За жал, ниту еден човек не е имун на анксиозноста. Таа не врши дискриминација според пол, сексуална ориентација, финансиски статус, возраст или што било друго. Факт е дека животот е непредвидлив за сите и дека одвреме-навреме анксиозноста ненадејно се појавува. Наместо да дозволите таа да излезе од контрола, подобро е да научите да се справите со неа, а покрај другите техники кои можеби досега сте ги научиле, постојат и неколку хобија кои може да бидат исклучително корисни во ова. Еве за кои поточно станува збор.rnrn
rn
Сликање и пишување
rnАко почнете да се чувствувате вознемирени, тогаш подобро е да се оддалечите од социјалните мрежи и да се посветите на уметникот кој се крие во вас. Исклучете се од Фејсбук, Твитер, Инстаграм и обидете се да правите нешто креативно. Почнете да цртате додека во позадина слушате музика која ќе ве релаксира, а исто така можете и да пишувате.rn
Читајте или гледајте телевизиски емисии
rnЕден од најдобрите начини да го одвлечете вниманието од вашите сопствени грижи, е да го пренасочите вашиот фокус кон грижите на другите, без разлика дали тие проблеми се реални или измислени. Така, одвојте време за да прочитате некоја книга или да гледате некоја серија или филм, па одреден период да се изгубите во приказните на другите.rn
Поминувајте време на отворено
rnСо самото тоа што ќе поминувате време во природа, на некој начин вие ќе се ослободувате од анксиозноста. Докажано е дека свежиот воздух и сончевата светлина го подобруваат расположението, па без разлика дали ќе изберете прошетка, возење велосипед или друго хоби на отворено, вие секако ќе имате огромна корист. Па, не дозволувајте временските услови да ве спречат да уживате во многуте активности на отворено!rnrn
rn
Хобија кои го смируваат вашиот ум
rnГолем дел од управувањето со анксиозноста значи учење како да се справите со хаосот во вашата глава. Таквите хобија, како што се јога, медитација и слично, ќе ви помогнат да останете свесни кога ќе почувствувате дека вашиот ум го напаѓаат мисли кои ве вознемируваат.rn
Вежбање
rnНе е тајна дека вежбањето помага при справување со анксиозноста, но, не секој е мотивиран да го практикува тоа. Па, ако не уживате во вежбањето и сметате дека тоа повеќе ве измачува отколку што ве смирува, тогаш можеби е подобро да се обидете да вежбате со вашите пријатели, да се запишете на фитнес часови или танцување при што ќе бидете возбудени за да отидете.rn
Практикувајте активности за подобрување на самите себе
rnТешко е да поставите рамнотежа помеѓу работата, слободното време, грижата за себе и дружењето со најблиските. Сепак, ако сакате да се изборите со анксиозноста, треба да се обидете да најдете барем малку време и да се посветите на самите себе. Одлучете кои активности ве исполнуваат и ве прават среќни, па фокусирајте се на нив. Без разлика дали е тоа учење некоја нова вештина, нов јазик, подобрување во готвењето и слично, со самото тоа што ќе трошите повеќе време и енергија да се подобрите самите себе, вие ќе го одвлечете вниманието од она што ја поттикнува вашата анксиозност.

rn
rnrnДа бидеме искрени: Да се биде паметен е неверојатно привлечна карактеристика во денешно време. Бубалиците не се повеќе аутсајдери, туку напротив, сè повеќе девојки посакуваат да најдат момче кое ќе биде неверојатно паметно и ќе знае да им го поправи компјутерот во секое време. Па, зошто да не се обидете со програмирање? Зар не би сакале да создадете ваша сопствена апликација? Конечно би можеле да ја креирате совршената апликација која ќе ги задоволи потребите на вашите врсници. Дури би можеле и добро да заработите, ако вашата креација стане популарна.rn
rnrnНе е важно дали имате талент за пишување или не. Пишувањето е одличен издувен вентил за сите проблеми и грижи кои ве мачат. Преточете ги вашите мисли во зборови преку поезија, раскази, драмски текстови, па ако ви тргне можеби ќе можете да почнете и сопствен блог. Нема поголема сатисфакција од сознанието дека некој ги чита вашите текстови и се пронаоѓа во истите.rn
rnrnДоцна е веќе да го доведувате вашето тело во топ форма, но почнете уште од сега за да видите неверојатни резултати наредната година. Можеби нема да ослабете, но со сигурност ќе ги зацврстите вашите мускули ако редовно планинарите ова лето. Ова е одлична прилика за да подишете малку чист воздух и да уживате во убавините кои ги нуди природата.rn
rnrnАко не се сметате за многу вешти во кујната, сега е идеалното време да го смените тоа. Постојат многу едноставни рецепти кои нема да ви одземат многу време, а ќе резултираат со вкусно јадење кое ќе ги изненади вашите блиски. Не постои човек кој не ужива во добрата храна, па така ако посветите малку време на оваа вештина нема сомнеж дека ќе станете најпопуларната личност во друштвото.rn

rnrnНема ништо подобро од тоа да го поминете денот стуткани на вашето омилено место со добра книга. Книгите нудат одлична можност за бегство од реалноста во нови светови и доживувања. Постои и име за среќата предизвикана од книгите – библиотерапија.rn
rnrnПлетењето не е толку тешко како што изгледа откако ќе ги совладате почетните техники. Ритмичното тропкање на иглите е слично на музика и ќе се изненадите од тоа колку ги смирува нервите и опушта.rn
rnrnВо денешно време луѓето попрво би споделиле кратка објава на Фејсбук за тоа што им се случило дента, отколку да го напишат тоа во дневник. На тој начин се губи од уметничката вредност на рефлексијата. Пишувањето рачно на хартија има терапевтско дејство и на тој начин многу е полесно грижите и проблемите да се претворат во можност за постигнување на целта.rn
rnrnСигурно ви е позната романтичната сцена од филмот „Дух“ која одлично ја претставува моќта на грнчарството да ја разбуди вашата сензуална страна. Фактот дека од едно обично парче глина можете да направите прекрасни уметнички дела кои потоа ќе можете да ги искористите е неверојатен.rn
rnrnЗар има нешто поубаво од ден поминат на свеж воздух во природа? Со секој чекор што ќе го направите, вашите мисли ќе се избиструваат и вие ќе бидете целосно релаксирани. Познато е дека секоја физичка активност ослободува ендорфини, а како последица на тоа вашето расположение значително ќе се подобри.rn
rnrnБоите, мирисите, вкусот… Готвењето навистина ги активира сите ваши сетила. Освен тоа ви дава можност да бидете креативни и да создавате нови, вкусни задоволства со кои ќе можете да ги изненадите вашите најблиски.rn
rnrnОва хоби е лесно достапно, но е честопати потценето и ретко кој го практикува. Гледањето во ѕвездите ќе ви даде возвишено чувство на љубопитност и ќе ве поттикне да размислувате за суштината на нештата. Не ви треба никаква посебна опрема. Повеќето соѕвездија се видливи и со голо око.rn
rnrnБез разлика на тоа дали градината за која се грижите е голема и мала, физичките и емоционалните придобивки од ова хоби се многубројни. Нема поголемо задоволство од тоа кога ќе видите дека она што сте го негувале со сета ваша грижа и внимание, од обично семе ќе расцути во прекрасно растение.rn
rnrnНема сомнеж дека постои нераскинлива врска помеѓу среќата и уметноста. Самото гледање во некое уметничко дело предизвикува чувство на еуфорија. Чинот на претворање апстрактна идеја во нешто конкретно предизвикува силно чувство на исполнетост и задоволство.rnrnИ покрај тоа што се чувствувате изморени од стресот и напорот предизвикани од брзиот начин на живот, не заборавајте да си посветите време на себе и личниот развој. Наместо да го поминете слободното време лежејќи пред телевизорот, направете нешто корисно, нешто што вистински ве исполнува и ќе видите како среќата ќе стане неминовен дел од вашето секојдневие.
rn


rn
rn
rn
rn
rn
rn