn

    Вага: Научете да шиете

    rnВагата обожава убави работи, а особено убава гардероба. Проблемот е во тоа што тие често замислуваат нешто што не можат да го најдат во продавница или се вљубуваат во некое дизајнерско парче што не можат да си го дозволат. Затоа, идеалното хоби за вас е шиењето. Освен што ќе бидете многу добри во тоа, затоа што обично сте вешти со рацете, кога ќе научите да шиете, ќе можете самите да ги шиете креациите за коишто сте сонувале.rn

    Скорпија: Одгледувајте растенија

    rnНа Скорпиите им е многу тешко да бидат затворени во четири ѕида и постојано бараат изговор за да излезат од дома. Совршен и долготраен изговор е одгледувањето растенија во градината. Меѓутоа, ако немате доволно среќа да имате двор, можете да засадите цвеќиња или растенија на балконот (па дури и внатре во станот) за кои ќе треба да се грижите и така ќе бидете зафатени сè додека не заврши сето ова.rn

    Стрелец: Гледајте документарни филмови

    rnСтрелците се секогаш желни за нови авантури, а особено се љубители на патувањата во непознатото. Со оглед на тоа што во моментот тоа не е изводливо, ќе ве утешат документарците за интересни локации во светот, а сигурно ќе ве забавуваат и блоговите за патувања.rn

    Јарец: Водете дневник

    rnОтсекогаш сте сонувале да напишете книга? Сега сигурно имате инспирација, а за почеток, можете да водите дневник кој, дури и ако никогаш не го претворите во книга, ќе ви помогне барем да го ослободите мозокот од многуте мисли.rn

    Водолија: средете се

    rnВодолиите сакаат да изгледаат убаво, па ако досега немавте време за правење фризури и за експериментирање со шминката, сега е вистинското време да пробате сè што сакате. Покрај тоа, ќе ги усовршите вештините за шминкање и за средување на косата, така што во иднина ќе се подготвувате многу побрзо.rn

    Риби: Свирете

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак уживаат во музиката повеќе од другите и честопати се надарени, па знаат да свират барем на еден инструмент. Ако сè уште не сте го откриле тој скриен талент, време е да го пронајдете.rnrnПрочитајте како најлесно да ја поднесете изолацијата според вашиот хороскопски знак.

  • Најдобрата работа којашто секој хороскопски знак треба да ја направи за себе во моментов

    Најдобрата работа којашто секој хороскопски знак треба да ја направи за себе во моментов

    Секому му се потребни промени, а нови хобија и активности се секогаш добредојдени. Па, кои се најдобрите работи коишто можете да ги направите за себе во моментов? Астролозите имаат неколку интересни предлози за секој хороскопски знак.rnrnНајдобрата работа којашто секој хороскопски знак треба да ја направи за себе во моментовrn

    Овен

    rnВодете дневник во кој ќе ги запишувате сите убави работи кои ви се случуваат, а за коишто сте благодарни. Отворете го и читајте го секогаш кога ќе се чувствувате лошо. Нека биде ова ваш потсетник дека, сепак, вашиот живот е убав.rn

    Бик

    rnНаправете детокс од социјалните мрежи. Добро ќе ви дојде пауза од бесцелното проверување на сѐ што се објавува таму.rn

    Близнаци

    rnВолонтирајте во некоја организација чија мисија сакате да ја поддржите. Посадете некое растение. Донирајте ја својата стара облека на луѓе кои имаат потреба од неа.rn

    Рак

    rnПрестанете да се дружите со луѓе кои ве кочат во животниот напредок. Престанете да им правите услуги и престанете да правите жртви за нив.rn

    Лав

    rnИзлезете од дома. Купете пица од пицерија, наместо да ја нарачате онлајн или преку телефон за да ви ја донесат дома. Одете на кафе со пријателите, наместо да комуницирате со нив преку пораки.rn

    Девица

    rnВежбајте. Зачленете се во теретана. Доколку имате пари, купете некоја справа за вежбање во домашни услови. Трчајте на кеј или во блискиот парк секое утро.rn

    Вага

    rnПоминувајте повеќе време со вашите сакани. Јавете им се на вашите родители. Излезете на пијачка со вашите колеги. Посетете ги пријателите кои живеат во друг град, а одамна не сте ги виделе.rn

    Скорпија

    rnНаправете нешто рачно. Посадете нови семиња во дворот или испробајте некое ново хоби, на пример плетење.rn

    Стрелец

    rnЗемете една недела одмор од работа. Доколку работата не ви го дозволува тоа, обидете се да имате барем еден ден целосно исполнет со активности кои ќе ве релаксираат.rn

    Јарец

    rnПоминувајте повеќе време надвор. Шетајте го вашето милениче. Сончајте се во дворот. Почувствувајте ја тревата под вашите стапала.rn

    Водолија

    rnПрактикувајте медитација. Вежбајте јога. Обидете се да размислувате позитивно.rn

    Риби

    rnЛегнувајте си порано. Почнете да пиете повеќе вода. Посветувајте повеќе време за грижа на кожата.rnrnПрочитајте и од што теба да се ослободите во вашиот живот според хороскопскиот знак.

  • 5 неочекувани предности од цртањето

    5 неочекувани предности од цртањето

    Можеби мислите дека цртањето е вештина што ја знаат малкумина кои сакаат да станат големи уметници, но тоа е многу повеќе. Секој може да црта, без разлика на неговиот талент. Штом ќе се одлучите да ѝ дадете шанса на оваа активност ќе забележите неколку промени, а следниве 5 се навистина неочекувани.rnrn5 неочекувани предности од цртањетоrn

    1. Подобрена меморија

    rnСпоред неколку истражувања, цртањето има големо влијание на капацитетот на краткотрајната и долготрајната меморија. Всушност, цртањето е дури и подобро од пишувањето бидејќи бара комбинирање на семантички, визуелни и моторички аспекти од меморијата. Па доколку не можете да се сетите каде ви се клучевите или кој бил актерот од серијата што неодамна сте ја гледале, можеби цртањето ќе ви биде одличен начин да си вратите во ментална форма.rn

    2. Подобра координација

    rnБез разлика дали цртате нешто со молив или само сенчете, цртањето секогаш ја подобрува умешноста, подвижноста и моторичките способности на дланката. Покрај тоа, со цртањето доаѓаат и многу помошни активности, како кинење хартија, што ја подобруваат координацијата на очите и дланките. Без сомнение овие предности се дури и поважни за децата. Кога овие вештини ќе се развијат кај млад ум, таа личност повеќе ќе ги почувствува предностите подоцна во животот.rn

    3. Вештини за комуникација

    rnБидејќи во цртањето нема зборови, тоа често ве тера да најдете нов начин на комуникација. Секој уметник со текот на времето подобро ги разбира човечките изрази на лицето, говорот на телото и емотивното влијание на боите и формите. Начинот на којшто ова влијае на комуникацијата е очигледен – бидејќи ќе го знаете значењето на изразите на лицето додека ги цртате, полесно ќе ги забележувате и во разговорите.rn

    4. Подобрено решавање на проблеми

    rn„Шкртањето“ кое е важен дел од уметничкиот процес, најверојатно помага во вашата способност за решавање проблеми. Со тоа што цртате линии на хартија и му дозволувате на мозокот да се поврзе со боите и со промените, полесно ќе смислувате разни решенија и ќе го гледате животот од разни перспективи.rn

    5. Ослободување од стресот

    rnЦртањето го стимулира дотокот на крв во предниот дел од мозокот. Ова значи дека луѓето кои цртаат се релаксираат, забораваат на нивните проблеми и им се намалува крвниот притисок. Едно истражување покажало дека 75% од луѓето кои се занимавале со креативна уметност биле порелаксирани и посмирени за разлика од другите. Најдоброто е што воопшто не било важно дали имаат талент за цртање.rnrnДоколку сте убедени дека не знаете да цртате, овие „пред и потоа“ цртежи ќе ви докажат дека најверојатно и вие имате талент.

  • 19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хоби

    19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хоби

    Дали некогаш сте виделе фустан за матурска вечер инспириран од филмот „Вонземјанин“ (Alien)? Хероите на овие фотографии ги создале овие работи со нивни раце. Луѓето што уживаат во своето хоби навистина можат да нè инспирираат и мотивираат да им се посветиме на работите што ги сакаме.rn

    1. Сладок фустан за матурска

    rn19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хобиrn

    2. „Ги изненадив децата со интересна вечера“

    rn19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хобиrn

    3. Еве како функционира магијата

    rn19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хобиrn

    4. „Ќерка ми го направи ова во нејзината бања – таа сака хемија“

    rn19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хобиrn

    5. „Проектот со везење на мајка ми кој траеше цела година“

    rn19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хобиrn

    6. „Мојата колекција запалки“

    rn19 луѓе кои навистина се посветиле на нивното хобиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

    6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

    Постојат неколку хобија коишто совршено можат да го пополнат вашето време, но истовремено да влијаат и на продуктивноста на работното место. Посветете дел од вашите попладневни часови на хоби за да научите нешто ново, а со тоа и да го подобрите вашиот начин на работа. Науката покажала дека овие шест хобија можат позитивно да влијаат на тоа како се справувате со работните задачи:rn

    1. Научете да готвите

    rn6 хобија што можат да ја подобрат вашата работаrnrnСледете ТВ-канали за готвење, прочитајте рецепти, научете неколку трикови и влезете во кујната. На овој начин, ќе научите да готвите здраво, а со тоа и правилно да се храните. Домашно подготвената храна нема адитиви, па така позитивно влијае врз вашата целокупна здравствена состојба. Доколку не можете да го правите тоа секој ден, тогаш задолжително посветете се на готвењето за време на викендот. На овој начин, вашата активност во кујна ќе стане регуларна рутина. Свежата домашна храна понатаму ќе ги подобри вашата меморија и способност за забележување детали, а со тоа и вештините и способноста кои ги покажувате на работното место.rn

    2. Одете на часови за вежбање

    rn6 хобија што можат да ја подобрат вашата работаrnrnДоколку немате физичка активност, почетокот на вежбањето може да биде доста тежок. Во прв момент, изберете локација која е блиску или до вашиот дом, или до работното место. На почеток, секако нема да бидете одлични во изведувањето на вежбите, но со текот на времето ќе станете исклучително посветени на оваа здрава навика. Можете да изберете аеробик, фитнес, медитација, јога, или пак нешто што конкретно ве интересира. На пример, вештината Таи чи докажано ги зајакнува мускулите, флексибилноста на телото и рамнотежата, а во комбинација со јога, го прочистувате и умот. Со помош на овие вежби ќе го подобрите фокусот, енергијата и продуктивноста на работа.rn

    3. Спортувајте тимски спорт

    rn6 хобија што можат да ја подобрат вашата работаrnrnТимските спортови, како што се класичните фудбал, кошарка, ракомет или одбојка, се корисни за раздвижување на вашето тело, но и за подобрување на врските со луѓето. Можете ова да го правите и со колегите од работа, за да ја подобрите и тимската функционалност на работното место. Ваквиот спорт ја подобрува комуникацијата, концентрацијата, справувањето со стресот и постигнувањето на целите.rn

    4. Прочитајте книга

    rn6 хобија што можат да ја подобрат вашата работаrnrnДури и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, има навистина евтина, но ефективна навика – читање книги. Тој често изјавува дека чита по 50 книги годишно и дека на тој начин и учи нови нешта и го тестира своето разбирање. Истото го прават и други познати личности, како Опра Винфри и Илон Маск, за кои читањето е важен дел од нивниот живот. Читањето го активира вашиот мозок, особено центрите за изразување и интелигенција.rn

    5. Откријте го уметникот во вас

    rn6 хобија што можат да ја подобрат вашата работаrnrnАлберт Ајнштајн, кога бил соочен со потешкотија, слушал музика, за да може да го регенерира мозокот и потоа да се посвети во решавање на проблемите. Тој, исто така, секогаш наоѓал време да свири виолина или пијано. Уметноста докажано ја буди креативната страна на умот и помага во решавање потешки проблеми и предизвици, но и ја зголемува продуктивноста. Секако, не очекувајте дека ќе бидете познати сликари или музичари, но не ја исклучувајте ниту можноста во себе да откриете талент за кој не сте ни биле свесни дека го поседувате.rn

    6. Научете нов странски јазик

    rn6 хобија што можат да ја подобрат вашата работаrnrnУчењето странски јазик ни отвора широка врата кон запознавање со нови култури и нивните навики. Во денешно време, со помош на курсеви и апликации, основите на странскиот јазик може да се совладаат за неколку месеци. Обидете се да комуницирате со луѓе чиј мајчин јазик е оној кој го учите. Новиот странски јазик можете да го совладате на која било возраст, бидејќи не постои ментално ограничување за негово учење.rnrnПрочитајте и кои 5 видови музика можат да ја зголемат вашата продуктивност.

  • 10 прашања што треба да си ги поставите ако сакате да го претворите креативното хоби во кариера

    10 прашања што треба да си ги поставите ако сакате да го претворите креативното хоби во кариера

    Ако некогаш сте сонувале да заработувате од вашата креативна страна или пак студирате уметност, сигурно сте размислувале за тоа како ќе биде да живеете од вашите творби. Оваа професија изгледа навистина гламурозно, но овие кариери се едни од најтешките.rnrn10 прашања што треба да си ги поставите ако сакате да го претворите креативното хоби во кариераrnrnКонкуренцијата е голема и потребно е многу повеќе од талент за да ги остварите целите. Но тоа не значи дека успехот е невозможен. Потребно е да си поставите некои прашања пред да почнете. Колку поподготвени ќе бидете, толку поголеми ќе ви бидат шансите за успех.rn

    1. Што очекувам од кариерата?

    rnОва навидум едноставно прашање може да биде едно од најтешките. Сепак, на крајот сè се сведува на лично задоволство бидејќи секоја личност ужива во разни работи. За некои најважни се парите, други сакаат да направат промена во општеството. Или пак едноставно сакате вие да бидете свој шеф. Без разлика кој е вашиот став, потребно е добро да размислите на оваа тема.rn

    2. До каде сакам да стигнам за 5 години и што морам да направам за да ја остварам целта?

    rnНиту еден бизнис нема да функционира без бизнис план, а исто ваши и за уметноста. Кога ќе знаете кон што се движите и што сакате да постигнете, ќе ви биде полесно да ги дефинирате работите што треба да ги направите. Ова ќе ви помогне да не лутате. Немојте да се плашите да размислувате за голем успех и работете за да го постигнете. Штом ќе знаете што сакате и што треба да направите, ќе ви стане јасно дека и оваа кариера е реалистична.rn

    3. Кој може да ми биде ментор?

    rnБез разлика дали ја менувате кариерата или почнувате од нула, секогаш е од помош да имате ментор. Можеби дури ќе сакате да имате и повеќе ментори со кои ќе ги споделувате вашите идеи и од кои ќе добивате бизнис совети. Тоа може да биде поранешен колега, професор или некој познаник кој има искуство во таа област. Важно е да не се плашите да побарате помош од поискусните. Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку искусни уметници сакаат да им помагаат на новите.rn

    4. Која работна средина е најдобра за мене?

    rnДали сакате да работите сами или во група? Дали ќе сработите повеќе од дома или во канцеларија? Бидете реални за тоа дали ќе можете да се справите со одговорностите кои доаѓаат со фриленс работењето. Една од најголемите грешки која ја прават новите фриленс работници е тоа што доцна откриваат дека подобро работат во канцеларија или обратно. Постојат многу можности за уметници за работа во канцеларија. Дизајнер на ентериер, аниматор, графички дизајнер и слично се само некои од професиите кои се работат во група. Клучно е за вашиот успех да откриете која средина ви одговара најмногу.rn

    5. Колкава плата сакам?

    rnИли, колку ви е важна платата? Размислете за вашите трошоци и за тоа која плата би ви одговарала најмногу. Важно е да знаете дали сте подготвени да направите неколку жртви на почетокот кои подоцна ќе ви се исплатат. Треба да знаете дали потенцијалната заработка ќе ги исполни вашите очекувања или не. За некои ова значи правење материјални жртви, за други значи одбирање сосема различна кариера.rn

    6. Колку се реални моите очекувања?

    rnОдлично е да имате големи очекувања. Всушност самодовербата е одличен квалитет за почнување нова кариера. Но, ако вие не верувате во вашата уметност, не можете да го очекувате тоа од другите. Дали очекувате голема заработка уште првата година? Дали очекувате изложба во галерија веднаш по завршувањето на студиите? И двете ситуации се возможни во зависност од вашите способности и моменталната животна ситуација. Но, важно е добро да размислите за очекувањата. Ова не значи дека треба да се помирите со малку, но треба да знаете кои способности и можности ви се достапни за исполнување на очекувањето. Ако вашите очекувања се премногу високи немојте да се откажувате од нив. Размислете за временскиот период и видете дали можете да ги поделите на помали цели кои евентуално ќе го исполнат очекувањето.rn

    7. Како да се справам со конкуренцијата?

    rnВажно е да знаете кој друг се наоѓа во вашето поле. Иако не треба премногу да се фокусирате на она што го прават другите, важно е да знаете дали вашите дела може да се натпреваруваат. Ако сте премногу назад во споредба со конкуренцијата, можеби ви е потребно повеќе време да ги развиете вештините или пак да ги намалите очекувањата.rn

    8. Дали моето портфолио ги рефлектира моите цели?

    rnКако уметник, вашето портфолио е приказ на личноста којашто сте. Како ќе ве пронајдат галериите, клиентите или колекционерите ако не знаете правилно да се рекламирате? На пример, ако сакате да станете фотограф за портрети, а вашето портфолио е полно со пејзажи, вие испраќате измешан сигнал. Ова значи дека треба да се вратите назад и да создавате дела што ја рефлектираат визијата што ја имате за себе.rn

    9. За што можам да бидам флексибилен/на?

    rnСега кога сте свесни за вашите цели и очекувања, кои се работите што не можете да ги прифатите? Дали сте подготвени за намален приход за можноста од соништата? Дали би работеле фриленс за да соберете искуство кое би ви овозможило да работите со познати имиња? Во совршен свет целата кариера би се одвивала како што сакаме, но реалноста е поинаква. Размислете за што би прифатиле компромис и за колку време, за да ја постигнете посакуваната цел.rn

    10. Колку далеку сум подготвен/а да одам за да ја достигнам целта?

    rnРаботењето како професионален уметник бара посветеност и одговорност. Прикажувањето на вашата креативност може да вклучува личен и емоционален труд кој многумина не можат да го поднесат. Но оние кои работат долго и напорно на себе и на своите дела, ги отвораат вратите кон прекрасна кариера. Дали сте подготвени да се откажете од годишниот одмор или новата гардероба за да инвестирате во материјали? Дали ќе се обидете да научите за рекламирање на социјалните мрежи и да ги изострите вашите вештини за комуникација? Кога ќе бидете реални за тоа колку далеку сте подготвени да одите, ќе се заштитите од разочарување. Важно е да знаете дали вашите цели се усогласени со чекорите кои сте подготвени да ги направите.rnrnОвие совети ќе ви помогнат да откриете дали треба вашето хоби да го претворите во кариера.

  • Невролозите тврдат дека плетењето е како јога за вашиот мозок

    Невролозите тврдат дека плетењето е како јога за вашиот мозок

    Ритмичкото темпо на плетењето си го прави своето. За време на оваа интересна активност луѓето навистина како да паѓаат во транс. Плетењето е хоби кое ги забавува жените низ целиот свет, а неврологијата признала дека оваа активност е како јога за вашиот мозок.rnrn(1) Жената од овој хороскопски знак ги покренува сите други знациrnrnВо едно истражување во кое учествувале повеќе од 4.000 плетачи од целиот свет, се докажало дека за време на плетењето често настанува забавување на срцето. Релаксацијата и ослободувањето од стресот се само некои од придобивките од ова хоби.rnrnДали знаете дека ако плетете барем 3 пати неделно, вашата анксиозност и стрес значително ќе се намалат? Исто така ќе почувствувате голем број промени во разни делови од животот:rn

      rn011

    • Се подобрува менталната состојба. Решавањето на психичките проблеми ќе ви стане полесно.
    • rn011

    • Вниманието и концентрацијата ќе ви бидат постојани придружници.
    • rn011

    • Ќе развиете добри моторни способности и полесно ќе извршувате некои задачи.
    • rn011

    • Ќе се развие вашата креативност.
    • rn011

    • Ќе имате чувство на постигнување и сигурност, а ова ќе придонесе за зголемување на вашата самодоверба.
    • rn011

    • Ова е едноставен начин да вежбате трпеливост.
    • rn011

    • Вашето сеќавање ќе се подобри, а мозокот ќе ви работи многу побрзо.
    • rn

    rnПридобивките од плетењето не можат ни да се споредат со другите слични активности. Многумина веруваат дека токму плетењето им помага на постарите жени да останат присебни и да продолжат со животот. Можно е дури да се ослободите и од вашата депресија со ова хоби.

  • Дали треба вашето хоби да го претворите во кариера?

    Дали треба вашето хоби да го претворите во кариера?

    Голем дел од нас имаат некое креативно хоби и сигурно многумина размислувале да почнат кариера со него. Но, постојат неколку работи кои мора да ги земете предвид. Постои огромна разлика во цртањето бидејќи сакате да цртате и во професионалното цртање бидејќи тогаш вашиот живот зависи од тоа. Иако е подвиг кој треба да го сфатите сериозно, сепак има начин. Погледнете кои прашања треба да си ги поставите пред да ја донесете одлуката.rnrndali-vahseto-hobi-da-go-pretvorete-vo-kariera-kafepauza.mkrn

    Дали сте подготвени да бидете дисциплинирани?

    rnЗа некои луѓе е тешко обичниот ден да го претворат во работен кога не ги надгледува никој. Убаво е да бидете сам свој шеф, но тоа не значи дека наеднаш ќе ја изгубите желбата за гледање серии и релаксирање. Многу е лесно да се наградите поради некоја ситница која сте ја сработиле, а таа награда да ве чини цел работен ден. Важно е да научите да имате распоред и да бидете постојани. Во спротивно можно е да ги изгубите клиентите поради вашата несериозност.rn

    Дали сте информирани?

    rnМногу луѓе ги промовираат своите производи на Интернет, но секој од нив ќе ви каже дека не е доволно само да ја прикачите сликата и да се наполните со пари. Маркетингот е неопходен. Овие луѓе понекогаш прават рекламни кампањи кои им одземаат многу време.rn

    Дали сте подготвени да престанете да уживате во креациите на другите?

    rnЗа да станете експерт во некое поле важно е да научите што е добро, а што е лошо. Ќе ви стане потешко да уживате во некоја туѓа работа кога ќе ги препознавате сите недостатоци. На пример, ако сте завршиле факултет за уметност, сигурно ќе ви биде многу тешко да пронајдете слика која навистина ќе ви се допадне. Или пак, ако добро ја разбирате литературата, една мала печатна грешка може да ви ја расипе целата книга.rn

    Дали сте подготвени да престанете да уживате во вашите креации?

    rnОва е можеби најголемата разлика помеѓу хобито и правењето кариера од него. Ќе немате време за уметничка блокада или пак, да бидете перфекционист. Многу често ќе се чувствувате дека правите само една иста работа, но тоа е така бидејќи таа работа ви ја бараат. Понекогаш нема да ви биде забавно да работите, но кога ќе завршите задоволството ќе биде големо.rn

    Заклучок: Не почнувајте „на слепо“

    rnПонекогаш хобито случајно се претвора во кариера, а понекогаш е обратно. Секогаш е во ред да одберете што ќе работите. На крај, многу е полесно да се движите напред кога знаете што сакате и кога можете да го испланирате.rnrnПогледнете и како да го пронајдете идеалното хоби за вас.

  • Зошто се вљубуваме во ТВ сериите?

    Зошто се вљубуваме во ТВ сериите?

    Повеќето од нас обожаваат да гледаат ТВ серии. Без разлика дали следиме некоја нова или гледаме 5 сезони наеднаш, секогаш уживаме во оваа активност. Но зошто е толку лесно да се вљубиме во некоја серија? Продолжете со читање и набрзо сѐ ќе ви стане јасно…rn

    Бегање

    rn(1)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnСе обидуваме да избегаме и да се скриеме од реалноста. Причините може да бидат различни. Понекогаш не сакаме да размислуваме за проблемите во нашиот живот, а понекогаш едноставно бараме да додадеме малку боја во него.rn

    Барање решение

    rn(2)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnГледањето серии е безбеден начин да пронајдеме одговори на некои прашања. Ги гледаме „другите“ луѓе како живеат и се соочуваат со ситуации слични на нашите. Ова ни дозволува да ги разгледуваме проблемите од друга перспектива и да најдеме можно решение.rn

    Одмор

    rn(3)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnДодека гледаме серии се одмараме. Секако сериите можат да предизвикаат најразлични емоции, но „живеејќи“ го животот на ликовите, ние се одмараме од нашето секојдневие.rn

    Комуникација

    rn(4)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnОд една страна си имаме работа со измислени личности, што нѐ тера да бегаме од вистинските, додека пак, од друга страна почнуваме подобро да ги разбираме реалните врски. На овој начин ТВ сериите ни помагаат во комуницирањето со другите.rnrnАко сте расположени за нова ТВ серија, погледнете ги нашите предлози тука!

  • Како да пронајдете идеално хоби за себе?

    Како да пронајдете идеално хоби за себе?

    Изгледа дека во денешно време, кога сите информации преку интернетот ни се на дофат на рака, пронаоѓањето хоби би требало да биде едноставна задача. И во теорија е, но во пракса многу луѓе по краток период се откажуваат од своето хоби. Тие трошат многу финансиски средства, драгоцено време, но брзо креваат раце, па наместо уште едно искуство повеќе, им останува горчлив вкус во устата.rnrnrnrnИако ниту едно хоби не треба да трае за цел живот, бидејќи животните околности и интереси се менуваат низ животот, сепак треба да се извлече нешто позитивно од него, а за тоа да се стори, потребно е одредено време. Па, доколку сте во фаза на размислување и пронаоѓање идеално хоби, советите подолу ќе ви бидат од голема помош. Пронаоѓањето ново хоби можете да го гледате како едно работно претпријатие што може да го промени вашиот живот на подобро и да ви донесе, пред сѐ, задоволство и немерливо душевно богатство.rn

    1. Поместете ги границите

    rnКоја е првата работа која ви паѓа на памет кога ќе помислите на ново хоби? Сигурно: „Не, тоа не е за мене!“ Не можете да започнете да се занимавате со падобранство, бидејќи се плашите од висини или не сте заинтересирани за сликарство, бидејќи не знаете да цртате. Можеби некогаш ќе помислите: „Да, тоа е совршено хоби за мене, но…!“ Градинарството е одлично хоби за вас, но го немате потребното парче градина.rnrnВо првиот случај, потребно е да се ослободите од стравовите. Иако тоа не е едноставно, запрашајте се кој е најдобриот начин да се ослободите од тие стравови. Ако не бидете успешни до крајот, барем ќе знаете дека сте се обиделе и до каде се вашите граници. Како второ, треба да се запрашате дали сте реални кога е во прашање хобито. Не можете да се занимавате со градинарство доколку немате градина, како што не можете да скокате од авион без падобран. Значи, важно е да ги поместувате границите, но исто така и да бидете реални.rn

    2. Какво хоби сакате?

    rnКако и во која било друга работна одлука, кога размислувате за хобито, размислете дали сакате тоа да биде нешто со кое ќе се занимавате сами, без присуство на други личности или пак тоа ќе биде социјална активност која зближува различни луѓе со ист интерес. Секако, доколку сакате да ги проширите вашите видици и да запознаете нови луѓе, тогаш треба да изберете хоби кое воедно е и социјална активност. Исто е и во работното претпријатие, треба да размислите дали сакате да работите сами или да имате партнери.rnrn2-kako-da-pronajdete-idealno-hobi-za-sebe-www.kafepazua.mk_rn

    3. Размислете за финансиите

    rnСекој знае дека желбите се едно, а можностите друго. Хобито мора да одговара на вашите финансиски можности. На пример, ако сакате да се занимавате со сликарство, тогаш мора да купите прибор за сликање, бои, да имате дополнителен простор каде што ќе сликате. Сето тоа бара одредени финансиски средства. За жал, ништо не е бесплатно. Подеднакво е и во кое било друго работно претпријатие. Треба да бидете реални и внимателни со вложувањата.rn

    4. Искористете ги пријателите

    rnКога е во прашање новото хоби за кое размислувате, освен на Интернет, многу вистински информации можете да дознаете и од вашите пријатели, познаници и колеги. Затоа, пред да се впуштите во собирање поштенски марки, секако распрашајте се што е тоа што ги прави вредни. Можеби одредено хоби на крајот нема да биде толку добро за вас, или пак обратно. Освен тоа, пријателите или познаниците може да бидат оние кои ќе ви помогнат во започнувањето на хобито, од запознавањето на вистинските луѓе, па сè до заемот на опрема, алат и давање на почетно знаење. Исто е и во започнувањето на работно претпријатие, искористете ја помошта која ви се нуди, познанствата и корисните совети.rn

    5. Хоби = задоволство

    rnКако што кажавме уште на почетокот, не треба секое хоби со кое ќе започнете да се занимавате да биде она вистинското, ниту пак треба да се занимавате со него засекогаш. Исто како работата. Но за разлика од неа, хобито во одреден дел од животот треба да ве забавува, опушта, усреќува…